Contract
|
ВОВЕДНИ ОДРЕДБИ
(1) Во смисла на член 22 од Општите услови за осигурување на лица од последици на несреќен случај (незгода) оваа Табела за определување процент на траен инвалидитет (во натамошен текст: Табела на инвалидитет), е составен дел на Општите услови и на секој одделен договор за осигурување на лица од последици на несреќен случај (незгода) кој договарачот на осигурувањето ќе го склучи со Националната групација за осигурување АД "Осигурителна полиса" - Скопје.
(2) Како траен инвалидитет во смисла на оваа Табела на инвалидитет се смета трајна, иреверзибилна состојба на нарушување на нормалната функција на дел, односно орган на телото.
(3) Во осигурувањето на лица од последици на несреќен случај (незгода), во случај на траен инвалидитет, исклучиво се применува процентот одреден со оваа Табела на инвалидитет.
(4) Во случај на повреда конечниот инвалидитет се определува најрано три месеци по завршеното севкупно лекување, со исклучок кај ампутација и точките од Табелата каде поинаку е определено. Псевдоартроза и хроничен фистулозен остеомиелитис се оценува по дефинитивното оперативно и физикално лекување. Ако тоа не се заврши ниту во рок од 3 години од денот на повредата, тогаш како конечна се зема состојбата по истекот на овој рок и според него се определува процентот на инвалидитетот.
(5) Кај повеќекратните повреди на одделни делови, рбетот или органите, вкупниот инвалидитет на одреден дел, рбет или орган се определува така, што за најголема последица на оштетување се зема полниот процент предвиден во Табелата, од следното најголемо оштетување се зема половина од процентот предвиден во Табелата итн. по ред 1/4, 1/8 итн. Вкупниот процент не може да го надмине процентот коj е одреден со Табелата на инвалидитет за потполна загуба на тој дел или орган. Задолжително е компаративно мерење со артрометар
(6) Ако осигуреникот имал траен инвалидитет пред настанувањето на несреќниот случај, обврската на осигурувачот се одредува според новиот инвалидитет, независно од поранешниот, освен во следниве случаи:
а) ако новиот несреќен случај предизвикал зголемување на дотогашниот инвалидитет, обврската на осигурувачот се утврдува за разликата помеѓу вкупниот процент на инвалидитет и поранешниот процент,
б) ако новиот несреќен случај предизвикал загуба или повреда на еден од порано повредените делови или органи, обврската на осигурувачот се утврдува само за зголемениот инвалидитет.
(7) Оценките на инвалидитетот за различни поспедици на еден зглоб на горните и долните екстремитети не се собираат, а инвалидитетот се одредува по онаа точка која дава поголем процент, со исклучок кај колената каде се применува принципот од став 5, со тоа што, збирот не може да надмине 30% инвалидитет. При примена
на одредени точки од Табелата на инвалидитет, за една последица на исти органи или екстремитети се применува онаа точка која одредува највисок процент, односно не е дозволена примена на две точки за исто функционално оштетување, односно последица.
(8) Во случај на загуба на повеќе делови или органи при еден несреќен случај, процентите на инвалидитет за секој одделен дел или орган се собираат, но не може да изнесуваат повеќе од 100%.
(9) Мекоткивните набиеници на кожата, поткожјето, мускулно лигаментарниот апарат на скелетниот систем, без афекција
на мозокот, рбетниот мозок, крвните садови и периферни нерви, органите на градната и стомачната празнина, не се опфатени со осигурување.
(10)Субјективните тешкотии во смисла на намалување на мускулната моторна сила, болки и оток на местото на повредата, не се земаат во предвид при одредувањето на процентот на траен инвалидитет. Индивидуалните способности, социјалната положба или занимање (професионална способност) на осигуреникот не се земаат предвид при одредувањето на процентот на инвалидитет.
I. ГЛАВА
1. Дифузни оштетувања на мозокот со клинички утврдена слика на декортизација, односно децеребрација:
• хемиплегија од инветериран тип со офазија и агнозија;
• деменција (Корасаковлев синдром);
• двостран Паркинсов синдром со изразен ригор;
• комплетна хемиплегија, параплегија, триплегија, тетраплегија;
• епилепсија со деменциЈа и психичка дедетериорација;
• психоза по органска повреда на мозокот 100%
2. Оштетување на мозокот со клинички утврдена слика:
• хемипареза со силно изразен спастицитет;
• екстрапирамидна симптоматологија (невозможна координација на движењата или постоење на груби ненамерни движења);
• псевдобулбарна парализа со присилно плачење или смеење;
• оштетување на малиот мозок со изразени растројства на рамнотежата на одот и координација на движењето 90%
3. Псевдобулбарен синдром 80%
4. Епилепсија со зачестени напади и карактеристични промени на личноста, болнички евидентирани, по болничко лекување со соодветни испитувања 70%
5. Жаришни оштетувања на мозокот со болнички евидентирани последици на психооргански синдром, со наод на психијатар и психолог по болничко лекување со соодветни испитувања:
а) во лесен степен 20%
б) во среден степен 30%
в) во силен степен 40%
6. Хемипареза или дисфазија:
а) во лесен степен 20%
б) во среден степен 30%
в) во силен степен 40%
7. Оштетувања на малиот мозок со адиодохокинеза и асинергија do 30%
8. Постравматска епилепсија докажана со објективни болнички методи болнички лекувана а) со зачестени напади/најмалку еднаш неделно 15%
б) со ретки напади со медикација 5%
9. Контузиони повреди на мозокот:
а) постконтузионен синдром со постоење на објективен невролошки наод по болнички утврдена контузија на мозокот 10%
б) опериран интрацеребрален хематом без невролошки испади 10%
10. Состојба по трепанација на сводот на черепот или кршење на базата на черепот, сводот на черепот, рентгенолошки верифицирано 10%
11. Посткомоционален синдром по болнички утврден потрес на мозокот без постоење на објективни невролошки наоди со изворна медицинска документација добиена во рок од 24 часа по повредата и дополнителна медицинска документација за текот на лекувањетo 1,5%
12. Загуба на коса над 1/3 од површината на косата 3%
ПОСЕБНИ УСЛОВИ
1. Патолошките состојби на мозокот кои довеле до промени во мозокот не се опфатени со осигурување.
