Contract
Комерцијална Банка АД Скопје
Бр.
ДОГОВОР
за користење на услугите на Интернет банката
Склучен на ден година, помеѓу:
1. Комерцијална банка АД Скопје (во понатамошниот текст: Банка), застапувана од
, од една страна и
2. ( во натамошниот текст: Xxxxxxxx ),
застапуван од .
Општи одредби
Член 1
Со овој Договор се регулираат меѓусебните права, обврски и одговорности на договорните страни кои произлегуваат од користење на услугите на Интернет банката заради доставување на платни инструменти / налози за плаќање и други информации во електронски облик.
Член 2
Договорните страни се согласни дека сите електронски пораки и налози помеѓу Xxxxxxx и Корисникот, потпишани со важечки дигитален сертификат издаден или прифатен од страна на Банката, се сметаат за веродостојни и неспорни.
Користење на услугите на Интернет банката
Член 3
Услугите на Интернет банката за увид во состојбата, промените и изводот на сметките, увид во состојбата на орочените депозити, како и доставување на електронски налози за плаќање на Корисникот ќе му бидат достапни 24 часа дневно, седум дена во неделата,а услугите на Интернет банката за купопродажба на странски платежни средства за денари на Корисникот ќе му бидат достапни во рамки на официјалната сесија на девизниот пазар (8,30-16,00 часот) секој работен ден , во обем и на начин утврден со овој Договор, Општите услови на Комерцијална Банка АД Скопје за користење на услугите на електронското банкарство, (во понатамошниот текст: Општи услови), актите на деловната политика на Банката и останатите документи кои се составен дел на овој Договор.
Електронските налози за плаќање доставени преку Интернет банката ќе се извршуваат согласно Терминскиот план на Банката за учесниците во платниот промет во земјата односно законските и интерните акти за извршување на платниот промет во странство.
Член 4
Услугите од Интернет банката Корисникот може да започне да ги користи првиот следен работен ден, по исполнувањето на неопходните услови пропишани во Општите услови.
Овластување за користење на услугите на Интернет банката
Член 5
Банката ќе овозможи користење на услугите на Интернет банката на физичките лица кои Корисникот ќе ги овласти во негово име и за негова сметка да извршуваат работи преку Интернет банката, во согласност со нивото на овластувањата и правата определени од страна на Корисникот.
Овластувањето за плаќање преку Интернет банката, Банката ќе го овозможи само на физичкото лице кое Корисникот ќе го овласти за располагање со средствата од сметките и кое има важечки дигитален сертификат.
Корисникот може да ги повлече дадените овластувања за одредено Овластено лице со писмено барање до Банката, врз основа на што Банката за тоа Овластено лице ќе го блокира користењето на услугите за кои се повлечени овластувањата.
Мерки на заштита, обврски и одговорности
Член 6
Со потпишување на овој Договор, Корисникот потврдува дека е запознаен со содржината на документите кои ја регулираат сигурноста при користењето на услугите од Интернет банката пропишани од страна на Xxxxxxx и дека ќе се придржува до нив.
Член 7
Корисникот се обврзува да ги информира сите Овластени лица за користење на услугите, со содржината, правата и обврските кои произлегуваат од овој Договор и документацијата која е негов составен дел, Општите услови и корисничките упатства.
За сите извршени трансакции и пораки испратени преку Интернет банката од страна на Овластените лица, користејќи ги овластувањата добиени од Корисникот, целокупната одговорност или евентуална штета ја сноси Корисникот.
Член 8
Банката не гарантира и не презема никаква одговорност за хардверот, софтверот и други средства кои Корисникот ги употребува при работата со Интернет банката.
Банката не презема никаква одговорност за евентуални последици кои се настанати со неовластено или нестручно користење на опремата која ја употребува Корисникот.
Банката не презема никаква одговорност за проблеми во телекомуникациски и други услуги кои ги овозможува трета страна.
Член 9
Xxxxxxx го задржува правото да врши промени во постојниот систем и сигурносните прописи.
Праќање, прием и евидентирање на електронските пораки и налози преку Интернет банката
Член 10
Договорните страни се согласни дека на електронските документи и електронските пораки не може да им се оспорува полноважноста или доказната сила само затоа што се во електронски облик, како и дека електронскиот потпис, кој може да се верификува со дигиталниот сертификат, во извршувањето на платниот промет во земјата и/или во странство , произведува исти правни последици како и рачниот потпис.
Член 11
Договорните страни се согласни дека електронскиот потпис:
- На единствен начин е поврзан со потписникот на електронскиот налог,
- Претставува доволна информација за идентификација на потписникот на електронскиот налог,
- Реализиран е со користење на средствата за генерирање на електронски потпис за кои е одговорен потписникот на електронскиот налог, и
- Поврзан е со електронските налози на кои се однесува, на тој начин што секоја дополнителна измена на податоците може да се открие.
