Contract
РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
ФОНД ЗА ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ НА МАКЕДОНИЈА
Бр. Дата год. Скопје
Врз основа на член 70 од Законот за здравствено осигурување (“Сл. весник на РМ”, бр. 25/2000, 34/2000, 96/2000, 50/2001, 11/2002, 31/2003, 84/2005, 37/2006,
18/2007, 36/2007, 82/2008 и 98/2008) и член 3 и 4 од Правилникот за критериумите за склучување договори и за начинот на плаќање на здравствените услуги на здравствените установи кои вршат специјалистичко - консултативна здравствена заштита (“Сл. весник на РМ”, бр14/2008 ), се склучува
Д О Г О В О Р
за пружање и плаќање здравствени услуги во специјалистичко- консултативната заштита
Склучен во Скопје за 2009 година, помеѓу:
1. Фонд за здравствено осигурување на Македонија (во понатамошниот текст Фонд), застапуван од директорите XXXXXX XXXXXXXXX и XXXXX ЈЕЛНИКАР како купувач на здравствени услуги од една страна и
2. Здравствена установа ПЗУ со седиште на
(во понатамошниот текст Здравствена установа), застапувана од директорот , ж-ска бр. што се води кај , даночен број , како давател на услуги од друга страна.
Предмет на договорот
Член 1
Предмет на овој Договор е регулирање на односите меѓу Фондот и здравствената установа за обезбедување и извршување на здравствени услуги на осигурените лица во специјалистичко-консултативна здравствена заштита, утврдување на видот, обемот, квалитетот, начинот и роковите за остварување на договорените здравствени услуги, утврдени цени, начин и рокови на плаќање, контрола на спроведувањето на договорот, права и oбврски на договорните страни, договорни казни и услови за раскинување на договорот, како и други прашања кои се однесуваат за уредување на меѓусебните односи помеѓу договорните страни.
Давател на услуги во
специјалистичко-консултативната здравствена заштита
Член 2
За потребите на осигурените лица овој договор се склучува за специјалистичко- консултативна здравствена заштита од дејноста:
-
во согласност со решението број од година, издадено од Mинистерство за здравство.
Здравствената установа својата дејност ја обавува во една или повеќе организациони единици со соодветен стручен кадар (лекарски тим), согласно Правилникот за поблиските просторни услови, опремата и кадрите за основање и работење на здравствените организации и кои имаат добиено лиценца за работа. Прилог бр.1 на овој Договор.
Здравствената установа се обврзува да го обезбедува бројот и структурата на лекарските тимови по соодветната специјалност, врз основа кој е склучен Договорот и врз основа на кој е утврден надоместокот на здравствената установа. Здравствената установа за секое проширување или промена на дејноста, како и измена на бројот на организационите единици, склучува Анекс на овој Договор со Фондот, согласно средствата во буџетот на Фондот за таа намена.
За секоја статусна промена на здравствената установа се склучува нов Договор. За секоја промена на седиштето , управителот и жиро сметката, здравствената установа е должна да го извести Фондот во рок од 15 дена.
Член 3
Здравствената установа е должна на осигурените лица да им пружа целосна, квалитетна, навремена, економична, ефективна и ефикасна специјалистичко- консултативна здравствена заштита со примена на медицина заснована на докази, во согласност со одредбите на Законот за здравствена заштита, Законот за здравствено осигурување, Правилникот за критериумите за склучување договори и за начинот на плаќање на здравствените услуги на здравствените установи кои вршат специјалистичко - консултативна (во понатамошниот текст Правилникот), меѓудржавни договори за социјално осигурување, општите акти на Фондот, здравствени услуги кои се опфатени со определени програми за здравствена заштита како и одредбите на овој договор.
Услуги дадени на осигуреното лице надвор од став 1 на овој член и надстандардните услуги по барање на осигуреното лице, не се на товар на Фондот.
Здравствените услуги на осигурените лица ги пружа лекарскиот тим, односно тимови на лекари специјалисти од соодветната дејност, вработени со полно работно време во здравствената установа кои имаат добиено лиценца за работа и
кои согласно законските прописи немаат стекнато услови за остварување на право на пензија.
Во случај на престанок на работниот однос на дел од лекарскиот тим ( лекарот – специјалист или асистентот) здравствената установа е должна во рок од 15 дена да го комплетира тимот.