2. За потресите на мозокот кои не се болнички утврдени во рок од 24 часа по повредата, не се признава инвалидитет.
3. Сите форми на епилепсија мораат да бидат утврдени болнички со примена на современи дијагностички методи.
4. Кај различните последици од повреда на мозокот при еден несреќен случај процентите на инвалидитет не се собираат, туку се одредува процент само по точката која е најповолна за осигуреникот.
5. Трајниот инвалидитет за сите случаи кои спаѓаат под точките од 1 до 11 се определува најрано 10 месеци по повредата.
II. ОЧИ
13. Потполна загуба на видот на обете очи | 100% | |
14. Загуба на видот на едно око | 33% | |
- со загуба на булбус | 38% | |
15. Ослабување на видот на едно око: | ||
- за секоја десетина на смалување | 3,3% | |
16. | Во случај на другото око видот да е ослабен за повеќе од 3 десетини, за секоја | десетина |
од смалувањето на видот на повреденото око се определува | 6,6% | |
17. | Диплопија како трајна и ирепарабилна последица од повреда на око: | |
а) | екстерна офталмоплегија | 10% |
б) | тотална офталмоплегија | 20% |
18. | Загуба на очно сочиво: | |
а) | афакија - еднострана | 20% |
б) | псевдоафакија-еднострана | 15% |
в) | афакија - двострана | 30% |
г) | пседвдоафакија-двострана | 25% |
19. | Делумни оштетувања на мрежицата и стаклестото тело: |
а) делумен испад на видното поле како последица на посттравматска Аблација на ретината 5%
б) Опациталес коропорис витреи како последица на травматско крвавење во
стаклестото тело на окото | 5% |
20. Мидријаза како последица на директна траума на окото | 5% |
21. Непотполна внатрешна офталмоплегија | 10% |
22. Повреда на солзниот апарат и очните капаци | |
а) епифора | 5% |
б) ентропиум, ектропиум | 5% |
в) птоза на капаците | 5% |
23. Концентрично стеснување на видното поле на преостанатото око: | |
а) до 60 степени | 5% |
б) до 40 степени | 15% |
в) до 20 степени | 30% |
г) до 5 степени | 45% |
24. Еднострано концентрично стеснување на видното поле: | |
а) до 50 степени | 5% |
б) до 30 степени | 15% |
в) до 5 степени | 30% |
25. Хомонимна хемианопсија | 30% |
ПОСЕБНИ УСЛОВИ
1. Инвалидитет по Аблација ретине се определува по точките 15, 16 или 19.
2. Повредата на очната јаболкница која предизвикала Аблацие ретине мора да биде болнички дијагностицирана.
3. Оцената на оштетувањата на очите се врши по завршеното лекување со исклучок по точките 17 и 21, за кои минималниот рок изнесува една година по повредата.
III. УШИ
26. Потполна глувост на обете уши со уредна калорична реакција на вестибуларниот орган
40%
27. Потполна глувост на обете уши со згаснати калорични реакции на вестибуларниот орган
60%
28. СЕ БРИШЕ
29. Потполна глувост на едно уво со уредна калорична реакција на вестибуларниот орган
10%
30. Потполна глувост на едно уво со згасната калорична реакција на вестибуларниот орган на тоа уво 15%
31. Обострана наглувост со уредна калорична реакција на вестибуларниот орган обострано
-вкупна загуба на слухот по Фулер-Сабине:
а) | од 20 - 30% | 3% |
б) | од 31 - 60% | 7% |
в) од 61 - 85% 15%
32. Обострана наглувост со згасната калорична реакција на вестибуларниот орган - вкупна загуба на слухот по Фулер-Сабине:
а) | од 20 - 30% | 10% |
б) | од 31 - 60% | 20% |
в) | од 61 - 85% | 30% |
33. Еднострана тешка наглувост со уредна калорична реакција на вестибуларниот орган:
- загуба на слухот на ниво од 90-95 децибели 5%
34. Еднострана тешка наглувост со згасната калорична реакција на вестибуларниот орган:
- загуба на слухот на ниво од 90 - 95 децибели 10%
35. | Повреда на ушната школка: | |
а) | делумна загуба или делумна деформација | 5% |
б) | потполна загуба или потполна деформација | 10% |
ПОСЕБНИ УСЛОВИ
За сите случаи од ова поглавје инвалидитетот се определува по завршеното лекување, но не порано од 6 месеци по повредата, со исклучок на точката 35, која се оценува по завршеното лекување.
