Имено, првата тема која оди под наслов ,, Синдикатот – нужна потреба или наметната обврска за работниците”,го опфаќа периодот од првите синдикални активности при крајот на XVIII
ПОТПИШАН НОВ КОЛЕКТИВЕН ДОГОВОР ЗА КУЛТУРАТА
ПОТПИШАН НОВ КОЛЕКТИВЕН ДОГОВОР ЗА КУЛТУРАТА
Самостојниот синдикат за образование, наука и култура на Република Македонија – СОНК, синдикатот на културата на Република Македонија и министерството за култура го потпишаа новиот грански Колективен договор за вработените во установите од културата, на национално ниво. Со овој Колективен договор се утврдени поголеми права на вработените во овие дејности, во однос на плати по работно место, додатоци на плати, како и конечно утврдување на висината на платите за исто работно место, во иста или различни институции. Особено е важно да се истакне дека коефициентите на сложеност по работните места ќе се множат со законски утврдената најниска плата на национално ниво и ќе се избегне таканаречената “урамниловка”, што е случај во други јавни или државни установи. Со потпишување на овој Колективен договор сметаме дека ќе се исправи повеќе децениската неправда кон одредени работни места и работници, но, сепак постојат и одредени работни позиции кои што, според нас, треба дополнително да се дефинираат кон повисоки коефициенти, за што во наредниот период заедно синдикатите ќе излезат со предлог пред министерството за култура.
Одредбите од овој Колективен договор ќе важат од денот на
објавување во “Службен весник на Република Северна Македонија”, освен одредбите 65 и 66, кои се однесуваат на плати по работни места и ќе отпочнат да важат најдоцна до 01.07.2020 година.
избор и именување на претседатели на Регионални одбори на СОНК
Советот на СОНК, како највисок орган помеѓу два конгреса, на својата 2-ра редовна седница, одржана на 2-12-2021 година, а согласно Статутот на СОНК, донесе Одлука за објавување на Интерен оглас за избор и именување на претседатели на Регионални одбори на СОНК.
Интерниот оглас за избор и именување на претседатели на Регионални одбори на СОНК, може да се погледне подолу:
интерен оглас на македонски јазик интерен оглас на албански јазик
синдикални пријатели, социјални партнери и деловни соработници им посакува среќни празници
ПРИВРШУВА ОДРЖУВАЊЕТО НА ЕДУКАТИВНИТЕ СЕМИНАРИ НА СОНК
СО СЕКОЈ НОВ ЕДУКАТИВЕН СЕМИНАР, СИЛНО СЕ ПОТВРДУВА ПОТРЕБАТА ЗА СИНДИКАЛНА ЕДУКАЦИЈА
При крајот на месец aприл, беа одржани едукативни семинари со регионалните одбори на СОНК од Чаир и Кисела Вода, а последниов викенд одржан е семинар со членовите на Регионалниот одбор на СОНК – Кичево.
Слично како и во претходните регионални одбори, семинарите се одржуваат според програма која се покажа за добро планирана, а тоа без исклучок го потврдија сите учесници на истите. Имено, во првиот дел од семинарите се предвидени излагања на претставниците од највисокото раководство на СОНК по три теми, во кои се внесени прашања од повеќе области, а кои се од посебен интерес за Синдикатот.
Имено, првата тема која оди под наслов ,, Синдикатот – нужна потреба или наметната обврска за работниците”,го опфаќа периодот од првите синдикални активности при крајот на XVIII
век, со изнесување на нај важни настани од последните два века, со посебен осврт од активностите во Р. Македонија и посебно на нашиот Синдикат. Во склоп на оваа тема отворено се зборува и за позитивните страни, што значи и за успесите на СОНК, но се зборува и за слабостите на нашиот Синдикат, почнувајќи од синдикалните организации, па се до највисоките органи.