Вид и обем на здравствени услуги и целите што треба да се постигнат низ резултатите од извршената работа
Член 4
Видот и обемот на здравствените услуги кои здравствената установа ги обезбедува на товар на средствата на Фондот ги понудува со план за тековната година кои претставуваат договорени здравствени услуги кои здравствената установа треба да ги оствари во тековната година
Видот и обемот на здравствени услуги се планираат на годишно ниво поединечно по број на случаи по квартали прикажани како завршени специјалистичко- консултативни здравствени услуги со референтни цени на завршената услуга за секоја специјалност пооделно, на утврден образец -План за видот и обемот на здравствени услуги .
Здравствената установа за остварување на целите низ резултатите од извршената работа доставува план за годината за која се склучува договорот.
Доколку дојде до промена на Одлуката за утврдување на референтни цени на здравствени услуги за специјалистичко консултативна здравствена заштита, ќе се применуваат референтните цени утврдени со измените и дополнувањата на Одлуката.
Член 5
Планот на видот и обемот на здравствените услуги и планот на целите што треба да се постигнат низ резултатите од извршената работа се утврдени во Прилог - обрасци и се составен дел на овој договор.
Член 6
Целите што треба да ги постигне здравствената установа низ резултатите од извршената работа се: зголемување на продуктивноста, ефикасноста, квалитетот.
Преку остварувањето на целите од став 1 на овој член се врши оценување на успешноста во работењето на здравствената установа, врз основа на следните индикатори:
1. количник (однос) на првите и повторените амбулански преглед
2. задоволството на осигурените лица и
3. бројот на упатите до здравствената установа.
Секој индикатор од став 2 на овој член носи поединечно 5% од вкупниот надоместок на здравствената установа, а здравствената установа секој индикатор ќе го оствари доколку не го надмине планираниот број.
Утврдување на надоместок
Член 7
Висината на вкупниот надоместок е утврдена согласно Правилникот во зависност од средствата во Буџетот на Фондот утврдени за таа намена и се смета како договорен износ за специјалистичко – консултативни здравствени услуги што ќе бидат остварени во тековната година.
Висината на вкупниот надоместок за тековната година се определува во износ од најмногу денари кој се дели на еднакви месечни износи (месечен надоместок) во износ од денари.
Во вкупниот надоместок на здравствената установа се опфатени сите потребни трошоци за лекови, медицински и друг потрошен материјал потребен за целосно извршување на здравствената услуга на осигурените лица.
Доколку се изврши измена на висината на надоместокот од став 3 на овој член, соодветно на извршената измена се менува и планот кој е дел на овој договор.
Цени на здравствени услуги
Член 8
Здравствените услуги од член 2 на овој Договор се искажуваат според бројот на случаите и референтната цена за видот на завршената специјалистичко-консултативна здравствена услуга во апсолутен износ поoделно по дејности и специјалности за специјалистичко – консултативна здравствена заштита во која се вклучени трошоците на елементите кои учествуваат во цената, утврдени согласно Методологија за утврдување на референтните цени.
Референтните цени на здравствените услуги за специјалистичко-консултативна здравствена заштита се утврдени согласно Одлука за утврдување на референтните цени.
Начин на пресметување и плаќање на обезбедени здравствени услуги
Член 9
Вкупниот надоместок утврден во член 7 на овој договор се состои од фиксен и променлив дел.
a) Фиксниот дел е утврден како основен надоместок кој изнесува 40 % од
договорениот износ во висина
денари месечно. б) Променлив дел е утврден како:
денари годишно односно
1) надоместок според извршувањето на договорениот вид и обем на здравствените услуги кој изнесува 45% од договорениот износ во висина најмногу до денари годишно, односно денари месечно и
2) надоместок според исполнувањето на целите што треба да се постигнат низ резултатите од извршената работа (успешност во работењето) кој изнесува 15 % од договорениот износ во висина од најмногу до денари годишно односно, денари месечно.
Член 10
Месечниот надоместок од член 7 на овој договор за обезбедени здравствени услуги на здравствената установа и се исплатува еднаш во месецот.
Месечниот надоместок на здравствената установа се намалува за износот на наплатеното учество на осигурените лица (партиципација) во вкупната цена на здрвствените услуги до висина на фактурираниот износ во соодветниот месец.
