Contract
У-ОДГ ПРОЕКТ 01/2014 Број: 02-1200/23 од 31.03.2014
Датум на примена: 01.05.2014
УСЛОВИ ЗА ОСИГУРУВАЊЕ ОДГОВОРНОСТ НА ПРОЕКТАНТИ
(1) Во овие услови употребените изрази го имаат следното значење:
„Осигурувач“ - САВА осигурување x.x. Скопје
„Договорувач на осигурување“ - лице кое ќе склучи договор со осигурувачот;
„Осигуреник“ - лице чиј имотен интерес е осигурен. Договорувачот на осигурување и осигуреникот се исто лице, освен при осигурување на туѓа сметка;
„Премија“ - износ кој осигуреникот му го плаќа на осигурувачот за склученото осигурување;
„Полиса“ - документ за склучен договор на осигурување;
„Надомест на штета“ - износ кој осигурувачот му го плаќа на оштетеното лице како надомест за претрпената штета
„Франшиза“ - учество на осигуреникот во секоја штета;
„Повреда на лица“ - телесни повреди, болест или смрт на трети лица настанати поради штетен настан за времетраење на договорот за осигурување;
„Оштетување на предмети“ - оштетување, уништување или расипување на предмети на трети лица настанати поради штетен настан за времетраење на договорот за осигурување. Како предмети се сметаат и животни, готови пари и хартии од вредност;
„Трети лица“ - сите лица освен осигуреникот, членовите на неговото семејно домаќинство и роднините.
„Роднини“ - сопруг/а на осигуреникот или неговиот вонбрачен партнер, родителите на осигуреникот и родителите на неговата сопруга, роднини на осигуреникот до четвртото колено, сватови, маќеа, очув и старатели.
ОСИГУРЕНИ РИЗИЦИ (ОПАСНОСТИ)
Член 1
(1) Осигурувањето ги покрива оштетните побарувања на нарачателот на услуги или на трети лица, кои се последица на стручна грешка на осигуреникот:
- при изработка на проектна документација,
- при технички и градежен надзор,
- при вршење на ревизија,
а за кои осигуреникот одговара врз законска основа и ако таквата стручна грешка има за последица:
1) повреда на лица
2) оштетување на предмети;
3) оштетување или уништување на објектите и опремата што се предмет на проектирање или надзор (оштетување на објекти);
4) статичка, динамичка или геометриска потреба за изработка, набавка или вградување на нов елемент или дел заради неговата неупотребливост односно невозможност за употреба, иако не дошло до негово физичко оштетување или уништување. Тоа покритие ги опфаќа само трошоците кои се директно поврзани со замената на тој елемент или дел, а не ги покрива посредните трошоци на останатите делови на објектот/опремата каде заменетите елементи или делови се вградуваат (имотна штета).
НЕОСИГУРЕНИ РИЗИЦИ (ОПАСНОСТИ)
Член 2
(1) Доколку не е поинаку договорено и не е платена дополнителна премија осигурувањето не покрива:
1) оштетните побарувања заради загадување на околината. Во тој случај околината се смета како предмет. Во обемот на оштетување на предмети осигурувањето ги покрива и трошоците за расчистување односно санација на штетата врз околината (одговорност за еколошка штета). Осигурувањето во секој случај не ги покрива штетите заради оштетните побарувања наведени во точка 26 од став 2 на овој член;
2) оштетните (регресните) побарувања на фондовите за здравствено, пензиско и инвалидско осигурување како и побарувањата на осигурителните друштва за здравствено осигурување и останатите посредно оштетени лица.
