Contract
Документ – Прирачник за работа на судовите во вонредна состојба – менаџмент на време во кризни околности
ИМПРЕСУМ
Наслов:
Документ – Прирачник за работа на судовите во вонредна состојба – менаџмент на време во кризни околности
Издавач:
Центар за правни истражувања и анализи (ЦПИА)
За издавачот:
Xxxxxx Xxxxxxxx Зафировска, ЦПИА
Автори:
Xxxxxx Xxxxxxxxxx Xxxxxx Xxxxx
Уредник:
Xxxxx Xxxxxxx
Скопје, 2021
Оваа публикација е изработена во рамки на проектот „Заедничка заложба за подобри достигнувања во судството“, финансиран од Европската Унија, преку Секторот за централно финансирање и склучување договори при Министерството за финансии во Република Северна Македонија и кофинансиран од Британската Амбасада, Скопје.
Содржината на публикацијава е единствена одговорност на партнерите за имплементација на проектот и на никаков начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на Европската Унија и на Британската амбасада во Скопје.
3. Осврт на значењето на вонредна состојба наспроти кризна состојба (анализа на уредбите во однос на правосудството) 10
4. Општи заклучоци ид функционирање на судовите во Република Северна Македонија за
време на вонредната состојба 12
4.1 Внатрешна организација на судството 16
4.2 Менаџмент на човечки ресурси v. менаџмент со време 17
4.3 Податоци за постапувањето на судовите за време на вонредната состојба 18
5. ПРЕПОРАКИ ЗА РАБОТА НА СУДОВИТЕ ВО ВОНРЕДНА СОСТОЈБА 28
5.1 Пристап до суд и јавност во постапката 28
5.2 Обезбедување на финансиски ресурси 29
5.3 Организација и управување со човечки ресурси 29
5.4 Предлог мерки за дополнителна поддршка на ИКТ капацитетите 30
5.5 Заштита на здравјето и безбедноста на вработените 30
5.6 Судска администрација и менаџирање на работата на судовите 31
Резиме
Овој документ се заснова на досегашните искуства од работата на судството во услови на вонредна или кризна состојба и ги истакнува последиците кои настанаа и влијаеа врз начините за пружање ефективна судска заштита.
Прибавените податоци беа анализирани и систематизирани во една целина чија задача е да помогне кон изработката на документ кој ќе помогне за донесување посебни правилници со унифицирани принципи за постапување во вонредна состојба или кризна состојба во која директно се доведува во прашање функционирањето на судовите, а следствено на тоа и остварувањето на човековите права. Во ваквите ситуации, неопходна е примената на документ со посебни и унифицирани правила во согласност со Уставот и законите на Република Северна Македонија како и меѓународните стандарди.
Во документот се разработени институционални и организациони сегменти во работата на судовите во вонредна состојба, и тоа согласно уставната положба и надлежност, меѓународните стандарди и практики, правила и практики на судската администрација и техничката опременост и ресурси за работа во вонредна состојба, начините на комуникација со странките и другите државни институции, како и финансиски аспекти и потреби за независно работење на судовите.
Подготовката на ваквиот документ изискува посебна прецизност и концизност при изработката со цел основните човекови слободи и права непречено да се применуваат. За оваа цел од неопходна важност е учеството на сите засегнати страни, a-priori претставници т.е. практичари од судската власт како и професионалци и практичари од останати сфери и други области кои се однесуваат на заштита на интегритетот на Република Северна Македонија.
Кризата која ја предизвика пандемијата поради корона вирусот го изложи функционирањето на сите сегменти на општествениот, политичкиот и правниот систем со предизвици во справувањето со промените настанати поради вонредната состојба и пандемијата со вирусот КОВИД-19. Имајќи ја предвид специфичноста на вонредната состојба која беше уредена со неколку уставни одредби, беа креирани брзи решенија со кои се овозможи функционирање на институциите во вонредна состојба. Сепак, стекнатото искуство од функционирањето во вонредна состојба упати на потребата од една страна на јасно регулирање на вонредната состојба и овластувањата на државните органи од друга страна.
Функционирањето на судството во вонредната состојба се одвиваше со потешкотии, но како одговор на справување со кризата произлегоа нови методи на организација на работата, процедури и примена на дигитални алатки1. Во недостаток на подетална регулатива, судството постапуваше во рамки на своите функции и надлежност да обезбеди судска заштита, а покрај тоа преземаше мерки на заштита кон судиите, судската служба, странките и другите учесници во постапките. Имајќи ги предвид недостатокот на човечки кадар, технички капацитети и опрема за најголем дел од судовите работата се одвиваше со отежнато поради недоволно јасна и прецизна нормативна рамка за ефективен пристап до суд и преземање на процесните дејствија во вонредни состојби. Погоре наведеното придонесе судството да применува разновидни практики за да одговори соодветно на капацитетите и околностите во вонредната состојба и да пружи соодветна судска заштита2.
Постапувањето на судството во вонредната состојба беше регулирано преку Одлука на Судскиот совет на РСМ и преку уредбите со законска сила за роковите во судските постапки и јавните обвинителства3. Внатрешната организација на судовите беше утврдена од страна на претседателите на судовите кои донесоа акти за начинот на постапување и функционирање на судовите во кризната состојба. Ваквото уредување на работата се смета дека не беше доволна за да ги дефинира јасно основните функции и работа на правосудството во вонредни услови. Уредбите кои Владата ги донесе во вонредната состојба се однесуваа за роковите во судските постапки за време на вонредната состојба и начинот на постапување на судовите и јавните обвинителства со што се уредија ограничувања во постапките по итни предмети, роковите за изјавување на правни лекови или преземање на процесни дејствија во граѓанските, кривичните, прекршочните и управните постапки4. Истражувањата покажаа
1 xxxxx://xxx.xxxx.xx/xxxxx/xxxxx/000000-xxxxxxxxxx-x%x0%00-xxxxxxxxx-xx-xxxxx-x%x0%00-xxxxxxx%x0%00- sostojb%d0%90.pdf
2 xxxx://xxxxxxxxx.xxx.xx/xx-xxxxxxx/xxxxxxx/0000/00/%X0%0X%X0%00%X0%X0%X0%X0%X0%XX%X0%X0-
%D0%B8%D0%BC%D0%BF%D0%BB%D0%B8%D0%BA%D0%B0%D1%86%D0%B8%D0%B8-
%D0%B2%D1%80%D0%B7-%D1%81%D1%83%D0%B4%D1%81%D0%BA%D0%B8%D1%82%D0%B5-
%D0%BF%D0%BE%D1%81%D1%82%D0%B0%D0%BF%D0%BA%D0%B8-%D0%B2%D0%BE-
%D0%B2%D0%BE%D0%BD%D1%80%D0%B5%D0%B4%D0%BD%D0%B0-
%D1%81%D0%BE%D1%81%D1%82%D0%BE%D1%98%D0%B1%D0%B0.pdf
3 Уредба со законска сила за роковите во судските постапки за време на вонредната состојба и постапувањeтo на судовите и јавните обвинителства, Службен Весник на РСМ бр.84/2020
4 Уредба со законска сила за примена на Законот за oпштата управна постапка за време на вонредна состојба, Сл. Весник на РСМ бр. 76/2020
дека уредбите нецелосно ги регулираат условите и дејствијата во постапките на судовите како функционери во вонредни услови, не се соодветни и пропорционални на целите за надминување на кризни состојби, што може да биде ризик за заштитата и остварувањето на правата на граѓаните и заштитата на уставниот поредок на Република Северна Македонија.
Со уредбите се доведе во прашање независноста на судството поради директните интервенции во работата од страна на другите власти, па така Уставниот суд ја поништи примената на три уредби поради повреда на принципот на владеење на правото и правната сигурност на граѓаните5.
Функционирањето на судовите во вонредната состојба беше дополнително уредено со одлука на Судскиот совет кој ги пропиша итните и приоритетни предмети за постапување во вонредната состојба, начинот на одржување на расправи и преземање на дејствија со помош на електронски средства. Немањето на еднакви ресурси и технички услови за електронско работење влијаеше врз воедначеното постапување на судовите. Ваквото прилагодување на формално-процесните услови за работа на судовите во време на вонредната состојба отвори простор за различно одредување на приоритетни и итни предмети за постапување по сопствена оценка на самите судии6. Истражувањата спроведени за судските постапки во вонредната состојба покажуваат дека во најголем дел рочиштата во граѓански и во кривични постапки биле одложени (над 54% во граѓанските и 42% во кривичните постапки)7. Закажаните расправи по предметите кои не се од итна природа се одржувале доколку претседателот на судот и судиите проценат дека не се со висок ризик по здравјето на судиите, судската служба, странките и другите учесници во постапката. Во оваа насока се истакнува недостатокот од процесни одредби кои ќе го регулираат електронското спроведување на рочиштата во кривичните и граѓанските постапки и ќе воспостават двонасочна комуникација со странките со што би се олеснила и забрзала судската постапка и транспарентноста на судовите.
Состојбите наметнаа нови практики на организација и работа, а воедно се истакнаа потреби за подобрување на ефикасното работење на судовите во услови на вонредни околности (издвојување на законски основи за судски предмети кои можат да бидат разгледувани по електронски пат (судење од далечина), како и воведување на процедури за користењето на информатичка технологија во комуникацијата со странките и јавноста.
