вработен во , за кредитниот производ кој го користам со олеснување, согласно Понуда бр. 33509/1 од 07.09.2020 година за втор период на одложена отплатата на кредитни обврски за физички лица, објавена на интернет страницата на Банката www.sparkasse.mk,...
И З Ј А В А
за согласност за промена на договорни услови
Јас, , со ЕМБГ и адреса на живеење
, вработен во , за кредитниот производ кој го користам со олеснување, согласно Понуда бр. 33509/1 од 07.09.2020 година за втор период на одложена отплатата на кредитни обврски за физички лица, објавена на интернет страницата на Банката xxx.xxxxxxxxx.xx, прифаќам:
I Договори за кредити
Грејс период: дополнителен грејс период на отплата на месечните ануитети од 6 месеци почнувајќи од октомври 2020 година, а заклучно со март 2021 година, во кој ќе се пресметува и наплатува камата и останати трошоци кои произлегуваат од одредбите на Договорот за кредит
Продолжување на крајниот рок на отплата на кредитот за период од дополнителни 6 (шест) месеци.
II Кредитна картичкa
▪ Дополнителен грејс периодот од 6 месеци во кој Xxxxxxx ќе пресметува и наплатува камата и редовни месечни надоместоци, согласно одредбите предвидени во Договорот за користење кредитна картичка.
III Дозволено пречекорување
▪ Xxxxxxx ќе пресметува и наплатува камата согласно одредбите предвидени во Договорот со кој е регулирано дозволено пречекорување.
Дополнителното второ олеснување за одложена отплатата на месечните кредитни обврски е поради нарушена можност за отплата на кредитните обврски, а како резултат на негативните економски ефекти од Ковид-19 пандемијата, изразени на следниот начин (да се одбере една од понудените опции):
Намалени месечни примања (плата) од минимум 10% или над 10% Повеќе не сум во работен однос
Високи трошоци за лекување
Во прилог доставувам:
Потврда за личен доход од 01.01.2020 година заклучно со 31.08.2020 – податок за плата за секој месец поединечно
ешение или потврда за престанок на работен однос
За времетраењето на второто одложување, клиентите ги имаат следните обврски:
1. Корисници на кредит кои имаат престанок на работен однос во периодот на Ковид-19 кризата, ќе имаат целосно одложување на кредитните обврски, освен за револвинг производите (кредитни картички и дозволено пречекорување) кај кои Банката ќе пресметува и наплатува камата
2. За сите останати клиенти (корисници на кредит кои имаат намалени месечни приходи од минимум 10% или над 10% во периодот на Ковид-19 кризата или корисници на кредит на кои трошоците за лекување во периодот на Ковид-19 кризата се поголеми од збир на три плати), главницата на кредитите нема да доспева, а Банката ќе пресметува и наплатува:
а) Редовна месечна камата на сите производи (вклучително и каматата за револвинг производите);
б) Камата за период од април 2020 година заклучно со септември 2020 година, а ќе се распредели за плаќање на еднакви износи во амортизациониот план до датум на последна рата од Договорот за кредит продолжен за 12 месеци;
в) Xxxxxxxxxx износ на премија за животно осигурување за период од април 2020 година заклучно со септември 2020 година кој доспева за плаќање на 15.10.2020 година;
г) Месечна премија за животно осигурување за потрошувачките кредити со месечна отплата на премија за животно осигурување;
д) Полиса за осигурување на имот;
ѓ) Проценка за обезбедувањето.
Понудата е неделива и важи само со кумулативно прифаќање на сите погоре наведени услови и за сите кредитни производи кои клиентот ги користи во Банката.
Согласен сум наведената промена во договорните услови за сите кредитни производи кои ги користам во Шпаркасе Банка Македонија, да претставува составен дел на склучениот Договор/и и да произведува правно дејство на целокупната договорна пропратна документација.
Изјавувам дека податоците кои ги наведов во оваа Изјава се точни.
Познато ми е дека доставување на невистините податоци и документација носи одговорност согласно Законот. Информирам сум дека моите лични податоци наведени во оваа изјава ќе бидат регистрирани, обработувани и чувани согласно законските прописи.
Банката во секој случај го задржува правото да ја разгледа доставената документација и доколку утврди дека клиентот не ги исполнува погоре наведените услови, за истото соодветно ќе го извести.
Контакт податоци:
e-mail:
Телефон:
датум потпис