Sklu~en на ден 28.01.2015 год.,pome|u:
Д О Г О В О Р
Sklu~en на ден 28.01.2015 год.,pome|u:
1. Општина Зрновци , со седиште на ул . “Илинденска “ бб –Зрновци , EDB-4013005120933 ЕMBС- 6010407 , застапувана и претставувана од Градоначалникот , Г-дин Блаже Станков ( во натамошниот текст: Нарачувач) и
2. Друштво за производство,трговија и услуги СТОИМЕНОВ ДООЕЛ Кочани , so sedi{te na ul. „ Киро Кикенски „ бр.3 Кочани , ЕDB: 4013991101127 , застапувано od управителот Xxxxx Xxxxxxxxx (во натамошниот текст : Изведувач).
Предмет на договорот
Член 1
Предмет на Договорот за јавната набавка , со кој Изведувачот се обврзува да изведе определени работи во договорен рок, а Нарачувачот се обврзува да му исплати определена цена за тоа, е изведување на работи за :
- Изградба на армирано бетонски пропуст на Морошка Река во с. Мородвис Општина Зрновци
Предметот на набавка од ст. 1 на овој член е детално опишан во Предмерот, составен дел на тендерската документација , изработена од Нарачувачот, а по Одлука за јавна набавка бр. 08-881/1 од 01.12.2014 год., за спроведување на постапка со барање за прибирање на понуди со објавување на оглас бр.15/2014 на ЕСЈН која постапка се спроведуваше во хартиена форма и заврши со е-Аукција како последна фаза за доделување на договорот за јавна набавка на ЕСЈН и во согласност со Меморамдумот за соработка помеѓу Државен Секретаријат за економски работи на Швајцарија и Општина Зрновци бр.08-347/1 од 02.05.2014 година
Член 2
Работите од чл. 1 на овој Договор треба да се изведат според описите и количините од предмер пресметката, составен дел на овој Договор, како и важечките прописи, правила и стандарди за ваков вид на работа и дадените планови од тендерската документација.
Член 3
Со овој Договор Нарачувачот и Изведувачот ги регулираат своите права и обврски.
Вредност на договорот
Член 4
Изведувачот, работите наведени во член 1 од овој Договор, ќе ги изведе за вкупна цена од 433.363,00 денари без пресметан данок на додадена вредност, согласно поднесената понуда бр.08-962/2 од 31.12.2015 год. по завршената е-aукција на ЕСЈН .
Работите, добрата и услугите обезбедени од страна на Изведувачот се без ДДВ. Фактурите од страна на Изведувачот треба да се изготват електронски од страна на УЈП. Општината ќе ја плати фактурата согласно доставената фактура. Општината на Изведувачот ќе му ѓи достави потребните документи со кои тој ќе може да изготви фактура во која нема да биде фклучен ДДВ. Единечните цени за изразување на пооделните фази и позиции од договорените работи се дадени во поднесената понуда, односно, Предмер пресметката, наш арх.бр.08- 962/2 од 22.01.2015 год.,. и истата е составен дел на овој Договор.
Извор на средствата за реализација на јавната набавка и начин и услови за плаќање
Член 5
Согласно Одлуката за јавна набавка бр. . 08-881/1 од 01.12.2014 год., средствата за реализација на договорот за конкретната јавна набавка, односно за - Изградба на армирано бетонски пропуст на Морошка Река во с. Мородвис Општина Зрновци .се обезбедени дел од Државен Секретаријат за економски работи на Швајцарија и дел од Општина Зрновци со Меморандум за соработка бр.03-347/1 од 02.05.2014 година.
Член 6
Плаќањето на работите кои се предмет на овој договор, ќе се врши со 2 (две) плаќања, на следниот начин:
-Прва исплата: Еден месец по потпишување на Договорот на изведувачот му е дозволено да фактурира до 30% од вкупната сума во Договорот. Фактурата се доставува до Градоначалникот на општината, општината врши проверка на фактурата и Градоначалникот ја одобрува истата. Проверената и одобрена фактура треба да се испрати до Консултантот за повторна проверка. По одобрувањето на фактурата од страна на Консултантот, Општината може да ја плати фактурата од посебната сметка на проектот .