Втората тема која е со наслов ,, Правна регулатива на Синдикатот”, ја опфаќа правната регулатива, а која се однесува на правата и обврските на синдикатите ( Устав, Закон за работни односи и други закони), колективното договарање и нивоата на истото, со посебен осврт на колективните договори,што нашиот синдикат ги има потпишано и особено за правата утврдени по колоективните договори, кои се многу значајни за нашето членство, бидејќи се значајно повисоки од правата утврдени со соодветните закони, а некои од овие права од колективните договори се единствени, не само во регионот, туку и во европски рамки. Во рамките на оваа тема опфатен е и Статутот на СОНК.
Третата тема со наслов ,, Стратешки цели на СОНК во наредниот пет годишен период” е посветена на програмските определби на СОНК , утврдени на последниот VI-ти Конгрес, одржан при крајот на 2015 година; социјалниот дијалог помеѓу социјалните партнери, утврдени со ЗРО на сите нивоа, како и со посебен осврт на усвоените четири Резолуции, усвоени на конгресот на СОНК. Како дел од оваа тема станува збор и за состојбите во нашиот Синдикат, од аспект на синдикални организации, регионални одбори, па се до Советот на СОНК, како највисок орган на нашиот Синдикат.
Во вториот дел од семинарите, учесниците имаа(т) можност да дадат свои мислења и за излагањата по веќе споменатите теми, да изнесат свои размислувања и за состојбите во синдикалните организации, од кои произлегуваат, како и за работата на регионалните одбори, во чиј состав делуваат. Според раководството на СОНК, од досега одржаните семинари во регионалните одбори, најчесто дискусиите се сведуваат на практично поставување на прашања за одредени реално постоечки проблеми, ама и по одредени проблеми кои реално не постојат, а задолжително се покренуваат како прашања од не информираност. Само како пример: неразбирливо е како може да биде дилема и да се постави прашањето – за кого важат колективните договори??? ; во дел од регионални одбори има и натаму претседатели на синдикални организации, кои излегуваат со тврдење дека, паричните казни од екстерното тестирање биле укинати само за минатата година; прашањето за решавање на проблемот за превоз на вработените во образованието и натаму се упатува до МОН, со барање до централното раководство на СОНК, истото да го разрешува…
Без секакви дилеми, едукативните семинари што се одржаа во регионалните одбори и кои се при самиот крај за да бидат одржани во сите 20 регионални одбори на СОНК, може со сигурност да се заклучи дека се од голема корист. Меѓутоа, целосен резултат од едукативните семинари, ќе има тогаш кога истите ќе се одржат и во секоја синдикална организација на СОНК, така како што е договорено со претседателите на синдикалните организации и претседателите на регионалните одбори на СОНК.
Како што веќе беше најавено, во текот на денешниот ден се одржа работна средба помеѓу раководството на СОНК и
министерката за труд и социјална политика, на која што беа присутни над 50 претседатели на синдикални организации на СОНК од градинките.
Работната средба се одржа во конструктивна атмосфера, на која што се расправаше за прашања кои и СОНК и МТСП сметаат дека што поскоро треба да се затворат како реален проблем.
На исцрпната расправа се дојде до констатација дека во периодот што следи МТСП и СОНК ќе работат на усогласување на ставовите во однос на отворените прашања и дека ќе излезат со заедничка информација во врска со новиот предлог-Закон за детска заштита како и со нацрт-текст на Колективниот договор за оваа дејност, усогласен со новиот закон за детска заштита. Нашето очекување е дека со соодветните законски измени ќе се дојде до системско решение со што вработените во детската заштита трајно ќе имаат можност за кариерен развој, утврдување на критериумите за напредување во кариерата, систем на наградување на трудот на вработените и други прашања кои што ќе се доуредат со Колективниот договор.
Исто така, на работната средба беа отворени повеќе прашања во надлежност на СОНК и МТСП, а во врска со подобрување на условите за работа, намалување на административните обврски на негователите и воспитувачите, просторните капацитети и друго.
