Поднасловот 1. Плата за извршената работа од глава IV се брише. Поднасловот 2. Плата сразмерно на придонесот на работникот во создавање на добивката од глава IV се брише.
Врз основа на член 89 од Законот за работните односи ("Службен весник на РМ" бр. 80/93, 3/94, 14/95, 53/97, 59/97, 21/98, 25/2000, 34/2000, 50/2001, 25/2003,
40/2003), членот 78 од Колективниот договор за основ-ното образование во Република Македонија ("Службен весник на РМ" бр. 65/95), склучен на 27.12.1995 година, Министерството за образование и наука на Република Македонија и Советот на Самостојниот синдикат за образование, наука и култура на Република Македонија, на ден 22.05.2005 година, склучија
КОЛЕКТИВЕН ДОГОВОР
ЗА ИЗМЕНИ И ДОПОЛНУВАЊА НА КОЛЕКТИВНИОТ ДОГОВОР ЗА ОСНОВНОТО ОБРАЗОВАНИЕ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
Член 1
Во членот 1, став 2 зборот "важи" се заменува со зборовите "е задолжителен".
Член 2
Во членот 2 по зборот "училиште" се става точка и се бришат зборовите "или ученички дом".
Член 3
Во членот 3 зборовите "или училишен дом" се заменуваат со зборовите "и е член на Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (во натамошниот текст: СОНК)".
Член 4
Во членот 5 се бришат зборовите "може да" и зборот "и" и на крајот точката се заменува со запирка и се додаваат зборовите "доколку не е склучен колективен договор на ниво на работодавец".
Член 5
Во членот 6 по зборот "училиште" се става точка и се бришат зборовите
"односно ученички дом".
Член 6
Во членот 7 се брише ставот 5.
Член 7
Во членот 9 се брише четвртата алинеја.
Член 8
Во член 12, став 2 зборовите "и физичка култура" се заменуваат со зборовите "и наука".
Член 9
Во член 14 во втората алинеја по зборот "упразнето" се става точка и се бришат зборовите "(при што приоритет имаат наставници кои живеат во град, а ра-ботат подолго на село)".
Член 10
Во член 15, став 1 се бришат зборовите "во соодветна постапка".
Во ставот 3 се бришат зборовите "или измени на договорот за работа".
Член 11
Во член 16 по став 2 се додава нов став 3 кој гласи:
"По исклучок, наставниците на кои им престанува работниот однос по основ на пензионирање, годишниот одмор можат да го искористат за време на учебната година".
Во ставот 5 бројот "24" се заменува со бројот "48".
Ставовите 3, 4, 5 и 6 стануваат ставови 4, 5, 6 и 7.
Член 12
Во членот 17, став 1, алинеја 14 бројот "1" се заменув со бројот "2".
Член 13
Во членот 18, став 2, запирката се заменува со точка и се бришат зборовите
"освен во случаи утврдени со закон".
Член 14
Во членот 19, став 1 зборовите "еднаш годишно" се заменуваат со зборовите
"еднаш на три години".
Член 15
Членот 20 се менува и гласи:
"Работодавецот е должен работникот - инвалид на трудот, односно работникот со изменета работна способност да го распореди на соодветно работно место во рок од 15 дена по конечноста на решението".
Член 16
Членот 26 се менува и гласи:
Платата на работникот се состои од плата за извршена работа.
Член 17
Поднасловот 1. Плата за извршената работа од глава IV се брише.
Член 18
Членот 28 се менува и гласи:
Најниската плата за најнизок степен на сложеност ја утврдуваат и објавуваат потписниците на овој колективен договор на годишно ниво.
При утврдување на најниската плата се поаѓа од економската состојба на земјата, општото ниво на платите во земјата, трошоците за живот во земјата, социјалните движења и другите економски и социјални состојби во земјата.
Член 19
Членот 29 се брише.
