ДЕЛ I: ДОГОВОРЕН ОРГАН
ОГЛАС ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОГОВОР ЗА ЈАВНА НАБАВКА
Број на оглас: 01/2019
ДЕЛ I: ДОГОВОРЕН ОРГАН
I.1) Податоци за договорниот орган
I.1.1) Назив на договорниот орган: Дирекција за задолжителни резерви на нафта и нафтени деривати
I.1.2) Адреса: ул. Орце Николов бр. 71
I.1.3) Град и поштенски код: Скопје 1000
I.1.4) Интернет адреса:
I.1.5) Лице за контакт: Xxxxx Xxxxxx Адреса на е-пошта: xxxxx.xxxxxx@xxxx.xxx.xx Телефон/Факс: 00 0000 000/
I.1.6) Дополнителни информации и тендерската документација може да се добијат
На следнава адреса
ул. Орце Николов бр.71, 1000 Скопје , контакт лице - Xxxxxxxx Xxxxxxx -Xxxxxxxx, 02 3225 228, x.xxxxxxxxxxxxxxx@xxxx.xxx.xx, ТД е објавена на ЕСЈН во прилог на огласот бр.01/2019, ,
I.2) Категорија на договорен орган, негова главна активност или дејност:
Државни органи - Општи јавни услуги
ДЕЛ II: ПРЕДМЕТ НА ДОГОВОРОТ ЗА ЈАВНА НАБАВКА
II.1) Предмет на договорот за јавна набавка:
Делива набавка на услуга за осигурување на имот за период од една година
II.1.1) Проценета вредност без ДДВ: 6.000.000,00
II.2) Вид на договорот за јавна набавка: Услуги - Категорија на услуга број: 6 Финансиски услуги, и тоа: осигурителни услуги и банкарски и финансиски услуги (освен услугите во врска со издавањето, тргувањето или преносот на хартии од вредност или други финансиски инструменти, брокерските услуги и услугите на Народна банка на Република Македонија и услугите кои за предмет имаат купување или изнајмување земјиште, згради или друг недвижен имот и права кои произлегуваат од истите, освен при доделувањето на договори за јавна набавка на финансиски услуги поврзани со договорите за купување или изнајмување)
Место на испорака на стоките или извршување на услугите, или локација на извршување на работите: На територија на Република Северна Македонија.
II.3) Дали договорот е од опфатените дејности (секторски договор): Не
II.4) Дали постапката ќе ја спроведе Централно тело: Не
II.5) Групна набавка: Не
II.6) Подетален опис на предметот на договорот за јавна набавка: Дел 1 - осигурување на залихите на нафтени деривати од задолжителните резерви на Република Северна Македонија на флотантна основа и осигурување на движните ствари (канцелариска и друга опрема) сопственост на ДЗРННД и Дел 2 -
осигурување на службените патнички моторни возила на ДЗРННД од автомобилска одговорност за штети причинети на трети лица и потполно каско осигурување (без франшиза).
II.7) Референтна номенклатура за доделување на договор за јавна набавка (ОПЈН): Да
Основен предмет на јавната набавка-Главен поимник
Шифра | Опис |
66516100-1 | Осигурување на одговорност за штети причинети на трети лица (осигурување од автомобилска одговорност ) |
66514110-0 | Осигурување на моторни возила |
66510000-8 | Осигурителни услуги |
II.8) Дали предметот на набавката е делив: Да
Дел број | Опис на делот за набавка |
1 | Дел 1: Осигурување на залихите на нафтени деривати од задолжителните резерви на Република Северна Македонија на флотантна основа и осигурување на движни ствари (канцелариска и друга опрема) сопственост на ДЗРННД |
2 | Дел 2: Осигурување на службените патнички моторни возила на ДЗРННД од автомобилска одговорност за штети причинети на трети лица и потполно каско осигурување (без франшиза) |
II.9) Рамковна спогодба: Не
II.10) Дозволено е поднесување на алтернативни понуди: Не
II.11) Времетраење на договорот:
Период во месеци: 12
Или се планира да започне 10.04.2019
се планира да заврши 10.04.2020
ДЕЛ III: ПОСТАПКА
III.1) Вид на постапка: Отворена постапка
III.2) Постапката за доделување на договор за јавна набавка ќе биде со скратени рокови: Не
III.3) Критериум за доделување на договор: Најниска цена
III.4) Електронска постапка? Да
III.5) Дали ќе се користи електронска аукција? Да
Дополнителни информации во врска со електронската аукција: За секој поединечен дел од предметот на договорот (дел 1 и дел 2) ќе се спроведе посебна електронска аукција преку електронскиот систем за јавни набавки (хттпсЧ//њњњ.е-набавки.гов.мк). Предмет на секоја аукција ќе биде вкупната цена на услугата (висина на полисирана премија) вклучувајќи ги сите трошоци и попусти без ДДВ, за секој дел од предметот на договорот за јавна набавка.