Овој документ се заснова на досегашните искуства и утврдени последици врз работата на судството како аспект во нормирање на регулативата за работа на судството во услови на вонредна или кризна состојба. Имајќи ги предвид постојните проблеми со намалениот кадар и капацитети во судството, со вонредната состојба се нагласи потребата за поголема ефикасност, транспарентност и пристап до суд преку користење на можностите од
5Уредба со законска сила за определување на висината на платата на избраните, именуваните и назначените лица во јавниот сектор за време на вонредна состојба, Сл. Весник на РСМ бр.94/2020
6 xxxx://xxxxxxxxx.xxx.xx/xx-xxxxxxx/xxxxxxx/0000/00/%X0%0X%X0%00%X0%X0%X0%X0%X0%XX%X0%X0-
%D0%B8%D0%BC%D0%BF%D0%BB%D0%B8%D0%BA%D0%B0%D1%86%D0%B8%D0%B8-
%D0%B2%D1%80%D0%B7-%D1%81%D1%83%D0%B4%D1%81%D0%BA%D0%B8%D1%82%D0%B5-
%D0%BF%D0%BE%D1%81%D1%82%D0%B0%D0%BF%D0%BA%D0%B8-%D0%B2%D0%BE-
%D0%B2%D0%BE%D0%BD%D1%80%D0%B5%D0%B4%D0%BD%D0%B0-
%D1%81%D0%BE%D1%81%D1%82%D0%BE%D1%98%D0%B1%D0%B0.pdf
7 xxxxx://xxx0xxxxxxxxxx.xxx.xx/xx-xxxxxxx/xxxxxxx/0000/00/XX-XXXXXX-0000-XXX.xxx
воведување на електронски алатки и соодветна техничка опременост на судовите за електронска комуникација и интероперабилност со другите државни институции.
Податоците до кои дојде Центарот за правни истражувања заедно со Институтот за човекови права беа добиени преку онлајн средби со судии и судска администрација од судските инстанции на Република Северна Македонија. Дискусијата се водеше преку структуиран прашалник подготвен од страна на ЦПИА кој се однесуваше на искуствата од работењето на судиите и судската администрација за време на пандемијата т.е. за време на вонредната состојба и прогласената кризна состојба. Целта на овој прашалник беше да се добие слика за функционирањето на судските инстанци во РСМ за време на вонредната состојба како и функционирањето во услови на намален капацитет на човечки ресурси. За таа цел прашањата беа формулирани да придонесат кон поедноставно разбирање на суштината, а преку останати документи и анализи да ја приближат сликата за функционирањето на судството.
Прибавените податоци беа анализирани и систематизирани во една целина чија задача е да помогне кон изработката на документ кој ќе помогне за донесување посебни правилници со унифицирани принципи за постапување во вонредна состојба или кризна состојба во која директно се доведува во прашање функционирањето на судовите, а следствено на тоа и остварувањето на човековите права. Во ваквите ситуации, неопходна е примената на документ со посебни и унифицирани правила во согласност со Уставот и законите на Република Северна Македонија како и меѓународните стандарди. Подготовката на ваквиот документ изискува посебна прецизност и концизност при изработката со цел основните човекови слободи и права непречено да се применуваат. За оваа цел од неопходна важност е учеството на сите засегнати страни, a-priori претставници т.е. практичари од судската власт како и професионалци и практичари од останати сфери и други области кои се однесуваат на заштита на интегритетот на Република Северна Македонија.
Со цел да обезбедат заштита на правата и интересите на граѓаните во услови на вонредна или кризна состојба, судовите одредуваат кои предмети се итни и приоритетни за постапување и обезбедуваат пристап до суд.
Принципот на пристап до суд е заштитен преку Европската Конвенција за човекови права (ЕКЧП) и се состои од повеќе аспекти како што е обезбедување на фер и јавна судска постапка во разумен рок и пред независен суд. Во националното законодавство, принципот на пристап до суд е предвиден во процесните закони (ЗКП, ЗПП, ЗУС и Законот за судовите), но не е уреден начинот на постапување и нивно ограничување во услови на вонредна, воена или кризна состојба.
Советот на Европа во документот со насоки за заштита на човековите права во услови на вонредни состојби истакнува дека ограничувањето на одредени права мора да биде пропорционално на настанатата ситуација и да не ја нарушува суштината на судската постапка, со што потенцира дека мерките и модалитетите за пристап до судовите треба да бидат во согласност со правото на правично судење (член 6) и да ги опфатат ранливите категории на лица (деца, жртви на насилство и слично). Како дел од насоките е истакната
„забраната за задржување без законска основа или навремена судска заштита, како и потребата на задржаните лица да им се обезбедат основни процедурални заштитни мерки, како што е пристап до лекар, адвокат или близок роднина“8. Постапувањето на судовите во вонредна состојба треба да се заснова на стандардизирана процедура со имплементација на стандардите за фер и правично судење. Во регулативата со која се ограничува некое од човековите права и слободи во вонредна или кризна состојба, потребно е да се воспостават јасни услови за приоретизација на итните предмети.
Во вонредната состојба во судовите се извршуваа следните работи:
- Судења во кривични предмети кога обвинетиот или дел од обвинетите се во притвор, домашен притвор или спрема кои е изречена некоја друга мерка за обезбедување присуство на обвинетиот во постапката;
-Кривични предмети на странките кои немаат живеалиште, односно престојувалиште во Република Северна Македонија, а се затекнати во државата;
-Кривични предмети за кои постои опасност од застарување на кривичното гонење;
-Кривични предмети за кривичните дела: „Пренесување заразна болест“ - по член 205 од КЗ,
„Непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“ - по член 206 од КЗ,
„Неукажување медицинска помош“ - по член 208 од КЗ, „Спречување службено лице во вршење службено дејство“ - по член 382 од КЗ, „Напад врз службено лице при вршење работи на безбедност“ - по член 383 од КЗ, „Организирање отпор“ - по член 387 од КЗ;
-Прекршочни предмети од итна природа;
-Предмети за примена на времени мерки;
-Предмети по кои постапката е во фаза на донесување на одлука;
-Предмети во кои постои опасност од повреда на принципот на судење во разумен рок;
8 xxxxx://xx.xxx.xxx/xxxxx-xxxxxxx-xx-xxx/00000x0x00
-Предмети кои по сила на законот се итни;
-Прием на поднесоци и други работи што се врзани со законски преклузивни рокови.
Во вонредната состојба судовите постапуваа по итни и притворски предмети, но голем број на судски предмети беа запрени, а истражните дејствија се одложуваа поради запрени рокови.
Вонредната состојба го ограничи присуството на јавноста во судските постапки поради здравствените мерки. Закажаните расправи по предметите кои не се итни се одржуваат доколку се исполнети законските услови и доколку претседателот на судот и судиите проценат дека не се со висок ризик по здравјето на судиите, судската служба, странките и другите учесници во постапката. Апелационите судови постапуваа по жалби по горенаведените предмети и по предмети по кои одлучуваа на нејавни седниц. Врховниот суд на Република Северна Македонија одлучуваше по горенаведените предмети во рамките на својата надлежност и по предметите по кои одлучува на нејавна седница. Управниот суд постапуваше по управни спорови против управни акти кои се итни и по кои се одлучува без одржување на расправи. Вишиот управен суд постапува по жалби против одлуките на Управниот суд кои се итни, на нејавна седница.9
Употребата на електронски технички средства во судот започна да се препознава како метод на обезбедување функционалност на судовите, особено во овој период кога беше потребно да се обезбеди непречено постапување по итни и неодложни предмети, а со цел превенција на зараза од Ковид-19. Во оваа насока се истакнува потребата од воведување континуирани обуки за користење на дигитални алатки и проширување на знаењата за примената на информатичката технологија10.
Примената на електронската комуникација при спроведувањето на рочиштата го истакна значењето кое се одразува врз правото на правично судење и пристап до суд како фундаментални гаранции на Европската конвенција за човековите права. Во услови на вонредна состојба, се истакна потребата за поголема транспарентност и јавност во работата на судовите, која се укажа поради недостаток на унифицирани методи за објавување на информации поврзани со судски постапки и справување со правните последици од непреземањето на дејствија или препознаени пропусти поради вонредни и кризни околности.
Внатрешната организација на судовите беше утврдена од страна на претседателите на судовите кои донесоа акти за начинот на постапување и функционирање на судовите во кризната состојба. Имајќи ги предвид постојните проблеми со намалениот кадар и капацитет во судството, со вонредната состојба се нагласи потребата за поголема ефикасност, транспарентност и пристап до суд преку користење на можностите од воведување на
9 xxxx://xxx.xx/xxx/xxxxxx/xxxx/xxx/xxxxx/000x0000-xxx0-0000-00x0- 98d67fb9ca3e/!ut/p/z0/jYxBC4IwGEB_SweP41tu6XaUosASCgpsl9h02rI2zWX177M_EB0fvPdAQA7CysHU0htn5XXko 4hO0YpSzNZ4w9IFx8mBkuVuu5_SmEIK4rcwHsJ7Ns9qEK30Z2Rs5SDHfFbROA6RKiuCKCcMMaoI4qyM4krxQhL9Tc2l6 0QConDW65eHvHeD9qdbE-D-UQa4dYX2VgZ40L03Af7r2zZCvZ_J5AOYjW-k/
10 xxxxx://xxx.xxxx.xx/xxxxx/xxxxx/000000-xxxxxxxxxx-x%x0%00-xxxxxxxxx-xx-xxxxx-x%x0%00-xxxxxxx%x0%00- sostojb%d0%90.pdf
електронски алатки и соодветна техничка опременост на судовите за електронска комуникација и интероперабилност со други државни институции. Потребата за поголема транспарентност и јавност во работата на судовите се укажа поради недостаток на унифицирани методи за објавување на информации поврзани со судски постапки за што е особено важно да се истакнат правните последици од непреземањето на дејствија или препознаени пропусти поради вонредни и кризни околности.
Неопходно е Судскиот совет да ги утврди критериумите и условите за обезбедување на јавност на постапките преку усвојување на протоколи кои ќе се почитуваат во секој суд и ќе понудат воедначеност во работењето. Во насока на поголема транспарентност во работењето на судовите се истакнува потенцијалот на оптимизацијата на АКМИС системот кој ќе ја олесни обработката на податоците од страна на судовите и ќе овозможи полесен пристап до информациите за работата на судот11.
