Contract
РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
ФОНД ЗА ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ НА МАКЕДОНИЈА
Бр. Дата год. Скопје
Врз основа на член 70 од Законот за здравствено осигурување (“Сл. весник на РМ”, бр. 25/2000, 34/2000 и 96/2000, 50/2001, 11/2002, 31/2003, 84/2005 37/2006, 18/2007, 36/2007, 92/2008 и 98/2008 ) и
член 5 од Правилникот за начинот на плаќањето на лабораториските испитувања во специјалистичко консултативна здравствена заштита по упат на избран лекар (“Сл. весник на РМ”, бр. 10/2002, 17/2002, 137/2006, 41/2007),се склучува
Д О Г О В О Р
за извршување и плаќање на лабораториски испитувања во специјалистичко консултативна здравствена заштита по упат на избран лекар
Склучен во Скопје за 2009 година, помеѓу:
1. Фонд за здравствено осигурување на Македонија (во понатамошниот текст Фонд), застапуван од Директор XXXXXX XXXXXXXXX и Директор ЈАНЕЗ ЈЕЛНИКАР, како купувач на лабораториските услуги од една страна, и
2. која врши лаботаториска дејност (во понатамошниот текст здравствената установа -
лабораторијата) со седиште на ул. _од _ застапувано од директорот
_, жиро сметка _ _ што се води кај _ _ , даночен број
како давател на лабораториски услуги.
Предмет на договорот Член 1
Предмет на овој Договор е регулирање на односите помеѓу Фондот и здравствената установа лабораторијата за обезбедување и извршување на лаборатириски испитувања во специјалистичко консултативната здравсвената заштита по упат на избран лекар на осигурени лица за потребите на примарната здравствена заштита, видот на лабораториски испитувања, начинот на плаќање на услугите, правата и обврски на договорните страни и други прашања кои се однесуваат за регулирање на мегусебните односи помеѓу договорните страни.
Давател на лабораториски услуги Член 2
Здравствената установа - лабораторијата врши дејност во согласнот со решението за вршење на дејност бр:_ _ од година издадено од Министерството за здравство.
Здравствената установа - лабораторијата за секое проширување или промена на дејноста, измена на бројот на организационите единици на здравствената установа, како и при склучување на нови меѓусебни договори со здравствените установи на избраниот лекар во ПЗЗ, склучува Анекс на овој Договор со Фондот.
За секоја статусна промена на здравствената установа се склучува нов Договор.
За секоја промена на седиштето, управителот и жиро сметката здравствената установа е должна да го извести Фондот во рок од 15 дена.
Член 3
Здравствената установа - лабораторијата е должна на осигурените лица во целост да им ги пружа обезбедените лабораториски испитувања од член 9 од овој договор кои осигурените лица можат да ги остваруваат на товар на средствата на Фондот, во специјалистичко консултативна здравствена заштита со образец за лабораториски упат ( ЛУ 1) од избран лекар за потребите на примарна здравствена заштита.
Здравствената установа - лабораторијата е должна на осигурените лица да им пружа квалитетни, навремени, економични и ефикасни лабораториски испитувања во согласност со одредбите на Законот за здравствена заштита, Законот за здравствено осигурување, меѓудржавни договори за социјално осигурување и општите акти на Фондот.
За услуги дадени на осигуреното лице надвор од став 1 на овој член и за надстандардни услуги по барање на осигуреното лице, Фондот не ги надоместува направените трошоци.
Член 4
Здравствените услуги од лабораториската дејност на осигурените лица ги пружа лабораториски тим односно тимови вработени со полно работно време во здравствената установа наведени во Прилогот
1 од овој договор, согласно Правилникот за поблиски просторни услови, опремата и кадрите за основање и работење на здравствените организации .
Стручната спрема на носителот на дејноста и потребниот кадар за вршење на дејноста во здравствената установа (лабораторијата) е определена со Правилникот за поблиски просторни услови, опремата и кадрите за основање и работење на здравствените организации.
