1] Со осигурувањето на проектанти од професионална одговорност се покриени барањата за надомест на штета доставени до осигуреникот за штета поради грешка во техничко-пресметковните и статичките основи на тие пресметки, калкулации, конструкции и...
Триглав Осигурување АД бул. 8-ми Септември бр. 16 1000 Скопје
УС-опо-про 18-8-мк
Посебни услови за осигурување од професионална одговорност на проектанти
член 1: воведни одредби
[1] Договорите за осигурување од професионална одговорност на проектанти се склучуваат согласно важечките Општи услови за осигурување од професионална одговорност и одредбите на овие Посебни услови.
[2] Доколку некои од одредбите на Општите услови за осигурување од професионална одговорност се спротивни на одредбите на овие услови, ќе се применуваат одредбите утврдени во овие Посебни услови.
член 2: предмет на осигурување
[1] Со осигурувањето на проектанти од професионална одговорност се покриени барањата за надомест на штета доставени до осигуреникот за штета поради грешка во техничко-пресметковните и статичките основи на тие пресметки, калкулации, конструкции и техничката изработка на проектната документација, ако грешката за времетраењето на осигурителното покритие има за последица оштетување или уништување на објектот (физичко оштетување) што се изведува, односно гради/монтира според проектот кој го изработил осигуреникот. Согласно одредбите на овие Услови, за објекти се сметаат како градeжните објекти така и машинската, електричната и другата опрема.
[2] Покрај физичките оштетувања на објектот, осигурувањето од професионална одговорност на проектанти исто така ги покрива и грешката, односно трошоците, кои за последица имаат статички, динамички или геометриски утврдена потреба од изработка, набавка или вградување на нов елемент или дел, иако не дошло до физичко оштетување или уништување на тој елемент, само доколку е посебно договорено. Посебно договореното проширување на осигурувањето ги опфаќа само трошоците, кои се непосредно поврзани со заменувањето или повторната изработка на тој елемент или дел, а не ги покрива посредните трошоци на останатите делови од објектот, каде што заменетите елементите или делови се вградуваат.
[3] Ако е посебно договорено, осигурувањето на проектанти од професионална одговорност во согласност со став (1) и став (2) од овој член ги покрива барањата за надомест на штета за штетата која би произлегла од грешка при техничката контрола и надзор, како и при „консалтинг“.
[4] Во осигурувањето од професионална одговорност на проектанти исто така е вклучена и одговорноста за штета која би ја предизвикале правни или физички лица на кои осигуреникот им ја доделил работата како договорени подизведувачи.
[5] Осигурувачот не ги враќа трошоците за поправка за работата која не била предвидена со проектот (на пример: поголеми трошоци поради промени на начинот на изведувањето на работите, извршените подобрувања, проширување или дополнување, потребните зајакнувања поради променети статички и други основи и слично). Исто така, осигурувањето од професионална одговорност на проектанти не ги признава трошоците и тогаш кога тие трошоци се последица од штетен настан, освен ако се помали од вредноста на оштетениот дел, според состојбата непосредно пред штетата.
[6] Осигурувањето од професионална одговорност на проектанти ги
покрива трошоците за повторно проектирање, репроектирање или проектни измени само ако со тоа се намалува износот кој осигурувачот би морал да го врати доколку не ги признае тие трошоци.
член 3: неосигурени опасности
[1] Покрај исклучувањата предвидени со Општите услови за осигурување од професионална одговорност, осигурувачот не ги покрива оштетните побарувања за:
1) кршење на договорните обврски (пенали);
2) кршење на законските прописи или упатства, кои ги издал нарачателот или органот на власт;
3) поради разни истражувања, обезбедување и издавања на разни согласности и дозволи;
4) повисоки трошоци за поправка за време на прекувремена, ноќна и празнична работа, како и брз и авионски превоз;
5) декоративнигрешки,нефункционалностиинерентабилности;
6) прекинување на работата, изгубена наемнина и намалување на вредноста, и други слични посредни штети;
7) кршење на заштитните/патентните и производните права;
8) загадување на околината, како и сите видови на загадување и емисии;
9) нуклеарни реакции, нуклеарна радијација или радиокативна контаминација;
10) ако се користат непознати статистички сметководствени и други методи и конструкции, како и непознати материјали (исклучувањето не важи доколку претходно ги одобрила надлежна институција за истражување на материјали и конструкции);
11) непридржување до општите правила на техниката, техничките прописи, упатствата, нормативите, стандардите или одлуките на техничката инспекција или надзорниот орган.
