ДЕЛ I: ДОГОВОРЕН ОРГАН
ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА СКЛУЧЕН ДОГОВОР ЗА ЈАВНА НАБАВКА
ДЕЛ I: ДОГОВОРЕН ОРГАН
I.1)Податоци за договорниот орган
I.1.1)Назив на договорниот орган:ЈП Водовод и канализација - Скопје I.1.2)Адреса:Ул. Ѓуро Стругар бр. 5 Скопје
I.1.3)Град и поштенски код:Скопје 1000 I.1.4)Интернет адреса:xxx.xxxxxxx-xxxxxx.xxx.xx
I.1.5)Лице за контакт:Xxxxx Xxxxxx Адреса на е-пошта:xxxxx.xxxxxx@xxxxxxx-xxxxxx.xxx.xx Телефон/Факс:0000000/00 0000000
I.2)Категорија на договорен орган, негова главна активност или дејност:
Јавни претпријатија, акционерски друштва и друштва со ограничена одговорност од опфатени дејности - Општи јавни услуги
ДЕЛ II:ПРЕДМЕТ НА ДОГОВОРОТ ЗА ЈАВНА НАБАВКА
II.1)Предмет на договорот за јавна набавка:
услуга за вршење на стручен надзор над доизградба на објект Управна зграда на ЈП Водовод и канализација Скопје, со фаза архитектура, статика, електрика, машинство и водоводи канализација, вршење на технички преглед и изготвување на извештај за технички преглед
II.2)Вид на договорот за јавна набавка: Услуги - Категорија на услуга: бр.12
Архитектонски услуги; инженерски услуги и интегрални инженерски услуги; услуги за просторно планирање и инженерски услуги за уредување на земјиштето; поврзани научни и технички советодавни услуги; услуги за технички испитувања и анализа
Место на испорака на стоките или извршување на услугите, или локација на извршување на работите:
II.3)Дали договорот е од опфатените дејности (секторски договор): Водоснабдување
II.4)Дали постапката ќе ја спроведе Централно тело: Не
II.5)Групна набавка: Не
II.6)Подетален опис на предметот на договорот за јавна набавка:
II.7)Референтна номенклатура за доделување на договор за јавна набавка (ОПЈН):
II.8)Дали предметот на набавката е делив: Не
II.9)Рамковна спогодба: Не
II.10)Времетраење на договорот:
Период во месеци: 12
ДЕЛ III: ПОСТАПКА
III.1)Вид на постапка: Постапка со преговарање без претходно објавување на оглас
Оправданост за изборот на постапката со преговарање без претходно објавување:
кога од причини од крајна итност предизвикани од настани кои договорниот орган не можел да ги предвиди и да му се припишат како пропуст, не може да се примени рокот за објавување на отворена постапка, ограничена постапка, постапка со барање за прибирање на понуди или постапка со преговарање со претходно објавување на оглас
Дополнително образложение за изборот на постапката со преговарање без претходно објавување: По претходно добиена согласност од Советот за јавни набавки со Решение број 17-6043/4 од
16.04.2015 година, спроведена е постапка со преговарање преговарање без објавување на оглас од причини од крајна итност. (член 99 став 1, точка 1 алинеја 3 и член 198 став 1 алинеја 4). За учество во постапката со преговарање без претходно објавување на оглас за набавка на услуга за вршење на стручен надзор над доизградба на објект Управна зграда на ЈП Водовод и канализација Скопје, со фаза архитектура, статика, електрика, машинство и водоводи канализација, вршење на технички преглед и изготвување на извештај за технички преглед врз основа на Одлуката за набавка со преговарање без претходно објавување на оглас, арх. бр. 0507-102/1 од 09.04.2015 година Комисијата за јавни набавки достави Покана за доставување на понуда арх. бр.0507-102/7, 8, 9, 10, 11, 12 и 13 од 06.05.2015 година до понудувачите: ДИВИ Македонија ДООЕЛ Скопје, Балкан Консалтинг ДОО Скопје, Друштво за градежништво Бетон АД Скопје, Xxxx Xxxxxxxxxx ДОО/ ДИ-ДА ИНЖЕНЕРИНГ ДОО Скопје, Завод за испитување на материјали и развој на нови технологии Скопје АД Скопје, Геинг Кребс унд Кифер Интернешнл и др. ДОО Скопје и Градежен Институт Македонија АД Скопје, кои имаа поднесено понуди во спроведената отворената постапка бр. 17/2011 за надзор на управната зграда За учество во постапката со преговарање без објавување на оглас бр.02-4/2015 имаше пристигнато 4 (четири) понуди од понудувачите: Градежен институт МАКЕДОНИЈА АД Скопје, Друштво за градежништво, промет и услуги ГЕИНГ Кребс унд Кифер Интернешнл и др. ДОО Скопје, Друштво за инженеринг, проектирање и консалтинг