Интернет адреса: www.replek.mk
Број на оглас: 1/2024
Компанија:
Реплек АД Скопје
Ул. Козле бр. 188, 1000, Скопје
Интернет адреса: xxx.xxxxxx.xx
Предмет на набавка:
Предмет на набавка: лаптоп и десктоп компјутери од бизнис серија
Место на испорака: дирекција ул. Козле бр. 188
Времетраење на договорот: 1 година
Критериум за доделување на договор: Најповолна понуда ( цена – квалитет)
Информации за докажување на способност:
- изјава на понудувачот дека во последните 5 години на компанијата или на одговорното лице на понудувачот не му е изречена правосилна судска пресуда за сторено кривично дело кое има елементи од кривичните дела учество во злосторничко здружување, корупција, затајување даноци и придонеси, тероризам, перење пари и финансирање тероризам и злоупотреба на детскиот труд и трговија со луѓе, утврдени во Кривичниот законик; (оваа изјава ја подготвува самиот понудувач и истата ја потпишува одговорното лице на понудувачот)
- потврда за платени даноци, придонеси и други давачки од надлежен орган - Управа за јавни приходи;
- потврда дека не е отворена постапка за стечај од надлежен орган - Централен регистар на Р. Северна Македонија
- потврда дека не е отворена постапка за ликвидација од надлежен орган - Централен регистар на Р. Северна Македонија;
- потврда од Регистарот на казни за сторени кривични дела на правните лица дека не му е изречена споредна казна привремена забрана за вршење на одделна дејност - Централен регистар на Р. Северна Македонија;
- потврда од Регистарот на казни за сторени кривични дела на правните лица дека не му е изречена споредна казна трајна забрана за вршење на одделна дејност - Централен регистар на Р. Северна Македонија;
- потврда дека со правосилна пресуда не му е изречена прекршочна санкција - забрана за вршење на професија, дејност или должност или привремена забрана за вршење одделна дејност - Централен регистар на Р. Северна Македонија и
- Документ за регистрирана дејност издадена од Централен регистар на Република Северна Македонија.
- Понудувачот треба да има минимум едно вработено или ангажирано лице со најмалку 3 години работно искуство, кој ќе биде на располагање на Реплек АД за време на целото времетраење на договорот и гарантниот период на важноста на опремата.
- Понудувачот треба да биде авторизиран за продажба инсталација и одржување на понудената опрема од произведителот (MAF или DAF документ)
- Понудувачот да има продадено ( испорачано) најмалку 100 уреди во текот на изминатата година.
- Понудувачот да поседува систем за управување на квалитет – ISO 9001
- Изјава од понудувачот за доставување на банкарска гаранција за квалитетно и навремено извршување на договорот доколку биде избран за најповолен понудувач.
Дополнителни информации:
Краен рок за доставување на понуди: 07.02.2024 година до 13:00 часот.
Период на важност на понудата: 90 дена
Гаранција за квалитетно и навремено извршување на договорот од 5.00 % ( гаранцијата се доствавува во рок од 10 дена од потпишување на договорот)