Contract
У-ООДГ 01/2021 Број: 02-28504/9 од 09.09.2021 година
Датум на примена: 09.09.2021 година
УСЛОВИ ЗА ОСИГУРУВАЊЕ ОД ОПШТА ОДГОВОРНОСТ
ВОВЕДНИ ОДРЕДБИ
(1) Во овие услови употребените изрази го имаат следното значење:
„Осигурувач“ - САВА осигурување x.x. Скопје;
„Договорувач на осигурување“ - лице кое ќе склучи договор со осигурувачот;
„Осигуреник“ - лице чиј имотен интерес е осигурен. Договорувачот на осигурување и осигуреникот се исто лице, освен при осигурување на туѓа сметка;
„Премија“ - износ кој осигуреникот му го плаќа на осигурувачот за склученото осигурување;
„Полиса“ - документ за склучен договор на осигурување;
„Надомест на штета“ - износ кој осигурувачот му го плаќа на оштетеното лице како надомест за претрпената штета;
„Франшиза“ - учество на осигуреникот во секоја штета;
„Повреда на лица“ - телесни повреди, болест или смрт на трети лица настанати поради штетен настан за времетраење на договорот за осигурување;
„Оштетување на предмети“ - оштетување, уништување или расипување на предмети на трети лица настанати поради штетен настан за времетраење на договорот за осигурување. Како предмети се сметаат и животни, готови пари и хартии од вредност;
„Трети лица“ - сите лица освен осигуреникот, членовите на неговото семејно домаќинство и роднините;
„Роднини“ - сопруг/а на осигуреникот или неговиот вонбрачен партнер, родителите на осигуреникот и родителите на неговата сопруга, роднини на осигуреникот до четвртото колено, сватови, маќеа, очув и старатели.
I. ИЗВОРИ НА ОПАСНОСТ ОБЕМ НА ПОКРИТИЕ
Член 1
(1) Осигурувањето ги покрива штетите што, врз основ на граѓанско правните оштетни побарувања, трети лица ги поднесуваат спрема осигуреникот поради ненадеен и непредвиден настан на штета (несреќа) што произлегува од изворот на опасност кој е опфатен во полисата на осигурување и има за последица:
1) повреда на лица;
2) оштетување на предмети.
(2) Во осигурувањето се вклучени и штетите што ќе настанат поради поседување или употреба на објекти, простории или земја кои се употребуваат исклучиво за потребите на дејноста на осигуреникот назначена на полисата. Според овие Услови е покриена и одговорноста на осигуреникот:
1) поради поседување на рекламни паноа и табли за сопствено рекламирање;
2) поради поседување на лифтови за лица и товар;
3) како инвеститорот или изведувач на градежни дејности (нова изградба, преуредување, поправки, одржување и сл.), ако проценката на работните трошоци не ја надминува сумата од 5.000 ЕУР.
(3) При определување на обемот на покритие се употребуваат и одредбите за индивидуалните извори на опасност (Дел Б) само во случај кога тие одговараат со дејноста на осигуреникот што е назначена на полисата.
ДОПОЛНИТЕЛНИ ПОКРИТИЈА
Член 2
(1) Ако е посебно договорено и е пресметана дополнителна премија, во рамките на подлимитот на покритие наведен на полисата, вклучено е и покритие од поединечни дополнителни опасности според клаузулите за:
1) одговорност на работодавецот - за оштетни побарувања поради телесни повреди, болест или смрт на вработените или поради оштетување или уништување на имотот на вработените. Како вработени се сметаат лица кои се во работен однос со осигуреникот врз основа на договор или вработување, едукативен договор или студентска препорака (сопствени вработени, стажанти/чираци, практиканти) како и други лица кои работат за осигуреникот на препорака од нивниот работодавец (позајмена работна сила);
2) оштететување на предмети што му се доверени на осигуреникот - за оштетни побарувања поради оштетување или исчезнување на предметите кои му се доверени на осигуреникот за поправка, обработување, преправање или чување;
3) оштетување на моторни возила што му се доверени на осигуреникот за чување - за оштетни побарувања поради оштетување, уништување или исчезнување на моторни возила и приколки, како и на нивните составни делови и на предметите ставени во нив, за кои осигуреникот одговара како чувар на моторни возила;
4) оштетување на предмети врз кои или со кои се извршува дејноста на осигуреникот - за оштетни побарувања поради оштетување на предмети (не се однесува на моторни возила), ако причината за штетата е работа врз нив или работа со нив (предмет или средство за обработка, преработка, тестирање, чистење итн.);
5) оштетување на предмети за време на складирање - за оштетни побарувања поради оштетување на предмети за време на складирање и манипулација со нив (натоварување, растоварување, преместување) како и за време на транспортирање во кругот на стовариштето;
6) еколошка штета поради загадување на околината - за оштетни побарувања поради штета што е предизвикана од загадување на воздух, земја или вода.
(2) Ако се склучи дополнително осигурување по горе назначените xxxxxxxx, одредбите на Општите услови се применуваат соодветно и за дополнителните покритија, доколку не се во спротивност со одредбите во клаузулите.
ИСКЛУЧОЦИ ОД ОСИГУРУВАЊЕ
Член 3
(1) Осигурувањето не ги покрива оштетните побарувања ако осигуреникот намерно ја предизвикал штетата. За намерно предизвикана штета се смета:
1) дејство, кое осигуреникот ќе го изврши и покрај тоа што неговата штетна последица била извесна;
2) знаење дека производите или услугите се неисправни (се расипани или имаат недостатоци);
3) свесно кршење на правилата или упатствата што ги поставил нарачателот или владиното тело.
(2) Осигурувањето не ги покрива оштетните побарувања од став 1 на член 2 ако не е посебно договорена и пресметана дополнителна премија за дополнителните покритија.
(3) Осигурувањето според овие Услови ги исклучува оштетните побарувања:
1) поради штета од влијание на температура, гасови, пареа, влага, атмосферски падежи, чад, саѓи, прашина, тресење, мувла и слично, ако тоа влијание дејствува штетно во подолг временски период;
2) поради штета која настанала ако осигуреникот ја вршел дејноста без соодветни дозволи или ако штетата ја предизвикал работник кој извршувал работа кај осигуреникот без соодветна работноправна основа (работа на црно);
3) поради телесна повреда на лица како последица од извршување на медицински, фармацевтски или надрилекарски и алтернативно медицински услуги врз нив;
4) поради оштетување на предмети кои осигуреникот ги зел под наем или на лизинг;
5) поради влошување на здравјето или повреда на животни кога врз нив се врши одредена работа (кастрирање, инсеменација, вакцинација, потковување, дресирање итн.);
6) поради штета што ја предизвикале животни, доколку овој ризик не е посебно договорен и назначен во полисата или не е вклучен во индивидуалните извори на опасности (во делот Б од условите);
7) што произлегуваат од договорна оштетна обврска која со својот обем ја надминува законската оштетна одговорност или поради прекршување на договорните обврски (казни, пенали);
8) на осигуреникот, членовите на неговото семејно домаќинство и роднините на осигуреникот;
9) на партнерите на осигурениот и партнерите на компаниите, во кои осигурениот има удел на сопственост како партнер и тоа до висина на уделот што го имаат партнерите кај осигуреникот односно уделот на осигуреникот во компаниите. Истото важи и за случаите кога компанијата има удел кај осигуреникот како правно лице;
10) поради штета која настанала како последица на нуклеарна енергија, биолошка и хемиска контаминација;
11) поради одговорност на контрола на летање како и поради одговорност на нафтените платформи и други пловни објекти;
12) поради штета што настанала при употреба или поседување на авиони или пловни објекти од било кој тип, како и на копнени моторни возила, приколки и други видови моторни возила (самоодни работни машини, моторни кранови, трактори, мотокултиватори и др.);
13) поради штети што би настанале ако осигуреникот не ги отстранил посебно опасните околности што ги побарал осигурувачот. Во случај на сомнение, како посебно опасна околност се смета околноста поради која веќе се случил штетен настан;
14) поради штета која е во директна или индиректна врска со салмонела, МРСА или инфекција од легионела;
15) поради штета која директно или индиректно произлегува од користење на азбест односно е резултат или последица на тоа користење, независно од количината или формата на азбестот;
16) поради смрт или болест на лица како резултат на директно конзумирање на тутун или тутунски производи;
17) поради штета која е вистинска или можна последица на ТСЕ или слични болести како што се БСЕ (говедска сунѓереста енцефалофагија) или нови форми на Цреутзфиелдт-Јакобс болест;
18) поради штети кои се директна или индиректна последица од изложување на магнетни и електро магнетни полиња или на било какви зрачења независно од нивниот извор;
19) поради штети кои се директен или индиректен резултат односно последица на генетски променети компоненти од
генетско модифицираните организми (ГМО) или производи кои содржат такви компоненти или белковини;
20) поради повреда на лица кои во компанијата на осигуреникот, не зависно од мотивот (работен или истражувачки), го прифаќаат ризикот од високо енергетско јонизациско зрачење;
21) поради штета што е директно поврзана со ласерски, ултравиолетови или рентгенски зраци;
22) поради штета, загуба, издаток или трошок од секаков вид што е директна или индиректна последица од или е во врска со дејство преземено за контрола, превенција, угушување или на било кој начин се поврзани со:
а) војна, инвазија, дејство на странски непријатели, непријателски или воени операции (без оглед дали е војната е објавена или не), граѓанска војна , побуна, револуција, востание, граѓански немири;
б) некое дејство на тероризам
Дејство на тероризам се дефинира како дејство, кое вклучува употреба на сила, насилство и закана од било кои лица или групи на лица, без разлика дали дејствуваат сами или во име на било која организација или влада, посветени за политички, религиозни, идеолошки или слични цели со намера да се влијае на било која влада или да се заплаши јавноста или дел од јавноста.