ДЕЛ IV: ПРАВНИ,ЕКОНОМСКИ,ФИНАНСИСКИ И ТЕХНИЧКИ ИНФОРМАЦИИ
IV.1) Гаранции и авансно плаќање
IV.1.1) Изјава за независна понуда: Да
IV.1.2) Гаранција на понудата: Не
IV.1.3) Изјава за сериозност: Да
IV.1.4) Гаранција за квалитетно извршување на договорот: Да [10.00 %]
IV.1.5) Авансно плаќање: Не
IV.1.6) Здружување на група економски оператори во соодветна правна форма заради извршување на договорот (по извршен избор на најповолна понуда): Не
IV.2) Критериуми за утврдување на способност на понудувачот или кандидатот
IV.2.1) За докажување на личната состојба, економскиот оператор треба да ги достави следниве документи - изјава на економскиот оператор дека во последните пет години не му била изречена правосилна пресуда за учество во злосторничка организација, корупција, измама или перење на пари
- потврда дека не е отворена постапка за стечај од надлежен орган
- потврда дека не е отворена постапка за ликвидација од надлежен орган
- потврда за платени даноци, придонеси и други јавни давачки од надлежен орган од земјата каде што економскиот оператор е регистриран
- потврда од Регистарот на казни за сторени кривични дела на правните лица дека не му е изречена споредна казна забрана за учество во постапки за јавен повик, доделување на договори за јавна набавка и договори за јавно-приватно партнерство
- потврда од Регистарот на казни за сторени кривични дела на правните лица дека не му е изречена споредна казна привремена или трајна забрана за вршење на одделна дејност
- потврда дека со правосилна пресуда не му е изречена прекршочна санкција - забрана за вршење на професија, дејност или должност, односно привремена забрана за вршење одделна дејност
IV.2.2) Способност за вршење професионална дејност на економскиот оператор: Документ за регистрирана дејност
Економскиот оператор треба да ги исполнува и посебните услови за вршење на дејноста пропишани согласно со закон кои се однесуваат на предметот на договорот, односно треба да достави: - валидна дозвола за вршење на работи на осигурување во соодветната класа на осигурување, издадена од надлежен орган, која соодветствува со понудата на економскиот оператор и е во согласност со одредбите од Законот за супервизија на осигурување „Службен весник на Република Македонија“ бр. 27/02, 84/02, 98/02, 33/04, 88/05, 79/07, 8/08, 88/08, 56/09, 67/10, 44/11, 7/12, 30/12, 45/12, 64/12, 23/13,188/13,
30/14, 43/14, 112/14, 153/15, 192/15, 23/16, 83/18 и 198/18), и тоа: - за дел 1 за класите на осигурување: 8, 9 и 13 - за дел 2 за класите на осигурување: 3 и 10 .
IV.2.3) Економска и финансиска состојба на економскиот оператор:
Потребни документи за докажување на економската состојба на економскиот оператор:
Економскиот оператор го докажува исполнувањето на минималните услови за економската и финансиската состојба (за дел 1 и дел 2) со доставување на следниве документи: - извештај од Агенција за супервизија на осигурување за 2017 година, - ревидирани финансиски извештаи за 2017 година.
Минимум критериуми за утврдување на економската и финансиската состојба на економскиот оператор:
За да се квалификува како способен за извршување на предметниот договор за јавна набавка од аспект на неговата економска и финансиска состојба, економскиот оператор треба да ги исполнува следниве минимални услови: За дел 1: - економскиот оператор да остварил минимум 600.000.000,00 денари бруто полисирана премија за 2017 година (во случај понудата да се однесува само за дел 1 или за двата дела предмет на набавка), - да има искажано позитивен финансиски резултат од работењето во 2017 година. За дел 2: - економскиот оператор да остварил минимум 200.000.000,00 денари бруто полисирана премија за 2017 година (во случај понудата да се однесува само за дел 2 од предметот на набавката), - да има искажано позитивен финансиски резултат од работењето во 2017 година.
