ОПШТИ УСЛОВИ ЗА ИЗДАВАЊЕ И КОРИСТЕЊЕ НА MasterCard/Visa КРЕДИТНА ПЛАТЕЖНА КАРТИЧКА СО РЕВОЛВИНГ КРЕДИТЕН ЛИМИТ НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА АД СКОПЈЕ
ОПШТИ УСЛОВИ ЗА ИЗДАВАЊЕ И КОРИСТЕЊЕ НА MasterCard/Visa КРЕДИТНА ПЛАТЕЖНА КАРТИЧКА СО РЕВОЛВИНГ КРЕДИТЕН ЛИМИТ НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА АД СКОПЈЕ
1. ВОВЕДНИ ОДРЕДБИ
1.1 Правата и обврските на Корисникот на платежните картички на Централна кооперативна банка АД (во понатамошниот текст: Корисник на картичка) и Централна кооперативна банка АД Скопје (во понатамошниот текст Банка) за издавање и користење на картичките се регулираат со Општите услови за издавање и користење на платежните картички на Банката (во понатамошниот текст: Правила) кои имаат карактер на договор и се составен дел на Договорот за издавање и користење на MasterCard/Visa кредитна картичка и одобрување на револвинг кредитен лимит.
1.2 Со потпишувањето на Барањето за издавање на картички, барателот потврдува дека е запознаен и согласен со одредбите од Правилата и дека во потполност ги прифаќа.
1.3 Корисникот одговара кривично и материјално за точноста на сите податоци дадени на Xxxxxxx.
2. ДЕФИНИЦИИ
2.1 Банка-Централна кооперативна банка АД Скопје
2.2 Картичка- MasterCard/Visa кредитна картичка, контактна/безконтактна која Банката ја издава на Корисникот на картичката.
2.3 Дополнителна картичка-картичка од истиот производ, која на барање и со овластување од Корисникот на основната
картичка се издава на дополнителниот Корисник на картичката, и ги користи средствата од сметката на Корисникот на основната картичка.
2.4 Корисник на картичка-физичко лице на кое Банката му има издадено картичка и чие име е наведено на картичката.
2.5 Сметка-сметка на Корисникот на основната картичка отворена во Банката, која се задолжува/одобрува за износот на трансакциите, надоместоците и каматите кои настануваат со користењето на основната и дополнителните картички.
2.6 Револвинг кредитен лимит-вкупен износ на кредитен лимит, кој Xxxxxxx го одобрува на Корисникот на основната картичка,и е на располагање на сметката на Корисникот на основната картичка,и кој се обновува aвтоматски доколку Корисникот се придржува кон законските прописи, правилата и договорот за работење со картичките.
2.7 Плаќање-вложување средства на сметка за подмирување на искористен кредитен лимит, надоместоци, камати.
2.8 Расположиво салдо -расположиви средства (сопствените средства и средствата од кредитниот лимит) намалени за авторизирани, а неискнижени трансакции.
2.9 Дневен лимит-износ на средства кој Корисникот на картичката може да ги користи дневно, во трговија или за подигнување на готовина.
2.10 Трошоци-сите задолжувања за износот на трансакциите, надоместоците и каматите кои настануваат со користењето
на основната и дополнителните картички.
2.11 Банкомат-електронски уред кој овозможува исплата на пари во готово, но и други услуги, без присуство на вработени од Банката.
2.12 Продажно место-трговец, кој има склучено Договор за продажба на стоки и услуги за наплата преку картички.
2.13 POS (Point of sale) терминал-електронски уред инсталиран на продажни места или банкарски шалтери кој служи за електронско спроведување на трансакции.
2.14 Импринтер-рачен уред инсталиран на продажни места кој служи за спроведување на трансакции.
2.15 PIN (Personal identification number) -таен личен идентификационен број на Корисникот на основната картичка, односно Корисникот на дополнителната картичка, кој служи како идентификација при користење на картичката на банкомат и POS терминал.
2.16 Работен ден-секој ден во кој Банката и финансиските институции во Република Македонија работат и извршуваат финансиски операции.
2.17 Договор-договор кој се склучува помеѓу Xxxxxxx и Xxxxxxxxxx и со кој се уредуваат посебните услови и правила за издавање и користење на кредитни картички на физички лица.
(наведените термини употребени во еднина можат да се употребат и во множина и во членувана форма, без притоа да го изгубат дефинираното значење.)
