1. Целта на договорот за дигитално емитување програмски сервиси (во понатамошниот текст „договор“) е да се регулираат правата и обврските според кои A1 обезбедува услуги за емитување на програмскиот сервис на Страната Барател преку дигитален...
ОБРАЗЕЦ НА ДОГОВОР ЗА ДИГИТАЛНО ЕМИТУВАЊЕ НА ПРОГРАМСКИ СЕРВИСИ
ПОМЕЃУ
А1 Македонија ДООЕЛ Скопје И
2019 година
Нацрт образец на - Договор за дигитално емитување на програмски сервиси
Склучен на ден 2019 година во Скопје
помеѓу:
Друштво за комуникациски услуги А1 Македонија ДООЕЛ Скопје
Плоштад Пресвета Богородица бр. 1, 1000 Скопје, и
xx. xx.0, , застапувано од _ (во понатамошниот текст “Страната Барател”),
Во понатамошниот текст заедно се нарекуваат: Страните,
Под следните услови и рокови:
СОДРЖИНА
ГЛАВЕН ДЕЛ
ЧЛЕН 1: ЦЕЛ, СТРУКТУРА И ДЕЛОКРУГ НА ДОГОВОРОТ ЗА ДИГИТАЛНО ЕМИТУВАЊЕ ПРОГРАМСКИ СЕРВИСИ 4
ЧЛЕН 2: ТЕХНИЧКИ И ТЕХНОЛОШКИ УСЛОВИ ЗА ДИГИТАЛНО
ЕМИТУВАЊЕ НА ПРОГРАМСКИ СЕРВИСИ 4
ЧЛЕН 3: ПРАШАЊА ПОВРЗАНИ СО УПРАВУВАЊЕ И ОДРЖУВАЊЕ 5
ЧЛЕН 4: ПРИНЦИПИ ЗА НАПЛАТА, ПРЕСМЕТКА, ФАКТУРИРАЊЕ X
ПЛАЌАЊЕ 6
ЧЛЕН 5: ПРИГОВОРИ 9
ЧЛЕН 6: ИЗВЕСТУВАЊА 9
ЧЛЕН 7: АВТОРСКИ ПРАВА И ИНТЕЛЕКТУАЛНА СОПСТВЕНОСТ 10
ЧЛЕН 8: ДОВЕРЛИВОСТ 10
ЧЛЕН 9: ПРЕНЕСУВАЊЕНАПРАВА, ДОДЕЛУВАЊЕ 11
ЧЛЕН 10: ВИША СИЛА 11
ЧЛЕН 11: ПРЕКИН И ОГРАНИЧУВАЊЕ НА УСЛУГА 12
ЧЛЕН 12: РАСКИНУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ 13
ЧЛЕН 13: ДЕЛОКРУГ НА ДОГОВОРОТ 13
ЧЛЕН 14: ИЗМЕНИ И ДОПОЛНУВАЊА НА ДОГОВОРОТ 14
ЧЛЕН 15: РЕШАВАЊЕ НА СПОРОВИ 14
ЧЛЕН 16: ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ 15
ПРИЛОЗИ И ДОДАТОЦИ:
ПРИЛОГ 1: ДЕФИНИЦИИ И ТОЛКУВАЊЕ 16
ПРИЛОГ 2: ТЕХНИЧКИ ОПИС НА ДИГИТАЛНИОТ ТЕРЕСТРИЈАЛЕН
СИСТЕМ 18
ПРИЛОГ 3: УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ НА УСЛУГАТА И СПИСОК НА ОПРЕМА ПОТРЕБНА НА СТРАНАТА БАРАТЕЛ 19
ПРИЛОГ 4: РАБОТА ВО ПРОСТОРИИТЕ НА СТРАНАТА БАРАТЕЛ 23
ПРИЛОГ 5: ПРАВИЛА ЗА УПРАВУВАЊЕ И ОДРЖУВАЊЕ 24
ПРИЛОГ 6: АЛОТМЕНТ ЗОНИ ВО РМ 27
ПРИЛОГ 7: ПОКРИЕНОСТ СО СИГНАЛ ПО АЛОТМЕНТ ЗОНИ ВО РМ 28
ДОДАТОК 1: ЛИЦА И ПОДАТОЦИ ЗА КОНТАКТ 29
ЧЛЕН 1: ЦЕЛ, СТРУКТУРА И ДЕЛОКРУГ НА ДОГОВОРОТ ЗА ДИГИТАЛНО ЕМИТУВАЊЕ ПРОГРАМСКИ СЕРВИСИ
1. Целта на договорот за дигитално емитување програмски сервиси (во понатамошниот текст „договор“) е да се регулираат правата и обврските според кои A1 обезбедува услуги за емитување на програмскиот сервис на Страната Барател преку дигитален терестријален систем.
2. Договорот ги регулира правата и обврските на Страните во однос на услугите обезбедени од A1 и цените на истите.
3. Договорот се состои од: Главен текст, Прилози и Додатоци, кои претставуваат составен дел од Договорот.
4. Термините користени во Договорот, нивните дефиниции и користените кратенки се прикажани во Прилог 1.
5. Предметот на Договорот ги вклучува следниве услуги наведени во детали во Прилог 3 на овој Договор:
а) Пристап до Дигиталниот Терестријален Систем за емитување на Државно Ниво со кој се обезбедува 24 часовно непрекинато емитување на програмски сервиси преку Дигиталниот Терестријален Систем на A1 во зоната на покривање со ДВБ-Т сигнал од страна на A1 на целата територија на Република Северна Македонија.
б) Пристап до Дигиталниот Терестријален Систем за емитување на Регионално Ниво со кој се обезбедува 24 часовно непрекинато емитување на програмски сервиси преку Дигиталниот Терестријален Систем на A1 во зоната на покривање со ДВБ-Т сигнал од страна на A1 за секоја од зоните на распределба во кои се емитува програмскиот сервис прикажани во Прилог 6.
6. Надоместоците за услугите обезбедувани од A1 на Страната Барател ги плаќа Страната Барател според правилата утврдени во член 4 од овој Договор.
7. За да се оствари целта идентификувана во став 1 Страните ги преземаат сите неопходни мерки за:
• заштита на интегритетот и безбедноста на Дигиталниот Терестријален Систем;
• заштита на податоците за права поврзани со интелектуалната сопственост;
• почитување на правилото за доверливост на информациите.