(2) Осигурувањето не ги покрива оштетните побарувања;
1) кои според спогодбата или според посебниот договор ги надминуваат обврските што произлегуваат од законските одредби за одговорност;
2) поради штета која нема за последица ниту повреда на лица ниту оштетување на предмети ниту е нивна последица (чиста финансиска загуба), освен во случај на точка 4 став 1 од член 1 на овие услови;
3) поради штета што ќе ја претрпат вработените на осигуреникот односно изведувачот на работа на објектот/опремата што се предмет на проектирање или надзор;
4) поради некомерцијално советување од страна на осигуреникот или од страна на неговите вработени
5) поради кршење на превземените договорни обврски;
6) ако осигуреникот или неговите вработени предизвикаат стручна грешка намерно или од крајно невнимание;
7) што се последица на непочитување на општите правила на техниката, техничките прописи, упатства, нормативи, стандарди или одредби на техничката инспекција или надзорните органи;
8) поради користење на непроверени статички, пресметковни и други методи и непроверени конструкции и материјали;
9) поради грешка во финасиските делови на проектната пресметка;
10) доколку до стручната грешка дошло во време кога осигуреникот или лицата кои за него вршат работи немале соодветна регистрација односно дозвола за вршење на дејноста;
11) како последица на вршење на разни истражувања, добивање и издавање на разни согласности и дозволи;
12) што настанале поради измама, други кривични дејства, присилување, закана или заплашување;
13) поради нарушување на угледот или доброто име;
14) до кои доаѓа поради казна, која е должен да ја плати нарачателот на проектот или осигуреникот;
15) кои немаат повратно значење (како на пример изречена казна за сторено кривично дело)
16) кои настанале поради губење на податоци или документи (писмени, печатени или електронски сочувани), кои на осигуреникот му се доверени на чување;
17) за штета што ќе ја претрпи осигуреникот и неговите партнери кои имаат во фирмата сопственички удел од над 25% и/или имаат според законска основа или според актите на фирмата право односно можност да раководат со претпријатието (мнозински сосопоственици), како и штетата што ќе ја претрпат роднините (до трето колено) на осигуреникот, и тогаш кога тие се вработени кај него,
како и роднините (до трето колено) на мнозинскиот сосопственик, ако се вработени кај осигуреникот, чија професионална одговорност е осигурена;
18) поради неисполнување на обврските на нарачателот што се одредени во договорот;
19) за штети кои се последица на неплаќање на извршените услуги;
20) за штети поради нефункционалност или естетски недостатоци на доградениот (неоштетениот) објект или опрема;
21) за штети поради изгубена добивка, кирија, прекинување на работа, и слични оштетни побарувања за посредна штета. Кај проектирањето машини и технолошка опрема осигурувањето не ги покрива и посредните штетите поради скратен животен век на употребата на машината, количинското намалување на производството, несоодветниот квалитет или количина на извршена работа со машините или технолошката опрема, оштетувања или уништување на материјалите за производство, нерентабилност или недоволни капацитети;
22) поради повисоки трошоци за поправка, за прекувремена, ноќна работа, работа за време на празници и за брз и авионски превоз;
23) што произлегуваат од кршење на интелектуална сопственост (заштитени /патентирани и производни права;
24) што произлегуваат од одговорност за производ или од гаранции за потполна исправност на работење на предметите;
25) што се однесуваат на воздушни летала и пловни објекти од сите видови, како и на копнени моторни возила, приколици и самоодни работни машини;
26) поради штети врз околината:
- што настанале постепено,
- што настанале во Америка и Канада,
- што се однесуваат на трошоците за превземање на мерки за спречување на штетата врз околината,
- кои се однесуваат на трошоците за расчистување односно санирање на штетата на локација која е во сопственост на осигуреникот,
- кои настанале заради нередновно извршени прегледи, сервиси или неизвршена потребна поправка,
- кои се неизбежни во нормални услови на дејствување, нужни или чии последици осигураникот ги предвидел и прифатил,
- кои произлегуваат од проектирање, технички и градежни надзор и ревидирање на проектот за комунални објекти и опрема (како што се на пример ѓубришта, места за спалување и места за припрема на компост);
27) поради штети што произлегуваат од било која професионална болест;
28) кои се однесуваат, произлегуваат, базираат или и се припишуваат на било каква грешка на софтверска или хардверска опрема, на микропроцесори, компјутери, комјутерска или друга слична опрема, која делумно или во потполност ќе откаже, ќе се оштети или ќе предизвика штета (вклучувајќи и инфицирање на програмската опрема или податоци). Тоа се однесува и на софтверски и хардверски производи и опрема, обликување на компјутерски системи, нивна продажба, измени, сервисирање, одржување или советување од страна на осигуреникот или во негово име;
29) поради атомска реакција, атомска радијација или радиоактивна биолошка и хемиска контаминација;
30) поради дејство на магнетно и електромагнетно поле и полихалогенирани бифеноли (PCB) како и јонизирачко зрачење;
31) кои произлегуваат од користење односно употреба на азбест или вештачки минерални влакна или од користење
односно употреба на кварц во кој било облик (кварцен прав, кварцно стакло, кварцна земја и сл.);
32) кои произлегуваат од болести или синдром на групна спонгиформна енцефалопатија, нејзини мутации или варијанти како на пример говедска спонгиформна енцефалопатија (BSE), прионски болести, преносливи енцефалопатии (ТМЕ), болести на хронична изнемоштеност (CWD), Кројцфелд-Јакобова болест (CJD), синдоромот Герстман-Xxxxxxxxx-Шајнкер (GSS), лечење на болести или фатална несоница;
33) кои се резултат, односно последица на генетски мутирани компоненти на генетски модифицирани организми (GMO), на кои било белковини, кои произлегуваат од генетско мутирани компоненти GMO, или производи кои содржат такви компоненти или белковини;
34) кои произлегуваат од здравствени проблеми кои индиректно или директно ги предизвикува или кои се во врска со човечкиот Т-клеточен лимфотропен вирус од типот III (HTLV III) или со вирусот LAV или нивните мутации или варијации, или на било кој начин се поврзани со синдромот на стекнато губење на имунитет (AIDS), или со сличен синдром или проблем без оглед на неговиот назив;
35) кои произлегуваат од заразеност со Methicillin-resistant Staphylococcus aureus (MRSA), птичји грип и со и егионел.
