Договорниот орган Општина Илинден, со адреса на ул.9 бб. 1041 н.Илинден, телефон за контакт 02 2571-703, 02 2571-704, факс 02 2573- 515, електронска адреса www.ilinden.gov.mk., има потреба од набавка на работи – Изградба на новопланирана улица “2” и...
ОИ 05 – ф 7.4/2
ОПШТИНА ИЛИНДЕН
РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
Арх.бр.05-518/3 Илинден,06.02.2015 год.
ОТВОРЕНА ПОСТАПКА БР. 05-518/2015
ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОГОВОР ЗА ЈАВНА НАБАВКА НА РАБОТИ – ИЗГРАДБА НА НОВОПЛАНИРАНА УЛИЦА ”2” И НОВОПЛАНИРАНА УЛИЦА ”3” ВО ЛОКАЛИТЕТ 14 И 15, н.м МАРИНО
ТЕНДЕРСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА ЗА ПОСТАПКА КОЈА СЕ СПРОВЕДУВА ВО ХАРТИЕНА ФОРМА И ЗАВРШУВА СО Е-АУКЦИЈА
критериум за доделување на договорот: најниска цена
издание 1 2010/03/29
ПОКАНА ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ ПОНУДА
Почитувани,
Договорниот орган Општина Илинден, со адреса на xx.0 xx. 0000 x.Илинден, телефон за контакт 00 0000-000, 00 0000-000, факс 00 0000- 000, електронска адреса xxx.xxxxxxx.xxx.xx., има потреба од набавка на работи – Изградба на xxxxxxxxxxxxx xxxxx “0” и новопланирана улица “3” во локалитет 14 и 15, н.м Марино.
За таа цел, договорниот орган спроведува постапка за доделување на договор за јавна набавка на работи по пат на отворена постапка, која ќе заврши со спроведување на електронска аукција, како последна фаза во отворената постапка, во согласност со член 21 став 1 од Законот за јавните набавки („Службен весник на Република Македонија“, бр.139/07, 130/08, 97/10, 53/11 185/11, 15/13 ,148/13, 28/14, 43/14 и 130/14), за што
објави оглас број 05-518/2015 .
Ве молиме да ни ја доставите Xxxxxx понуда за горенаведениот предмет на договорот за јавна набавка најдоцна до 26.02.2015 година во 12,00 часот (по локално време) по пошта на горната адреса или лично со поднесување во архивата на договорниот орган.
Со оваа покана Ви доставуваме тендерска документација која ги содржи сите информации кои ќе Ви помогнат за изработка на понудата. Тендерската документација се состои од следните делови: инструкции за економските оператори, технички спецификации, задолжителни одредби што ќе ги содржи договорот за јавна набавка, изјава за сериозност на понудата, изјава за независна понуда и образец на понудата.
Отворањето на понудите ќе биде јавно и ќе се изврши на 26.02.2015 година во 12,00 часот во просториите на Општина Илинден – Сала за состаноци.
Однапред благодариме на соработката.
Во година | Овластено лице
|
ИНСТРУКЦИИ ЗА ЕКОНОМСКИТЕ ОПЕРАТОРИ
1. ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ 1.1 Договорен орган
Договорен орган е општина Илинден, со адреса на xx.0 xx. 1041
x.Xxxxxxx, телефон за контакт 00 0000-000, 00 0000-000, факс 00 0000- 000, електронска адреса xxx.xxxxxxx.xxx.xx.
1.2 Предмет на договорот за јавна набавка
1.2.1 Предмет на договорот за јавна набавка е набавка на работи- Изградба на новопланирана улица “2” и новопланирана улица “3” во локалитет 14 и 15, н.м Марино.
Изградбата на улицата ќе се одвива во фази, односно предметот на договорот за јавна набавка ќе ги опфати следните фази: припремни работи, земјени работи и горен строј до тампонирање.
1.2.2 Предметот на договорот за јавна набавка не е делив. Економскиот оператор во својата понуда треба да ги вклучи сите составни делови во спротивно понудата ќе се смета за неприфатлива.
1.2.3 Детален опис на предметот на договорот за јавна набавка е даден во техничката спецификација која е составен дел на тендерската документација.
1.3 Вид на постапка за доделување на договор за јавна набавка
1.3.1 Договорот за јавна набавка ќе се додели со примена на отворена постапка, која ќе заврши со електронска аукција како последна фаза во постапката.
1.3.2 Оваа постапка нема да се спроведува со користење на електронски средства преку Електронскиот систем за јавни набавки (ЕСЈН), освен во делот на електронската аукција која задолжително се спроведува преку ЕСЈН (xxxxx://xxx.x-xxxxxxx.xxx.xx).
1.3.3 Подетални информации за користењето на електронски средства: За да можете да учествувате на електронската аукција, потребно е да се регистрирате во ЕСЈН. Економскиот оператор се регистрира во ЕСЈН со пополнување на регистрациска форма која е составен дел од ЕСЈН1 , по што ЕСЈН автоматски ги обработува податоците од регистрациската форма, генерира шифра и истата ја доставува на регистрираната електронска пошта на економскиот оператор. Повеќе информации за начинот на регистрација и користење на системот ќе најдете во Прирачникот за користење на ЕСЈН наменет за економски оператори, кој можете да го преземете од почетната страна на ЕСЈН во делот
1.3.4 Подетални информации за електронската аукција: Договорниот орган ќе користи електронска аукција како последна фаза во отворената постапка.Предмет на електронската аукција е вкупната цена вклучувајќи ги сите трошоци и попусти, без ДДВ. Почетна цена на електронската аукција е најниската цена од прифатливите понуди поднесени во првичната фаза од постапката. Поканите за учество на аукцијата ќе се
1Линк „Регистрирај се“ во делот „Економски оператори“ на почетната страна на ЕСЈН
Поканата за учество на аукцијата ќе биде електронски испратена на е- меил адресата на лицето за контакт наведено во Образецот за понуда кое претходно е регистрирано во ЕСЈН.
Договорниот орган ќе испрати поединечно известување до секој економски оператор дали е квалификуван за учество на електронска аукција.
Во поканата за учество на аукцијата ќе бидат содржани следниве податоци: почетната цена на аукцијата, односно најниската цена од првично поднесените понуди; датумот и часот на започнување и завршување на аукцијата; како и интервалот во кој ќе се спроведува негативното наддавање (минимална и максимална разлика во понудени цени).
Доколку е поднесена само една понуда или само една прифатлива понуда, електронската аукција нема да се одржи, а договорниот орган ќе го покани единствениот понудувач да поднесе конечна цена преку ЕСЈН. Во поканата за поднесување конечна цена се содржани следниве податоци: идентификување на делот на понудата кој ќе биде предмет на поднесување конечна цена, информации кои ќе му бидат достапни пред поднесувањето на конечната цена и временскиот период за поднесување конечна цена. Единствениот понудувач ја поднесува конечната цена во утврденото време само еднаш, а доколку не поднесе конечна цена , првично понудената цена ќе се смета за конечна.