ЧЛЕН 2: ТЕХНИЧКИ И ТЕХНОЛОШКИ УСЛОВИ ЗА ДИГИТАЛНО ЕМИТУВАЊЕ НА ПРОГРАМСКИ СЕРВИСИ
1. A1 е обврзан да обезбеди пристап до својот Дигитален терестријален Систем, во согласност со условите на овој Договор, за сите радиодифузери кои имаат добиено дозвола за емитување преку дигитален терестријален мултиплекс издадена од Советот за Радиодифузија, на државно и регионално ниво.
2. A1 е обврзан да обезбеди пристап до својот Дигитален терестријален Систем на начин со кој се обезбедува соодветно управување на емитувањето во дигиталниот терестријален мултиплекс од страна на A1 и кој не го загрозува интегритетот на Системот. За обезбедувањето на пристап постојат посебни технички и технолошки услови, кои се утврдени во Прилозите на овој Договор.
3. A1 е обврзан да обезбеди електронски водич за програми (EPG) за секој телевизиски програмски сервис. Радиодифузерите кои ги обезбедуваат програмските сервиси се обврзани навремено и редовно да доставуваат информации - содржини за EPG.
4. Страната Барател е обврзана да обезбеди енкодер и комутирачки елемент/опрема за податоци (data switch) и да обезбеди пренос на сигналот од енкодерот до просториите на Дигиталниот Терестријален Систем на A1 според технички критериуми утврдени во Прилозите на овој Договор.
5. Општи технички податоци за енкодирање на сигналот, неговиот пренос до Дигиталниот Терестријален Xxxxxx и неговото дигитално емитување се дадени во Прилог 2.
6. Деталните технолошки барања за опремата на страна на Страната Барател се дадени во Прилог 3.
7. Со цел да се обезбеди соодветно ниво на квалитет на услугата, брзо и соодветно дијагностицирање и решавање на проблеми во системите за дигитален терестријален пренос и соодветно управување на емитувањето во дигиталниот терестријален мултиплекс страната Барател може да користи само опрема дефинирана во овој Договор во Прилог 3 и/или со која успешно се спроведени тестови за управување и интероперабилност со мрежата на A1.
8. Страната Барател ќе ги обезбеди опремата за енкодирање и комутирачкиот елемент/опремата за податоци (data switch) на својот сигнал на таков начин што таа нема да го загрози интегритетот на мрежата на A1.
9. Страната Барател може да ја замени опремата којашто ја поврзала со мрежата на A1 со друг вид на опрема само по претходно одобрение од A1 во писмена форма.
10. Страната Барател се обврзува да обезбеди сервисирање и потребни резервни делови за опремата наведена во став 4 од овој член.
ЧЛЕН 3: УПРАВУВАЊЕ И ОДРЖУВАЊЕ
1. Кога се обезбедува пристап до Дигиталниот Терестријален Систем, A1 ќе биде одговорен за управување со опремата за енкодирање на дигиталниот сигнал поставена во просториите на Страната Барател.
2. Страната Барател треба да обезбеди соодветни преносни капацитети за пренос на дигиталниот сигнал од своите простории до Дигиталниот терестријален Систем на A1 во точките на присуство дефинирани во
Прилог 3. Страната Барател е одговорна за функционирањето на преносниот систем.
3. Одговорностите на Страните за управувањето се дефинирани во Прилог 5 (Правила за Управување и Одржување).
4. Условите за вршење на планираните работи за одржување се дефинирани во Прилог 5 (Правила за Управување и Одржување).
5. Во случај на нарушувањето на квалитетот при обезбедување услуги преку Дигиталниот Терестријален Систем, A1 има право да врши активност за отстранување на грешки кои влијаат на емитувањето на дигиталните програмски содржини.
6. Одговорностите за отстранување на грешки на Страните поврзани со Дигиталниот Терестријален Систем се дефинирани во Прилог 5.
7. Страната Барател обезбедува влез во сопствените простории и непречен пристап до енкодерот и другите неопходни средства на назначените одговорни вработени на A1.
8. Страната Барател се обврзува да обезбеди непречено управување, контрола и администрација на опремата за енкодирање и комутирачкиот елемент/опремата за податоци (data switch) од страна на A1 и се откажува од било какво право на управување, контрола и следење на работата на оваа опрема.
9. A1 идентификува претставници на кои ќе им биде овозможен влез во просториите на Барателот и непречен пристап до енкодерот и другите неопходни средства 24 (дваесет четири) часа дневно, 7 (седум) дена во неделата.
10. Заради ефикасно управување со фреквенциските ресурси на MUX 6 и MUX
7 при барање за емитување на програмски сервиси преку дигитален терестријален систем за пренос со висока дефиниција (HD – high definition) Страната Барател е обврзана да достави до A1 формално одобрение од Советот за радиодифузија дека има право да го емитува програмскиот сервис во висока дефиниција и да склучи договор, или анекс на договор, за емитување во висока дефиниција со A1 најмалку 5 месеци пред најавениот почеток на емитување во висока дефиниција. Наплатата на надоместокот за емитување во висока дефиниција ќе се врши од датумот на почеток со емитување.
ЧЛЕН 4: ПРИНЦИПИ ЗА НАПЛАТА, ПРЕСМЕТКА, ФАКТУРИРАЊЕ И ПЛАЌАЊЕ
1. Цените за услуги во овој договор се утврдени врз основа на Законот за електронски комуникации, а според правилата утврдени во Одобренија за користење на радиофреквенции во радиодифузна служба за ДВБ-Т бр. 107976/1 и 107976/2 издадени од АЕК, Тендерска документација по Јавен тендер бр. 02-2954/2 од 9/08/2012, Понудата и придружната документација на Јавниот тендер доставена од ОНЕ Телекомуникациски услуги ДОО Скопје, Решение УП1-бр. 0306-786 издадено од АЕК на 21.07.2014 година и Решение бр. 1302-262/13 издадено од АЕК на 05.05.2016 година.
Годишен надомест по Mbps (Денари) | |
Државно ниво | 2.372.810,00 |
Регионално ниво | 263.646,00 |
2. Надоместокот за услуга се пресметува на годишна основа и важи за секоја зона на распределба во која се обезбедува услугата, согласно Прилог 6.
3. Единица за наплата на надоместоците е капацитетот за пренос (bandwidth) на услугите. Согласно член 10 од Планот за намена и распределба на преносни капацитети на дигитален терестријален мултиплекс, единицата за наплата за емитување на програмски сервиси со стандардна дефиниција изнесува 2 Mbps, а за емитување на програмски сервиси со висока дефиниција изнесува 6 Mbps. Износот на надоместокот се пресметува со множење на единицата за наплата и цената за услугата.