Доколку носителот на дејноста во здравствената установа не обезбедува континуирана здравствена заштита поради отсуство во тековниот месец за повеќе од 15 дена непрекинато, освен во случаи на користење на годишен одмор и боледување до 21 ден, основниот надоместок нема да се исплати за периодот на траењето на отсуството во соодветниот месец
За отсуство по основ на боледување над 21 ден на носителот на дејноста во здравствената установа основниот надоместок (фиксниот дел) нема да се исплати за периодот на траењето на боледувањето,освен во случаи кога е комплетиран тимот.
Член 11
Здравствената установа по истекот на секое тромесечие доставува Пресметка за планиран и остварен вид и обем на здравствени услуги во електронска и во пишана форма до Фондот за здравствено осигурување на Македонија.
Променливиот дел од надоместокот од член 9, став 1, под б), алинеја 1 на здравствената установа се намалува доколку извршувањето на договорениот вид и обем е намалено во однос на планираниот договорен вид и обем на здравствени услуги.
Намалувањето се врши по истекот на тромесечјето, по извршена контрола, со индексот на вкупно пресметаниот износ на извршените здравствени услуги пресметани според однос на планираните здравствени услуги, утврдените цени на завршени специјалистичко- консулативните здравствени услуги, врз основа на остварените резултати во претходното тромесечје.
Член 12
Здравствената установа по истекот на секое тромесечие доставува Пресметка за планираните и остварените индикатори за остварувањето на целите низ резултатите од извршената работа во електронска и во пишана форма до Фондот .
Променливиот дел од надоместокот според исполнување на целите од член 9, став 1, под б) алинеја 2 на здравствената установа се намалува по истекот на тромесечието, по извршена контрола, со просечниот индекс на индикаторите за секоја од утврдените цели, врз основа на утврдените резултати во претходното тромесечје.
Член 13
Здравстевната установа доставува збирна фактура за обезбедени здравствени услуги до Подрачната служба на Фондот каде што е седиштето на Приватната здравствена установа најдоцна до 5 –от ден од тековниот месец за предходниот месец.
Со фактурите од став 1 на овој член се доставува и збирен рекапитулар.
Доколку износот на средствата што здравствената установа го фактурирала за здравствени услуги на осигурените лица на крајот од годината е поголем од износот на утврдениот вкупен надоместок, здравствената установа го отпишува побарувањето за разликата помеѓу фактурираниот износ и утврдениот надоместок.
Xxxxxxxx
Член 14
Здравствената установа е должна за секој вработен лекар-специјалист , да обезбеди факсимил од Фондот.
Издадениот факсимил на лекар е траен и не се менува доколку лекарот ја промени здравствената установа.
Фондот нема да издаде факсимил на лице кое ги исполнува условите за остварување на право на пензија.
Xxxxxxxxxx, лекарот го користи само лично за издавање на упати и други обрасци согласно Законот за медицинска евиденција на осигурените лица и истиот не смее да го даде на користење на друго лице.
Употребата на факсимил од друг лекар или друго лице се смета за злоупотреба од страна на лекарот или здравствената установа и подлежи на санкции.
Лекарот не може да го употребува факсимилот во друга здравствена установа, каде што не е вработен и каде што нема склучено договор со Фондот.
Издадениот факсимил, здравствената установа односно лекарот е должен да го врати во Фондот кога исполнува услови за остварување на право на пензија и во случај на смрт на лекарот.
Во случаите предвидени со закон за оправдано отсуство од работа на лекарот, долготрајно боледување, породилно отсуство, еднострано раскинување на договорот во делот за лекарот и други случаи , факсимилот се става во мирување.
Обрвски на здравствената установа
Член 15
Здравствената установа е должна за вршење на здравствените услуги на осигурените лица да обезбеди лекови според Листата на лекови кои паѓаат на товар на Фондот и други потрошни материјали потребни за целосно завршување на здравствените услуги за одреденото заболување согласно медицина базирана на докази .
Доколку здравствената установа не ги обезбеди потребните материјалите од став
1 на овој член, а осигурените лица ги набавиле со сопствени средства, договорениот месечен надоместок на здравствената установа ќе биде намален за износот на рефундираните средства за соодветниот месец.
Член 16
Здравствената установа се обврзува редовно да ја евидентира пресметаната и наплатената партиципацијата од осигурените лица.