1.4 Посебни начини за доделување на договорот за јавна набавка
1.4.1 Oваа постапка ќе заврши со доделување на договор за јавна набавка со спроведување на електронска аукција, како последна фаза во постапката за доделување на договорот.
1.5 Применливи прописи
1.6 Извор на средства
1.7 Право на учество
1.7.1. Економскиот оператор кој има една или повеќе негативни референци, групата економски оператори во која членува економски оператор кој има негативна референца, како и економскиот оператор кој претставува поврзано друштво со економскиот оператор кој има негативна референца, нема право на учество.
1.7.2. Право да достави понуда има секое заинтересирано домашно и странско правно или физичко лице - понудувач, кое е регистрирано за вршење на дејноста поврзана со предметот на договорот за јавна набавка.
1.7.3. Право да достави понуда има и група на понудувачи без обврска за здружување во соодветна правна форма. Договорниот орган нема да бара од групата на понудувачи да се здружи во посебна правна форма доколку истата биде избрана за носител на набавката.
1.7.4. Составен дел од групната понуда е договор за поднесување групна понуда со кој членовите во групата економски оператори меѓусебно и кон договорниот орган се обврзуваат за извршување на договорот за јавна набавка. Овој договор потребно е да ги содржи следниве податоци: членот на групата кој ќе биде носител на групата, односно кој ќе ја поднесе понудата и ќе ја застапува групата, членот на групата кој во име на групата економски оператори ќе го потпише договорот за јавна набавка, членот на групата кој ќе ја издаде фактурата и сметка на која ќе се вршат плаќањата, краток опис на обврските на секој од членовите на групата економски оператори за извршување на договорот.
1.7.5. Сите членови на групата на понудувачи се поединечно и солидарно одговорни пред договорниот орган за извршување на своите обврски. Договорниот орган ќе комуницира со претставникот на групата на понудувачи.
НАПОМЕНА: Во моментот на поднесување на понудата сите членови на групата треба да бидат регистрирани на Електронскиот систем за јавни набавки.
1.7.6. Економскиот оператор во рамките на иста постапка за доделување на договор за јавна набавка може да учествува само во една понуда. Сите понуди ќе бидат отфрлени ако економскиот оператор:
- учествува во повеќе од една самостојна и/или како член во групна понуда или
- учествува како подизведувач во друга самостојна и/или како член во групна понуда.
1.7.7. Економскиот оператор може да учествува како подизведувач во повеќе од една понуда.
1.7.8. Понудувачот може да ангажира подизведувачи. Доколку економската и финансиската состојба, како и техничката или професионалната способност на понудувачот не е поддржана од други субјекти во вид на подизведувачи, тој нема обврска да доставува документација за утврдување на способност од подизведувачите. Во спротивно, ќе се постапи согласно со членовите 151 и 154 од Законот за јавните набавки, без оглед на тоа дали другите субјекти се јавуваат како подизведувачи или не.
1.7.9. Понудувачот може да ангажира подизведувачи. Доколку понудувачот има намера дел од договорот за јавна набавка да го отстапи на еден или повеќе подизведувачи, во понудата мора да наведе податоци за делот од договорот кој има намера да го отстапи на подизведувачи, како и податоци за сите предложени подизведувачи (фирма, седиште, единствен даночен број и слично). Понудувачот е одговорен пред договорниот орган за извршување на договорот за јавна набавка, без оглед на бројот на подизведувачите.
1.7.10. Лицата кои учествувале во изработка на тендерската документација не смеат да бидат понудувачи или членови во група на понудувачи во постапката за доделување на договорот.
1.8 Трошоци за поднесување на понуда
1.8.1 Економскиот оператор ги сноси сите трошоци поврзани со подготовката и со доставувањето на понудата, а договорниот орган не е одговорен за тие трошоци без оглед на водењето и на исходот од постапката за доделување на договор за јавна набавка.
1.9 Критериум за доделување на договорот за јавна набавка
1.9.1 Критериум за доделување на договорот за јавна набавка е најниска цена. За носител на набавката ќе биде избран оној економски оператор кој ќе понуди најниска цена во текот на електронската аукција, а чија понуда претходно е оценета како прифатлива. Во постапка која завршува со спроведување на електронска аукција не се врши бодување на понудите, туку само рангирање на понудувачите според висината на понудените цени.
1.9.2 За елементот цена се утврдени вкупно 100 бодови. Заради евалуација цената на понудата ќе се пресметува како вкупна цена без данок на додадена вредност, при што најмногу бодови ќе добие понудата која има најниска понудена цена. Бодовите за елементот цена кај другите понуди ќе се доделат според следнава формула:
Број на = бодови
најниска цена (без ДДВ)
. максимален број бодови
Цена (безДДВ)
1.9.3 Евалуацијата на понудите ќе се врши согласно со Методологијата за изразување на критериумите за доделување на договорот за јавна набавка во бодови („Службен весник на Република Македонија“ бр.
1.10 Спречување на судир на интереси
1.10.1 За спречување на судир на интересите во постапките за доделување на договори за јавни набавки соодветно се применуваат одредбите од Законот за спречување судир на интереси.
1.10.2 Носителот на набавката не смее, при извршување на договорот за јавна набавка, да ангажира лица кои биле вклучени во евалуација на понудите поднесени во постапка за доделување на договор за јавна набавка, во времетраење на договорот. Во тој случај договорот се смета за ништовен.
1.10.3 Во постапката за доделување договор за јавна набавка, претседателот, заменикот на претседателот, членовите и замениците на
членовите на комисијата за јавна набавка, како и одговорното лице потпишуваат изјава за непостоење судир на интереси која претставува дел од досието од спроведена постапка.
1.10.4 Во случај на судир на интереси кај претседателот, неговиот заменик, членовите и нивните заменици во комисијата за јавна набавка, истите се повлекуваат од работа на комисијата и се заменуваат со други лица.
1.10.5 Во случај на судир на интереси кај одговорното лице, истото со посебно решение овластува друго лице од редот на функционерите или вработените кај договорниот орган да ги донесе соодветните одлуки и да го потпише договорот.
1.11 Начин на комуникација
1.11.1 Секое барање, информација, известување и други документи во постапката се испраќаат во писмена форма. Секој документ се евидентира во моментот на испраќање, односно во моментот на примање.
1.11.2 Документите, освен понудата, се испраќаат:
- по пошта,
- по факс, или
- со електронски средства.
1.11.3 Документот кој бил испратен по факс, доставувачот е должен да го достави по пошта или со користење на електронски средства во рок од два дена од денот на испраќањето на документот по факс.
1.12 Информации од доверлив карактер
1.12.1 Договорниот орган ќе ги заштити информациите кои економскиот оператор ги има означено како доверливи, особено кога станува збор за деловна тајна или права од интелектуална сопственост, освен во случаите каде по сила на закон договорнот орган е должен да ги достави овие информации до надлежните органи (во случај на жалбена постапка, поведување на управен спор и слично). За таа цел, економскиот оператор треба да направи листа на доверливи информации со користење на Образецот на листа на доверливи информации во прилог на оваа тендерска документација, и истата да ја достави заедно со својата понуда.
