Contract
Здружение на граѓани Институт за човекови права Бр. 0506-3/2
9.1.2024, Скопје
За потребите на проектот „Борба против сајбер булинг врз девојчињата“, финансиски поддржан од Кандската амбасада во Белград, а врз основа на Договор за грант CFLI-2023-BGRAD-NMAC- 0004 од 20.11.2023 година склучен меѓу Институтот за човекови права и Канадската амбасада во Белград (во понатамошниот текст: Договор за грант), проектниот тим на Институтот за човекови права испраќа:
ПРОЕКТНА ЗАДАЧА ToR 01/2024
За набавка на услуга за спроведување на анкета за булинг и сајбер-
булинг врз девојчиња.
I. НАСЛОВ НА ПРОЕКТОТ
„Борба против сајбер булинг врз девојчињата“
II. ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА ЗАДАЧАТА Почеток на договорот: Јануари 2024
Крај на договорот: Февруари 2024
III. ПОЗАДИНА
„Борба против сајбер булинг врз девојчињата“ е проект чијашто генерална цел е да го намали и спречи булингот и сајбер-булингот врз девојчињата во Северна Македонија преку едукација на младите.
Пандемијата, како и поединечните случаи на булинг (врсничко насилство) низ целата земја, покажаа дека сајбер-булингот е широко распространето меѓу учениците од средните училишта. Девојчињата се главната цел и жртви на сајбер-булингот и оваа негативна појава мора да се искорени. Учениците мора да научат да ги препознаваат и пријавуваат сите форми на врсничкото насилство, особено сајбер-булингот, кое се случува на социјалните мрежи далеку од училиштата, но со последици кои се присутни насекаде и во секој аспект од животот на жртвите.
Во насока на остварувањето на поставената цел согласно проектот ќе бидат преземени повеќе проектни активности, кои се очекува дека ќе ги дадат следниве резултати:
1. подигање на свеста за булинг и xxxxxx булинг меѓу девојчињата, како да се идентификува, спречи и како учениците да се борат против овој негативен феномен;
2. родово распределени квантитативни и квалитативни податоци за булинг во училиштата и сајбер-булинг на социјалните медиуми;
3. едуцирани 75 ученици за препознавање и спречување на булинг и xxxxxx булинг;
4. создавање препораки засновани на податоци за информирање на креаторите на политики за борба против булингот и сајбер булингот во Северна Македонија.
Проектот „Борба против сајбер булинг врз девојчињата“ е финансиран од од Кандската амбасада во Белград.
Проектот е реализиран од Институтот за човекови права.
Институтот за човекови права (ИЧП) е спроведувач на проектот, здружение на граѓани лоцирано во Скопје, основано во 2009г. со цел промовирање, унапредување и заштитата на човековите права и слободи преку континуирана едукација на професионалната јавност и анализа на состојбите, организирање на стручни дискусии во рамките на правната професија и дискусии за општата јавност со цел зајакнување на капацитетите и механизмите за промовирање, гарантирање и заштита на човековите слободи и права. ИЧП ги остварува своите активности во соработка со државни органи и институции, граѓански организации од земјата како и регионални и меѓународни институции и организации од областа на заштитата на човековите права.
IV. ЦЕЛ НА ЗАДАЧАТА
Генералната цел на задачата е да се спроведе анкета со ученици за xxxxxx и сајбер-булинг за да се добијат расчленети податоци за состојбите со врсничко насилство во училишата. Потоа резултатите добиени од анкетата да се анализираат и да се понудат соодветни препораки.
Конкретната цел на задачата е подготовка на анкетни прашалници врз онова на кои ќе биде спроведено истражување со најмалку 1000 ученици на тема булинг и сајбер-булинг. Притоа задачата вклучува спроведување на анкетите во најмалку по едно средно училиште од секој од 8-те плански региони во Северна Македонија. Доплнително задачата вклучува обработка на добиените резултати од истражувањето и изготвување на анализа за презентација на резултатите.
Добавувачот е должен да ги достави сите изготвентите продукти до ИЧП преку е-маил. Доколку програмскиот тим смета дека е потребно да се направат одредени измени, добавувачот е должен истите да ги изврши, во согласнот со насоките дадани од ИЧП.
Задачи и обврски:
Во координација со проектниот координатор и тимот на ИЧП, обврска на добавувачот на услугите е да се:
1. Изработат анкетни прашалници за ученици во средни училишта наставници (во договор со потребите и идеите на нарачателот)
• Анкетното истражување да се реализира врз основа на истражувачки прашалник кој содржи околу 15-20 прашања од отворен и затворен тип (вклучително и демографија), како и скали за мерење ставови. Со оглед на деликатноста на темата на истражувањето прашалникот да е дизајниран постепено да ги воведе
испитаниците во темата и да ги истражи подеднакво манифестните и латентните ставови на испитаниците во поглед на булингот и сајбер-булингот. Прашањата треба да бидат поделени во две групи и тоа прашања за препознавањето на булингот и сајбер-булингот помеѓу учениците како и нивна заштита и подигање на свеста на постоење на овие појави помеѓу учениците.
2. Спроведе анкетата во училиштата
• Спроведување на анкетно истражување во најмалку по едно средно училиште од секој од 8-те плански региони во Северна Македонија, притоа треба бидат вклучени училишта од урбани и рурални средини. Истражувањето треба да биде направено со најмалку 1000 ученици кои се на возраст од 16+ кои ќе бидат избрани по случаен избор од сите паралелки од 3та и 4та година средно; потребно е да има репрезентативност по пол, по етничка припадност. Начинот на собирање на податоци да биде во училиште, а онлајн каде што не е можен пристапот на терен.
