oсигурување, технолошки вишок на неопределено време (до пензионирање);
Општи услови за отворање и работење со трансакциски сметки на физички лица
Отворање на трансакциска сметка
Банката отвора трансакциски сметки на домашни физички лица со постојано место на живеење во Република Северна Македонија, и на странски физички лица кои согласно законската регулатива во Република Северна Македонија имаат третман на резиденти. Xxxxxxx отвора трансакциски сметки и на малолетни лица и на лица на кои им е одземена или ограничена деловната способност кои пред Xxxxxxx ги застапува законски застапник односно старател согласно законските одредби.
Потребна документација
• Барање за отворање на трансакциска сметка или барање за издавање на дебитна картичка кое истовремено се третира и како барање за отворање на трансакциска сметка;
• Фотокопија од важечка лична карта или патна исправа на барателот;
• Фотокопија од изводот од матичната книга на родени за малолетно лице.
Услови за отворање на транскакциска сметка
• Општи услови
-Редовни месечни примања од редовен работен однос, надомест од пензиско и инвалидско
oсигурување, технолошки вишок на неопределено време (до пензионирање);
-Приливи по разни основи и/или самоуплата.
• За располагање со средствата од сметката Xxxxxxx издава потписна картичка. На барање на Корисникот банката издава дебитна картичка. Корисникот се потпишува на картичката, со што се обврзува при нејзиното користење секогаш да го употребува истиот потпис.
Работење со трансакциска сметка
• Со средствата од сметката може да се располага на следниве начини: со дебитна картичка, плаќање и пренос на парични средства врз основа на траен налог, пренос во корист на други сметки во Банката и сметки кај други носители на платниот промет со инструментите за платен промет.
• За располагање со средствата од трансакциската сметка, Корисникот може да овласти друго лице Врз основа на писмено Овластување дадено во присуство на службеник на Банката и приложена фотокопија од лична карта на овластеното лице,Банката издава дополнителна картичка соодветна на видот на картичката издадена на Корисникот или овластување дадено пред соодветна надлежна институција.
• Дебитната картичка на овластеното лице носи посебен број различен од картичката на клиентот, гласи на име и презиме од овластеното лице, но го има истиот број на денарската и девизната трансакциска сметка од клиентот.
• Потписната картичка на овластеното лице го носи истиот број од трансакциската сметка на клиентот но гласи на име и презиме од овластеното лице.
• Дебитната и потписната картичка не се преносливи на друго лице и ги употребува само лицето на чие име се издадени.
• За спроведувањето на безготовинските и готовинските трансакции од трансакциската сметка Корисникот ги користи средствата од расположливото салдо на сметката.
• Банката може да одобри дозволено пречекорување на трансакциска сметка согласно интерните акти на Банката.
• Износот на одобреното дозволено пречекорување, условите за негово користење, рокот на користење, каматните стапки и други податоци поврзани со користењето на дозволено пречекорување на сметката се регулираат со посебен Договор за користење на дозволено пречекорување на трансакциска сметка потпишан со Корисникот.
• Правото на користење на дозволеното пречекорување престанува со промената на условите под кои тоа е одобрено.
• За состојба на сметката во висина на дозволеното пречекорување, Xxxxxxx пресметува договорна редовна камата. Доколку клиентот го надмине износот на дозволеното пречекорување, Банката пресметува договорна зголемена камата по каматна стапка која се применува за пресметка на законската казнена камата.
• На позитивното салдо на трансакциската сметка, Xxxxxxx пресметува договорна пасивна камата.
• За износот на пресметаната камата, провизиите, надоместоците и трошоците Банката ја задолжува, односно одобрува трансакциската сметка.
Извршување на платните инструменти
Платните инструменти што клиентот ги доставува во Банката мораат да бидат пополнети согласно важечките прописи и стандарди во платниот промет.
• Корисникот е одговорен за точноста и потполноста на податоците во платнот инструмент. Банката нема да земе во предвид платни инструменти со стар датум на извршување, непотполни или неправилно пополнети.
• Корисникот може да извршува плаќања во корист на иматели на сметки во други деловни банки преку системот на Клириншката куќа, каде плаќањата се сметаат за конечни по извршеното порамнување на сметките на банките во системот на НБРСМ и преку системот на порамнување на НБРСМ т.н. МИПС.
Начин на известување
Банката издава изводи за состојбата и промените на трансакциската сметка на шалтерите на Банката, преку кои истовремено информира и известува за одредени новини или промени во работењето со сметката. Корисникот има обврска да подигнува извод најмалку еднаш месечно. На писмено барање од Корисникот, состојбата на сметката може да се следи и преку Интернет Банка и мБанка.
Рекламации
Сите рекламации во врска со работењето со трансакциската сметка Xxxxxxxxxx е должен да ги пријави веднаш на шалтерите на Банката.
Казнени мерки
• Секое навлегување во минусна состојба на трансакциската сметка над дозволеното пречекорување се смета за неовластено располагање со средствата. Доколку минусното салдо не се подмири, Xxxxxxx врши блокада на сметката.
• Доколку Xxxxxxxxxx редовно не ги подмирува своите обврски, Xxxxxxx има право да покрене судска постапка за наплата на побарувањата.
Престанување и стекнување на правото за продолжување со работа со трансакциска сметка
Доколку првобитните услови под кои била отворена трансакциската сметка во меѓувреме престанале, Корисникот може да го задржи правото на работа со сметката доколку постојните услови ги замени со други кои ги предвидува Банката.
Во спротивно, правото за работа со сметката престанува.
Губење или кражба на картичка
Во случај на губење или кражба на дебитна или потписна картичка, Корисникот е должен да ги пријави веднаш на шалтерите Банката.
Затворање на трансакциска сметка
Трансакциската сметка може да се затвори само во случај кога се подмирени сите достасани обврски на сметката. Банката во согласност со своите интерни акти може да спроведе постапка на затворање на трансакциската сметка.
Останати одредби
• Oпштите услови за отворање и работење со трансакциска сметка се составен дел на Договорот за трансакциска сметка.
• Со потпишување на Барањето и Договорот за трансакциска сметка, Корисникот потврдува дека е запознаен со Општите услови за отворање и работење со трансакциска сметка, како и со Општите услови за работење со дебитна картичка.
• Клиентот е должен да ја пријави во Банката секоја промена на личните податоци.