-Втора исплата: На крајот на проектот, по неговото комплетирање и одобрување од страна на општината и Консултантот, Изведувачот врши фактурирање на останатиот износ од вкупната сума. Фактурата се доставува до Градоначалникот на општината, општината врши проверка на фактурата и Градоначалникот ја одобрува истата. Проверената и одобрена фактура треба да се испрати до Консултантот за повторна проверка. По одобрувањето на фактурата од страна на Консултантот, Општината може да ја плати фактурата од специвичната сметка на проектот .
Член 7
Нарачувачот има право да задржи сразмерен дел од цената за отстранување на недостатоците утврдени при примопредавањето на работите.
Член 8
Задржаниот дел од цената Нарачувачот може да го употреби за остранување на недостатоците на изведените работи, ако Изведувачот на писмена покана од Нарачувачот не ги отстрани тие недостатоци во примерниот рок .
( Рокот се превзема од Записникот при примопредавањето на работите)
Член 9
Задржаниот износ, односно, неговиот непотрошен дел Нарачувачот му го исплатува на Изведувачот во рок од 8/осум/ дена од денот на примопредавањето на работите, односно, веднаш по отстранувањето на недостатоците утврдени при примопредавањето.
Член 10
Ако Нарачувачот е одговорен за запирањето на работите, должен е на Изведувачот да му ја надомести штетата што ја претрпел поради запирањето на работите. Надоместот на штетата ја опфаќа и загубената добивка.
Разлики во цена
Член 11
Корекција на цените на предметот на договорот за јавна набавка не се дозволени и истите ќе останат фиксни за целото времетраење на договорот.
Динамика на извршување на работите
Член 12
Изведувачот е должен сите работи - предмет на договорот за конкретната јавна набавка од чл. 1 на овој Договор, да ги заврши во рок од 45 дена сметано од денот на воведувањето во работа од страна на Нарачувачот, а констатирано на Записник за воведување во работа, сметано од денот на склучување на договорот, односно не повеќе од времетраењето на важноста на договорот.
Рокот за изведување на работите тече од воведувањето на Изведувачот во работа.
Нарачувачот ќе го воведе Изведувачот во работа во рок од 7 /седум/ дена по склучување на овој договор.
Ако Изведувачот не ги започне работите веднаш по воведувањето во работата,Нарачувачот ќе му остави дополнителен примерен рок од 3 /три/ дена за започнување наработите.
Ако Изведувачот ниту во рок од ст. 4 на овој член, не започне со изведување на работите, Нарачувачот може да го раскине договорот и да бара од Изведувачот надомест на штетата.
Член 13
Ако постои оправдано сомневање дека работите ќе бидат изведени во договорениот рок, Нарачувачот има право да побара од Изведувачот да превземе потребни мерки со кои се обезбедува соодветно забрзување на работите и нивно усогласување со договорениот план на градењето.
Во согласност со ст.1 од овој член , Изведувачот е должен да достави динамичен план за изведување на работите предвидени во Договорот.
Член 14
Ако Нарачувачот изведувањето на работите им го отстапил на двајца или поголем број изведувачи на ист објект, должен е да ја координира работата на тие изведувачи во поглед на роковите за извршување на тие работи.
Член 15
Изведувачот има право да бара продолжување на рокот за изведување на работите во случај во кој поради променети околности или неисполнување на обврските од Нарачувачот бил спречен да ги изведува работите.
Продолжувањето на рокот се определува според траењето на пречката, со тоа што рокот се продолжува и за времето потребно за повторното започнување на работите и за евентуалното поместување на работите во понеповолно годишно време.