Во случај на престанок на работен однос на дел од лабораторискиот тим (носителот на дејност или лаборантот, здравствената установа е должна во рок од 15 дена да го комплетира тимот).
Член 5
Фондот ќе склучи договор со здравствената установа - лабораторијата, по претходно доставен меѓусебен договор за соработка, склучен помеѓу здравствената установа (лабораторијата) и здравствената установа на избраниот лекар која има склучено договор со Фондот и која пружа здравствени услуги во примарната здравствена заштита од дејноста општа медицина, педијатрија, училишна медицина и медицина на трудот, освен за дејноста гинекологија и стоматологија.
Здравствената установа - лабораторијата ќе пружа лабораториски услуги на вкупниот број на осигурени лица кои избрале лекар во здравствената установа од примарна здравствена заштита, од став 1 на овој член.
Член 6
Здравствената установа (лабораторијата) е должна без надоместок да ги врши сите лабораториски испитувања од член 9 на овој Договор и на осигурените лица кои избраниот гинеколог и стоматолог ги упатил, доколку здравствената установа на избраните лекари на осигуреникот (гениколог или стоматолог) има склучено договор со Фондот и доколку здравствената установа на избраниот лекар на осигуреникот од примарна здравствена заштита за дејностите наведени во член 5, став 1 од овој договор, имаат склучено договор со здравствената установа (лабораторијата).
Член 7
За секој нов склучен договор на избраниот лекар и здравствена установа од примарната здравствена заштита, здравствената установа (лабораторија) склучува анекс на Прилог 2 на овој договор.
Анексот се склучува врз основа на претходно склучен договор помеѓу здравствената установа (лабораторијата) од една страна и здравствена установа на избраниот лекар од ПЗЗ со која Фондот има склучено договор од друга страна, освен во случаи кога работната единица е надвор од седиштето на здравствената установа.
Прилогот 2 е составен дел на договорот.
Со денот на престанокот на работниот однос на избраниот лекар во здравствената установа од примарна здравствена заштита истовремено престанува и договорот помеѓу Фондот и лабораторијата за тој избран лекар со што се врши измена во Прилог бр.2 од Договорот.
Член 8
Здравствената установа е должна на видно место да истакне дека има склучено договор со Фондот, да ги истакне организационите единици на здравствената установа - лабораторијата, работното време како и да истакне список на избраните лекари и здравствените установи од примарната здравствена заштита со кои таа има склучено договор
Содржина на лабораториските услуги Член 9
Содржината на лабораториските испитувања од овој Договор, е утврдена според видот на лабораториските испитување опфатени во член 2 од Правилникот за начинот на плаќањето на лабораториските испитувања во специјалистичко-консултативна здравствена заштита по упат на избран лекар и тоа:
I Хематолошки и цитолошки испитувања Ред.бр. Анализа
КРВНА СЛИКА
1. Хемоглобин
2. Еритроцити
3. Леукоцити
4. Тромбоцити
5. Хематокрит
6. Диференцијална крвна слика
7. Седиментација на еритроцити за 1 саат
II. Испитување на урина Ред. бр. Анализа
1. РН
2. Специфицна тежина
3. Белковини
4. Сахар
5. Кетони
6. Седимент на урина
7. Уробилиноген
8. Билирубин
III. Основни биохемиски испитувања Ред. бр. Анализа
1. Гликемија
2. Холестерол
3. Триглицериди
4. Уреа
5. Креатинин
6. Ензимски статус - АЛАТ (ГПТ) И АСАТ (ГОТ)
7. Електролитен статус - железо (серум)
IV. Тест за бременост
Начин на пресметување и плаќање на обезбедени здравствени услуги Член 10
Пресметувањето и плаќањето на обезбедените лабораториски услуги од член 9 на овој договор (во понатамошен текст надоместок за обезбедените лабораториски испитувања - капитација), кои се предмет на овој договор, се врши по склучување на договорот со здравствената установа од примарна здравствена заштита и по склучување на овој договор.
Член 11
Надоместокот за обезбедените лабораториски услуги (капитација), претставува потенцијален месечен износ на надоместок кој осигуреното лице може да го донесе, како износ кој се плаќа на лабораторијата за обезбедување на испитувањата од член 9 на овој Договор.
