Подгрупа VII/1-б
КОЛЕКТИВНИ ДОГОВОРИ
Врз основа на членовите 203 и 218 став 1 од Законот за работните односи („Службен весник на Република Македонија" бр. 62/05, 106/08, 161/08, 114/09, 130/09, 50/10, 52/10, 124/10, 47/11, 11/12, 39/12, 13/13, 25/13, 170/13, 187/13, 113/14, 20/15, 33/15,
72/15 и 129/15), член 5 од Општиот колективен договор за јавниот сектор на Република Македонија („Службен весник на Република Македонија" бр. 10/08 и 85/09) и член 122 од Колективниот договор за здравствената дејност на Република Македонија („Службен весник на Република Македонија" бр. 62/05, 106/08, 161/08, 114/09, 130/09, 50/10, 52/10, 124/10, 47/11, 11/12, 39/12, 13/13, 25/13, 170/13, 187/13, 113/14, 20/15,
33/15, 72/15, 129/15, и 27/16), Министерството за здравство и репрезентативниот Самостоен синдикат за здравство, фармација и социјална заштита на Република Македонија, склучија
АНЕКС
ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА КОЛЕКТИВНИОТ ДОГОВОР ЗА ЗДРАВСТВЕНАТА ДЕЈНОСТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
Член 1
Во Колективниот договор за здравствената дејност на Република Македонија („Службен весник на Република Македонија" бр. 60/06, 156/07, 17/09, 88/09, 60/10, 33/11, 5/13, 172/14, 118/15 и 3/16), членот 61-д се дополнува и гласи:
„За поединечните работи, односно занимања за работниците кои имаат засновано работен однос во јавните здравствени установи здравствени домови, центри за јавно здравје, Институт за јавно здравје, општи болници, специјализирани болници и клинички болници, се утврдуваат коефициенти на плата започнувајќи со исплата на платата за месец декември 2016 година и тоа:
Подгрупа VII/1-б
- доктор на медицина, доктор на стоматологија и дипл. фармацевт на специјализација
3,033
- дипл. фармацевт - примариус 3,114
- д-р на медицина и стоматологија - примариус 3,114
Усогласувањето на коефициентите од став 1 на овој член ќе се изврши во три фази почнувајќи со исплата на платата за месец март 2016 година до декември 2016 година, при што ќе се применуваат следните коефициенти:
За поединечните работи, односно занимања на работниците кои имаат засновано работен однос во ЈЗУ здравствени домови, центри за јавно здравје и Институт за јавно здравје се утврдуваат коефициенти на плата започнувајќи со исплата на плата за месец декември 2016 година и тоа:
Подгрупа VII/2-б
- дипл. фарм. д-р на медицина и стоматологија - магистер 3,633
- асистент 3,869
- д-р на медицина, стоматологија и дипл. фармацевт - специјалист - примариус 3,987
- д-р на медицина, стоматологија и дипл.фармацевт - супспецијалист 4,038
Усогласувањето на коефициентите ќе се изврши во три фази почнувајќи со исплата на платата за месец март 2016 до декември 2016 година, при што ќе се применуваат следните коефициенти:
Подгрупа VIII/-а
- доктор на медицински науки 4,281
- доктор на медицински науки - асистент 4,311
Усогласувањето на коефициентите ќе се изврши во три фази почнувајќи со исплата на платата за месец март 2016 до декември 2016 година, при што ќе се применуваат следните коефициенти:
Член 2
Во членот 68 по ставот 1, во ставот 2 по зборот "средно" се додаваат зборовите "или више".
Член 3
За поединечните работи, односно занимања на работниците кои имаат засновано работен однос во јавните здравствени установи кои претставуваат наставно-научна база и се избрани во наставно-нзаучни, научни и соработнички звања и имаат засновано работен однос на медицински или стоматолошки факултет во Република Македонија, при пресметка и исплата на платите се применуваат коефициентите утврдени во член 61-а од Анексот за изменување и дополнување на Колективниот договор за здравствената дејност на Република Македонија, објавен во „Службен весник на Република Македонија“ бр. 172 /14.
Член 4
Овој Анекс за изменување и дополнување на Колективниот договор за здравствената дејност на Република Македонија, влегува во сила со денот на објавувањето во
„Службен весник на Република Македонија“.
Бр. 0101-41/1 Бр. 17-2954/1
31 март 2016 година 31 март 2016 година Скопје Скопје
Самостоен синдикат за здравство, Министерство за здравство фармација и социјална заштита на Министер,
Република Македонија Xxxxxx Xxxxxxx, с.р.
Претседател,
д-р Xxxxxx Xxxxxxxxxxxxx, с.р.