IV. Л И Ц Е
36. Белезно деформирачки оштетувања на лицето со функционални пречки и/или посттравматски деформитети на коските на лицето:
а) | во лесен степен | 3% |
б) | во среден степен | 6% |
в) | во силен степен | 10% |
ПОСЕБНИ УСЛОВИ
За козметичките и естетските белези на лицето не се одредува инвалидитет.
37. | Ограничено отворање на уста: | |
а) | растојание на горните и долните заби до 4 см. | 5% |
б) | растојание на горните и долните заби до 3 см | 10% |
в) | растојание на горните и долните заби до 1,5 см | 30% |
38. | Дефекти на виличните коски на јазикот или непцето со функционални пречки | |
а) | во лесен степен | 5% |
б) | во среден степен | 10% |
в) | во силен степен | 20% |
ПОСЕБНИ УСЛОВИ
За случаите по точките 36, 37 и 38 инвалидитет се одредува по завршеното лекување, но не порано од 6 месеци по повредата.
39. Загубата на постојните заби рендгенски потврдено, со стоматолошки преглед 0.5%
40. а) Xxxxxx на фацијалниот нерв по фрактура на слепоочната коска, или повреда на соодветната паротидна регија:
а) во лесен степен 5%
б) во среден степен 10%
в) во силен степен со контрактура и кај мимичка мускулатура 20%
г) парализа на фацијалниот нерв 30%
ПОСЕБНИ УСЛОВИ
Инвалидитетот по точката 40 се одредува по завршеното лекување, но не порано од 1 година по повредата.
V. HOC
41. Повреда на носот:
а) делумна загуба на носот 10%
б) загуба на целиот нос 25%
42. Аносмиа како последица на верифицирана фрактура на горниот внатрешен дел на носниот скелет 3%
43. Промена на обликот на пирамидата на носот:
а) во лесен степен 2,5%
б) во среден степен 4%
в) во силен степен 7%
44. СЕ БРИШЕ
VI. ДУШНИК И ХРАНОПРОВОДНИК
45. | Повреди на душникот: | |
а) | состојба по трахеотомија кај виталните индикации по повредата | 5% |
б) | xxxxxxx на душникот по повреда на гркланот и почетниот дел на душникот | 10% |
46. | Стеноза на душникот поради која мора трајно да се носи канила | 40% |
47. | Трајна органска засипнатост поради повредата: | |
а) | со слаб интензитет | 3% |
б) | со силен интензитет | 7% |
48. | Стеснување на хранопроводникот: | |
а) | во лесен степен | 5% |
б) | во среден степен | 10% |
в) | во силен степен | 20% |
49. | Потполно стеснување на хранопроводникот со трајна гастростома | 60% |
VII. ГРАДЕН КОШ
50. Повреди на ребрата:
а) Кршење на едно или две ребра ако е залекувано со дислокација, или скршнување на стернумот зараснат со дислокација без намалување на белодробната вентилација од рестриктивен тип 2%
б) Кршење на 3 или повеќе ребра залекувано со дислокација без смалување на белодробната вентилација од рестриктивен тип 5%
51. Состојба no терактомија 5%
52. Оштетување на функцијата на белите дробови од рестриктивен тип поради кршење на едно или повеќе ребра, пентрантни повреди на градниот кош, посттравматска адхезија, хематоторакса и пневматоракса:
а) | во лесен степен 20 - 30% смалување на виталниот капацитет | 10% |
б) | во среден степен 31 - 50% смалување на виталниот капацитет | 25% |
в) во силен степен за 51% или повеќе смалување на виталниот капацитет
40%
53. Фистула по емпиема 10%
54. Хроничен белодробен апцес 20%
ПОСЕБНИ УСЛОВИ
1. Капацитетот на белите дробови се одредува со повторена спирометрија, a no
потреба и со детална пулмолошка обработка и ергометрија.
2. Ако состојбата од точките 50, 51, 53 и 54 е проследена со пореметување на функцијата на белите дробови од рестриктивен тип, тогаш не се оценува по наведените точки, туку по точката 52.
3. Инвалидитетот по точките 52, 53, 54 се оценува по завршеното лекување, но не порано од една година од денот на повредата.
55. Загуба на една дојка | |
а) до 50 години живот | 10% |
б) преку 50 години живот | 5% |
в) тешко оштетување на дојката до 50 години живот | 3% |
56. Загуба на двете дојки | |
а) до 50 години живот | 20% |
б) преку 50 години живот | 10% |
в) тешко оштетување на двете дојки до 50 години живот | 5% |
57. Последици од пенетрантни повреди на срцето и големите крвни садови на градниот | кош: |
а) срце со нормален електрокардиограм | 10% |
б) со променлив електрокардиограм според тежината | |
на промената | 30% |
в) крвни садови | 10% |
г) аневризма на аортата со инплантата | 30% |
VIII. КОЖА
58. Длабоки белези на телото по опекотини или повреди без пречки на мотилитетот, a
повредите зафаќаат површина над 5 см2.