Денес, 10.09.2020 година, во просториите на Министерството за труд и социјална политика е остварена прва работна средба помеѓу министерот за труд и социјална политика, г-ѓа Xxxxxx Xxxxxxxx и претседателот на Самостојниот синдикат за образование, наука и култура на Република Македонија – СОНК, г-дин Xxxxx Xxxxxxxx.
На работната средба беа отворени повеќе прашања во надлежност на двете институции, а со цел надминување на одредени проблеми кои ги засегаат вработените во установите за згрижување и воспитување на децата – детските градинки.
Главен акцент, од страна на претседателот на СОНК, беше ставен на прашањето околу работното време на воспитувачите и негувателите во детските градинки.
На работната средба, по однос на ова прашање, министерката зазема цврст став за потребата за продолжување на работното време, поточно 40-часовно работно време, повикувајќи се на општествена одговорност од страна на секој граѓанин, во услови на пандемија од Ковид- 19.
Претседателот на СОНК укажа на почитување на Законот за заштита на деца и Колективниот договор, каде е регулирано работното време и за воспитувачите и за негувателите.
Од оваа причина, XXXX апелира до директорите од детските градинки да ги почитуваат пропишаните важечки акти во нашата држава, кои ги регулираат поблиску правата и обврските на вработените од оваа дејност. Воедно ги охрабруваме членовите на СОНК да продолжат со работното време согласно Законот за
заштита на деца и Колективниот договор, а доколку се наметне ново работно време од директорите, да бараат тоа да биде исклучиво наредба по писмен пат.
СОНК стои отворен за соработка со Министерството за труд и социјална политика и директорите на установите и се надева дека во најкраток можен рок, по пат на искрен социјален дијалог, ќе го надмине овој проблем, со што не би имало потреба од превземање на други чекори за заштита на правата на нашите членови.
Новиот претседател на Регионалниот одбор на СОНК – Xxxxxxxxx ја одржа својата прва седница
На 01.03.2022 година се одржа прва конститутивна седница на Регионалниот одбор на СОНК – Xxxxxxxxx, која беше водена од новиот претседател, Xxxxxxx Xxxxxxxxxx.
На седницата присуствуваше и претседателот на СОНК, x-xxx Xxxxx Xxxxxxxx, кој даде поддршка за синдикалното единство и поддигање на синдикалната свест.
Најмногу внимание се посвети на прашањето за усогласување на платите во градинките, основното и средното образование со минималната плата на национално ниво.
Се донесе заклучок, доколку Xxxxxxx не излезе во пресрет на барањето за усогласување на платите, Регионалниот одбор на СОНК-Гевгелија ќе го поддржи раководството на СОНК да донесе
одлука со коja ќе ги заштити интересите на своите членови.
ЈАВЕН ПОВИК за ангажирање на експерт за изработка на Национална стратегија за БЗР во дејностите на образование, наука и култура
Самостојниот синдикат за образование, наука и култура на Република Македонија за потребите на проектот ,,Безбедност и здравје при работа во дејностите на образование и наука” објавува Xxxxx повик за ангажирање на експерт за изработка на Национална стратегија за безбедност и здравје при работа, во дејностите на образование, наука и култура.
Јавниот повик може да се погледне на следниот линк.
ОТВОРЕНИ ПОВЕЌЕ ПРАШАЊА ОД ДЕЈНОСТА
ОБРАЗОВАНИЕ И НАУКА
По иницијатива на раководството на СОНК, на ден 13 – 07-2017 година се оствари работна средба во Министерството за образование инаука, на која од страна на XXXX присуствуваа претседателот на СОНК, Xxxxx Xxxxxxxx и генералниот секретар, Xxxxx Xxxxxxxxxxx, додека од страна на Министерството за образование и наука, министерот за образование и наука, г- ѓа Xxxxxx Xxxxxxxx Десковска.