Надоместокот за обезбедените лабораториски испитувања (капитација) се пресметува согласно член 8 и 8а од Правилникот за изменување и дополнување на Правилникот за начинот на плаќање на лабораториски испитувања во специјалистичко - консултативната здравствена заштита согласно бројот на осигурените лица по старосната структура (категорија) помножен со основните поени за секој од овие категории и вредноста на поенот за обезбедени лабораториски испитувања утврдена со член 9.
Надоместокот за обезбедените лабораториски испитувања (капитација) се исплаќа во зависност од бројот на вкупно остварените поени за соодветен лабораториски тим, вредноста на поенот се пресметува на следниот начин:
Остварени поени | Од утврдената вредност на поенот |
до 20000 поени | 100% |
од 20001 до 30000 | 70 % |
од 30001 до 45000 | 45% |
од 45001 | 30 % |
Член 12
Надоместокот за капитацијата од член 11 на овој Договор, што го исплаќа Фондот на здравствената установа (лабораторијата) ги опфаќа сите трошоците за квалитетно и навремено извршување на обезбедените лабораториски испитувања за потребите на избраниот лекар, утврдени со член 10 од Правилникот за начинот на плаќањето на лабораториските испитувања во специјалистичко консултативната здравствена заштита по упат на избран лекар.
Член 13
Здравствената установа е должна по потпишувањето на овој Договор да воспостави компјутерска евиденција според процедура, форма и содржина на податоците, утврдени со Упатство на Фондот и интернет поврзување.
Начинот, обемот, содржината и формата на податоците што ќе ги доставува здравствената установа до Фондот се утврдуваат со Упатство од Фондот.
Податоците од став 2 на овој член се доставуваат на трошок на здравствената установа.
Секоја измена на Упатството од став 1 и став 2 на овој член, здравствената установа е должна да ја усогласи во рок од 30 дена од неговиот прием.
Здравствената установа се обврзува да обезбеди сопствен софтвер (компјутерска програм) за водење евиденција од став 1 на овој член. Изготвувањето, инсталирањето и одржувањето на софтверот паѓа на товар на здравствената установа.
Член 14
Лабораторијата доставува до Фондот фактура (пресметка) за обезбедени лабораториски услуги, најдоцна до 5 -тиот ден од тековниот месец за претходниот месец.
Во прилог на Фактурата се доставуваат: поединечни пресметки за обезбедени лабораториски услуги за секоја здравствена установа од примарна здравствена заштита по избран лекар, како и извештај за вкупно извршените лабораториски услуги.
Содржината на фактурата, пресметката и извештајот ги утврдува Фондот и е составен дел на одој Договор.
За осигурениците за кои не е издадена потврда за платен придонес од задолжителното здравствено осигурување, нема да се исплатува надоместокот за обезбедени лабораториски испитувања (капитација).
Капитацијата се исплатува само за периодот за кој има комплтетен лабораториски тим освен во случаи на користење на краткотрајно боледување.
Фактурите доставени од здравствената установа се исплатуваат за секоја здравствена установа од примарна здравствена заштита по избран лекар која има договор со лабараторијата од Подрачната служба каде е регистрирана лабараторијата.
Член 15
Плаќањето на надоместокот за обезбедени лабораториски испитувања (капитација) Фондот го врши месечно, а најдоцна до 60 -от ден од истекот на последниот ден од месецот за кој се плаќа надоместок.
Фондот се обврзува на лабораторијата да и исплати надоместок за обезбедени лабораториски испитувања (капитација), согласно Правилникот.
Здравствената установа (лабораторијата) е должна да го наплатува учеството (партиципацијата) на осигурените лица на Фондот и да издава потврда за наплатена партиципација како и да води посебна евиденција за наплатената партиципација во согласност со општите акти на Фондот.
