за печатење на флаери СПОРЕД ДОГОВОР ЗА ГРАНТ IPA/2017/391-843
Постапувајќи согласно со одредбите на склучениот Договор помеѓу Европската Унија, претставувана од Делегацијата на Европска Унија во Скопје и Македонско здружение за заштита при работа (МЗЗПР), со број на договор IPA/2017/391-843 ,финансиран преку повикот EuropeAid/ 155322/DD/ACT/MK
Македонско здружение за заштита при работа (МЗЗПР) објавува ПОВИК ЗА ПРИБИРАЊЕ НА ПОНУДИ
за печатење на флаери СПОРЕД ДОГОВОР ЗА ГРАНТ IPA/2017/391-843
РЕФЕРЕНТЕН БРОЈ НА ПОСТАПКА 14/5.1.2
Буџетска линија 5.1.2
Почитувани,
Македонско здружение за заштита при работа во рамките на проектот “Подобрување на вклученоста и влијанието на граѓанското општество во јавните политики за безбедност и здравје при работа и при донесувањето одлуки како подршка на државата во процесите на пристапување кон ЕУ” Ве поканува да учествувате во постапка за печатење на материјали.
Целосната документација е приложена кон ова писмо и содржи:
A. Упатства за понудувачи и барања
B. Aнекси:
❑ Барање за понуда (Анекс 1)
❑ Опис на работна задача
❑ Образец на понуда ( Техничка и Финансиска понуда)
Со почит,
МЗЗПР- Проект “Подобрување на вклученоста и влијанието на граѓанското општество во јавните политики за безбедност и здравје при работа и при донесувањето одлуки како подршка на државата во процесите на пристапување кон ЕУ”
Скопје,
30.10.2018
Проектот е финансиран од Eвропската унија
УПАТСТВА ЗА ПОНУДУВАЧИТЕ
1. Услуги што треба да се обезбедат
Услугите што ги бара Нарачателот се опишани во Описот на проектот (ToR).
2. Содржина на понудите
Понудите, целата кореспонденција и документите поврзани со постапката кои ги разменуваат понудувачот и Нарачателот мора да бидат напишани на локалниот јазик.
Постапката мора да се состои од Техничка и Финансиска понуда.
2.1 Техничка понуда
Техничката понуда (Организација и методологија), ја поднесува понудувачот според приложените урнеци. Понудувачот исто така мора да достави Тековна состојба и Доказ за регистрирана дејност од Централен регистрар на РМ (ДРД Образец).
2.2 Финансиска понуда
Финансиската понуда мора да биде презентирана во МКД, без ДДВ/персонален данок ,
следејќи го приложениот формат со печат и потпис од овлатено лице.
3. Поднесување на понуди
Понудите мораат да се поднесат најдоцна до 08.11.2018 година до 16 часот на следната адреса: МЗЗПР - проект “Подобрување на вклученоста и влијанието на граѓанското општество во јавните политики за безбедност и здравје при работа и при донесувањето одлуки како подршка на државата во процесите на пристапување кон ЕУ” адреса: Востаничка 2/8 1000 Скопје или на: xxxxxxx.xxx-xxx@xxxxx.xxx.xx
Понудите мора да ги содржат сите потребни документи, наведени во точка 2.1 и 2.2.
4. Потпишување на договорот
Понудувачите писмено ќе биде информирани за прифаќање/одбивање на нивната понуда. Нарачателот го задржува правото да побара дополнителни документи од понудувачот. Најуспешниот понудувач ќе биде поканет да склучи договор за извршување на услугите.
Сите други понудувачи ќе бидат известени за резултатите од евалуацијата на понудите.
5. Начин на плаќање
По реализација на предвидената работа, од страна на компанијата треба да биде доставена фактура без ДДВ до нарачателот на услугите. Согласно со финансиките правила предвидени во Договорот за реализација на проектот помеѓу Делегација на Европска Унија и МЗЗПР, плаќањата не подлежат на ДДВ.
Проектот е финансиран од Eвропската унија
Доставената фактура од правниот субјект ќе биде исплатена од страна на МЗЗПР без ДДВ во рок од 45 дена , по целосна реализација на обемот на работа наведен во Повикот.
6. Евалуација
Квалитетот на секоја техничка понуда поднесена во дадениот рок ќе се оценува во согласност со следните административни и технички барања:
Квалитетот на секоја техничка понуда поднесена во дадениот рок ќе се оценува во согласност со следните административни и технички барања:
❑ Цена – 6о бода- по принципот на најниска цена
❑ Квалитет- 40 бода
Квалитетот на компанијата ќе биде оценет по следниот принцип:
Критериуми | Доказ |
Претходно искуство во изработка на дизајн на брошура,водич или сличен промотивен материјал | Портфолио со претходно изработени работи од ист или сличен вид |
Капацитет на компанијата за реализација на работната задача. | Број на вработени, години на работно искуство, доказ за претходно искуство. |