3. ИЗДАВАЊЕ НА КАРТИЧКИ
3.1 Корисник на кредитна картичка може да биде секој резидент на Р.Македонија, полнолетно, деловно способно физичко лице кое е во редовен работен однос или пензионер, кое има поднесено барање за издавање на кредитна картичка со револвинг кредитен лимит и врз основа на одобрување на барањето од страна на Банката. Одлука за издавање на картичката и давање на користење на истата донесува Xxxxxxx и притоа не е обврзана да ги образложува своите одлуки на подносителот на барањето.
3.2 Картичката е во сопственост на Банката и не е пренослива на друго лице. Рокот на важност на картичката е наведен на картичката, истекува последниот ден од месецот кој е назначен на истата. Корисникот може да ја користи картичката само во периодот назначен на истата.
3.3 Картичките и личните идентификациони броеви ги подигнува лично Корисникот на картичката или лице со писмено овластување од Корисникот на картичката, уредно заверено кај надлежен орган.
3.4 По добивањето на картичката, Xxxxxxxxxx е должен да ја потпише картичката, при што потписот треба да биде идентичен со потписот на Барањето. Корисникот на картичката го сноси целиот ризик и последиците во случај на непотпишување на картичката. Непотпишаната картичка е неважечка.
3.5 На Корисникот му се доставува картичка и соодветен ПИН (личен идентификационен број). ПИН-от е таен и строго доверлив. ПИН-от му е познат исклучиво на Корисникот на картичката и потребно е со истиот да се постапува строго доверливо и да не биде достапен за трети лица. Корисникот не смее да го запишува на картичката или на други документи ниту да го кажува на трети лица. Настанатата штета од непочитување на претходно наведеното и евентуална злоупотреба на картичката и ПИН-от е на товар на Корисникот на картичката. Во случај на губење или заборавање на ПИН-от Корисникот на картичката треба веднаш да се обрати во Банката за повторно издавање на ПИН. Трошоците за повторна изработка на ПИН-от се на товар на Xxxxxxxxxx и се во согласност со важечката Одлуката за тарифа на Банката.
3.6 Доколку картичката се користи согласно наведените правила, Банката автоматски или на барање на Корисникот ќе го продолжи рокот на важење на картичката, освен ако Корисникот на картичката ја откаже картичката пред истекување на важноста на истата. Доколку Xxxxxxxxxx ја откаже картичката должен е тоа да го направи најдоцна 45 дена пред почеток на месецот во кој истекува важноста на картичката.
3.7 Покрај основната картичка може да се издадат и дополнителни картички со писмена согласност на Корисникот на основната картичка.
3.8 За сите трошоци кои настануваат со користењето на основната и дополнителните картички се задолжува сметката на Корисникот на основната картичка согласно важечките Одлуки на Банката.
3.9 Во случај подносителот на барањето да се откаже од истото, после издавањето на картичката, должен е да ги подмири сите настанати трошоци согласно важечката Тарифа на Банката.
4. КОРИСТЕЊЕ НА КАРТИЧКА
4.1 Картичката може да се користи за подигнување на готовина и плаќање во трговска мрежа во Р.Македонија и во странство, на сите места каде е истакнат знакот на MasterCard/Visa.
4.2 Корисникот може да ја користи картичката во рамки на дневниот лимит и висината на расположливото салдо.
4.3 Вкупниот дневен лимит на кредитната картичка изнесува 100.000,00 МКД. (Подигнување готовина: 30.000,00 МКД,Трговија: 100.000,00 МКД).
4.4 Банката одредува дневни лимити за користење на картичката за кои Корисникот е информиран при подигнување на картичката. Xxxxxxx го задржува правото да врши промена на дневните лимити. Корисникот не смее да ги надминува дневните лимити за користење на кредитните картички. Врз ознова на писмено барање на Корисникот на MasterCard/Visa картичката, може да се дефинираат дневни лимити по картичка за: трговија и готовина, при што овие лимити може да бидат поинакви од дневните лимити дефинирани од страна на Банката. Трошоците за промената се на товар на Xxxxxxxxxx согласно важечката Одлука за тарифа.
4.5 Корисникот е должен на барање на трговецот при плаќање на стоките и услугите да овозможи увид на документ за лична идентифкација.