Член 20
Во членот 30 се вршат следните измени:
- во првата група се бришат зборовите "и минимално знаење.;
- во втората група се бришат зборовите "курир, портир и ложач";
- во втората група, работните места од алинеите 7 и 8 се спојуваат во работното место "сервирка-садомијач";
- во втората група по зборовите "перачка" и "сервирка-садомијач" се додаваат зборовите "во училишта со деца со посебни потреби и ученичките домови во состав на основните училишта";
- во втората група коефициентот на сложеност се менува од 1,20 на 1,265 ;
- во третата група се бришат работните места "градинар" и "помошник-готвач",
а пред зборовите "ракувач на парни котли" се додава "ложач";
- во третата група коефициентот на сложеност се менува од 1,60 на 1,90;
- четвртата група се брише;
- во петтата група која станува четврта група се бришат зборовите
"администратор-секретар" и се додаваат следните подгрупи:
1. Подгрупа
- економ-домаќин
- готвач
- хаус-мајстор
Коефициент на сложеност 2,10
2. Подгрупа:
- благајник-администратор
- негувател во основни училишта со деца со посебни потреби
Коефициент на сложеност 2,30
- во шестата група која станува петта група се бришат работните места "секретар" и "самостоен сметководител" и се воведува работно место "секретар- администратор"
- во седмата група која станува шеста група се менува и гласи: "високо сложени работи сврзани за изведување на настава и стручни работи што бараат дополнително познавање на подрачјето на кое работат со самостојност и креативност во нивното извршување:
1. Подгрупа
- наставник-почетник
- воспитувач-почетник
- стручен соработник-почетник
- секретар
- библиотекар
2. Подгрупа
- наставник
- воспитувач
3. Подгрупа
- стручен-соработник
4. Подгрупа
- наставник-ментор
- воспитувач-ментор
Член 21
Коефициент на сложеност 3,00
Коефициент на сложеност 3,30
Коефициент на сложеност 3,40
Коефициент на сложеност 3,50
Во членот 32 зборовите "педагошките звања се вреднуваат со" се заменувааат со зборовите "стекнатите педагошки звања (истакнат и особено истакнат педа- гошки работник) се вреднуваат со:“
Член 22
Во членот 33, во точката а) и б) зборовите "специјални паралелки и групи" се заменуваат со зборовите "во паралелки и групи со деца со посебни потреби".
Член 23
Во членот 34 бројот "0,10" се заменува со бројот "0,20".
Член 24
Членот 35 се брише.
Член 25
Членот 38 се брише.
Член 26
Поднасловот 2. Плата сразмерно на придонесот на работникот во создавање на добивката од глава IV се брише.
Член 27
Се брише членот 39.
Член 28
Поднасловот 3. Надоместоци на плати од глава IV се брише.
Член 29
Ченот 40 се брише.
Член 30
Поднасловот 4. Други надоместоци од глава IV се брише.
Член 31
Членот 42 се брише.
Член 32
Во глава IV. Плати, надоместоци на плати и други примања се додава нов член кој гласи:
.Додатоците на плата, надоместоците и другите примања на работникот се исплатуваат под услови, во висина и на начин утврдени со Општиот колективен договор за јавните служби, јавните претпријатија, државните органи, органите на локалната самоуправа и други правни лица кои вршат нестопанска дејност.
Член 33
Во членот 43 се вршат следните измени:
Во став 1 зборот "Работодавецот" се заменува со зборот "Директорот".
Во став 1 по втора алинеја се додава нова алинеја која гласи:
"Инвестициони вложувања од приходи на училиштето, донации, спонзорства и сл."
Ставот 2 се менува и гласи:
"Информирање на работниците се врши преку огласна табла, Училишниот одбор, Синдикатот и лично на работникот".
Член 34
Во членот 47 се вршат следните измени:
Во став 1 се бришат зборовите "да биде повикан на одговорност за синдикална активност" и по зборовите "не може" се ставаат две точки.
Во ставот 2 се бришат зборовите "синдикалниот претставник поради синдикална активност не може:".
Во ставот 2, алинеја 4, зборот "понеповолно" се заменува со зборот "друго",
точката се заменува со запирка и се додаваат зборовите "без негова согласност".
Член 35
Во членот 48 , став 1, се бришат зборовите "треба да" и зборот "овозможи" се заменува со зборот "овозможува".
Се брише ставот 2.
Член 36
Во глава VIII. се брише точката 1. Престанок на работен однос по сила на закон.
Член 37
Во глава VIII. точка 2. по зборот "отказ" се додава-ат зборовите "од страна на работодавецот".
Член 38
Членовите 51, 52, 53, 54, 55, 56, 57, 58, 59, 60 и 61 се менуваат и гласат:
"Член 51
Работниот однос на работникот со отказ од страна на работодавецот престанува ако работникот е неспособен да ги извршува работните задачи или ако ја крши работната дисциплина и работниот ред.
