Contract
Бул. Xxxx Xxxxxx бр.18, 1000 Скопје
тел: 000 0 0000 000
фах: 389 2 3220-165
XXXXX XXXXX (реф.бр. 11-3562/1, 15.04.2015)
ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА ПОСТАПКА ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОГОВОР ЗА КОНСУЛТАНТСКИ УСЛУГИ ЗА ИЗРАБОТКА НА
НАЦИОНАЛНА СТРАТЕГИЈА ЗА ЗАШТИТА НА ПРИРОДАТА
ДОКУМЕНТАЦИЈА ЗА ЈАВЕН ПОВИК (реф.бр. 11-3562/1, 15.04.2015)
Содржина
1. Општи информации 3
2. Способност на понудувачите 5
3. Подготовка и поднесување на понудите 6
4. Отворање и евалуација на понудите 8
5. Доделување и склучување на договорот 10
Прилог 1 11
Прилог 2 23
Прилог 3 27
1. ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ
1.1 Договорен орган
1.1.1 Договорен орган е Министерство за животна средина и просторно планирање, со адреса на Бул.,,Xxxx Xxxxxx” бр.18, Скопје, телефон за контакт 389 2 3215 503, факс 389 2 3220-165, web страна xxx.xxxxx.xxx.xx
1.1.2 Контакт лице кај договорниот орган во врска со спроведувањето на постапката за доделување на договорот е Весна Петрушевска со функција Државен советник во Министерството за животна средина и просторно планирање, телефон 000 0 0000 000, факс 389 2 3220-165, електронска пошта x.xxxxxxxxxxx@xxxxx.xxx.xx
1.1.3. Контакт лицa во врска со проектната задача е Xxxxxx Xxxxxxx, раководител на Сектор за природа, при Управата за животна средина на Министерството за животна средина и просторно планирање, тел. 00 0 000 000, факс 389 2 3220-165, електронска пошта: x.xxxxxxx@xxxxx.xxx.xx.
1.2 Предмет на договорот
1.2.1 Предмет на договорот се консултантски услуги за изработка на Национална стратегија за заштита на природата. Детален опис на предметот на договорот е даден во проектната задача прилог на оваа тендерската документација.
1.2.2 Предметот на договорот е неделив. Понудувачот во својата понуда треба да ги вклучи сите составни делови. Во спротивно понудата ќе се смета за неприфатлива.
1.3 Рок на изработка
1.3.1 Изведувачот е должен да ги изврши услугите предметот на договорот, во рок од 12 месеци сметано од денот на потпишување на договорот.
1.4 Применливи прописи
1.4.1 Оваа постапка се спроведува согласно со Методологијата за спроведување на тендерски постапки одобрена од Швајцарската канцеларија за соработка во Македонија.
1.5 Извор на средства
1.5.1 Средствата за реализација на Договорот за јавна набавка кој е предмет на оваа постапка без вклучен ДДВ, а во рамките на Проектот ,,Програма за зачувување на природата во Македонија” финансиран од Швајцарската конфедерација, се обезбедени од Фармахем ДООЕЛ Скопје согласно склучениот Договор за изработка на Национална стратегија за заштита на природата и Извештај за стратегиска оцена на животната средина за Националната стратегија за заштита на природата, склучен помеѓу Договорниот орган и Фармахем ДООЕЛ Скопје, наш бр.02-11469/1 од 03.12.2013 година и анекс кон договорот наш број 11-903/2 од 28.01.2015 година.
1.6 Право на учество
1.6.1 Понудувачите (или стручно лице/стручни лица од тимот на понудувачот) што имаат една или повеќе негативни препораки, како и групите понудувачи (или стручно лице / стручни лица од тимот на понудувачот) со негативна препорака, немаат право на учество или ќе бидат изземени од процесот. Негативните препораки може да се дадат или од страна на донаторот или од државната установа за јавни набавки.
1.6.2 Право да достави понуда има секое заинтересирано правно лице од Македонија регистрирано за услуги поврзани со темата на тендерот и кое преземало документација за Јавен повик од веб страната на договорниот орган или веб страната на Програмата за зачувување на природата во Македонија.
1.6.3 Право да достави понуда има и група на понудувачи без обврска за здружување во соодветна правна форма.
1.6.4 Групата на понудувачи треба да назначи претставник што ќе има овластување да ги извршува сите деловни активности за и во име на која било страна и на сите страни од групата на понудувачи во текот на постапката за доделување на договор и во текот на извршувањето на договорот, во случај истата да биде избрана.
1.6.5 Во случај на понуда од група на понудувачи, претставникот на групата со својата понуда треба да достави и писмено овластување потпишано од сите членови на групата на понудувачи со кое тие го овластуваат претставникот да поднесе понуда и да ги презема сите права и обврски во нивно име и за нивна сметка. Сите членови на групата на понудувачи се поединечно и солидарно одговорни пред договорниот орган за извршување на своите обврски. Договорниот орган ќе комуницира со претставникот на групата на понудувачи.
1.6.6 Понудувачот во рамките на иста постапка за доделување на договор може да учествува само во една понуда. Сите понуди каде еден понудувач се јавува во повеќе од една самостојна и/или групна понуда ќе бидат отфрлени.
1.6.7 Лицата кои учествувале во изработка на тендерската документација не смеат да бидат понудувачи или членови во група на понудувачи во постапката за доделување на договорот.
1.7 Трошоци за поднесување на понуда
1.7.1 Понудувачот ги сноси сите трошоци поврзани со подготовката и со доставувањето на понудата, а договорниот орган не е одговорен за тие трошоци без оглед на водењето и на исходот од постапката за доделување на договорот.
1.8 Критериум за доделување на договор
1.8.1. Критериум за доделување на договор - е економски најповолна понуда. За изведувач ќе биде избран оној понудувач чија понуда ќе биде оценета како економски најповолна, односно која ќе освои најголем број на бодови како збир на бодовите за секој елемент на критериумот економски најповолна понуда.