Вонредната состојба во РСМ е уставно регулирана категорија и во член 125 се дефинира како
...„вонредна состојба настанува кога ќе настанат големи природни непогоди или епидемии“12. Правното уредување на вонредната состојба не предвидува посебни овластувања за функционерите во судството, но суштината на судската власт во услови на вонредна состојба е во овозможување на ефикасно и пропорционално владеење на правото од каде произлегува легитимитетот за нормирање на посебни мерки. Примената на постојната уставна основа се покажа како недоволно прецизна, особено од аспект на уредувањето на процедурите во вонредната состојба, системот на управување со кризи и овластувањата на државните органи да обезбедат функционалност во обезбедувањето на правата и обврските за граѓаните.
Уставните одредби овозможуваат основна функционалност на државните органи и определуваат кои се носителите на функции и институции со мандат да преземаат мерки и активности за да обезбедат функционалност на државата во услови на вонредна или кризна состојба. Притоа, во услови на вонредна состојба мора да се обезбеди почитување на темелните вредности на уставниот поредок и начелата на меѓународните документи13. Досегашното искуство доведе до правна несигурност кога се појавија забуни во примената на
11 xxxx://xxxxxxxxx.xxx.xx/xx-xxxxxxx/xxxxxxx/0000/00/%X0%0X%X0%00%X0%X0%X0%X0%X0%XX%X0%X0-
%D0%B8%D0%BC%D0%BF%D0%BB%D0%B8%D0%BA%D0%B0%D1%86%D0%B8%D0%B8-
%D0%B2%D1%80%D0%B7-%D1%81%D1%83%D0%B4%D1%81%D0%BA%D0%B8%D1%82%D0%B5-
%D0%BF%D0%BE%D1%81%D1%82%D0%B0%D0%BF%D0%BA%D0%B8-%D0%B2%D0%BE-
%D0%B2%D0%BE%D0%BD%D1%80%D0%B5%D0%B4%D0%BD%D0%B0-
%D1%81%D0%BE%D1%81%D1%82%D0%BE%D1%98%D0%B1%D0%B0.pdf
12 Устав на РСМ, член 125 - Вонредна состојба настанува кога ќе настанат големи природни непогоди или епидемии. Постоењето на вонредна состојба на територијата на Република Македонија или нејзин дел го утврдува Собранието по предлог на претседателот на Републиката, Владата или најмалку 30 пратеници. Одлуката со која се утврдува постоењето на вонредна состојба се донесува со двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број пратеници и има важност најмногу 30 дена. Ако Собранието не може да се
состане, одлука за постоење на вонредна состојба донесува претседателот на Републиката и му ја поднесува на Собранието на потврдување штом тоа ќе е во можност да се состане.
13 Пакт за граѓански и политички права и Европска Конвенција за човекови права
нормите, како и двојно уредување на правни состојби што влијае врз правата и слободите на граѓаните. Вонредната состојба подразбира промена во вообичаените функции на државата, но и ограничување на правата и слободите на граѓаните поради надминување на настаните вонредни или кризни околности. Вонредна состојба може да произлезе од различни ситуации како што е вооружена акција против државата, природна непогода, граѓански немири, епидемија, финансиска или економска криза, штрајкови и слично. Притоа, природата на вонредните околности е преземање на итни мерки во краток временски период каде судовите може да имаат важна улога во преиспитувањето на законитоста на мерките во вонредна состојба.
Законот за управување со кризи содржи општи одредби за превенција и рано предупредување од потенцијална кризна состојба.
Од аспект на ограничувањата кои можат да се наложат врз правата и обврските за граѓаните, се истакнува начелото на пропорционалност и целисходност на законската материја во насока на преземање мерки за заштита на јавниот интерес и надминување на кризната состојба.
Системот за управување со кризи се организира и остварува заради превенција, рано предупредување и справување со кризи кои претставуваат ризик за добрата, здравјето и живототна луѓето и животните, а се настанати од природни непогоди и епидемии или други ризици и опасности кои директно го загрозуваат уставниот поредок и безбедноста на Република Македонија (во натамошниот текст: Републиката) или дел од неа, а за кои не постојат услови за прогласување воена или вонредна состојба.14
Според ставот 3 од истиот член, системот за управување со кризи опфаќа и прибирање на информации, процена, анализа на состојбата, утврдување на целите и задачите, развој и спроведување на потребните дејствија за превенција, рано предупредување и справување со кризи.
Понатаму во текстот на овој закон15, во членот 3, ст.1 алинеи 4 и 5 објаснети се одделните поими - „Криза“ појава со која се загрозени основните вредности, трајните и виталните интереси и цели на државата, односно се загрозени уставниот поредок и безбедноста на Републиката, а во алинејата 5 поимот „Кризна состојба“ т.е. состојба предизвикана од ризици и опасности кои можат да ги загрозат добрата, здравјето и животот на луѓето и животните и безбедноста на Републиката, за чија превенција и/или справување е потребна употреба на поголем обем на ресурси.
Во самиот закон е предвидено учество на министерствата и останатите органи на државната управа во однос на превенција, рано предупредување и справување со кризна состојба (чл. 4 од ЗУК). Поради неопходната потреба во услови на новонастанати ситуации, согласно со членот 12 од ЗУК:
Заради предлагање на одлуки и обезбедување на постојани консултации, координација, навремена реакција, ефикасност и соодветно искористување на
14 Закон за управување со кризи („Службен весник на Република Македонија“ бр. 29/05, 36/11, 41/14, 104/15, 39/16 и 83/18) чл. 1, став 2
15 ibid
расположливите ресурси во случајна кризна состојба, како и обезбедување навремена, квалитетна и реална процена на загрозеностана, безбедноста на Републиката од ризици и опасности, во системот за управување со кризи се формираат Управувачки комитет и Група за процена и се основа Дирекција за управување со кризи.
Оттука, неопходно е учество на претставници од судската власт кои ќе можат да предупредат на предизвиците кои би можеле да настанат во однос на вонредните ситуации и да понудат ефикасен механизам за справување со препреките за остварување на граѓанските права.
Поради потреба од јасна распределба на надлежности и должности за ефикасно и ефективно функционирање на органите на државната управа во вонредни ситуации, од неопходна важност претставува донесувањето на Закон за вонредна состојба, кој врз основа на досегашните искуства и добри практики од функционирањето на уставните одредби за вонредна состојба и Закон за управување со кризи ќе може да воспостави систем на функционирање на органите на државната управа со цел за непречено остварување на човековите права.
Оттука, при прогласување на вонредна состојба, согласно законот, би требало да се активираат подзаконските акти кои органите на државната управа, во овој случај судовите, ќе ги применат, а ќе имаат цел непречено функционирање, заштита на здравјето на граѓаните и почитување на граѓанските права.
Во овој документ ќе се обидеме да дадеме можни решенија и добри практики за справување со вонредни ситуации врз основа на досегашните искуства, како и искуствата од практиката на други држави во светот.
Во однос на стратешкото планирање, во 2005 година во САД, федералното судство донело два планови за подготвеност за итни случаи кои биле од огромна помош и овозможиле брз одговор на судството во време на пандемијата со КОВИД-19.
Плановите и насоките за постапување во пандемија претставувале компонента на Планот од Програмата за итни случаи уште од 2005 година, но во 2005-та година Xxxxx во случај на пандемија бил предложен од страна на Канцеларијата за административна служба. Анексот вклучува урнек и материјали со насоки утврдени од страна на судската администрација за да помогне во справувањето на судовите во услови на пандемија. Ваквите материјали помогнале секое судско одделение да носи одлуки за начините како да продолжи со судските постапки за време на пандемијата со КОВИД-19.16
16 xxxxx://xxx.xxxxx.xxx/Xxxxxxxxx/Xxxxxx/XXxxxxxxxx/xxxxx00xxxxxx/Xxxxxx/Xxxxxx_Xxxxxx_xx_Xxxxxxx.xxx
Евидентно е дека новонастанатата ситуација наметнува користење на мерки кои се однесуваат на моменталните состојби, а ваквото постапување кое во секој случај претставува обид за успешно справување со вонредни околности согласно искуствата ни укажува дека сепак не постои генерален план за постапување во новонастанати услови. Заклучно на ова, преземените мерки се моментални т.е. се однесуваат на состојба од одреден карактер (заштита од вирусот КОВИД-19) и оттука истите имаат ограничена примена. Сепак, можноста за настанување на ризикот алудира на потреба од пропишување на правилник за постапување за останати видови на непредвидливи состојби. Имено, такви состојби претставуваат елементарните непогоди како земјотрес, поплава, пожар, уништување или онеспособување на електронските системи и слично.
Овие фактори, директно влијаат на остварувањето на граѓанските слободи и права и државите имаат за обврска да обезбедат непречена примена на истите. Секоја од овие непогоди би можела да се предвиди со посебна експертиза од стручни лица кои ќе можат да понудат решение за постапување во вонредни околности или да понудат план т.е. modus operandi за функционирањето на системите на институциите во такви услови.
Оттука, потребата на етаблиран систем за работење на судовите во време на вонредна состојба или за време на прогласена кризна состојба се појави како неопходен процес кој мора да се оствари во наредниот период откако искуствата од практиката можат да се применат.
Временскиот менаџмент т.е. рационалното менаџирање со време, кој е нераскинливо поврзан со рационалното и ефикасно користење на човечките ресурси, претставува предизвик кој не може да се дефинира однапред детално и во целост. Имено, прогласувањето на вонредна состојба поради пандемија на вирус или друга околност или прогласување на кризна состојба директно можат да влијаат на планот за постапување во услови на вонредна состојба, поради степенот на непредвидливост како vis major. Оттука, подготовката на плановите би требало да содржи флексибилност за постапување во новонастанати услови кои ќе ги покријат условите за работа на институциите во услови на вонредна состојба (на пр. двосменско работење, извршување на работните обврски надвор од работното место, остварување посредна комуникација и извршување на обврските по електронски пат како и справување со настанатите проблеми во работењето и нивно решавање).
