Contract
Врз основа на Договорот за соработка помеѓу Агенцијата за вработување на РСМ (АВРСМ), Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) и Град Скопје Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2020 година усвоен од Владата на Република Северна Македонија, Програмата Општинско–корисна работа финансирана од Буџетот на Агенцијата за вработување на РСМ, на ден 20.08.2020 година се објавува:
Ј А В Е Н П О В И К
до
евидентирани невработени лица за вклучување во Програмата Општинско-корисна работа
Се повикуваат сите евидентираните невработени лица кои се заинтересирани да се вклучат во програмата Општинско-корисна работа, проект “Поддршка на инклузијата во образовниот процес-унапредување на правата и можностите за ранливите категории на граѓани во Град Скопје” за работно ангажирање од 20 (дваесет) часа неделно за период од 9 (девет) месеци заради стекнување на вештини и постепено вклучување на пазарот на труд, да се пријават во Агенција за вработување на Република Северна Македонија- Центар за вработување на Град Скопје.
Евидентираните невработени лица кои ќе бидат вклучени во Програмата „Општинско-корисна работа“ ќе бидат работно ангажирани за 20 (дваесет) работни часови неделно.
За периодот додека лицата се работно ангажирани преку програмата „Општинско-корисна работа“не го губат статусот на невработено лице и истите се должни редовно да се јавуваат во Агенција за вработување на Република Северна Македонија-Центар за вработување на Град Скопје, со цел почитување на обврските согласно Закон. На невработените лица-корисници на социјална помош за времетраење на работниот ангажман ќе им биде активно правото на користење на социјална помош.
Право на учество во Програмата „Општинско-корисна работа“ имаат сите невработени лица, при што предност ќе имаат лицата кои за прв пат се јавуваат за учество во Програмата.
На кандидатите кои ќе бидат избрани и вклучени во Програмата Општинско-корисна работа ќе им биде исплатен паричен надоместок за работно ангажирање во висина од 9.000,00 денари месечно, со вклучени данок на личен доход и осигурување за инвалидност и телесно оштетување причинето со повреда на работа и професионална болест.
Евидентираните невработени лица кои ќе се пријават за учество во Програмата Општинско- корисна работа треба да припаѓаат на една од следните целни групи невработени лица:
-долгорочно невработени лица (над 12 месеци во евиденција, со предност на невработени лица над 5 години)
-млади лица до 29 години
-лица постари од 50 години
-лица корисници на право на парична помош од социјална заштита или корисници на паричен надоместок по основ на невработеност
-лица кои биле корисници на Програмата условен паричен надоместок за средно образование
-лица кои имале статус на деца без родители и родителска грижа
-жртви на семејно насилство
-жени припадници на ромската етничка заедница
-самохрани родители
-родители на деца со пречки во развојот
-родители на 3 и повеќе деца
Работните позиции кои се опфатени со овој оглас се однесуваат на ангажирање на :
-образовен асистент
Заинтресираните невработени лица Пријави за учество во Програмата „Општинско-корисна работа“ можат да поднесат во Агенција за вработување на Република Северна Македонија- Центар за вработување на град Скопје, во периодот од 20.08.2020 година до 26.08.2020 година, од 08:00 до 14:00 часот.
Поконкретните услови, права и обврски ќе бидат уредени со склучување на Договор помеѓу Град Скопје и избраните кандидати.
Детални информации за Програмата „Општинско-корисна работа“ можат да се добијат во Сектор за образование на Град Скопје, кај лицето Xxxxxxx Xxxxxx, Општински координатор за Програмата
„Општинско-корисна работа“, Агенција за вработување на Република Северна Македонија- Центар за вработување на град Скопје кај лицето Xxxxxx Xxxxxxxx, Меѓуопштински центар за Социјална Работа-Скопје кај лицето Xxxxx Xxxxxxxxxx.