36) поради повреда на вратниот сегмент;
37) кои произлегуваат од вршење испитувања, следења, набавки, набавувања, подготвувања, преработка, изработка, дистрибуција, чување или друга употреба на материјали кои во целина или делумно потекнуваат од човечкото тело (на пр. но не исклучиво: ткива, клетки, органи, пресадување на органи, крв, урина и излачувања) и соодветни варијанти или биосинтетички производи;
38) поради штета, загуба, издаток или трошок од секаков вид што е директна или индиректна последица од или во врска со дејство преземено за контрола, превенција, угушување или на било кој начин се поврзани со:
а) војна, инвазија, дејство на странски непријатели, непријателски или воени операции (без оглед дали е војната е објавена или не), граѓанска војна , побуна, револуција, востание, граѓански немири имајќи го во предвид учеството во или големината на востанието, воена или узурпаторска сила, и/или
б) некое дејство на тероризам
Дејство на тероризам се дефинира како дејство, кое вклучува, но не е лимитирано на употребата на сила или насилство и/или од нивна закана од било кои лица или групи на лица, без разлика дали дејствуваат сами или во име или врска со било која организација или влада, посветени за политички, религиозни, идеолошки или слични цели вклучувајќи ја намерата да се влијае на било која влада и/или да се заплаши јавноста или дел од јавноста.
(3) Осигурувачот не ги надоместува трошоците за поправка на предмети кои не биле предвидени со проектот (на пр. поголеми трошоци заради промена на начинот на изведувањето на работите, извршени подобрувања, потребни зајакнувања заради изменети статички и други основи и сл.), и тогаш кога трошоците се последица на штетен настан, освен ако тие трошоци се пониски од вредноста на оштетениот дел според состојбата непосредно пред штетата.
СКЛУЧУВАЊЕ ДОГОВОР ЗА ОСИГУРУВАЊЕ
Член 3
(1) Договорот за осигурување се склучува на основа на потполнет прашалник од страна на осигуреникот.
(2) Осигурувачот може по примањето на потполнетиот прашалник да бара дополнувања и објаснувања. Договорот за осигурување е
склучен кога договорните страни ќе ја потпишат полисата за осигурување.
(3) Одредбите за склучување на договорот за осигурување се користат и кога ќе се измени постоечкиот договор за осигурување, освен во случај на измени на условите или тарифите за осигурување.
СУМА НА ОСИГУРУВАЊЕ
Член 4
(1) Доколку не е поинаку договорено и не е платена дополнителна премија, сумата на осигурување назначена на полисата претставува горна граница на обврските на осигурувачот за поединечен штетен настан и за сите штетни настани кои се појавиле во осигурителната година (годишен агрегат), независно од бројот на оштетените лица ниту од видот и висината на штетата.
(2) Во случај кога годишниот агрегат ќе се искористи, осигурителното покритие престанува и пред рокот назначен како истек на осигурувањето. Во ваков случај осигурителното покритие може да се продолжи само ако посебно се договори и се плати дополнителна премија.
ОСИГУРЕН СЛУЧАЈ
Член 5
(1) Како осигурен случај се смета оштетно побарување кое нарачателот на услугата или трето лице писмено го бара од осигуреникот и од осигурувачот, и двете за времетраење на осигурувањето односно најдоцна во рок од 30 дена по истекот на осигурувањето, за стручна грешка до која дошло за времетраење на осигурувањето, ако не е поинаку договорено.
(2) За времетраење на осигурувањето според овие услови се смета и периодот на непрекинатото осигурување за иста опасност кај осигурувачот со исти или различни последователни (сукцесивни) договори.
(3) Ако стручната грешка настанала поради неизвршување на превземени односно договорени обврски, во случај на двоумење се смета дека е сторена на последниот ден кога постапката морала да биде извршена за да не дојде до штета.
(4) За еден осигурен случај се смета:
1) ако за еден штетен настан има повеќе оштетни побарувања;
2) ако повеќе штетни настани се појавуваат од иста причина;
3) ако повеќе штетни настани се појавуваат поради иста причина меѓу кои има правна, техничка или економска врска. Во тој случај како време на настан на осигурениот случај се смета времето кога настанала првата стручна грешка.
(5) За поднесување на оштетно побарување е доволно и писменото известување од страна на нарачателот на услугите или од страна на трето лице за тоа дека поради стручна грешка на осигуреникот му е причинета штета.