4. „Годишен надоместок” значи надоместок утврден врз основа на цената за услуга и единицата за наплата. Страната Барател е обврзана да го плаќа годишниот надоместок редовно за користење на услугата за емитување преку дигитален терестријален систем и дополнителните услуги.
5. Надоместоците наведени во став 1 и став 9 од член 4 се без вкалкулиран ДДВ.
6. По откажувањето на услугата или по раскинување на Договорот, A1 не е обврзан да рефундира уплатени надоместоци, освен доколку раскинувањето на договорот е направено по вина на A1.
7. Наплатата на надоместоците се врши однапред на годишна основа за период почнувајќи од датум на склучување на Договорот.
8. За наплата на услугите A1 испорачува фактура со износот кој Страната Барател треба да го плати во рокот наведен во фактурата.
A1 ја издава фактура за наредниот период од една година најрано 45 дена пред датумот на истекување на периодот за кој веќе е платена услугата за дигитално терестријално емитување. Доколку Страната Xxxxxxx склучува ваков Договор за прв пат, A1 во таков случај фактурата ќе ја издаде најрано на датумот на склучувањето на договорот за првата година на Договорот.
9. Согласно став 1 до став 5 од овој член A1 ќе ги фактурира следните надоместоци:
• Годишен надоместок за емитување програмски сервиси преку дигитален терестријален систем за пренос во SD – standard definition/HD
– high definition)
Единица за наплата | Денари | |
Државно ниво | Mbps | 2.372.810,00 |
Регионално ниво | Mbps | 263.646,00 |
• Годишен надоместок за дополнителни услуги
Единица за наплата | Денари/Mbps | ||
Телетекст | Државно ниво | 0,5 Mbps | 2.418.000,00 |
Регионално ниво | 0,5 Mbps | 316.200,00 |
Повеќе јазично титлување | Државно ниво | 0,08 Mbps | 386.880,00 |
Регионално ниво | 0,08 Mbps | 50.592,00 | |
Повеќе канален тон | Државно ниво | 0,128 Mbps | 619.008,00 |
Регионално ниво | 0,128 Mbps | 80.947,00 |
Во износите на годишните надоместоци за емитување и дополнителни услуги не е вклучен ДДВ.
10. Во износите на годишните надоместоци не е вклучен трошокот за енкодирање на сигналот, односно трошоците за набавка, поставување и одржување на опрема за енкодирање на страна на Страната Барател и трошокот за дотур на сигналот од студиото на Страната Барател до пристапните точки на A1, вклучувајќи го и комутирачкиот елемент/опрема за податоци (data switch).
11. A1 изготвува фактура за Страната Барател за Услугите обезбедени според Договорот со содржина регулирана според применливиот закон и со применливите финансиски правила.
12. A1 ја испраќа фактурата преку пошта на адресата за фактурирање на Страната Барател дефинирана во Додаток 2 (Лица и Податоци за Контакт) и истовремено ги испраќа податоците од фактурата во електронска форма до одговорните лица за Пресметки на Страната Барател дефиниран во Додаток 2 (Лица и Податоци за Контакт).
13. Данокот на додадена вредност ќе се пресметува на цената на Услугите и истиот ќе биде наведен како посебна ставка во фактурата.
14. A1 ќе ја испрати фактурата на адресата на Страната Барател.
15. Во случај на промена на адресата, страната која ја менува адресата е должна да ја извести другата договорна страна најмалку 1 (еден) месец однапред.
16. Страната Барател ќе ги плаќа Надоместот/Надоместоците за услугата по фактурата на A1 во рок од 30 дена од денот на издавање на Фактурата.
17. За датум на прием на фактурата ќе се смета 5 (петтиот) календарски ден по испраќањето на фактурата преку пошта.
18. Датумот кога износот е префрлен на банкарската сметка на A1 ќе се смета за датум на плаќање.
19. Доколку Страната Барател не го плати фактурираниот износ во предвидениот рок A1 задржува право да ја прекине или ограничи услугата по претходно известување согласно член 11.
20. Во случај на доцнење со уплата на обврските A1 има право да наплати од Страната Барател казнена камата за периодот од денот кој следи по датумот наведен во фактурата како краен датум за плаќање до датумот на плаќање во износ пресметан во согласност со одредбите за казнена камата од Законот за облигационите односи.
ЧЛЕН 5: ПРИГОВОРИ
1. Приговор по фактура може да се поднесе за формата на фактурата и за износот од фактурата.
2 Доколку Страната Барател има некаква забелешка во врска со формата на примената фактура (датумот на фактурата, називот на правниот субјект, неточна адреса, единствен даночен број, фактурата не е во согласност со законот), тогаш доставува писмен приговор до A1 заедно со оригиналната фактура, најдоцна 10 (десет) дена после денот на приемот на фактурата. Во приговорот треба да биде наведен спорниот елемент и точните податоци.
3. Доколку Страната Барател има забелешка во врска со износот од фактурата (елементи од надоместокот, сумата која се фактурира) тогаш треба да поднесе писмен приговор до A1 во рок од 10 (десет) дена од денот на приемот на фактурата при што нема да ја врати назад оригиналната фактура на A1. Приговорот треба да ги содржи елементите кои Страната Барател ги смета за правилни и неправилни.
4. Во врска со фактури кои се веќе платени, приговор за износот од фактурата не може да се поднесе.
5. Страната Барател може до 10 (десеттиот) ден по приемот на фактурата да даде приговор за фактурата кој влијае на износот кој треба да се плати до датумот на доспевање на оригиналната фактура. Приговорот поднесен по тој датум нема да влијае на износот кој треба да се плати до датумот на доспевање.
6. Поднесениот приговор не дава право да се одбие плаќање на прифатениот дел од фактурата.
7. A1 ќе отпочне со испитување на оспорениот износ веднаш по прием на приговор. Испитувањето ќе се заврши во рок од 15 (петнаесет) дена. Во случај на прифаќање A1 ќе ја извести Страната Барател за одобрениот износ и притоа ќе испорача книжно одобрение на прифатениот износ на приговорот Во случај на одбивање на приговорот, A1 ќе испрати на Страната Xxxxxxx известување дека приговорот не е основан при што доколку рокот за плаќање во издадената фактура е пречекорен, A1 има право да наплати казнена камата за задоцнето плаќање.
ЧЛЕН 6: ИЗВЕСТУВАЊА
1. Сите дописи, известувања и приложените документи во врска со Договорот Страните ќе ги испраќаат во писмена и во електронска форма на начин и на адресите наведени во Додаток 2, со задолжителна потврда за прием на истите од другата страна.