член 4: ревизија на проектот
[1] Во случај кога според договорот помеѓу нарачателот и осигуреникот се бара ревизиска комисија да го прегледа и одобри проектот, осигурувањето на проектанти од професионална одговорност не ја покрива штетата на објектот ако работите се изведуваат без ревизиската комисија да го одобрила проектот. Ако ревизиската комисија имала забелешки за проектот, осигурувањето на проектанти од професионална одговорност не ги покрива трошоците настанати поради непочитување на тие забелешки.
член 5: висина на надомест на штета
[1] Осигурувачот ја плаќа штетата која ја покрива осигурувањето од професионална одговорност на проектанти најмногу до износот на осигурителната сума наведена во полисата.
[2] Во случај Договорот за осигурување да опфаќа покритие за сите проекти кои осигуреникот ги изведува во една осигурителна година, осигурувачот за сите штети исплаќа најмногу еднократен износ на осигурителната сума (годишен агрегат на исплати).
[3] Ако пак Договорот за осигурување опфаќа покритие само за еден проект, осигурувачот за сите штети за време на гаранцијата исто така исплаќа најмногу еднократен износ на осигурителната
Посебни услови за осигурување од професионална одговорност на проектанти
сума (агрегат на исплаќања од целиот период на гаранција).
[4] Ако агрегатот на исплаќања е исцрпен пред истекот на осигурителната година, односно договореното време за гарантирање, и осигуреникот сака да го обнови осигурителното покритие за преостанатото време до крајот на осигурителната година, односно договореното време за гарантирање, се пресметува дополнителна осигурителна премија.
[5] Ако не е поинаку договорено, при секој штетен настан осигуреникот сам сноси 10 % од признатиот надомест на штета, но не помалку од 0,3 % од осигурителната сума наведена во полисата.
[6] Осигурувачот ја надоместува настанатата штета на осигурениот објект со тоа што ќе признае воспоставување на објектот во претходната состојба непосредно пред настанувањето на штетата, и тоа според трошоците кои важат на денот на пресметување на штетата.
член 6: траење на осигурувањето и временско ограничување на осигурувањето
[1] Осигурувањето опфаќа покритие за сите проекти кои осигуреникот ги добил за работа од денот на склучувањето на осигурувањето и трае цело време додека се гради поединечниот објект, како и за време на „гарантниот период“, односно гаранцијата за изведените работи/одржувањето на објектот кој е целосно предаден во употреба, или е делумно во употреба пред предавањето. Осигурителниот период на гаранцијата се впишува во полисата. Осигурувањето може да се склучи и без покритие за време на гаранцијата, а истото задолжително се внесува во полисата. Доколку не е посебно договорен и впишан гарантниот период во полисата, тој изнесува една година.
[2] Ако е така договорено, осигурување според овие Услови може да се склучи и за поединечен објект.
[3] Ако осигурувањето според полисата престане, престанува осигурувањето за сите проекти, односно за секој поединечен проект, освен ако не е поинаку договорено.
[4] Осигурувачот е должен да исплати штета ако дојде до штетен настан по започнувањето и пред крајот на „гарантниот период“, односно на гаранцијата за изведени работи/одржување на објектот кој е целосно предаден во употреба, или е делумно во употреба пред предавањето. Ако пак причината за настанот потекнува од времето пред склучувањето на осигурувањето или од времето кога гаранцијата на осигурувачот била прекината, осигурувањето покрива штети само ако на осигуреникот до склучувањето на осигурувањето, односно до повторната гаранција на осигурувачот, таа причина не му била позната.
член 7: обврски на осигурувачот
[1] Доколку не е поинаку одредено, осигурувачот ја исплаќа заедничката оштета од сите осигурени случаи во една година која изнесува најмногу двојно од договорената осигурена сума.
[2] Во случај на исплата на двојна осигурена сума, осигурителното покритие може да се продолжи единствено ако тоа е посебно договорено. Во тој случај премијата се одредува посебно.
член 8: право на регрес
[1] Осигурувачот го задржува правото на регрес од осигуреникот во случај кога дополнително ќе се утврди дека штетата е предизвикана со намера, измама или грубо невнимание, а за неа на осигурувачот од страна на осигуреникот не му се презентирани точни и вистинити податоци, односно докази за надомест на штета.
2