Contract
Согласно член 20 од Законот за проширена одговорност на производителот за управување со посебните текови на отпад („Службен Весник на РСМ“ бр. 215/2021) и член 28 од Законот за управување со електрична и електронска опрема и отпадна електрична и електронска опрема (“Службен Весник на РСМ” бр. 176/2021) на ден склучен е
ДОГОВОР
ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ НА ОБВРСКИ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ОТПАД ОД ЕЛЕКТРИЧНА И ЕЛЕКТРОНСКА ОПРЕМА
Помеѓу:
1. Друштвото за управување со отпад ЕЛКОЛЕКТ ДОО увоз-извоз Скопје, сo седиште на ул. Митрополит Xxxxxxxx Xxxxxxxxx бр.98-1/13, ж-ска 300000003785461, ЕДБС МК 4057014527121, ЕМБС: 6994377; Депонент: Комерцијална банка X.X. - Скопје, застапувано од Управителот Xxxx Xxxxxxxxxx, во понатамошниот текст: КОЛЕКТИВЕН ПОСТАПУВАЧ и
2. , сo седиште на , ж- ска , ЕДБС:МК , ЕМБС: ; Депонентна , застапувано од Управителот , во понатамошниот текст ПРОИЗВОДИТЕЛОТ.
1. ОПШТИ ОДРЕДБИ
Член 1
КОЛЕКТИВНИОТ ПОСТАПУВАЧ ЕЛКОЛЕКТ ДОО Скопје е основан како правно лице за управување со отпад.
ПРОИЗВОДИТЕЛОТ е договорен производител кој за исполнување на обврските за проширена одговорност склучува договор со КОЛЕКТИВНИОТ ПОСТАПУВАЧ кој ќе обезбеди постапување со посебниот тек на отпад во негово име и за негова сметка.
Согласно Законот за проширена одговорност на производителот за управување со посебните текови на отпад („Службен весник на РСМ“ бр. 215/2021) (во понатамошниот текст Закон за ПОП), ЕЛКОЛЕКТ ДОО Скопје е колективен постапувач односно непрофитно правно лице кое поседува дозвола за постапување со отпадна електрична и електронска опрема и кое во име и за сметка на производителите – членки на Друштвото обезбедува постапување со отпадна електрична и електронска опрема.
КОЛЕКТИВЕН ПОСТАПУВАЧ согласно член 5 став 1 точка 2 од Законот за ПОП, е правно лице, основано од најмалку два производители, кое поседува дозвола за колективен постапувач за управување со посебен тек на отпад издадена од стручниот орган согласно со одредбите од овој закон, како и прописот кој го уредува управувањето со тој тек на отпад и кое во име на производителите, кои се членови или основачи на колективниот постапувач, за определен надоместок, ги презема нивните обврски за проширена одговорност кои се однесуваат на управување со посебните текови на отпад. Колективниот постапувач во своето работење при управувањето со
посебните текови на отпад ги применува одредбите од овој закон, како и одредбите од прописите за управување со отпад и прописите за посебните текови на отпад.
ПРОИЗВОДИТЕЛ, согласно член 5став 1 точка 5 од Законот за ПОП е лице коe врши дејности или активности со кои за првпат пушта одделни производи на пазарот во Република Северна Македонија или увезува како краен корисник стоки, со чија употреба се создаваат отпадни производи што припаѓаат на посебните текови на отпад и поради тоа, во споредба со другите правни лица кои пуштаат производи на пазарот, има обврска да преземе дополнителни мерки на одговорност, како и да применува посебни правила на управување со посебните текови на отпад за да создаде услови за обезбедување на максимална количина на собирање, повторна употреба, преработка и рециклирање на посебните текови на отпад согласно со својот удел на пазарот, кои се уредени со овој закон и со прописите за посебните текови на отпад.
ЕЛЕКТРИЧНА И ЕЛЕКТРОНСКА ОПРЕМА согласно член 7 став 1 точка 1 од Законот за управување со електрична и електронска опрема и отпадна електрична и електронска опрема (во понатамошниот текст Закон за ОЕЕО) е опрема чијашто правилна работа зависи од електрична струја и електромагнетни полиња, како и опрема што е наменета за производство, пренос и мерење на тие струи и полињаи е наменета за употреба под напон кој не надминува 1000 волти за наизменична струја и 1500 волти за еднонасочна струја.