1.8.2. Како елементи на критериумот економски најповолна понуда се земаат следниве:
1) Карактеристики на квалитет (Техничка понуда) 70 бодови
2) Цена (Финансиска понуда) 30 бодови
1.9 Спречување на судир на интереси
1.9.1 Изведувачот не смее, при извршување на договорот, да ангажира лица кои биле вклучени во евалуација на понудите поднесени во постапка за доделување на договор, во времетраење на договорот. Во тој случај договорот се смета за ништовен.
1.9.2 Во постапката за доделување договор, членовите на евалуационата комисија, како и одговорното лице потпишуваат изјава за непостоење судир на интереси.
1.9.3 Во случај на судир на интереси кај членовите на Евалуационата комисија, истите се повлекуваат од работа на комисијата и се заменуваат со други лица.
1.10 Појаснување, измена и дополнување на тендерската документација
1.10.1 Секое барање, информација и објаснение за тендерската документација и други документи во процесот може, преку електронска пошта, да се испрати на Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП). МЖСПП ќе одговори во рок од 4 дена од приемот на пораката.
1.10.2 Министерството за животна средина и просторно планирање, како договорен орган, го задржува правото најдоцна 5 дена пред истекот на крајниот рок за поднесување на понудите, по свое наоѓање или врз основа на прашања за објаснување поднесени од страна на понудувачите, да ја измени или да ја дополни тендерската документација, за што веднаш ќе ги извести сите понудувачи што ја презеле тендерската документација.
2. СПОСОБНОСТ НА ПОНУДУВАЧИТЕ
2.1 Со понудата понудувачот задолжително треба да достави придружна документација со која ќе ги докаже:
- личната состојба,
- способноста за вршење професионална дејност,
- техничката или професионалната способност
2.2 За докажување на својата лична состојба, понудувачот ги доставува следниве документи:
- потврда дека не е отворена постапка за стечај од надлежен орган;
- потврда дека не е отворена постапка за ликвидација од надлежен орган;
- потврда за платени даноци, придонеси и други јавни давачки од надлежен орган од земјата каде понудувачот е регистриран;
- потврда од Регистарот на казни за сторени кривични дела на правните лица дека не му е изречена споредна казна забрана за учество во постапки за јавен повик, доделување на договори за јавна набавка и договори за јавно-приватно партнерство;
- потврда од Регистарот на казни за сторени кривични дела на правните лица дека не му е изречена споредна казна привремена забрана за вршење на одделна дејност;
- потврда од Регистарот на казни за сторени кривични дела на правните лица дека не му е изречена споредна казна трајна забрана за вршење на одделна дејност;
- потврда дека со правосилна пресуда не му е изречена прекршочна санкција - забрана за вршење на професија, дејност или должност;
- потврда дека со правосилна пресуда не му е изречена привремена забрана за вршење одделна дејност
2.3 За да ја докаже способноста за вршење на професионална дејност, понудувачот треба да достави документ за регистрирана дејност (ДРД образец
/Потврда за регистрирана дејност за кој во РМ надлежен орган за издавање е Централен регистар на РМ.
2.4 Документите од потточки 2.2 и 2.3 не смеат да бидат постари од
6 (шест) месеци сметано од крајниот рок за доставување на понудите наназад.
2.5 Понудувачот го докажува исполнувањето на техничката или професионалната сопособност преку доставување на:
2.5.1. Референтна листа на економскиот оператор (заверена и потпишана од економскиот оператор) за извршени услуги/ реализирани проекти од областа на зачувување на природата и заштита на животната средина, со датуми, купувачи/приматели на услугите,
- со задолжително доставување на потврди за минимум 3 (три) успешно спроведени слични проекти, потврди издадени од примателите на услуги (копии заверени од понудувачот со печат и потпис на одговорното лице, назнака “Верно на оригиналот”).
2.5.2 Тим на експерти, со приложена биографија и референтна листа за секој експерт одделно, согласно барањата за експерти и потребните минимум квалификации објаснети во Проектната задача, дадена во Прилог 1.
2.5.3 Универзитетските дипломи или Уверенијата за положени испити за тимот експерти за соодветните образовни квалификации објасните во Проектната задача.
2.5.4 Изјава заверена и потпишана од понудувачот со податоци за лицата кои ќе бидат одговорни за реализација на предметот на повикот, нивните улоги, дали се вработени или ангажирани, дека ќе бидат достапни за цело времетраење на доворот и дека нема да учествуваат паралелено во друга понуда. Образецот на Изјава е даден како Прилог 2. Изјавата мора да се пополни без никакви измени на нејзината форма. Во спротивно понудата може да биде отфрлена како неприфатлива
3. ПОДГОТОВКА И ПОДНЕСУВАЊЕ НА ПОНУДИТЕ
3.1 Содржина на понудата
3.1.1 Понудата треба да биде подготвена врз основа на оригиналната тендерска документација и се состои од следниве елементи:
- Пропратно писмо со потпис и печат;
- Профил на организацијата-понудувач;
- Документи за утврдување на личната состојба наведени во потточка 2.2 од тендерската документација;
- документи за утврдување на способноста за вршење на професионална дејност наведени во потточка 2.3 од тендерската документација
- докази за утврдување на техничката или професионалната способност наведени во потточка 2.5 од тендерската документација;
- Изјава со потпис и печат дека понудувачот ги разбира и прифаќа сите барања во објавениот повик;
- Техничка понуда со временски распоред x
- Финансиска понуда (Прилог 3 – Финансиската понуда мора да се пополни без никакви измени на нејзината форма. Во спротивно понудата може да биде отфрлена како неприфатлива)
3.2 Јазик на понудата
3.2.1 Понудата, како и целата кореспонденција и документи поврзани со понудата се доставува на македонски јазик.
3.3 Цена на понудата
3.3.1 Понудената цена треба да ги вклучува сите трошоци и попусти на понудувачот, да биде искажана без данок на додадена вредност кој се искажува посебно (Прилог 3 – Финансиската понуда мора да се пополни без никакви измени на нејзината форма. Во спротивно понудата може да биде отфрлена како неприфатлива).