3. Обработат квантитативно и сортираат податоците од xxxxxxxxxxxx
• Xxxxxxx и наративен извештај на податоците од спроведеното истражување (репрезентативен примерок)
• Визуелно – графиконско прикажување на резултати од истражувањето.
Забелешка: При извршувањето на оваа задача, се очекува од испорачателот на услугите:
• Да примени пристап заснован на докази, највисок стандард на работа и навремено да ги доставува резултати во секоја фаза на извршувањето на задачата;
• Да обезбеди јасност на целите и процесот за време на консултациите со проектниот тим.
Работата ќе се смета за финална само откако ќе биде одобрена од ИЧП.
V. ОЧЕКУВАНИ РЕЗУЛТАТИ
Од испорачателот на услугите се очекува да ги испорача следниве резултати:
Резултати | % од целосниот износ на договорот | Прелиминарен датум |
1. Анкетни прашалници | 30% | 25.1.2024 |
2. Квантитативна обработка и сортирање на податоците од анкетирањето | 40% | 10.2.2024 |
3. Xxxxxxx и извештај на податоците од спроведеното истражување и нивно графичко прикажување | 30% | 29.2.2024 |
Начин на плаќање
Плаќањето ќе биде извршено по реализација на услугата и доставување на бараните резулатати, најдоцна во рок од 30 дена.
VI. ЛОГИСТИКА
За спроведување на активностите од страна на проектниот тим на ИЧП ќе биде обезбедена следнава поддршка:
• ИЧП проектен координатор – достапен во текот на целата задача.
• Во функција на успешно извршување на задачата на испорачателот на услугите ќе им биде ставена на располагање сета потребната документација со која располага ИЧП.
Добавувчот ќе работи во координација и под директен надзор на проектниот координатор и, по потреба, со поддршка од проектниот тим. Тој ќе бидат во редовна комуникација со проектниот менаџер преку е-маил. Целата комуникација и документите ќе треба да бидат подготвени на македонски јазик. Материјалните и другите права на експертот за нарачаното дело се пренесуваат на ИЧП (вклучувајќи и без ограничување права на дистрибуција, печатење и копирање на делото) со јасно наведување на авторството.
VII. ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА ЗАДАЧАТА
Услугата треба да се испорача во период од јануари до февруари 2024 година.
Програмскиот тим на Институтот за човекови права во согласност со предвидената временска рамка ќе се договори со добавувачот на услугите за точниот за испорака на продуктите.
Деталната временска рамка ќе биде дополнително креирана во договор со членови на тимот.
VIII. МЕСТО НА ИЗВРШУВАЊЕ НА ЗАДАЧАТА И ПАТУВАЊЕ
Местото на извршување на задачата ќе биде во секој од 8-те плански региони во Северна Македонија или онлајн. Службени патувања не се предвидени согласно проектната активност.
IX. КВАЛИФИКАЦИИ НА ДОБАВУВАЧОТ
Добавувачот треба да е правно лице кое има искуство во спроведување на ваков вид на анкети на исти или слични теми.
X. КРИТЕРИУМИ ЗА ИЗБОР НА НАЈПОВОЛНА ПОНУДА
Изборот на добавувачот ќе се изврши по пат на евалуација на квалитативната и на финансиската понуда. Договор ќе се склучи со понудувачот чија понуда:
а) Е соодветна и прифатлива и
б) Ќе освои најголем број на поени согласно следниве критериуми:
• Квалитативни критериуми: 60%
• Финансиска понуда: 40%
Понудата ќе биде финансиски евалуирана само на оние кандидати кои ќе добијат минимум
32 поени во квалитативната евалуација.
За одредување на бодовите на финансиската понуда ќе се користи следнава формула:
број на бодови = (најниска понудена цена х максимален број на бодови) / цена на понудата
Квалитативна евалуација:
Критериуми | Xxxxxxxx поени 60 |
Примери на претходно изработени анкети на исти или слични теми 2 примери = 6 бода 2-5 примери = 13 бода Повеќе од 5 примери = 20 бода | 20 |
Методологијата треба да содржи • Опис на каков тип на прашања ќе се користат (отворен и затворен тип/скали за мерење ставови); • Опис на репрезентативниот примерок; • Опис на анализата на податоците. (оваа ставка се оценува кумулативно) Сите три елементи = 20 бода | 20 |
Искуство на главниот истражувач со изготвување анкети на исти или слични теми 2 години = 6 бода 2-6 години = 13 бода Повеќе од 6 години = 20 бода | 20 |
XI. ДОКУМЕНТИ КОИ ТРЕБА ДА СЕ ПОДНЕСАТ
Ве молиме да ни доставите Ваша понуда за горенаведената покана. Понудата треба да содржи квалитативна и финансиска понуда.
Квалитативниот дел на понудата треба да се состои од:
• Кратка методологија (околу 1 страница);
• Портфолио со претходни истражувања; и
• CV на главниот истражувач.
Финансискиот дел од понудата треба да биде во следниот формат:
Ставка | Услуга | Xxxxxxxx | Xxxx со ДДВ (во МКД) |
1. | Подготовка на прашања за една анкета, спроведување на анкета и изготвување на анализа на добиените резултати од истражувањето. | 1 |