1.12.2 Доколку економскиот оператор не ја достави листата на доверливи информации заедно со својата понуда, договорниот орган ќе смета дека предметната понуда не содржи информации од доверлив карактер.
1.12.3 Цената на понудата не се смета за доверлива информација во ниту еден случај.
2. СПОСОБНОСТ НА ЕКОНОМСКИТЕ ОПЕРАТОРИ
2.1 Начин на докажување на способноста
2.1.1 Со понудата економскиот оператор задолжително треба да достави придружна документација со која ќе ги докаже:
- личната состојба,
- способноста за вршење професионална дејност.
2.1.2 Бараната документација се поднесува во оригинал или во копија заверена од економскиот оператор со потпис на одговорното лице, со назнака “Верно на оригиналот“.
2.1.3 При проверката на комплетноста и валидноста на документацијата за утврдување на способноста на економскиот оператор и при евалуација на понудата, комисијата задолжително бара од понудувачите да ги појаснат или дополнат документите за утврдување способност во рок од пет работни дена од крајниот рок за поднесување на понудите.
2.1.4 Бараното објаснување економскиот оператор го доставува во писмена форма во рокот кој го определил договорниот орган, а кој не смее да е покус од пет работни дена, од денот на приемот на барањето од страна на понудувачот.
2.1.5 Никакви промени во понудата, освен исправката на аритметички грешки, не смеат да се бараат, нудат или да се допуштат од страна на комисијата или од економскиот оператор.
2.1.6 Во случај на група економски оператори, сите членови на групата поединечно ја докажуваат својата лична состојба и способноста за вршење професионална дејност.
2.2 Лична состојба
2.2.1 Договорниот орган ќе го исклучи од постапката за доделување на договор за јавна набавка секој економски оператор:
- на кој во последните 5 години му била изречена правосилна пресуда за учество во злосторничка организација, корупција, измама или перење пари;
- на кој му е изречена споредна казна забрана за учество во постапки за јавен повик, доделување на договори за јавна набавка и договори за јавно приватно партнерство;
- на кој му е изречена споредна казна привремена или трајна забрана за вршење на одделна дејност;
- кој е во постапка на стечај или во постапка на ликвидација;
- кој има неплатени даноци, придонеси и други јавни давачки, освен ако на економскиот оператор му е одобрено одложено плаќање на даноците, придонесите или другите јавни давачки во согласност со посебните прописи и истите редовно ги плаќа;
- кому му е изречена прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност, односно привремена забрана за вршење одделна дејност и
- кој дава лажни податоци или не ги доставува податоците што ги барал договорниот орган.
2.2.2 За докажување на својата лична состојба економскиот оператор ги доставува следниве документи:
- изјава на економскиот оператор дека во последните 5 години не му била изречена правосилна пресуда за учество во злосторничка организација, корупција, измама или перење пари;
- потврда дека не е отворена постапка за стечај од надлежен орган;
- потврда дека не е отворена постапка за ликвидација од надлежен орган;
- потврда за платени даноци, придонеси и други јавни давачки од надлежен орган од земјата каде економскиот оператор е регистриран;
- потврда од Регистарот на казни за сторени кривични дела на правните лица дека не му е изречена споредна казна забрана за учество во постапки за јавен повик, доделување на договори за јавна набавка и договори за јавно-приватно партнерство;
- потврда од Регистарот на казни за сторени кривични дела на правните лица дека не му е изречена споредна казна привремена или трајна забрана за вршење на одделна дејност;
- потврда дека со правосилна пресуда не му е изречена прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност, односно привремена забрана за вршење одделна дејност.
2.2.3 Изјавата од алинеја 1 од потточка 2.2.2 ја изготвува и потпишува самиот економски оператор и истата не мора да биде заверена од надлежен орган.
2.2.4 Потврдите дека не е отворена постапка за стечај и постапка за ликвидација, како и потврдите од регистарот на казни за сторени кривични дела од xxxxxxx 5 и 6 од потточка 2.2.2, ги издаваат надлежни органи во земјата каде е регистриран економскиот оператор. Во Република Македонија надлежен орган за издавање на овие потврди е Централниот регистар на Република Македонија.
2.2.5 Потврдата за платени даноци, придонеси и други давачки ја издава надлежен орган од земјата каде е регистриран економскиот оператор. Во Република Македонија надлежен орган за издавање на оваа потврда е Управата за јавни приходи.
2.2.6 Потврдата од алинеја 7 од потточка 2.2.2 ја издава надлежниот орган во државата каде е регистриран економскиот оператор. Во Република Македонија надлежен орган за издавање на оваа потврда е Централниот регистар на Република Македонија.
2.2.7 Документите од потточка 2.2.2 не смеат да бидат постари од 6 (шест) месеци сметано од крајниот рок за доставување на понудите наназад.
2.2.8 Ако земјата во која е регистриран економскиот оператор не ги издава документите наведени во потточка 2.2.2 или ако тие не ги опфаќаат сите погоренаведени случаи, економскиот оператор може да достави изјава заверена кај надлежен орган.
2.3 Способност за вршење на професионална дејност
2.3.1 За да ја докаже способноста за вршење на професионална дејност, економскиот оператор треба да достави:
- документ за регистрирана дејност како доказ дека е регистриран како физичко или правно лице за вршење на дејноста поврзана со предметот на договорот за јавна набавка или доказ дека припаѓа на соодветно професионално здружение согласно со прописите на земјата каде што е регистриран.
- лиценца Б за изведувач, за изведување на градби од втора категорија согласно Законот за градење.
3. ПОЈАСНУВАЊЕ, ИЗМЕНА И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ТЕНДЕРСКАТА ДОКУМЕНТАЦИЈА
3.1 Појаснување на тендерската документација
3.1.1 Економскиот оператор може да побара појаснување на тендерската документација од договорниот орган, исклучиво во писмена форма, најдоцна 6 дена пред крајниот рок за поднесување на понудите.
3.1.2 Појаснувањето договорниот орган ќе го достави до сите економски оператори што подигнале тендерска документација, без при тоа, да се идентификува економскиот оператор што побарал појаснување.
3.1.3 Појаснувањето, договорниот орган ќе го достави преку Електронскиот систем за јавни набавки (ЕСЈН) преку модулот „Одговор на прашања во хартиена форма“, при што откако ќе се објави одговорот, за истиот ќе биде доставена нотификација до сите економски оператори кои подигнале тендерска документација.
3.2 Измена и дополнување на тендерската документација
3.2.1 Договорниот орган го задржува правото најдоцна 6 дена пред истекот на крајниот рок за поднесување на понудите, по свое наоѓање или врз основа на поднесените прашања за објаснување поднесени од страна на понудувачите, да ја измени или да ја дополни тендерската документација, за што веднаш ќе ги извести сите економски оператори што неа ја подигнале.