3.3.2 Цената на понудата се пишува со бројки и букви.
3.4 Валута на понудата
3.4.1 Цената на понудата се изразува во денари.
3.5 Период на важност на понудата
3.5.1 Периодот на важност на понудата ќе изнесува 120 (сто и дваесет) дена од денот определен како краен датум за поднесување на понудите. Доколку денот определен како краен датум за поднесување на понудите е неработен, периодот на важноста на понудата се смета од наредниот работен ден. Понудите кои содржат покус период на важност од оној утврден во оваа точка од тендерската документација ќе бидат отфрлени како неприфатливи.
3.6 Форма и потпишување на понудата
3.6.1 Понудувачот подготвува еден оригинален примерок во писмена форма и еден електронски примерок (CD) од понудата спакувани во коверт. Понудата се пишува со неизбришливо мастило и ја потпишува одговорното лице на понудувачот или овластено лице од страна на понудувачот.
3.7 Краен рок и место за поднесување на понудите
3.7.1 Краен рок за доставување на понудите е 08.05.2015 година, во
15:00 часот.
3.7.2 Понудите се поднесуваат на следнава адреса: Министерство за животна средина и просторно планирање, бул.: Гоце Делчеб бр.18, 1000 Скопје, со назнака "За Јавен повик (Реф. бр. 11-3562/1, 15.04.2015)".
3.7.3 Понудата која е поднесена по истекот на крајниот рок за поднесување на понудите, се отфрла како задоцнета и истата ќе му биде вратена на понудувачот неотворена.
3.7.4 Понудите треба да бидат доставени во стандарден затворен коверт на кој ќе биде наведено во десниот агол “НЕ ОТВОРАЈ”
3.8 Алтернативни понуди
3.8.1 Во оваа постапка за доделување на договор не се дозволени алтернативни понуди.
4. ОТВОРАЊЕ И ЕВАЛУАЦИЈА НА ПОНУДИТЕ
4.1 Отворање на понудите
4.1.1 Отварањето на понудите нема да биде јавно
4.1.2 Во текот на отварањето на понудите се води записник.
4.2 Евалуација на понудите
4.2.1 Комисијата за евалуација ги оценува понудувачите и понудите врз основа на следниов модел:
ФОРМАЛНИ БАРАЊА (ЕЛИМИНАЦИОНИ) | |
Понуда поднесена во бараниот рок | Да/Не |
Комплетна понуда | Да/Не |
КРИТЕРИУМИ ЗА СООДВЕТНОСТ (ЕЛИМИНАЦИОНИ) | |
Докази за лична состојба | Да/Не |
Докази за способност за вршење професионална дејност | Да/Не |
Докази за исполнување на техничка и професионална способност | Да/Не |
КРИТЕРИЕУМ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ ДОГОВОР | |
Техничка понуда | 70 бодови |
- Квалификациите и искуството на лицата одговорни за извршување на задачите предмет на договорот - Пристап и методологија за изработка на Национална стратегија за заштита на природата | 45 бодови 25 бодови |
Финансиска понуда | 30 бодови |
Вкупно | 100 бодови |
Појаснување:
• За критериумот: Квалификациите и искуството на лицата одговорни за извршување на задачите предмет на договорот понудувачот треба да понуди тим од квалификувани експерти кои ќе ги покриваат минимум следниве области:
o Главен кооординатор на проектот
o Клучен експерт геологија
o Клучен експерт за геоморфологија
o Клучен експерт за предели
o Клучен експерт за биодиверзитет и заштитени подрачја
o Клучен експерт за хидрологија
o Клучен експерт за GIS
Исклучиво е дозволено главниот координатор на проектот да биде еден од клучните експерти за геологија или геоморфологија.
Во сите други случаи едно исто лице може да се предложи за вршење на само една задача. Во спротивно, понудата на понудувачот ќе биде отфрлена како неприфатлива.
• Критериумот: Квалификациите и искуството на лицата одговорни за извршување на задачите предмет на договорот ќе се бодува врз основа на минимум потребните квалификации на екпертите, објаснети во Проектана задача, а како доказ ќе се користат доставените биографии со референтни
листи. Доколку не се задоволени минимум потребните квалификации, понудата понатака нема да се разгледува.
• Цената на понудата ќе се пресметува како вкупна цена без данок на додадена вредност, при што најмногу бодови (максималниот утврден) ќе добие понудата која има најниска понудена цена. Бодовите за елементот цена кај другите понуди ќе се доделат според следнава формула:
Број на бодови =
најниска понудена цена (без ДДВ)
. максимален број бодови
Понудена цена (безДДВ)
• Во текот на евалуацијата на критериумите за доделување договор, секој член на Комисијата за евалуација ќе ја бодува секоја понуда посебно. Конечниот резултат од бодувањето на секоја понуда ќе биде просекот од бодови дадени од страна на секој оценувач за таа понуда.
• Најпрво ќе се оценува техничката понуда, која доколку не освои минимум од 50 бодови, од можните 70 бодови, ќе се изземе од постапката и нема да се продолжи кон оценување на финансиската понуда.
• Предлог одлуката за избор на најповолен понудувач за тендерите ја дава Комисијата за евалуација, и истата се испраќа заедно со извештајот од евалуацијата до Швајцарска канцеларија за соработка во Македонија заради можни забелешки. Ако Швајцарската канцеларија за соработка во Македонија не се согласува со предлог одлуката дадена од страна на Комисијата за евалуација, Комисијата за евалуација ќе мора повторно да ги евалуира понудите и да даде предлог за нов најдобар понудувач. Конечната одлука за избор на најповолен понудувач после одобрување од Швајцарската канцеларија за соработка во Македонија ја донесува одговорното лице на институцијата (партнерот).
4.2.2 И да пристигне една понуда, доколку ги задоволува потребните критериуми, истата ќе биде земена предвид.