23) поради чиста финансиска загуба - штета што не е ниту повреда на лица ниту оштетување на предмети, ниту пак нивна последица.
24) за ошетни побарувања поради штета како последица од ненадеен и непредвиден настан од неисправни производи што осигуреникот ги пласирал на пазарот (на пример дефект во материјалот од кој е направен производот, дефекти во конструкција или непотполно упатство за точна употреба на производот.
II. ИНДИВИДУАЛНИ ИЗВОРИ НА ОПАСНОСТ ЛОКАЛНИ ЗАЕДНИЦИ (ОПШТИНИ), ДИСТРИБУЦИЈА
НА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА, ПРИРОДЕН ГАС, ВОДА И КОМУНАЛНА ДЕЈНОСТ
Член 4
(1) Доколку во полисата за осигурување е посебно договорено и пресметана дополнителна премија, осигурувањето ја покрива и одговорноста за штета која ќе настане поради поседување на канализациони и водоводни мрежи, нафтоводи, гасоводи, цевки за топла вода за греење простории, електро и телекомуникациски водови, патишта и други јавни површини (паркови, игралишта, тротоари и др.).
(2) При осигурување на дејноста за одржување на патишта, во случај на договор од претходниот став, осигурувањето ја покрива само штетата што ќе настане на патиштата, наведени во годишните планови или договори за одржување.
(3) Осигурувањето не ја покрива штетата како последица од дотраеност или слабо одржување на инфраструктурната мрежа.
(4) При осигурување на дејност дистрибуција на електрична енергија, осигурувањето не ја покрива штетата што ќе ја претрпи потрошувачот на електричната енергија, поради неиспорачана електрична енергија како и поради недозволено одстапување од предвидениот напон или фрекфенција како последица на застој или прекин на електрична енергија.
ЗЕМЈОДЕЛИЕ, СТОЧАРСТВО И ШУМАРСТВО
Член 5
(1) Осигурувањето на оваа дејност ја покрива и одговорноста:
1) поради поседување и употреба на домашни животни од било кој вид (и пчели), освен коњи и кучиња;
2) поради употреба на трактори и други самоодни работни машини, вклучувајќи ги и нивните приклучени делови, но само кога функционираат како работна машина (во случај
кога постои и осигурување од авто одговорност ова покритие ќе се смета како дополнително);
3) на осигуреникот како физичко лице според член 14, ако осигурениот е физичко лице;
4) како инвеститор или изведувач на патиштата кои служат за лична употреба, ако проценката на работните трошоци не ја надминува сумата од 5.000 ЕУР.
(2) Ако е посебно договорено и е платена дополнителна премија осигурувањето ја покрива и одговорноста:
1) за штета што ја претрпеле лица кои работат за осигуреникот;
2) за селски туризам;
3) за поседување на коњи и кучиња (според член 8 од овие Услови).
(3) Доколку се договори покритие за одговорност на селски туризам, се применуваат и одредбите на Член 9.
(4) Осигурувањето не ја покрива одговорноста за штета предизвикана од трактор и други самоодни работни машини додека тие како моторно возило се движат по јавни или некатегоризирани патишта.
ГРАДЕЖНА, МОНТАЖНА И СЛИЧНА ДЕЈНОСТ
Член 6
(1) Осигурувањето на оваа дејност ја покрива и одговорноста:
1) за минирање, освен штетата на предметите, кои за време на минирањето се наоѓаат на растојание помало од 75 метри, доколку не е поинаку договорено.
2) за штетата на целиот градежен објект, вклучувајќи го и делот кој припаѓа на инвеститорот и на кој осигурениот ја извршува својата дејност (постоечки објект). Во рамките на овој став осигурувањето ја покрива и штетата:
а) на делот од објектот кој го изградиле други изведувачи и на нивната опрема;
б) на сите подвижни предмети во/на објектот, на кој осигурениот ја извршува својата дејност;
в) на подземните инсталации и делови од објектот (проводници на гас и водовод, електрични водови, канали, темели и др.).
(2) Осигурувањето не ги покрива оштетните побарувања за штети:
1) на предметите и нивните составни делови што се вградуваат, монтираат, поправаат, преправаат и слично;
2) на делот од објектот што го изградил или би морал да го изгради осигуреникот и на вградениот материјал;
3) во времетраење на гаранцискиот рок или по извршениот технички прием;
4) по истек на едномесечен период, од кога осигурениот ја извршил и последната работа врз објектот а периодот на гаранција сеуште не е започнат;
5) на предметите или постоечкиот објект, ако поради самата природа на работа се очекува штетен настан и покрај исполнувањето на сите правила за безбедност;
6) на соседните градежни објекти каде не била спроведена соодветната заштита (зајакнување, потпирање, подржување и др.);
7) поради свесно прекршување на техничките правила или правилата на овластено техничко тело;
8) поради грешки во проектот кој го проектирал осигуреникот (ова осигурување се склучува според Условите за осигурување на проектантска одговорност);
9) поради професионална грешка при техничко советување или контролирање (ова осигурување се склучува според Условите за осигурување на проектантска одговорност);
(3) Осигурувањето исто така не ги покрива оштетните побарувања за штети:
1) предизвикани од намерните штетни однесувања на вработените на осигуреникот;
2) поради непочитување на општите технички правила, техничките прописи, упатства, нормативи, стандарди или одредби од техничкиот инспекторат;
3) поради употреба на неиспробани статички, пресметковни и други методи како и неиспробани конструкции и материјали;
4) за естетски грешки, нефункионалност и непрофитабилност;
(4) Одредбите од овој член се применуваат при осигурувањето од одговорност на градежни и монтажни компании и дејности како што се: паркетарство, молерисување, стакларство и сите други дејности што се занимаваат со финални работи во градежништво, инсталатерство од било кој тип, градење на бунари, длабинско копање, позајмување на скелина и платформи за градежништво и монтажа, позајмување на градежни машини, малтерисување, производство на бетонски производи, производство на вештачки камен, ископување на ситен и крупен песок, експлоатација на каменолом, дрводелство.