а) до 10% од површината на телото 1%
б) до 20% од површината на телото 7%
в) преку 20% од површината на телото 10%
59. Длабоки белези на телото по опекотини или повреди со пречки на моталитетот, а зафаќаат:
а) до 10% од површината на телото 5%
б) до 20% од површината на телото 10%
в) преку 20% од површината на телото 15%
ПОСЕБНИ УСЛОВИ
1. Случаите од точките 58 и 59 се пресметуваат со примена на правилата на деветка (шемата се наоѓа на крајот на табелата).
158. Длабок белег настанува по интермедијални опекотини (II Б степен) и/или повреди со мал дефект на кожата.
159. Длабок белег настанува по длабоки опекотини (III степен) или поткожни суб- дермални (IV степен) и/или поголем дефект на кожниот покрив.
160. За последиците од епидермални опекотини (I степен) и површината (II А степен), инвалидитет не се определува.
161. Функционалните пречки предизвикани со опекотини или повреди од точката 59,
се оценуваат и според соодветни точки од Табелата.
162. Процентот на инвалидитет се утврдува по завршеното лекување, но не порано од 6 месеци од настанувањето на несреќниот случај.
IX. СТОМАЧНИ ОРГАНИ
60. Травматска хернија верифицирана во болница непосредно по повредата ако истовремено покрај хернијата е верифицирана повреда на меките делови на стомачниот ѕид во тоа подрачје 5%
61. Повреди на дијафрагмата:
а) состојба по прснување дијафрагма во болница непосредно по повредата верифицирана и хируршки згрижена 15%
б) дијафрагмална хернија - рецидив по хируршки згрижени дијафрагмални
травматски кили | 20% |
62. Постоперативна хернија по лапартомија која е направена поради повредата | 5% |
63. Повреда на цревата и/или црниот дроб, слезина, желудник: | |
а) шиење | 10% |
б) повреда на црева и/или желудник со ресекција | 15% |
в) | повреда на црниот дроб со ресекција | 25% |
64. | Сутура или загуба на слезина (спленектомија): | |
а) | сутура на слезина | 5% |
б) | загуба на слезина до 20 години возраст | 20% |
в) | загуба на слезина од 20-40 години возраст | 15% |
г) | загуба на слезина со преку 40 години возраст | 10% |
65. | Повреда на панкреас според функционалното оштетување | до 20% |
66. | Анус растернатуралис - траен | 50% |
67. | Стеркорална фистула | 20% |
68. | Инконтинеција алви трајна: | |
а) | делумна | 20% |
б) | потполна | 40% |
X. УРИНАРНИ ОРГАНИ
69. | Загуба на еден бубрег - со нормална функција на другиот | 30% |
70. | Загуба на еден бубрег - со оштетена функција на другиот | |
а) | во лесен степен до 30% оштетување на функцијата | 40% |
б) | во среден степен до 50% оштетување на функцијата | 55% |
в) | во силен степен над 50% оштетување на функцијата | 80% |
71. | Функционални оштетувања на едниот бубрег: | |
а) | во лесен степен до 30% оштетување на функцијата | 7% |
б) | среден степен до 50% оштетување на функцијата | 15% |
в) | во силен степен преку 50% оштетување на функцијата | 20% |
72. | Функционални оштетувања на двата бубрега: | |
а) | во лесен степен до 30% оштетување на функцијата | 20% |
б) | во среден степен до 50% оштетување на функцијата | 35% |
в) | во силен степен преку 50% оштетување на функцијата | 60% |
73. Растројство при испуштање на урина поради повреди во подрачјето на урогениталниот орган според Шарие:
а) во лесен степен под 18 ЦХ 5%
б) во среден степен под 14 ЦХ 15%
в) во силен степен под 6 ЦХ 30%
74. Повреда на мочниот меур со намален капацитет за секоја 1/3 на намалување на капацитетот 10%
75. Потполна инконтиненција на урината:
а) кај мажи 40%
б) кај жени 50%
в) трајна цистостома 40%
76. Уринарна фистула (уретрална, перинеална, вагинална) 25%
XI. ГЕНИТАЛНИ ОРГАНИ
77. Загуба на еден тестис до 60 години живот | 15% |
78. Загуба на еден тестис преку 60 години живот | 5% |
79. Загуба на обата тестиса до 60 години живот | 40% |
80. Загуба на обата тестиси преку 60 години живот | 20% |
81. Загуба на пенисот до 60 години | 50% |
82. Загуба на пенисот преку 60 години живот | 25% |
83. Деформација на пенисот со оневозможена кохабитација | |
до 60 години живот | 50% |
84. Деформација на пенисот со оневозможена кохабитација преку 60 години живот | 25% |
85. Загуба на матката и јајниците до 55 години живот: | |
а) загуба на матка | 30% |
б) за загуба на едниот јајник | 5% |
в) за загуба на двата јајника | 20% |
