Contract
Службен весник на РСМ, бр. 32 од 14.2.2022 година
20220320345
КОЛЕКТИВНИ ДОГОВОРИ
Врз основа на член 203 од Законот за работните односи („Службен весник на Република Македонија“ бр. 62/05, 106/08, 161/08, 114/09, 130/09, 50/10, 52/10, 124/10, 47/11, 11/12, 39/12, 13/13, 25/13, 170/13, 187/13, 113/14, 20/15, 33/15, 72/15, 129/15, 27/16 и
120/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.110/19, 267/20 и 151/21) и согласно член 5 од Општиот колективен договор за јавниот сектор на Република Македонија (,,Службен весник на Република Македонија“ бр.10/08 и 85/09), Министерството за внатрешни работи и Македонскиот полициски синдикат, склучија
КОЛЕКТИВЕН ДОГОВОР ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА КОЛЕКТИВНИОТ ДОГОВОР НА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ВНАТРЕШНИ РАБОТИ
Член 1
Во Колективниот договор на Министерството за внатрешни работи (,,Службен весник на Република Македонија“ бр. 149/21, 299/21 и 303/21), во член 107 во ставот (3) зборовите ,,12 работни дена“ се заменуваат со зборовите ,,две непрекинати работни недели“.
Член 2
Во член 166 став (1) во алинејата 1 зборовите ,,и работа во недела“ се бришат. По алинејата 1 се додава нова алинеја 2, која гласи:
,,- за работа во недела 50%;“.
Член 3
Во членот 172 по зборовите ,,работа во смени,“ се додаваат зборовите ,,домашно дежурство,“.
Член 4
Овој колективен договор се регистрира во министерството надлежно за работите во областа на трудот, а се објавува во ,,Службен весник на Република Северна Македонија“.
Член 5
Овој колективен договор влегува во сила со денот на склучувањето, а ќе се применува од денот на неговото објавување во „Службен весник на Република Северна Македонија“.
Бр. 03-43/1 Бр. 13.1-5570/1
25 јануари 2022 година 21 јануари 2022 година Скопје Скопје
Македонски Министерство
полициски синдикат за внатрешни работи Претседател, Министер,
д-р Xxxxxx Xxxxx, с.р. Xxxxxx Xxxxxxxxx, с.р.
1 од 1