ТЕРИТОРИЈАЛНО ПОКРИТИЕ НА ОСИГУРУВАЊЕТО
Член 6
(1) Осигурувањето важи само за оние осигурани случаи до кои би дошло при вршење на дејноста на осигуреникот (проектирање, технички и градежен надзор и ревидирање) што е регистрирана на подрачјето на Република Македонија, освен ако не е поинаку договорено и платена дополнителна премија.
ПОВЕЌЕКРАТНО ОСИГУРУВАЊЕ
Член 7
(1) Договорувачот на осигурувањето односно осигуреникот е должен при склучување на осигурувањето и при пријава на осигурен случај да го извести осигурувачот за тоа дали истата опасност можеби е осигурена и кај некој друг осигурувач.
(2) Во случај на повеќекратно и двојно осигурување се применува член 990 од Законот за Облигациони Односи.
ОКОЛНОСТИ ЗНАЧАЈНИ ЗА ОЦЕНА НА РИЗИКОТ
Член 8
(1) Осигуреникот е должен при склучувањето на договорот на осигурувачот да му ги пријави сите околности што се важни за оценување на опасноста и кои му биле познати или не можеле да му бидат непознати.
(2) Осигуреникот е должен за секоја промена на околностите, во текот на траењето на договорот за осигурување, кои би можеле да бидат од значење за оценување на опасноста, без одложување да го извести осигурувачот.
(3) По потреба осигуреникот е должен да му овозможи на осигурувачот преглед и ревизија на ризиците.
ВАЖНОСТ НА ОСИГУРУВАЊЕТО
Член 9
(1) Осигурувањето според овие услови може да се склучи за поединечен проект или за сите проекти, кои од денот на почетокот на осигурувањето ќе ги добие осигуреникот за изработка, и трае за целокупниот период на изградба на поединечниот објект или опрема како и за периодот на 2 годишна гаранција, освен ако не е поинаку договорено. Доколку осигурувањето по склучениот договор престане, престанува и покритието за сите проекти односно за поединечен проект и тогаш кога се тие во изградба или уште под гаранција освен ако не е поинаку договорено.
(2) Договорот за осигурување е склучен кога договорните страни ќе ја потпишат полисата за осигурување.
(3) Осигурувачот е во обврска само ако осигурениот случај и штетата настанале по започнувањето и пред истекот на осигурителното покритие.
(4) Обврската на осигурувачот од договорот за осигурување започнува после 24 часот од денот кој е наведен во полисата како почеток на осигурувањето и ако премијата е платена до тој ден, или после 24 часот од денот кога премијата е платена, освен ако не е поинаку договорено.
(5) Обврската на осигурувачот завршува по истекот на 24. час од денот кој е наведен во полисата како ден на завршување на осигурувањето. Кога во полисата е наведен само почетокот на осигурувањето, истото продолжува од година во година (перманентно), додека некоја од договорните странки писмено не го откаже договорот најмалку 3 месеци пред крајот на тековната осигурителна година.
(6) Доколку осигурувањето е склучено за повеќе од пет години, секоја договорна страна смее по истекот на тоа време со отказен рок од шест месеци да го откаже договорот и тоа писмено да и го соопшти на другата страна.
(7) Осигурителното покритие се однесува само за штетните настани што ќе се случат на географското подрачје кое е наведено во полисата и под услов оштетните побарувања поради овие настани да се поднесуваат и решаваат во тие држави. Ако не е поинаку договорено и платена дополнителна премија осигурителното покритие важи само за подрачје на Република Македонија.
КОНЕЧНА ПРЕСМЕТКА НА ПРЕМИЈАТА
Член 10
(1) Конечна пресметка на премијата се изведува кај осигурувањата кај кои во периодот на осигурување се променала основата за пресметка на премијата употребена на почетокот на осигурувањето.
(2) Конечната пресметка се врши на крајот на осигурителната година. Ако основата се зголеми, осигуреникот мора да ја доплати разликата, ако пак основата се намали износот на преплата се
признава како намалување на премијата на осигуреникот во наредната осигурителна година.
РЕВИЗИЈА НА ПРОЕКТИ
Член 11
(1) Доколку според законот или во договорот помеѓу нарачателот и осигуреникот се бара ревизиската комисија да ја прегледа и одобри проектната документација, осигурувањето не ја покрива штетата ако работите се изведуваат без ревизиската комисија да го одобрила проектот. Ако ревизиската комисија дала забелешки на проектот, осигурувањето не ги покрива штетите настанати поради неприфаќање на таквите забелешки.
НАПЛАТА НА ПРЕМИЈАТА И ПОСЛЕДИЦИ ОД НЕПЛАЌАЊЕ
Член 12
(1) Првата или еднократната премија за осигурување осигуреникот мора да ја плати при приемот на полисата за осигурување.