4.2.3 Доколку во текот на постапката за доделување договор, најповолната прифатлива понуда согласно условите на постапката е со цена повисока од износот на планираните средства, договорниот орган ќе преговара со понудувачот или ќе ја поништи постапката.
4.2.4 Избраниот понудувач ќе биде запознаен со конечната одлука по писмен пат, во рок од 5 дена од донесувањето на одлуката.
4.2.5 Понудувачите што не биле одбрани исто така ќе бидат запознаени по писмен пат, по потпишување на договорот со избраниот понудувач.
4.2.6 Понудувачите што не биле одбрани немаат право на жалба.
4.2.7 Информацијата за избраниот изведувач ќе биде објавена на интернет страницата на договорниот орган и на web страната на Програма за зачувување на природата во Македонија.
4.3 Доверливост на процесот на евалуација на понудите
4.3.1 Ниту една информација во врска со разгледувањето, оценката и споредбата на понудите во процесот на евалуација нема да им се откријат на понудувачите или на кои било други лица што не се службено вклучени во тој процес.
4.4 Појаснување на понудите
4.4.1 Поднесување дополнителни документи по истекувањето на рокот не се прифаќа.
4.4.2. Доколку има потреба, Комисијата за евалуација може да побара појаснувања за понудата. Барањето мора да се испрати по електронска пошта, а одговорот на понудувачот мора да биде одговор директно до испраќачот.
4.5 Исправка на аритметички грешки
4.5.1 Ако понудата е прифатлива и е составена и доставена во согласност со тендерската документација, договорниот орган ги коригира аритметичките грешки на следниот начин:
- ако постои несовпаѓање меѓу зборовите и бројките, преовладува износот што е напишан со зборови.
- ако постои разлика помеѓу единечната цена и вкупната цена, тогаш преовладува единечната цена.
4.5.2 Комисијата за евалуација ќе ги коригира грешките во понудата според опишаната постапка и таа ќе се смета обврзувачка за него.
4.5.3 Ако понудувачот не ја прифати корекцијата на аритметичките грешки, понудата ќе биде отфрлена.
5. ДОДЕЛУВАЊЕ И СКЛУЧУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ
5.1 Договорниот орган, по донесување на конечната одлука за избор на најповолен понудувач, договорот му го доделува на понудувачот чија понуда ќе биде оценета како економски најповолна, односно која ќе освои најголем број на бодови како збир на бодовите за секој елемент на критериумот економски најповолна понуда.
5.2 Договорниот орган ќе го достави договорот до избраниот најповолен понудувач во 6 (шест) примероци на потпишување.
5.3 Избраниот најповолен понудувач има обврска да го потпише договорот во рок од 7 (седум) календарски дена од денот на добивање на договорот и истиот да му го врати на договорниот орган. Договорниот орган презема обврска на избраниот најповолен понудувач да му го испрати потребниот број на примероци од договорот откако истиот ќе го потпише овластеното лице на договорниот орган.
5.4 Доколку избраниот најповолен понудувач не го потпише договорот во рокот утврден во точка 5.3 од тендерската документација, договорниот орган го задржува правото да смета дека избраниот најповолен понудувач се откажал од склучување на договорот.
Прилог 1
МИНИСТЕРСТВО ЗА ЖИВОТНА СРЕДИНА И ПРОСТОРНО ПЛАНИРАЊЕ
Република Македонија
ИЗРАБОТКА НА НАЦИОНАЛНА СТРАТЕГИЈА ЗА ЗАШТИТА НА ПРИРОДАТА
ПРОЕКТНА ЗАДАЧА
Април , 2015
1. ЗА ПРОГРАМАТА
Изработка на Национална стратегија за заштита на природата е овозможена преку Програмата за зачувување на природата во Македонија со поддршка на Министерството за животна средина и просторно планирање како еден од главните партнери на Програмата.
Програмата за зачувување на природата во Македонија e координирана од конзорциум составен од швајцарската невладина организација Helvetas Swiss Intercooperation и македонската компанија Фармахем. Програмата е финансиранa од страна на Владата на Швајцарија преку Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC). Програмата е дизајнирана да и помогне на земјата во зачувувањето на биолошка разновидност и природните екосистеми, преку промовирање на нивното одржливо управување и користење. Оваа програма се реализира во периодот од 15 ноември 2012 година до 31 декември 2016 година. Главни партнери на програмата се: Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП), Центарот за развој на Источен Плански Регион, Агенцијата за планирање на просторот, Министерството за земјоделие, шумарство и водостопанство и Шумарскиот факултет од Скопје.
Повеќе информации за Програмата може да се добијат на
2. ПРАВНА ОСНОВА И ОБВРСКИ ЗА ИЗРАБОТКА НА НАЦИОНАЛНА СТРАТЕГИЈА ЗА ЗАШТИТА НА ПРИРОДАТА
2.1 Вовед
Изготвувањето и донесувањето на Национална стратегија за заштита на природата е обврска од националната легислатива. Согласно Законот за заштита на природата ("Службен весник на РМ" бр. 67/2004, 14/2006, 84/2007, 35/10, 47/11, 148/11, 59/12, 13/13, 163/13 и 41/14), Владата на Република Македонија на предлог од Министерот за животна средина и просторно планирање донесува Национална стратегија за заштита на природата. Стратегијата е со важност од 10 години и содржи долгорочни основи на политика на заштита на природата.
Потребата за изработка на Национална стратегија за заштита на природата е нотирана во Национална програма за усвојување на правото на ЕУ (ревизија- 2014), Програмата за работа на Владата на РМ за период 2011-2015 година и Вториот Национален Еколошки Акционен План.
Значајна приориотетна активност во процесот на приближување на Република Македонија кон Европската Унија е развојот и унапредувањето на дејноста "заштита на природа". Со цел успешно исполнување на обврските од ЕУ законодавството потребно е да се докомплетира националната легислатива и да се изготват стратешките развојни документи, со што ќе се унапреди заштитата на природата, преку заштита на биолошката и пределската разновидност и заштита на природното наследство во и надвор од заштитетните подрачја.