4.6 Корисникот на картичката потпишува потврда за извршена трансакција (слип) на местото на трансакцијата, при што потписот мора да биде еднаков со потписот на картичката и/или внесува PIN. Еден примерок од потврдата, Корисникот на картичката задржува за своја евиденција. Сите согледани неправилности на потврдата за извршена трансакција, Корисникот ги оспорува непосредно при купувањето, односно користењето на услугата, пред потпишување на слипот. Безконтактната трансакција се извршува само со доближување на картичката до ПОС терминалот, и износот на истата е определен согласно правилата на MasterCard/Visa.
4.7 За проверка на идентитетот на Корисникот на картичката при подигнување готовина од банкомат, Корисникот употребува посебен личен идентификационен број (PIN), кој е единствен и таен.
4.8 Xxxxxxxxxx е должен да ги чува сите документи во врска со плаќањата извршени со картичката најмалку 12 месеци. На прво барање на Xxxxxxx, доколку за тоа се појави потреба должен е истите да ги достави до Банката.
5.ПРЕСМЕТКОВНО ПЛАТЕЖНИ АКТИВНОСТИ СО КАРТИЧКАТА
5.1 Сите надоместоци и камати поврзани со издавањето и користењето на картичката се одредени со Одлуката за тарифата на надоместоци на Банката и Одлуката за каматни стапки на Банката. Истите се променливи согласно актите на Банката и се достапни на web страната и на шалтерите на Банката.
5.2 Банката е должна за секој календарски месец да го известува Корисникот за сите настанати трансакции со картичката со доставување на извод за трансакции во месецот.
6.РЕКЛАМАЦИИ
6.1 Корисникот е должен да чува копија од сметката или слипот во случај на рекламации, затоа што Xxxxxxx не е должна да прифати рекламации доколку Корисникот не достави примерок или копија на сметката.
6.2 Корисникот на картичката по извршената трансакција, односно по приемот на изводот за извршени трансакции, може да утврди неправилност и по писмен пат, да изврши рекламација до Банката за спорната трансакција. Рекламацијата мора да биде поднесена во Банката, по писмен пат и мора да биде примена најдоцна 10 дена од датумот на изводот за трансакциите.
6.3 За решавање на рекламацијата, Корисникот е должен да ја приложи целата документација која е поврзана со рекламацијата, најдоцна 10 дена од датумот на изводот. Во спротивно ќе се смета дека Xxxxxxxxxx на картичката ги признава трошоците наведени во извештајот.
6.4 Рекламациите што не се доставени во наведениот рок, Xxxxxxx нема обврска да ги прифати, а финансиските последици ги сноси Корисникот.
6.5 Оспорувањето на трошокот не го одлага неговото подмирување. Во случај на неоснована рекламација, направените трошоци Банката ќе ги наплати од сметка на Корисникот. Во спротивно Xxxxxxx му го враќа оспорениот износ на сметката на Корисникот на картичката.
6.6 Банката не е одговорна за квалитетот на производите и услугите кои Корисникот ги плаќа со картичката. Рекламациите за производите и услугите платени со картичката Корисникот ги поднесува исклучиво на продажното место и е должен да ги подмири обврските кон Банката, без оглед на евентуален спор со продажното место.
7. ГУБЕЊЕ, КРАЖБА И ОШТЕТУВАЊЕ НА КАРТИЧКАТА
7.1 Во случај на евентуално, губење или кражба на картичката, Корисникот е должен веднаш да ја пријави телефонски не телефон (00) 0000 000 00 часа или на (00) 0000 000 во работното време на Банката од 08 до 16 часот и во рок од 10 дена писмено да го потврди или отфрли пријавеното губење односно кражба. Пријавата се врши со пополнување на пријава за изгубена/украдена картичка.
7.2 Сите настанати трансакции со картичката до моментот на пријавување паѓаат на товар на Xxxxxxxxxx.
7.3 Во случај на основано сомнение дека се работи за кражба, Корисникот на картичката е должен случајот да го пријави кај надлежните органи во најкус можен рок.
7.4 При губење или кражба на картичката, Корисникот има право да побара нова, а при оштетување на истата има право да бара реиздавање на старата картичка, за што ги подмирува трошоците согласно тарифата на Банката.
8. ПРЕКИНУВАЊЕ НА ПРАВОТО НА КОРИСТЕЊЕ НА КАРТИЧКА
8.1 Секое неовластено и незаконско користење на картичката е казниво, според законските прописи. Корисникот е запознаен дека давањето на неточни и непотполни податоци и информации е основ на негова материјална и кривична одговорност и прекинување на користење на картичката.