(2) Ако е договорено премијата да се плаќа на рати и не се пресметани камати поради одложувањето на плаќањето, при настанувањето на осигурен случај доспеваат за плаќање сите рати на премијата од тековната осигурителна година.
(3) При плаќањето на премијата преку фактура или некој друг документ, каде обично се определува рокот за плаќање на првата премија, се смета дека премијата за осигурување е платена доколку плаќањето е извршено до рокот на доспевање назначен на фактурата или некој друг документ.
(4) Ако е договорено премијата да се плаќа на рати или наназад, може да се пресмета редовна камата од износот на премијата, за која е договорено одложување на плаќањето. Ако премијата на рати не е платена до денот на доспевање, може да се пресмета и затезна камата.
(5) Ако премијата е платена по пошта, за ден на плаќање се смета денот кога износот на премијата правилно бил уплатен во пошта. Ако пак премијата е платена со налог, за ден на плаќањето се смета денот кога налогот ќе дојде во банката на осигурувачот.
(6) Ако на осигуреникот му се признал попуст за времетраење на осигурувањето и тој тоа го прекинал пред истекот на договорениот рок, осигурувачот има право да ја бара разликата до премијата што осигуреникот би требало да ја плати ако осигурувањето било склучено само за период до прекинувањето.
(7) Акo дoгoвopyвaчoт нa ocигypyвaњeтo, пpeмиjaтa што cтacaлa по cклyчyвaњeто нa дoгoвopoт нe ja плaти дo cтacaнocтa, нитy тоа гo стори некое друго зaинтepecиpaнo лицe, дoгoвopoт зa ocигypyвaњe пpecтaнyвa спoред caмиoт зaкoн - пo иcтeкoт нa poкoт oд 30 дeнa oд кoгa на дoгoвopyвaчoт нa ocигypyвaњeтo мy e вpaчeнo пpeпopaчанo пиcмo oд ocигypyвaчoт co извecтyвaњe зa cтacaнocтa нa пpeмиjaтa, нo co тoa што тoj poк дa нe мoжe дa иcтeчe пpeд дa поминaт 30 дeнa oд cтacaнocтa нa пpeмиjaтa.
(8) Во случај кога договорот за осигурување престанува да важи заради неплатена премија, осигуреникот мора да ја плати премијата до денот на важењето на договорот. Ако до денот на важењето на договорот за осигурување настанал осигурен случај за кој осигурувачот мора да плати отштета, осигуреникот мора да ја плати целата премија за тековната осигурителна година.
ДОЛЖНОСТИ НА ОСИГУРЕНИКОТ ПРИ НАСТАНУВАЊЕ НА ОСИГУРЕН СЛУЧАЈ
Член 13
(1) Осигуреникот е должен да го извести осигурувачот дека се појавил осигурен случај во рок од 3 (три) дена од денот кога тој за него дознал и да му ги достави сите оригинални докумени што содржат оштетни побарувања.
(2) Доколку документите се изгубат или исчезнат, осигуреникот е должен да пријави во најблиската полициска станица.
(3) Ако против осигуреникот или против лицето за кои осигуреникот е одговорен, се покрене судска постапка поради
сомнеж за извршување на криминално дејство или ако се издаде одредба за кривично казнена постапка, осигуреникот е должен веднаш да го извести осигурувачот иако веќе го пријавил осигурениот случај како што е определено во став 1 на овој член.
(4) Осигуреникот е должен да се однесува согласно со упатствата и советите на осигурувачот и да се потруди, во границите на своите можности да ја избегне, намали или разјасни штетата. Тој мора да го поддржува осигурувачот како при одбивање на штетата така и при одредување на висината и решавање на штетата. Тој е должен да дава детални и вистинити известувања во врска со штетата, да ги назначи сите околности поврзани со осигурениот случај и да му ги достави на осигурувачот сите запишани податоци кои можат да бидат значајни за проценката на осигурениот случај.
(5) Осигуреникот може да му го препушти водењето на судската постапка на осигурувачот и да издаде овластување за застапување на овластеното лице од страна на осигурувачот.
(6) Осигурувачот може да одбие да го води спорот и да го препушти водењето на спорот на осигуреникот, ако процени дека нема место за давање правна заштита.
(7) Во случај од став 6 на овој член, осигуреникот во согласност и со упатство од осигурувачот, е должен да се придржува на упатствата и налозите на осигурувачот во поглед на водење парнична постапка.
(8) Осигуреникот нема право без претходна согласност од осигурувачот, да го прифати целосно или делумно оштетното побарување побарување, да постигне спогодба или да изврши исплата на штета.