Во процесот на унапредување на дејноста заштита на природата, значајно место зазема имплементацијата на трите рамковни конвенции на ООН (Конвенцијата за заштита на биолошката разновидност, Конвенцијата за климатски промени и Конвенцијата за опустинување).
Од друга страна, имплементирањето на Директивата на ЕУ за заштита на дивата флора, фауна и хабитати (92/43/EEC), Директивата на ЕУ за заштита на
дивите птици (79/409/EEC) како и Регулатива за заштита на видовите од дивата фауна и флора, за регулирање на нивната трговија (338/97 EEC) бараат поголеми инвестиции, посебно во делот на изградба на институционални капацитети, спроведување на мониторинг за состојбата со природното наследство, зајакнување на системот за управување со заштитените подрачја, изготвување бази на податоци за статусот на видовите и живеалиштата во РМ, кои се од посебен интерес за зачувување на ЕУ.
Република Македонија како членка на Советот на Европа во делот на заштита на геодиверзитетот има обврска да ги имплементира целите на Европската Конвенција за пределот, како што се: заштита, управување и планирање на пределите и организирање на европска соработка за прашања во врска со пределот.
Од аспект на воспоставување на интегрална заштита на природата (геодиверзитетот и биодиверзитетот) од особена важност е спроведување на обврските од Kонвенцијата за заштита на светското културно и природно наследство (UNESCO).
2.2 Цел на Националната стратегија за заштита на природата
Согласно обврските на РМ кои произлегуваат од директивите, регулативите и препораките на ЕУ во рамките на процесот на пристапување на нашата држава во ЕУ, Министерството за животна средина и просторно планирање треба да ги идентификува потребите и да ги зајакне своите капацитети за програмирање и имплементација на проекти и активности во дејноста заштита на природа. Во таа смисла донесувањето на стратешки развојни документи како инструменти за подобрување на состојбата со заштитата на природата на национално ниво, претставува приоритетна цел на Министерството за животна средина и просторно планирање. Од тој аспект, Националната стратегија за заштита на природата е важен документ, со кој ќе се утврдат приоритетите, мерките и активностите за заштита и управување на природата.
Стратегијата за заштита на природата во општи црти ќе ја објасни визијата, основните цели и стратешки определби за заштита на природата и ќе претставува една интегрирана рамка заснована на серија стратешки компоненти и пристапи.
Стратегијата треба да ги одреди целите и насоките за зачувување на природата, начините на нејзино спроведување во согласност со целокупниот стопански, општествен и културен развој на РМ.
Стратегијата треба да се изработи врз основа на анализа на моменталната состојба на природата, главните закани и проблеми во природата како и да ги дефинира мерките и активностите за заштита на природата.
Стратегијата има за цел да ги идентификува:
- состојбите и проблемите во дејноста заштита на природата,
- насоките за воспоставување на интегриран систем за заштита и управување на природата преку заштита, зачувување и управување со биолошката разновидност, геодиверзитетот, геолошкото наследство, пределската разновидност и управување со заштитените подрачја,
- одговорностите на сите инволвирани субјекти во заштитата на природата,
- правните и финансиски механизми за заштита и управување со природата и др.,
При изготвувањето на Стратегијата за заштита на природата ќе бидат земени во предвид основните начела за заштита на природата, согласно Законот за заштита на природата.
Стратегијата за заштита на природата има за цел да допринесе за исполнување на следните стратешки одредби:
• обезбедување на одржливо користење на дивите видови и екосистемите,
• зајакнување и унапредување на ситемот на заштитени подрачја,
• зачувување на природните целини од аспект на геолошките и геоморфолошките својства на природата,
• рационално користење на минералните суровини,
• зачувување на пределската разновидност согласно барањата на Конвенцијата за пределот,
• зајакнување на институционалните капацитети за заштита на природата на централно и локално ниво,
• воспоставување и развој на еколошки мрежи за ефективна заштита и управување со природното наследство,
• усогласување на Стратегијата за заштита на природата со други стратешки развојни документи од другите сектори (шумарство, земјоделие, сточарство, рибарство, транспорт, енергетика, индустрија, рударство, туризам, градежништво и др.) преку интегрирање на политиката за заштита на природата,
• постигнување на интегрирана заштита на природата преку промовирање на холистики пристап во заштитата на биолошката разновидност, геодиверзитетот и пределската разновидност.
2.3 Содржина на Националната стратегија за заштита на природата
Согласно постоечките практики за изготвување на стратешки развојни документи, Стратегијата за заштита на природата треба да ги содржи следните тематски целини:
Предговор во кој ќе биде презентирана потребата и законската основа за изготвување на Национална стратегија за заштита на природата
Вовед со кратко резиме за анализата на состојбите и проблемите во дејноста заштита на природата во Република Македонија
Главна цел, основни цели и стратешки принципи на Националната стратегија за заштита на природата, во поглавјето ќе бидат јасно дефинирани и опишани целите и принципите на Стратегијата
Анализа на правната и институционалната рамка за заштита на природата
- Законски основи (Закон за заштита на природата, подзаконски акти кои произлегуваат од овој закон, како закони поврзани со природата од другите сектори),
- Ратификувани меѓународни конвенции, протоколи и договори,
- Директиви и регулативи на ЕУ,
- Други стратешки документи, планови и програми поврзани со Стратегијата за заштита на природата
- Надлежни државни органи за заштита на природата,
- Научни и стручни институции инволвирани во заштита на природата и
- Невладини организации вклучени во активности за заштита и промовирање на природното наследство.
Анализа на моменталната состојбата со природата во Република Македонија
- Биолошка разновидност – овој дел ќе биде превземен од ревизијата на Националната стратегија за биолошка разновидност со акционен план заедно со делот за заштитени подрачја кој ќе се дополни со податоци за начините за финансирање на заштитените подрачја, нивното управување и дефинирање на заканите за заштитените подрачја.