Член 12
Електронските налози за плаќање се извршуваат на начин пропишан со законските прописи и актите на Банката кои го регулираат платниот промет во земјата и/или во странство важечки во моментот на извршување на плаќањата.
Купопродажбата на странски платежни средства во денари се врши на начин пропишан со законските и подзаконските прописи и актите на Банката кои ја регулираат оваа област важечки во моментот на извршување на трансакцијата.
Член 13
За извршување на електронските налози за плаќање Корисникот располага со средствата на сметките во Банката отворени врз основа на склучен Договор помеѓу Корисникот и Банката, а за кои е предвидено користење на одделни услуги од Интернет банката. Корисникот ќе може да врши плаќања преку Интернет банката само од оние сметки за кои е поднесено Барање.
Корисникот е должен, со редовен увид во промените на сметките да го следи и контролира извршувањето на трансакциите преку Интернет банката.
Корисникот е должен да ги контролира пополнетите електронски налози и е исклучиво одговорен за точноста и коректноста на податоците во истите.
Банката не сноси никаква одговорност во случај кога налогот е одбиен во системот на платниот промет поради грешка на Корисникот.
Банката не сноси никаква одговорност за извршување на неправилно пополнети налози од страна на Корисникот.
Надомест на штета
Член 14
Корисникот ја презема целата одговорност за направените трошоци и штети од страна на сите Овластени лица кои се направени во негово име и за негова сметка, а се во согласност со претходно дадените овластувања.
Секоја штета настаната со ненамерна или намерна, непропишана употреба на услугите од Интернет банката од страна на Корисникот ќе падне на терет на Корисникот.
Доколку Xxxxxxxxxx не ја надомести штетата во рок од 8 дена од денот на прием на барањето за надомест, Корисникот е согласен Банката за износот на надоместот да воспостави налог со кој ќе ја задолжи неговата сметка.
Чување, заштита и доверливост на податоците
Член 15
Корисникот се согласува Банката да врши снимање и трајно складирање на сите негови активности при користењето на Интернет банката.
Xxxxxxx ќе ги чува записите во согласност со законската регулатива и важечките прописи.
Член 16
Сите податоци кои се однесуваат на Корисникот и неговите активности при користење на Интернет банката се чуваат во базата на податоци на Банката на сигурен начин. Овие податоци по потреба може да се репродуцираат на хартија или во електронска форма.
Договорните страни се согласни дека ваквите податоци претставуваат неспорен доказ за извршените трансакции и нивната содржина.
Член 17
Xxxxxxx има обврска да обезбеди тајност на податоците за Xxxxxxxxxx и неговите активности и да спречи секаква злоупотреба на истите. Податоците за работењето преку Интернет банката се сметаат за деловна тајна на Xxxxxxx и Xxxxxxx по потреба може да ги испорача исклучиво на Корисникот или на органите кои се законски овластени да имаат увид во нив.
Член 18
Двете договорни страни се обврзуваат дека како доверливи ќе ги чуваат сите податоци, дејства и околности за кои добиле сознание во врска со извршување на овој Договор, за времетраењето на Договорот, како и по неговото раскинување или откажување, освен за тоа што е пропишано со важечките прописи или ако изрично поинаку не се договорат.
Член 19
Xxxxxxx се обврзува да обезбеди заштита на личните податоци за Корисникот и Овластените лица согласно законската регулатива. Личните податоци ќе се користат само за потребите на извршување на услугите преку Интернет банката, врз основа на согласност на субјектите на личните податоци и во случај и на начин предвиден со закон или друг пропис.
Привремен прекин и откажување на услугите
Член 20
Доколку Xxxxxxx се посомнева дека постои злоупотреба, го задржува правото привремено или трајно да го блокира извршувањето на одделни или на сите услуги од Интернет банката и за тоа веднаш ќе го извести Корисникот.
Член 21
Банката може да врши краткотрајни прекини на услугите од Интернет банката во случаи кога се преземаат неодложни активности за надградба или одржување на информатичкиот систем, за што Банката навремено ќе го извести Корисникот.
Банката го задржува правото да врши итни и ненајавени прекини на услугите во случаи кои се однесуваат на сигурноста и општата стабилност на системот.
Член 22
Банката не одговара за прекин на услугите и за последиците од настанатиот прекин, кој е надвор од контрола на Банката, односно кој е последица на виша сила и околности кои не можеле да бидат предвидени, спречени, отстранети или избегнати.
Член 23
Банката го задржува правото привремено или трајно да го блокира извршувањето на поединечни или на сите услуги од Интернет банката и да го раскине овој Договор, доколку Xxxxxxxxxx не се придржува на договорните одредби.
