ОПШТИ УСЛОВИ ЗА ИЗДАВАЊЕ И КОРИСТЕЊЕ НА MasterCard/Visa БИЗНИС КРЕДИТНА ПЛАТЕЖНA КАРТИЧКА СО РЕВОЛВИНГ КРЕДИТ НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА АД СКОПЈЕ
ОПШТИ УСЛОВИ ЗА ИЗДАВАЊЕ И КОРИСТЕЊЕ НА MasterCard/Visa БИЗНИС КРЕДИТНА ПЛАТЕЖНA КАРТИЧКА СО РЕВОЛВИНГ КРЕДИТ НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА АД СКОПЈЕ
1.ВОВЕДНИ ОДРЕДБИ
1.1 Правата и обврските на Барателот на платежните картички на Централна кооперативна банка АД (во понатамошниот текст: барател на картичка) и Централна кооперативна банка АД Скопје (во понатамошниот текст Банка) за издавање и користење на картичките се регулираат со Општите услови за издавање и користење на платежните картички на Банката (во понатамошниот текст: Правила) кои имаат карактер на договор и се составен дел на Барањето и Договорот за издавање на картичка.
Со потпишувањето на Xxxxxxxx за издавање на картички, Xxxxxxxxx потврдува дека е запознаен и согласен со одредбите од Правилата и дека во потполност ги прифаќа.
1.2 Барателот и корисникот одговараат кривично и материјално за точноста на сите податоци дадени на Банката.
2.ДЕФИНИЦИИ
- Банка-Централна кооперативна банка АД Скопје.
- Картичка- MasterCard/Visa кредитна картичка, која Банката ја издава на Корисникот на картичката врз основа на поднесено барање од Барателот, правно лице.
- Дополнителна картичка - картичка од истиот производ која на барање од Барателот се издава на дополнителен корисник и ги користи средствата од сметката на Барателот.
- Барател- правно лице регистрирано за вршење на дејности согласно законската регулатива во Република Северна
Македонија, застапувано од законски застапник, кое поднесува барање за издавање на MasterCard/Visa кредитна картичка.
- Корисник на картичка-физичко лице, за кое Барателот правно лице, има поднесено барање за издавање на картичка, и врз основа на кое Банката му има издадено картичка.
- Сметка-сметка на Барателот отворена кај Банката, која се задолжува/одобрува за износот на трансакциите, провизиите, надоместоците, каматите кои настануваат со користењето на картичката/ите.
- Револвинг кредитен лимит-вкупен износ на кредит, кој Банката го одобрува на Барателот, и кој се обновува aвтоматски
доколку корисникот се придржува кон законските прописи, правилата и договорот за работење со картичките.
- Плаќање-вложување на средства на сметка за подмирување на искористениот кредитен лимит, провизии, надоместоци, камати.
- Расположиво салдо-расположиви средства (сопствените средства и средствата од кредитниот лимит) намален за авторизирани, а неискнижени трансакции.
- Дневен лимит-износ на средства кој Корисникот на картичката може да ги користи дневно, во трговија или за
подигнување на готовина.
- Трошоци-сите задолжувања за износот на трансакциите, надоместоците и каматите кои настануваат со користењето на картичката/ите.
- Банкомат-електронски уред кој овозможува исплата на пари во готово, но и други услуги, без присуство на вработени од Банката.
- Продажно место-трговец, кој има склучено Договор за продажба на стоки и услуги со наплата преку картички.
- POS (Point of sale) терминал-електронски уред инсталиран на продажни места или банкарски шалтери кој служи за електронско спроведување на трансакции.
- Импринтер - рачен уред инсталиран на продажни места кој служи за спроведување на трансакции.
- PIN (Personal identification number)-таен личен идентификационен број на Корисникот на картичката, кој служи како идентификација при користење на картичката на банкомат и POS терминал.
- Работен ден-секој ден во кој Банката и финансиските институции во Република Северна Македонија работат и
извршуваат финансиски операции.
- Договор-договор кој се склучува помеѓу Банката и Барателот и со кој се уредуваат посебните услови и правила за издавање и користење на кредитни картички.