ПОСЕДУВАЊЕ НА ОБЈЕКТИ, ЗЕМЈА И ДРУГА СОПСТВЕНОСТ
Член 7
(1) При осигурувањето на одговорност од поседување на објекти со повеќе спратови и станови или поседување на бизнис/шопинг центар како целост, осигурувањето не се однесува на оштетните побарувања за штета која се појавила во внатрешноста на тој објект. Ако посебно се договори и ако е платена дополнителна премија, осигурувањето ја покрива и штетата според оштетните побарувања на поедини катни сопственици или кираџии. При тоа исплатата на оштетата се намалува во иста пропорција колку што е уделот на обесштетениот во заедничките делови на објектот.
(2) При осигурувањето на одговорност од поседување на индивидуални катни единици осигурувањето се однесува и на оштетни побарувања од штета која се појавила во внатрешноста на поедина катна единица.
(3) За осигурителното покритие на овој член важат и одредбите од став 2 на член 1.
ПОСЕДУВАЊЕ НА ЖИВОТНИ
Член 8
(1) Осигурувањето ја покрива одговорноста на лице (сопственик, чувар, одржувач, јавач) кое се грижи за животното, наведено во полисата.
(2) Во случај на одгледување на кучиња од раси: Американски Стафордширски териер, Xxxxxxxxx, Пит Бул териер, Стафордшир Бултериер, Ротајлер, Xxxxxxxx како и кучиња од мешање на овие раси со други раси, осигурувањетото нема да ја покрие штетата што ќе настане поради касање од овие кучиња.
(3) Осигурувањето ги исклучува оштетните побарувања поради повреди на јавач при јавање или подготовка за јавање на коњ.
ХОТЕЛИ, ПАНСИОНИ, УГОСТИТЕЛСКИ ПРЕТПРИЈАТИЈА И СЛИЧНО
Член 9
(1) Осигурувањето ја покрива и одговорноста:
1) поради поседување на објекти што служат за спорт и релаксација на гостите (направи за играње, сауни и слично);
2) поради поседување на помошни објекти кои му припаѓаат на осигуреникот, како што се: перални, пекари, месарници итн., кои се користат исклучиво за сопствена дејност;
3) поради исчезнување и кражба на предмети што се наоѓаат, во изнајмените соби и им припаѓаат на гостите кои престојуваат во нив освен: готови пари, часовници, технички предмети (камери, фотографски апарати, мобилни телефони, преносни (лап-топ) компјутери и др.), документи и скапоцености. Осигурувањето ги покрива и оштетните побарувања на гостите поради исчезнување и кражба и на овие предмети доколку тие му се предадени на осигуреникот да ги чува во заклучен сеф за што имаат потврда.
(2) Доколку е посебно договорено и е платена дополнителна премија, во осигурувањето е вклучена и одговорноста за штети што произлегуваат од дејност поседување на базени за пливање или од дејност поседување на скијачки терени.
(3) Доколку е посебно договорено и е платена дополнителна премија, со осигурувањето е покриена и одговорноста за штети поради труење со храна.
НЕГА НА ТЕЛО
Член 10
(1) Осигурувањето ги покрива оштетните побарувањата поради повреда на лица и оштетување на нивните предмети при вршење на дејноста нега на телото (козметичка, фризерска, маникирска, педикирска дејност и масирање).
(2) Осигурувањето не ги покрива оштетните побарувања:
1) поради незадоволство од личен изглед (пр. несоодветна фризура);
2) поради неизведување, неквалитетно или непотполно изведување на договорните обврски на осигурениот.
УЧИЛИШТА, ИНТЕРНАТИ, ПОПРАВНИ ДОМОВИ И ЗАТВОРИ
Член 11
(1) Осигурувањето ја покрива и одговорноста за штета:
1) што ќе ја претрпат ученици, престојувачи и затвореници, поради непотполна контрола или несоодветна грижа;
2) на предметите во училишни гардеробни ормари, со исклучок на готови пари, часовници, технички предмети (камери, фотографски апарати, мобилни телефони, преносни (лап-топ) компјутери и др.), документи и скапоцености;
3) поради организирање на патувања, екскурзии, училишни приредби, настава во природа и слично;
4) поради поседување на направи за играње, забава и рекреација.
(2) Ако посебно е договорено и е платена дополнителна премија, осигурувањето ја вклучува и одговорноста на осигуреникот како работодавец според клаузулата за дополнително покритие на одговорност на работодавецот.
ЗДРУЖЕНИЈА И КЛУБОВИ
Член 12
(1) Осигурувањето ја покрива и одговорноста:
1) на членовите на здружението за штети што ќе ги предизвикаат при извршување на активностите во рамките на здружението;
2) од употреба на изнајмени спортски игралишта и направи (базени за пливање, лизгалишта, патеки за скијање и слично.);
3) поради поседување и употреба на домашни животни од било кој вид освен коњи и кучиња;
4) од дејност за управување на стрелишта (се применува само за стрелачки здруженија);
5) за организирање на помали рекреативни, културни и спортски приредби во рамките на здружението. Притоа осигурувањето не ги покрива штетите што ќе ги предизвикаат натпреварувачите ме”у себе и тогаш кога се натпреварувачите членови на здружението.
(2) Ако е посебно договорено и е платена дополнителна премија осигурувањето ја покрива и одговорноста:
1) за поседување на коњи и кучиња (според член 8 од овие услови);
2) за штета што ќе ја предизвикаат диви животни во сообраќајот;
3) за поседување или употреба на објекти и земјиште, што не се наменети за дејноста на здружението;
4) за повреда или смрт на членовите на здружението или оштетување на нивните предмети при извршување на активности во рамките на здружението.
(3) Осигурувањето не ја покрива одговорноста:
1) на здружението како организатор на национални или интернационални натпревари, колонии или кампови, како и приредби кои ги надминуваат рамките на вообичаените приредби (одговорноста за овие приредби се осигурува посебно);
2) за штета на предметите при интервенција на противпожарно здружение (се применува за осигурување на одговорност на противпожарно здружение);
3) за штета што ќе ја предизвикаат диви животни во сообраќајот, освен во случај на точка 2 од став 2 на овој член.
ОРГАНИЗАЦИЈА НА РЕКРЕАТИВНИ, КУЛТУРНИ, СПОРТСКИ ПРИРЕДБИ И САЕМИ
Член 13
(1) Осигурувањето ја покрива одговорноста при организирање на приредби и саеми што се наведени во полисата. Во овие рамки е покриена одговорноста:
1) на натпреварувачите и настапувачите за штета што ќе ја предизвикаат при учество на приредбата;
2) од употреба на изнајмени спортски игралишта и направи (базени за пливање, лизгалишта, терени за скијање и др.);
3) на организаторите на трки со велосипеди, моторцикли и автомобили за времетраење на трката, меѓутоа само ако владиното тело ја затвори тркачката патека за јавен сообраќај. Покритието се однесува и на одговорноста за повреда или смрт на трети лица што ги предизвикале натпреварувачите со моторните возила за времетраење на трката.
(2) Ако е посебно договорено и е платена дополнителна премија, осигурувањето ја покрива и одговорноста:
1) за штети што настанале при изведување на огномет;
2) за повреда или смрт на лица кои учесивуваат во организирањето како и за оштетување на нивните предмети.
(3) Осигурувањето не ја покрива штетата:
1) што ќе ја предизвикаат натпреварувачите меѓу себе;
2) предизвикана на самата сообраќајната патека, нејзината опрема, на земјоделските култури и на земјиштето што се наоѓаат непосредно до патеката за велосипедската, моторциклистичката и автомобилската трка.