Како причини, поради кои, во смисла на ст. 1 од овој член, може да се бара продолжување на роковите, се сметаат особено:
1) природни настани (пожар, поплава, земјотрес, исклучително лошо време, невообичаено за годишното време и за местото на кое се изведуваат работите и сл.);
2) мерките предвидени со акти на надлежните органи;
3) задоцнување на воведувањето на Изведувачот во работата;
4) непредвидените работи за кои Изведувачот при склучување на договорот не знаел ниту можел да знае дека мораат да се изведат;
Член 16
Изведувачот е должен барањето за продолжување на рокот да го поднесе до Нарачувачот штом ќе дознае за причината поради која рокот може да се продолжи.
Обврски на Изведувачот
Член 17
Изведувачот е должен работите од чл. 1 на овој Договор да ги изведе на начин и во роковите што се определени со овој Договор, прописите и правилата на струката, а согласно Предмер-пресметката, составен дел на овој Договор.
Член 18
Изведувачот е должен на објектот да води градежен дневник и градежна книга (со пропишана форма) кои ќе бидат потпишани од Надзорот на градба.
Член 19
Изведувачот е должен по целосно завршување на работите да изготви завршна ситуација.
Член 20
Изведувачот е должен на градилиштето да презема мерки заради обезбедување на сигурноста на објектот и на работите, опремата, уредите и инсталациите, работниците, минувачите, сообраќајот, соседните објекти и околината.
Ако на исто градилиште работи изведуваат повеќе изведувачи, секој изведувач презема мерки на заштита и ја обезбедува сигурноста на работите што тој ги изведува.
Трошоците за спроведување на мерките од ст. 1 и 2 на овој член, ги поднесува Изведувачот што ги презема тие мерки.
Член 21
Од почетокот на изведувањето до предавањето на работите на Нарачувачот, Изведувачот на погоден начин ги обезбедува и чува изведените работи, опрема и материјали од оштетување, пропаѓање, однесување или уништување.
Ако на исто градилиште работи изведуваат повеќе изведувачи секој од нив ги обезбедува и чува своите работи, опрема и материјали.
Изведувачот ги поднесува трошоците на обезбедувањето и чувањето на изведените работи, опрема и материјали и на ризикот на нивното оштетување, уништување, однесување и пропаѓање.
Член 22
По завршените работи, односно, по раскинувањето на договорот, Изведувачот е должен од градилиштето да ги повлече своите работници, да ги отстрани преостанатите материјали, опрема и средства за работа, како и привремените објекти што ги изградил и да го исчисти објектот и градилиштето.
Трошоците настанати во врска со работите од ст. 1 на овој член, извршени по завршетокот на договорените работи, ги поднесува Изведувачот.
Трошоците настанати во врска со работите од став 1 на овој член, извршени во случај на раскинување на Договорот, ги поднесува договорната страна што е одговорна за раскинување на Договорот.
Член 23
Изведувачот е должен на Нарачувачот да му го предаде Проектот на изведена состојба по завршувањето на работите, односно, по раскинувањето на договорот.
Обврски на Нарачувачот
Член 24
Нарачувачот е должен да ги отстрани сите постоечки проблеми во предвидениот рок до воведување на Изведувачот во работа со што би се овозможило несметано изведување на работите.
Член 25
Нарачувачот е должен, по склучувањето на Договорот, да го воведе Изведувачот во работа.
Воведувањето на Изведувачот во работа опфаќа, особено:
1) предавање на градилиштето, под кое, зависно од предметот на Договорот, се подразбира обезбедување на Изведувачот право на пристап на градилиштето;
2) предавање на Изведувачот на проектната документација за изведување на работите во потребен број примероци;
3) предавање на Изведувачот одобрение за изградба;
За воведувањето на Изведувачот во работа се составува посебен Записник и тоа се констатира во градежниот дневник.