86. Загуба на матката и јајниците преку 55 години живот: | |
а) загуба на матката | 10% |
б) загуба на секој јајник | 2,5% |
87. Оштетување на вулвата и вагината кои оневозможуваат кохабитација до 60 години живот
50%
88. Оштетување на вулвата и вагината кои оневозможуваат кохабитација преку
60 години 15%
XII. Р' Б Е Т
89. Повреда на р'бетот со трајни оштетувања на рбетниот мозок или периферните нерви
(квадриплегија, параплегија, триплегија):
со загуба на контрола на дефекцијата и уринирањето 100%
90. Повреда на рбетниот мозок со целосна парализа на долните екстремитети без пречки на дефекцијата на уринирањето 80%
91. Повреда на рбетот со трајно оштетување на рбетниот мозок или периферните нерви (тетрапареза, трипареза) без загуба на контролата на дефекцијата и мочањето, верифицирано со ЕМГ:
а) лесен степен 30%
б) среден степен 40%
в) тежок степен 50%
92. Повреда на рбетот со пареза на долните екстремитети верифицирани со ЕМГ:
а) лесен степен 10%
б) среден степен 20%
а) силен степен 30%
ПОСЕБНИ УСЛОВИ
Оштетувањата кои спаѓаат под точките 89 и 90, се оценуваат по утврдување на ирепарабилни невролошки лезии, а за точките 91 и 92 се оценуваат по завршеното лекување,но не порано од 1 година од денот на повредувањето.
93. Намалена подвижност на рбетот како последица на кршење на еден или повеќе пршлени со изменување на линијата на рбетот (кифоза, гибус, сколиоза):
а) | во лесен степен | 10% | |||
б) | во среден степен | 15% | |||
в) | во силен степен | 25% | |||
94. | Намалена подвижност на рбетот по повреда на коскениот дел на вратниот сегмент: | ||||
а) | во лесен степен | 3% | |||
б) | во силен степен | 7% | |||
95. Намалена подвижност на рбетот по повреда на коскениот дел на торакалниот сегмент: | |||||
а) | во лесен степен | 2% | |||
б) | во силен степен | 5% | |||
96. а) | Намалена подвижност на рбетот по повреда на коскениот д во лесен степен | ел на лумбалниот сегмент: 5% | |||
б) | во силен степен | 10% | |||
ПОСЕБНИ УСЛОВИ | |||||
Хернија | дисциинтервертебралис, | сите видови лумбалгии, | дископатија, | спондилози, |
спондилистези, спондилолиза, сакралрии, миофасцитиси, коксигодини, ишиалгии, фибразитис, фасцитиси и сите патоанатомски промени на слабинско крстни регии означени со аналогни термини, не се опфатени со осигурување.
XIII. КАРЛИЦА
97. | Повеќекратно кршење на карлицата со тешка деформација или | денивелација на |
сакроилијакалните зглобови или симфиза | до 30% | |
98. | Симфизеолиза со дислокација хоризонтална и/или вертикална: | |
а) | големина 1 см | 5% |
б) | големина 2 см | 10% |
в) | големина преку 2 см | 15% |
99. | Кршење на една цревна коска санирана со дислокација | 4% |
100. | Кршење на двете цревни коски санирани со дислокација | 8% |
101. 102. | Кршење на срамната или седишната коска санирано со дислокација Кршење на 2 коски: срамната, седишната или срамната | 4% и седишната, |
со дислокација | 6% | |
103. | Кршење на крсната коска, санирана со дислокација | 5% |
104. Скршеницата на тртна коска со дислокација, незарасната псевдоартроза, како и оперативно отстранување на тртната коска 3%
ПОСЕБНИ УСЛОВИ
За кршење на коските на карлицата кои зараснале без дислокација и без објективни функционални пречки не се одредува инвалидитет.
XIV. Р А Ц Е
105. | Загуба на двете раце или шепи | 100% | |
106. | Загуба на раката од рамото (ексартихулација) | 70% | |
107. | Загуба на раката во подрачјето на надлактицата | 65% | |
108. | Загуба на раката под лактот со задржана функција на лактот | 60% | |
109. | Загуба на шепа | 55% | |
110. | Загуба на сите прсти: | ||
а) | на двете шепи | 90% | |
б) | на едната шепа | 45% | |
111. | Загуба на палец | 18% | |
112. | Загуба на показалец | 12% | |
113. | Загуба на среден, до мал и мал прст: | ||
а) | среден | 8% | |
б) | до мал или мал, за секој прст | 4% | |
114. | Загуба на метакарпалните коски на палецот | 6% | |
115. | Загуба на метакарпалните коски на показалец | 4% | |
116. | Загуба на метакарпалните коски на средниот, до малиот | и | малиот прст, |
за секоја коска | 3% |
ПОСЕБНИ УСЛОВИ
1. За загуба на еден член на палецот се одредува половина, а за загуба на еден член од останатите прсти се определува третина од инвалидитетот определен за соодветниот прст.