ЕВРО КОНСАЛТИНГ ДОО увоз-извоз Скопје и Друштво за проектирање, градежништво, трговија и услуги ДИВИ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Скопје. По завршувањето на водените преговори поединечно со секој од понувачите што доставиле понуда, во фазата на евалуација на понудите Комисијата за јавни набавки утврдила дека понудите се прифатливи, но истите не можеа да се споредат поради различниот пристап во финансиските понуди, поради што е донесена одлука за поништување на постапката со преговарање без објавување на оглас бр.02-4/2015, по доставена Xxxxxx за доставување на понуда арх. бр. 0507- 102/7, 8, 9, 10, 11, 12 и 13 од 06.05.2015 година. Во доставените понуди, по прв пат, имаше пристигнато понуди кои не беа соодветни, односно не беа во рамките на износот утврден во одлуката за јавна набавка од 1.784.668 денари и тоа: -ДИВИ Македонија ДООЕЛ Скопје – понудена цена - 1.200.000 -Евро Консалтинг ДОО Скопје – понудена цена - 2.800.000 -Геинг Кребс унд Кифер Интернешнл и др. ДОО Скопје – понудена цена - 2.000.000 -Градежен институт МАКЕДОНИЈА АД Скопје – понудена цена - 2.800.000 Во водените преговори Комисијата за јавни набавки утврди дека понудувачот ДИВИ Македонија ДООЕЛ Скопје не ја разбрал докрај суштината на барањата во техничката спецификација, во однос на тоа дека прво треба да изврши целосна ревизија на досега изведените работи, по сите фази, пред да започне со вршење на надзор врз останатите работи што ќе бидат предмет на изведување за довршување на управната зграда. За да можеше успешно да биде спроведена постапката со преговарање без објавување на оглас, по првпат, беше потребно да се изврши дообезбедување на средства во износ од 48.7000 евра, односно 3.000.000 денари Во фазата на евалуација на пристигнатите понуди по прв пат не можеше да се дообезбедат средства согласно со член 28 став 4 од Законот за јавните набавки од причина што во Барањето за добивање на согласнот до Советот за јавни набавки беше наведен износ од 29.018 евра, односно износ од 1.784.668 денари утврден во одлуката за јавна набавка со преговарање без објавување на оглас и Решението број 17-6043/4 од 16.04.2015 година беше добиено за бараниот износ. Врз основа на горенаведеното, донесена е одлука за поништување на постапката со преговарање арх. бр. 0507- 102/25 од 20.05.2015 година. По донесувањето на Одлука за јавна набавка со преговарње без објавување на оглас по втор пат, арх. бр. 0507-139/1 од 28.05.2015 година, со Xxxxxx за добивање на согласност од Советот за јавни набавки, по втор пат, арх. бр. 0507-139/4 од 28.05.2015 година,
повторно беше побарана согласност од Советот за јавни набавки со цел дообезбедување на средства за успешно завршување на постапката со преговарње без објавување на оглас, од итност. По добивањето на согласност од Советот за јавни набавки по втор пат, со Решение бр. 17-9215/4 од 03.06.2015, заведено со наш арх. бр. 0507-139/5 од 03.06.2015 година, почитувајќи го ставот на одговорното лице, беше доставена Xxxxxx по втор пат, арх. бр. 0507-139/6 од 04.06.2015 година до понудувачот Градежен институт „Македонија“ АД Скопје.
III.2)Меѓународна објава: Не
III.3)Критериум за доделување на договор за јавна набавка: Најниска цена
III.4)Дали постапката за доделување на договор за јавна набавка била реализирана со користење на електронски средства? Не
III.5)Дали била користена електронска аукција? Не
ДЕЛ IV: СКЛУЧУВАЊЕ НА ДОГОВОР ИЛИ РАМКОВНА СПОГОДБА
IV.1)Услови под кои е склучен договорот или рамковната спогодба
IV.1.1)Датум на склучување на договор или рамковна спогодба: 12.06.2015
IV.1.2)Број на добиени понуди: 1
IV.2)Информации за носителот на набавката со кој е склучен договорот
Име на носителот на набавката: Градежен институт МАКЕДОНИЈА АД-Скопје Адреса на носителот на набавката: Дрезденска бр.52, 1000 Скопје
Град или населено место: Скопје Држава: Македонија
IV.3)Информации за вредноста на договорот
IV.3.1)Проценета вредност на договорот или рамковната спогодба: 3000000 ден.
IV.3.2)Вредност на склучениот договор со вклучен ДДВ : 3186000 ден.
IV.5)Датум на доставување до Биро за јавни набавки: 23.06.2015