ОТПАДНА ЕЛЕКТРИЧНА И ЕЛЕКТРОНСКА ОПРЕМА согласно член 7 став 1 точка 2 од Законот за ОЕЕО е отпад од електрична и електронска опрема во согласност со прописите за управување со отпадот вклучувајќи ги сите составни делови, потсклопови и потрошни делови и материјали кои се дел од производот во моментот на исфрлање (во понатамошниот текст отпадна опрема);
Сите дефиниции употребени во овој Договор се во согласност со Законот за проширена одговорност на производителот („Сл. Весник на РСМ“ бр. 215/2021), Законот за управување со електрична и електронска и отпадна електрична и електронска опрема („Сл. Весник на РСМ“ бр. 176/2021), Законот за управување со отпадот („Сл. Весник на РСМ“ бр. 216/2021) како и подзаонските акти донесени согласно истите.
2. ПРЕДМЕТ НА ДОГОВОРОТ
Член 2
Предмет на овој Договор е уредување на правата и обврските на договорните страни во врска со управувањето со електрична и електронска опрема која ПРОИЗВОДИТЕЛОТ ја пушта на пазарот во РСМ и отпадната електрична и електронска опрема која се создава од од вршењето на неговата дејност, а со цел остварување на националните цели утврдени во член 22 и 23 од Законот за ОЕЕО, соодветно на уделот на КОЛЕКТИВНИОТ ПОСТАПУВАЧ во вкупната количина на производите што се пуштени на пазарот во РСМ.
3. ПРАВА И ОБВРСКИ НА КОЛЕКТИВНИОТ ПОСТАПУВАЧ
Член 3
КОЛЕКТИВНИОТ ПОСТАПУВАЧ ЕЛКОЛЕКТ ДОО Скопје согласно Законот за ПОП и овој Договор ги презема обврските на ПРОИЗВОДИТЕЛОТ утврдени во член 10, 11, 12 и 13 од Законот за ПОП односно:
• да се грижи за отпадот што се создава од производот што го пушта на пазарот, да воспостаави, да организира и води систем за собирање, повторна употреба, преработка и рециклирање на отпадната електрична и електронска опрема,
• да соработува со трговците кои пласираат производи по чија употреба се создава отпад,
• да соработува со општините и регионалните системи за управување со отпад и
• да работи на подигнување на јавната свест
Дополнително, КОЛЕКТИВНИОТ ПОСТАПУВАЧ е должен редовно да го информира ПРОИЗВОДИТЕЛОТ за важечката регулатива која го уредува управувањето со отпадна електрична и електронска опрема.
Член 4
КОЛЕКТИВНИОТ ПОСТАПУВАЧ, согласно член 21став 7од Законот ПОП има обврска, сите обврски отстапени од ПРОИЗВОДИТЕЛОТ а утврдени во член 3 од овој Договор, да ги довери на правни и физички лица кои поседуваат важечки дозволи за управување со отпад согласно со прописите за управување со отпад.
Член 5
Заради спроведување на обврските утврдени во член 17и 18 од Законот за ПОП, КОЛЕКТИВНИОТ ПОСТАПУВАЧ, има право да наплаќа надоместок по вид и количина на опрема кој во вид на Ценовник претставува Прилог 1 на овој Договор.
Поединечната цена за управување на секој посебен тип на отпадна опрема не може да биде помала од 30% од висината на надоместокот за тој тек и посебен вид на отпад кој е утврден во посебен пропис за посебниот тек на отпад, донесен од надлежен државен орган.
КОЛЕКТИВНИОТ ПОСТАПУВАЧ има право надоместокот да го наплаќа од производителот од денот на добивање на дозволата за колективен постапувач со отпадна електрична и електронска опрема.