На работната средба, од страна на СОНК беа отворени повеќе прашања од синдикален аспект, а во интерес на правата од работен однос и колективните договори на членовите на СОНК од дејноста образование и наука, како и прашања кои би го подобриле воспитно – образовниот процес. Се разговараше и за итната потреба од склучување на Колективен договор за високо образование и наука.
Особено се обрна внимание на прашањето околу социјалниот дијалог и партнерство и значението на репрезентативноста на нашиот синдикат на сите нивоа и учеството на СОНК во сите сфери на креирање на образовната политика во Република Македонија.
“СТРУЧЊАЦИТЕ“ ОД НАСТАВНИЧКИОТ ПЛЕНУМ
РЕАКЦИЈА НА ЕДЕН ОД МНОГУТЕ „СТРУЧНИ“ СОВЕТИ“ ОД НАСТАВНИЧКИОТ ПЛЕНУМ
Не можеме а да не изреагираме на еден од безброј “стручни“ совети, анализи, реклами и слични текстови од кујната на
неформалната група на Наставничкиот пленум објавен на нивната страна под наслов ,, Имам свое Јас, излегувам од СОНК“ од 12-12-2015 год., нивната забеганост и немање на никаква релација со реалноста, ја покажаа можеби и досега најдобро во споменатиот текст. Имено, тврдењето дека утврденото право во Колективните договори што ги има потпишано СОНК во делот за класното раководство, како и за должината на годишниот одмор, според нив не важеле бидејќи поинаку било предвидено во Законот за работни односи!!!
Да кажеме дека ни е жал што дури ни тоа не го знаат, нема така да направиме, зошто ниту со тоа не можеме да им помогнеме. Xxx, ќе го кажеме тоа што е принцип во колективното договарање дека секаде во светот, се разбира и кај нас, а тоа е: – со колективни договори треба да се обидете да ги зголемите правата од работен однос што се утврдени со соодветни закони. А потпишаните колективни договори имаат сила на Закон и во правата што сте успеале да ги зголемите во однос на законите, тие одредби во колективните договори имаат повисока важност во однос на Законот во тој дел. Потпишаните колективни договори од страна на СОНК, колку и да не им е мило на Наставничките пленумци, важат исклучиво за членовите на СОНК и точка. Нека го прочитаат член 3 во било кој од колективните договори на СОНК и тогаш ќе им падне пајажината од очите.
А што да кажеме за ноторната лага, која може да конкурира и за лага на годината, дека коефициентите во делот за платите од колективните договори:… ,, de facto коефициентот на сложеност од 3.5 престанува да важи и подоцна се заменува со 2.5”. Со тоа само покажуваат дека имаат помалку познавање и на најосновните, или најелементарните работи што треба да ги знаат од редот на општата писменост, а да не зборуваме што треба да знаете што треба да си дозволите да учите некои други за кои мислите дека тоа не го знаат. Па, најмалку што треба да знаат е дека систем на нето и систем на бруто плата е сосема, сосема нешто различно. Коефициентите од колективните договори од 2008 година се во нето износ, а со воведување на
системот на бруто плати, истата висина на платите е претворена во износ на бруто коефициент, која е до денар во ист износ со нето платите.
Кога би било така како што тие напишале, тогаш платите од 2009 година би биле намалени за повеќе од 40% – каква гадост, во обид на перење на мозок.
А што да се каже за коментарите околу изборот за претседател на СОНК на 6-от Конгрес, како и повикот да се напушта СОНК затоа што не бил избран некој од нивните членови и кандидати што очекувале тоа да се случи. Ќе им препорачаме дека тоа можеби ќе им успее само со користење на нивниот спреј “магла“ за поттикнување за ртење на плевел, произведено во лабораторијата на Наставничкиот пленум, ама само за зголемување на друштва слични на нив.
И како нешто за на крај, иако воопшто не сакаме со такви ниту почеток – ниту крај, ама сепак имаат заслуги во потврдата дека покрај вселената, бескрајни се уште само глупостите и злобата!