3.2.2 Во случај на измена на тендерската документација, договорниот орган ќе го продолжи крајниот рок за доставување на понудата за најмалку 6 дена.
3.2.3 Во случај на измена и дополнување на тендерската документација објавена на ЕСЈН како и продолжување на крајниот рок, договорниот орган е должен да ја објави направената измена преку ЕСЈН, по што сите економски оператори што презеле тендерска документација до моментот на измената ќе добијат автоматско електронско известување дека е објавена измена за конкретниот оглас.
4. ПОДГОТОВКА И ПОДНЕСУВАЊЕ НА ПОНУДИТЕ
4.1 Содржина на понудата
4.1.1 Понудата треба да биде подготвена врз основа на оригиналната тендерска документација и се состои од следниве елементи:
- пополнет образец на понуда составен од општ дел и финансиска понуда,
- пополнет образец на листа на доверливи информации (ако нема доверливи информации, образецот не мора да се доставува),
- документи за утврдување на личната состојба наведени во подточка
2.2.2 од тендерската документација;
- документи за утврдување на способноста за вршење на професионална дејност, наведен во подточка 2.3.1 од тендерската документација,
- изјава за сериозност на понудата,
- изјава за независна понуда x
- договор за групна понуда [само за група на економски оператори].
4.1.2 Економскиот оператор понудата ја изготвува и доставува врз основа на образецот на понуда даден во оваа тендерска документација.
Доколку на дадениот образец на понуда во оваа тендерска документација економскиот оператор не може целосно и сеопфатно да ја изрази својата понуда, може да користи друг образец на која ќе ја достави својата понуда под услов таквиот образец да ги содржи сите елементи од образецот на понуда даден во оваа тендерска документација. Понудата поднесена на образец на понуда кој не ги содржи сите елементи согласно тендерската документација ќе биде утврдена како неприфатлива.
4.1.3 Доколку понудувачот има намера дел од договорот за јавна набавка да го отстапи на еден или повеќе подизведувачи, во понудата мора да наведе податоци за делот од договорот кој има намера да го отстапи на подизведувачи, како и податоци за сите предложени подизведувачи (фирма, седиште, единствен даночен број и слично). Понудувачот е одговорен пред договорниот орган за извршување на договорот за јавна набавка, без оглед на бројот на подизведувачите.
4.2 Јазик на понудата
4.2.1 Понудата, како и целата кореспонденција и документи поврзани со понудата се доставува на македонски јазик.
4.2.2 При изразување на цената со букви, странскиот економски оператор во делот на понудата може да се послужи со англиски јазик.
4.2.3 Печатената литература може да биде и на друг јазик. Договорниот орган го задржува правото во фазата на евалуација на понудите да побара од понудувачот да изврши превод на печатената литература која е поднесена на друг јазик.
4.3 Цена на понудата
4.3.1 Економскиот оператор во листата на цени ја внесува цената за секоја позиција поединечно.
4.3.2 Понудената цена треба да ги вклучува сите трошоци и попусти на економскиот оператор, да биде искажана без данок на додадена вредност кој се искажува посебно. Понудената цена треба да ги вклучува и увозните царини доколку ги има, а истите треба да бидат искажани и посебно. Оттука, предмет на евалуација ќе биде вкупната понудена цена со вклучени увозни царини без ДДВ.
4.3.3 Цената на понудата се пишува со бројки и букви. (Доколку понудата е поднесена од странски економски оператор, цената на понудата покрај со бројки, се пишува и со букви на англиски јазик.)
4.3.4 Доколку одделна понуда содржи невообичаено ниска цена која е значително пониска од реалната пазарна цена што предизвикува сомнеж дека договорот ќе биде извршен, договорниот орган од понудувачот бара во писмена форма и пред одбивање на понудата, детали околу понудата за кои смета дека се важни и ги проверува доказите што биле доставени за оправдување на цената на понудата. Ако економскиот оператор не успее да објасни на писмено, кои се причините за таквата цена во рок од 3(три) дена од датумот на поднесување на барањето, или пак ако Комисијата не ги прифати неговите причини, понудата ќе биде отфрлена.
4.4 Валута на понудата
4.4.1 Цената на понудата се изразува во денари.
4.5 Период на важност на понудата
4.5.1 Понудите треба да важат најмалку 120 дена од денот на отворањето на понудите, за чие времетраење понудата во сите нејзини елементи е обврзувачка за понудувачот. Доколку денот на отворањето на понудата е неработен, периодот на важноста на понудата се смета од наредниот работен ден.Понудите кои содржат покус период на важност од оној утврден во оваа точка од тендерската документација ќе бидат отфрлени како неприфатливи.
4.5.2 Доколку договорниот орган процени за потребно може да побара од понудувачот продолжување на периодот на важност на понудата.
4.6 Изјава за сериозност на понудата
4.6.1 Во прилог на понудата, понудувачот доставува и потпишана изјава за сериозност на понудата, при што треба да го користи образецот на изјава даден во прилог на тендерската документација. Доколку дојде до прекршување на дадената изјава за сериозност на понудата, истото ќе резултира со исклучување од натамошната постапка и издавање негативна референца против таквиот понудувач на начин и согласно условите утврдени во Законот за јавните набавки. Изјавата ја потпишува лицето што ја потпишува и понудата.
4.6.2 Негативната референца ќе биде објавена истовремено со објавување на известувањето за склучен договор или за поништување на постапката.
4.7 Форма и потпишување на понудата
4.7.1 Понудувачот подготвува еден оригинален примерок со ознака
„оригинал“. Понудата се пишува со неизбришливо мастило и ја потпишува овластено лице од страна на понудувачот. Сите страници на понудата, освен за неизменетата печатена литература, ги парафира лицето кое ја потпишува понудата. Секое пишување меѓу редовите, бришење или пишување врз претходен текст важи само доколку е парафирано од лицето кое ја потпишува понудата. Доколку понудувачот има намера дел од договорот за јавна набавка да го отстапи на еден или повеќе подизведувачи, во понудата мора да наведе податоци за делот од договорот кој има намера да го отстапи на подизведувачи, како и податоци за сите предложени подизведувачи (фирма, седиште, единствен даночен број и слично). Понудувачот е одговорен пред договорниот орган за извршување на договорот за јавна набавка, без оглед на бројот на подизведувачите.
4.8 Затворање и обележување на понудите
Внатрешниот плик се приложува во затворен надворешен плик кој:
- е адресиран со точна адреса на договорниот орган,
- го содржи бројот на огласот,
- во горниот лев агол стои ознака „Не отварај“, да не се отвора пред времето и датумот за отворањето на понудите.
4.9 Краен рок и место за поднесување на понудите
4.9.1 Краен рок за доставување на понудите е 26.02.2015 година, во
12,00 часот.
4.9.2 Понудите се поднесуваат на следнава адреса: Ул.,,9,, бб. 1041 x.Xxxxxxx, со назнака “За отворена постапка бр.05-518/2015_”.