Член 6
КОЛЕКТИВНИОТ ПОСТАПУВАЧ, согласно член 39 став 1 од Законот за ПОП, ценовникот од Прилог 1 од овој Договор, ќе го формира еднаш годишно и истиот ќе го објави за наредната година на својата веб-страница најдоцна до 15 ноември во тековната година за наредната фискална година заедно со условите за склучување на договори со производителите.
КОЛЕКТИВНИОТ ПОСТАПУВАЧ, согласно член 39 став 4 од Законот за ПОП, ќе му даде попуст на ПРОИЗВОДИТЕЛОТ доколку тој има удел поголем од 20% во количината на отпад со која постапува КОЛЕКТИВНИОТ ПОСТАПУВАЧ, односно доколку е основач на КОЛЕКТИВНИОТ ПОСТАПУВАЧ, при што надоместокот со пресметан попуст не смее да го надмине износот од 30% од висината на надоместокот утврден во прописот за посебниот тек на отпад согласно член 38 став 2 од законот.
Ценовникот ќе важи за период од 01 Јануари до 31 Декември наредната година. КОЛЕКТИВНИОТ ПОСТАПУВАЧ го задржува правото да го менува Ценовникот пред истекот на неговата важност доколку настане промена на цените на производите и услугите на пазарот поврзани со собирањето, складирањето, третманот и/или преработката на отпадната опрема или поради промени во законските одредби, за што е должен да го извести ПРОИЗВОДИТЕЛОТ најмалку 15 (петнаесет) дена пред започнувањето на важноста на новите цени.
Член 7
КОЛЕКТИВНИОТ ПОСТАПУВАЧ е должен да достави фактура до ПРОИЗВОДИТЕЛОТ најдоцна 10 (десет) дена по добивање на Извештајот за видот и количините на опрема пуштени на пазарот на РСМ во претходниот месец.
Износот на фактурата ќе биде пресметан како сума од соодветните нето количини на опрема од Извештајот изразена во килограми, помножени со нивните единечни надоместоци (по килограм) од актуелниот Ценовник за соодветниот месец за кој што се однесува извештајот.
Член 8
Согласно овој Договор и член 18 став 6 од Законот за ПОП, КОЛЕКТИВНИОТ ПОСТАПУВАЧ е должен на ПРОИЗВОДИТЕЛОТ за пријавените и наплатени количини опрема да му издаде потврда за ослободување на плаќањето надоместок најдоцна до 20 февруари во тековната, со податоци за претходната година.
Член 9
КОЛЕКТИВНИОТ ПОСТАПУВАЧ, согласно член 36 од Законот за ПОП е должен да води евиденција за своето работење и за тоа да достави годишен извештај до стручениот орган.
КОЛЕКТИВНИОТ ПОСТАПУВАЧ, нема никаква одговорност за содржината и вистинитоста на податоците содржани во извештаите добиени од ПРОИЗВОДИТЕЛОТ врз основа на кои е правен годишниот извештај опишан во став 1.
При поднесувањето на годишниот извештај, КОЛЕКТИВНИОТ ПОСТАПУВАЧ го известува стручниот орган доколку ПРОИЗВОДИТЕЛОТ не го платил надоместокот за управување со отпадна опрема најмалку за три месеци во годината за која се однесува извештајот.
КОЛЕКТИВНИОТ ПОСТАПУВАЧ е должен да му овозможи на ПРОИЗВОДИТЕЛОТ целосен увид во својата документација како и исполнувањето на обврските кои се однесуваат на управувањето со отпадната опрема.
Член 10
Пред надлежните органи КОЛЕКТИВНИОТ ПОСТАПУВАЧ превзема обврска за постапување само со пријавените и наплатените количини на електрична и електронска опрема од страна на ПРОИЗВОДИТЕЛОТ, а наведени во Извештајот.
Член 11
Согласно овој Договор КОЛЕКТИВНИОТ ПОСТАПУВАЧ, има право заради утврдување на вистинитоста на податоците кои што се предмет на Извештаите доставени од ПРОИЗВОДИТЕЛОТ, да побара ревизија од независно правно или физичко лице.
Член 12
Доколку со ревизијата се утврди дека податоците кои се предмет на Извештаите се вистините и не постојат отстапувања од реалната и прикажаната состојба во однос на видот и количините опрема, трошоците за ревизијата паѓаат на товар на КОЛЕКТИВНИОТ ПОСТАПУВАЧ.