ОДГОВОРНОСТ НА ФИЗИЧКО ЛИЦЕ
Член 14
(1) Осигурувањето ја покрива одговорноста на осигуреникот како физичко лице во секојдневниот живот но не при вршење на неговата професионална дејност. Ова осигурување ги покрива штетите:
1) предизвикани при извршување на аматерски професии (хоби) со кои осигуреникот не остварува приход односно профит;
2) за кои тој одговара како сопственик на стан, двор или градина околу куќата, и ги употребува исклучиво во приватна намена (обемот на покритие е дефиниран во член 7 од овие Услови);
3) за кои одговара како работодавец на вработените во домаќинството (обемот на покритие е дефиниран во клаузулата за одговорност на работодавците);
4) предизвикани од употреба на велосипед или даска за сурфање;
5) предизвикани од оружје што го поседува осигуреникот и за кое има дозвола доколку тоа го употребува според важечките прописи;
6) за кои одговара како сопственик на домашни животни, со исклучок за коњи и кучиња;
7) предизвикани при рекреативно бавење со спортови. Не се покриени штетите ако осигуреникот се бави со спорт професионално како и штетите предизвикани од спортови кои се врзани со употреба на моторни возила, авиони или бродови од било кој тип и екстремни или боречки спортови (бокс, мечување, борење, џудо, карате, падобранство, воздушно сурфање - ките-сурфинг и слично).
(2) Осигурувањето исто така ја покрива и:
1) одговорноста на лицата кои живеат со осигурениот во исто семејно домаќинство, во истиот обем на покритие како што е назначено во став 1 на овој член;
2) одговорноста за вработените во домаќинството (куќна помошничка, градинар и др.) при изведувањето на работите за одржување на домаќинството на осигуреникот.
(3) Ако посебно се договори и е платена дополнителна премија во осигурувањето е вклучена и одговорноста:
1) за поседување на простории кои осигуреникот ги издава под наем;
2) за поседување на кучиња и коњи (според член 8 од овие Услови);
3) на осигуреникот во функција на ловец.
(4) Осигурувањето не ја покрива одговорноста на осигуреникот за штети:
1) што ќе настанат при вршење на неговата професионална дејност, трговија или било која друга дејност (земјоделие или сточарство) која служи за профитабилни цели;
2) поврзани со оружје за кое нема дозвола и кое не се чува на соодветно место;
3) од поседување на дел од стан кој се користи за изведување на трговија или било која друга профитабилна дејност.
III. ОПШТ ДЕЛ ОПАСНИ ОКОЛНОСТИ
Член 15
(1) Пред склучување на осигурувањето како и за неговото времетраење осигуреникот е должен на осигурувачот да му ги пријави сите околности кои се важни за проценка на ризикот и за кои тој знаел или требало да знае. Како околности за проценка на ризикот се сметаат околностите со кои осигуреникот е запознат и на основ на кои се одредува и пресметува премијата како и тие што се наведени на полисата. Овие околности можат да ги одредат осигуреникот и осигурувачот заедно.
(2) Осигуреникот мора да му овозможи на осигурувачот преглед и контрола на ризикот.
ВАЖНОСТ НА ОСИГУРУВАЊЕТО
Член 16
(1) Договорот за осигурување е склучен кога договорните страни ќе ја потпишат полисата за осигурување.
(2) Осигурувачот е во обврска само ако осигурениот случај и штетата настанале по започнувањето и пред истекот на осигурителното покритие.
(3) Обврската на осигурувачот од договорот за осигурување започнува после 24 часот од денот кој е наведен во полисата како почеток на осигурувањето и ако премијата е платена до тој ден, или после 24 часот од денот кога премијата е платена, освен ако не е поинаку договорено.
(4) Обврската на осигурувачот завршува по истекот на 24. час од денот кој е наведен во полисата како ден на завршување на осигурувањето. Кога во полисата е наведен само почетокот на осигурувањето, осигурувањето продолжува од година во година (перманентно), додека некоја од договорните странки писмено не
го откаже договорот најмалку 3 месеци пред крајот на тековната осигурителна година.
(5) Доколку осигурувањето е склучено за повеќе од пет години, секоја договорна страна смее по истекот на тоа време со отказен рок од шест месеци да го откаже договорот и тоа писмено да и го соопшти на другата страна.
(6) Осигурителното покритие се однесува само за штетните настани што ќе се случат на географското подрачје кое е наведено во полисата и под услов оштетните побарувања поради овие настани да се поднесуваат и решаваат во тие држави. Ако не е поинаку договорено и платена дополнителна премија осигурителното покритие важи само за подрачје на Р.С. Македонија.
НАПЛАТА НА ПРЕМИЈАТА И ПОСЛЕДИЦИ ОД НЕПЛАЌАЊЕ
Член 17
(1) Првата или еднократната премија за осигурување осигуреникот мора да ја плати при приемот на полисата за
осигурување.
(2) Ако е договорено премијата да се плаќа на рати и не се пресметани камати поради одложувањето на плаќањето, при настанувањето на осигурен случај доспеваат за плаќање сите рати на премијата од тековната осигурителна година.
(3) Плаќањето на премијата преку фактура или некој друг документ, каде обично се определува рокот за плаќање на првата премија, се смета дека премијата за осигурување е платена доколку плаќањето е извршено до рокот на доспевање назначен на фактурата или некој друг документ.
(4) Ако е договорено премијата да се плаќа на рати или за наназад, може да се пресмета редовна камата од износот на премијата, за која е договорено одложување на плаќањето. Ако премијата на рати не е платена до денот на доспевање, може да се пресмета и затезна камата.
(5) Ако премијата е платена по пошта, за ден на плаќање се смета денот кога износот на премијата правилно бил уплатен во пошта. Ако пак премијата е платена со налог, за ден на плаќањето се смета денот кога налогот ќе дојде во банката на осигурувачот.
(6) Ако на осигуреникот му се признал попуст за времетраење на осигурувањето и тој тоа го прекинал пред истекот на договорениот рок, осигурувачот има право да ја бара разликата до премијата што осигуреникот би требало да ја плати ако осигурувањето било склучено само за период до прекинувањето.
(7) Акo дoгoвopyвaчoт нa ocигypyвaњeтo, пpeмиjaтa што cтacaлa по cклyчyвaњeто нa дoгoвopoт нe ja плaти дo cтacaнocтa, нитy тоа гo стори некое друго зaинтepecиpaнo лицe, дoгoвopoт зa ocигypyвaњe пpecтaнyвa спoред caмиoт зaкoн - пo иcтeкoт нa poкoт oд 30 дeнa oд кoгa на дoгoвopyвaчoт нa ocигypyвaњeтo мy e вpaчeнo пpeпopaчанo пиcмo oд ocигypyвaчoт co извecтyвaњe зa cтacaнocтa нa пpeмиjaтa, нo co тoa што тoj poк дa нe мoжe дa иcтeчe пpeд дa поминaт 30 дeнa oд cтacaнocтa нa пpeмиjaтa.
(8) Во случај кога договорот за осигурување престанува да важи заради неплатена премија, осигуреникот мора да ја плати премијата до денот на важењето на договорот. Ако до денот на важењето на договорот за осигурување настанал осигурен случај за кој осигурувачот мора да плати отштета, осигуреникот мора да ја плати целата премија за тековната осигурителна година.
ПОВРАТОК НА ПРЕМИЈА
Член 18
(1) Осигурувачот ќе го врати делот од наплатената премија за осигурување за неискористениот период на осигурување, ако осигурениот ризик престане да постои по склучувањето на полисата.
(2) Ако осигурениот ризик престане да постои пред склучувањето на полиста, осигурувачот ќе го врати износот на наплатената премија за осигурување намален за манипулативните трошоци.
(3) Во другите случаеви на прекин на осигурувањето пред крајот на исткот на осигурувачот му припаѓа премијата до денот на прекинот освен ако во полисата не е договорено поинаку.
(4) Независно од одредбите во став 1, 2 и 3 од овој член осигурувачот не му ја враќа наплатената премија на осигуреникот поради прекин на осигурувањето ако во периодот до прекинот се појавил штетен настан.
КОНЕЧНА ПРЕСМЕТКА НА ПРЕМИЈАТА
Член 19
(1) Конечна пресметка на премијата се изведува кај осигурувањата кај кои во периодот на осигурителната година се променала основата за пресметка на премијата употребена на почетокот на осигурувањето.
(2) Конечната пресметка се врши на крајот на осигурителната година. Ако основата се зголеми, осигуреникот мора да ја доплати разликата, ако пак основата се намали износот на претплата се признава како намалување на премијата на осигуреникот во наредната осигурителна година.
ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ПРЕМИЈАТА ВО ЗАВИСНОСТ
ОД ОДНОСОТ ПОМЕЃУ ИЗНОСОТ НА ПРИЈАВЕНИТЕ ШТЕТИ И ПОЛИСИРАНАТА ПРЕМИЈА
Член 20
(1) Осигурувачот може, во зависност од односот помеѓу износот на пријавените штети и полисираната премија (технички резултат) на осигуреникот да му ја промени премијата за осигурување за наредната година.
1) на осигуреникот кај кој техничкиот резултат во изминатите три календарски години изнесувал помалку од 70 %, премијата за идниот осигурителен период останува непроменета;
2) на осигуреникот кај кој техничкиот резултат во изминатите три каледнарски години изнесувал повеќе од 70%, премијата за идниот осигурителен период му се зголемува
според следнава табела:
Технички резултат Про | цент на зголемување на премијата |
Од 70% до 89,9% | 30% |
Од 90% до 109,9% | 50% |
Од 110% до 149,9% | 70 % |
Од 150% до 200,0% | 100 % |
Над 200% процентот на зголемување го одредува овластено лице на осигурувачот
(2) Висината на техничкиот резултат се определува по истекот на секоја осигурителна година за период на осигурување во последните три години. Кај осигурениците кои се осигурени помалку од три години, за пресметка на техничкиот резултат се зема остварениот годишен или двегодишен технички резултат.
ОСИГУРЕН СЛУЧАЈ
Член 21
(1) Кај осигурувањето од одговорност се смета дека настанал осигурен случај во моментот на настанување на штетниот настан што е опфатен со склучениот договор за осигурување и поради кој против осигуреникот можат да се поднесат оштетни побарувања.
(2) За еден осигурен случај се смета:
1) ако за еден штетен настан има повеќе оштетни побарувања;
2) ако повеќе штетни настани се појавуваат од иста причина;
3) ако повеќе штетни настани се појавуваат поради иста причина меѓу кои има правна, техничка или економска врска.
ДОЛЖНОСТИ НА ОСИГУРЕНИКОТ ПРИ НАСТАНУВАЊЕ НА ОСИГУРЕН СЛУЧАЈ
Член 22
(1) Осигуреникот е должен да го извести осигурувачот дека се појавил осигурен случај во рок од 3 (три) дена од денот кога тој за него дознал и да му ги достави сите оригинални докумени што содржат оштетни побарувања.
(2) Доколку документите се изгубат или исчезнат, осигуреникот е должен да пријави во најблиската полициска станица.
(3) Ако против осигуреникот или против лицето за кои осигуреникот е одговорен, се покрене судска постапка поради сомнеж за извршување на криминално дејство или ако се издаде одредба за кривично казнена постапка, осигуреникот е должен веднаш да го извести осигурувачот иако веќе го пријавил осигурениот случај како што е определено во став 1 на овој член.
(4) Осигуреникот е должен да се однесува согласно со упатствата и советите на осигурувачот и да се потруди, во границите на своите можности да ја избегне, намали или разјасни штетата. Тој мора да го подржува осигурувачот како при одбивање на штетата така и при одредување на висината и решавање на штетата. Тој е должен да дава детални и вистинити известувања во врска со штетата, да ги назначи сите околности поврзани со осигурениот случај и да му ги достави на осигурувачот сите запишани податоци кои можат да бидат значајни за проценката на осигурениот случај.
(5) Осигуреникот треба да му го препушти водењето на судската постапка на осигурувачот и да издаде овластување за застапување на овластеното лице од страна на осигурувачот.
(6) Осигурувачот може да одбие да го води спорот и да го препушти водењето на спорот на осигуреникот, ако процени дека нема место за давање правна заштита.
(7) Во случај од став 6 на овој член, осигуреникот во согласност и со упатство од осигурувачот, е должен да се придржува на упатствата и налозите на осигурувачот во поглед на водење постапка во парница.
(8) Осигуреникот нема право без предходна согласност од осигурувачот, да го прифати целосно или делумно оштетното побарување, да постигне спогодба или да изврши исплата на штета.
(9) Ако осигуреникот го спречи осигурувачот при решавањето на оштетните побарувања или ако тој не соработува со него при решавање на осгурениот случај односно на било кој начин ги прекршува одредбите од договорот за осигурување, тој е должен да ја надокнади штетата што ќе му настане на осигурувачот поради тоа.
ДОЛЖНОСТИ НА ОСИГУРУВАЧОТ ПРИ НАСТАНУВАЊЕ НА ОСИГУРЕН СЛУЧАЈ
Член 23
(1) Осигурувачот е должен детално да ги испита оштетните побарувања како според основ на штета така и по висина
на оштетно побарување, да ги прифати оправданите побарувања како и да се погрижи за одбраната на осигуреникот од неоправдани или претерани оштетни побарувања.
(2) До висината на сумата на осигурување осигурувачот ги покрива и судските трошоци на осигуреникот само во случај кога судската постапка од самиот почеток ја води осигурувачот или лице назначено од страна на осигурувачот.
(3) Осигурувачот е должен да го исплати надоместот на штетата во рок од 14 дена од денот кога ќе ги добие сите документи што се неопходни да се определи основот и висината на оштетното побарување.
НАДОМЕСТ НА ШТЕТА
Член 24
(1) Доколку не е поинаку договорено сумата на осигурување назначена на полисата претставува горна граница на обврските на осигурувачот за поединечен штетен настан и за сите штетни
настани кои се појавиле во осигурителната година (годишен агрегат), независно од бројот на оштетените лица ниту од видот и висината на штетата.
(2) Ако во дополнителните клаузули на овие Услови постојат посебни одредби во врска со сумата на осигурување тоа значи дека за тој ризик сумата на осигурување назначена во полисата е ограничена (подлимит), а не значи дека таа се зголемува за тој износ (не е додатна сума на осигурување).
(3) Осигуреникот учествува во секој осигурен случај со франшиза во висина од 10 % од износот на исплата на штетата, но најмалку со 250 Евра, освен ако во полисата за осигурување не е наведено поинаку. Износот на штетата пред да му се исплати на оштетеното лице може да се намали и поради причини назначени во став 6 на член 17 (поради ненаплатена премија).
(4) Осигурувачот го исплатува надоместот од осигурувањето врз основа на:
1) признанието кое што го дал или одобрил;
2) порамнувањето кое што го заклучил или одобрил;
3) судска одлука.
НАДОМЕСТ НА ТРОШОЦИ
Член 25
(1) Покрај исплатата на надоместот на штетата, во сумата на осигурување се вклучени и трошоците за судска постапка за докажување на одговорноста на осигуреникот.
(2) Осигурувачот ги надоместува и трошоците на судската постапка и штетата што ќе настане поради трошоците за застапување на оштетениот, доколку сам го водел спорот или му дал согласност на осигуреникот за водење на спорот, па и тогаш кога оштетното побарување за надомест на штета не било основано, но заедно со надоместот на штетата до висината на сумата за осигурување. Ако судската постапка е водена без знаење и согласност на осигурувачот, со осигурувањето не се покриени трошоците на спорот.
(3) Трошоците за одбрана на осигуреникот во кривична постапка осигурувачот ги надоместува само во случај кога се сложил со изборот на бранителот и се обврзал да ги надомести тие трошоци, но заедно со надоместот на штетата до висината на сумата за осигурување
(4) Кога ќе ја изврши својата обврска со исплатата на сумата за осигурување, осигурувачот се ослободува од понатамошни обврски на име надомест и трошоци за еден осигурен случај и годишно доколку во договорот за осигурување не е поинаку договорено
ОТКАЖУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ ЗА ОСИГУРУВАЊЕ КОГА ЌЕ НАСТАНЕ ОСИГУРЕН СЛУЧАЈ
Член 26
(1) При настанување на осигурен случај договорот за осигурување може да се прекине од било која договорна страна во рок од еден месец од денот кога осигурувачот го признал или одбил оштетното побарување. Договорот за осигурување може да биде прекинат од денот на прекинувањето или од денот на истекот на осигурителната година.