(наведените термини употребени во еднина можат да се употребат и во множина и во членувана форма, без притоа да го изгубат дефинираното значење.)
3.ИЗДАВАЊЕ НА КАРТИЧКИ
3.1 Барање за издавање на кредитна картичка поднесува законскиот застапник на Барателот, кој во име и за сметка на правното лице ја гарантира точноста на податоците, ги прифаќа правилата на работа со MasterCard/Visa кредитни картички и ја превзема одговорноста за извршување на обврските настанати со употребата на картичката. Барателот може да побара издавање на дополнителни картички – за повеќе корисници.
Корисник на кредитна картичка е секое физичко лице за кое Барателот има поднесено поединечно барање.
3.2 Картичката е во сопственост на Банката и не е пренослива, може да ја користи само лицето чие име е наведено на неа. Рокот на важност на картичката е наведен на картичката, истекува последниот ден од месецот кој е назначен на истата. Корисникот може да ја користи картичката само во периодот назначен на истата.
3.3 Картичките и личните идентификациони броеви ги подигнува законскиот застапник на Xxxxxxxxx, лично Корисникот на картичката или овластено лице со писмено овластување од страна на Барателот на MasterCard/Visa картичката.
3.4 PIN-от е таен и строго доверлив. PIN-от му е познат исклучиво на Корисникот на картичката и потребно е со истиот да се постапува строго доверливо и да не биде достапен за трети лица. Корисникот на картичката не смее да го запишува на картичката или на други документи ниту да го кажува. Настанатата штета од непочитување на претходно наведеното и евентуална злоупотреба на картичката и PIN-от е на товар на Xxxxxxxxxx/Барателот на картичката. Во случај на губење или заборавање на PIN-от, Корисникот на картичката треба веднаш да се обрати во Банката за повторно издавање на PIN.
3.5 По добивањето на картичката, Xxxxxxxxxx е должен да ја потпише картичката, при што потписот треба да биде идентичен со потписот на Барањето. Корисникот на картичката го сноси целиот ризик и последиците во случај на непотпишување на картичката. Непотпишаната картичка е неважечка.
3.7 Доколку картичката се користи согласно погоре наведените правила, Банката автоматски или на барање на Барателот ќе го продолжи рокот на важење на картичката, освен ако Барателот на картичката ја откаже картичката пред истекување на важноста на истата. Xxxxxxx Xxxxxxxxx ја откаже картичката должен е тоа да го направи најдоцна 45 дена пред почеток на месецот во кој истекува важноста на картичката.
3.8 За сите трошоци кои настануваат со користењето на картичките се задолжува сметката на Xxxxxxxxx, согласно важечката деловна политика, тарифата и каматната политика на Xxxxxxx.
3.9 Во случај да подносителот на барањето се откаже од истото, после издавањето на картичката, должен е да ги подмири сите настанати трошоци според важечката тарифа на Банката.
4. КОРИСТЕЊЕ НА КАРТИЧКАТА
4.1 Картичката може да се користи за подигање на готовина и безготовинско плаќање на стоки и услуги во трговска мрежа во земјата и во странство, на сите места каде е истакнат знакот на MasterCard/Visa.
4.2 Корисникот може да ја користи картичката во рамки на дневниот лимит и висината на расположливото салдо.
4.3 Вкупниот дневен лимит на кредитната картичка изнесува 200.000,00 МКД. (Подигнување готовина: 50.000,00 МКД, Трговија: 200.000,00 МКД).
4.4 Корисникот е должен на барање на трговецот, при плаќање на стоките и услугите да овозможи увид на документ за лична идентификација.
4.5 Корисникот на картичката потпишува потврда за извршена трансакција (слип) на местото на трансакцијата, при што потписот мора да биде еднаков со потписот на картичката и/или внесува XXX. Еден примерок од потврдата, Корисникот на картичката задржува за своја евиденција. Сите согледани неправилности на потврдата за извршена трансакција, корисникот ги оспорува непосредно при купувањето, односно користењето на услугата, пред потпишување на слипот. Бесконтактната трансакција се извршува само со доближување на картичката до ПОС терминалот и износот на истата е определен согласно правилата на MasterCard/Visa.