Обврски на Здравствената установа Член 16
Други обврски на здравствената установа - лабораторијата:
1. Да го уплатува редовно придонесот за задолжително здравствено осигурување согласно одредбите на Законот за здравствено осигурување;
2. Да обезбедува здравствени услуги на сите осигурени лица без дискриминација;
3. Да ја почитува дискрецијата на податоците и информациите во врска со осигурените лица, нивниот дигнитет и интимност;
4. Да издава потврда, за наплатеното учество (партиципација) и да не наплаќа дополнителни средства од осигурените лица, освен за утврденото учество;
5. Да му овозможи на Фондот увид и контрола на целокупната документација;
6. Здравствената установа (лабораторијата) е должна писмено во рок од 15 дена да го извести Фондот и подрачната служба за отсуство на носителот на дејноста во случај на боледување, специјализација, мирување на работен однос според Закон за работни односи и во случај на престанок на работниот однос, избор на функција;
7. На видно место да истакне Ценовник за лабораториски услуги;
8. На видно место да го истакне износот на партиципацијата согласно Одлуката за партиципација;
9. Да не наплаќа дополнителни средства од осигурените лица, освен за утврденото учество со општите акти на Фондот;
10. Да води кадровска евиденција за вработените според законските прописи;
11. Ефикасно да ги користи средствата добиени од Фондот;
12. Да води уредна евиденција за сите набавени материјали со доказ за набавката и рокот на траење;
13. Здравствената установа (лабораторијата) е должна на видно место да истакне ознака дека има склучено договор со Фондот и да го истакне работното време на сите организациони единици согласно прописите за работно време и список на избрани лекари со кои има склучено договор за лабораториски испитувања;
14. Да води евиденција согласно прописите за водењето на евиденциите во областа на здравството, и други податоци од медицински карактер потребни за анализи, информации за медицинската наука, Министерството за здравство и Фондот.
15. Да поседува потврда за исправноста на апаратите за пружање на лабораториски услуги од овластен сервис, не постара од една година;
16. Да води дневник за работа и друга евиденција согласно прописите за водење на евиденциите од областа на здравството, сметководството и финансиите и да доставува податоци од медицински карактер потребни за анализи, информации за медицинската наука до Министерство за здравство, Фондот за здравствено осигурување и РЗЗ;
17. Да изготвува и да доставува посебни пресметки за пружени лабораториски услуги на лица - странски осигуреници и примерок од пресметката се доставува до странскиот осигуреник и до подрачната служба за регулирање на стварни трошоци.
18. Да негува добри деловни односи со Фондот.
Член 17
Во случаи предвидени со закон за оправдано отсуство од работа на носителот на дејност, долготрајно боледување, породилно отсуство, специјализација, услови за остварување право на пензија, смрт на носителот на дејност, избор на функција и други случаи, здравствената установа е должна во рок од 10 дена да го извести Фондот и во рок од 15 дена да вработи нов носител на дејност, во спротивност договорот со здравствената установа престанува да важи.
Член 18
На лицата опфатени со склучени меѓудржавни договори за социјално осигурување - странски осигуреници, здравствената установа им обезбедуваат здравствени услуги врз основа на договорен меѓудржавен двојазичен образец, врз основа на потврда за правата на користење здравствена заштита на странскиот осигуреник и членовите на неговото семејство издадена од соодветната
подрачна служба или врз основа на европска картичка за здравствено осигурување (European Helth Insurance Card– EHIC), доколку со таа земја Фондот има склучено посебен договор за користење на европска картичка за здравствено осигурување на територија на Република Македонија како и врз основа на сертификат доколку европската картичка е во изработка.
Здравствената установа до соодветната подрачна служба доставува посебна пресметка за пружени здравствени услуги од став 1 на овој член.
Во пресметките, здравствената установа односно стоматолошкиот тим се должни да ги наведат сите здравствени услуги кои се пружени според цените утврдени во Ценовникот за здравствени услуги во Република Македонија.
