Степенот на сложеност I (еден) се однесува на износот на најниската нето плата дефинирана со овој колективен договор и со степенот I (eден) се покриени занимањата-помошник земјоделски работник и сезонски работник.
Врз основа на член 107, 205, став 3, 206 и 207 од ЗРО, член 17 и 19 од Општиот Колективен Договор за приватниот сектор од областа на стопанството, и член 49, став 4 од Колективниот Договор за вработените од земјоделството и прехранбената индустрија, синдикатот на работниците од агроиндустрискиот комплекс на Република Македонија - Агро Синдикат и Здружението за земјоделие и прехранбена индустрија на Организацијата на работодавачи на Македонија, на 07. 07. 2011 година склучија
КОЛЕКТИВЕН ДОГОВОР
ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА КОЛЕКТИВНИОТ ДОГОВОР ЗА ВРАБОТЕНИТЕ ОД ЗЕМЈОДЕЛИЕТО И ПРЕХРАНБЕНАТА ИНДУСТРИЈА
Член 1
Во членот 49, став 1 во првата реченица, после зборот “плата”, зборот “ќе” се брише.
Во членот 49, став 1, точката на крајот на реченицата се брише и се додаваат зборовите: “и се утврдува во износ од 7.350,00 денари за земјоделство и во износ од 8.600,00 денари за прехранбена индустрија, за 100% остварена норма од утврдената во гранката или полно работно време од просечното годишно 176 часа месечно.”.
После ставот 1 од членот 49 се додава нов став 2 кој гласи: “Пресметувањето на најниската плата, утврдена во став 1 на овој член, ќе започне да се применува со исплатата на платата за месец септември, 2011 година.”
Во ставот 3 во третата реченица, после зборот “си” се додава зборот “ја”, а после зборот “задржуваат” се бришат зборовите “правото на”, а во четвртата реченица после зборот “истата”, се додава зборот “задолжително”.
Во ставот 4 од членот 49 во првата реченица, после зборот “сложеност” се додаваат зборовите “со спогодба”. Останатиот текст останува ист.
Ставовите 2, 3 и 4 стануваат ставови 3, 4 и 5.
Пречистениот текст на член 49 гласи:
При утврдување на најниската плата се поаѓа особено од: трошоците на живот, економските можности, општото ниво на платите на дејност, нивото на продуктивноста, економичноста, рентабилноста, социјалните давања и други економски и социјални фактори и се утврдува во износ од 7.350,00 денари за земјоделство и во износ од 8.600,00 денари за прехранбена индустрија, за 100% остварена норма од утврдената во гранката или полно работно време од просечното годишно 176 часа месечно.”.
Пресметувањето на најниската плата, утврдена во став 1 на овој член, ќе започне да се применува со исплатата на платата за месец септември, 2011 година.
Работодавачите од земјоделството и прехранбената индустрија кои имаат повисока најниска плата од утврдената најниска плата во овој Колективен Договор, ја задржуваат таа најниска плата (не можат да ја намалат) и истата задолжително се вградува во Колективните Договори на ниво на работодавач.
Најниската плата за најнизок степен на сложеност со спогодба ја утврдуваат и објавуваат потписниците на колективниот договор најмалку еднаш годишно, но не подоцна од 31. 01. тековната година.
Член 2
Членот 51 се менува и гласи:
Работите, односно работните места се групираат во групи на сложеност за дејноста земјоделство и за дејноста прехранбена индустрија.
Поединечните работи, односно занимања се класифицираат по групи на сложеност за земјоделство и за прехранбена индустрија согласно Одлука за утврдување на националната класификација на дејности (Сл.весник бр.37/11 од 24.03.2011) и тоа:
Степенот на сложеност I (еден) се однесува на износот на најниската нето плата дефинирана со овој колективен договор и со степенот I (eден) се покриени занимањата-помошник земјоделски работник и сезонски работник.
Група Степен на сложеност
I - Едноставни, повторливи и разновидни работи. 1,00
II - Помалку сложени, повторливи и разновидни работи 1,30
III- Сложени, разнодидни, повторливи и си повремена појава на нови работи 1,50
IV - Посложени, разновидни работи за кои е потребна самостојност
и иницијативност 1,75
V -Посложени, разновидни работи за кои е потребна голема
самостојност и иницијативност. 2,00
VI- Значајно сложени работи кои бараат самостојност и иницијативност. 2,50
VII- Мошне сложени работи кои бараат голема самостојност,
креативност и иницијативност. 3,00
VIII - Мошне сложени работи кои бараат голема самостојност,креативност,
Иницијативност и специјализираност 3,50
IX –Најсложени, специјалнизирани, креативни самостојни работи 4,00
Член 3
Со потпишувањето на овој Колективен Договор за изменување и дополнување на Колективниот Договор за вработените од земјоделството и прехранбената индустрија, се продолжува важењето на Колективниот Договор за вработените од земјоделството и прехранбената индустрија за две години, сметано од денот на објавувањето на Колективниот Договор за изменување и дополнување на Колективниот Договор за вработените од земјоделството и прехранбената индустрија во Службен Весник на Република Македонија.
Член 4
Овој Колективен Договор стапува во сила со денот на склучувањето, а ќе се применува од денот на неговото објавување во “Службен Весник на РМ” .
Член 5
Потписниците на овој Колективен Договор за изменување и дополнување на Колективниот Договор за вработените од земјоделството и прехранбената индустрија се обврзуваат да ги вградат одредбите од овој Колективен Договор по неговото склучување и Спогодбата бр.0101-136/1 и бр. 0101-5 од 23. 11. 2010 година во Колективните Договори на ниво на работодавач, заклучно со 30. 09. 2011 година.
07.07.2011
Организација на работодавачите Синдикат на работниците
На Македонија од Агроиндустрискиот комплекс
Здружение за земјоделие и на Р.Македонија „АГРО-СИНДИКАТ“ прехрамбена индустрија
ПРЕТСЕДАТЕЛза Земјоделие ПРЕТСЕДАТЕЛ
Xxxxxxxx Xxxxxx Xxxxx Xxxxxxxx
ПРЕТСЕДАТЕЛ за Прехрамбена индустрија Xxxxxx Xxxxxxxxxx