4.6 За проверка на идентитетот на Корисникот на картичката при подигнување готовина од банкомат, Корисникот употребува посебен личен идентификационен број (PIN), кој е единствен и таен.
4.7 Xxxxxxxxxx е должен да ги чува сите документи во врска со плаќањата извршени со картичката најмалку 12 месеци. На прво барање на Xxxxxxx, доколку за тоа се појави потреба должен е истите да ги достави до Банката.
5.ПРЕСМЕТКОВНО ПЛАТЕЖНИ АКТИВНОСТИ СО КАРТИЧКАТА
5.1 Сите надоместоци и камати поврзани со картичката се одредени со Одлуката за тарифата на надоместоци на Банката и Одлуката за висина на каматните стапки на Банката. Истите се променливи согласно актите на Банката и се достапни на интернет страната на Банката и на шалтерите на Банката.
5.2 Банката е должна за секој календарски месец да го известува Барателот за сите настанати трансакции со картичката со доставување на извод за трансакции во месецот.
6.РЕКЛАМАЦИИ
6.1 Корисникот е должен да чува копија од сметката или слипот во случај на рекламации, затоа што Банката не е должна да прифати рекламации доколку корисникот не достави примерок или копија на сметката.
6.2 Корисникот на картичката по извршената трансакција, односно по приемот на изводот за извршени трансакции, може да утврди неправилност и по писмен пат, да изврши рекламација до Банката за спорната трансакција. Рекламацијата мора да биде поднесена во Банката, по писмен пат и мора да биде примена најдоцна 10 дена од датумот на изводот за трансакциите.
6.3 За решавање на рекламацијата, Xxxxxxxxx е должен да ја приложи целата документација која е поврзана со рекламацијата, најдоцна 10 дена од датумот на изводот. Во спротивно ќе се смета дека Xxxxxxxxx на картичката ги признава трошоците наведени во извештајот.
6.4 Рекламациите што не се доставени во наведениот рок, Xxxxxxx нема обврска да ги прифати, а финансиските последици ги сноси Барателот.
6.5 Оспорувањето на трошокот не го одлага нивното подмирување. Во случај на неоснована рекламација, направените трошоци Банката ќе ги наплати од сметка на Барателот. Во спротивно Банката му го враќа оспорениот износ на сметката на Барателот.
6.6 Банката не е одговорна за квалитетот на производите и услугите кои корисникот ги плаќа со картичката. Рекламациите за производите и услугите платени со картичката корисникот ги поднесува исклучиво на продажното место и е должен да ги подмири обврските спрема Банката, без оглед на евентуален спор со продажното место.
7. ГУБЕЊЕ, КРАЖБА И ОШТЕТУВАЊЕ НА КАРТИЧКАТА
7.1 Во случај на евентуално, губење или кражба на картичката, Корисникот е должен веднаш да ја пријави телефонски не телефон (00) 0000 000 00 часа или на (00) 0000 000 во работното време на Банката од 08 до 16 часот и во рок од 10 дена писмено да го потврди или отфрли пријавеното губење односно кражба. Пријавата се врши со пополнување на пријава за изгубена/украдена картичка.
7.2 Сите настанати трансакции со картичката до моментот на пријавување паѓаат на товар на Xxxxxxxxxx/Барателот.
7.3 Во случај на основано сомнение дека се работи за кражба, Корисникот/Барателот на картичката е должен случајот да го пријави кај надлежните органи во најкус можен рок.
7.4 При губење или кражба на картичката, Xxxxxxxxx има право да побара нова, а при оштетување на истата има право да бара реиздавање на старата картичка, за што ги подмирува трошоците согласно тарифата на Банката.
8. ПРЕКИНУВАЊЕ НА ПРАВОТО НА КОРИСТЕЊЕ НА КАРТИЧКА
8.1 Секое неовластено и незаконско користење на картичката е казниво, според законските прописи. Xxxxxxxxx е запознаен дека давањето на неточни и непотполни податоци и информации е основ на негова материјална и кривична одговорност и прекинување на користење на картичката.
8.2 Користењето на картичката може да го откаже Барателот/корисникот или Банката.