Член 52
Работниот однос на работникот не може да му престане со отказ од страна на работодавецот ако не постои оправдана причина сврзана за неговото однесување или ако причината не е заснована на потребите на функционирањето на работодавецот.
Член 53
Оправдани причини за престанокот на работниот однос на работникот со отказ од страна на работодавецот не претставуваат:
1. членство во Синдикат или учество во синдикални активности во согласност со закон и колективен договор;
2. поднесување жалба или учество во постапка против работодавецот во врска со кршење на закон или друг пропис или заради обраќање на државен орган на власта;
3. отсуство од работа за време на породилно отсуство;
4. одобрено боледување;
5. користење на одобрено отсуство од работа и годишен одмор;
6. отслужување или дослужување на воен рок или воена вежба;
7. стручно усовршување за потребите на работодавецот и
8. други случаи на мирување на работниот однос утврдени со закон.
Член 54
Работниот однос на работникот може да му престане со отказ од страна на работодавецот ако на работникот му се обезбедени потребните услови за работа и му се дадени соодветни упатства, насоки или писмено предупредување во врска со работата од работодавецот дека не е задоволен од начинот на извршувањето на работните обврски и ако по истекот на рокот од 30 дена од денот на дадените упатства, насоки и предупредувања, работникот не го подобри своето работење.
Член 55
За утврдување на повреда сврзана за кршењето на работната дисциплина или неисполнување на обврските утврдени со закон, колективен договор и договор за работа, Училишниот одбор формира комисија составена од 3 члена од вработените.
Комисијата се формира за секој случај посебно.
Комисијата писменото мислење го доставува до работодавецот во рок од 10
дена.
Член 56
Во зависност од степенот на одговорноста на работникот, условите под кои е направена повредата на работните обврски, поранешната работа и однесување на работникот, тежината на повредата и нејзините последици, работодавецот може отказот на работникот да го замени со парична казна, која не може да биде поголема од 15% од месечната плата на работникот, во траење од еден до шест месеци.
Член 57
Работодавецот пред да донесе одлука за престанок на работниот однос поради кршење на работната дисциплина или неисполнување на обврските, должен е да го земе предвид мислењето на комисијата од член 55, став 3 од овој колективен договор.
Член 58
Одлуката за престанок на работниот однос на работникот работодавецот е должен да ја донесе за еден месец од денот на дознавањето на повредата на работ-ната дисциплина, работниот ред, неисполнувањето на обврските и поради неспособност на извршувањето на работните задачи и за сторителот, односно во рок од 3 месеци од денот кога е сторена повредата.
Член 59
Пред донесување на одлука за престанок на работниот однос со отказ, работодавецот е должен да побара мислење од претставникот на основната организација на СОНК и истото да го земе во предвид при донесување на одлуката, ако истото е доставено.
Одговорот по мислењето, работодавецот е должен да го достави до претставникот на основната организација на СОНК во рок од 5 работни дена од добиеното мислење.
Член 60
Против отказот за престанок на работниот однос работникот има право на приговор до Училишниот одбор.
Приговорот се поднесува во рок од 8 дена од денот на добивањето на отказот. Приговорот го одлага извршувањето на одлуката за отказ до донесување на конечната одлука по приговорот.
Одлука за приговорот се донесува во рок од 15 дена од денот на поднесувањето на приговорот.
Работникот кој не е задоволен од одлуката донесена по приговорот има право да поведе спор пред надлежниот суд.
Заштита на правата пред надлежниот суд работникот не може да бара ако претходно не барал заштита на правата пред Училишниот одбор, освен правото на парично побарување.
Член 61
Должината на отказниот рок изнесува:
- од 1-9 години работен стаж - 1 месец,
- од 10-15 години работен стаж - до 2 месеца,
- над 15 години работен стаж - до 3 месеци.“
Член 39
По член 61 се додава нов член 61-а кој гласи:
"Член 61-а
За време на отказниот рок работодавецот е должен да му овозможи на работникот отсуство од работа 4 ча-са во текот на работната недела заради барање но ново вработување.
За време на отказниот рок на работникот му следу-ва плата што дотогаш ја примал".
Член 40
Членовите 63, 64, 65, 66, 67, 68, 69 и 70 се менуваат и гласат:
"Член 63
На работникот може да му престане работниот однос поради економски, технолошки, структурални или слични промени во случај кога Училишниот одбор донесува одлука за воведување поголеми промени во Програмата за работа, организацијата, структурата и технологија на работењето кои предизвикуваат потреба од намалување на бројот на работниците.