2. Кореспонденцијата, известувањата и приложените документи од било која од Страните до другата Страна ќе бидат напишани на македонски јазик.
3. Известувањата испратени со потврдата за примање ќе се сметаат за доставени дури и кога се вратени како “непреземени” или со известување за “одбивање на прием” по два обиди за доставување. Во ваков случај датумот по вториот обид ќе се смета за датум на доставување.
ЧЛЕН 7: АВТОРСКИ ПРАВА И ИНТЕЛЕКТУАЛНА СОПСТВЕНОСТ
1. Страните потврдуваат дека софтверот и другите компјутерски решенија што тие ги користат не ги прекршуваат авторските права на трети страни.
2. Двете Страни ги задржуваат правата во врска со: а) софтверот;
б) развојните алатки; в) документацијата; и
г) сите права на интелектуална сопственост и поврзаните права,
3. Двете Страни ги задржуваат сите права за патенти, права поврзани со пронајдоци и иновации, комерцијални и индустриски примероци.
4. Освен доколку не е поинаку определено од Страните, било каква размена на информации, дејствие, пропуштање на дејствие, сторување или несторување не може да се протолкува на таков начин да би се пренеле било какви права поврзани со интелектуална сопственост на било која од Страните на друга Страна.
5. Страната Барател презема потполна одговорност во однос на обезбедување на авторските права на содржината на програмскиот сервис кој се емитува. A1 се иззема од одговорност во случај на било каков спор поврзан со авторските права на содржината на програмскиот сервис, а Страната Барател е должна да ги преземе сите обврски во случај на управна или судска постапка во однос на заштита на авторските права за содржината на програмскиот сервис.
ЧЛЕН 8: ДОВЕРЛИВОСТ
1. Страните се согласуваат дека пред и во тек на имплементација на Договорот можат да разменуваат информации кои имаат доверлив карактер.
2. Во врска со комуницирањето на било какви информации, Страните се обврзани да го штитат доверливиот карактер на специфичните информации во најголема можна мерка. Доверливите информации ќе се користат исклучиво за целта за која се наменети на почетокот и/или во текот на извршувањето на своите обврски во рамките на Договорот и/или да ги заштитат своите права во согласност со Договорот.
3. Доверливите информации ќе им бидат достапни само на одговорните лица назначени од Страните, на кои им требаат овие информации за вршење на работните задачи и овие лица (персоналот) се обврзани да ја штитат доверливоста на овие информации. Страните ќе ги почитуваат правилата за заштита на лични податоци (доколку такви информации постојат) и заштита на доверливост на телекомуникациите во согласност со
важечкото законодавство. Одредбите за доверливост на информации ќе важат пет (5) години по завршување на Договорот.
4. Страните ќе ги користат информациите кои ги добиле само за целта за која се добиени. Нема да обезбедуваат други услуги и нема да им ги откриваат на своите подружници или партнери, кои би стекнале конкурентска предност доколку би дошле во посед на овие информации.
5. Горенаведените одредби нема да се однесуваат на информации кои: а) Се легално добиени од било која трета Страна, без воведување на
ограничувања во однос на нивно добивање и/или користење.
б) Се јавно достапни или важечката регулатива налага нивно задолжително објавување.
ЧЛЕН 9: ПРЕНЕСУВАЊЕ НА ПРАВА, ДОДЕЛУВАЊЕ
1. Ниедна од Страните не може да ги продаде, пренесе или на друг начин да се ослободи од сите или дел од своите обврски и права што произлегуваат од Договорот на трета страна, без писмена согласност од другата Страна.
2. Било која од Страните може слободно да ги продаде, пренесе или на друг начин да се ослободи од своите обврски и права што произлегуваат од Договорот само на нејзин правен наследник.
3. Другата Страна треба да биде известена во писмена форма за пренесувањето дефинирано со став 2 во рок од 15 (петнаесет) дена.
4. Страната која има намера да го пренесе или да го додели своето право, може и има обврска да ги исполнува правата и обврските кон другата Страна што произлегуваат од Договорот, до добивање на писмено известување од другата Страна за одобрување во форма на известување за одобрување.
ЧЛЕН 10: ВИША СИЛА
1. Страните нема да сносат одговорност за неисполнување на одредбите од Договорот доколку тоа се должи на настан на виша сила, во однос на сигурност при работење на мрежите.
2. За виша сила се сметаат сите непредвидени и неочекувани настани кои не зависат од волјата на договорните страни и страните не се во состојба да ги очекуваат, да ги спречат или да ги отстранат.
3. Страните се обврзани да се информираат меѓусебно, написмено, во врска со причината за настанувањето на виша сила и очекуваното траење, како и степенот на нивна неможност да ги исполнат своите обврски поради настанувањето на виша сила. Кога причината за настанот на виша сила или самиот настан престане да постои, загрозената Страна веднаш ќе ја информира другата Страна за престанокот на настанот виша сила.
4. Ако настанот на вишата сила резултира со големо влијание врз способноста на Страната да ги извршува обврските од Договорот (Страната која е погодена од настан на виша сила), тогаш оваа Страна ќе продолжи да ги извршува оние обврски кои не се загрозени од виша сила, а доколку и тоа не е можно извршувањето на обврските ќе продолжат кога ќе се овозможат услови за спроведување на истите.
5. Во случај на загрозен интегритет на мрежата или во исклучителни околности на виша сила, пр. војни, екстремни временски услови, земјотреси, поплави, громови или пожари, Страните ќе преземат се во нивна моќ да се одржат услугите на највисоко можно ниво со цел да се следат упатствата дефинирани од државните институции за вакви околности.
ЧЛЕН 11: ПРЕКИН НА УСЛУГА
1. A1 може да ги прекине Услугите во следните случаи: а) виша сила;
б) Планирано Одржување, по претходно писмено известување на Страната Барател најмалку 4 (четири) дена пред самиот прекин;
в) Доколку Страната Xxxxxxx не ја исполни својата обврска за плаќање на надоместоците во согласност со член 4 од Договорот и по доставено писмено известување за неплаќање во кое е даден дополнителен рок од 7 дена за плаќање на надоместоците;
г) Доколку Страната Барател го загрози интегритетот на Дигиталниот Терестријален Систем на A1, A1 може привремено да ја исклучи опремата на Страната Барател, по претходно известување на Страната Барател;
д) На Страната Барател и е изречена привремена забрана за обезбедување на програмски сервиси со одлука на суд или државен орган;
ѓ) Доколку настане повреда на интегритетот на Дигиталниот Терестријален Систем на A1 или нарушување на системите за пренос и емитување од страна на друго правно или физичко лице;
е) Планиран прекин заради промена на фреквенции, наложена од АЕК.