2. Делумна загуба на коскениот дел од членчето се оценува како потполна загуба на членчето.
3. За загуба на јагодица од прстот се определува 1/2 од инвалидитетот определен за загуба на член.
НАДЛАКТИЦА
117. Потполна вкочанетост на рамениот зглоб во функционално неповолна положба
(абдукција) 25%
118. Потполна вкочанетост на рамениот зглоб во функционално поволна положба
(абдукција) 15%
119. | Намалена подвижност на раката во рамениот зглоб споредено со здравата рака: | |
а) | во лесен степен намалување до 2/3 подвижност во зглобот | 5% |
б) | во силен степен намалување преку 2/3 подвижност во зглобот | 10% |
120. | Кршење на дијафизата на хумерус | |
a) | Pravilno zarasnata | 4% |
b) | Nepravilno zarasnata | 7% |
121. | Лабавост на рамениот зглоб со коскени дефекти на зглобните тела | 15% |
122. | Клучна коска: | |
а) | неправилно зарастено кршење на клучната коска | 2% |
б) | псевдоартроза на клучна коска | 4% |
123. | Делумно исчашување (сублуксација) на акромиоклавикуларниот | или |
стерноклавикуларниот зглоб | 2% | |
124. | Потполно исчашување на акромиоклавикуларниот или стерноклавикуларниот | зглоб |
рентгенски верифицирано | 6% | |
125. | Ендопротеза на рамениот зглоб | 30% |
126. | Псевдоартроза на надлактичната коска: |
а) хипертрофично (фиксно) - обем на движење во псевдоартроза помал од
15 степени 7%
б) нормо/или хипотрофично (млитаво) - со обем на движење во псевдоартрозата поголем од 15 степени 15%
127. Хроничен остеомилитис на коските на горните екстремитети со фистула | посттравматска |
10% | |
128. Парализа на нервот аксесорисус | 15% |
129. Парализа на брахијалниот плексус | 60% |
130. Делумна парализа на брахијалниот плексус (ЕРБ или КУМПКЕ) | 35% |
131. Парализа на аксиларниот нерв | 15% |
132. Парализа на радијалниот нерв | 30% |
133. Парализа на нервот медианус | 35% |
134. Парализа на нервот улнарис | 30% |
135. Парализа на два нерва од едната рака | 50% |
136. Парализа на три нерва од едната рака | 60% |
ПОСЕБНИ УСЛОВИ
(1). Xxxxxx на нервите се одредува максимално до 2/3 од инвалидитетот определен за парализа на соодветниот нерв.
(2). За случаите кои спаѓаат под точките 128 до 136, инвалидитет се определува по завршеното лекување, но не пред две години по повредата со задолжителна верификација со ЕМГ не постара од 3 месеци.
ПОДЛАКТИЦА
137. Потполна вкочанетост на зглобот на лактот во функционално неповолна положба од 100
до 140 степени. 15%
138. Потполна вкочанетост на зглобот на лактот во функционално неповолна положба 25%
139. Намалена подвижност на зглобот на лактот, споредена со здравата рака:
а) во лесен степен смалување до 2/3 подвижност во зглобот 5%
б) во силен степен смалување преку 2/3 подвижност во зглобот 10%
140. Разлабавен зглоб на лактот (разлабавување во фронтална рамнина) осцилација на движењата во попречна насока:
а) во лесен степен девијација до 10 степени 5%
б) во среден степен девијација до 20 степени 10%
в) во силен степен девијација преку 20 степени 15%
141. Ендопротеза на лактот 25%
142. Псевдоартоза на радиус или улна за секоја коска 10%
143. Кршење на дијафизата на коските на подлактицата
a) радиус или улна (една коска) 2%
b) радиус и улна (двете коски) 3%
144. СЕ БРИШЕ
145. Анкилоза на подлактицата во супинација 25%
146. Акилоза на подлактицата во средна положба 15%
147. Анкилоза на подлактицата во пронација 20%
148. Намалена ротација на подлактицата (просупинација) компарирана со здравата рака:
а) во лесен степен смалување до 2/3 од подвижност во зглобот 3%
б) во силен степен смалување преку 2/3 од подвижноста во зглобот 6%
149. Анкилоза на рачниот зглоб:
а) во положба на екстензија 10%
б) во оската на подлактицата 15%
в) во положба на флексија 25%
150. Намалена подвижност на рачниот зглоб компарирана со здравата рака:
а) во лесен степен смалување до 2/3 на подвижноста во зглобот 3%
б) во силен степен смалување преку 2/3 на подвижноста во зглобот 8%
151. Ендопротеза на чунестата коска и/или ослинатум (месечеста коска) 15%
152. Ендопротеза на рачниот зглоб 20%
ПОСЕБНИ УСЛОВИ
Псевдоартроза на навикуларната и/или полумесечесгата коска се оценува според точка 150.
