Contract
31 декември 2013
на Република Македоиија
Бр. 189 - Стр. 99
4669.
Врз основа на член 204 став 1 точка 1 и член 216 од Законот за работните односи (Пречистен текст „Служ- бен весник на Република Македонија" бр. 54/2013) , член 64 и член 70 од Општиот колективен договор за приватниот сектор од областа на стопанството ( Пре- чистен текст „Службен весник на Република Македо- нија“ бр. 150/2012), Сојузот на синдикатите на Македо- нија и Организацијата на работодавачи на Македонија , на ден 24.12.2013 година, склучија
С П О Г О Д Б А
ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ОП- ШТИОТ КОЛЕКТИВЕН ДОГОВОР ЗА ПРИВАТНИ- ОТ СЕКТОР ОД ОБЛАСТА НА СТОПАНСТВОТО
Член 1
По членот 4 се додава нов член 4-а, кој гласи:
„Член 4-а
„Забранет е кој било вид на вознемирување на ра- ботното место. Работникот има право на заштита од вознемирување на работното место. Случаите на забра- на на психичко вознемирување на работното место се утврдуваат согласно закон и колективен договор.,,
Член 2
Во членот 8 став 1 во алинејата 4 точката и запирка- та на крајот од реченицата се бришат и се додаваат збо- ровите: „и кога е неопходно за отстранување или спре- чување на последиците во случаите на природна непо- года или друга несреќа;"
Алинејата 8 се брише.
Член 3
Во членот 8 се додава нов став 2 кој гласи:
„Работникот е должен да врши и друга работа која не е предвидена со договорот за вработување, а е во рамките на неговата стручна подготовка, врз основа на писмен акт од страна на работодавачот се додека траат причините но не подолго од една година само во случај кога се работи за замена на отсутен работник кој е на подолготрајно боледување."
Ставот 2 станува став 3.
Член 4
Во членот 12 по ставот 1 се додава нов став 2, кој гласи:
„Специфичностите на одредени работни места кои не се уредени со колективен договор на ниво на деј- ност може да се доуредат со колективен договор на ни- во на работодавач".
Член 5
Во членот 17 во ставовите 1,2,3 и 4 зборовите „нај- низок степен" се заменуваат со зборовите „најниска група“.
Член 6
Во членот 18 во ставовите 1 и 3 зборовите: „најни- зок степен" се заменуваат со зборовите: „најниска група“, а во ставот 3 зборовите: „најнизок степен на сложеност" се заменуваат со зборовите: „најниска гру- па на сложеност".
Член 7
Во членот 19 зборот: „степен" се менува со зборот:
„коефициент".
Член 8
Членот 29 се брише.
Член 9 Член 31 се менува и гласи :
„За време на времена неспособност за работа до 15 дена работникот има право на надомест на плата во ви- сина од 70%, а над 15 дена почнувајќи од првиот ден на боледувањето за сите денови од 90% од основицата утврдена со закон ,како и надомест на плата во висина од 90% од основицата во случаи утврдени со закон ко- га боледувањето над 30 дена го плаќа работодавачот.,,
Член 10
Во членот 35 став 1 алинеја 1 по зборовите: „во ви- сина од“ се додава зборот: „најмалку“, во алинеја 2 по зборот: „странство" се додаваат зборовите: „согласно колективен договор на ниво на работодавач или акт на работодавач, но не помалку од“, зборот „согласно" се брише.
Алинеите 4 и 5 се спојуваат
Xxxxxx 0 xxxxxxx Xxxxxx 0
Xxxxxx 0 xxxxxxx Xxxxxx 0
Xxxxxxx 8, станува алинеа 7 , се менува и гласи :
„Регрес за годишен одмор во висина од најмалку 40% од основицата, под услов работникот да работел најмалку 6 месеци во календарската година кај ист ра- ботодавач.
Со колективен договор на ниво на дејност или ко- лективен договор на ниво на работодавач може да се ут- врди регрес за годишен одмор во поголем износ од из- носот утврден со овој колективен договор.