Доколку здравствената установа наплатила партиципација од осигурените лица спротивно на прописите, износот на средствата што Фондот ги рефундирал на осигурените лица по овој основ ќе биде намален за износот на рефундираните средства од месечениот надоместок на здравствената установа
Член 17
Доколку здравствената установа остварила приход од Фондот врз основа на невистинити и неточни податоци, по утврдување на невистинитоста и неточноста
на податоците, за неправилно остварениот приход Фондот соодветно ќе го намали надоместокот за тековниот месец.
Член 18
Здравствената установа може да дава упат за дијагностицирање само за здравствени установи кои имаат склучено договор со Фондот.
Здравствената установа се обврзува да ги доставува на увид сите потребни медицински податоци поврзани со осигуреното лице со цел да се избегне повторување на испитувањата, воспоставувањето на дигјагнозата и лекувањето.
Здравствената установа е должна да ги врши бараните испитувања според упатот на избраниот лекар и да ги зема во обзир извршените испитувања од другите здравствени установи заради обезбедување на економичност и следење на резултатите за здравствената состојба на осигуреникот.
Член 19
Здравствената установа е должна по потпишувањето на овој Договор да воспостави компјутерска евиденција според процедура, форма и содржина на податоците, утврдени со Упатство на Фондот.
Начинот, обемот, содржината и формата на податоците што ќе ги доставува здравствената установа до Фондот се утврдуваат со Упатство од Фондот.
Податоците од став 2 на овој член се доставуваат на трошок на здравствената установа.
Секоја измена на Упатството од став 1 и став 2 на овој член, здравствената установа е должна да ја усогласи во рок од 30 дена од неговиот прием
Член 20
Други обврски на здравствената установа
1. Да го уплатува редовно придонесот за задолжително здравствено осигурување согласно законските одредби и да води уредна евиденција.
2. Да обезбедува здравствени услуги на сите осигурени лица без дискриминација;
3. Да ја почитува дискрецијата на податоците и информациите во врска со осигурените лица, нивниот дигнитет и интимност;
4. Да го извести избраниот лекар на осигуреното лице со медицински извештај за утврдената дијагноза, медицинскиот преглед, испитување, лекувањето и за други прашања кои се однесуваат на здравствената состојба на осигуреното лице.
5. Да доставува извештаи и пресметки за извршените здравствени услуги најдоцна до 5-ти по изминувањето на тримесечјето,
6. Да наплатува партиципација и да издава потврда за наплатеното учество (партиципација) и да не наплаќа дополнителни средства од осигурените лица, освен за утврденото учество и да ги применува решенијата за ослободување од партиципација донесено од страна на Фондот;
7. Да му овозможи на Фондот, увид и контрола на целокупната документација;
8. Да обезбеди потребен медицински потрошен материјал за дејноста што ја обавува.
9. На видно место да истакне висина на партиципацијата за услугите што согласно Одлуката за партиципација се наплаќаат.
10. Да го користи издадениот факсимил
11. Да води кадровска евиденција за вработените според законските прописи.
12. Да води уредна евиденција за сите набавени материјали и лекови со доказ за набавката и рокот на траење.
13. На видно место да истакне ознака дека има склучено договор со Фондот, да го истакне работното време на сите нејзини организациони единици согласно прописите за работно односи и да постави кутија за пофалби и поплаки.
14. Да води евиденција согласно прописите за водењето на евиденциите во областа на здравството и други податоци од медицински карактер потребни за анализи, информации за медицинската наука, Министерството за здравство и Фондот за здравствено осигурување на Македонија.
15. Да ги доставува сите потребни извештаи и информации во пишана и електронска форма во врска со имплементацијата на овој договор.
16 Писмено во рок од 10 дена да го известува Фондот за отсуство на лекарите во случај на подолготрајно боледување, упатување на субспецијализација, мирување на работниот однос според Законот за работните односи, престанок на работниот однос, односно стекнување на услови за остварување право на пензија.
17. Да негува добри деловни односи со Фондот;
18. Економично и рационално да ги користи средствата добиени од Фондот.