ПРСТИ
153. Потполна вкочанетост на сите прсти од едната рака | 40% |
154. Потполна вкочанетост на целиот палец | 15% |
155. Потполна вкочанетост на целиот показалец | 9% |
156. | Потполна вкочанетост на средниот, до малиот и малиот прст: | |
а) | целиот среден прст | 6% |
б) | до малиот или малиот прст, за секој | 3% |
ПОСЕБНИ УСЛОВИ
2. За потполна вкочанетост на еден зглоб, на палецот се определува половина, а за потполна вкочанетост на еден зглоб на другите прсти се определува третина од инвалидитетот определен за загуба на тој прст.
3. Збирот на процентот на вкочанетост на одделни зглобови на еден прст не може да биде поголем од процентот определен за потполна вкочанетост на тој прст.
(157). Намалена подвижност на палецот по уредно зараснато кршење на базата на метакарпалната коска (Бенет) 3%
(158). Неправилно зараснат Xxxxxxx прелом на палецот 5% (159). Скршување на метакарпалните коски:
а) неправилно зараснато скршување на 1-та метакарпална коска | 2% | |
б) за останатите метакарпални коски II - та, III, IV и V-та за секоја коска | 1% | |
(160). Намалена подвижност на дисталниот или базалниот зглоб на палецот: | ||
а) во лесен сепен | 2% | |
б) во силен степен | 4% | |
(161). Намалена подвижност на одделни зглобови на показалецот: | ||
а) во лесен степен - за секој зглоб | 1% | |
б) во силен степен - за секој зглоб | 2% | |
(162). Намалена подвижност на одделни зглобови на: | ||
А) Среден прст | ||
а) во лесен степен за секој зглоб | 0,75% | |
б) во силен степен за секој зглоб Б) До малиот или малиот прст | 1,5% | |
а) | во лесен степен за секој зглоб | 0,5% |
б) | во силен степен за секој зглоб | 1% |
ПОСЕБНИ УСЛОВИ
2. Вкупниот инвалидитет по точките 160, 161 и 162 не може да изнесува повеќе од иивалидитетот за потполна вкочанетост на истиот прст.
3. Под лесен степен се подразбира намалување на подвижноста за половина од нормалната подвижност, а под силен степен се подразбира намалена подвижност преку половина од нормалната подвижност.
XV. Н О 3 Е
(163). Загуба на двете натколеници 100%
(164). | Ексартикулација на нога во колк | 70% |
(165). | Загуба на натколеница во горната третина, осакатениот бут неповолен за протеза | 60% |
(166). | Загуба на натколеница под горната третина | 50% |
(167). | Загуба на двете потколеници, осакатени делови поволни за протеза | 80% |
(168). | Загуба на потколеница, осакатениот дел под 6 см | 45% |
(169). | Загуба на потколеница, осакатениот дел преку 6 см | 40% |
(170). | Загуба на двете сгапала | 80% |
(171). | Загуба на едно стапало | 35% |
(172). | Загуба на стапало во Шопартова линија | 35% |
(173). | Загуба на стапало во Лисфранова линија | 30% |
(174). | Трансметатарзална ампутација | 25% |
(175). | Загуба на првата или петтата метатарзална коска | 5% |
(176). | Загуба на втората, третата и четвртата метатарзална коска, за секоја | 3% |
(177). | Загуба на сите прсти на стапалото на една нога | 20% |
(178). | Загуба на палецот на стапалсто: | |
а) | загуба на крајното членче на палецот | 5% |
б) | загуба на целиот палец | 10% |
(179). | Загуба на целиот 2 - 5 прст на ногата, за секој прст | 2,5% |
(180). | Делумна загуба на целиот 2-5 прст на ногата за секој прст | 1% |
ПОСЕБНИ УСЛОВИ
Вкочанетост на интерфалангеалните зглобови на 2 - 5 прст во испружена положба или намалена подвижност на овие зглобови не претставува инвалидитет.
(181). Потполна вкочанетост на колкот во функционално поволна положба 30% (182). Потполна вкочанетост на колкот во функционално неповолна положба 40% (183). Потполна вкочанетост на двата колка 70% (184). СЕ БРИШЕ
(185). Деформирачка посттравматска артроза на колкот: скршеница на главата, вратот или пертрохантерната регија или исчашување, со намалена подвижност на колкот со РТГ верификација - компарирано со здравиот колк:
а) во лесен степен намалување до 2/3 подвижност во зглобот 7% б) во силен степен намалување преку 2/3 подвижност во зглобот 15% (186). Ендопротеза на колкот 30%
(187). Намалена подвижност на колкот компарирана со здравиот колк со РТГ верификација.