Член 26
Нарачувачот е должен да постапи по барањето на Изведувачот, со кое се бара објаснение за недоволно јасните детали од проектната докумантација и во примерен рок и во писмена форма да му го даде бараното објаснение од техничката документација.
Член 27
Нарачувачот е должен пред започнување на работите да именува свој Надзор на градба, односно, надзорен инженер и со писмо да го извести Изведувачот за тоа.
Член 28
Нарачувачот е должен, на писмено барање на Изведувачот, да обезбеди технички прием на изведените работи.
Во случај Нарачувачот да пушти во употреба некои делови од изведените работи или сите изведени работи , пред да биде извршен технички прием, ќе се смета дека изведените работи се примени од страна на Нарачувачот.
Од денот кога ќе започнат да се користат изведените работи од страна на Нарачувачот престануваат сите обврски на Изведувачот во поглед на чување на извршените работи, а гарантниот период почнува да се смета од денот кога е започнато ваквото користење.
Услови за квантитативна и квалитативна контрола
Член 29
Изведувачот е должен, согласно правилата на струката, да ја испита правилноста на техничките решенија во проектната документација и да го предупреди Нарачувачот за грешките што ќе ги забележи.
Член 30
Изведувачот е должен во објектите да вградува материјали и опрема што му одговараат на пропишаниот или договорениот квалитет. Ако е потребно Изведувачот е должен да изврши соодветно испитување на материјалот.
Ако методите за испитување на материјалите не се определени со техничките прописи, ги определува Изведувачот.
Трошоците за испитување на материјалите ги поднесува Изведувачот.
Член 31
Изведувачот е должен да го предупреди Нарачувачот за воочените или утврдените недостатоци на материјалите и опремата што се предвидени во проектната документација, како и материјалите и опремата што ги набавил или избрал Нарачувачот.
Материјалите и опремата од ст. 1 на овој член, Изведувачот може да ги вградува само ако Нарачувачот, (откако Изведувачот го предупредил за недостатоците), бара да се вградат и ако вградувањето на тие материјали и опрема не ја загрозува стабилноста на објектот, животите на луѓето, соседните објекти, сообраќајот и околината.
Член 32
Изведувачот е одговорен за употреба на материјалите и опремата што не му одговараат на договорениот или пропишаниот квалитет.
Член 33
Ако Изведувачот не ги изведува работите според договорените услови, техничките прописи и стандарди, како и според резултатите од сопственото испитување и правилата на струката, Нарачувачот има право да бара запирање на натамошното изведување на работите, односно, да бара промена на материјалите или употреба на материјали и опрема од соодветен квалитет. Ако на тој начин е доведена во прашање сигурноста на објектот, животите на луѓето или на соседните објекти, Нарачувачот има право да бара Изведувачот да ги урне изведените работи и работите повторно да ги изведе на свој трошок на начин што е договорен.
Член 34
Изведувачот е должен да даде докази за квалитетот на употребените материјали и опрема и на изведените работи и да му овозможи контрола на Нарачувачот.
Конечната оцена на квалитетот на изведените работи и на употребените материјали и опрема се врши при примопредавањето на изведените работи.
Ако контролата на Нарачувачот бара откривање на одделни работи или просечување отвори, Изведувачот е должен да го овозможи тоа.
Трошоците на контролата ги поднесува Нарачувачот.
Трошоците на контролата го опфаќаат и откривањето на работите, просечувањето на отвори и поправки, односно, враќање на работите во состојба во која се наоѓале пред извршената контрола.
По исклучок од ст. 4 на овој член, трошоците на контролата ги поднесува Изведувачот ако не му овозможи на Нарачувачот на време да ја изврши контролата на изведените работи и на употребените материјали и опрема, па поради тоа при подоцнежната контрола настанале трошоци што инаку би ги немало.
Член 35
Сите наоди на контролата на Изведувачот и на контролата на Нарачувачот се запишуваат во градежниот дневник.