- Геодиверзитет - Во ова поглавје ќе се изврши идентификација на вредностите на геодиверзитетот и геолошкото наследство на национално ниво, како и негова систематизација и класификација. Оваа активност треба да вклучи теренски истражувања на различни локалитети во Македонија кои можат да бидат од интерес во однос на присуството на геолошкото наследство. Истражувањата ќе овозможат изработка на Студија за состојбата со геодиверзитетот и геолошкото наследство во Македонија. Проектната задача за Студијата ќе вклучи валоризација на геолошкиот диверзитет (карпи-седименти, вулкански и метаморфни карпи, минерали, фосили). Ќе бидат селектирани најзначајните, највредните и најрепрезентативните компоненти на геолошкото наследство и за истите ќе бидат дадени препопраки за нивна заштита и зачувување.
Исто така, ќе се изврши валоризација и на компонентите на геоморфолошкиот диверзитет (релјефни појави и процеси – тектонски, ерозивни, флувијални, карстни, глацијални, абразивни и други облици), со анализа и на хидролошкиот диверзитет (реки, речни сливови, природни езера, глацијални езера, вештачки акумулации, извори, мочуришта, темпорални води и подземни водни текови). Аспектите за анализата на хидролошкиот диверзитет ќе бидат превземени од Стратегијата за води на РМ. Врз основа на извршената валоризација ќе бидат селектирани најрепрезентативните геоморфолошки форми и за истите ќе бидат дадени препораки за заштита и зачувување.
Врз основа на извршената валоризација на елементите на геолошпкото наследство и геодиверзитетот од Студијата ќе бидат селектираните локалитетите со најзначајни геолошки и геоморфолошки елементи во Република Македонија, кои ќе бидат нанесени на карта со координати на распространувањe, како и мерки за нивна заштита, зачувување и управување.
Сите добиени податоци од истражувањата и постоечките литературни податоци од областа на геодиверзитетот и геолошкото наследство ќе бидат обработени, анализирани во GIS. Податоците од Студијата за состојбата со геодиверзитетот и геолошкото наследство во Македонија ќе бидат искористени како основа за изработка на делот за геодиверзитет и геолошко наследство во Стратегијата за заштита на природата
- Пределска разновидност - Во овој дел ќе се изврши идентификација и класификација на пределските типови во Република Македонија, вреднување на пределските типови и дефинирање на мерки за нивна заштита.
Главни закани за природата и анализа на идентификуваните проблеми – за изработка на ова поглавје ќе се искористат податоците за идентификуваните закани и проблеми за биолошката разновидност од ревизијата на Националната стратегија за биолошка разновидност и ќе се дополни со потребните податоци за областите кои се предмет на анализа во оваа стратегија (геодиверзитет, геолошко наследство и пределска разновидност).
- социо-економски аспекти (влијание на економските сектори врз природата)
- директни и индиректни закани за природата
- идентификација на слаби и јаки страни, попречувачи и можности во дејноста заштита на природата (SWOT анализа)
Насоки за подобрување на заштитата на природата и тоа:
- насоки за истражување и следење на состојбата на природата,
- насоки за вклучување на заштитата на природата во другите сектори,
- насоки за подобрување и дополнување на институционалните и правните рамки,
- насоки за едукација и подобрување на образованието со цел зачувување на природата,
- насоки за вклучување на локалното население во процесот на заштита и унапредување на природата,
- насоки за употреба на механизми за стимулирање на надворешни инвестиции во заштитата на природата.
Приоритетни проблеми и мерки за заштита и управуавње со природата – во ова поглавје ќе се направи приоритизација на проблемите и ќе се предложат мерки за нивно решавање.
Акционен план - ќе содржи детални информации за начините на кои ќе се реализираат предвидените цели, преку мерки и активности, проценка на трошоците, можни извори на финансирање, одговорни институции/субјекти за имплементација, временска рамка и очекувани резултати за спроведување на предложените активности.
3. ОБЕМ НА ЗАДАЧАТА
Од економскиот оператор се бара:
1. Да ги дефинира главната цел и специфичните цели на проектот,
2. Да предложи пристап и методологија за вклучување на засегнатите страни и да организира работилници во тек на изработката на Стратегијата за заштита на природата и да ги земе предвид мислењата, коментарите и сугестиите од засегнатите страни при изработката на документот,
3. Да предложи пристап и методологија за вклучување на делот за биодиверзитет од ревизијата на Националната стратегија за биолошка разновидност со акционен план, како и дефинирање на начините за финансирање на заштитените подрачја, нивното управување и дефинирање на заканите,
4. Да предложи пристап и методологија за изработка на Студијата за состојбата со геодиверзитетот и геолошкото наследство во Македонија.
5. Да предложи пристап и методологија за вклучување на деловите за геодиверзитет и геолошко наследство од Студијата за состојбата со геодиверзитетот и геолошкото наследство во Македонија, како и вклучување на
делот за хидролошки диверзитет од Стратегијата за води, во Стратегијата за заштита на природата
6. Да предложи методологија за идентификација и класификација на пределските типови, да направи нивно вреднување и да ги дефинира мерките за нивна заштита.
7. Да предложи пристап и методологија за мапирање на податоците и анализа во GIS.
8. Да предложи пристап и методологија за усогласување на Стратегијата за заштита на природата со други стратешки развојни документи од другите сектори
9. Да даде опис на активности што ќе се превземат за изработка на стартегијата како и временски рок за извршување на активностите со предлог краен рок за изработка на стратегија
10. Да изврши идентификација на сите клучни релевантни субјекти и да даде опис на потенцијалните улоги во проектот и
11. Да примени трансферзални теми во имплементација на активностите: полова еднаквост (реализација на активностите да тежнее кон полова еднаквост и еманципацијата на жените) и принципи на добро управување (транспарентност, недискриминација, ефективност, ефикасност, партиципативност, следење на законска регулатива).
12. Да предложи пристап и методологија за внесување на корекции во Предлог Стратегијата за заштита на природата со акционен план, по завршување на консултациите со релевантни државни органи кои ќе ги спроведе МЖСПП.
