Contract
00-000-00/2/04.02.2021
Д О Г О В О Р
за рамковен револвинг кредит-лимит врз основа на заложно право
Склучен во Скопје на ден 04.02.2021 помеѓу:
1. КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА А.Д. СКОПЈЕ (во натамошен текст: Банка), застапувана од Xxxxxxx Xxxx-Xxxxxxx, Директор на дирекција за кредитирање на индустрија и Динела Станковска, Самостоен стручен соработник за односи со клиенти, од една страна и
2. Фабрика за заварени цевки и профили 11 ОКТОМВРИ Акционерско друштво Куманово (во натамошен текст: Xxxxxxxx), застапувано од Xxxxx Xxxxxxxx Извршен директор, од друга страна.
Предмет на Договорот и општи одредби
Член 1
Овој Договор се склучува врз основа на Одлуката за утврдување на рамковен револвинг кредит-лимит врз основа на заложно право, донесена од страна на Кредитниот Одбор на Банката, на ден 04.02.2021, година.
Член 2
Банката на Корисникот му утврдува рамковен револвинг кредит-лимит во износ до:
ЕУР. 8.000.000,00
(со букви: осуммилиониевра)
Во рамките на утврдениот лимит од претходниот став, Банката на Корисникот ќе му одобрува кредити, отвора акредитиви, издава гаранции, ќе одобрува кредитни лимити што ќе се користат преку кредитни картички, ќе склучува договори за пристапување кон долг, договори за консолидација на побарувања, договори за реструктуирање на побарување, како и договори за други банкарски услуги, под услови предвидени со овој Договор, како и со посебните договори склучени врз основа на овој Договор.
Во рамките на утврдениот лимит со овој Договор, договорните страни се согласни во секое време да се вклучуваат и да се обезбедуваат и договори кои се склучени пред денот на склучување на овој Договор, и тоа договори за одобрени кредити, издадени гаранции, договори за пристапување кон долг, договори за консолидација на побарувања, договори за реструктуирање на побарување, одобрени кредитни лимити преку кредитни картички, други кредитни изложености и договори за други банкарски услуги, а по оценка на Банката.
Член 3
Банката на Корисникот ќе му одобрува кредити, отвора акредитиви, издава гаранции, ќе одобрува кредитни лимити што ќе се користат преку кредитни картички, ќе склучува договори за пристапување кон долг, договори за консолидација на побарувања, договори за реструктуирање на побарување, ќе вклучува и договори кои се склучени пред денот на склучување на овој Договор и ќе склучува договори за други банкарски услуги до 04.02.2026 година.
Роковите и условите на достасување на побарувањата обезбедени преку овој Договор за РРКЛ се определуваат во поединечните договори кои се склучуваат врз основа на овој Договор за РРКЛ, односно кои се дополнително вклучени во рамковниот револвинг кредит лимит и со тоа обезбедени преку овој Договор за РРКЛ.
Член 4
Кредитите, акредитивите, гаранциите, пристапувањето кон долг и другите банкарски услуги, Корисникот ќе ги користи сукцесивно, според потребите, повеќе пати до одобрениот износ и утврдениот рок, според можностите и оценка на Банката.
Член 5
За секое поединечно користење, врз основа на овој Договор ќе се склучуваат посебни договори и анекси кон договорите во кои поблиску ќе бидат утврдени условите на користењето, отплатата и роковите на достасување.
Поединечно склучените договори и анексите кон договорите претставуваат составен дел на овој Договор.
За договорите кои се склучени пред денот на склучување на овој Договор, одобрените кредити, издадените гаранции, договорите за пристапување кон долг, договори за консолидација на побарувања, договорите за реструктуирање на побарување, одобрените кредитни лимити преку кредитни картички и другите одобрени кредитни изложености, кои ќе се вклучат во рамките на утврдениот лимит со овој Договор, договорните страни ќе склучат анекс кон договорите.
За склучување на поединечен договор врз основа на овој Договор за РРКЛ, Корисникот треба да ги исполнува посебните услови за поединечните производи утврдени со интерните акти на Банката.