Обврски на Фондот Член 19
Фодот е обврзан на следното:
1. Да го плаќа надоместот за обезбедените здравствени услуги во согласност со овој договор, освен во случаите кога здравствената установа не го уплатува редовно и целосно придонесот за задолжително здравствено осигурување;
2. Да и ги обезбеди на Здравствената установа потребните информации, со цел таа да ги исполни превземените обврски;
3. Да врши мониторинг (контрола) врз имплементацијата на овој Договор;
4. Да врши мониторинг на извршените цели, квалитетот и квантитетот на пружените лабораториските услуги;
5. Да го проверува овластувањето или акредитацијата односно потребниот кадар за вршење на деност на здравствената устнаова - лабораторија
6. Да врши тековна проверка на критериумите врз основа на кои е склучуван договорот.
7. Подрачните служби на Фондот се обврзуваат по доставено писмено барање од здравствената установа да дадат известување за неусогласени фактури до здравствената установа, а врз на тоа известување, здравствената установа се обврзува да издаде финансиско одобрение.
8.Да ја известува здравствената установа од примарна здравствена заштита за раскинување на договорот со лабораторијата;
9..Да ја известува здравствената установа - лабораторијата за раскинување на договорот со избраниот лекар односно со здравствената установа од ПЗЗ;
Контрола Член 20
Фондот во здравствената установа врши контрола на договорениот вид и обем на обезбедени здравствени услуги на осигурените лица, контрола на остварувањето на правата од задолжителното здравствено осигурување на осигурените лица, контрола на евиденција на осигурените лица по избрани лекари, контрола на евиденција за пружени здравствени услуги на осигурнеи лица, контрола на примена на одредбите од Законот за здравственото осигурување и подзаконските акти однесени врз основа на тој закон и другите прописи, како и контрола на спроведување на одредбите од овој договор.
Здравствената установа се обврзува во секое време да му овозможи на Фондот увид и контрола во целокупното свое работење.
Член 21
За извршената контрола се составува записник за утврдената состојба во здравствената установа односно избраниот лекар.
Фондот најдоцна до 15 дена од денот на извршената контрола доставува записник до здравствената установа со заклучоци за утврдените неправилности за отстранување на утврдените неправилности и недостатоци.
Здравствената установа има право во рок од 8 дена по добивање на записникот од Фондот да достави забелешки до централната служба на Фондот.
Централната служба на Фондот може да ги преиспита забелешките доколку има нови докази. Централната служба на Фондот доколку има нови докази составува извештај по кои веднаш се постапува.
Раскинување на договорот Член 22
Овој Договор може да се раскине спогодбено во целост или делумно во делот на лабараторискиот тим, во писмена форма.
Еднострано раскинување на Договорот Член 23
Договорот може да се раскине со писмено известување, со отказен рок од 30 дена од денот на приемот на писменото известување.
Фондот има право во секое време без отказен рок еднострано да го раскине Договорот со здравствената установа. Договорот се смета дека е раскинат од денот на приемот на доставницата, освен во случаи кога двапати е направен безуспешен обид за достава и тоа:
1. Во случај на стечај или ликвидација на здравствената установа односно доколку и биде изречена мерка забрана за вршење на дејност;
2. Ако здравствената установа не пружа здравствени услуги според позитивните законски прописи;
3. Ако го оневозмножува остварувањето на правата од задолжително здравствено осигурување;
4. Ако здравствената установа, не овозможи вршење на контрола од страна на Фондот;
5. Ако со работата на лабораторијата се нанесе штета на Фондот;
6. Ако здравствената установа не обезбеди континуирана здравствена заштита ;
7. Ако здравствента установа не вработи нов лабораториски тим во случаи на породилно отсуство, подолги боледувања и специјализација на носителот на дејноста односно на лаборантот;
8. Ако здравствената установа не негуваат добри деловни односи;
9. Ако здравствената установа не го извести Фондот дека му престанал работниот однос на носителот на дејноста, упатен на специјализација, е на подолго боледување или стекнал услови за остварување право на пензија;
10. Ако не се исполнети критериумите врз основа на кои е склучен овој договор и го прекрши критериумот за обезбеден лабораториски тим и доколку не е вработен лабораториски тим со полно работно време;
11. Ако здравствената установа, постапува спротивно на законските и подзаконските акти.