4.9.3 Понудата која е поднесена по истекот на крајниот рок за поднесување на понудите, се отфрла како задоцнета и истата ќе му биде вратена на економскиот оператор неотворена.
4.10 Алтернативни понуди
4.10.1 Во оваа постапка за доделување на договор за јавна набавка не се дозволени алтернативни понуди.
4.11 Измена, замена и повлекување на понудата
4.11.1 Понудувачите можат да ги изменат, заменат или повлечат своите понуди по поднесување на понудата, под услов измените, замените или повлекувањата да се добиени од договорниот орган пред крајниот рок за поднесување на понудите наведен во точка 4.9.
4.11.2 Измените, замените и повлекувањата на понудите ќе бидат подготвени, ковертирани, обележани и доставени согласно точка 4.8, со тоа што ковертот соодветно ќе биде обележан со "измена", "замена" или "повлекување".
4.11.3 Понудата не може да биде изменета, заменета или повлечена по крајниот рок за поднесување на понудите предвиден во точка 4.9.
4.11.4 Повлекувањето на понудата во периодот помеѓу крајниот рок за поднесување на понудите и истекувањето на периодот на важност на понудата ќе резултира со издавање на негативна референца согласно точка 4.6.1
5. ОТВОРАЊЕ И ЕВАЛУАЦИЈА НА ПОНУДИТЕ
5.1 Отворање на понудите
5.1.1 На јавното отворање на понудите може да присуствува секое заинтересирано лице.
5.1.2 Само овластените претставници на понудувачите можат да учествуваат во постапката на јавно отворање на понудите со давање на свои забелешки во записникот од отварање на понудите.
5.1.3 Овластените претставници на економските оператори на јавното отворање мораат да носат овластување потпишано од одговорното лице на економскиот оператор. Сите овластени претставници на економските оператори, присутни на јавното отворање, треба да потпишат евидентен лист.
5.1.4 Јавното отворање ќе се одржи на 26.02.2015 година, во 12,00 часот, во просториите на Општина Илинден – сала за состаноци.
5.1.5 Доставените понуди се отвораат согласно Законот за јавните набавки, и тоа: една по една, со читање на името на економскиот оператор, при што се констатира дали понудите се доставени според точка 4.8 од тендерската документација и дали се во оригинал, а потоа се пристапува кон читање на понудите по истиот редослед по кој тие се отворени, освен понудите, кои согласно Законот за јавните набавки, се исклучуваат од натамошната постапка. При тоа, најпрво ќе се отворат и прочитаат замените, измените и повлекувањата на понудите. После тоа се пристапува кон читање на цените на понудата, вклучувајќи какви било попусти и постоењето на гаранција на понудата. Само попустите кои се прочитани на јавното отворање на понудата ќе се разгледуваат при евалуацијата на понудите. Ниту една понуда нема да биде отфрлена на отворањето на понудите, освен задоцнетите понуди.
5.1.6 Комисијата за јавни набавки ќе пристапи кон јавно отворање на понудите доколку е пристигната и само една понуда.
5.1.7 Во текот на отворањето на понудите се води записник според Правилникот за постапката на отворањето на понудите и Образецот за водење на записник за отворањето на понудите („Службен весник на Република Македонија“ бр. 154/07).
5.2 Доверливост на процесот на евалуација на понудите
5.3 Појаснување на понудите
5.3.1 Во периодот на разгледување и оценување на понудите, комисијата задолжително бара од понудувачите за кои не е објавена негативна референца да ги појаснат или дополнат документите за утврдување на способност. Барањето од договорниот орган за појаснување или дополнување и одговорот се во писмена форма. Никаква промена во техничката или финансиската понуда нема да се бараат, нудат или дозволуваат, освен појаснување на понудата по претходно писмено барање на комисијата и исправка на аритметички грешки.
5.3.2 Секое појаснување доставено од страна на економскиот оператор во поглед на неговата понуда што не е дадено како одговор на барање од договорниот орган, нема да се разгледува.
5.4.Исправка на аритметички грешки
5.4.1 Ако понудата е прифатлива и е составена и доставена во согласност со тендерската документација, договорниот орган ги коригира аритметичките грешки на следниот начин:
- ако постои несовпаѓање меѓу зборовите и бројките, преовладува износот што е напишан со зборови.
- ако постои разлика помеѓу единечната цена и вкупната цена, тогаш преовладува единечната цена.
5.4.2 Комисијата за јавни набавки ќе ги коригира грешките во понудата според опишаната постапка и таа ќе се смета обврзувачка за него.
5.4.3 Ако економскиот оператор не ја прифати корекцијата на аритметичките грешки, понудата ќе биде отфрлена и ќе биде издадена
негативна референца од страна на договорниот орган заради прекршување на изјавата за сериозност на понудата.
6. ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ ЗА ЈАВНА НАБАВКА
6.1 Критериум за доделување на договорот за јавна набавка
6.1.4 Доколку во текот на постапката за доделување договор за јавна набавка, најповолната прифатлива понуда согласно условите на постапката е со цена повисока од износот на средства утврден во одлуката за јавна набавка, договорниот орган може да ја измени одлуката и да дообезбеди средства потребни за реализација на договорот, под услов понудената цена да не е понеповолна од реалните цени на пазарот и да не го надминува вредносниот праг пропишан за видот на постапката согласно со Законот за јавните набавки.
6.2 Известување за доделување на договорот за јавна набавка
6.2.2 Избраниот најповолен економски оператор ќе биде известен во писмена форма дека неговата понуда е прифатена, најдоцна во рок од 3 дена од донесувањето на одлуката за избор на најповолна понуда. Во исто време, и сите други економски оператори ќе бидат известени за резултатите од спроведената постапка, како и за причините за неизбор на нивната понуда.Економските оператори што учествувале во постапката имаат право на увид во извештајот од спроведената постапка.
6.3 Правна заштита
6.3.1 Секој понудувач кој има правен интерес за добивање на договорот за јавна набавка и кој претрпел или би можел да претрпи штета од евентуално прекршување на одредбите од овој закон, може да бара правна заштита против одлуките, дејствијата и пропуштањата за
преземање дејствија од страна на договорниот орган во постапката за доделување на договор за јавна набавка, во согласност со условите и постапката предвидени со Законот за јавните набавки. Правото на жалба во постапка која завршува со електронска аукција во однос на утврдување на способноста на понудувачите и целосната евалуација на првичните понуди се остварува по донесување на одлуката за избор на најповолен понудувач или поништување на постапката.
6.3.2 Жалбата треба да ги содржи следниве елементи:
- податоци за подносителот на жалбата (име презиме, назив на економскиот оператор, адреса на престојувалиште и седиште),
- податоци за застапникот или полномошникот,
- назив и седиште на договорниот орган,
- број и датум на постапката за доделување на договор за јавна набавка и податоци за огласот за доделување на договор за јавната набавка,
- број и датум на одлуката за избор на најповолна понуда, поништување на постапката или други одлуки на договорниот орган,
- податоци за дејствијата или пропуштањата за преземање на дејствија од страна на договорниот орган,
- опис на фактичката состојба,
- опис на неправилностите и образложение по истите,
- предлог на докази,
- жалбено барање и/или барање за надомест за трошоците на постапката и
- потпис на овластено лице.