Член 64
Училишниот одбор претходно ги информира работниците и претставникот на основната организација на СОНК за видот на промените и за престанок на работниот однос на определени работници, бројот и структу-рата на работниците на кои ќе им престане работниот однос, мерките што ќе бидат
преземени за спречување, односно ублажување на последиците од тие промени и правата на работниците што ќе им бидат обезбедени.
Член 65
При определување на работниците на кои им престанува работниот однос со отказ поради економски, технолошки, структурални или слични промени (во натамошниот текст: технолошки вишок) и при утврду-вањето на приоритетот за заджување на работното место на работниците се поаѓа од следните критериуми:
А) Степен на стручна подготовка и квалифика-ција до 20 бода
- ВСС - 20 бода
- ВШС - 18 бода
- ССС - 10 бода
- ВКВ - 8 бода
- КВ - 6 бода
- ПКВ - 4 бода
Б) Работно искуство во дејноста до 16 бода
- работно искуство на работно место во дејноста со соодветна стручна подготовка - 0,4 бода за година
- работно искуство за работното место кое се бодира, а е со пониска или несоодветна стручна подготовка - 0,2 бода за година
Бодирањето на работното искуство се врши врз основа на актот за систематизација на работните места во училиштето и соодветната документација на работникот.
В) Успешност во работењето до 44 бода
а) Успешност на работењето на наставниците, воспитувачите и стручните соработници во воспитно-образовната работа.
1. Придонес и резултати во наставата и стручна-та работа до 12 бода
- успешно, квалитетно и ефикасно ги остварува работните задачи со натпросечни резултати - 12 бода
- успешно ги остварува работните задачи со просечни резултати - 9 бода
- ги остварува работните задачи без поголеми резултати - 5 бода
- ги остварува работните задачи под планираните и предвидени резултати - 1
бод.
2. Придонес и резултати постигнати вон наставните активности и вон редовната стручна работа до 8 бода (секции, натпревари, дополнителна настава и др.)
- натпросечни активности и резултати - 8 бода
- просечни активности и резултати - 6 бода
- потпросечни активности и резултати - 3 бода.
3. Поширок придонес во воспитно-образовната дејност до 12 бода:
- автор и коавтор на учебник, прирачник, збирка, скрипта - 5 бода
-автор и коавтор на прирачник, збирка, скрипта и сликовница и иновација во наставата - 3 бода
-рецензент на учебник, прирачник, збирка, скрипта, сликовница - 2 бода
- ментор, автор на стручни написи - 2 бода.
4. Звања и други признанија до 42 бода:
- државни признанија и одликувања за посебни заслуги во воспитно- образовната дејност - 12 бода
- наставник-xxxxxx, воспитувач-ментор - 8 бода
- особено истакнат педагошки работник - 6 бода
- истакнат педагошки работник - 4 бода
- наставник, воспитувач - 2 бода
- наставник-почетник, воспитувач-почетник - 0 бода.
б) Успешност во работењето на другите работници
Придонеси и резултати во работата на другите работници до 44 бода:
- успешно, квалитетно ги остварува работните задачи до натпросечни резултати
- 44 бода
- ги остварува работните задачи со просечни резултати - 32 бода
- ги остварува работните задачи без поголеми резултати - 20 бода
- ги остварува работните задачи под планираните и предвидени резултати - 10
бода.
Г) Видот и значењето на работното место до 4 бода
- наставници, воспитувачи и стручни соработници- 4 бода
- административно-технички работници - 3 бода
- хигиеничари и општи работници - 2 бода
Работните места од став 1 на овој член се утврдуваат со општиот акт на работодавецот.
Д) Работен стаж до 4 бода
Работниот стаж се утврдува според севкупните години на работен стаж и тоа по
0,1 бод за година.
Ѓ) Возраст до 4 бода
Возраста на работникот се бодира според годините утврдени со закон како услов за пензионирање и тоа 62 години за жена и 64 години за маж. Бодовите за возраст се пресметуваат кога годините за старост се мно-жат со четири, а производот се дели со 62 за жени и 64 за мажи.
Е) Здравствена состојба до 4 бода
- инвалидност на работник кој работи со скратено работно време - 2 бода
- работник со трајни телесни недостатоци поради повреда на работа или професионални заболувања - 2 бода.