Важно е да се напомене дека потребата од носење на документ со насоки за подготовка на правилник за постапување на судот во услови на вонредна т.е. кризна состојба од страна на секој суд, треба пред се да произлегува од судската власт, како третостолбна власт покрај законодавната и извршната, предвидена со Уставот на Република Северна Македонија.
Ставот на присутните судии и претставници од судската администрација на одржаните онлајн дискусии беше во насока на зголемена самостојност и независност на судската, покрај законодавната и извршната власт. Неопходно е судската власт самостојно да носи одлуки за своето функционирање, во согласност со Уставот и законите на државата, одлуки кои директно ќе влијаат врз функционирањето на судството во целост.
Со мерките кои беа преземени за време на вонредната состојба во текот на пандемијата, а кои имаа за цел да понудат ефикасни решенија за непречено остварување на работата на судството, практично директно беа извршени влијанија во веќе востановениот систем на работа на судовите во однос на совладувањето на приливот на предмети од страна на
судовите, раководењето на работата на судовите, сервисирањето на услуги спрема граѓаните и сл. Ваквите појави наметнаа потреба, во некои од судовите на територијата на Република Северна Македонија да се направат измени во распоредот и притоа, со претходно дадена согласност, судии кои не се назначени за постапување за определен предмет, истиот да го земат во работа (ваквата појава наметна неопходност судии од граѓански оддел да постапуваат за предмети од кривичен оддел).
Следствено на ова, потребата за менаџирање на човечките ресурси, брзата реорганизација и флексибилноста на вработени во судовите да постапуваат со цел да продолжи непречено да се остварува работата на судовите претставува примарно прашање кое треба да се преточи во систем на норми кој би се активирал во случај на настанување на вонредни околности. Така востановениот систем во предвид треба да го има одлучувањето за итни и неитни случаи, да ја земе во предвид евентуалната измена на процесните закони во однос на промените за одржување рочишта, да се справи со заостатокот на предмети и да ги има во предвид клучната улога на судијата во судот и ризикот со кој се соочуваат. Дополнително, ваквите или слични мерки директно ја наметнуваат потребата од користење на информатичката технологија која ќе може да овозможи работа надвор од работните места за вработените кои се оневозможени да го остварат физичкото присуство на работното место, а ќе продолжат да ги реализираат своите работни обврски во однос на сервисирањето на потребите од страна на судот спрема граѓаните.
Новонастанатите околности за работа на судовите, согласно одлуката на Судскиот Совет на РСМ за постапување на судовите во Република Северна Македонија во услови на зголемена опасност од вирусот КОВИД-19, ја нагласија потребата за користење на информатичко-компјутерската технологија т.е. поттикнале работа на судовите преку посредна комуникација и користење на платформите Zoom, Skype, Microsoft teams, Viber и други платформи.
,,Преку соопштенија да им се укаже на странките поднесоците до судот да ги доставуваат електронски, доколку имаат технички услови за тоа.
Уверенијата и другите судски акти до странките и надлежните органи да ги доставуваат електронски.‘‘17
17 xxxx://xxx.xx/xxx/xxxxxx/xxxx/xxx/xxxxx/000x0000-xxx0-0000-00x0- 98d67fb9ca3e/!ut/p/z1/tVXLcpswFP2VbFgKSehJd64bJ6FxHk1oDBsPD2GTBHCwbCf-- gqmM21cB5Jxo4VA6N5z7hsYwgkMy2idzyKdV2X0aM5ByKf8hFIkv6Nz6X1z0cCnZHR9dYupoPDutcAJvpRG4NLn7unI8 X0Cw7evXY_BnzCEYVLqhZ7DYFmtlZ4WDxZarlILLapE6TKy0FotdW4h5LKMCuGAOM0IoC6RQNKYAFemXGSxm0RENX CLJE9hkBmhKCUKEMJjQFWCgZslEqQ8yhKWJq6DREu-qmtVahjoeqV2_fnX4cYf9MYaoO54NA53xUPw3_odBOEB- WgIOvivznv0vQF5n_0dBIfY7107_faHfSkKuzDaku0SaGPQKWCM9GCYx4W9SQob2RITRhzJGXWoFBw3TTUoYyJnMKx VpmpV26va9Npc68Xyi4UstNls7FlVzR6VnVSFhfapzKulhpPXkjAw4RN_LLs8HQlj2TFmA3nt3Jya- lznagP9sqoL0943H2wXA7DDsJPBEd7HcDccT6_OYICbQ7mcdgJMW- lopmxCicAMcSAJ5sDELgMuEwnIsBO5jAo3Yg4MnA_60O3ABTswRD3w4kB4r6-BTKXk909P4cBMtqrU6tkUyf- YqwbXqcfDsanARaTnIC-zCk7eper1NZzX95foLuuzjpyhOMaK8RRwljFAGaZAogyBFGGHCClSweku_Gv-81vxufDoc- Gdz4XHB8J7fRN9f-E1u-FL8vxoGx3dR-uyHYf9xW-25UN-FK_SrdLNW3tvob2Ab3yGi8IvJCmA364Jys9AGL- Q7dcLcDKMtyqWm9usGMbyhTyuH37Miun4mLC_HpoFvwCsekue/dz/d5/L2dBISEvZ0FBIS9nQSEh/?urile=wcm%3Ap ath%3A%2Fsovet_mk%2Fsud%2Fpocetna%2Fvesti%2F095f4772-bdf3-4938-84b3-98d67fb9ca3e
Како дел од искуствата кои беа споделени на онлајн средбите за судовите, беа истакнати примери за користење на електронска комуникација при сервисирањето на обврските спрема граѓаните.
Имено, во некои од судовите, граѓаните се обраќале на официјалниот и-меил на судот и оттука доставувале барања за информации и услуги, а судот истите успешно ги сервисирал и повратно остварувал комуникација со граѓаните по електронски пат, преку пошта или телефонски. Дополнително, судските службеници биле достапни телефонски со што комуникацијата со граѓаните се остварувала редовно.
Во текот на дискусијата од страна на проектниот тим се постави прашањето за постоење на план за вонредна состојба т.е. план за работа на судовите во кризна состојба.
Дискусијата покажа дека најсоодветен начин за носење на ваков документ (кој би можел да биде подзаконски правен акт) претставува документ со насоки кој би произлегол од Судскиот совет, во кој ќе бидат опфатени областите во кои секој суд согласно своите расположливи ресурси ќе може да донесе план за работа во услови на вонредна состојба. Дополнително беше истакнато дека креирање на еден унифициран документ не би можел да ги опфати специфичностите на функционирањето на секој суд одделно бидејќи сите судови во РСМ се соочуваат со различни недостатоци во однос на човечки ресурси, информатичко компјутерска технологија, технички ресурси и сл.
Согласно горенаведеното, а по одржани консултации со вработени од основните и апелационите судови, насоките за подготовка на документ од овој карактер неопходно е да произлезат од повисоките инстанци (Судски Совет на РСМ, Врховен суд на РСМ).
Подготовката на документот, план за постапување на судовите во услови на вонредна состојба како крајна цел би требало да понуди идентификација на сите основни активности и функции на судот во однос на функционирањето, техничката опрема и внатрешните системи за работа, да предвиди механизам за делегирање на работни задачи и подготовка на вработените за вршење работни задачи на алтернативни позиции, механизми за комуникација со вработените и јавноста.
Како проблем кој беше актуелизиран од страна на присутните на четирите онлајн средби, беше истакнат проблемот со доставувањето. Поради непредвидливоста на вирусот, дел од судските доставувачи биле оневозможени да бидат на работното место поради мерките кои произлегуваа од уредбите на Владата на РСМ по различен основ (чување на деца на рана возраст, мерки за самоизолација, лекување и сл.).
Согласно ова, повторно е истакната заложбата на судската администрација и судиите за унапредување на ИКТ ресурсите во судовите, преку кои остварувањето на овие обврски ќе ја зголеми ефикасноста на судиите и ќе има позитивен ефект во ефикасното и економично работење.
За време на пандемијата од Здружението на судии успешно дисеминирале протоколи за заштита на вработените во судовите од КОВИД-19 во судовите на Република Северна Македонија.
Работењето надвор од судот претставува можност за вработените во судовите на РСМ која сепак не може да се практикува во целост поради законски одредби кои се однесуваат на
работењето на судот т.е. АКМИС, заштита на личните податоци, архивирањето на предмети и сл. За оваа цел неопходни се измени во процесните закони, како и во законите кои се однесуваат на работењето на судовите и судскиот деловник.18
4.1 Внатрешна организација на судството
Постапувањето на судовите за време на вонредна состојба претставуваше предизвик за организацијата на судската власт. Вонредната состојба како преседан во историјата на Република Северна Македонија наметна потреба од реорганизација за начинот на функционирање на судството и остварувањето на пристап до суд.
Како акт кој a-priori беше земен во предвид за постапувањето на судовите во услови на вонредна состојба, покрај уредбите со законска сила донесени од Владата на РСМ, претставуваше Одлуката на судскиот совет на РСМ која предвидуваше посебни мерки за заштита на граѓаните. 19
Мерките во одлуката беа насочени кон остварување на правото на пристап до суд за граѓаните, со примарна цел за заштита на граѓаните и обезбедување на услуги од страна на судот за потребите на граѓаните.
Организацијата на работењето на судовите во државата, согласно разговорите со претставниците од судските инстанции била невоедначена. Невоедначеноста се однесувала пред се на различните начини на организација при што судовите различно ја организирале работата во новонастанатите услови. Некои судови работеле со полн капацитет, додека во некои судови е забележана работа во смени на судската администрација со цел запазување на препораките од Комисијата за заразни болести за заштита на населението од вирусот КОВИД- 19.