(9) Ако осигуреникот го спречи осигурувачот при решавањето на оштетните побарувања или ако тој не соработува со него при решавање на осигурениот случај, односно на било кој начин ги прекршува одредбите од договорот за осигурување, тој е должен да ја надокнади штетата што ќе му настане на осигурувачот
НАДОМЕСТ НА ШТЕТА
Член 14
(1) Осигурувачот ја надоместува штетата заедно со трошоците за одбрана, што е утврдена според одредбите на овие услови и е ограничена со висината на сумата за осигурување.
(2) Доколку се утврди дека осигуреникот, кога дошло до осигурениот случај, имал повеќе деловни приходи, повеќе вработени лица или околностите што влијаат на пресметката на премија биле поинакви и поради тоа е платена недоволна премија, надоместот на штетата се исплатува во пропорција помеѓу платената премија и премијата која би морала да биде платена.
(3) Учеството на осигуреникот во секоја штета (франшиза) изнесува 10% од надоместот на штета, но најмалку 500 ЕУР во денарска противредност освен ако не е поинаку договорено.
(4) Доколку не е поинаку договорено, надоместот на штетата за сите осигурени случаи во една осигурителна година е лимитиран со износот на договорената сума за осигурување (годишен агрегат).
(5) Ако осигуреникот врши услуга за нарачателот заедно со други извршители (соизвршители), надоместот на штетата се исплатува во пропорција помеѓу сумата за осигурувањето на осигуреникот, наведена во полисата, и заедничката сума на осигурување за еднаква опасност наведена во договорите за осигурување на останатите соизвршители.
(6) Осигурувачот ја надоместува штетата на осигурениот објект/опрема на тој начин што ќе го признае воспоставувањето на објектот/опремата во претходната состојба (пред настанувањето на штетата) според трошоците кои важат на денот на пресметувањето на штетата.
НАДОМЕСТ НА ТРОШОЦИ
Член 15
(1) Покрај исплатата на надоместот на штетата, во сумата на осигурување се вклучени и трошоците за судска постапка за докажување на одговорноста на осигуреникот.
(2) Осигурувачот ги надоместува и трошоците на судската постапка и штетата што ќе настане поради трошоците за застапување на оштетениот, доколку сам го водел спорот или му дал согласност на осигуреникот за водење на спорот, па и тогаш кога оштетното побарување за надомест на штета не било основано, но заедно со надоместокот на штетата до висината на сумата за осигурување. Ако судската постапка е водена без знаење и согласност на осигурувачот, со осигурувањето не се покриени трошоците на спорот.
(3) Трошоците за одбрана на осигуреникот во кривична постапка осигурувачот ги надоместува само во случај кога се сложил со изборот на бранителот и се обврзал да ги надокнади тие трошоци, но заедно со надоместокот на штетата до висината на сумата за осигурување
(4) Кога ќе ја изврши својата обврска со исплатата на сумата за осигурување осигурувачот се ослободува од понатамошни давања на име надомест и трошоци за еден осигурен случај и годишно доколку во договорот за осигурување не е поинаку договорено
ДОЛЖНОСТИ НА ОСИГУРУВАЧОТ ПРИ НАСТАНУВАЊЕ НА ОСИГУРЕН СЛУЧАЈ
Член 16
(1) Осигурувачот е должен, при склучувањето на осигурувањето, на осигуреникот да му ги предаде условите на осигурувањето, кои се составен дел од договорот за осигурување.
(2) Осигурувачот е должен детално да ги испита оштетните побарувања како според основ на штета така и по висина на оштетно побарување, да ги прифати оправданите побарувања како и да се погрижи за одбраната на осигуреникот од неоправдани или претерани оштетни побарувања.
(3) До висината на сумата на осигурување осигурувачот ги покрива и судските трошоци на осигуреникот само во случај кога судската постапка од самиот почеток ја води осигурувачот или лице назначено од страна на осигурувачот.
(4) Осигурувачот е должен да го исплати надоместот на штетата во рок од 14 дена од денот кога ќе ги добие сите документи што се неопходни да се определи основот и висината на оштетното побарување.
ВРАЌАЊЕ НА ПРЕМИЈА
Член 17
(1) Осигурувачот ќе го врати делот од наплатената премија за осигурување за неискористениот период на осигурување, ако осигурениот ризик престане да постои по склучувањето на полисата.
(2) Ако осигурениот ризик престане да постои пред склучувањето на полиста, осигурувачот ќе го врати износот на наплатената премија за осигурување намален за манипулативните трошоци.
(3) Во другите случаи на прекин на осигурувањето пред крајот на истекот на осигурувачот му припаѓа премијата до денот на прекинот освен ако во полисата не е договорено поинаку.
(4) Независно од одредбите во став 1, 2 и 3 од овој член осигурувачот не му ја враќа наплатената премија на осигуреникот поради прекин на осигурувањето ако во периодот до прекинот се појавил штетен настан.