Здравствената состојба се утврдува со соодветна документација од надлежна здравствена установа.
Ж) Економско-социјална состојба до 4 бода
- работник во семејство со еден вработен и во кое не се остваруваат други приходи, а негува дете, стар човек или брачен другар со телесни и други недостатоци и самохран родител - 3 бода
- работник во семејство со еден вработен и во кое не се остваруваат други приходи - 1 бод
Семејство во смисла на овој колективен договор го сочинува: поединец односно брачни другари со деца родени во брак, вон брак или посвоени, внуци без родители земени на издржување, родители на брачните другари и малолетни браќа и сестри, доколку немаат приходи и се без егзистенција.
Семејство од алинеја 2 на овој член претставува заедница на живеење во кое има заеднички приходи и трошоци на заедничко живеење.
Член 66
Со колективен договор на ниво на работодавец мо-же да се утврдат дополнителни критериуми и бодови за вреднување на работниците, како и постапка за оцену-вање и бодирање по утврдените критериуми.
Член 67
Утврдување на ранг-листата на работниците според бодови, согласно критериумите од член 65 од овој колективен договор го врши комисија.
Комисијата ја формира Училишниот одбор во согласност со претставникот на синдикалната организа-ција.
Комисијата брои три члена од вработените именувани врз основа на стручност и компетентност.
Комисијата од членовите избира претседател.
Комисијата ја утврдува ранг-листата на работниците според бодови со мнозинство на гласови.
Член 68
Успешноста на работењето на работниците се оценува и бодира според придонесот и резултатите од работата во претходните четири години од моментот на бодирањето.
Член 69
Директорот на училиштето донесува одлука за прогласување на работниците за технолошки вишок.
Член 70
За технолошки вишок ќе биде прогласен работник кој на ранг-листата остварил најмал број на бодови.“
Член 41
По член 70 се додаваат седум нови членови 71-а, 71-б, 71-в, 71-г, 71-д, 71-Ѓ и
71-е кои гласат:
"Член 71-а
Кога за определен број на работници престанала потребата за работа, а на работното место работат два или повеќе работници, за технолошки вишок се утвр-дуваат работниците кои исполниле еден од условите за стекнување право за одење во пензија. Овие работници не се рангираат.
Член 71-б
Доколку наставниците имаат ист број на бодови предност има наставник со поголем фонд на часови, наставни програми, учество во проекти и работа со па- ралелки над 35 ученици.
Член 71-в
Доколку по претходните критериуми работниците имаат ист број на бодови, предност да го задржи работното место има работник кој не поседува дуќан, или стан кој го издава под закуп, не поседува обработливо земјиште над два хектари, не е сопственик на претпријатие и сосопственик, односно не е директор (застапник на претпријатие чиј основач е тој или друго лице од потесното семејство, не врши приватна дејност како споредно занимање и брачниот другар не врши приватна дејност како споредно занимање).
Член 71-г
Доколку по претходните критериуми работниците се наоѓаат во иста положба, предност да го задржат работното место имаат:
- работничка за време на бременост и со дете до 2 години
- самохран родител
- усвоител на дете до 7 години
- родител со потешко хендикепирано дете кој поради тоа работи со скратено работно време
- работник со преостаната работна способност кој работи со скратено работно време
- работник кој е до 5 години до исполнување на условот за пензија
- еден од брачните другари доколку во установата е вработен и другиот брачен другар на исто работно место што се бодира.
Член 71-д
На работникот за кој престанала потребата за работа поради технолошки вишок, неговите права се остваруваат согласно Законот за работни односи.
Член 71-ѓ
Согласно Законот за работни односи, Министерството за образование и наука посредува при преземање на работникот кој е прогласен за технолошки вишок во друга установа во дејноста каде има слободно работно место кое одговара на неговата стручна подготовка односно квалификација.
Член 71-е
Согласно годишната програма за работа и бројот на запишаните деца во установата, директорот е должен да ги пријави слободните работни места до Министерството за образование и наука.“
Член 42
Членот 80 се брише.
Член 43
Овој колективен договор влегува во сила осмиот ден од објавувањето во "Службен весник на РМ", а делот за плати ќе се применува по утврдување на најниската плата.
Самостоен синдикат за образование, Министерство за образование, наука и култура на наука и култура на
Република Македонија Република Македонија
Претседател, Министер,