Референтен број: IPA/2020/419-800
Оглас за позицијата Преведувач / Асистент на Лидер на компонента за Договорот за грант„ Поддршка на ЕУ за владеењето на правото“ Компонента 1
Референтен број: IPA/2020/419-800
Очекуван датум за започнување со работа: 15.10.2021 година
Место на вработувањето: Скопје, Република Северна Македонија
Проектот „Поддршка на ЕУ за владеење на правото“ е проект финансиран од ЕУ, a спроведен од Австриската агенција за европска интеграција и економски развој (АЕИ), Министерството за правда и јавна администрација на Хрватска, Сојузното министерство за внатрешни работи на Австрија и Xxxxxx Xxxxxxx институтот за човекови права.
Главната цел на проектот е зајакнување на владеењето на правото во Република Северна Македонија, поточно:
(1) да се подобрат капацитетите на институциите на правдата за да ја обезбедат правдата на транспарентен и одговорен начин;
(2) да се зајакнат капацитетите за ефикасно спроведување на современи истражни техники во борбата против организираниот криминал;
(3) да се подобри превенцијата и борбата против корупцијата;
(4) да се зајакне заштитата на основните права и да се зајакне употребата на алтернативни средства за притвор.
Задачи
1. Поддршка на Лидерот на Компонент 1 во неговите / нејзините секојдневни задачи.
2. Преведувачки вештини / толкување од англиски на македонски јазик и обратно, за време на состаноците и други усни разговори.
3. Превод на документи, регулативи, материјали за обука, информативни материјали и други писмени материјали од македонски на англиски јазик и од англиски на македонски јазик.
4. Подготовка на писмени материјали во врска со проектот на македонски и англиски јазик.
5. Водење забелешки, изготвување записници од состаноци, проверка на извештаи.
Неопходни квалификации:
1. Универзитетска диплома
2. Професионална флуентност во усменото и писменото изразување на англиски и македонски јазик; познавање на германски јазик ќе се смета за предност
3. Организирана и прецизна личност
4. Самостојна личност
5. Многу добри комјутерски вештини (MS Office, Word, Excel, Internet)
6. Многу добри комуникациски вештини
7. Добра способност за справување во мултикултурна околина
8. Тој/таа ќе може да дејствува во тајност и дискреција и да биде претставителна личност.
Предности:
1. Познавање на судскиот систем на Република Северна Македонија, познавање на правни и судски прашања
2. Познавање на претпристапниот процес во ЕУ
3. Искуство во проекти финансирани од Европската унија
4. Познавање на албански јазик и германски јазик ќе се смета за предност
Плаќање:
Договорот на определено време ќе биде потпишан за времетраењето на Проектот, предвидено до 17.01.2026 година, и тој/таа ќе биде ангажиран/а од страна на Агенцијата за Европска интеграција и Економски развој (xxx.xxx.xx).
Како да се аплицира:
Ве молиме да ја испратите вашата апликација (CV Europass формат + мотивационо писмо) по e-mail на: xxxxx.xxxxxxxx@xxx.xx и xxxxxx.xxxxxxxxx@xxx.xx
Ве молиме да назначите (како во вашиот e-mail така и во мотивационото писмо) каде сте дознале за овој оглас, како и позицијата (позициите) за кои аплицирате.
Рок: 5 октомври 2021 година
Кандидатите кои се во потесен избор ќе бидат поканети на интервју.
ВАЖНА ЗАБЕЛЕШКА:
Преведувачот / Xxxxxxxx не треба да бил во било каков договорен однос со институцијата корисник најмалку 6 месеци пред почетокот на неговиот/нејзиниот ангажман.