Во случај на несогласност на наодите на контролата на Изведувачот и на контролата на Нарачувачот, ќе се изврши заедничка дополнителна контрола. Трошоците на заедничката дополнителна контрола паѓаат на товар на договорачот чиј наод не е потврден.
Член 36
Ако Изведувачот во текот на изведувањето на работите не постапи по основаното барање на Нарачувачот и не ги отстрани недостатоците на изведените работи, Нарачувачот може да го раскине договорот и да бара од Изведувачот надомест на штета што настанала поради неквалитетно изведените работи и поради раскинувањето на договорот.
Ако Изведувачот не ги отстрани во примерниот рок (во зависност од големината ) недостатоците што се утврдени при техничкиот преглед и примопредавањето на изведените работи, Нарачувачот може, врз товар на Изведувачот отстранувањето на недостатоците да му го отстапи на трето лице.
При тоа Нарачувачот е должен да постапува како добар стопанственик.
Надзор на извршување на работите
Член 37
Нарачувачот има право да врши надзор на изградба над работите на Изведувачот заради проверување и обезбедување на нивно уредно изведување,
особено во поглед на видот, количеството и квалитетот на работите, на материјалите и опремата и на предвидените рокови.
Заради вршење на надзор на изградба Нарачувачот има право на пристап на градилиштето, во работилниците, погоните и местата за складирање на материјалите.
Надзорот над градба, го врши надзорниот инжинер што ќе го определи Нарачувачот.
За надзорниот инжинер што е определен да врши надзор на изградба и за неговите овластувања Нарачувачот го известува Изведувачот.
Изведувачот е должен да му овозможи на Нарачувачот вршење на надзор на изградба.
Член 38
Забелешките во поглед на начинот на изведувањето на работите, на употребениот материјал или на текот на изведувањето на работите Нарачувачот е должен без одлагање да му ги соопшти на Изведувачот.
Сите забелешки и наоди од Нарачувачот се соопштуваат во писмена форма и се запишуваат во градежниот дневник.
Член 39
Изведувачот е должен да постапи по сите основaни барања од Нарачувачот поднесени во врска со вршењето на стручниот надзор.
Член 40
По завршување на работите и достава на уредно изготвена документација, Државен Секретаријат за економски работи на Швајцарија согласно меморандумот за соработка ќе изврши мониторинг на изведените работи.
Начин на примопредавање на изведените работи
Член 41
Веднаш по завршувањето на работите Изведувачот го известува Нарачувачот во писмена форма дека работите што се предмет на договорот се завршени.
По завршување на изградбата на градење, потребно е да се изврши технички преглед на градбата, согласно Законот за градење.Техничкиот преглед го врши надзорниот инжинер за
што изготвува извештај за извршен технички преглед на градбата во кој се констатира дека градбата може да се употребува .
Член 42
Нарачувачот и Изведувачот се должни без одлагање да пристапат кон примопредавање и конечна пресметка.
Ако Нарачувачот започнал да го користи објектот пред примопредавањето, се смета дека примопредавањето е извршено со денот на почетокот на користењето.
Член 43
За примопредавањето се составува Записник кој ги содржи особено следните податоци:
1) дали работите се изведени според договорот, прописите и правилата на структурата;
2) дали квалитетот на изведените работи му одговара на договорениот квалитет, односно, кои работи Изведувачот треба на свој трошок да ги доработи, поправи или повторно да ги изведе и во кој рок тоа треба да го стори;
3) за кои прашања од техничка природа не е постигната согласност помеѓу овластените претставници на договорачите;
4) констатација за примопредавањето на гарантните листови ;
5) датумот на завршувањето на работите и датум на извршеното примопредавање.
Член 44
Записникот за примопредавање може да го состави и само еден договорач без учество на другиот ако другиот договорач неоправдано го одбие учеството во примопредавањето или неоправдано не се одзове на поканата да учествува во примопредавањето. Таквиот Записник се доставува до другиот договарач. Со денот на доставувањето на Записникот настануваат последиците во врска со примопредавањето.