4. РЕЗУЛТАТИ
Главен резултат кој се очекува да се добие од реализацијата на оваа активност е интегрален документ Национална стратегија за заштита на природата со вклучен акционен план за период од 10 години.
Во рамките на оваа програмска активност ќе се добие и Студија за состојбата со геодиверзитетот и геолошкото наследство во Македонија.
5 ТЕХНИЧКА И ПРОФЕСИОНАЛНА СПОСОБНОСТ
За да се квалификува како способен за извршување на програмската активност. предметниот договор за јавна набавка од аспект на неговата техничка и професионална способност, понудувачот треба да ги исполнува следниве минимални услови:
Потребни квалификации на економскиот оператор
Да има успешно реализирани минимум 3 (три) слични проекти.
Достапност на лицата одговорни за извршување на задачите предмет на договорот
Економскиот оператор да има ангажирано лица кои ќе бидат одговорни за извршување на задачите предмет на договорот, за кои лица економскиот оператор треба да обезбеди дека нема да бидат ангажирани од друг економски оператор за извршување на задачите предмет на конкретната набавка, односно нема да учествуваат во друга понуда за извршување на задачите предмет на овој договор за јавна набавка.
Квалификации и искуството на лицата одговорни за извршување на задачите предмет на договорот
Во биографиите на предложените членови на тимот треба јасно да се изнесе релевантноста и подрачјата кои секој од нив ќе ги покрие, како и нивните квалификации за проектната задача.
Понудувачот потребно е да понуди тим од квалификувани експерти со искуство во полиња релевантни на програмската задача.
Тимот треба да биде раководен од главен координатор на проектот и да вклучува клучни експерти за одредени специфични области и тоа:
- геологија
- геоморфологија
- предели
- биодиверзитет и заштитени подрачја
- хидрологија и
- GIS
Дозволено е главниот координатор на проектот да биде еден од клучните експерти за геологија или геоморфологија.
Доколку понудувачот предложи повеќе од еден експерт за некоја/секоја од специфичните области, тогаш треба да се назначи кој е клучен експерт бидејќи само клучните експерти ќе бидат оценувани во процесот на евалуација на техничките понуди.
Главен координатор на проектот
Универзитетска диплома за доктор на геолошки или географски науки.
Учество во најмалку 3 (три) проекти од областа на проучување и заштита на природата.
Експерт за геологија
Универзитетска диплома за доктор на геолошки науки.
Учество во најмалку 3 (три) проекти од областа на проучување и заштита на геолошкото наследство со задачи релевантни и адекватни на специфичната област за која се предлага, како и изработка на соодветни стратегии или ревизии на стратегии.
Експерт за геоморфологија
Универзитетска диплома за доктор на географски науки.
Учество во најмалку 3 (три) проекти од областа на проучување и заштита на геодиверзитетот со задачи релевантни и адекватни на специфичната областа за која се предлага.
Експерт за предели
Универзитетска диплома за доктор по природни науки (биологија,
географија).
Учество во најмалку 3 (три) проекти од областа на проучување и заштита на пределите со задачи релевантни и адекватни на специфичната областа за која се предлага.
Експерт за биодиверзитет и заштитени подрачја
Универзитетска диплома за доктор на биолошки науки.
Учество во најмалку 3 (три) проекти од областа на проучување и заштита на биолошката разновидност и/или природата со задачи релевантни и адекватни на специфичната областа за која се предлага.
Експерт за хидрологија
Универзитетска диплома за доктор по градежништво, специјалност за хидрологија.
Учество во најмалку 3 (три) проекти од областа на проучување со задачи релевантни и адекватни на специфичната областа за која се предлага.
Експерт за GIS
Универзитетска диплома за доктор од областа на географија, информатика, или слични области.
Учество во најмалку 3 (три) проекти од областа на Географските информациски системи, со искуство во проучување и заштита на природата со задачи релевантни и адекватни на специфичната областа за која се предлага.
6 РОК НА ИСПОРАКА
Избраниот економски оператор треба да ги испорача Студијата за состојбата со геодиверзитетот и геолошкото наследство во Македонија и Националната стратегија за заштита на природата во рок од 12 месеци од потпишување на договорот.
7 ЈАЗИК НА ПОТРЕБНИТЕ ДОКУМЕНТИ
Националната стратегија за заштита на природата да биде изработена на македонски јазик во печатена и електронска форма. Студијата за состојбата со геодиверзитетот и геолошкото наследство во Македонија да биде изработена на македонски и англиски јазик во печатена и електронска форма.
Бројот и начинот за доставување на изработените примероци кои носителот на набавката е обврзан да ги достави на Договорниот орган се:
• 500 печатени примероци од Студијата за состојбата со геодиверзитетот и геолошкото наследство во Македонија на македонски и англиски јазик со дизајнирана корица.
• 500 примероци од Студијата за состојбата со геодиверзитетот и геолошкото наследство во Македонија во електронска верзија (CD), на македонски и англиски јазик со дизајнирано CD и опаковка.
• 20 печатени примероци од Националната стратегија за заштита на природата на македонски јазик со дизајнирана корица;
• 50 примероци од Националната стратегија за заштита на природата во електронска верзија (CD), на македонски јазик, со дизајнирано CD и опаковка и
Дизајнот на печатената и електронска верзија треба да се дефинираат по упатствата и препораките од Договорниот орган и Програмскиот тим за Координација на Програмата за зачувување на природата во Македонија.