6.3.3 Подносителот на жалбата е должен да приложи и доказ за уплата на надомест за водење на постапката.
6.3.4 Подносителот на жалбата кој нема седиште на територијата на Република Македонија е должен да определи полномошник за прием на писмена.
6.3.5 Жалбата се изјавува до Државната комисија. Жалбата се поднесува лично или по препорачана пошта истовремено до договорниот орган и до Државната комисија. Денот на поднесување на жалбата по препорачана пошта се смета за ден на поднесување. Во случај на лично поднесување на жалбата договорниот орган е должен да му издаде на подносителот потврда за времето на приемот.
6.3.6 Во постапката пред Државната комисија подносителот на жалбата, покрај административната такса, плаќа и надоместок за водење на постапката во зависност од висината на понудата, и тоа:
- до 20.000 евра во денарска противвредност, надоместок од 100 евра во денарска противвредност,
- од 20.000 до 100.000 евра во денарска противвредност, надоместок од 200 евра во денарска противвредност,
- од 100.000 до 200.000 евра во денарска противвредност, надоместок од 300 евра во денарска противвредност или
- над 200.000 евра во денарска противвредност, надоместок од 400 евра во денарска противвредност.
6.3.7 Во случај на непостоење на понуда, висината на надоместокот за водење на постапката се пресметува врз основа на проценетата вредност на договорот за јавна набавка, при што Државната комисија го известува подносителот на жалбата за висината на надоместокот и рокот во кој треба да достави доказ за негова уплата.
6.3.8 Надоместокот за водење на постапката е приход на Буџетот на Република Македонија.
6.3.9 Договорниот орган не смее да го потпише договорот за јавна набавка и да пристапи кон негово извршување во рок од 12 дена, сметајќи од денот на приемот на одлуката со која се одлучува за поединечно право во постапката за доделување на договорот за јавна набавка, освен:
- во случаите од членовите 99 и 198 од овој закон,
- во случај кога во постапката учествувал само еден понудувач чија понуда е избрана за најповолна или
- во случај на поединечни договори за јавни набавки врз основа на рамковна спогодба.
6.4 Склучување на договорот за јавна набавка
6.4.1 Договорниот орган ќе го достави договорот за јавна набавка до избраниот најповолен понудувач во 4 примероци на потпишување.
6.4.2 Избраниот најповолен понудувач има обврска да го потпише договорот за јавна набавка во рок од 3 дена од денот на добивање на договорот и истиот да му го врати на договорниот орган.
6.4.3 Доколку избраниот најповолен понудувач не го потпише договорот во рокот утврден во точка 6.4.2 од тендерската документација, договорниот орган го задржува правото да смета дека избраниот најповолен понудувач се откажал од склучување на договорот и да ја објави негативната референца.
7. ЗАДОЛЖИТЕЛНИ ЕЛЕМЕНТИ ОД ДОГОВОРОТ ЗА ЈАВНА НАБАВКА
7.1 Начин на плаќање
7.1.1 Се предвидува следниов начин на плаќање – во рок до 60 (шеесет) дена од денот на прием на завршна ситуација потпишана од изведувачот, надзорниот орган и овластено лице од страна на договорниот орган, градежна книга и градежен дневник.
7.2 Рок на изведување на работите
7.2.1 Носителот на набавката е должен да започне со извршување на работите, предмет на договорот за јавна набавка во рок од 10 (десет) дена од денот на доставување на налог за работа потпишан од овластено лице од страна на договорниот орган.
7.2.2 Носителот на набавката е должен работите, предмет на договорот за јавна набавка да ги заврши во рок од 15 (петнаесет) дена од денот на отпочнувањето со работа.
7.2.3 За неизвршување на работите за кои е даден налог за работа во утврдениот рок, договорот ќе биде раскинат и носителот на набавката ќе има обврска да плати договорна казна во висина од 80% од вредноста на работите за кои е даден налогот за работа согласно Законот за облигациони односи, ќе биде активирана банкарската гаранција за квалитетно извршување на договорот и ќе биде објавена негативна референца.
7.2.4 За ненавремено извршување на работите за кои е даден налог за работа во утврдениот рок, носителот на набавката ќе има обврска да плати договорна казна во висина од 1% од вредноста на работите за кои е даден налог за работа согласно Законот за облигациони односи.
7.2.5 За неквалитетно извршување на работите за кои е даден налог за работа во утврдениот рок, договорот ќе биде раскинат и носителот на набавката ќе има обврска да плати договорна казна во висина од 80% од вредноста на работите за кои е даден налог за работа согласно Законот за облигациони односи, ќе биде активирана банкарската гаранција за квалитетно извршување на договорот и ќе биде објавена негативна референца.
7.3 Разлики во цена (корекција на цени)
7.4 Авансно плаќање
7.4.1 За извршување на договорот за јавна набавка не е дозволено авансно плаќање.
7.5 Гаранција за квалитетно извршување на договорот
7.5.1 Услов за потпишување на договорот за јавна набавка со избраниот најповолен понудувач е обезбедување гаранција од страна на избраниот најповолен понудувач за квалитетно извршување на договорот во висина од 10% од вредноста на договорот.
7.5.2 Гаранцијата од точка 7.5.1 се доставува во вид на банкарска гаранција во писмена форма. Гаранцијата треба да биде поднесена во оригинална форма. Копии не се прифаќаат.
7.5.3 Гаранцијата за квалитетно извршување на договорот ќе биде со важност до целосното реализирање на договорот. Договорниот орган по извршениот избор на најповолен понудувач дополнително го утврдува крајниот датум на важност на гаранцијата.
7.5.4 Банкарската гаранција за квалитетно извршување на договорот ќе биде во валутата на која гласи договорот.
7.5.5 Гаранцијата за квалитетно извршување на договорот треба да биде издадена од банка.
7.5.6 Гаранцијата за квалитетно извршување на договорот избраниот најповолен понудувач ја доставува по добиеното известување за извршениот избор, а пред склучување на договорот во рок од 8 дена од добиеното известување, а пред склучување на договорот.
7.5.7 Гаранцијата за квалитетно извршување на договорот се доставува во определениот рок, и тоа: по пошта или лично на лицето за контакт од точка 1.2.2 од тендерската документација.
7.5.8 Гаранцијата за квалитетно извршување на договорот ќе биде наплатена доколку носителот на набавката не исполни некоја од обврските од договорот за јавна набавка во рокот на стасаноста, за што писмено ќе го извести носителот на набавката. Доколку дојде до наплата на гаранцијата за квалитетно извршување на договорот, договорниот орган ќе објави до ЕСЈН негативна референца. За наплатата на банкарската гаранција за квалитетно извршување на договорот и за објавувањето на негативна референца на ЕСЈН, носителот на набавката може да покрене спор пред надлежниот суд.