ПРОМЕНА НА АДРЕСА
Член 27
(1) Осигуреникот мора да го извести осигурувачот за промената на адресата на своето живеење, односно седиштето или за промената на своето име, односно името на фирмата во рок од 15 дена од денот на промената.
(2) Доколку осигуреникот ја променил адресата на живеење, односно седиштето или своето име, односно името на фирмата, а за тоа не го известил осигурувачот, доволно е осигурувачот известувањето кое мора да му го соопшти на осигуреникот да го испрати на адресата на неговото последно постојано живеалиште
или седиште или да го адресира на последното познато име, односно фирма.
(3) Во случај кога обидот да се достави препорачаната пратка до осигуреникот не успее (поради преселување или одбивање да се прими) осигурувачот вратената пратка ќе ја смета како доставена и ќе ја депонира во своето седиште. Осигуреникот се согласува дека вратените недоставени пратки се сметаат како примени на денот од првиот обид за доставување и дека е запознат со сорджината на пратката.
ПРЕТСТАВКИ ОД ОСИГУРЕНИЦИ
Член 28
(1) Осигуреникот, корисникот на осигурување или трето оштетено лице има право да поднесе претставка до Друштвото за осигурување доколку смета дека Друштвото не се придржува кон одредбите од договорот за осигурување, согласно Законот за супервизија на осигурување.
(2) Друштвото за осигурување е должно да се произнесе по претставката на осигуреникот/корисникот на осигурувањето/трето оштетено лице во рок од 30 дена од денот на поднесување на претставката.
(3) Доколку не е задоволен од одговорот на Друштвото за осигурување или ако Друштвото за осигурување не одлучи и писмено не го извести во рокот од 30 дена од денот на поднесувањето на претставката, осигуреникот/корисникот на осигурување/третото оштетено лице има право да поднесе претставка/жалба до Агенцијата за супервизија на осигурување, согласно Законот за супервизија на осигурување и подзаконските акти донесени врз основа на овој закон.
ПОСТАПКА НА ВЕШТАЧЕЊЕ
Член 29
(1) Секоја од договорните страни може да бара одредени спорни факти да ги утврдат вештаци. Барањето се доставува во писмена форма до другата договорна страна. Ако другата договорна страна се сложува со тоа, се пристапува кон постапка на вештачење.
(2) Секоја договорна страна писмено именува свој вештак. Избраните вештаци пред почетокот на работата избираат трет вештак, како претседател кој не може да биде од редовите на лицата кои се во работен однос со осигурувачот и осигуреникот.
(3) Вештаците му предаваат на осигурувачот и осигуреникот по еден примерок од својот писмен наод во определен рок. Ако наодите на вештаците меѓусебно отстапуваат, осигурувачот, нивните писмени наоди веднаш ќе му ги предаде на третиот вештак, кој своето стручно мислење го дава само во границите на констатациите од двата вештаци.
(4) Констатациите на вештаците се задолжителни за двете страни.
(5) Секоја договорна страна ги сноси трошоците за вештакот што го бира и половина од трошоците за третиот вештак.
HAДЛEЖHOCT BO CЛУЧAJ HA CПOP
Члeн 30
(1) Xx xxxxxx нa cпop пoмeѓy дoгoвopyвaчoт нa ocигypyвaњeтo - ocигypeникoт и ocигypyвaчoт, нaдлeжeн e cтвapнo нaдлeжниoт cyд cпоред мecтoтo на седиштето на осигурувачот.
HAЧИH HA ИЗBECTУBAЊE
Члeн 31
(1) Cитe извecтyвaњa и пpиjaви штo дoгoвopyвaчoт нa ocигypyвaњeтo e дoлжeн дa ги нaпpaви вo cмиcлa нa oдpeдбитe oд oвиe и дpyги ycлoви нa ocигypyвaњe, зaдoлжитeлнo тpeбa пиcмeнo дa ce пoтвpдaт aкo ce нaпpaвeни ycнo, пpeкy тeлeфoн, тeлeгpaмa или нa билo кoj дpyг нaчин.
Kaкo дeн нa пpиeмoт нa извecтyвaњeтo, oднocнo пpиjaвaтa ќe ce cмeтa дeнoт кoгa e пpимeнo извecтyвaњeтo, oднocнo пpиjaвaтa. Aкo извecтyвaњeтo oднocнo пpиjaвaтa ce иcпpaќa пpeпopaчaнo, кaкo дeн нa пpиeмoт ќе ce cмeтa дeнoт нa пpeдaвaњeтo вo пoштa.
(2) Спогодбите што се однесуваат на содржината на договорот важат само ако писмено се склучени.
ИЗMEHИ HA УCЛOBИTE ЗA OCИГУPУBAЊE И TAPИФATA HA ПPEMИИ
Члeн 32
(1) Aкo ocигypyвaчoт ги измeни Уcлoвитe зa ocигypyвaњe или Tapифaтa нa пpeмии, дoлжeн e зa тoa пиcмeнo, или нa дpyг пoгoдeн нaчин, дa гo извecти дoгoвopyвaчoт нa ocигypyвaњeтo нajдoцнa шeeceт дeнa пред истекот на тековната година на осигурувањето.
(2) Дoгoвopyвaчoт нa ocигypyвaњeтo имa пpaвo дa гo oткaжe дoгoвopoт зa ocигypyвaњe вo poк oд шeeceт дeнa oд дeнoт нa пpиeмoт нa извecтyвaњeтo. Bo тoj cлyчaj, дoгoвopoт зa ocигypyвaњe пpecтaнyвa дa вaжи co иcтeкoт нa тeкoвнaтa гoдинa нa ocигypyвaњeтo.
(3) Aкo дoгoвopyвaчoт нa ocигypyвaњeтo нe гo oткaжe дoгoвopoт зa ocигypyвaњe вo poкoт oд cтaв 2 oд oвoj члeн, дoгoвopoт зa ocигypyвaњe вo пoчeтoкoт нa нapeдниoт пepиoд нa ocигypyвaњeтo ce мeнyвa вo cooбpaзнocт co извpшeнитe измeни вo Уcлoвитe зa ocигypyвaњe, oднocнo Tapифaтa нa пpeмии.
ПРОМЕНА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ
Члeн 33
(1) Осигуреникот е должен да го извести осигурувачот за: промена на адресата на живеење, односно седиштето, промена на своето име или презиме, односно називот на фирмата, промена на трансакциска сметка, промена на телефонски број за контакт, во рок од 15 дена од денот на настанување на промената.
(2) Доколку осигуреникот ги променил личните податоци наведени во точка 1 од оваа одредба, а за тоа не го известил осигурувачот, осигурувачот известувањето кое мора да му го соопшти на осигуреникот ќе го испрати на адресата на неговото последно живеалиште или седиште или ќе го адресира на последното познато име и презиме, односно назив на фирма.
(3) Во случај кога обидот да се достави препорачаната пратка до осигуреникот нема да биде успешeн (поради преселување или одбивање да се прими), осигурувачот вратената пратка ќе ја смета како уредно доставена и ќе ја депонира во своето седиште. Осигуреникот се согласува дека вратените недоставени пратки се сметаат за примени од денот на првиот обид за доставување и дека е запознат со содржината на пратката.
ЦЕЛИ НА ОБРАБОТКА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ
Член 34
Осигурувачот за целите за склучување на договор за осигурување, како и исполнување на обврските кои што произлегуваат од договорот за осигурување обработува лични податоци на договорувачот на осигурувањето односно осигуреникот. Дополнително Осигурувачот обработува и лични податоци на договорувачот на осигурувањето односно осигуреникот и за маркетинг услуги, за асистентски услуги и други помошни услуги кои се нудат на корисниците.
За целите наведени во претходниот став, се обработуваат само неопходните лични податоци на договарачот на осигурување, односно осигуреникот. Категориите на личните податоци кои се обработуваат зависат од класата на осигурување, но најчесто тоа се идентификациони податоци, контакт податоци, здратвствени податоци, податоци за возило, податоци за имот и слично.