Во случај кога ревизорот ќе утврди дека ПРОИЗВОДИТЕЛОТ нереално или невистинито ги внесувал податоците во извештаите доставени до КОЛЕКТИВНИОТ ПОСТАПУВАЧ, трошоците за ревизијата паѓаат на товар на ПРОИЗВОДИТЕЛОТ.
4. ПРАВА И ОБВРСКИ НА ПРОИЗВОДИТЕЛОТ
Член 13
ПРОИЗВОДИТЕЛОТ е должен при проектирањето, дизајнирањето и производството на опремата да преземе мерки и активности кои обезбедуваат: намалување на употребата на опасни супстанции до најмала можна мерка и олеснето расклопување и демонтирање, повторна употреба, рециклирање и на друг начин преработка на отпадната орпема, нејзините составни делови и вградени материјали.
Член 14
ПРОИЗВОДИТЕЛОТ е должен на производите кои ги пушта на пазар да обезбеди јасно видлива, читлива и прикажана на неизбришлив начин ознака за обврска за одделно собирање на отпадната опрема.
Член 15
ПРОИЗВОДИТЕЛОТ е должен да ја информира јавноста и крајните корисници за:
⎯ забраната за оставање на отпадната опрема како несортиран комунален отпад и за обврската за одделно собирање на отпадната опрема;
⎯ воспоставените системи на преземање и собирање на отпадната опрема кои им се на располагање;
⎯ начинот на нивното придонесување за повторна употреба, рециклирање и друг начин на преработка;
⎯ можните негативни влијанија и последици врз здравјето на луѓето и животната средина како резултат на присуството на опасни супстанции во опремата, како и
⎯ други законски обврски за информирање.
Член 16
ПРОИЗВОДИТЕЛОТ е должен за операторите на инсталациите за третман да обезбеди бесплатно информации за:
⎯ можностите за повторна употреба и третман, за секој вид на нова опрема;
⎯ детални податоци за составните делови и материјали во опремата; и
⎯ местата каде во опремата се наоѓаат опасните супстанции.
Член 17
ПРОИЗВОДИТЕЛОТ може да ги остварува обврските на проширена одговорност со склучување на Договор само со еден колективен постапувач. Со ова се подразбира дека ПРОИЗВОДИТЕЛОТнема и дека во периодот на важност на овој Договор нема да склучи договор за постапување со отпадна електрична и електронска опрема со друг колективен постапувач.
Член 18
ПРОИЗВОДИТЕЛОТ согласно овој Договор, Законот за ПОП и Законот за управување со електрична и електронска опрема и отпадна електрична и електронска опрема, му ги отстапува на КОЛЕКТИВНИОТ ПОСТАПУВАЧ обврските за спроведување на својата проширена одговорност.
Член 19
Со овој Договор, ПРОИЗВОДИТЕЛОТ се обврзува да води месечна евиденција за видот и количеството на опрема пуштена на пазарот во РСМ во писмена и електронска форма наобразец кој е составен дел на овој Договор.
ПРОИЗВОДИТЕЛОТ се обврзува евиденцијата од став 1 на овој член да ја доставува на КОЛЕКТИВНИОТ ПОСТАПУВАЧ секој месец најдоцна до петтиот ден во месецот за претходниот месец.
Евиденцијата која нема да биде доставена во пропишаниот образец, истата нема да се обработи и ќе се смета дека воопшто не е доставена.
За вистинитоста на податоците одговорен е ПРОИЗВОДИТЕЛОТ.
Член 20
ПРОИЗВОДИТЕЛОТ се обврзува заради спроведување на обврските за проширена одговорност да му плаќа надомест на КОЛЕКТИВНИОТ ПОСТАПУВАЧ во согласност со Ценовникот даден во Прилог 1 од овој Договор.
Член 21
Согласно овој Договор, ПРОИЗВОДИТЕЛОТ се обврзува уплатата на надоместокот да ја врши на ж- сметката на КОЛЕКТИВНИОТ ПОСТАПУВАЧ по претходно доставена фактура и тоа најдоцна 60 (шеесет) дена од датумот на издавање на истата или според рокот на плаќање наведен во фактурата.