Евидентно е дека судските писарници имале намален обем на активности, а покрај мерките кои произлегувале од уредбите на владата на РСМ и кои de-facto влијаеле на човечките ресурси, судската администрација успешно ги остварувала работните обврски притоа обезбедувајќи непречен пристап до правда за граѓаните.
19 Соопштените – одлука на Судскиот совет на РСМ xxxx://xxx.xx/xxx/xxxxxx/xxxx/xxx/xxxxx/000x0000-xxx0-
4938-84b3-98d67fb9ca3e/!ut/p/z1/tVXLcpswFP2VbFgKSehJd64bJ6FxHk1oDBsPD2GTBHCwbCf-- gqmM21cB5Jxo4VA6N5z7hsYwgkMy2idzyKdV2X0aM5ByKf8hFIkv6Nz6X1z0cCnZHR9dYupoPDutcAJvpRG4NLn7unI8 X0Cw7evXY_BnzCEYVLqhZ7DYFmtlZ4WDxZarlILLapE6TKy0FotdW4h5LKMCuGAOM0IoC6RQNKYAFemXGSxm0RENX CLJE9hkBmhKCUKEMJjQFWCgZslEqQ8yhKWJq6DREu-qmtVahjoeqV2_fnX4cYf9MYaoO54NA53xUPw3_odBOEB- WgIOvivznv0vQF5n_0dBIfY7107_faHfSkKuzDaku0SaGPQKWCM9GCYx4W9SQob2RITRhzJGXWoFBw3TTUoYyJnMKx VpmpV26va9Npc68Xyi4UstNls7FlVzR6VnVSFhfapzKulhpPXkjAw4RN_LLs8HQlj2TFmA3nt3Jya- lznagP9sqoL0943H2wXA7DDsJPBEd7HcDccT6_OYICbQ7mcdgJMW- lopmxCicAMcSAJ5sDELgMuEwnIsBO5jAo3Yg4MnA_60O3ABTswRD3w4kB4r6-BTKXk909P4cBMtqrU6tkUyf- YqwbXqcfDsanARaTnIC-zCk7eper1NZzX95foLuuzjpyhOMaK8RRwljFAGaZAogyBFGGHCClSweku_Gv-81vxufDoc- Gdz4XHB8J7fRN9f-E1u-FL8vxoGx3dR-uyHYf9xW-25UN-FK_SrdLNW3tvob2Ab3yGi8IvJCmA364Jys9AGL- Q7dcLcDKMtyqWm9usGMbyhTyuH37Miun4mLC_HpoFvwCsekue/dz/d5/L2dBISEvZ0FBIS9nQSEh/?urile=wcm%3Ap ath%3A%2Fsovet_mk%2Fsud%2Fpocetna%2Fvesti%2F095f4772-bdf3-4938-84b3-98d67fb9ca3e
При одржувањето на средбите со судиите и судската администрација, како успешен начин на реорганизација на работењето на судот беа истакнати условите за работа во смени на судската писарница. Ваквата реорганизација покажува флексибилност и посветеност на судската администрација при сервисирањето на услугите спрема граѓаните. Согласно овој наод, при подготовката на документ за подготовка на план за функционирање на судовите во услови на вонредна т.е. кризна состојба би требало да се земе во предвид промената на работното време, прекувременото користење на ресурсите за работа како и обуката на дел од останатите вработени за извршување обврски во друг сектор.
4.2 Менаџмент на човечки ресурси v. менаџмент со време
Менаџирањето на човечките ресурси претставува задача која претседателот на судот во соработка со судскиот администратор т.е. расположливите ресурси, ја одредува со посебен внатрешен акт.
Менаџментот и рационалното планирање на човечките ресурси во основа се однесува на познавањето на квалификациите и подготвеноста на судиите и судската администрација во однос на извршување на работните задачи од својот делокруг како и подготвеноста, да постапат во извршување на задачи надвор од својот делокруг на работа, со претходна успешно завршена обука. Преку постоење на ажурирани информации за профилот на кадарот во судовите, дообучувањето на судските службеници и реорганизацијата во услови на вонредна состојба би можела да се оствари на поедноставен начин.
За време на остварените средби, вработените од судската администрација заедно со судиите предложија донесување на документ кој во својата содржина ќе содржи насоки за подготовка на Правилник, за секој суд поединечно, документ донесен од страна на Судскиот совет како орган кој ја регулира работата на судовите на територијата на Република Северна Македонија.
Документот за насоки за подготовка кој ќе го подготви Судскиот Совет на РСМ треба да содржи насоки кои ќе обезбедат примена на начелата:
- Независност и непристрасност
- Ефикасност
- Транспарентност и отчетност
- Квалитет на судската правда
- Човечки ресурси
- Услови за работа
- Информатичка технологија и АКМИС
Заеднички беше потврдена идејата дека подготовката на документ од овој вид е неопходна, а притоа документот да биде производ на секој суд поединечно, согласно актуелните услови во однос на ресурсите кои ги поседуваат, од причина што судовите во РСМ имаат различни
ресурси кои можат да ги користат за остварување на обврските, а во согласност со начелата на независност и непристрасност, ефикасност, транспарентност и отчетност, квалитет на судската правда, менаџирање со човечките ресурси и услови за работа, како и обезбедување функционална информатичка и компјутерска технологија и работење на системот АКМИС.
Согласно со Декларацијата на ЦЕПЕЈ (CEPEJ) 20 како основни принципи кои судството треба да ги земе во предвид како насоки за изработка на документ за функционирање на судството во услови на вонредна состојба претставуваат:
- Човекови права и владеење на правото
- Пристап до правда
- Безбедност на граѓаните
- Мониторинг на прилив на предмети, квалитет и перформанси
- Интернет правда (Cyber justice)
- Обуки
- Идна правда
Следствено на ова, планот за менаџирање со постоечките ресурси во однос на рационалното користење на време ќе претставува олеснување на работата на судовите во услови на вонредна состојба.
Менаџментот со време во услови на вонредна состојба дополнително претставува сериозен предизвик кој се заснова на мноштво фактори. Рационално и ефикасно користење на времето претставува начин кој судиите и судската администрација ја остваруваат реципрочно, а неопходноста за зголемување на степенот на ефикасност претставуваат причина поради која временскиот менаџмент треба да биде надополнет со дополнителни вештини кои ќе произлезат од добрите практики врз основа на претходни искуства. Тука, пред се, спаѓаат условите за користење на ИКТ технологијата, квалификациите на судската администрација за работа во судските одделенија, работење со системот АКМИС и редовно исполнување на обврските во рамките на предвидените рокови.
Од досегашните искуства, вонредната состојба наметна посебни правила за устројство на работењето на судските инстанци преку Уредбите донесени од страна на Владата, но евидентно е дека судовите ва територијата на Република Северна Македонија не постапувале според единствен систем за работа.
4.3 Податоци за постапувањето на судовите за време на вонредната состојба
20 xxxxx://xx.xxx.xxx/xxxxxxxxxxx-xx/00000xx0x0
Со оглед на прогласената вонредна состојба,
дали во судот постојат услови за постапување по сите судски предмети?
60%
55%
50%
40%
сите предмети редовно се
работат
дел од предметите
30%
21%
20%
17%
предметите кои имаат
приоритет
не се работат предмети
10%
7%
0%
Повеќе од половина од судовите (55%) истакнаа дека ја следеле Одлуката на Советот и постапувале единствено по приоритетните предмети. Но во поединечни случаи дел од судиите постапувале и по други редовни предмети почитувајќи ги мерките и препораките за заштита од вирусот Ковид-19 (носење заштитна опрема, користење средства за дезинфекција и слично). Околу 21% од судовите работеле и предмети надвор од предвидените, а 17% ги работеле сите предмети редовно.21
Одржувањето на редовна комуникација помеѓу членовите на советите и одделите и судската служба е круцијална за олеснето функционирање на судовите и поголема ефикасност во нивната работата. Новите, отежнати услови за функционирање и постапување на судските институции донесоа и одредени потешкотии за судовите во поглед на одржувањето на седници, колегиуми и остварувањето на редовна комуникација помеѓу судиите и судската служба.22
21 xxxxx://xxx.xxxx.xx/xxxxx/xxxxx/000000-xxxxxxxxxx-x%X0%00-xxxxxxxxx-xx-xxxxx-x%X0%00- vonredn%D0%90-sostojb%D0%90.pdf
22 ibid
Во кој дел на комуникација на судот сте
забележале најмногу потешкотии во периодот на вонредната состојба?
70%
60%
50%
40%
30%
58%
меѓу одделите и советите
на судот
26%
20%
10%
0%
10%
3%
3%
меѓу пониските со
повисоките судови и обратно
меѓу судиите и судските службеници
,, Мнозинството од претседателите и администраторите на судовите истакнаа дека недостатокот на нормираност на процесот првенствено ја отежнува организацијата на внатрешното работење на работа во судовите, судската управа и административното работење за време на вонредна состојба. Дополнително беа потенцирани и останати проблеми со кои се соочуваше судството во изминатиот период, како што се недостатокот на човечки ресурси и недостатокот од опрема и технички капацитите во информатичката технологија и за комуникацијата на судот со странките и државните институции.‘‘23
90%
80%
70%
60%
50%
40%
30%
20%
10%
0%
Кои се причините поради кои во судот
не се одржуваат рочишта по електронски пат?