а) во лесен степен намалување до 2/3 подвижност во зглобот 5% б) во силен степен намалување преку 2/3 подвижност во зглобот 10% (188). Псевдоартроза на бутна коска
a) Хипертрофична (фиксна) со обем на движење во псевдоартрозата помал од 15 степени 15%
б) Нормо или хипотрофична (млитаво) со обем на движење поголем од 15 степени 25% (189). Неправилно зараснато кршење на бутната коска со ангулација во варус, валгус позиција: А. Деформација во фронтална рамнина (варус/валгус)
а) | од 10 до 20 степени | 6% | |
б) | над 20 степени | 12% | |
Б. Деформација во сагитална рамнина (анте и ретрокурватум) | |||
а) | од 10 до 20 степени | 3% | |
б) | над 20 степени | 6% | |
(190). | Хроничен остеомиелитис на коските | на долните | екстремитети со фистула |
посттравматска | 10% |
(191). Големи и длабоки белези во мускулите на натколеницата или потколеницата како и травматските хернии на мускулите на натколеницата и потколеницата без пореметување на функцијата на зглобот 5%
(192). Циркулаторни промени по посттравматско оштетување на големите крвни садови на долните екстремитети верифицирано со Доплер:
а) потколеница 4%
б) натколеница 8%
(193). Скратување на ногата поради кршење:
а) од 2 до 4 см. 5%
б) од 4,1 до 6 см 10%
в) преку 6 см 15%
(194). Вкочанетост на коленото:
а) во функционално поволна положба (до 10 степени флексија) 15% б) во функционално неповолна положба 25% (195). Деформирачка артроза на коленото по повредата на зглобовните тела со намалена
подвижност со рентгенолошка верификација компарирана со здравото колено:
а) во лесен степен смалување до 2/3 подвижност во зглобот 5% б) во силен степен смалување преку 2/3 подвижност во зглобот 10% (196). Намалена подвижност на зглобот на коленото, компарирано со здравото колено:
а) во лесен степен смалување до 2/3 подвижност во зглобот 4% б) во силен степен смалување преку 2/3 подвижност во зглобот. 8% (197). Разнишаност на коленото по повреда на капсулата и лигаментарниот апарат
компарирана со здравото колено:
а) лабавост во еден правец 5%
б) лабавост во два правци 10%
в) постојано носење на ортопедски апарат 15%
(198). Ендопротеза на коленото 30%
(199). Оштетување на менискусот со рецидивирачки пречки артроскопски потврдено или состојба по оперативно отстранување на менискусот 3%
(200). Слободно зглобно тело во коленото поради повреда 2% (201). Функционални пречки по отстранување на чашка:
а) парцијално отстранета чашка 3%
б) тотално отстранета чашка 10%
(202). Псевдоартроза на чашка 6%
(203). Рецидивирачки травматски синовитис на коленото и/или травматска хондромалација на чашка артроскопски верифицирани 2%
(204). Псевдоартроза на тибијата:
а) без коскен дефект 10%
б) со коскен дефект 20%
(205). Правилно зараснато кршење на дијафизите на коските на потколеницата
а) фибула 2%
б) тибија 4%
в) тибија и фибула 6%
(206). Неправилно зараснато кршење на потколеницата со валгус, варус или рекурвстум деформација, компарирано со здравата потколеница:
а) од 5 до 15 степени 5%
б) преку 15 степени 10%
(207). Анкилоза на скоковниот зглоб во функционално поволна положба (5 - 10 степени плантарна флексија) 10%
(208). Анкилоза на скоковниот зглоб во функционално неповолна положба 15% (209). Намалена подвижност на скоковниот зглоб компарирано со здравиот скоковен зглоб:
а) во лесен степен намалување до 2/3 подвжност во зглобот 3% б) во силен степен намалување преку 2/3 подвижност во зглобот 10% (210). Ендопротеза на скоковиот зглоб 25%
(211). Травматско проширување на малеоларната, бималеоларна, трималеоларна вилушка на стапалото компарирано со здравото стапало 7%
(212). Деформација на стапалото, со скршеници на коските: пес ескаватус, пес плановалгус, пес варус, пес еквинус:
а) во лесен степен 5%
б) во силен степен 10%
(213). Деформација на калканеусот по компресивно кршење 10%
(214). Деформација на талусот по кршење со деформирачка артроза 12% (215). Изолирани кршења на коските на тарсусот без поголеми деформации 2% (216). Деформација на една метатарзална коска по кршењето 1,5% (217). Поголема деформација на метатарзусот по кршење на метатарзалните коски 5% (218). Потполна вкочанетост на крајниот зглоб на палецот на ногата 1% (219). Потполна вкочанетост на основниот зглоб на палецот на ногата или двата зглоба 3% (220). Вкочанетост на основниот зглоб на 2 до 5 прст, за секој прст 0,75%
(221). Деформација или анкилоза на 2 до 5 прст на ногата во свиена положба (дигитус флексис) за секој прст 1%
(222). Големи белези на петата или табанот по дефектите на меките делови:
а) | површина до 1/2 од табанот | 5% |
б) | површина преку 1/2 од табанот | 10% |
(223). | Парализа на исхијадичниот нерв | 40% |
(224). | Парализа на феморалниот нерв | 30% |
(225). | Парализа на тибијалниот нерв | 25% |
(226). | Парализа на перонеалниот нерв | 25% |
(227). | Парализа на глутеалниот нерв | 10% |
ПОСЕБНИ УСЛОВИ
1. За пареза на нервите на нозете се определува максимално до 2/3 од процентот определен за парализа на соодветниот нерв.
2. За случаите кои спаѓаат од точка 223 - 227 се определува инвалидитетот по zавршеното лекување, но не порано од 2 години по повредата, со верификација ЕМГ не постара од 3 месеци.
3. Дисторзии на зглобови не се опфатени со осигурување.