2. Прекинот на Услугата нема да влијае на континуитетот на Договорот.
3. По престанокот на околностите што го предизвикале прекинот A1:
а) веднаш ќе почне со повторно активирање на прекинатата услуга и б) во најскоро време ќе почне да ја обезбедува прекинатата услуга.
4. Во случај на виша сила, пропорционален удел од надоместокот за услуги не се фактурира за периодот на прекин. Пропорционален дел од Надоместокот за услуга нема да се фактурира за периодот на привремениот прекин. За пропорционалниот дел на надоместокот за времетраење на прекинот поради виша сила, A1 ќе му издаде на Барателот книжно одобрение, врз основа на кое Страната Барател може да го намали
износот при плаќање на наредната фактура или да побара од A1 да изврши рефундирање на средствата.
5. Во случајот дефиниран во став 1 точка (в), Страната Барател ќе му ги надомести на A1 штетата предизвикана од загрозувањето и настанатите трошоци поврзани со исклучувањето и повторното вклучување на услугата.
6. Во случај на прекин на услугата по вина на A1, A1 ќе и ја надомести на Страната Барател штетата предизвикана поради прекинот на услугата.
ЧЛЕН 12: РАСКИНУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ
1. A1 може да го раскине Договорот по претходно доставено писмено известување до Страната Барател:
а) Поради неисполнување или постапување спротивно на обврските на Страната Барател предвидени со Договорот;
б) Доколку Страната Барател го загрозува интегритетот на Дигиталниот Терестријален Систем на A1 во смисла на одредбата од член 11, став 1, точка (г).
в) Доколку Страната Барател не ја исполни својата обврска за плаќање на надоместоците во смисла на Член 11 став 1 точка (в).
2. Страната Барател може да го раскине Договорот по претходно доставено писмено известување до A1 поради неисполнување или постапување спротивно на обврските на A1 предвидени со Договорот.
3. Договорот се раскинува по автоматизам:
а) во случај на стечај или ликвидација на една од Страните;
б) доколку A1 не е повеќе Оператор на Дигитален Мултиплекс; в) во случај на виша сила во траење повеќе од 3 (три) месеци;
г) на Страната Барател и е одземена или престанала важноста на дозволата за вршење радиодифузна дејност;
4. Договорот може да се раскине со взаемна согласност на двете страни;
5. Во моментот на раскинувањето на договорот втасуваат сите обврски за плаќање кои Страната Барател ги има спрема A1 и истите треба да се платат во моментот на раскинување.
ЧЛЕН 13: ДЕЛОКРУГ И ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА ДОГОВОРОТ
1. Договорот ќе се смета за склучен во моментот кога истиот е потпишан од двете Страни.
2. Договорот ќе започне да важи во период сметано од 01.06.2016 година па се до истек на времетраењето на дозволата за емитување преку дигитален терестријален мултиплекс која Страната Барател ја има добиено од Советот за Радиодифузија ( или од неговиот универзален правен следбеник - Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги на
РМ). Овој Договор во секој случај не може да важи подолго од 31.05.2023 година до кога се во сила Одобренијата за користење на радиофреквенции во радиодифузна служба за ДВБ-Т бр.107976/1 и 107976/2 издадени на A1 од страна на АЕК или до датумот на одземање на овие Одобренија од страна на АЕК.
3. Договорот ги опфаќа активностите и соработката помеѓу Страните на територијата на Република Северна Македонија.
4. Со денот на потпишување на овој Договор од двете договорни страни Договорот за дигитално емитување програмски сервиси (A1 бр. од
. . година и Xxxxxx Xxxxxxx бр. од година)
престанува да важи, се става вон сила и истиот нема да произведува идни правни дејствија.
ЧЛЕН 14: ИЗМЕНИ И ДОПОЛНУВАЊА НА ДОГОВОРОТ
1. Овој договор може да се измени или дополни со Xxxxx на Договорот само по претходно добиена согласност од Агенцијата за електронски комуникации, а која согласност ќе биде доставена до A1.
2. По дадената согласност за измени на Договорот, двете страни се обврзани да го потпишат Анексот на Договорот во рок од 15 (петнаесет) дена од денот на доставувањето на известување од страна на A1.
3. Доколку Страната Xxxxxxx не е согласна да го потпише Анексот на Договорот од ставот 2 од овој член, A1 по истекот на петнаесеттиот ден може да ја прекине или ограничи услугата или да го раскине претходно потпишаниот Договор.
ЧЛЕН 15: РЕШАВАЊЕ НА СПОРОВИ
1. Во случај на спор во однос на прашањата кои се регулирани со овој договор, страната што го иницира спорот поднесува во писмена форма барање за решавање на спорот до другата договорна страна.
2. Сите евентуални спорови и недоразбирања кои произлегуваат од овој Договор, договорните страни ќе се обидат да ги решат спогодбено во рок од 30 дена од датумот на прием на барањето за решавање на спорот.
3. Во случај кога страните нема да можат споровите и недоразбирањата да ги решат спогодбено согласно со ставовите 1 и 2, секоја од договорните страни може да поднесе писмен предлог за решавање на спор до Агенцијата за електронски комуникации согласно Законот за електронските комуникации.
4. Со исклучок на одредбите кои ги регулираат надлежностите на АЕК, за сите преостанати прашања за кои АЕК нема надлежност, за финално решавање на споровите ќе биде надлежен Основен суд Скопје 2 Скопје.
ЧЛЕН 16: ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ
1. За правата и обврските кои не се регулирани со овој Договор, но се во врска со неговото исполнување, ќе се применува Законот за облигациони односи.
2. Насловите на членовите се дадени само за полесно разбирање на Договорот. Тие на никој начин не ја дефинираат, ограничуваат или опишуваат целта или опфатот на овој Договор или било кој негов дел.
3. Договорот е подготвен и потпишан во 2 (два) оригинални примероци на македонски јазик од кои еден примерок ќе биде за A1 и еден за Страната Барател.
4. Овој Договор е склучен врз основа на Образец на договор пропишан од страна на АЕК.
5. Доколку постои разлика помеѓу одлуките на АЕК, друго регулаторно тело или управен орган, што се конечни и претставуваат извршна исправа во Република Северна Македонија и одлуки на Врховниот Суд на Република Северна Македонија или друг суд кој е надлежен да решава спорови во трет степен, секоја од страните го задржува правото на соодветен надомест во однос на разликата помеѓу одлуката на Врховниот Суд на Република Северна Македонија или друг суд кој е надлежен да решава спорови во трет степен и конечни и извршни одлуки на АЕК, друго регулаторно тело или управен орган во Република Северна Македонија.