ЗАКОНСКИ ОСНОВИ ЗА ОБРАБОТКА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ
Член 35
Обработката на личните податоци за склучување и извршување на договорот за осигурување е неопходен услов за склучување на договорот, а со закон е пропишана должноста на договарачот на осигурувањето да го извести Осигурувачот за сите околности што се значајни за проценка на ризик, а кои не би можело да му бидат непознати. Доколку договорувачот на осигурувањето прикрие некои од информациите коишто му се потребни на Осигурувачот за склучување или извршување на договорот за осигурување или за да ги исполни своите законски обврски, Осигурувачот нема да може да ги исполни своите договорни или законски обврски, ниту да го склучи договорот со договарачот на осигурувањето.
Осигурувачот обработува лични податоци и заради исполнување на своите законски обврски во согласност со релевантните прописи со кои се уредува работењето на Осигурувачот.
Законски основ за обработка на лични податоци претставува и легитимниот интерес на Осигурувачот, освен ако интересите или основните слободи и права на субјектот на личните податоци не преовладуваат над легитимните интереси на Осигурувачот.
Легитимните интереси врз основа на кои Осигурувачот врши обработка на лични податоци, вообичаено се од комерцијална природа, како на пример правото на постојан развој на квалитетот на услуги и подобрување на деловните процеси, одржување на безбедноста на ифнормацискиот систем, снимање на гласовни разговори, на начин што не може да наштети на интересите, слободите и правата на корисниците на услугите.
Во одредени случаи, Осигурувачот обработува лични податоци само доколку има согласност од лицето кому се однесуваат личите податоци т.н. субјект на лични податоците. Обработката на лични податоци врз основа на согласност се користи, на пример за целите на истражување на задоволството, маркетинг на производи.
НАЧИН НА ОБРАБОТКА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ
Член 36
Осигурувачот личните податоци на осигуреникот/договарач на осигурување ги обработува и ги споделува со трети страни, како неговите акционери, членови на органите за управување и своите вработени, членови на групацијата Сава, Osiguritelna Grupacija Sava d.d. Xxxxxxxxxx xxxxx 0, SI- 2000 Maribor, на реоисигурителните компании, доктори цензори, брокери и агенти, со цел да ја исполни обврската од договорот за осигурување, како и со други органи и лица кои, согласно природата на работата вршат увид, односно обработка на личните податоци во согласност со Законот.
Со секоја од страните со кои што Осигурувчот разменува лични податоци на своите корисници се склучени соодветни договори со кои се гарантира безбедноста на личните податоци.
Член 37
Личните податоци кои се обработуваат заради исполнување на договорот за осигурување или за преземање активности пред склучување на договорот на барање на субјектот на личните податоци, или за други цели врз основа на согласност, Осигурувачот може да ги чува и во електронска и во хартиена форма. Сите податоци за договарачот на осигурувањето и осигуреникот, Осигурувачот ги обработува како деловна тајна, со примена на соодветни технички и организациски мерки со цел обработката на личните податоци да биде законита.
РОКОВИ ЗА ЧУВАЊЕ НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ
Член 38
Осигурувачот ги чува личните податоци се до исполнување на целта за којашто се собрани и до исполнување на сите договорни права и обврски, односно до истекот на законски пропишаните рокови. Рокот во кој ќе се чуваат личните податоци зависи од законската обврска за чување на податоците, видот на склучениот договор за осигурување, времетраењето на договорот, обработка на барања за оштета, како и роковите за застареност на побарувањата.
ПРЕНОС НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ
Член 39
Личните податоци вообичаено се обработуваат во Р. С. Македонија. Личните податоци ќе бидат достапни и на примателите во трети земји или меѓународни организации тогаш кога тоа е потребно за склучување и извршување на договорите за осигурување (на пр. за реосигурување, при барања за штета случена во друга држава, и слично) само доколку од страна на Европската Унија или Агенцијата за заштита на личните податоци е утврдено дека во конкретната држава постои соодветно ниво на заштита на личните податоци.
Доколку во третата држава или меѓународна организација не постои соодветно ниво на заштита на лични податоци, Осигурувачот ќе може да го изврши преносот само доколку обезбеди соодветни мерки за заштита на овие податоци во согласност со законот.
ПРАВА НА СУБЈЕКТИТЕ НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ
Член 40
Во согласност со Законот за заштитата на личните податоци, субјектот на податоците ги има следниве права:
• право на пристап до личните податоци;
• право на исправка на неточни или нецелосни лични податоци;
• право на бришење;
• право на ограничување на обработката;
• право на преносливост на податоците;
• право на приговор, опишано во член 41 од овие услови
• право на повлекување на согласноста за обработка на лични податоци, кога обработката е заснована на согласност.
Овие права субјектот на личните податоци може бесплатно да ги оствари контактирајќи го Офицер за заштита на личните податоци на следниот емаил: xxxx@xxxx.xx, преку пошта на адресата на САВА Осигурување АД Скопје ул. Загребска бр. 28А Скопје, или лично во просториите на САВА Осигурување.
Осигурувачот го правото да бара дополнителни информации од барателот за да го потврди неговиот идентитет, со цел да ги заштити правата и приватноста на барателот.
Член 41
Доколку субјектот на податоците дал согласност за обработка на лични податоци, тој може да ја повлече согласноста во секое време, целосно или делумно, во согласност со Законот за заштита на личните податоци, со тоа што повлекувањето на согласноста не влијае на законитоста на обработката на личните податоци пред повлекување на согласноста.
Осигурувачот личните податоци кои ги обработува врз основа на согласност, ќе престане да ги обработува во најбрз можен рок по добивањето на известувањето за повлекување на согласноста.
Член 42
Корисникот на услугата за осигурување има право да поднесе приговор на обработката која што се заснова на легитимен интерес на Осигурувачот, вклучувајќи и профилирање. Доколку корисникот на услугата се уште смета дека личните податоци не се обработуваат согласно законот, може да се поднесе барање до Агенцијата за заштита на личните податоци.
Член 43
Со потпишување на полисата за осигурување договорувачот на осигурување потврдува дека пред собирањето на личните податоци од страна на овластеното лице на Осигурувачот, е запознаен со целите и законските основи на обработка на личните податоци, начинот на обработка на личните податоци, како и обврската Осигурувачот да ги обработува личните податоци во согласност со Законот за заштита на личните податоци.
НАДЛЕЖЕН ОРГАН
Член 44
Надлежен орган за супервизија врз работењето на друштвото за осигурување е Агенцијата за супервизија на осигурување, до која Осигуреникот/корисникот на осигурувањето/третото штетено лице може да достави претставка/жалба во однос на друштвото за осигурување согласно Законот за супервизија на осигурување.
ЗАВРШНА ОДРЕДБА
Член 45
Овие услови влегуваат во сила и ќе се применуваат со денот на донесувањето. Со започнување со примена на овие услови престануваат да важат Условите за осигурување од општа одговорност број 02-1200/21 од 31.03.2014 година.
IV. КЛАУЗУЛИ ЗА ДОПОЛНИТЕЛНО ПОКРИТИЕ
(важат само ако посебно се договорат и ако се назначени на полисата)
КЛАУЗУЛА-1: ОДГОВОРНОСТ НА РАБОТОДАВЕЦОТ
(1) Осигурувањето ги покрива оштетните побарувања поради телесни повреди, болест или смрт на вработените и поради оштетување или уништување на имотот на вработените. Како вработени се сметаат лица кои се во работен однос со осигуреникот врз основа на договор или вработување, едукативен договор или студентска препорака (сопствени вработени, стажанти/чираци, практиканти) како и други лица кои работат за осигуреникот на препорака од нивниот работодавец (позајмена работна сила);
(2) Осигурувањето не ги покрива оштетните побарувања:
1) за повреда на лица кои работат кај осигуреникот без соодветна работна дозвола (работа на црно);
2) за повреда на лица кои не употребуваат задолжителни безбедносни средства и опрема, доколку се установи дека поради нивната употреба штетата не би настанала;
3) за професионална болест на вработените;
4) за штета што ќе настане ако вработениот по налог на осигуреникот извршува работа која е во спротивност со одредбите на внатрешните акти или важечките работни постапки.