8.2 Користењето на картичката може да го откаже Корисникот или Банката.
8.3 Банката има право да го откаже користењето на картичката на Xxxxxxxxxx кој не се придржува кон Општите услови и Договорот за издавање на картичката, престанок на работен однос, поведување на судски спор како и во случај на затворање на сметката со која е поврзана картичката на Корисникот, односно во случај на смрт на Xxxxxxxxxx на картичката. Бидејќи Xxxxxxx е сопственик на картичката, на нејзино барање Корисникот мора да ја врати.
8.4 Во случај на откажување на картичката, Корисникот е должен да ги врати на Xxxxxxx основната картичка и дополнителните картички.
8.5 Доколку продавачот на производот или давачот на услугите или лицето на шалтерот на Банката побара од Корисникот на картичката да му ја предаде платежната картичка на која и е укинато правото на користење, Корисникот е должен тоа да го направи.
8.6 Корисникот е должен да ги подмири сите обврски кон Xxxxxxx настанати со користење на основната и дополнителните картички, се до денот на враќање на картичките, како и сите евентуални трошоци и камати настанати по основ на тие обврски.
9. ОСТАНАТИ ОДРЕДБИ
9.1 Општите услови се составен дел на Договорот за MasterCard/Visa кредитна картичка.
9.2 Со потпишување на барањето и пред потпишување на Договорот, Корисникот на картичката воедно потврдува дека е запознаен со содржината на Договорот, Општите услови за издавање и користење, Тарифата на Банката и важечката Одлука за висина на каматните стапки и дека во целост се согласува со нив и со правните дејства кои произлегуваат од истите.
9.3 Банката го задржува правото за промена на правилата и условите за работа со картичката, на Општите услови, како и Тарифата за надоместоци на услуги и Одлуката за висина на каматните стапки на Централна кооперативна банка АД, и за тие промени или дополнувања ќе го информира Корисникот во писмена форма пред да почнат истите да се применуваат. Доколку Корисникот не ги прифати измените и/или дополнувањата, истиот може да го откаже понатамошното користење на картичката во рок од 30 дена од денот на објавување на измените и/или дополнувањата, во спротивно ќе се смета дека е согласен со објавените измени и/или дополнувања..
Корисникот на картичката кој не се согласува со измените обврзан е да ја врати картичката во Банката, поништена. Со тоа се раскинува договорниот однос меѓу Xxxxxxx и Корисникот на картичката, по претходно подмирување на сите обврски на Корисникот кон Банката.
9.4 Корисникот е одговорен за точноста на сите податоци дадени на Банката и е обврзан да пријави секаква промена на тие податоци во рок од 3 (три) дена по настанување на промените. Xxxxxxx Xxxxxxx сама дојде до сознание дека податоците за Xxxxxxxxxx се неточни или изменети може да го откаже користењето на картичката.
9.5 Банката гарантира потполна тајност на сите податоци добиени по основ на издавање на картичката. Xxxxxxx се обврзува да ги заштити личните податоци за Корисникот на картичката, согласно законските прописи.
9.6 Банката е должна да осигура безбедно доставување на картичката и PIN-от на Корисникот. Картичката добива статус активна во системот на Банката, откако Xxxxxxx ќе утврди дека на Корисникот безбедно му е врачена, односно доставена картичката и PIN-от.
9.7 Банката не сноси никаква одговорност ако Корисникот на картичката не може да ја употреби картичката во следните ситуации кои се надвор од контрола на Банката:
- технички проблеми со опремата, прекин на телекомуникации, електрична енергија
- штрајк или други вонредни околности
- кога картичката е оштетена во банкомат или продажно место и истата неможе да биде прифатена
- кога од било која причина продажното место, банка или банкомат не ја прифаќа картичката.
9.8 Секое користење на картичката спротивно на горенаведените одредби, повлекува автоматско одземање на основната и дополнителните картички, превземање на мерки согласно законските прописи, а целокупната материјална штета заедно со каматите и надоместоците ја сноси Корисникот на основната картичка.
9.9 Се што не е предвидено со Општите услови и Договорот важат важечките законски прописи вклучително и Законот за заштита на потрошувачи при договори за потрошувачките кредити и актите на Банката. Евентуалните спорови ги решава надлежниот суд.