ПРОМЕНА НА АДРЕСАТА
Член 18
(1) Осигуреникот мора да го извести осигурувачот за промената на адресата на своето живеење, односно седиштето или за
промената на своето име, односно името на фирмата во рок од 15 дена од денот на промената.
(2) Доколку осигуреникот ја променил адресата на живеење, односно седиштето или своето име, односно името на фирмата, а за тоа не го известил осигурувачот е доволноо сигурувачот известувањето кое мора да му го соопшти на осигуреникот да го испрати на адресата на неговото последно постојано живеалиште или седиште или да го адресира на последното познато име, односно фирма.
(3) Во случај кога обидот да се достави препорачаната пратка до осигуреникот не успее (поради преселување или одбивање да се прими) осигурувачот вратената пратка ќе ја смета како доставена и ќе ја депонира во своето седиште. Осигуреникот се согласува дека вратените недоставени пратки се сметаат како примени на денот од првиот обид за доставување и дека е запознат со сорджината на пратката.
ПРЕТСТАВКИ ОД ОСИГУРЕНИЦИ
Член 19
(1) Осигуреникот, корисникот на осигурување или трето оштетено лице има право да поднесе претставка до Друштвото за осигурување доколку смета дека Друштвото не се придржува кон одредбите од договорот за осигурување, согласно Законот за супервизија на осигурување.
(2) Друштвото за осигурување е должно да се произнесе по претставката на осигуреникот/корисникот на осигурувањето/трето оштетено лице во рок од 30 дена од денот на поднесување на претставката.
(3) Доколку не е задоволен од одговорот на Друштвото за осигурување или ако Друштвото за осигурување не одлучи и писмено не го извести во рокот од 30 дена од денот на поднесувањето на претставката, осигуреникот/корисникот на осигурување/третото оштетено лице има право да поднесе претставка/жалба до Агенцијата за супервизија на осигурување, согласно Законот за супервизија на осигурување и подзаконските акти донесени врз основа на овој закон.
ПОСТАПКА НА ВЕШТАЧЕЊЕ
Член 20
(1) Секоја од договорните страни може да бара одредени спорни факти да ги утврдат вештаци. Барањето се доставува во писмена форма до другата договорна страна. Ако другата договорна страна се сложува со тоа, се пристапува кон постапка на вештачење.
(2) Секоја договорна страна писмено именува свој вештак. Избраните вештаци пред почетокот на работата избираат трет вештак, како претседател кој не може да биде од редовите на лицата кои се во работен однос со осигурувачот и осигуреникот.
(3) Вештаците му предаваат на осигурувачот и осигуреникот по еден примерок од својот писмен наод во определен рок. Ако наодите на вештаците меѓусебно отстапуваат, осигурувачот, нивните писмени наоди веднаш ќе му ги предаде на третиот вештак, кој своето стручно мислење го дава само во границите на констатациите од двата вештаци.
(4) Констатациите на вештаците се задолжителни за двете страни.
(5) Секоја договорна страна ги сноси трошоците за вештакот што го бира и половина од трошоците за третиот вештак.
HAДЛEЖHOCT BO CЛУЧAJ HA CПOP
Члeн 21
(1) Xx xxxxxx нa cпop пoмeѓy дoгoвopyвaчoт нa ocигypyвaњeтo - ocигypeникoт и ocигypyвaчoт, нaдлeжeн e cтвapнo нaдлeжниoт cyд cпоред мecтoтo на седиштето на осигурувачот.
HAЧИH HA ИЗBECTУBAЊE
Члeн 22
(1) Cитe извecтyвaњa и пpиjaви штo дoгoвopyвaчoт нa ocигypyвaњeтo e дoлжeн дa ги нaпpaви вo cмиcлa нa oдpeдбитe oд oвиe и дpyги ycлoви нa ocигypyвaњe, зaдoлжитeлнo тpeбa пиcмeнo дa ce пoтвpдaт aкo ce нaпpaвeни ycнo, пpeкy тeлeфoн, тeлeгpaмa или нa билo кoj дpyг нaчин.
Kaкo дeн нa пpиeмoт нa извecтyвaњeтo, oднocнo пpиjaвaтa ќe ce cмeтa дeнoт кoгa e пpимeнo извecтyвaњeтo, oднocнo пpиjaвaтa. Aкo извecтyвaњeтo oднocнo пpиjaвaтa ce иcпpaќa пpeпopaчaнo, кaкo дeн нa пpиeмoт ќе ce cмeтa дeнoт нa пpeдaвaњeтo вo пoштa
(2) Спогодбите што се однесуваат на содржината на договорот важат само ако писмено се склучени.