КЛАУЗУЛА-2: ОШТЕТУВАЊЕ НА ПРЕДМЕТИ ШТО МУ СЕ ДОВЕРЕНИ НА ОСИГУРЕНИКОТ
(1) Осигурувањето ги покрива оштетните побарувања поради оштетување или исчезнување на предметите кои му се доверени на осигуреникот за поправка, преработување, преправање или чување.
(2) Осигурувањето не ги покрива оштетните побарувања:
1) поради оштетување или исчезнување на предметите кои ги користи осигуреникот за лични потреби (пр. изнајмени машини или простории со опрема);
2) поради оштетување или исчезнување на предметите доколку причината за штета е или работење на нив или работење со нив (како последица од употреба, преработка, поправка и слично);
3) поради оштетување или изчезнување на предметите за време на транспорт;
4) поради оштетување на копнени моторни возила, авиони и бродови;
5) поради оштетување на компјутерски софтвер и податоци заедно со преносителите на информации;
6) поради оштетување на предметите што се реставрираат;
7) поради изчезнување или кражба на предметите што им припаѓаат на гостите од заедничките простории во хотелите, рестораните, кафеаните и другите угостителски објекти.
(3) Сумата на осигурување (подлимит) за ова покритие изнесува 40% од сумата на осигурување на општа одговорност што е наведена во полисата.
КЛАУЗУЛА-3: ОШТЕТУВАЊЕ НА МОТОРНИ ВОЗИЛА ШТО МУ СЕ ДОВЕРЕНИ НА ОСИГУРЕНИКОТ НА ЧУВАЊЕ
(1) Осигурувањето ги покрива оштетните побарувања поради оштетување, уништување или исчезнување на моторни возила и приколки, нивни составни делови и предмети сместени во нив, кои му се доверени на осигуреникот за чување.
(2) Осигурителното покритие се однесува исклучиво на одговорноста
на осигуреникот како чувар на моторни возила кои се наоѓаат во гаража на хотел, ресторани, на паркиралиште или на друг простор предвиден за таква намена.
(3) Осигурувањето не ги покрива оштетните побарувања:
1) поради крш на машини;
2) поради штета предизвикана додека моторно возило се поместува надвор од местото на чување;
3) поради оштетување или изчезнување на товарот што се наоѓа на/во моторното возило.
(4) Сумата на осигурување (подлимит) за ова покритие изнесува 40% од сумата на осигурување на општа одговорност што е наведена во полисата. Ако штетата се случи на необезбедувано место (незаштитен паркинг), осигурителното покритие според оваа клаузула е ограничено на 1.000 Евра. За необезбедено место се смета местото кое нема физичка или техничка заштита.
КЛАУЗУЛА-4: ОШТЕТУВАЊЕ НА ПРЕДМЕТИ ВРЗ КОИ И СО КОИ СЕ ИЗВЕДУВА ДЕЈНОСТА НА ОСИГУРЕНИКОТ
(1) Осигурувањето ги покрива оштетните побарувања поради оштетување или исчезнување на предмети (не се однесува на моторни возила), ако причината за штетата е работа врз нив или
2)губење на тежината на стоката, како последица на природен отпадок (кало);
3)штета што се појавува како последица од карактеристиките на стоките или е последица на неправилно пакување на истите;
4)загуба на стоките како последица на инвентарен дефицит или кражба;
5)штета на предмети направени од благородни метали, накит, вистински бисери, скапоцени камења, природно крзно и уметнички предмети, готови пари, хартии од вредност, живи животни, експлозиви, изотопи;
6)штета за платени казни или пенали, за конфискација и за барања поради последични штети (пр. xxxxxx на работа во погонот);
7)штета што ќе настане заради задржување или неправовремена испорака на складираните стоки;
8)штета на авиони;
9)штета на моторните возила или другите направи со кои се извршува товар и растовар.
(2) Осигурувањето ги покрива и оштетните побарувања поради оштетување или исчезнување на предметите што му се од било која причина доверени на осигуреникот (за поправка, обработка, преправање или чување).
(3) Осигурувањето не ги покрива оштетните побарувања:
1) поради оштетување или исчезнување на предмети што осигуреникот ги користи за сопствени потреби (пр. позајмени машини или простории со опрема);
2) поради оштетување или изчезнување на предметите за време на транспорт;
3) поради оштетување на копнени моторни возила, авиони и бродови;
4) поради оштетување на компјутерски софтвер и податоци заедно со преносителите на информации;
5) поради оштетување на предметите што се реставрираат;
(3) Сумата на осигурување (подлимит) за ова покритие изнесува 40
% од сумата на осигурување на општа одговорност што е наведена во полисата.
КЛАУЗУЛА-5: ОШТЕТУВАЊЕ НА ПРЕДМЕТИ ЗА ВРЕМЕ НА СКЛАДИРАЊЕ
(1) Осигурувањето ги покрива оштетните побарувања поради уништување или оштетување на туѓа стока за време на:
1) складирање;
2) манипулирање (товарење, растоварување, претоварување и преместување);
3) транспортирање во подрачје на стовариште.
(2) Осигурувањето ги покрива и оштетните побарувања:
1) поради штета предизвикана од камиони виљушкари, електрокари, кранови и слично (во случај кога наведените возила имаат осигурување од авто одговорност ова
покритие се смета како дополнително);
2) поради натопување на стоките од ненадеен обилен дожд за време на товарење, растоварување и претоварување, само ако стоките биле соодветно пакувани и ако со натоварување, растоварување, претоварување и преместување се започнало пред дождот;
3) поради штета на туѓи моторни возила, бродови, возови, контејнери и цистерни која настанала за време на натоварување или растоварање рачно или со направи за товар и растовар од било кој вид.
(3) Осигурувањето не ги покрива оштетните побарувања поради:
1) штета што е последица на непочитување на прописите за соодветното складирање или манипулација со стоките,
(4) Сумата на осигурување (подлимит) за ова покритие изнесува 40% од сумата на осигурување на општа одговорност што е наведена во полисата
КЛАУЗУЛА-6: ЕКОЛОШКА ШТЕТА ПОРАДИ ЗАГАДУВАЊЕ НА ОКОЛИНАТА
(1) Осигурувањето ги покрива оштетните побарувања поради ненадеен и неочекуван штетен настан што предизвикува загадување на воздух, земја и вода (во понатамошниот текст: загадување) и како последица на тој настан доаѓа до повреда на лица или оштетување на имот.
(2) Осигурителното покритие важи само ако загадувањето се појави за времетраење на осигурувањето и ако оштетните побарувања поради повреда на лица или оштетување на имотот се поднесат најкасно до две години по истекот на осигурителното покритие.
(3) Осигурувањето не ги покрива оштетните побарувања:
1) поради постојани и долготрајни настани на штета (постојано капење, испарување и сл.);
2) поради штети што настанале со работа на направите за прочистување на отпадни води и други слични направи како и од дејноста на депониите од било кој вид на отпадоци;
3) поради штети кои се појавуваат при складирање на опасни отпадоци според важечките закони (Закон за животна средина и Закон за заштита на природата)
4) поради поседување или управување на комунални објекти и опрема, пред се на депонии за ѓубрива и компост;
5) доколку осигуреникот не ги почитувал упатствата и прописите на производителот или самата технологија односно не направил пропишан преглед, сервис или неопходната поправка на направата што го предизвикала загадувањето;
6) за штета што настанала заради влијанија врз природата а кои се неизбежни или итни за дејноста на осигуреникот а за кои осигурениот бил предупреден и ги прифатил;
7) поради еколошка штета која не е резултат од загадувањето на околината (пр.поради влошување на биолошките различности).
8) Сумата на осигурување (подлимит) за ова покритие изнесува 40 % од сумата на осигурување на општа одговорност што е наведена во полисата.
.
САВА осигурување, x.x. Скопје
Одбор на директори
Претседател
Рок Мољк