Обезбедување
Член 6
За обезбедување на побарувањата на Банката од овој Договор, Корисникот е должен да и достави на Банката :
- Залог врз недвижен имот - Комплекс на Објекти – Нова фабрика за цевки на ул.11 Ноември бб Куманово на КП 9703/1, зграда број 2,3,4,5,6,7,8,9,10,11,12,13,14,15,16,17,18,19,20,21,22,23,24,25,26,27,28,29, 30,31,32,90,153,154,155,156,157 и 158 со вкупна површина од 48.190 м2 сопственост на Фабрика за заварени цевки и профили 11
ОКТОМВРИ Акционерско друштво Куманово врз основа на Имотен лист бр.11 КО Куманово,
- Залог врз недвижен имот - -–Стопански комплекс - Стара фабрика за цевки ул.11 Ноември бб Куманово , објекти кои се наоѓаат на КП 9703/1 и се детално опишани во Проценка бр. 11672.04 со вкупна површина од 51.000 м2 сопственост на Фабрика за заварени цевки и профили 11 ОКТОМВРИ Акционерско друштво Куманово врз основа на Имотен лист бр.11 КО Куманово,
- Залог врз подвижни предмети - Опрема и машини во комплекс нова фабрика за производство на цевки и профили 11 Октомври во Куманово сопственост на Фабрика за заварени цевки и профили 11 ОКТОМВРИ Акционерско друштво Куманово врз основа на пописна листа, фактури и сопственичка изјава детално опишани во Листата на проценета опрема прилог на Проценка бр. 5860.09 за вредноста на подвижен имот изработена од страна на стручната служба на Банката,
- Залог врз подвижни предмети - Опрема и машини во комплекс стара фабрика за производство на цевки и профили 11 Октомври во Куманово сопственост на Фабрика за заварени цевки и профили
11 ОКТОМВРИ Акционерско друштво Куманово врз основа на пописна листа и фактури, детално опишани во Листата на проценета опрема прилог на Проценка бр. 11706.05 за вредноста на подвижен имот изработена од страна на стручната служба на Банката и
- 3 (три) xxxxxx xxxxxx сопствени акцептирани меници со менична изјава - согласност Xxxxxxx да ги пополни и употреби за наплата на своите побарувања без протест, уредени со Нотарски акт и клаузула за извршност - акцептирани и трасирани од Фабрика за заварени цевки и профили 11 ОКТОМВРИ Акционерско друштво Куманово.
Корисникот изрично се согласува заради обезбедување на побарувањата на Xxxxxxx по основ на овој Договор да се заснова заложно право врз погорецитираниот имот, во корист на Банката за максимален износ на побарување кое претставува збир од главното побарување во износ од 8.000.000,00 ЕУР, зголемено за износот на споредните побарувања: редовната камата и сите трошоци предвидени во овој Договор, амортизационите планови и поединечните договори, казнената камата (законска и договорна), провизии, даноци, правни трошоци, вклучувајќи ги но не ограничувајќи се на сите трошоци што би можеле да произлезат во евентуална постапка за присилна наплата за целото времетраење на овој Договор, како и сите останати побарувања кои ќе произлезат од овој Договор, а согласно интерните акти на Xxxxxxx.
Со обезбедувањето предвидено во став 1 од овој член, Xxxxxxx има право да ги наплати побарувањата по основ на сите поединечни договори склучени врз основа на овој Договор, како и договорите кои се склучени пред денот на склучување на овој Договор, а се вклучени во овој Договор, согласно член 2, став 2 и 3 од овој Договор.
Член 7
Корисникот изрично се согласува, Xxxxxxx да може непосредно врз основа на овој Договор да бара извршување врз заложениот имот, како и да ги активира инструментите за обезбедување по сопствена оценка, истовремено или поединечно по редослед што ќе го определи Xxxxxxx, заради наплата на своите побарувања врз основа на овој Договор, настанати со поединечните договори склучени врз основа на овој Договор, или дополнително вклучени во рамковниот револвинг кредит лимит и обезбедени преку овој Договор, вклучувајќи ја и каматата и останатите споредни побарувања.
Корисникот изрично се согласува, покрај поведување на постапка на извршување/реализација на предметот на залог и активирање на инструментите за обезбедување, Банката да може да бара врз основа на овој Договор во смисла на извршна исправа, истовремено намирување на побарувањата по овој Договор и од целукупниот имот сопственост на Корисникот (парични средства од сметките на Корисникот, подвижен и недвижен имот, права, побарување и сл.) во постапки за присилна наплата, согласно законската регулатива.
Член 8
Заложното право, воспоставено заради обезбедување на овој Договор, ќе трае се до целосно измирување на побарувањето на Банката по било која обврска на Корисникот настаната со поединечните договори склучени врз основа на овој Договор, како и на договорите кои се склучени пред денот на склучување на овој Договор, а кои се вклучени во овој Договор.
Права и обврски на Договорните страни
Член 9
Корисникот се обврзува до Банката да достави полиса за осигурување на заложениот имот винкулирана во корист на Банката најдоцна до денот на воспоставување на заложното право врз недвижниот и/или подвижниот имот. Корисникот се обврзува да обезбеди навремено и континуирано обновување на полисата за цело времетраење на залогот, односно до конечно измирување на обврските спрема Банката, и полисата заедно со винкулацијата да и ја предаде на Банката.