ИЗMEHИ HA УCЛOBИTE ЗA OCИГУPУBAЊE И TAPИФATA HA ПPEMИИ
Члeн 23
(1) Aкo ocигypyвaчoт ги измeни Уcлoвитe зa ocигypyвaњe или Tapифaтa нa пpeмии, дoлжeн e зa тoa пиcмeнo, или нa дpyг пoгoдeн нaчин, дa гo извecти дoгoвopyвaчoт нa ocигypyвaњeтo нajдoцнa шeeceт дeнa пред истекот на тековната година на осигурувањето.
(2) Дoгoвopyвaчoт нa ocигypyвaњeтo имa пpaвo дa гo oткaжe дoгoвopoт зa ocигypyвaњe вo poк oд шeeceт дeнa oд дeнoт нa пpиeмoт нa извecтyвaњeтo. Bo тoj cлyчaj, дoгoвopoт зa ocигypyвaњe пpecтaнyвa дa вaжи co иcтeкoт нa тeкoвнaтa гoдинa нa ocигypyвaњeтo.
(3) Aкo дoгoвopyвaчoт нa ocигypyвaњeтo нe гo oткaжe дoгoвopoт зa ocигypyвaњe вo poкoт oд cтaв 2 oд oвoj члeн, дoгoвopoт зa ocигypyвaњe вo пoчeтoкoт нa нapeдниoт пepиoд нa ocигypyвaњeтo ce мeнyвa вo cooбpaзнocт co извpшeнитe измeни вo Уcлoвитe зa ocигypyвaњe, oднocнo Tapифaтa нa пpeмии.
ПРОМЕНА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ
Члeн 24
(1) Осигуреникот е должен да го извести осигурувачот за: промена на адресата на живеење, односно седиштето, промена на своето име или презиме, односно називот на фирмата, промена на трансакциска сметка, промена на телефонски број за контакт, во рок од 15 дена од денот на настанување на промената.
(2) Доколку осигуреникот ги променил личните податоци наведени во точка 1 од оваа одредба, а за тоа не го известил осигурувачот, осигурувачот известувањето кое мора да му го соопшти на осигуреникот ќе го испрати на адресата на неговото последно живеалиште или седиште или ќе го адресира на последното познато име и презиме, односно назив на фирма.
(3) Во случај кога обидот да се достави препорачаната пратка до осигуреникот нема да биде успешeн (поради преселување или одбивање да се прими), осигурувачот вратената пратка ќе ја смета како уредно доставена и ќе ја депонира во своето седиште. Осигуреникот се согласува дека вратените недоставени пратки се сметаат за примени од денот на првиот обид за доставување и дека е запознат со содржината на пратката.
ЗАШТИТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ
Член 25
(1) Осигуреникот, согласно Законот за заштита на личните податоци изречно се согласува неговите лични податоци да се користат за натамошна обработка од страна на осигурувачот во својство на контролор и од страна на обработувачи на лични податоци за спроведување на конкретните права и обврски од договорот за осигурување, каде осигуреникот е договорна страна или на барање на осигуреникот, пред негово пристапување кон договорот.
(2) Осигуреникот изречно се согласува и го овластува псигурувачот во интерес на работата, а во врска со правата и обврските кои произлегуваат од овој договор, да се интересира за неговите лични податоци (адреса на живеење, вработеност, имотна состојба и примања) кај одговорните државни органи или било која друга надлежна институција, и истите да ги употреби доколку е тоа потребно за извршување на одредбите од овој договор.
(3) Осигуреникот му дозволува на осигурувачот неговите лични податоци да бидат дадени на користење и на други надлежни институции кои за тоа поднеле писмено барање, а во врска со извршување на нивните редовни работи во согласност со закон.
(4) Личните податоци на осигуреникот можат да се користат само во рамките на работите кои произлегуваат од правата и обврските на овој договор и се чуваат во законски утврдените рокови. осигурувачот се обврзува дека личните податоци на осигуреникот внимателно ќе ги чува во согласност со прописите за заштита на личните податоци.
НАДЛЕЖЕН ОРГАН
Член 26
Надлежен орган за супервизија врз работењето на друштвото за осигурување е Агенцијата за супервизија на осигурување, до која осигуреникот / корисникот на осигурувањето
/третото оштетено лице може да достави претставка/жалба во однос на друштвото за осигурување согласно Законот за супервизија на осигурување.
ЗАВРШНА ОДРЕДБА
Член 27
Овие Услови влегуваат во сила со денот на донесувањето, а ќе се применуваат од 01.05.2014 година, со што престануваат да важат Условите за осигурување одговорност на проектанти со деловоден број 02-2344/12 од 22.04.2009 година, донесени на VI- та седница на Одборот на директори одржана на 21.04.2009 година, со датум на примена од 01.01.2009 година.