7.5.9 Доколку договорот за јавна набавка е целосно реализиран согласно договореното, банкарската гаранција за квалитетно извршување на договорот договорниот орган му ја враќа на носителот на набавката во рок од 14 дена од целосното реализирање на договорот.
7.5.10 Гаранцијата за квалитетно извршување на договорот договорниот орган му ја враќа на носителот на набавката по пошта, лично во седиштето на економскиот оператор или лично во седиштето на договорниот орган.
7.6 Одговорност за недостатоци
7.6.1 Изведувачот кој е носител на набавката одговара за недостатоците што би се покажале за време од 10 (десет) години од предавањето и приемот на работите во согласност со одредбите од Законот за облигационите односи и согласно член 18 став 4 од Законот за јавни набавки („Службен весник на Република Македонија“ бр. 136/07, 130/08, 97/10, 53/2011, 185/11, 15/13, 148/13, 28/14, 43/14, 130/14 и 180/14).
8. ПОНИШТУВАЊЕ НА ПОСТАПКАТА
8.1 Договорниот орган може да ја поништи постапката за доделување на договор за јавна набавка ако:
- бројот на кандидати е понизок од минималниот број предвиден за постапките за доделување на договор за јавна набавка согласно со овој закон,
- не е поднесена ниту една понуда или ниту една прифатлива понуда,
- не е поднесена ниту една соодветна понуда во постапка каде што предметот на договорот е оформен во единствен дел, како и во постапките каде што предметот на договорот е оформен во повеќе делови и каде што може да се утврди соодветноста на понудите,
- се поднесени прифатливи понуди кои не можат да се споредат
поради различниот пристап во техничките или финансиските понуди,
- настанале непредвидени промени во буџетот на договорниот орган,
- понудувачите понудиле цени и услови за извршување на договорот за јавна набавка кои се понеповолни од реалните на пазарот,
- оцени дека тендерската документација содржи битни пропусти или недостатоци, до моментот на отворање на понудите,
- поради непредвидени и објективни околности се промениле потребите на договорниот орган,
- договорниот орган не може да изврши избор на најповолна понуда поради битни повреди на законот согласно со членот 210 од овој закон или
- избраниот понудувач се откаже од склучување на договорот.
9. ЗАВРШУВАЊЕ НА ПОСТАПКАТА ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОГОВОР ЗА ЈАВНА НАБАВКА
9.1 Постапката за доделување на договор за јавна набавка завршува на денот на конечноста на одлуката за избор или за поништување на постапката.
9.2 Веднаш по завршување на постапката, договорниот орган ги враќа мострите, урнеците и документите кои предвидел дека ќе се вратат на понудувачите во тендерската документација.
Комисија за јавни набавки
II. ТЕХНИЧКА СПЕЦИФИКАЦИЈА Предмер пресметка
за изградба на новопланирана улица “2” и новопланирана улива “3” во локалитет 14 и 15, н.м Марино
Р.бр | Позиција | Един. мерка | Количи на | Един. цена без ДДВ | Вкупна цена без ДДВ | ДДВ |
1 | Изградба на новопланирана улица “2” во локалитет 14 и 15, н.м.Марино | |||||
1.1 | ПРИПРЕМНИ РАБОТИ | |||||
1.1.1 | Обележување и осигурување на траса и одржување на исколчена траса за време на изведување на работите (со ознака на нивелата ±) | км¹ | 0,48152 | |||
ВКУПНО | ||||||
1.2 | ЗЕМЈЕНИ РАБОТИ | |||||
1.2.1 | Машински ископ на хумус со транспорт и депонирање во депонија (транспортот е обврска на изведувачот) | м3 | 2.440,40 | |||
1.2.2 | Машински ископ на земја 3 и 4 категорија во широк откоп и депонирање во депонија (транспортот е обврска на изведувачот) | м3 | 938,35 | |||
1.2.3 | Машинска изработка на насип од шљунковито-песковит материјал со довоз на матeријалот од позајмиште | м3 | 2.778,30 | |||
1.2.4 | Машинско планирање и валирање на постелка | м2 | 3.272,61 | |||
ВКУПНО | ||||||
1.3 | ГОРЕН СТРОЈ | |||||
1.3.1 | Набавка и постилање на неткаен термофиксиран геотекстил тип 300гр/м² под коловоз | м2 | 3.704,00 | |||
1.3.2 | Набавка, транспорт и машинска изработка на тампонски слој од дробен камен со планирање и валирање за коловоз д=30см | м³ | 1.259,55 | |||
ВКУПНО | ||||||
ВКУПНО 1 | ||||||
2 | Изградба на новопланирана улица “3”во локалитет 14 и 15, н.м.Марино | |||||
2.1 | ПРИПРЕМНИ РАБОТИ | |||||
2.1.1 | Обележување и осигурување на траса и одржување на исколчена траса за време на изведување на работите (со ознака на нивелата ±) | км¹ | 0,65947 | |||
ВКУПНО |
2.2 | ЗЕМЈЕНИ РАБОТИ | |||||
2.2.1 | Машински ископ на хумус д=40 см со транспорт и депонирање во депонија (транспортот е обврска на изведувачот) | м3 | 3.151,20 | |||
2.2.2 | Машински ископ на земја 3 и 4 категорија во широк откоп (транспортот е обврска на изведувачот) | м3 | 1.401,40 | |||
2.2.3 | Машинска изработка на насип од шљунковито-песковит материјал со довоз на материјалот од позајмиште до 5 км (количината е заедно со подобрена постелка која е од ист материјал како и насипот а со д=40 см) | м3 | 3.717,61 | |||
2.2.4 | Машинско планирање и валирање на постелка | м2 | 4.477,03 | |||
ВКУПНО | ||||||
2.3 | ГОРЕН СТРОЈ | |||||
2.3.1 | Набавка и постилање на неткаен термофиксиран геотекстил тип 300гр/м² под коловоз | м2 | 4.805,00 | |||
2.3.2 | Набавка, транспорт и машинска изработка на тампонски слој од дробен камен со планирање и валирање д=30см за коловоз | м³ | 1.464,45 | |||
ВКУПНО | ||||||
ВКУПНО 2 | ||||||
СЕВКУПНО 1+2 |
Комисија за јавни набавки
III. ОБРАЗЕЦ НА ПОНУДА [образецот на понуда не е задолжителен и треба соодветно да се прилагоди од страна на договорниот орган. Делот листа на цени и рокови на испорака може да се замени со техничка и финансиска понуда, доколку станува збор за посложени стоки кои се предмет на договорот и истиот треба да е соодветен на техничките спецификации]
Врз основа на огласот број објавен од страна на
, за доделување на договор за јавна набавка на со спроведување на отворена постапка, со електронска аукција преку Електронскиот систем за јавни набавки (xxxxx://xxx.x-xxxxxxx.xxx.xx), и на тендерската документација која ја подигнавме од договорниот орган, ја поднесуваме следнава:
III.1. ОПШТ ДЕЛ
П О Н У Д А
III.1.1.Име на понудувачот:
III.1.2. Контакт информации
Адреса:
−Телефон:
−Факс:
−Е-пошта:
−Лице за контакт:
III.1.3. Одговорно лице:
III.1.4. Даночен број:
III.1.5.Согласни сме да ја дадеме оваа понуда за предметот на договорот за јавна набавка согласно со цените и рокот на извршување на работите.