Член 21
На лицата опфатени со склучени меѓудржавни договори за социјално осигурување
– странски осигуреници, здравствената установа им обезбедува здрвствени услуги врз основа на договорен меѓудржавен двојазичен образец, врз основа на потврда за правата на користење здравтвена заштита на странскиот осигуреник и членовите на неговото семејство издадена од соодветната подрачна служба или врз основа на европска картичка за здравствено осигурување (European Health Insurance Card – EHIC), доколку со таа земја Фондот има склучено посебен договор за користење на европска картичка за здравствено осигурување на територија на Република Македонија како и врз основа на сертификат доколку европската картичка е во изработка.
Здравствената установа до соодветната подрачна служба доствува посебна пресметка за пружени здрвствени услуги од став 1 на овој член.
Во пресметките, здравствента установа е должни да ги наведатг сите здравствени услуги кои се пружени според цените утврдени од Фондот.
Водење на посебни евиденции
Член 22
Здравствената установа се обврзува на посебен образец веднаш, а најдоцна во рок од 10 дена да ја извести Подрачната служба на Фондот за сите случаи кои се последица од: сообраќајна несреќа, несреќа на работа, професионална болест и повреди предизвикани со нанесување на телесни повреди од други лица и ќе ги доставува потребните податоци за покренување на постапка за регрес.
Здравствената установа се обврзува за пружената здравствена заштита во врска со лекувањето како последица на причините наведени во став 1 на овој член, посебно да ги евидентира пресметките (фактурите) за извршените здравствени услуги во здравствената установа и со посебен допис да ги достави до подрачната служба на Фондот.
Доколку здравствената установа за наведените случаи не постапи според одредбите на овој Договор, Фондот ќе го исплати договорениот надоместок намален за висината на лекувањето.
Обврски на Фондот
Член 23
Фондот е обврзан да:
1. врши контрола на примената на одредбите од Законот и подзаконските акти и другите прописи, како и контрола на спроведување на одредбите на овој договор;
2. го плаќа надоместокот за обезбедените здравствени услуги во согласност со овој договор;
3. врши мониторинг и контрола на видот и обемот на договорените здравствени услуги како и на пресметките на планирани и остварени здравствени услуги;
4. врши мониторинг и контрола на индикаторите за остварување на целите низ резултатите од извршената работа како и на пресметките на планирани и остварени индикатори за цели;
5. го проверува овластувањето или акредитацијата на здравствената установа;
6. врши тековна проверка на критериумите врз основа на кој е склучуван договорот;
7. го следи износот на рефундирани средства на осигурените лица за лекови од Листата на лекови и медицински потрошен материјал, кои здравствената установа била должна да ги обезбеди и ја намалува висината на надоместокот на здравствената установа за рефундираниот износ;
8. Фондот ја следи наплатената партиципација од страна на здравствената установа.
Контрола
Член 24
Фондот има право во здравствената установа врши контрола со преглед и проверка на финансиската, медицинската и друга документација во здравствената установа на договорениот вид и обем на договорени здравствени услуги на осигуренитре лица, индикаторите за остварување на целите низ резултатите од извршената работа, контрола на остварувањето на правата од задолжителното здравствено осигурување на осигурените лица, контрола на евиденцијата за пружени здравствени услуги на осигурени лица, контрола на примена на одредбите од Законот за здравственото осигурување и подзаконските акти , како и контрола на спроведување на одребите од овој Договор.
Здравствената установа се обврзува во секое време да му овозможи на Фондот увид и контрола на целокупното свое работење.
Член 25
За извршената контрола се составува записник за утврдената состојба во здравствената установа.
Фондот најдоцна до 15 дена од денот на извршената контрола доставува записник до здравствената установа со заклучоци за отстранување на утврдените неправилности и недостатоци.
Здравствената установа има право во рок од 8 дена по добивање на записникот од Фондот да достави забелешки до централната служба на Фондот .
Централната служба на Фондот доколку има нови докази составува извештај по кој веднаш се постапува .
Користење на средствата во здравствената установа
Член 26
Со средствата остварени според овој договор, здравствената установа располага самостојно.
Здравствената установа средствата добиени според овој договор, наменети за одредени позиции од планот не може да ги пренаменува за други позиции, односно други трошоци, со кои ќе предизвика намалување на обемот и квалитетот на здравствените услуги на осигурените лица.
Средствата остварени од заштеди, здравствената установа може да ги користи за континуирана медицинска едукација и унапредување на дејноста на здравствената установа.