Стр. 100 -Бр. 189
на Република Македонија
31 декември 2013
Регресот за годишен одмор се исплатува еднаш во текот на годината. Износот се утврдува според основи- цата која важи на денот на донесувањето на Одлуката за исплата."
Во Ставот 2 се брише реченицата Покрај надо- местоците од став 1 на овој член согласно колективен договор, се испатува надоместок и
Xxxxxx 1( од став 2 ) станува алинеја 8 ( на став 1 )
Xxxxxx 2 ( од став2 ) станува алинеа 9 ( на став 1) и се менува и гласи „ во случај на смрт на сопруг, соп- руга, деца и родители кои живеат во иста семејна заед- ница, на работникот му се исплатува надоместок во ви- сина од две основици";
Алинеите 3 и 4( од став 2 ) се бришат
Xxxxxx 5(од став 2 ) станува алинеа 10 ( на став 1 ) Xxxxxx 6( од став 2 ) станува алинеа 11( на став 1 )
Ставовите 3,4 и 5 стануваат ставови 2,3 и 4.
Член 11
По член 35 се додава нов наслов,, 5. Останати видо- ви на надоместоци „и пет нови члена 35-а, 35-6, 35-в, 35-г и 35-д, кои гласат:
Член 35-а
Работникот има право на надомест по основ на при- донес од иновации, рационализации и други видови творештва за потребите на работодавачот, кој се ут- врдува со договор склучен меѓу работникот и работода-
Член 35-6
За непрекинато боледување подолго од 6 месеци по- ради повреда на работа или професионално заболување согласно колективен договор на ниво на дејност или на ниво на работодавач се исплатува надоместок во виси- на на основицата.
Основицата за пресметување на надоместокот од став 1 на овој член преставува просечната месечна нето плата по работник во Република Македонија исплатена во последните три месеци.
Член 35- в
Со колективен договор на ниво на дејност или на
Основицата за пресметување на надоместокот од став 1 на овој член преставува просечната месечна нето плата по работник во Република Македонија исплатена во последните три месеци.
Член 35-д
На работникот може да му се исплатуваат и други надоместоци согласно колективен договор на ниво на гранка односно оддел, односно на ниво на работодавач.
Член 12
По членот 52-а се додава нов член 52-6, кој гласи:
„Член 52-6
На ниво на работодавач синдикатот избира или име- нува претставник за информирање и консултирање.
За избраниот или именуваниот претставник синди- катот го информира работодавачот.“
Член 13
По главата XII се додава нова глава ХН-а со нов член 53-а, кои гласат:
„ХП-а Претставник на работниците за безбедност и здравје при работа
Член 53-а
Претставникот за безбедност и здравје при работа го избираат вработените од своите редови, на синдика- лен собир на мнозинскиот синдикат, по предлог на син- дикатот.“
Бројот на претставниците зависи од бројот на врабо- тените во претпријатието, согласно Законот за безбед- ност и здравје при работа.“
Член 14
Измените и дополнувањата и сите останати одред- би на Општиот колективен договор за приватниот сек- тор од областа на стопанството продолжуваат да важат 2 години од денот на објавувањето на измените и до- полнувањата во „Службен весник на РМ“.
Измените и дополнувањата од оваа Спогодба влегу- ваат во сила од 01.01.2014 година, а согласно одредби- те од ЗРО ќе се објават во „Службен весник на РМ“.
Потписниците на спогодбата се договорија да биде изготвен пречистен текст на Општиот колективен дого- вор за приватниот сектор од областа на стопанството и истиот да биде објавен во „Службен весник на РМ“.
ниво на работодавач може да се утврди правото и виси- ната на новогодишниот надоместок.
Член 35-г
Работодавачот може на работникот да му исплати надоместок во случај на потешки последици од елемен- тарни непогоди ,најмалку во висината на една осно- вица.
Бр. 0101-24
24 декември 2013 година
Скопје
Орпшизацијанаработодавачиге на Македонија, Претседател,
Xxxxx Xxxxxxxx, с.р.
Бр. 0206-452/1
24 декември 2013 година Скопје
Сојуз на синдикати на Македонија,
д-р Ж ивко М итревски, с.р.