Член 24
Корисникот може да изврши промена на начинот на користење на услугите од Интернет банката во согласност со важечките акти на деловната политика на Банката и важечките прописи кои го регулираат работењето на Интернет банката.
Член 25
Во случај на откажување на сите услуги од Интернет банката, Корисникот е должен да поднесе писмено барање до Банката и да ги подмири сите финансиски обврски кон Банката, настанати врз основа на користење на услугите од Интернет банката.
При откажување на услугите се применува отказниот рок од член 33 од овој Договор.
Наплата на надомест за користењето на услугите
Член 26
За користењето на услугите на Интернет банката, Корисникот се согласува да плаќа надоместоци во согласност со Одлуката за тарифата на надоместоци за услугите на Банката, важечка на денот на извршување на услугата.
Со потпишувањето на овој Договор Xxxxxxxxxx ја овластува Xxxxxxx, без негова дополнителна согласност да воспоставува налози со кои ќе ги задолжи неговите сметки за износот на надоместоците
Член 27
Корисникот остварува увид во задолжувањата на сметките по основ на надоместокот кој го наплатува Банката, преку увид во промените и изводот на сметките.
Врз основа на писмено барање од страна на Корисникот, Xxxxxxx ќе му достави детална листа на сите услуги кои Корисникот ги остварил во бараниот период и пресметаните надоместоци.
Измени и дополнувања
Член 28
Банката го задржува правото да ги менува обемот и содржината на одделните видови на услуги од Интернет банката и останатите услови на деловната соработка регулирани со Општите услови, Договорот, актите на деловната политика на Банката и другите документи кои ја регулираат работата на Интернет банката, за што го известува Корисникот со објавување информација на изводот на неговите сметки или на web- страницата на Интернет банката.
Со овозможувањето на 24 часовен пристап до услугите на електронско банкарство од страна на Xxxxxxx, Корисникот се смета за уредно и навремено известен за сите промени, како на неговите сметки, така и за промените во работењето на Банката. Динамиката на следење на објавените информации, увидот во состојбата, промените и изводот на сметките, како и увидот во состојбата на орочените депозити се во целосна надлежност на Корисникот.
Доколку Xxxxxxxxxx не се согласува со одредени промени во Интернет банката може да испрати писмен приговор или да поднесе барање за раскинување на Договорот во рок од 15 дена од денот на објавување на информацијата, во спротивно се смета дека е согласен со предложените промени и истите стануваат составен дел на Договорот.
Останати одредби
Член 29
Доколку настанат промени во законските прописи што го регулираат работењето на Интернет банката, Xxxxxxx ќе ги примени новите законски прописи и одредби кои што ќе влезат во сила во времето на важење на овој Договор. Доколку таквите промени се несоодветни на деловните интереси на Xxxxxxxxxx, тој има право да го раскине овој Договор во рок од 15 дена од денот на настанување на промената.
Член 30
Корисникот е должен во пишана форма да ги достави до Банката сите промени кои се однесуваат на работењето со неговите сметки преку Интернет банката.
Член 31
Со потпишување на овој Договор, Xxxxxxxxxx потврдува дека е запознаен и дека ги прифаќа Општите услови на Комерцијална Банка АД Скопје, за користење на услугите на електронското банкарство кои се составен дел од овој Договор и останатите содржини кои го регулираат работењето на Интернет банката.
Член 32
Договорот стапува на сила од денот на потпишување од страна на Овластените лица на двете договорни страни и се склучува на неопределено време.
Член 33
Секоја од договорните страни може да го раскине овој договор, со писмено известување упатено до другата договорна страна, со отказен рок од 30 дена, а по претходно исполнување на сите обврски кои произлегуваат од овој Договор.
Xxxxxxx има право еднострано да го раскине Договорот и без отказен рок, доколку Xxxxxxxxxx не ги почитува одредбите од овој Договор и Општите услови, како и во случај на несолвентност, блокада на сметката на Корисникот, стечај или други слични околности.
Член 34
За се што не е предвидено со овој Договор, ќе се применуваат законските одредби и актите на Xxxxxxx.
Член 35
Насловите во овој Договор се користени исклучиво со цел за подобра прегледност на Договорот и нема да се применуваат и толкуваат во интерпретацијата или користењето на Договорот.
Член 36
Договорните страни се согласни дека сите евентуални спорови ќе настојуваат да ги решаваат спогодбено, а доколку тоа не е можно надлежен ќе биде судот за Банката во Скопје.
Член 37
Овој Договор е составен во два идентични примероци, од кои по еден задржува секоја договорна страна.
КОРИСНИК КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА АД СКОПЈЕ НА ИНТЕРНЕТ БАНКАТА
(потпис и печат на овластено лице за застапување)