Доколку Xxxxxxxxxx не постапува во согласност со обврските од претходниот став, Xxxxxxx го задржува правото да бара предвремена отплата на побарувањата кои произлегуваат од овој Договор.
Корисникот се обврзува да обезбеди овластување за Xxxxxxx во име на сопственикот на заложениот имот да уплати премија за осигурување и да ја потпише винкулацијата на полисата во корист на Банката. Корисникот е согласен и ја овластува Xxxxxxx за трошоците за полисата и винкулацијата да воспостави налог и да ги наплати од било која сметка на Корисникот во Банката или од некоја наредна уплата да го задржи потребниот износ за наплата на наведените трошоци.
Член 10
Сите трошоци и надоместоци во врска со воспоставувањето на заложно право, проценка на заложениот имот, осигурување на имотот над кој е воспоставено заложно право, бришење на заложното право, трошоците за
достава на писмени опомени за достасани обврски, трошоците и надоместоците за сите согласности, изјави, потврди и други документи кои ги изготвува Банката на барање на Корисникот, како и сите трошоци кои ќе произлезат од постапка за присилна наплата на побарувањата на Банката, паѓаат на товар на Xxxxxxxxxx на кредитот. Со потпишување на овој Договор Корисникот на кредит е запознат и согласен дека висината на трошоците и надоместоците кои се наплатуваат од Банката согласно интерните акти се променливи и истите се објавени на веб страницата на Банката.
Член 11
Корисникот е согласен податоците и состојбата на побарувањето обезбедено со заложениот имот, Xxxxxxx да ги доставува на заложните и меничните должници, на нивно писмено барање, како и по соствена оценка да им доставува податоци за состојбата на побарувањата и опомени за плаќање на достасаните побарувања обезбеди со заложениот имот.
Член 12
Корисникот е согласен Xxxxxxx од извршените плаќања од Корисникот или трето лице кое плаќа по инструкции на Корисникот (во понатамошниот текст: уплатувач) заради намирување на обврски настанати по овој Договор да ги затвори обврските по рочност на нивното достасување, при што прво се отплатуваат трошоците, потоа каматите (казнени и договорни), и најпосле главнина и надоместоци.
Корисникот изрично е согласен, доколку Xxxxxxx прими уплата од Xxxxxxxxxx или друг уплатувач, која не е доволна да се намират сите негови достасани обврски во Банката по основ на овој Договор, поединечните договори или било кој друг правен основ, Xxxxxxx да ги распореди уплатите и да примени поинаков редослед на затвoрање на обврските исклучиво по сопствена оценка.
Двете договорни страни се согласни дека секоја евентуална изјава и намера на Корисникот за поинаков ред на затвoрање на обврските е без значење и затвoрањето на обврските извршено согласно став 1 и 2 од овој член ќе се почитува во сите случаи на исполнување, при што Банката нема обврска дополнително да го извести Корисникот или уплатувачот за применетиот редослед на на затвoрање на обврските.
Член 13
Банката во рамките на утврдениот РРКЛ може да одбие одобрување на кредит, гаранција, акредитив, пристапување кон долг или друг вид на кредитна изложеност, доколку:
- Корисникот не ги исполнува потребните услови и критериуми за одделните видови на производи, согласно интерните акти на Банката;
- Корисникот стане кредитно неспособен според критериумите на Xxxxxxx;
- Средствата што се водат како депозит по видување кај Банката, Корисникот ги пренесе кај друга банка, делумно или целосно;
- Банката при контрола на поединечно одобрените кредити, отворени акредитиви, издадени гаранции или одобрени други изложености утврди дека истите се одобрени спротивно на деловната и кредитната политика на Xxxxxxx, односно Банката била доведена во заблуда при нивното одобрување или пак се констатира ненаменско користење на истите;
- Корисникот доставил неточни информации за неговата финансиска состојба, или премолчил информации кои, доколку на Xxxxxxx и биле познати, би влијаеле да одлучи поинаку;
- Спрема Корисникот е отворена постапка за стечај или ликвидација или е извршена блокада на сметка со решение за присилна наплата;
- Вредноста на заложениот имот се намалила или Корисникот го оттуѓи во целост или дел без претходна согласност на Банката;
- Корисникот има неизмирени обврски по било кој основ кај Банката или кај други доверители;
- Корисникот не обезбеди полиса за осигурување на заложениот имот и винкулирана во корист на Банката или навремено не ја обновува полисата;
- Не ги исполнува условите од Договорот, односно ги прекршува договорните обврски преземени со овој Договор и поединечните договори.
Покрај условите од претходниот став на овој член, Xxxxxxx го задржува правото во секое време, по сопствена проценка да одбие одобрување на