Член 45
Ако во Записникот за примопредавањето обострано се констатира дека Изведувачот треба на свој трошок да доработи, поправи или повторно да изведе одделни работи, Изведувачот е должен веднаш да пристапи кон изведување на тие работи.
Ако Изведувачот не ги изведе работите од ст. 1 на овој член во примерниот рок, Нарачувачот може да ангажира друго лице да ги изведе врз товар на Изведувачот.
Услови за извршување на дополнителни недоговорени работи
Член 46
Изведувачот е должен да ги изведе договорените работи на начин и во роковите определени со овој Договор.
Како договорени работи во смисла на ст. 1 на овој член се сметаат и вишоците на работите.
Член 47
Изведувачот е должен по писмен налог од Нарачувачот да ги изведе непредвидените работи.
По исклучок од ст. 1 на овој член, Изведувачот може и без претходен налог од Нарачувачот да ги изведе непредвидените работи што се нужни за обезбедување на стабилноста на објектот, правилниот тек на работите и нормалното користење на изградениот објект, или за спречување настанување на штета, ако поради итноста или други оправдани причини нема можности за тие работи претходно да обезбеди налог од Нарачувачот. Во тој случај Изведувачот е должен без одлагање да го извести Нарачувачот за непредвидените работи што ги извел или нивното изведување е во тек и за причините што ги предизвикале непредвидените работи.
Член 48
Нарачувачот е должен изведувањето на непредвидените работите да му ги отстапи на Изведувачот, а на трето лице може да му ги отстапи ако Изведувачот одбие да ги изведе воопшто или навремено.
Член 49
Нарачувачот е должен изведувањето на дополнителните работи пред отстапувањето на трето лице да му го понуди на Изведувачот.
Изведувачот може изведувањето на дополнителните работи да го прифати или одбие.
Подизведување и подизведувачи
Член 50
Изведувачот може изведувањето на одделни договорени работи да му го отстапи на трето лице (подизведувач).
Отстапувањето на работите на трето лице (подизведувач) нема влијание врз правните односи и меѓусебните права и обврски на Нарачувачот и Изведувачот.
Гарантен период
Член 51
Изведувачот гарантира дека изведените работи во времето на примопредавањето се во согласност со договорот, прописите и правилата на струката и дека немаат мани што ја оневозможуваат или ја намалуваат нивната вредност или нивната подобност за редовна употреба, односно, за употребата определена со договорот.
Нарачувачот е должен за забележаните недостатоци да го извести Изведувачот без одлагање.
Гарантниот период за квалитетот на изведените работи изнесува 12
/дваесет и четири/ месеци.
Гарантниот период започнува да тече од примопредавањето на изведените работи или на дел од изведените работи, а ако користењето на истите започнало пред примопредавањето - од почетокот на користењето.
За квалитетот и гаранцијата на вградени материјали што се вградуваат , во поглед на содржината и рокот, важи гаранцијата од производителот, со тоа што Изведувачот е должен сета документација за квалитетот и гаранциите на производителот на материјалите, заедно со упатствата за употреба, да ги прибави и да му ги предаде на Нарачателот.
Изведувачот е должен на свој трошок да ги отстрани сите недостатоци што ќе се покажат во текот на гарантниот период, а кои настапиле поради тоа што Изведувачот не се држел кон своите обврски во поглед на квалитетот на работите и материјалите.
Нарачувачот ќе му определи на Изведувачот примерен рок (договорен рок на Записник) за отстранување на недостатокот.
Нарачувачот има право и на надомест на штета по основ на ст. 1 и 2 на овој член.
Ако Изведувачот не ги отстрани недостатоците во рокот што Нарачувачот ќе му го определи, Нарачувачот може да ги отстрани недостатоците на сметка на Изведувачот, со што е должен да постапува како добар стопанственик.
