Contract
Д О Г О В О Р
Склучен на ден __________во Скопје помеѓу :
1. Физичкото лице _________________со ЕМБГ _______________ во текстот што следува: ЗАКУПОДАВАЧ
и
Друштво за производство и трговија _________________ ДООЕЛ Скопје, преставувано од директорот ______________________ од една страна како закупец, во текстот што следува : ЗАКУПЕЦ
член 1
Предмет на овој договор е закуп на патничко возило од ЗАКУПОДАВАЧОТ. Возилото што се изнајмува е следното:
р.бр. |
Презиме и име |
Xxxxx на возило |
Регистарски број |
Број на шасија |
1. |
|
|
|
член 2
Согласно овој договор на ЗАКУПЕЦ и ЗАКУПОДАВАЧ постигната е согласност за месечен износ на наемнината да изнесува ___________ ден.
член 3
ЗАКУПЕЦОТ се обврзува наемнината да ја исплатува најдоцна до десетиот ден во месецот за тековниот месец.
член 4
ЗАКУПЕЦОТсе обврзува освен месечната исплата на наемнината по возило да ги исплатува и следните трошоци :
перење на возило
замена на гуми,бандажи и балансирање
промена на масло
промена на гуртни,пактни,добоши и сл.
штелување на палење на мотор
припрема на возилото за тхе.преглед
регистрација на возилото
отклонување на настанати ситни други дефекти на возилото
сметки од бензин.
член 5
Висината на наемнината дефинирана со овој договор има важност до крајот на календарската год. Ако ЗАКУПЕЦ и ЗАКУПОДАВАЧ не побараат некаква промена истиот договор важи и за следната година.
член 6
Во случај ЗАКУПЕЦОТ да доцни со исплатата на ЗАКУПОДАВАЧ должен е да се договори со ЗАКУПОДАВАЧОТ за појавената состојба и начинот на исплата (дали ќе плати затезна камата според есконтните стапки на Народна Банка на Република Македонија за период на доцнење или на друг начин).
Во ваквиот случај ЗАКУПОДАВАЧ има право со најава да го повлече возилото дадено под наем кај ЗАКУПЕЦОТ и да го раскине договорот.
член 7
Секоја од странките имаат право да го раскине договорот без обврска да ги назначува причините за тоа. Отказниот рок со овој договор се утврдува на еден месец.
член 8
Во случај на спор надлежен за решавање на истиот ќе биде надлежниот суд во Скопје.
член 9
Овој договор е составен во 3 (три) еднообразни примероци, од кои по два задржува ЗАКУПЕЦОТ, а еден примерок задржува ЗАКУПОДАВАЧОТ.
член 10
Овој договор склучен помеѓу ЗАКУПЕЦОТ и ЗАКУПОДАВАЧ важи 3 (три) години, а во рок од тие три години може да се прекине ,или после завршување на тие три години може да се продолжи.
ЗАКУПОДАВАЧ ЗАКУПЕЦ