6. Страните го потпишуваат овој Договор како целосен израз на нивната волја преку нивните овластени претставници на следниов датум.
Скопје, 20 година
A1 ДООЕЛ Скопје | Xxxxxx Xxxxxxx |
ПРИЛОГ 1: ДЕФИНИЦИИ И ТОЛКУВАЊА
1. Дефиниции Кратенки кон правни акти
- АЕК - Агенција за Електронски Комуникации
- АВМУ - Агенција за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги
- ДВБ-Т - Терестријална дигитална радиодифузија (DVB-T - Digital Video Broadcasting- Terestrial)
- Дигитален терестријален мултиплекс е стандардизиран проток на низа од сигнали која содржи телевизиски, радио програмски сервиси, дополнителни услуги и други придружни информации и податоци и која до крајните корисници се емитува преку еден терестријален радиофреквенциски телевизиски канал.
- Дигитален терестријален систем е електронска комуникациска мрежа која содржината на дигитален терестријален мултиплекс ја емитува до крајните корисници по пат на терестријална радиокомуникација.
- Државно ниво на телевизиско терестријално емитување преку дигитален терестријален систем, е обезбедување на гледаност на најмалку 80% од населението на Република Северна Македонија.
- Регионално ниво на телевизиско емитување преку дигитален терестријален систем е обезбедување на гледаност во сервисна зона за регионално покривање која се темели на зоните на распределба прикажани во Прилог 6, а дефинирани во планот Женева 06 кој е дел од Регионалната Радиокомуникациска Конференција за планирање на дигиталната радиодифузна служба во делови од Регион 1 и 3, во фреквенциските опсези 174-230 MHz и 470-862 MHz (RRC-06), на која и пристапила Република Северна Македонија, при што треба да се обезбеди најмалку 80% покриеност на населението од тој регион.
2. Договорни страни
- „Страна” значи или A1 или Страната Барател, во зависност од контекстот.
- „Страни” значи A1 и Xxxxxxxx Xxxxxxx заедно.
3. Услуги поврзани со Дигитален Терестријален Систем
- „Пристап до дигитален терестријален систем” значи пристап до Дигиталниот Терестријален Систем кој врши пренос на дигиталните програмски содржини на Страната Барател.
- „Пренос на дигитален сигнал до дигитален терестријален систем” значи обезбедување на пренос на дигиталниот сигнал од Опремата за енкодирање на сигналот до Дигиталниот Терестријален Систем кој се наоѓа во просториите на A1.
- „Опрема за енкодираље на програмски содржини” значи опрема која ги прима програмските содржини и дигитално ги енкодира со цел програмските содржини да се емитуваат преку Дигиталниот Терестријален Систем.
- „Достапност” значи време кога услугата е оперативна во согласност со основните принципи.
- „Годишна достапност” значи време на Достапност на услугите за целосен годишен период (нормална работна состојба). Периодите на прекин на услугата кои настануваат како резултат на Планирано Одржување не се пресметуваат во вредноста на Годишната Достапност.
- „Планирано одржување” значи привремен прекин на Услугата со цел одржување, обновување, замена на софтвер, проширување или кои било други слични активности, претходно испланирани и однапред координирани со другата Страна.
- „Време на отстранување на грешка” значи време помеѓу извештајот за грешка од Страната Барател и повторното воспоставување на Услугата.
ПРИЛОГ 2: ТЕХНИЧКИ ОПИС НА ДИГИТАЛНИОТ ТЕРЕСТРИЈАЛЕН СИСТЕМ
1. Технички Опис
Блок шема на дигиталниот терeстријален систем
Конфигурација кај корисникот (телевизијата)
ПРИЛОГ 3: УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ НА УСЛУГАТА И СПИСОК НА ОПРЕМА ПОТРЕБНА НА СТРАНАТА БАРАТЕЛ
1. Услови за користење на Услугата
Предуслов за Емитување програмски сервиси преку Дигитален Терестријален Систем на Национално Ниво е Страната Барател да добила соодветна дозвола од страна на Советот за Радиодифузија (СРД) и да го има потпишано овој Договор.
Предуслов за Емитување програмски сервиси преку Дигитален Терестријален Систем на Регионално Ниво во зона на покривање (Алотмент зона) е Страната Барател да добила соодветна дозвола од страна на Советот за Радиодифузија (СРД) и да го има потпишано овој Договор.
Техничките услови за Емитување Програмски Сервиси преку Дигитален Терестријален Систем на Национално Ниво и Емитување Програмски Сервиси преку Дигитален Терестријален Систем на Регионално Ниво во зона на распределба (Алотмент зона) се дадени во Прилог 2 (Технички опис на Дигиталниот Терестријален Систем).
2. Ограничување на одговорноста
Во случај на емитување програмски сервиси преку Дигитален Терестријален Систем на Национално Ниво и емитување програмски сервиси преку Дигитален Терестријален Систем на Регионално Ниво во зона на распределба (Алотмент зона) A1 е одговорен само за работата на Дигитален Терестријален Систем.
A1 не е одговорен за дотурот на сигнал и неговото енкодирање на страна на Страната Барател доколку не се почитуваат барањата и препораките дефинирани во овој Прилог 3.
Администрирањето и управувањето со опремата која е неопходна за енкодирање, комутација и дотур на сигналот го извршува A1 и Страната Барател нема никакви административни права над оваа опрема.
3. Услови кои треба да ги обезбеди Страната Барател
Страната Барател е одговорна за сервисирањето и исправноста на Опремата за енкодирање и за комутирачките елементи/опрема за податоци (data switch) преку кои се врши дотур на сигналот до пристапните точки на Дигитален Терестријален Систем. При тоа страната Барател треба да води сметка за задоволување на одредени технички стандарди.
Влезен AC напон 180V AC до 240V AC
Температура -5°C до 50°C
Релативна влажност 10% RH до 90% RH
Воедно Страната Барател се грижи за посочената опрема и обезбедува напојување за истата како и соодветна работна околина за истата (температура, климатизација, влажност, правилно заземјување итн.)
A1 не превзема одговорност за било какви испади на сервисот кои се предизвикани поради неправилно напојување, несоодветна работна околина и неисправност на горенаведената опрема.
4. Конфигурирање на корисничката опрема
Конфигурирањето, подесувањето, пуштањето во работа, управувањето, контролата и администрирањето на енкодерот ќе го изврши A1.