83%
немаме доволно ресурси
и капацитети
немаше иницијатива
не се согласуваме со начинот
13%
друго
4%
23 xxxxx://xxx.xxxx.xx/xxxxx/xxxxx/000000-xxxxxxxxxx-x%X0%00-xxxxxxxxx-xx-xxxxx-x%X0%00- vonredn%D0%90-sostojb%D0%90.pdf
Потешкотија која и покрај соопштението од Судскиот совет на РСМ, не дозволува целосна примена за електронска комуникација претставува и приемот на поднесоци по електронски пат. Следствено на ова, кај најголемиот број на судови, согласно искуствата надворешната комуникација со странките, застапниците и пошироката јавност претставувала проблем.
Потребата од воспоставување на интероперабилност на судовите, која претставуваше една од темите кои беа презентирани пред судиите и судската администрација за сите судови на територијата на Република Северна Македонија, повторно се истакна како недостаток кој мора да се разреши што поскоро. Имено, барањата на судовите за одредени документи кои ги издаваат други институции – органи на државната управа не се остварувале ефикасно поради нефункционална електронска пошта, неажурност, зголемен обем на работа и сл.
Оттука, потребата за интероперабилност на судовите со останатите државни органи претставува еден од предизвиците кој треба да биде реализиран во најскоро време, притоа со учество на претставниците од останатите власти.
Препорака (2003)1424 за интероперабилноста на информатичките системи во правниот сектор ја објаснува интероперабилноста како ефикасна и безбедна размена на податоци и информации помеѓу информатичките системи.
Ваквото поврзување на судството подразбира соодветни измени на релевантните закони и работни процеси, како и процедури и соодветна обука за персоналот со цел за ефикасно работење. Дигиталниот пристап до правдата станува интегрален дел од пристапот до правдата како фундаментално право, а нејзиното проширување треба да биде главен приоритет за судството.
Потребни се законски измени во правните прописи со цел законско признавање и широка употреба електронска размена на податоци помеѓу различни органи.
Ефикасна и безбедна електронска размена на докази.25
Во однос на подобрување на пристапот до правдата, стратегијата за е-правда за периодот 2019-2023 како свои цели ги има:
- Подобрувањето на пристапот до правдата
- Развој и интегрирање на информатичко-комуникациски технологии во пристап до правни информации и работење на судски системи
Начинот на постигнување на целите ќе се оствари преку поедноставување и дигитализација на:
- Комуникациите
- Пристапот до постапувањата
- Пристапот до правни информации
- Поврзаност меѓу националните системи во меѓуграничната соработка26
24 xxxxx://xxxxxx.xxx.xxx/xx/Xxxxx/xxxxxx_xxxxxxx.xxxx?XxxxxxXXx00000000000xx000
25 ibid
26 xxxxx://xxx-xxx.xxxxxx.xx/xxxxx-xxxxxxx/XX/XXX/XXX/?xxxxXXXXX:00000XX0000(00)&xxxx0
Во однос на внатрешната комуникација, на средбите беше истакнато дека проблеми во комуникација помеѓу вработените во судот не се забележани т.е. комуникацијата се остварува редовно и ефикасно. Проблем во комуникацијата за судовите останува комуникацијата помеѓу повисоките и пониските судови т.е. потребата од интероперабилност помеѓу судските инстанци е неопходна. Комуникацијата со странките исто така претставува проблем кој останува да биде разрешен, а се однесува на потешкотиите при комуникација со странките, адвокатите и државните органи.
Во однос на ИКТ технологијата, присутните истакнаа дека интранетот (внатрешна мрежа во судовите) кој го користат судовите претставува начин за комуникација кој е од голема помош и притоа сите акти, документи, соопштенија и останати документи се лесно достапни за сите вработени во судот.
Забележлива е потребата за користење на нова и унапредена информатичко-компјутерска технологија, која согласно горенаведеното ќе може да ги опслужува потребите за ефикасно работење на судот. Неопходно е унапредување на актуелните системи за комуникација и работење на судот, АКМИС системот, можноста за работа надвор од работното место, овозможување на електронско плаќање во судовите со цел за поголема ефикасност и транспарентност во работењето.
Како еден од заклучоците на средбата, развојот на е-судството претставува приоритет кој ќе го зголеми нивото на ефикасност, транспарентност и отчетност.
Следствено на овој заклучок, како пример за успешно остварување онлајн судење претставува судењето во ОС Кавадарци. Првото онлајн судење беше од областа на кривичното право, при што преку интернет беше обезбеден успешен процес, без физичко присуство на странките и јавноста. Постапката се одвиваше согласно процесните закони и беа запазени правата на страните да оспоруваат или да предлагаат докази во постапката. Според наодите, во останатите судови на територијата на Република Северна Македонија, информатичко- компјутерската технологијата е на незадоволително ниво во однос на креирање можности за одржување на онлајн судење. Дополнително на ова, процесните закони треба да претрпат измени во поглед на остварувањето на правата на учесниците во постапката (најдискутабилни се правото на контрадикторност и непосредност во постапката како клучни аспекти на правото на фер судење).
Ваквите наоди претставуваат аспекти кои во крајна смисла повторно се однесуваат на менаџментот на човечките ресурси. Развојот на ИК технологијата во судовите е неопходен, но истиот е амбивалентен бидејќи налага неопходност од човечки ресурси, кадар кој соодветно ќе раководи со системот и одржувањето на истиот.27
27 Врховниот суд нема на располагање доволно функционална и софистицирана опрема која би им
овозможила одржување на јавни расправи по виртуелен односно електронски пат. Дополнително, судот е во недостаток на доволно обучен персонал кој би го овозможил функционирањето на електронските
Начинот на менаџирање на човечките ресурси и менаџирањето со време, би требало да произлегуваат од посебен документ (насоки, правила и принципи) кој би било соодветно да произлезе од Судскиот совет на РСМ. Насоките за подготовка на документ во предвид треба да ги земат горенаведените аспекти за целисходно планирање на функционирањето на судот во услови на вонредна т.е. кризна состојба како и работа во нормални околности.
При подготовката на документот од страна на Судскиот Совет на РСМ, неопходно е да се користи стратешки пристап за подготовка на план за работење на судовите во вонредни околности.
Во сите судови, недостатокот од ИТ персонал е забележан како една од основните причини за понизок степен на операбилност на ИКТ ресурсите. Самиот факт дека еден или двајца информатичари во судовите треба да овозможат непречено функционирање на работата на судот алудира на зголемен обем на обврски на работното место.
Подобрувањето на ИКТ инфраструктурата во судството неминовно ќе опфати повеќе аспекти во однос на електронската достава, надворешната комуникација, интероперабилноста со повисоките и пониските судови како и со останатите органи на државната управа.
Електронската достава како новина во правосудството во Република Северна Македонија, треба да се оспособи со цел за остварување на двонасочна комуникација со странките. Имено, актуелната состојба овозможува комуникација на судот со странките, но не и на странките со судот. Оспособувањето на системот за двонасочна комуникација, значително би придонело кон зголемување на степенот на ефикасност на работењето на судот.
Пандемијата на вирусот Ковид-19 ја зголеми потребата за електронски услуги низ целиот регион во многу аспекти. Институциите, организациите, но и граѓаните, се во фаза на справување со многу предизвици, но оценката на истражувањето е дека судството бележи одредени подобрувања во однос на примената на електронската комуникација. Следните чекори кои треба да се преземат би требало да ги направат електронските средства достапни за долгорочна употреба, преку стандардизирани процедури и начини на работа, со континуирано и планско градење на капацитетите на судството. Јавноста, странките и учесниците во постапката за сите податоци во врска со работењето и постапувањето на судовите се информирале преку официјалните веб страни на судот кои во овој период на вонредна состојба биле активно користени од страна на судиите кои практикувале објавување на соопштенија и известувања за одложувања и одржување на рочишта. Со оглед на карактерот на состојбата предизвикана со пандемијата, дел од судовите истакнаа дека постои зголемен интерес од медиумите за кривичните пријави за непочитување на мерките
седници. xxxxx://xxx.xxxx.xx/xxxxx/xxxxx/000000-xxxxxxxxxx-x%X0%00-xxxxxxxxx-xx-xxxxx-x%X0%00- vonredn%D0%90-sostojb%D0%90.pdf
за спречување на ширење на зараза, како и дека тековно пристигнуваат барања за информации од јавен карактер на кои редовно се одговара.28
Како се одвива известувањето и доставата
до странките и застапниците на странките за одржување на расправа, претрес и рочиште во период на вонредна состојба?
достава на судот
35% 33%
30%
25%
26%
пошта
25%
20% електронски сандаче
15%
15%
10%
телефонска
комуникација
5%
1%
0%
Вработените во судот, во делот на задачите за односи со јавноста, обврските ги извршувале на различен начин т.е. преку интернет и објавување на соопштенија на веб страната на судот, користење на огласна табла на судот, соопштенија на влезот на судот, преку телефон, преку испраќање на соопштенија до медиумите на територијата на општината во која се наоѓа судот и преку радио станиците.
Преку ваквиот начин на комуникација, судот се обраќал до јавноста во однос на промените на работењето на судот – промени во работното време, време за прием во писарница, информации за тековните постапки како и давање на останати информации во однос на тековните постапки и останатите потреби на граѓаните.
28 ibid
8% 5% | ||
3% 2% |
Како се известуваат/информираат
граѓаните за работата на судовите (време на работа, посебни услови за пристап до писарницата?
50%
40%
43%
40%
известување на веб
страната на судот
30%
известување објавено на
вратата на судот
20%
10%
0%
известување за медиуми
(онлајн и социјални медиуми)
29
Дополнително, покрај посредното известување на граѓаните, судовите иако со намален и недоволен број на човечки ресурси, успешно го оствариле правото на пристап до суд за граѓаните, при што судските писарници во сите судови на територијата на Република Северна Македонија работеле редовно за време на вонредната состојба.
