Contract
ДОГОВОР ЗА СЕРВИСНИ УСЛУГИ
Склучен на ден година помеѓу:
1. Друштво за снабдување со топлинска енергија СНАБДУВАЊЕ СО ТОПЛИНА БАЛКАН ЕНЕРЏИ ДООЕЛ Скопје, ул. Лондонска бр. 8, ЕМБС 6832911, застапувано од Управител Xxxxxx Xxxxxxx дипл. екк. (во
понатамошниот текст Давател на услуга) и
2. со живеалиште на _ бр во Скопје по лична карта, ЕМБГ и телефонски број за контакт (во понатамошниот текст Корисник на услуга)
Член 1
ПРЕДМЕТ НА ДОГОВОРОТ
Предмет на овој Договор е регулирање на правата и обврските помеѓу договорните страни поради сервисни услуги во внатрешни грејни инсталации на Корисникот на услугата, согласно потребите на Корисникот на услугата по барање за видот на бараната услуга. Сервисирањето ќе се изврши врз основа на работен налог со број
изготвен од Давателот на услугата, а на основа на поднесено барање на Корисникот на услугата.
ВРЕДНОСТ НА ДОГОВОРОТ
Член 2
Сервисните услуги и вградените материјали од предметот на овој Договор според поднесеното барање од Корисникот на услугата, Давателот на услуга ќе ги наплаќа од Корисникот на услуга согласно ценовник утврден од Давателот на услуга, кој ќе му биде презентиран на Корисникот на услуга пред отпочнување на сервисните активности.
ПРАВА И ОБВРСКИ НА ДОГОВОРЕНИТЕ СТРАНИ
Права и обврски на Давателот на услуга:
Член 3
Давателот на услуга е должен да ја изврши бараната услуга совесно, стручно, квалитетно и навремено, согласно важечките прописи и стандарди за ваков вид на услуги.
Давателот на услуга гарантира квалитет на материјалите и деловите кои ги заменува и вградува при вршење на договорената услуга, во рамките на гаранцијата која ја добива од страна на производителот или на продавачот на материјалите и деловите.
Давателот на услуга е должен по извршеното сервисирање да обезбеди функционалност на сервисираните внатрешни грејни инсталации.
Давателот на услугата дава гаранција за извршената сервисна услуга во времетраење од 24 часа по нејзиното завршување.
Давателот на услугата се обврзува да ја надомести штетата на корисникот согласно важечките законски прописи кои ја регулираат таа материја, доколку се утврди дека истата е предизвикана од нестручно извршена работа од страна на своите извршители.
Член 4
Права и обврски на Корисникот на услуга:
Корисникот на услугата има обврска да го потпише овој Договор пред отпочнување на изведување на бараните сервисни услуги од предметот на овој Договор, а по завршување на сервисните услуги да го потпише и потврди завршеното сервисирање од страна на Давателот на услугата кон Корисникот на услугата, по обем и квалитет напишани во работниот налог кој е основ за фактурирање.
Корисникот на услугата има обврска да ја плати добиената фактура најдоцна во рокот за плаќање назначен во доставената фактура.
Член 5
Корисникот на услуга има право на рекламација на извршените сервисни услуги и вградените материјали кај Давателот на услугата.
Корисникот на услугата има право на надомест на штета согласно важечките законски прописи кои ја регулираат таа материја, доколку се утврди дека истата е предизвикана од нестручно извршена работа од страна на Давателот на услугата.
Член 6
Давателот на услугата има право на наплата на вградените материјали и извршената услуга. Наплатата ќе се врши вирмански на жиро сметка на давателот на услугата, со рок за плаќање во времетраење од 10 дена согласно доставената фактура до Корисникот на услугата.
За сите задоцнети уплати од назначениот рок за плаќање во фактурата, Xxxxxxxxx на услугата ќе пресметува и наплатува законски казнена камата, а за неплаќање на фактурата над 30 дена од наведениот рок за плаќање има право согласно позитивните законски прописи да покрене постапка за присилна наплата, за што сите трошоци за постапката ќе бидат на товар на Xxxxxxxxxx на услугата.
Корисникот на услугата плаќањето на фактурата ќе може да го изврши исклучиво преку банки и пошти на сметката на Давателот на услугата во Комерцијална Банка АД Скопје: 300 000004088 004.
Плаќање во наплатните пунктови на Давателот на услугата не е овозможено.
ВИША СИЛА
Член 7
Под виша сила се подразбира сѐ она што е регулирано во Законот за облигационите односи на Република Македонија. Под виша сила се подразбира настан, кој не може да се предвиди, ниту контролира во моментот на склучување на овој Договор од двете договорени страни, а може да доведе до делумно или целосно неисполнување на правата и обврските од овој Договор. Во ваква ситуација договорените страни се согласни да се бара взаемно прифатливо решение, а доколку такво не може да се изнајде Договорот може спогодбено и да се раскине.
ПРЕОДНИ И ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ
Член 8
Овој Договор стапува на сила веднаш по неговото потпишување и трае сѐ до исполнување на правата и обврските на двете договорени страни.
Истиот може да се раскине единствено со заемна согласност на двете договорени страни.
Член 9
За сѐ што не е предвидено во овој Договор важат одредбите на Законот за облигациони односи, како и други законски и подзаконски прописи, кои ја рeгулираат материјата, предмет на овој Договор.
Член 10
Во случај на спор договорените страни се согласни истиот да го решаваат спогодбено, а доколку тоа не е можно надлежен ќе биде Основниот суд во Скопје.
Член 11
Овој Договор е составен во 4 (четири) еднакви примероци, од кои 1 (еден) за Корисникот на услуга и 3 (три) за Давателот на услуга.
За Давателот на услуга За Корисникот на услуга
(полно име и презиме и краток потпис)
Почитувани,
Во прилог на Договорот Ви доставуваме пополнет налог за плаќање за полесно извршување на плаќањето. Дополнете ги потребните податоци и извршете го плаќањето во Вашата Банка.
Во цел на дознака задолжително да се наведе бројот на работниот налог.
Доколку користите други начини за плаќање, Ве молиме да ги внесете сите податоци од приложениот налог со цел обезбедување навремено и правилно евидентирање на Вашата уплата.
Со почит,
НАЗИВ И СЕДИШТЕ НА УПЛАТУВАЧ
НАЗИВ И СЕДИШТЕ НА ПРИМАЧ
БАНКА НА УПЛАТУВАЧ
БАНКА НА ПРИМАЧ
ДАНОЧЕН БРОЈ ИЛИ ЕМБГ И ПОВИКУВАЊЕ НА БРОЈ
ТРАНСАКЦИСКА СМЕТКА
ЦЕЛ НА ДОЗНАКА
ИЗНОС
ДАТУМ НА УПЛАТА
МЕСТО НА УПЛАТА
ШИФРА
НАЧИН
ПОТПИС
образец ПП10
МКД
Број на налог:
300000004088004
Комерцијална Банка
Снабдување со Топлина БАЛКАН ЕНЕРЏИ ДООЕЛ - Скопје
Снабдување со Топлина БАЛКАН ЕНЕРЏИ ДООЕЛ - Скопје