5. Список на опрема и нејзини карактеристики
Обврска на Барателот е да ја набави опремата која ќе биде сместена во просториите на Барателот како и да го обезбеди преносот на сигналот до една од пристапните точки на A1.
5.1 Опрема за енкодирање
Страната Xxxxxxx мора да обезбеди SDI излез од миксета заради квалитет на слика. При тоа аудио сигналот треба да биде вграден во SDI сигналот.
Опремата за енкодирање која треба да се користи за пренос до централната локација на A1 а која Страната Барател сака да ја применува, треба да биде интероперабилна со мрежната инфраструктура на A1 и во согласност со ИТУ и ЕТСИ стандардите.
Препорачани модели кои се веќе верифицирани од страна на A1 се: Ericsson EN8130
Ericsson EN8190
Доколку Страната Барател има намера да поврзе на мрежата на A1 опрема која претходно не се применувала, тоа може да се направи само по успешно изведување на процес за верификација преку тестови за управување и интероперабилност на истата од страна на A1. Процесот на верификација на енкодерот се наплаќа како дополнителен сервис без разлика на исходот од верификацијата, односно дали ќе се одобри користење на опремата или не.
Максимален рок за процесот на верификација на опремата за енкодирање изнесува 60 дена.
Дигиталниот енкодер треба да ги задоволи следниве технички карактеристики:
Hot swappable
SD SDI video input
Digital AES-EBU and embedded SD SDI audio input MPEG-1 Layer II Audio
Fully exhaustive motion estimation Compatible nCompass Control by Ericsson
Audio Encoder
MPEG-1 Layer II audio encoding standard Encoding rates from 32 kbps to 384 kbps.
First two pairs standard. Up to an additional 6 pairs (option) Dolby Digital® (AC-3)
Encoding rates from 56 kbps to 640 kbps (option) - maximum of three pairs MPEG-2 AAC-LC (option), up to five stereo pairs
MPEG-4 HE-AAC v1 (option), up to five stereo pairs
MPEG-4 HE-AAC v2 (option), up to five stereo pairs
Pass through of pre-encoded Dolby® Digital (AC-3) 1 – 5.1 channel Transcode (option) from Dolby®E to Dolby® Digital (AC-3) 5.1 channel
VBI
World Standard Text (WST - ETS300472) 625 only Closed captioning EIA-608, EIA-708 and SCTE 20 Closed captions inserted by line 21 or SMPTE 334-1 SMPTE 2016-3 AFD and Bar Data
Wide screen signaling (WSS) 625 only
Advanced Pre-processing
Clarus™ professional grade Motion Compensated Temporal Filtering Frame re-synchronization
SD MPEG-4 AVC Video and Audio Encoder Option Module Up to six SD MPEG-4 AVC encoder option modules per chassis Full support for module level Hot Swap
SD MPEG-4 AVC Option Module Inputs Video
SDI serial digital video 625 and 525 line standard supported Studio Reference
625 and 525 line HSYNC for single PCR operation (requires external sync option module)
Audio
Up to eight stereo pairs embedded on HD SDI
Up to four stereo pairs via AES EBU (Encoder only)
Supports both balanced (AES3) and unbalanced (AES3id) digital audio inputs (Encoder only)
Video Encoder
MPEG-4 MP / HP@L3 Encoding 0.5 to 10 Mbps
“Pixel Perfect” fully exhaustive motion estimation Ericsson Reflex statistical multiplexing support (option)
SD Resolutions
576 lines x 720/704/640/576/544/528/480/352 pixels
480 lines x 720/704/640/576/544/528/480/352 pixels 288 lines x 352/320 pixels
240 lines x 352/320 pixels
GOP processing includes adaptive GOP structure and adaptive GOP length
Features
Internal test tone and test pattern generation
Auto-switching on loss of input source to test pattern, colored image, last good video frame with selectable text message
5.2 Опрема за дотур на сигналот (трансмисија)
Страната Барател е должна да обезбеди дотур на сигналот до една од двете пристапни точки на Дигиталниот Терестријален Систем на A1:
• XX Xxxxxxxx, Булевар Партизански Одреди 70/5, Скопје
• MTX во Маџари, xxxxx Xxxxxx Xxxx xx.00, Xxxxxx
Со цел обезбедување на задоволителен квалитет на доставената ТВ содржина до централната локација на Понудувачот (A1), преносот на истата треба да биде преку дедицирани мрежни ресурси за таа намена.
Техничките услови за пренос (дотур) на содржината од ТВ станиците до централната ДВБ-Т локација на A1 -head-end се следниве:
- до телевизиите треба да се носат по 2 VLAN-и изолирани од останатиот сообраќај во линкот;
- Латенцијата не смее да надминува 50ms;
- За секоја SD телевизија максимално очекуван bandwidth е 6Mbps;
Препораки:
а. Од технолошки и сигурносни причини дотурот на ТВ содржината да не поминува преку јавната интернет мрежа;
Во случај страната Xxxxxxx да не ги почитува техничките услови и препораките од овој Прилог 3 A1 не превзема одговорност за квалитетот на емитуваната содржина од ТВ станицата.
Препорачани начини за дотур на сигнал според кои A1 превзема одговорност за квалитетот на емитуваната содржина од ТВ станицата и обврската за исполнување на критериумите за квалитет:
- Преку мрежната инфраструктура обезбедена и/или контролирана од A1
- Преку оптичката инфраструктура на страната Барател
ПРИЛОГ 4: РАБОТА ВО ПРОСТОРИИТЕ НА СТРАНАТА БАРАТЕЛ
1. Дефиниција на безбедносните услови за работа
A1 е должна однапред официјално да побара дозвола за било каков престој на своите вработени надвор од официјалното работно време во просториите на Страната Барател, согласно соодветните регулативи на Страната Барател.
При изнесување на материјали и алатки надвор од просториите на Страната Барател, A1 е обврзана да делува во согласност со соодветните регулативи на Страната Барател и да и достави на Страната Барател листа на лица кои имаат право да работат во просториите на Страната Барател. Страната Барател треба да ја документира оваа листа во упатствата за обезбедувње.
2. Регулативи за заштита од пожар и за заштита на имот
Вработените на A1 се должни да се придржуваат кон регулативите за заштита од пожар и заштита на имот во просториите на Страната Барател и да соработуваат при нивната примена.
Страната Барател треба да го осигура правилното функционирање на алатките и опремата за заштита од пожар и за заштита на имот во просториите кои ги користи A1.
A1 треба да осигура пристап на вработените за одржување на опремата за противпожарна заштита и за заштита на имотот во работниот простор кој го користи.