12. Ако не го извести Фондот за било какви промени (статусни, седиште, проширување, промена на дејноста, измени на бројот на организациони единици и сл.) и престанок на меѓусебниот договор со здравствената установа на избраниот лекар;
13. Ако лабораторијата, во договорениот рок, не изврши баждарење на апаратурата со која работи;
14. Во случаите кога е применета договорната казна, а по повторна контрола од член 20 и 21 на овој договор повторно се утврди повреда на било која одредба од овој договор.
Член 24
Договорните страни за одредени повреди на одредбите од овој договорот, се согласија за исплата на договорна казна.
Износот на договорната казна, повредите за кои е определена можност за договорна казна како и рокот за исплата на договорна казна се утврдени со овој договор.
Доколку се утврдат повреди за кои е предвидено договорна казна и еднострано раскинување на договорот, се применува едностраното раскинување на Договорот.
Доколку се утврдат повреди од член 25 и 26 од овој Договор, се применува договорната казна од член 25 на овој договор.
Доколку се утврдат повреди од член 27 од овој Договор кои нема да бидат отстранети по изречената опомена во рок од 8 дена се применува договорната казна во износ од една половина од месечната капитација.
Доколку се утврдат повреди од член 25 и 26 од овој Договор кои се однесуваат за здравствената установа – лабораторијата ќе се применува договорна казна во износ од една просечна месечна капитација.
Доколку се утврдат повреди од член 25 и 26 од овој Договор кои се однесуваат на носителот на дејноста ( лаборантот) ќе се применува договорна казна во износ од една месечна капитација
Со исполнувањето на договорната казна за одредена повреда, истата важи за утврдени повреди до исполнувањето на договорната казна, а не се однесува за натамошниот период на важењето на договорот.
Со утврдување на договорната казна, здравствената установа се обврзува веднаш да ги отстрани утврдените повреди за кои е составен записникот од член 21 на овој договор.
Доколку договорната казна не се уплати во утврдениот рок од став 12 на овој член, овој договор еднострано се раскинува од страна на Фондот, а обврската за договорната казна останува и се наплаќа со задржување на неисплатена капитација или по судски пат.
Фондот го задржува правото да одлучи дали ќе склучи договор во наредната година со здравствената установа – лабораторијата која нема да ја плати изречената договорна казна од предходната година.
Рокот за исплата на договорната казна изнесува 30 дена од денот на доставувањето на известувањето од Фондот и се врши со уплата на договорната казна на сметката на Фондот.
Член 25
Договорна казна во износ од една месечна капитација се утврдува за следните повреди:
1. Ако во рок од 20 дена, здравствената установа писмено не го извести Фондот за било какви промени (статусни, седиште, проширување, промена на дејноста, измени на бројот на организациони единици и промена на лаборантскиот тим).
2. Ако здравствената установа во рок од 10 дена писмено не го извести Фондот и подрачната служба за отсуство на носителот на дејност во случај на боледување, специјализација, мирување на работниот однос според Законот за работни односи, во случај на престанок на работен однос на носителот на дејност и ако стекнал услови за остварување право на пензија.
3. Ако здравствената установа, односно носителот на дејност повеќе им наплати од цените утврдени во Ценовникот за здравствени услуги во Република Македонија, на лицата кои се на одмор или надвор од местото на живеење, а неможат да користат услуги од овој вид.
4. Ако здравствената установа нема извршено набавка на компјутерската опрема и доколку не ги доставува бараните податоци согласно овој Договор до Фондот;
5. Ако здравствената установа или носителот на дејност, наплатуваат на осигурените лица партиципација спротивно на важечките прописи;
6. Доколку здравствената установа не ги обезбеди медицинските материјали;
7. Доколку придонесот за задолжителното здравствено осигурување редовно, навремено и целосно не се уплатува согласно позитивните законски прописи.
8. Доколку здравствената установа на видно место не ги извести осигурените лица дека на носителот на дејноста му престанал работниот однос во здравствена установа;
9. Доколку не се исполнети критериумите врз основа на кои е склучен овој договор и го прекрши критериумот за обезбеден лабораториски тим и ако не е вработен лабораториски тим со полно работно време, доколку се преземени сите потребни дејствија за обезбедување на лабораториски тим.