Изведувачот не е должен да ги отстрани оние недостатоци што настанале како последица од нестручно ракување и употреба, односно, не наменско користење на објектот или на делови од објектот.
Договорна казна
Член 52
Во случај на доцнење на изведба на работите од страна на Изведувачот , Нарачувачот има право на надомест на штета и договорна казна – пенали .
Договорната казна се определува во висина од 1% од вредноста на неизведените работи за секој започнат ден , за првите две недели .
Во случај на доцнење на изведбата повеќе од две недели , Нарачувачот има право по претходно доставено писмено известување до Изведувачот , да го раскине Договорот и да бара надомест на штета и да бара наплата на гаранцијата за квалитетно извршување на договорот .
Гаранција за квалитетно извршување на Договорот
Член 53
Изведувачот му достави на Нарачувачот банкарска гаранција бр. од .2015 год., од банка во висина од 10 % (проценти) од вкупната вредност на овој Договор , со пресметан ДДВ, на износ од 433.363
,00 ден., и рок на важност до .2016 год., со која се обврзува дека навремено, квалитетно и според условите од договорот ќе ги изведе работите кои се предмет на овој договор.
Гаранцијата се наплаќа во следните случаи:
• Доколку Изведувачот не го почитува договорениот рок за изведба на работите и не ги изведе работите во предвидениот рок, а при тоа нема прифатливо оправдување од страна на надзорот ;
• Во случај на несовпаѓање на техничките и квалитативните карактеристики на изведените работи , верификувано од независна институција за контрола на квалитетот ;
• Во случај на раскинување на Договорот по вина на Изведувачот ;
• Доколку Изведувачот не ги отстранил дефектите и за време на траење на гарантниот период .
Нарачувачот ќе ја врати банкарската гаранција од став 1 на овој член на Изведувачот, во рок од 14 /четиринаесет / дена, по истекувањето на важноста на договорот , односно по негова реализација, кое се потврдува со издавање на потврда од надзорниот орган за квалитетно завршување на работите и по обем според техничката спецификација-предмер пресметката од Договорот.
Изведувачот е должен во рок од 10 (десет) дена по потпишувањето на Договорот да обезбеди Банкарска гаранција на сума од 15% од вредноста на проектот. Банкарската гаранција треба да биде на име на SEKO со важност до крајот на гарантниот период. Банкарската гаранција претставува гаранција за квалитетот на имплементацијата/изградбата , со тоа обезбедувајки комплетирање на проектот од страна на Изведувачот.
Времетраење на важност на договорот
Член 54
Времетраење на важноста на овој Договор претставува времето кога ќе бидат исполнети обврските кои што со овој Договор ги имаат превземено договорните страни .
[ вообичаено времетраење на договорот е времетраењето до конечно завршување на договорените работи ].
Применлив закон
Член 55
Врз сите евентуални спорови кои би произлегле од овој Договор, ќе се применуваат важечките прописи на Република Македонија.
Виша сила
Член 56
Ниту една од договорните страни нема да биде одговорна за неисполнување на овој Договор до кое би дошло заради Виша сила. Ако една од договорните страни е спречена заради Виша сила должна е во рок од 24 часа писмено да ја извести другата страна, со наведување на причините за Вишата сила и по можност обезбедување на соодветен доказ.
По отстранување на Вишата сила Договорот може да се реализира по потреба со заеднички прифатено дополнување или да се раскине договорно.
Услови за прекинување или раскинување на договорот
Член 57
Кога една од договорните страни не ќе ја исполни својата обврска, другата договорна страна, може да бара исполнување на обврските или да го раскине договорот, а во секој случај има право на надомест на штета.
Кога една од договорните страни не ќе ја исполни својата обврска во определениот рок, другата договорна страна, мора да му остави примерен дополнителен рок за исполнување на обврската.
Ако договорната страна која не ја исполнила својата обврска во определениот рок, не ја исполни обврската ни во дополнителниот рок, другата договорна страна може да го раскине договорот.