Спогодбено раскинување на договорот
Член 27
Овој договор може спогодбено да се раскине во целост или делумно во делот на една од организационате единици само во писмена форма .
.
Еднострано раскинување на Договорот
Член 28
Договорот може да се раскине со писмено известување, со отказен рок од 30 дена од денот на приемот на писменото известување.
Фондот има право во секое време без отказен рок еднострано да го раскине Договорот со здравствената установа. Договорот се смета за раскинат од денот на приемот на доставницата, освен во случаи кога двапати е направен безуспешен обид за достава и тоа:
1. Во случај на стечај или ликвидација на здравствената установа односно доколку и биде изречена мерка забрана за вршење на дејност;
2. Ако здравствената установа континуирано не пружа здравствени услуги според позитивните законски прописи;
3. Ако го оневозмножува или отежнува остварувањето на правата од задолжително здравствено осигурување;
4 Ако здравствената установа не овозможи вршење на контрола од страна на Фондот;
5 Ако со работата се нанесе штета на Фондот;
6 Ако здравствената установа постапува спротивно од одредбите на овој Договор.
7 Ако не негува добри деловни односи;
8 Ако не се извршуваат здравствените услуги од член 3 на овој договор;
9 Ако дозволи вршење на дополнителна работа во здравствената установа на лекар од соодветната специјалност вработен во јавно здравство без согласност на осигуреното лице;
11. Ако во здравствената установа укажува здравствени услуги на осигурени лица лекар кој не е вработен во здравствената установа
12 Ако не се исполнети критериумите врз основа на кои е склучен овој договор;
13 Во случаите кога е применета договорната казна, а по повторна контрола од член 24 и член 25 на овој договор повторно се утврди повреда на било која одредба од овој договор
Член 29
Договорните страни за одредени повреди на одредбите од овој договорот, се согласија за исплата на договорна казна.
Износот на договорната казна, повредите за кои е определена можност за договорна казна како и рокот за исплата на договорна казна се утврдени со овој договор
Доколку се утврдат повреди за кои е предвидено договорна казна и еднострано раскинување на договорот, се применува едностраното раскинување на Договорот.
Доколку се утврдат повреди од член 30 и 31 од овој Договор, се применува договорната казна од член 30 на овој договор.
Доклку се утврдат повреди од член 32 од овој Договор кои нема да бидат отстранети по изречената опомена во рок од 8 дена се применува договорната казна во износ од една половина од месечниот надоместок.
Доколку се утврдат од член 30 и 31 од овој Договор кои се однесуваат на здравствената установа со два или повеќе лекарски тимови ќе се применува договорна казна во износ од еден месечен надоместок.
Со исполнувањето на договорната казна за одредена повреда, истата важи за утврдени повреди до исполнувањето на договорната казна, а не се однесува за натамошниот период на важењето на договорот.
Со утврдување на договорната казна, здравствената установа се обврзува веднаш да ги отстрани утврдените повреди за кои е составен записникот од член 25 на овој договор.
Доколку договорната казна не се уплати во утврдениот рок од став 11 на овој член, овој договор еднострано се раскинува од страна на Фондот од денот на доставувањето на известувањето од Фондот. Обврската за договорната казна останува да се наплати по судски пат.
Фондот го задржува правото да одлужи дали ќе склучи договор со здравствената установа која не извршила исплата на изречената договорената казна од предходната година.
Рокот за исплата на договорната казна изнесува 30 дена од денот на доставувањето на известувањето од Фондот и се врши со уплата на договорната казна на сметката на Фондот.
Член 30
Договорна казна во износ од еден месечен надоместок се утврдува за следните повреди:
1 Доколку во рок од 20 дена не го извести Фондот за било какви промени (статусни, седиште, проширување, промена на дејноста, измени на бројот на организациони единици и сл.);
.
2 Ако здравствената установа во рок од 10 дена писмено не го извести Фондот и подрачната служба за поединечно отсуство на лекариот тим во случај на: боледување, мирување на работен однос според законот за работни односи, во случај на престанок на работниот однос и ако стекнал услови за остварување право на пензија.