Вработените на A1 се одговорни веднаш да поднесат извештај до надлежните организациски единици во Страната Барател во врска со било каква промена во функционирањето на опремата за противпожарна заштита и заштита на имот во работниот простор кој го користат.
Страната Барател е овластен да ја развива технологијата за безбедност во работниот простор кој го користи A1 во согласност со A1.
ПРИЛОГ 5: ПРАВИЛА ЗА УПРАВУВАЊЕ И ОДРЖУВАЊЕ
1. Општи услови за управување и одржување
Овој Прилог ги дефинира условите за отстранување на грешки и одржување на Услугите.
Страните ќе направат заедничка листа како Додаток 2 на Договорот кој ќе ги вклучува задачите, исто така името и презимето, адресата, e-mail адресата, телефонот и доколку е потребно и бројот на факсот на лицата за контакт.
Во случај на измени, Страните се должни веднаш да ја ажурираат листата.
2. Процес на отстранување на грешки
Страните го уредуваат работењето на службата за континуирано справување со грешки во работно време, а по потреба и вон работно време по комерцијални услови.
Секоја пречка во преносот на сигналот преку Дигиталниот Терестријален Систем што е пријавена во период од 9.00 до 16.00 часот во работен ден, A1 ќе настојува да ја отстрани во рок од 24 часа од времето на пријавување (во рамките на следниот работен ден).
A1 ги прима пријавите за грешки од Страната Барател за кои е докажано дека се однесуваат на Дигиталниот Терестријален Систем со која управува A1 како резултат на локализирање на грешката.
Ако локализирањето на грешката покаже дека таа не се наоѓа на Дигиталниот Терестријален Систем со која управува A1, Страната Барател ќе биде одговорна за справување со грешката.
Грешката ќе биде пренесена во пријава на грешка на соодветен начин.
Следните податоци треба да бидат наведени во пријава на грешка: датум и време на пријава на грешка, опис на грешката и телефонски број на лицето за контакт.
A1 ја заведува пријавената грешка од Страната Барател на пријава на грешка. Во времето на прием на пријава на грешка ќе се заведе датумот и времето на успешниот прием на истата. Од тој момент отстранувањето на грешката е одговорност на A1.
Доколку е потребно заедничко локализирање на грешката, Страната Барател треба да соработува.
A1 ќе ги поправи грешките во секвенци рангирани според нивната сериозност и времето на прием.
Доколку Страната Барател не упати забелешка кон A1 во рок од 2 (два) дена во врска со пријава на грешка или не даде никаква изјава во однос на отстранувањето на грешката во рок од 2 (два) дена по приемот на затворената пријава за грешка, A1 ќе смета дека грешката е отстранета и дека истата е прифатена од Страната Барател.
Во случај на спротивставеност во локализирање на грешката, Страните ќе извршат заедничко испитување.
Времето за отстранување на грешката започнува од извештајот за грешка поднесен од Страната Барател а завршува со моментот на нормализирање на Услугата.
Испадот на системот кој се случил како резултат на виша сила или најавено планирано одржување нема да се смета како дел од времето за отстранување на грешката.
A1 нема да сноси одговорност за грешките на дигиталниот терестријален систем кои настанале како резултат на грешка на опрема управувана од Страната Барател.
Квалитетот на испорачаната услуга, очекуваното време за отстранување на грешки и ефикасноста на отстранувањето на грешки од страна на A1 за Страната Барател се карактеризира со следниве показатели за квалитет:
Параметар | Договорена вредност | Прифатливо одстапување од нарачателот | Надоместок во случај на отстапување од договорната вредност |
Расположливост на годишно ниво | 99,5% | 0,30% | Надоместок во случај на отстапување од договорната вредност се пресметува на годишно ниво според следната формула (X-43,8 часа) x месечна претплата x 12 x 5 365x24 X - недостапност на услугата во часови |
Услугата се смета за недостапна од моментот кога Xxxxxxxxxx го пријавил проблемот телефонски на бројот за грижа на корисници 076/409009. Доколку се констатира дека проблемот е причинет од Xxxxxxxxxx тогаш таа пријава нема да влезе во месечната пресметка за СЛА параметрите.
3. Гаранција за телефонска корисничка и техничка поддршка
Операторот гарантира дека ќе обезбеди телефонска корисничка и техничка поддршка 24 часа во денот, 365 дена во годината. Секој прекин се пријавува преку e-mail порака на адреса xxXxxxxxx@x0.xx , телефон за поддршка 076/409009, факс на 02/3110077.
Операторот гарантира телефонска корисничка и техничка поддршка од страна на стручен персонал способен за дијагноза и решавање на секаков тип технички проблеми.
4. Планирано Одржување
Страните гарантираат дека нивните соодветни системи се редовно одржувани согласно препораките во Договор за дигитално емитување програмски сервиси.
Планираното Одржување значи дека Услугата е прекината за цели на одржување, обновување, проширување или слични соодветни активности координирани помеѓу договорните Страни со претходен распоред.
Планираното Одржување нема да трае повеќе од 3 (три) дена за одредена прилика и одредена локација. Страната која дала иницијатива ќе поднесе известување за планираното одржување 4 (четири) дена однапред и Страните навремено ќе се договорат за неопходните подготовки и за одржувањето на контакти во текот на работата.
ПРИЛОГ 6: АЛОТМЕНТ ЗОНИ ВО РСМ
ПРИЛОГ 7: ПОКРИЕНОСТ СО СИГНАЛ ПО АЛОТМЕНТ ЗОНИ ВО РСМ
Договор за дигитално емитување програмски сервиси на терестријални радиодифузери Додаток 2
ДОДАТОК 1: ЛИЦА И ПОДАТОЦИ ЗА КОНТАКТ
Контакт лице за контакт по однос на комерцијални прашања на A1 | Лице: E-mail: Телефон: | Контакт лице за контакт по однос на комерцијални прашања на Страната Барател | Лице: E-mail: Телефон: Факс: |
Контакт лице за техничка имплементација на A1 | Лице: E-mail: Телефон: | Контакт лице за техничка имплементација на Страната Барател | Лице: E-mail: Телефон: Факс |
Контакт лице за пријава и решавање на грешки на A1 | Телефон: x000 00 000 000, Факс: (00) 0000000 | Контакт лице за пријава и решавање на гречки на Страната Барател | Лице: E-mail: Телефон: Факс: |
Контакт лице за пресметки на A1 | Лице: E-mail: Телефон: Факс: | Контакт лице за пресметки на Страната Барател | Лице: E-mail: Телефон: Факс: |