Една од договорните страни може да го раскине договорот и без да и остави на другата договорна страна, дополнителен рок за исполнување , ако од нејзиното однесување произлегува дека таа нема да ја изврши својата обврска ниту во дополнителниот рок.
Кога пред истекот на рокот за исполнување на обврската е очигледно дека едната договорна страна нема да ја исполни својата обврска од договорот, другата страна може да го раскине договорот и да бара надомест на штета.
Договорната страна која поради неисполнување на договорните обврски го раскинува договорот, должна е тоа да и го соопшти на другата договорна страна без одлагање.
Договорот не може да се раскине поради не исполнување на незначителен дел од обврската.
Со раскинувањето на договорот двете договорни страни се ослободени од своите обврски, освен од обврската за надомест на евентуална штета.
Ако по склучувањето на договорот настапат околности што го отежнуваат исполнувањето на обврската на едната договорна страна или ако поради нив не може да се оствари целта на договорот, во таа мера што е очигледно дека договорот повеќе не им одговара на очекувањата на договорните страни и дека според општото мислење би било неспроведливо, да се одржи во сила таков каков што е, страната на која и е отежнато исполнувањето на обврската, односно страната која што поради променетите околности не може да ја оствари целта на договорот може да бара договорот да се раскине.
Раскинување на договор не може да се бара ако страната што се повикува на променетите околности била должна во време на склучувањето на договорот да ги земе предвид тие околности или можела да ги избегнe или да ги совлада.
Страната која бара раскинување на договорот не може да се повикува на променетите околности што настапиле по истекот на рокот определен за исполнување на нејзината обврска.
Договорот нема да се раскине ако другата страна понуди или се согласи соодветните услови од договорот да се изменат справедливо.
Ако изрече раскинување на договорот судот, на барање од другата страна, ќе ја обврзе страната што го барала да и надомести на другата страна справедлив дел од штетата што ја трпи поради тоа.
Страната што е овластена да бара поради променетите околности раскинување на договорот е должна за својата намера да бара раскинување на договорот, да ја извести другата страна штом дознала дека настапиле такви околности, а ако тоа не го сторила одговара за штетата што другата страна ја претрпела поради тоа што барањето благовремено не и било соопштено на време.
Решавање на спорови
Член 58
Сите евентуални спорови и недоразбирања кои би произлегле од овој Договор, договорните страни ќе ги решаваат во духот на добрите деловни обичаи со меѓусобно договарање. Доколку тоа не даде резултат во рок од 10 (десет) дена, Xxxxxxxx за решавање на спорот е Основниот суд во Кочани.
Завршни и општи одредби
Член 59
Договорните страни можат да ги дополнат и/или изменат одредбите од овој договор само спогодбено.
Договорната страна која бара измена и/или дополнување е должна своето барање до другата страна да го достави во писмена форма.
Одредбите од овој договор можат да се изменат и/или дополнат со склучување на Договорот за изменување и дополнување на основниот Договор.
Дополнувањата и измените на овој договор се важечки ако се направени во писмена форма ,ако се потпишани од двете договорни страни и ако се во согласност со Законот за јавните набавки и другите важечки прописи во РМ.
Член 60
Ниту една договорна страна нема право своите обврски да ги пренесе на трета страна, без взаемна писмена согласност.
Член 61
Овој Договор е составен во 6 (шест) еднакви примероци, од кои 4 (четири ) примероци за Нарачувачот и 2 (два) примероци за Изведувачот , а стапува на сила со денот на потпишувањето на истиот од двете договорни страни.
Нарачувач , Изведувач,
Градоначалник , Управител,
(Xxxxx Xxxxxxx ) ( Xxxxx Xxxxxxxxx )
Составен дел на овој Договор е :
- Предмер пресметка бр.08-962/2 од 22.01.2015 год.
- Банкарска гаранција бр. од .2015 год., издадена од Банка.
-