Во однос на изнаоѓање решенија за функционирање на судството во услови на вонредна и кризна состојба на територијата на Република Северна Македонија, на 336-та седница Судскиот Совет на РСМ ја донесе Одлуката за постапување на судовите во Република Северна Македонија во услови на зголемена опасност од вирусот КОВИД-19. Овој документ дава насоки за задолжителна примена на мерките за заштита на граѓаните и воедно на судиите и судската администрација од вирусот КОВИД-19 согласно препораките за заштита од вирусот од страна на здравствените власти. Согласно со оваа мерка, намалениот број на присутни во просториите, одржувањето на хигиена и редовна дезинфекција претставуваат една од основните насоки за постапување при работа.
На средбите, дел од присутните истакнаа дека некои судови се соочиле со финансиски недостаток за набавка на средства за дезинфекција, маски и останати препарати кои се однесуваат на заштита од вирусот. Сепак, ваквите ситуации успешно биле надминати, а следствено на ова, располагањето со средствата од буџетот на секој суд би требало да предвидува посебен механизам кој би можел да се активира во услови на вонредна или кризна состојба т.е. при настанување на истата, да се применуваат посебни правила за постапување со трошењето на средства за заштита на вработените и граѓаните.
Одлуката на Судскиот Совет на РСМ, меѓу другото ги поттикнува судовите да ја намалат непосредна изложеност на минимум со што иницираат користење на ИК технологија.
Во однос на судењата, јасно е наведено во кои случаи судот треба и може да постапи:
29 xxxxx://xxx.xxxx.xx/xxxxx/xxxxx/000000-xxxxxxxxxx-x%X0%00-xxxxxxxxx-xx-xxxxx-x%X0%00- vonredn%D0%90-sostojb%D0%90.pdf
Во судовите се извршуваат следните нужни работи:
- Судења во кривични предмети кога обвинетиот или дел од обвинетите се во притвор,
домашен притвор или спрема кои е изречена некоја друга мерка за обезбедување присуство на обвинетиот во постапката;
-Кривични предмети на странките кои немаат живеалиште, односно престојувалиште во Република Северна Македонија, а се затекнати во државата;
-Кривични предмети за кои постои опасност од застарување на кривичното гонење;
-Кривични предмети за кривичните дела: „Пренесување заразна болест“ - по член 205 од КЗ,
„Непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“ - по член 206 од КЗ,
„Неукажување медицинска помош“ - по член 208 од КЗ, „Спречување службено лице во вршење службено дејство“ - по член 382 од КЗ, „Напад врз службено лице при вршење работи на безбедност“ - по член 383 од КЗ, „Организирање отпор“ - по член 387 од КЗ;
-Прекршочни предмети од итна природа;
-Предмети за примена на времени мерки;
-Предмети по кои постапката е во фаза на донесување на одлука;
-Предмети во кои постои опасност од повреда на принципот на судење во разумен рок;
-Предмети кои по сила на законот се итни;
-Прием на поднесоци и други работи што се врзани со законски преклузивни рокови.
На 7 мај 2022 година во листата на итни и приоритетни предмети беа внесени и предметите кои се однесуваат на семејно насилство. Оваа одлука дополнително е дополнета на 28-ми мај за постапување на судовите, регулирање на постапките и предметите кои не се итни или нужни, а според пропишаното, во овие случаи се постапувало според мерките, одлуките и важечките протоколи за заштита од вирусот КОВИД-19.
Во општините Дебар и Центар Жупа, од страна на Судскиот Совет на РСМ беше донесено Упатство за постапување на ОС Дебар за време на кризната состојба пропишана од Владата на РСМ. Ваквата одлука се однесувала на итните постапки и судењата. ОС Дебар за време на кризната состојба остварувал посредна комуникација со судиите и судската администрација по електронски пат.
Ваквите мерки директно влијаеле и на потребата од промена на ориентациона норма за исполнување од страна на судиите во однос на решавањето на судските предмети.
Упатството за постапување на ОС Дебар за време на кризната состојба пропишана од Владата на РСМ во општините Дебар и Центар Жупа предвидува:
Судиите и судската служба во Основниот суд Дебар се должни да постапуваат по препораките на Владата на РСМ и надлежните здравствени органи, со преземање на сите мерки на претпазливост.
За време на кризната состојба во Основниот суд Дебар се извршуваат само нужните работи и тоа:
• Судења на кривични предмети кога обвинетиот е во притвор;
• Кривични предмети на странките кои не живеаат во Република Северна Македонија а се затекнати во Општина Дебар и Центар Жупа;
• Кривични предмети за крвичните дела „Пренесување заразна болест“ по член 205 од КЗ, „ Непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“ по член 206 од КЗ, „Несовесно лекување болни“ по член 207 од КЗ, „Неукажување медицинска помош“ по член 208 од КЗ, „Спречување службено лице во вршење службено дејство“ по член 382 од КЗ, „Напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“ по член 383 од КЗ, „Организирање отпор“ по член 387 од КЗ;
• Предмети за примена на времени мерки;
• Прекршочни предмети од итна природа; Приемот на поднесоците се врши електронски.
Уверенијата и другите судски акти се доставуваат електронски до странките и надлежните органи доколку постојат технички услови за тоа.
Закажаните расправи по предметите кои не се од итна природа, како и предметите во кои едната или двете странки се со живеалиште или престојувалиште надвор од општините Дебар и Центар Жупа се одлагаат до завршување на кризната состојба.
Претседателот на Основен суд Xxxxx е должен да обезбеди континуирана комуникација со судиите, судската служба, надлежниот обвинител и другите учесници во системот на управување со кризи. Должен е да ги применува одлуките, насоките, препораките и другите мерки и активности на Владата на РСМ, Министерството за здравство и другите надлежни органи.
Апелационен суд Гостивар постапува по жалби по предметите на Основниот суд Дебар по кој се суди на нејавна седница.30
30 xxxx://xxx.xx/xxx/xxxxxx/xxxx/xxx/xxxxx/000x00x0-0000-0000-0x00- 4311bd131a29/!ut/p/z1/rVPBcpswFPyWHDgKSUhCojeS1HHd2k4mpTG6MIAFpgmIgAJJv75yJjMdO6ndTKqTNLNv37 59KyjhCsomHaoyNZVu0jv7jqWf-BeUIvEVfROz8wCFESWTq8vvmHIKb3YBF3gpLGAZ- cF04kURgfJw_Q8oocwb05oNjHs9KJPUtw7qH9YOanWuTJM6aFC9qRyEMS4EzQLAUcAAJQwBkfuBvWGcrTHBqRds6d q8WsOYFXmGecoA5lkOKC1ykAaMA-IL4ROVeQUJ9uW_1reVj_5yQvRSfwAgj9knj7WQuxyvHZ5BWWW1O- a1i1yBCSOe8Bn1qOA-3m4wbDIiSig7VahOde5DZxe7MabtPznIQeM4uqXW5Z1yc1076K2Sje4NXO0iYWyH53- ULacTbpV9xiwUV9711LozVGqEUaO72mbp-p27sQR7Hfb8m- C3OtyczZPLLzDG20fTJwcJkmd0WiqXUMIxQz4QBPvAelcAqygHBfasNMqDlHkwJu-c4fAAC_ZBi47Q8w_Sz47F1yal- nl_L0P7h3Vj1KMNyf_4xJbX6-Znc5vANjUbUDWFhqt_Km3rqBbkqQK3xdywjJV1cn66YMMCxLPh1- kCyOxpDE9OfgOgWKu9/dz/d5/L2dBISEvZ0FBIS9nQSEh/?urile=wcm%3Apath%3A%2Fsovet_mk%2Fsud%2Fpocetna
%2Fvesti%2F111f84b9-7095-4350-8c69-4311bd131a29
За новонастанатата ситуација „...Недостасува пред сѐ Закон за вонредна состојба со кој би се уредиле процесните одредби за постапување и функционирање на судовите како и судењата преку интернет (online). Иако Судскиот совет претставува дел од судската власт во државата, не може со подзаконски правни акти да ги уредува судските постапки кои потпаѓаат во системски закони кои Собранието на РСМ ги донесува со дво-третинско мнозинство“.31
5. ПРЕПОРАКИ ЗА РАБОТА НА СУДОВИТЕ ВО ВОНРЕДНА СОСТОЈБА
Потребни се системски напори во судството за подобрување на регулативата, практиките и капацитетите за обезбедување функционалност на судовите во вонредни или кризни состојби. Неопходно е донесување на стандардизирана процедура од страна на повисоките судски инстанци која ќе обезбеди воедначено постапување на судовите во вонредна или кризна состојба со имплементација на стандардите за фер и правично судење. Судовите треба да подготват планови за одговор на судскиот систем во вонредни кризни состојби. Плановите треба да се резултат од искуствата и работата во текот на пандемијата, да бидат флексибилни и да содржат проценки на можните ризици и последици од функционирањето во вонредната состојба. Потребни се консултативни процеси со останатите чинители во правосудниот сектор како адвокати, нотари, извршители и раководители на органите на јавните и државните служби, како и стручни лица од останатите области кои се однесуваат на заштита и превенција во случај на настанување на елементарни непогоди. Генерално, треба да се избегнува прекумерна подготовка на подзаконски правни акти и останати правила за работење во вонредна состојба за да не се предизвика двојно толкување или преклопување на надлежностите, а со тоа и застој на процесите во веќе актуелната вонредна состојба.
5.1 Пристап до суд и јавност во постапката
Судовите треба да ги обезбедат неопходните услови за правично судење во време на вонредна состојба и да пружат судска заштита кон сите категории на лица (притвореници, болни, жртви на насилство, деца). Судовите треба да организираат функционални тела за справување со новонастанатите ситуации каде ќе можат самостојно да предложат мерки и насоки за функционирање на судовите во вонредната ситуација. Донесените мерки и протоколи треба да бидат едноставно достапни за сите корисници.