8 КРИТЕРИУМИ НА ОЦЕНУВАЊЕ
- Цена 30 бода
- Квалитет 70 бода
a) Квалификациите и искуството на лицата одговорни за извршување на задачите предмет на договорот – 45 бодови
b) Пристап и методологија за изработка на „Национална стартегија за заштита на природата“, односно за исполнување на проектните задачи - 25 бодови
9 ИСПЛАТА НА СРЕДСТВА
Програмата за зачувување на природата во Македонија во рамките на кој се реализира оваа јавна набавка е финансирана од Швајцарската агенција за развој и соработка и како проект е регистрирана во Централната база на податоци на Република Македонија за странска помош (CDAD). Во Договорот помеѓу Владата на РМ и Владата на Швајцарската конфедерација стои клаузула дека донираните средства не можат да се користат за плаќање на јавни давачки во РМ, па според тоа проектот е ослободен од ДДВ и вредноста на договорот за јавна набавка, на носителот на набавката од страна на Фармахем, како локален координатор на Програмата, ќе му биде исплатена без вклучен ДДВ.
10 МОНИТОРИНГ И ЕВАЛУАЦИЈА ПРИ СПРОВЕДУВАЊЕ НА ПРОГРАМСКАТА АКТИВНОСТ „ИЗРАБОТКА НА НАЦИОНАЛНА СТРАТЕГИЈА ЗА ЗАШТИТА НА ПРИРОДАТА“
Мониторингот и евалуација при реализација на оваа програмска активност ќе го врши Договорните органи, односно Министерството за животна средина и просторно планирање и Прoграмскиот тим за координација, како претставник на Програмата за зачувување на природата во Македонија.
11 ТРАНСВЕРЗАЛНИ ТЕМИ
Економскиот оператор посебен акцент треба да стави на интегрирањето на половата еднаквост при реализирањето на програмската активност и истото да го понуди во предложената методологија, како и да примени практики на добро управување.
Прилог 2
Образец на Изјава за лица одговорни за извршување на задачите предмет на договорот
Изјава за лица одговорни за извршување на задачите предмет на договорот по јавен повик бр.11-3562/1, 15.04.2015
Изјавувам дека од
(назив на понудувачот)
за реализација на предметот на договорот по јавен повик бр. 11-3562/1, 15.04.2015, односно за извршување на задачите предмет на договорот за изработка Национална стратегија за заштита на природата, ќе бидат одговорни следниве лица:
1) , вработен/ангажиран во нашата институција, ќе биде
(име и презиме на назначеното лице) (да се заокружи дали е вработен или ангажиран)
одговорен за реализација на предметот на повикот, со задача Главен координатор на проектот.
Лицето го има следново образование:
.
2) , вработен/ангажиран во нашата институција, ќе биде
(име и презиме на назначеното лице) (да се заокружи дали е вработен или ангажиран)
одговорен за реализација на предметот на набавката, со задача Xxxxxx експерт за геологија.
Лицето го има следново образование:
.
3) , вработен/ангажиран во нашата институција, ќе биде
(име и презиме на назначеното лице) (да се заокружи дали е вработен или ангажиран)
одговорен за реализација на предметот на набавката, со задача Xxxxxx експерт за геоморфологија.
Лицето го има следново образование:
.
4) , вработен/ангажиран во нашата институција, ќе биде
(име и презиме на назначеното лице) (да се заокружи дали е вработен или ангажиран)
одговорен за реализација на предметот на набавката, со задача Xxxxxx експерт за предели.
Лицето го има следново образование:
.
5) , вработен/ангажиран во нашата институција, ќе биде
(име и презиме на назначеното лице) (да се заокружи дали е вработен или ангажиран)
одговорен за реализација на предметот на набавката, со задача Xxxxxx експерт за биодиверзитет и заштитени подрачја.
Лицето го има следново образование:
.
6) , вработен/ангажиран во нашата институција, ќе биде
(име и презиме на назначеното лице) (да се заокружи дали е вработен или ангажиран)
одговорен за реализација на предметот на набавката, со задача Xxxxxx експерт за хидрологија.
Лицето го има следново образование:
.
7) , вработен/ангажиран во нашата институција, ќе биде
(име и презиме на назначеното лице) (да се заокружи дали е вработен или ангажиран)
одговорен за реализација на предметот на набавката, со задача Xxxxxx експерт за ГИС.
Лицето го има следново образование:
.
!
Доколку понудувачот смета за потребно, покрај горенаведените лица потребни за докажување на исполнување на бараниот минимум, може да предложи и други лица кои ќе бидат одговорни за извршување на задачите предмет на договорот, без оглед на тоа дали тие непосредно му припаѓаат на понудувачот, при што во изјавата се додаваат вакви полиња за секое од дополнително предложените лица:
, вработен/ангажиран во нашата институција, ќе биде
(име и презиме на назначеното лице (да се заокружи дали е вработен или ангажиран)
одговорен за реализација на предметот на повикот, со задача
.
(да се даде краток опис на задачите кои ќе му бидат доделени).
Лицето го има следново образование:
.
Во спротивно вакви полиња не се пополнуваат!
Горенаведените лица, одговорни за извршување на задачите предмет на договорот, ќе бидат ангажирани и достапни за цело времетраење при реализација на договорот.
Предложените лица за извршување на задачите предмет на договорот
се обезбеди дека се исклучиво
(назив на понудувачот)
ангажирани само од него за оваа цел и нема да бидат ангажирани од друг понудувач за извршување на задачите предмет на конкретниот повик, односно нема да учествуваат во друга понуда за извршување на задачите предмет на договорот, во спротивно прифаќаме Нашата понуда да биде отфрлена како неприфатлива.
Место и датум Одговорно лице
(потпис и печат)
Прилог 3
Финансиска понуда
1. Вкупната цена на нашата понуда, вклучувајќи ги сите трошоци и попусти, без ДДВ, изнесува:
[со бројки]
[со букви] денари.
Вкупниот износ на ДДВ изнесува денари.
Вкупната цена на нашата понуда, вклучувајќи ги сите трошоци и попусти, со вклучен ДДВ, изнесува: [со бројки]
[со букви] денари.
2. Со поднесување на оваа понуда, во целост ги прифаќаме условите предвидени во тендерската документација.
3. Со ова ја поднесуваме нашата Финансиска понуда , изготвена врз основа на тендерската документација.
Место и датум Одговорно лице
(потпис и печат)