Член 22
ПРОИЗВОДИТЕЛОТ за пријавените и наплатени количини согласно евиденцијата, со денот на стапување на сила на овој Договор, ќе биде ослободен од плаќање на надоместокот утврден во член 36 од Законот за ОЕЕО.
Член 23
ПРОИЗВОДИТЕЛОТ е должен редовно да ја следи работата на КОЛЕКТИВНИОТ ПОСТАПУВАЧ во поглед на исполнувањето на неговите обврски со управувањето со отпадната опрема согласно законските прописи.
Член 24
Во случај на ревизија заради утврдување на фактичката состојба во поглед на видот и количините на отпадна електрична и електронска опрема пуштени на пазарот, ПРОИЗВОДИТЕЛОТ е должен да му ја стави на увид на ревизорот целокупната документација од своето работење и да му овозможи да изврши увид во своите деловни простории.
Член 25
Доколку со ревизијата се утврди дека ПРОИЗВОДИТЕЛОТ прикажал помали количини на опрема од реалните или не ги прикажал точно категориите или видовите на електрична и електронска опрема пуштени на пазарот, ЕЛКОЛЕКТ ќе го достави ревизискиот извештај до Стручниот орган.
Член 26
ПРОИЗВОДИТЕЛОТ ќе му ја надомести сета штета на КОЛЕКТИВНИОТ ПОСТАПУВАЧ и неговиот управител лично, која би настанала како резултат на невистинито или неточно пополнување на месечните извештаи и тоа како материјална штета по основ на изречени казни, санкции и слично за КОЛЕКТИВНИОТ ПОСТАПУВАЧ и неговиот управител така и нематеријална штета по основ на нарушена чест и углед, изгубена заработувачка по основ на изречени забрани или ограничувања во работата и слично.
5. ДОВЕРЛИВОСТ
Член 27
Согласно овој Договор, двете договорни страни се обврзуваат дека сите информации и податоци кои ги обезбедиле врз основа на овој Договор, извештаите, евиденцијата, ревизијата и сите други информации и податоци при исполнување на меѓусебните права и обврски, во рамките на правата и обврските дефинирани со законите на кои се заснива овој Договор, да ги чуваат како деловна тајна и да не ги пренесуваат на било кое трето лице и по раскинувањето на овој Договор.
Информациите и податоците од став 1 на овој член двете договорни страни може да ги користат само во случај на спор пред надлежни државни органи.
6. ВАЖНОСТ И ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА ДОГОВОРОТ
Член 28
Овој Договор се склучува на неопределено време. Истиот стапува во сила на денот на потпишување.
Доколку Договорот не биде раскинат до крајот на една фискална година, неговата важност се продолжува и за целата следна фискална година.
Член 29
Во случај ценовникот за следната календарска година да не биде прифатен, потпишан од ПРОИЗВОДИТЕЛОТ и вратен на КОЛЕКТИВНИОТ ПОСТАПУВАЧ најдоцна до 15 декември во текот на календарската година, ќе се смета дека овој Договор е раскинат заклучно со 31 декември во годината во која бил во важност последниот заеднички прифатен ценовник.
Во случај ценовникот кој е променет во текот на календарската година да не биде прифатен, потпишан и вратен од страна на ПРОИЗВОДИТЕЛОТ до КОЛЕКТИВНИОТ ПОСТАПУВАЧ во рок од 30 (триесет) дена од денот на доставата, ќе се смета дека Договорот е раскинат заклучно со триесеттиот ден од денот на достава на ПРОИЗВОДИТЕЛО, без вина на ниедна од договорните страни.
7. РАСКИНУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ
Член 30
Договорните страни имаат право на еднострано раскинување на Договорот во секое време со доставување на писмено известување испратено до другата договорна страна 6 (шест) месеци пред бараниот датум на раскинување.