8.3 Банката има право да го откаже користењето на картичката на Корисникот/Xxxxxxxxx кој не се придржува кон Општите услови и Договорот за издавање на картичката, поведување на судски спор, во случај на затворање на сметката со која е поврзана картичката, во случај на смрт на корисникот на картичката. Банката исто така може да го откаже користењето на картичката и согласно со нејзината деловна политика. Бидејќи Банката е сопственик на картичката, на нејзино барање Барателот мора да ја врати.
8.4 Во случај на откажување на картичката, Xxxxxxxxx е должен да ги врати на Xxxxxxx основната и дополнителните картички.
8.5 Доколку продавачот на производот или давачот на услугите или лицето на шалтерот на Банката побара од корисникот на картичката да му ја предаде платежната картичка на која и е укинато правото на користење, корисникот е должен тоа да го направи.
8.6 Барателот е должен да ги подмири сите обврски кон Банката настанати со користење на картичките, се до денот на враќање на картичките, како и сите евентуални трошоци и камати настанати по основ на тие обврски.
9. ОСТАНАТИ ОДРЕДБИ
9.1 Општите услови се составен дел на Договорот за MasterCard/Visa кредитна картичка.
9.2 Со потпишување на барањето и пред потпишување на Договорот, Xxxxxxxxx на картичката воедно потврдува дека е запознаен со содржината на Договорот, Општите услови за издавање и користење, Тарифата на Банката и важечката Одлука за висина на каматните стапки и дека во целост се согласува со нив и со правните дејства кои произлегуваат од истите.
9.3 Банката го задржува правото за промена на правилата и условите за работа со картичката, на Општите услови, како и Тарифата за надоместоци на услуги и Одлуката за каматни стапки на Централна кооперативна банка АД, и за тие промени или дополнувања ќе го информира Барателот во писмена форма пред да почнат истите да се применуваат. Доколку Xxxxxxxxx не ги прифати измените и/или дополнувањата, истиот може да го откаже понатамошното користење на картичката во рок од 30 дена од денот на објавување на измените и/или дополнувањата, во спротивно ќе се смета дека е согласен со објавените измени и/или дополнувања.
Барателот на картичката кој не се согласува со измените обврзан е да ја врати картичката во Банката, поништена. Со тоа се раскинува договорниот однос меѓу Банката и Барателот на картичката, по претходно подмирување на сите обврски на Барателот кон Банката.
9.4 Барателот/Корисникот е одговорен за точноста на сите податоци дадени на Xxxxxxx и е обврзан да пријави секаква промена на тие податоци во рок од 3 (три) дена по настанување на промените. Xxxxxxx Xxxxxxx сама дојде до сознание дека податоците за Xxxxxxxxxx/Xxxxxxxxx се неточни или изменети може да го откаже користењето на картичката.
9.5 Банката гарантира потполна тајност на сите податоци добиени по основ на издавање на картичката. Xxxxxxx се обврзува да ги заштити личните податоци за Корисникот на картичката, согласно законските прописи.
9.6 Xxxxxxx е должна да осигура безбедно доставување на картичката и PIN-от на корисникот. Картичката добива статус активна во системот на Банката, откако Xxxxxxx ќе утврди дека на корисникот безбедно му е врачена, односно доставена картичката и PIN-от.
9.7 Банката не сноси никаква одговорност ако Корисникот на картичката не може да ја употреби картичката во следните ситуации кои се надвор од контрола на Банката:
- технички проблеми со опремата, прекин на телекомуникации, електрична енергија
- штрајк или други вонредни околности
- кога картичката е оштетена во банкомат или продажно место и истата неможе да биде прифатена
- кога од било која причина продажното место, банка или банкомат не ја прифаќа картичката.
9.8 Секое користење на картичката спротивно на горенаведените одредби, повлекува автоматско одземање на картичките, превземање на мерки согласно законските прописи, а целокупната материјална штета заедно со каматите ја сноси Xxxxxxxxx.
9.9 Се што не е предвидено со општите услови и договорот важат важечките законски прописи и актите на Банката. Евентуалните спорови ги решава надлежниот суд.