IV.2.4) Техничка или професионална способност на економскиот оператор:
Потребни документи за докажување на техничката или професионалната способност на економскиот оператор:
Економскиот оператор го докажува исполнувањето на минималните услови за техничката или професионална способност со доставување на: За дел 1: - Доказ од надлежен орган или рејтинг агенција за рејтингот на економскиот оператор, - Доказ од надлежен орган или рејтинг агенција за рејтингот на реосигурителното друштво, - Копија од договорот за реосигурување со првиот реосигурувач со минимум „А“ кредитен рејтинг утврден од Standard and Poor’s или еквивалент со важност за 2019
година (за странски акти потребен е превод од овластен судски преведувач); - Програма за реосигурување за 2019 година, - Приложување на „Условите за осигурување“ (општи и посебни) за предметната набавка, - Листа на извршени услуги на осигурување на правни лица во последните три години, со вредности, датуми, купувачи (договорни органи или економски оператори), со обезбедување на: - копија од најмалку 3 (три) склучени договори за осигурување на имот и движни ствари на правни лица, за секоја календарска година во последните 3 (три) години, со поединечна вредност на договорите не помала од 3.000.000,00 денари, - најмалку 3 (три) потврди за извршени услуги за осигурување на имот и движни ствари на правни лица, издадени од примателите, посебно за секоја календарска година во последните 3 (три) години. - Изјава за износот на најголема исплатена штета во последните три години, за секоја година посебно (2016, 2017 и 2018 година), - Изјава дека економскиот оператор има ангажирано стручен персонал квалификуван за проценка на штети адекватен на конкретната јавна набавка, - Известување за елементите на договорот кој економскиот оператор има намера да ги отстапи на подизведувач (по потреба). За дел 2: - Доказ од надлежен орган или рејтинг агенција за рејтингот на економскиот оператор, - Доказ од надлежен орган или рејтинг агенција за рејтингот на реосигурителното друштво, - Копија од договорот за реосигурување со првиот реосигурувач со минимум „А-“ кредитен рејтинг утврден од Standard and Poor’s или еквивалент со важност за 2019 година (за странски акти потребен е превод од овластен судски преведувач); - Програма за реосигурување за 2019 година, - Приложување на “Условите за осигурување„ (општи и посебни) за предметната набавка, - Листа на извршени услуги на осигурување на правни лица во последните три години, со вредности, датуми, купувачи (договорни органи или економски оператори), со обезбедување на: - копија од најмалку 3 (три) склучени договори за осигурување на патнички моторни возила на правни лица (каско осигурување и автомобилска одговорност за штети причинети на трети лица), за секоја календарска година, во последните 3 (три) години, со поединечна вредност на договорите не помала од 200.000,00 денари, - најмалку 3 (три) потврди за извршени услуги кои се преддмет на набавка на дел 2 издадени од примателите, посебно за секоја календарска година во последните 3 (три) години. - Изјава за износот на најголема исплатена штета во последните три години, за секоја година посебно (2016, 2017 и 2018 година), - Изјава дека економскиот оператор има ангажирано стручен персонал квалификуван за проценка на штети адекватен на конкретната јавна набавка, - Известување за елементите на договорот кој економскиот оператор има намера да ги отстапи на подизведувач (по потреба).
Минимум критериуми за утврдување на техничката и професионалната состојба на економскиот оператор: За да се квалификува како способен за извршување на предметниот договор за јавна набавка од аспект на неговата техничка или професионална способност, економскиот оператор треба да ги исполнува следниве минимални услови: За дел 1: - Економскиот оператор да има минимум “А” кредитен рејтинг утврден од Standard &Poor’s или еквивалент, - 100% реосигурување на стоките од задолжителните резерви предмет на договорот за јавна набавка, - Да има обезбедено реосигурително покритие во реномирана/и реосигурителна/и компанија/и каде лидерот во реосигурителниот договор има минимум
„А“ кредитен рејтинг утврден од Standard and Poor’s или еквивалент, доколку сумата на осигурување по конкретниот предмет на јавна набавка е поголема од износот на максимален самопридржај утврден со Програмата за реосигурување на друштвото за осигурување; - Во последните три години да извршил осигурување на исти или слични ризици за најмалку три правни лица; - Да има ангажирано (со договор за вработување или друг договор) стручен персонал квалификуван за проценка на штети за соодветната јавна набавка. За дел 2: - Економскиот оператор да има минимум “А- ” кредитен рејтинг утврден од Standard &Poor’s или еквивалент, - Да има обезбедено реосигурително покритие во реномирана/и реосигурителна/и компанија/и каде лидерот во реосигурителниот договор има минимум
„А -“ кредитен рејтинг утврден од Standard and Poor’s или еквивалент, доколку сумата на осигурување по конкретниот предмет на јавна набавка е поголема од износот на максимален самопридржај утврден со Програмата за реосигурување на друштвото за осигурување; - Во последните три години да извршил осигурување на исти или слични ризици за најмалку три правни лица; - Да има ангажирано (со договор за вработување или друг договор) стручен персонал квалификуван за проценка на штети за соодветната јавна набавка.
IV.2.5) Стандарди за системи за квалитет:
IV.2.6) Стандарди за управување со животна средина:
ДЕЛ V: АДМИНИСТРАТИВНИ ИНФОРМАЦИИ
V.1) Услови за добивање на тендерска документација и дополнителни документи
V.2) Услови за доставување на понудите
V.2.1) Понудите да се достават најдоцна до 14.03.2019 во 11:00 часот
V.2.2) Краен рок за поставување прашања: 08.03.2019 15:30
V.3) Период на важност на понудата: 90 денови
V.4) Услови за отворање на понудите
Јавното отворање на понудите ќе се одржи на денот и во часот определен како краен рок за доставување на понудите
14.03.2019 во 11:00 Место: Во деловни простории на договорниот орган на ул. Орце Николов бр.71, 1000. Скопје
V.3) Дополнителни информации Вкупна вредност на набавката е во износ до 6.000.000,00 денари со вклучен ДДВ, за двата дела предмет на набавка, која ќе се распредели на следниов начин Дел 1 – износ до 5.800.000,00 денари со вклучен ДДВ, Дел 2 – износ до 200.000,00 денари со вклучен ДДВ.
V.4) Датум на објава: 22.02.2019