Овој Договор може да биде раскинат со писмено известување за раскинување од секоја од Договорна страна во секое време без дополнителен отказен рок во еден од следните случаи:
• ПРОИЗВОДИТЕЛОТ не го плаќа надоместокот утврден во член 20 и 21 од овој Договор за најмалку 6 (шест) месеци последователно. Во ваков случај, КОЛЕКТИВНИОТ ПОСТАПУВАЧ е должен да го извести Стручниот орган за раскинување на Договорот и на својата интернет страница ќе го бјави називот и седиштето на ПРОИЗВОДИТЕЛОТ согласно член 38 став 9 од Законот за ПОП;
• ПРОИЗВОДИТЕЛОТ ако 3 (три) месеци последователно не доставува до КОЛЕКТИВНИОТ ПОСТАПУВАЧ месечен извештај за видот и количината на опрема пуштена на пазарот на РСМ согласно член 19 од овој Договор;
• Една од договорните страни прекрши една или повеќе од своите обврски утврдени со овој Договор, а прекршокот не е поправен во рок од 8 (осум) работни дена по известувањето добиено во пишана форма од совесната страна;
• Едната договорна страна стане платежно неспособна (во случај на стечај или ликвидација)за што има обврска веднаш да ја извести другата договорна страна и да му достави доказ за настанатата состојба. Доколку платежно неспособен бил ПРОИЗВОДИТЕЛОТ, КОЛЕКТИВНИОТ ПОСТАПУВАЧ ќе продолжи да ги спроведува обврските од овој Договор се до крајот на фискалната година по што еднострано ќе го раскине Договорот и ќе го извести стручниот орган.
Член 31
Во случај на раскинување на овој Договор без оглед како е предизвикано, ПРОИЗВОДИТЕЛОТ е должен да ги подмири сите финансиски обврски спрема КОЛЕКТИВНИОТ ПОСТАПУВАЧ, настанати за времетраењето на овој Договор.
8. ОДВОИВОСТ
Член 32
Во случај некој дел од овој Договор да биде прогласен за неважечки, неправосилен или на друг начин неспроведлив од страна на надлежен суд, таквиот дел ќе се интерпретира на начинот кој е најблизок до неговата првобитна намера, а е спроведлив, или ако тоа не е можно ќе се смета дека е одвоен од овој Договор и дека како таков нема никаков начин да го нарушува или да го засега остатокот од овој Договор, за кој договорните страни се согласуваат дека инаку би останале во полна сила и дејство.
9. ИЗМЕНИ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ
Член 33
Измени и дополнување на овој Договор може да се направат само во пишана форма со взаемна согласност на договорните страни.
Член 34
Сите идни измени и дополнувања на Законот за ПОП, Законот за ОЕЕО, Законот за управување со отпад и други закони и подзаконски акти кои директно влијаат на правата и обврските на двете договорни страни на овој Договор ќе бидат автоматски спроведени во овој Договор, за што се согласни двете договорни страни.
Секоја од договорните страни е должна веднаш да ја извести другата страна во случај на промена на називот на фирмата, седиштето, електронското сандаче или друга промена во трговскиот регистар од значење за соработката при реализацијата на овој Договор.
10. ВАЖЕЧКО ПРАВО И РАЗРЕШУВАЊЕ НА СПОР
Член 35
Секоја ситуација која не е покриена со овој Договор ќе биде разрешена согласно позитивните законски прописи во РСМ.
Член 36
Секој спор што ќе произлезе од или во врска со овој Договор, договорните страни ќе се обидат најпрво да го разрешат спогодбено со меѓусебни преговори односно медијација. Доколку тоа биде невозможно двете договорни страни имаат право да го префрлат спорот на решавање во Основен Граѓански суд Скопје.
Член 37
Договорот е составен од 2 (два) еднообразни примероци, од кои по 1 (еден) за секоја договорна страна.
Член 38
Прилозите 1 и 2 се неделив дел од овој Договор.
ДОГОВОРНИ СТРАНИ:
За КОЛЕКТИВНИОТ ПОСТАПУВАЧ За ПРОИЗВОДИТЕЛОТ
ЕЛКОЛЕКТ ДОО Скопје, ХХ
Управител Xxxx Xxxxxxxxxx Управител ХХ