Член 26
Договорна казна во износ од една половина од месечната капитација се утврдува за следниве повреди:
1. Ако здравствената установа односно носител на дејност, доставуваат неточни податоци до Фондот и доколку не ги достават во утврдениот рок;
2. Ако здравствената установа, односно носителот на дејност, не води уредна евиденција согласно законските прописи, подзаконските актите на Фондот и одредбите на овој Договор
3. Ако постои писмено незадоволство на осигурениците лица кои ги користат здравствените услуги.
4. Ако задравствената установа односно носителот на дејност, не обезбедува здравствени услуги на сите осигурени лица без дискриминација
5. Ако здравствената установа односно носителот на дејност, не ја почитува дискрецијата на податоците и информациите во врска со осигурените лица, нивниот дигнитет и интимност
6. Ако здравствената установа не води кадровска евиденција за вработените според законските прописи.
Член 27
Опомена пред изрекување на договорна казна во износ од една половина од месечната капитација се утврдува за следните повреди:
1. Ако здравствената установа на видно место нема истакнато ознака дека има склучено договор со Фондот, нема истакнато работното време на сите нејзини лаборатории и список на избрани лекари со кои има склучено договор за лабораториски испитувања,
2. Ако здравствената установа на видно место нема истакнато Ценовник за лабораториски услуги
3. Ако здравствената установа на видно место не го истакне износот на партиципацијата согласно Одлуката за партиципација;
4 .Ако здравствената установа не води уредна евиденција за сите набавени материјали со доказ за набавката и рокот на траење
Член 28
Здравствената установа е должна писмено во рок од 10 дена да го известува Фондот и подрачната служба за отсуство на носителот на дејност во случај на боледување, специјализација, мирување на работниот однос според Закон за работни односи, во случај на престанок на работен однос на носителот на дејност и во случај на стекнување на услови за остварување право на пензија.
Договорoт се раскинува задолжително доколку носителот на дејност кој е вработен во Здравствената установа ги исполнува законските услови за пензионирање и ако не обезбеди нов носител на дејност. Во случај на еднострано раскинување на овој Договор, Фондот има право да го раскине Договорот со лабораторијата во целост или само во однос на една или повеќе организациони единици на здравствената установа - (лабораторијата), наведени во Прилог бр.1 од овој Договор.
Член 29
Во случаите кога на избраниот лекар му престане работниот однос во здравствената установа на ПЗЗ која има склучено меѓусебен договор со лабораторијата, овој договор престанува да важи од денот кога престанува работниот однос на избраниот лекар, односно договорот престанува само во делот на избраниот лекар од ПЗЗ на кој му престанал работниот однос.
Член 30
Во случај на еднострано раскинување на Договорот од страна на Фондот согласно одредбите на овој Договор, Фондот нема обврска да склучи Договор со здравствената установа.
Промена на прописите Член 31
При промена (измени и дополнувања) на прописите врз основа на кои е склучен овој Договор (Закони и подзаконски акти), доаѓа до промена на одредбите од Договорот, согласно извршените измени.
Се што не е предвидено во одредбите на овој договор, важат одредбите од Законот за облигационите односи.
Судска надлежност Член 32
За решавање на споровите што ќе настанат од овој Договор, надлежен ќе биде Основниот суд Скопје
2 од Скопје.
Влегување во сила на Договорот Член 33
Овој договор влегува во сила со денот на потпишувањето од двете договорни страни, а ќе се применува од 01.01.2009 година заклучно со 31.12.2009 година.
Број на примероци на договорот Член 34
Овој договор е составен во 4 (два) еднообразни примероци од кои по еден за договорната страна и подрачната служба и два примероци за Фондот.
Фонд за здравствено осигурување на Македонија,
Здравствена установа,
Д и р е к т о р, Д и р е к т о р, Д и р е к т о р ,
Xxxxxx Xxxxxxxxx Xxxxx Xxxxxxxx