Внимателно да се разгледа принципот за постапување по итни случаи во услови на вонредна состојба, а дополнително да се внимава на независноста на судиите при носење на вакви одлуки. Доследно да се почитуваат загарантираните граѓански и човекови права во услови на вонредна состојба. Ограничувањата на некои од граѓанските права мора да бидат законити, времени, пропорционални и неопходни за да одговорат на околностите во вонредна состојба.
31 xxxxx://xxx.xxxx.xx/xxxxx/xxxxx/000000-xxxxxxxxxx-x%X0%00-xxxxxxxxx-xx-xxxxx-x%X0%00- vonredn%D0%90-sostojb%D0%90.pdf
Согласно позитивните законски прописи да се одреди во кои случаи, судските постапки би можело да се одвиваат електронски (онлајн) и да се обезбедат неопходните човечки и технички ресурси за почитување на начелото на правично судење за граѓаните. Да се подготви анализа на процесните закони кои не предвидуваат можност за одржување на онлајн постапки.
Алтернативните начини на комуникација треба да придонесат кон намален проток на граѓани во судовите со цел зголемена заштита на здравјето на вработените во судот како и граѓаните генерално. Правото на правично судење во ниту еден случај не смее да биде загрозено поради користење алтернативни начини на функционирање на судството. Безбедноста и доверливоста на информациите во судовите треба да биде обезбедена со посебни одредби според кои судовите ќе работат т.е. согласно со актуелните законски одредби, а дополнително да се разгледаат услови за измени на истите кои би имале примена во случај на вонредна состојба.
Електронската достава како новина во правосудството во Република Северна Македонија, треба да се оспособи со цел за остварување на двонасочна комуникација со странките. Имено, актуелната состојба овозможува комуникација на судот со странките, но не и на странките со судот. Оспособувањето на системот за двонасочна комуникација, значително би придонело кон зголемување на степенот на ефикасност на работењето на судот.
5.2 Обезбедување на финансиски ресурси
Зголемувањето на судскиот буџет треба да биде приоритет за судската власт. Извршната власт преку Министерството за финансии треба да ги обезбеди неопходните финансиски ресурси кои им се потребни на судовите за тие да пружат ефективна судска заштита на граѓанските права. Потребна е опрема за одржување онлајн судења, безбеден интернет пристап како и соодветна обука за ИКТ капацитетите на судската администрација.
Во буџетот на Република Северна Македонија неопходно е да се предвидат и обезбедат неопходните финансиски ресурси за судовите со цел да одржуваат онлајн судења. Покрај техничката опрема, потребно е обезбедување на интернет, ефективни обуки за судската администрација, гаранција за почитување на граѓанските права за сите учесници во постапката.
Оттука, мора да се напомене дека не би било доволно унапредувањето на ИКТ ресурсите без да се обрне внимание на внатрешните процеси во судот, екипираност на човечките ресурси, нивната вокација, стручност, познавање и волја за доквалификување во одредена област.
5.3 Организација и управување со човечки ресурси
Судовите, судиите и судската администрација треба систематски и детално да приберат податоци и да ги анализираат состојбите за работење на судовите за време на вонредната состојба, како и за време на пандемијата, со цел да се приберат податоци за добрите практики за работење. Ваквата мерка треба да придонесе за подготовка на правила за работење на судството во услови на вонредна состојба. Распределбата на судските предмети треба да се одвива во рамките на пропишаните законски процедури кои ќе обезбедат транспарентност.
Важно е да се нагласи дека донесените планови ќе треба да се делегираат на вработените во судот кои во случај на вонредна ситуација треба да постапат согласно предвидените мерки, да бидат физички и електронски достапни, а мерките пропишани во нив да бидат јасни за секој вработен кој би постапил според планот. Покрај ова, неопходно е истите да се ревидираат на определен период поради технолошките и легислативните измени. Секој од овие планови треба да биде оценуван од страна на повисоките судски инстанци т.е. Врховен суд на РСМ или Судскиот Совет на РСМ.
5.4 Предлог мерки за дополнителна поддршка на ИКТ капацитетите:
• Идентификација на сите основни активности и функции;
• Идентификација и заштита на виталните записи, системи и опрема;
• Определување на надлежни лица и делегирање на овластувања;
• Идентификација и подготовка на алтернативни работни места;
• Идентификација и обука на тим од вработени за извршување основни активности во итен случај;
• Развој на систем за предупредување за да ги предупреди вработените, посетителите и јавноста за потенцијалните закани и што да прават во итен случај;
• Развој на систем за идентификување на локацијата и статусот на вработените по итен случај;
• Развој на начини за комуникација со вработените, посетителите и јавноста по итен случај32
5.5 Заштита на здравјето и безбедноста на вработените
Судовите мора да обезбедат услови за заштита на здравјето на судиите, судската администрација како и за сите корисници на услугите.
Обезбедувањето на услови за безбедност и здравје подеднакво да се однесуваат на сите останати чинители при посреден и непосреден контакт.
При донесувањето на протоколите за заштита на вработените лица во судот како и корисниците на услугите на судот, треба да се внимава на ефикасноста на мерките т.е. дополнително да се разгледа можноста за пристап до судот, ИТ опрема и вентилација, соодветност на просториите за судење и чекалните и сл.
Повисоките судски власти треба да обезбедат јасни правила во однос на санкции за непочитување на предвидените протоколи од страна на учесниците во постапките во судовите.
Да се зајакне примената на можностите за вонсудско или алтернативно решавање на споровите.
32 xxxxx://xxx.xxxxxxxxxxxxxx.xxx/xxxxx/00000000_XX00000_0x0xx0xx0xxx0000xxx00x00000xx00xxx00x000.xxx Emergency Preparedness and Continuity of Operations (COOP) Planning in the Federal Judiciary
5.6 Судска администрација и менаџирање на работата на судовите
Неопходно е независно функционирање на судската администрација.
Дополнителни финансиски инвестиции за подобрување на условите за работа во судовите.
Можност за пренамена на предвидените буџетски средства во случај на настапување на вонредна состојба.
Анализа на статистичките наоди за работата на судовите во услови на вонредна состојба.
Редовни обуки за судиите и судската администрација и разгледување на можноста за онлајн одржување на истите, а дел од нив да се однесуваат на функционирање на судовите во услови на вонредна состојба и примена на меѓународни правила и принципи.
Користена литература
- Устав на Република Северна Македонија
- Закон за управување со кризи („Службен весник на Република Македонија“ бр. 29/05, 36/11, 41/14, 104/15, 39/16 и 83/18)
- xxxxx://xxxxxx.xxx.xxx/xx/Xxxxx/xxxxxx_xxxxxxx.xxxx?XxxxxxXXx00000000000xx000
- xxxxx://xxx-xxx.xxxxxx.xx/xxxxx- content/EN/TXT/PDF/?uri=CELEX:52019XG0313(01)&rid=7
- xxxxx://xxx.xxxxx.xxx/Xxxxxxxxx/Xxxxxx/XXxxxxxxxx/xxxxx00xxxxxx/Xxxxxx/Xxxxxx_Xxxxxx
- xxxxx://xxx.xxx.xxx/xx/xxx/xxxxxx/xxxx
- xxxxx://xxx-xxx.xxxxxx.xx/xxxxxxxx.xxxx?xxxxxxxxx
- xxxxx://xxx.xxxx.xxx/xxxxx/x/xxxxx/xxxxxx000/xxxxx/xxxxxxxxxxxx/xxxx-xxxx-xxx- Access_to_Justice_and_COVID19.pdf
- xxxxx://xxx.xxxxxxxxxxxxxx.xxx/xxxxx/00000000_XX00000_0x0xx0xx0xxx0000xxx00x000 93ae08faf64d664.pdf
- xxxxx://xxxxxxxxxxxx.xxx/xxxxxxx.xxx
- xxxxx://xxxxxxxxxxx.xxx.xxxxxxx.xxx/xxxxxxx/xxx-xxxxxx-xx-xxxxxx/
- xxxxx://xx.xxx.xxx/xxxx-0000-0-xxxxxxxxx-xx-xxx-xxxx-xxxxxxxxx-0-xxxxxxx-xxx-xxxxxxxxxx- c/16809ed060
- xxxxx://xx.xxx.xxx/xxxxxxxxxxx-xx/00000xx0x0
- xxxx://xxxxxxxxxxx.xxx/0000/00/00/xxxxx-00-xxxxxxxxx-xxx-xxxxxx-xxx-xxxxxxxxxxx- part-i/
- xxxx://xxxxxxxxxxx.xxx/0000/00/00/xxxxx-00-xxxxxxxxx-xxx-xxxxxx-xxx-xxxxxxxxxxx- part-ii/
- xxxxx://xxxxxxxxxxxxxxxxxx.xxx/xx-xxxxxxx/xxxxxxx/0000/00/Xxxxxxx-xx-xxx-xxxx-xx- coronavirus_EN_final.pdf
- xxxxx://xxxxxxxxxxxxxx.xxx/0000/xxxxxx-xx-xxxxxxx-xx-xxxxx-xx-xxxxxx/?xxxxxxxxx
- xxxxx://xxx.xxxx.xx/xxxxx/xxxxx/000000-xxxxxxxxxx-x%X0%00-xxxxxxxxx-xx-xxxxx- n%D0%90-vonredn%D0%90-sostojb%D0%90.pdf
- xxxx://xxxxxxxxx.xxx.xx/xx- content/uploads/2021/04/%D0%9F%D1%80%D0%B0%D0%B2%D0%BD%D0%B8-
%D0%B8%D0%BC%D0%BF%D0%BB%D0%B8%D0%BA%D0%B0%D1%86%D0%B8%D 0%B8-%D0%B2%D1%80%D0%B7-
%D1%81%D1%83%D0%B4%D1%81%D0%BA%D0%B8%D1%82%D0%B5-
%D0%BF%D0%BE%D1%81%D1%82%D0%B0%D0%BF%D0%BA%D0%B8-