3 Ако здравствената установа наплатува на осигурените лица партиципација спротивно на важечките прописи;
4 Доколку придонесот за задолжителното здравствено осигурување редовно, навремено и целосно не се уплатува согласно законските прописи ;
5 .Доколку здравствената установа не им пружа здравствени услуги или ги наплатува услугите повисоки од утврдените,
6. Доколку здравствената установа нема извршено набавка на компјутерска опрема и доколку не ги доставува бараните податоци согласно овој Договор;
7. Доклку не се исполнети критериумите врз основа на кои е склучен овој договор и го прекрши критериумот за обезбеден лекарски тим во соодветната специјалност согласно член 3 став 3 и 4 од овој договор, доклку се преземени сите потребни дејствија за обезбедување на лекарскиот тим.
Член 31
Договорна казна во износ од една половина од месечниот надоместок се утврдува за следните повреди:
1 Ако здравствената установа не води уредно евиденција согласно законските прописи, актите на Фондот и овој Договор;
2. Ако здравствената установа доставува неточни податоци до Фондот и доколку не ги доставува во утврдениот рок;
3. Ако постои писмено незадоволство на осигурениците кои ги користат здравствените услуги;
4 Ако здравствената установа не ја почитува дискрецијата на податоците и информациите во врска со осигурените лица, нивниот дигнитет и интимност;
5 Ако здравствената установа не обезбедува здравствени услуги на сите осигурени лица без дискриминација,
6.Ако здравствената установа, ги извршува видот и обемот на договорените здравствени услуги помалку од 60% за секое тромесечје во две последователни тромесечја;
Член 32
Опомена пред изрекување на договорна казна во износ од една половина од месечниот надоместок
1.Ако здравствената установа не води уредна евиденција за сите набавени материјали и лекови со доказ за набавката и рокот на употреба,
2. Ако здравствената установа на видно место не истакне ознака дека има склучено договор со Фондот, и не го истакне работното време на сите нејзини организациони единици согласно прописите за работно односи
3. Ако на видно место не ја истакне Одлуката за висината на учеството на осигурените лица во цената на здравствените услуги и лековите
Член 33
Овој Договор во однос на лекарот специјалист кој е единствен вршител на дејност престанува задолжително доколку лекарот специјалист во Здравствената установа ги исполнува законските услови за пензионирање, односно е упатен на супспецијализација или избор на функција и смрт на лекарот специјалист.
Во случај на еднострано раскинување на овој Договор Фондот има право да го раскине Договорот во целост или само во однос на еден или повеќе лекари специјалисти наведени во член 2 од овој Договор.
Член 34
Во случај на еднострано раскинување на Договорот од страна на Фондот согласно одредбите на овој Договор, Фондот нема обврска да склучи нов Договор со здравствената установа односно лекар специјалист.
Промена на прописите
Член 35
При промена (измени и дополнувања) на прописите врз основа на кои е склучен овој договор ( закони и подзаконски акти), доаѓа до промена на одредбите од Договорот, согласно извршените измени
Се што не е предвидено со одредбите на овој договор, важат одредбите од Законот за облигационите односи.
Судска надлежност
Член 36
За решавање на споровите што ќе настанат од овој договор, надлежен ќе биде Основниот суд Скопје II Скопје.
Влегување во сила на Договорот
Член 37
Овој договор влегува во сила со денот на потпишувањето од двете договорни страни, а ќе се применува 01.01.2009 година заклучно со 31.12.2009година.
Број на примероци на договорот
Член 38
Овој договор е составен во 4 (два) еднообразни примероци, од кои по еден за договорната страна и подрачната служба и два примероци од Фондот.
ПРИЛОЗИ:
- Преглед на организациони единици, со список на соодветен стручен кадар со број на лиценци (прилог број 1).
- извештај за приходи и трошоците на здравствената установа во последните три години;
- извештај за видот и обемот на извршените здравствени услуги на осигурени лица во последните три години;
- извештај за бројот и структурата на вработените во последните три години;
- извештај за видовите, количините и износите на лековите, медицинските материјали и другите материјали потрошени во претходната година;
- план на приходи и трошоците на здравствената устнова за тековната година;
- план и структурата на вработените за тековната година;
- план за видот и обемот на здравствените услуги за тековната година;
- план на цели што треба да се постигнат во работењето на здравствената установа.
- деловен план
Фонд за здравствено осигурување на Македонија Здравствена установа, Директор, Директор, Директор,
Xxxxxx Xxxxxxxxx Xxxxx Xxxxxxxx