Р.бр | Позиција | Един. мерка | Количи на | Един. цена без ДДВ | Вкупна цена без ДДВ | ДДВ |
1 | Изградба на новопланирана улица “2” во локалитет 14 и 15, н.м.Марино | |||||
1.1 | ПРИПРЕМНИ РАБОТИ | |||||
1.1.1 | Обележување и осигурување на траса и одржување на исколчена траса за време на изведување на работите (со ознака на нивелата ±) | км¹ | 0,48152 | |||
ВКУПНО | ||||||
1.2 | ЗЕМЈЕНИ РАБОТИ | |||||
1.2.1 | Машински ископ на хумус со транспорт и депонирање во депонија (транспортот е обврска на изведувачот) | м3 | 2.440,40 | |||
1.2.2 | Машински ископ на земја 3 и 4 категорија во широк откоп и | м3 | 938,35 |
депонирање во депонија (транспортот е обврска на изведувачот) | ||||||
1.2.3 | Машинска изработка на насип од шљунковито-песковит материјал со довоз на матeријалот од позајмиште | м3 | 2.778,30 | |||
1.2.4 | Машинско планирање и валирање на постелка | м2 | 3.272,61 | |||
ВКУПНО | ||||||
1.3 | ГОРЕН СТРОЈ | |||||
1.3.1 | Набавка и постилање на неткаен термофиксиран геотекстил тип 300гр/м² под коловоз | м2 | 3.704,00 | |||
1.3.2 | Набавка, транспорт и машинска изработка на тампонски слој од дробен камен со планирање и валирање за коловоз д=30см | м³ | 1.259,55 | |||
ВКУПНО | ||||||
ВКУПНО 1 | ||||||
2 | Изградба на новопланирана улица “3”во локалитет 14 и 15, н.м.Марино | |||||
2.1 | ПРИПРЕМНИ РАБОТИ | |||||
2.1.1 | Обележување и осигурување на траса и одржување на исколчена траса за време на изведување на работите (со ознака на нивелата ±) | км¹ | 0,65947 | |||
ВКУПНО | ||||||
2.2 | ЗЕМЈЕНИ РАБОТИ | |||||
2.2.1 | Машински ископ на хумус д=40 см со транспорт и депонирање во депонија (транспортот е обврска на изведувачот) | м3 | 3.151,20 | |||
2.2.2 | Машински ископ на земја 3 и 4 категорија во широк откоп (транспортот е обврска на изведувачот) | м3 | 1.401,40 | |||
2.2.3 | Машинска изработка на насип од шљунковито-песковит материјал со довоз на материјалот од позајмиште до 5 км (количината е заедно со подобрена постелка која е од ист материјал како и насипот а со д=40 см) | м3 | 3.717,61 | |||
2.2.4 | Машинско планирање и валирање на постелка | м2 | 4.477,03 | |||
ВКУПНО | ||||||
2.3 | ГОРЕН СТРОЈ | |||||
2.3.1 | Набавка и постилање на неткаен термофиксиран геотекстил тип 300гр/м² под коловоз | м2 | 4.805,00 | |||
2.3.2 | Набавка, транспорт и машинска | м³ | 1.464,45 |
изработка на тампонски слој од дробен камен со планирање и валирање д=30см за коловоз | ||||||
ВКУПНО | ||||||
ВКУПНО 2 | ||||||
Вкупна цена без ДДВ (1+2) |
III.1.6. Нашата понуда е составена од следниве делови:
- пополнет образец на Понуда
- пополнет образец на листа на доверливи информации (ако нема доверливи информации, образецот не мора да се доставува)
- документи за докажување на личната состојба,
- документи за докажување на способноста за вршење на професионална дејност,
- изјава за сериозност на понудата,
- изјава за независна понуда x
- договор за групна понуда [само за група на економски оператори].
III.1.7. Со поднесување на оваа понуда, во целост ги прифаќаме условите предвидени во огласот и тендерската документација и не го оспоруваме Вашето право да ја поништите постапката за доделување на договор за јавна набавка согласно со член 169 од Законот за јавните набавки.
Дел IV – Финансиска понуда
IV.1. Вкупната цена на нашата понуда, вклучувајќи ги сите трошоци и попусти, без ДДВ, изнесува: [со бројки]
(
денари. Вкупниот износ на ДДВ изнесува .
) [со букви]
Место и датум | Одговорно лице (потпис) |
V. ОБРАЗЕЦ НА ЛИСТА НА ДОВЕРЛИВИ ИНФОРМАЦИИ
Информации кои се доверливи | Бројот на страниците со тие информации, | Причини за доверливост на тие информации | Временски период во кој тие информации ќе бидат доверливи |
VI. ИЗЈАВА ЗА СЕРИОЗНОСТ НА ПОНУДАТА
И З Ј А В А
Јас, долупотпишаниот [име и презиме] врз основа на член 47 став 1 од Законот за јавните набавки, а во својство на овластено лице на понудувачот
изјавувам дека во целост ја гарантирам содржината на понудата и дека понудата е xxxxxxx и правно обврзувачка за нас во сите нејзини делови до истекот на периодот на нејзината важност.
Исто така, изјавувам дека сум целосно свесен за последиците од прекршување на оваа изјава во случаите од член 47 став 6 од Законот за јавните набавки, што ќе доведе до издавање на негативна референца од страна на договорниот орган против понудувачот во чие име и за чија сметка сум овластен да ја дадам оваа изјава.
Место и датум | Одговорно лице |
VII .ИЗЈАВА ЗА НЕЗАВИСНА ПОНУДА
И З Ј А В А
Јас, долупотпишаниот [име и презиме], врз основа на член 129 став 2 од Законот за јавните набавки, а во својство на овластено лице на понудувачот
, под целосна материјална и кривична одговорност изјавувам дека понудата во постапката со барање
за прибирање на понуди бр. [да се наведе бројот на
огласот] ја поднесувам независно, без договор со други економски оператори на начин кој не е спротивен на прописите за заштита на конкуренцијата, како и дека во постапката не учествувам со други економски оператори со кои сум капитално, сопственички или роднински поврзан.
Исто така, изјавувам дека сум целосно свесен за последиците од давање на невистинити наводи во изјавата, што може да доведе до поведување на постапка за утврдување прекршочна или кривична одговорност против понудувачот во чие име и за чија сметка сум овластен да ја дадам оваа изјава.
Место и датум Одговорно лице