Contract
Член 5
Се задолжуваат потписниците на Спогодбата врз основа на истата да изготват Пречистен текст на Ко- лективниот Договор за вработените во земјоделството и прехранбената индустрија.
Бр. 0101-34
- производство на леб и печива;
- производство на тестенини;
- производство на индустриски колачи;
- жито и мелнички производи;
- разни животни продукти и производи за домашни потреби.
24 декември 2015 година Скопје
Синдикат на работниците од агроиндустрискиот Комплекс на РМ Агро - Синдикат
Претседател,
Xxxxx Xxxxxxxx, с.р.
164.
Организации на работодавачи на Македонија
Претседател,
Xxxxx Xxxxxxxx, с.р.
Здружение за земјоделие и Прехрамбена индустрија Претседател за земјоделие,
Xxxxxxxx Xxxxxx, с.р.
Претседател за прехранбена индустрија,
Xxxx Xxxxxxxxx, с.р.
Член 2
Овој колективен договор ги обврзува сите работни- ци и работодавачи, од оваа гранка,односно оддел, чле- нови на Синдикатот и на Здружението на работода- вачи.
Колективниот договор ги обврзува и сите работни- ци и работодавачи, кои по склучувањето пристапиле кон Синдикатот односно Здружението на работода- вачи, потписници на овој Колективен договор.
Член 3
Со колективен договор на ниво на работодавач мо- жат да се утврдат поголеми права на работниците од оние утврдени со закон или со овој колективен дого- вор.
Со колективен договор на ниво на работодавач не
Врз основа на член 32, став 5 од Уставот на Р. Ма- кедонија и членовите 203, 205, 206, став 2, 2010, став 1 и 217 од Законот за работни односи („Службен весник на РМ“ бр. 74/15), Синдикатот на работниците од агро- индустрискиот комплекс на РМ – Агро Синдикат и Здружението за земјоделие и прехранбена индустрија при Организацијата на работодавачи на Македонија, на 24.12.2015-та година склучија
КОЛЕКТИВЕН ДОГОВОР
ЗА ВРАБОТЕНИТЕ ОД ЗЕМЈОДЕЛСТВОТО И ПРЕХРАНБЕНАТА ИНДУСТРИЈА
(ПРЕЧИСТЕН ТЕКСТ)
I. ОПШТИ ОДРЕДБИ Член 1
Со овој Колективен договор се уредуваат и доуре- дуваат, во согласност со закон и Општиот колективен договор за приватниот сектор од областа на стопан- ството на Р. Македонија, правата, обврските и одговор- ности помеѓу работниците и работодавачите во следни- ве дејности:
- преработка и конзервирање на овошје и зеленчук;
- преработка и конзервирање на месо и риба;
- преработка и конзервирање на млеко;
- производство на шеќер;
- производство на кондиторски производи;
- производство на растителни масла;
- производство на други прехранбени производи (без добиточна храна);
- производство на алкохол од растително потекло и алкохолни пијалоци;
- производство на безалкохолни пијалоци;
- производство на добиточна храна;
- полјоделство;
- овоштарство;
- лозарство;
- сточарство;
- живинарство;
- градинарство;
- земјоделски услуги;
- рибарство;
- цвеќарство;
- ветеринарни услуги;
- мелење и лупење на житарици;
можат да бидат утврдени помали права на работниците од правата утврдени со закон и овој колективен дого- вор.
Одредбите од колективниот договор на ниво на ра- ботодавач спротивни на став 2 од овој член се ништов- ни и не можат да произведуваат правно дејство.
Забрана на дискриминација
Член 4
Во случај на дискриминација работникот има право да бара надомест на штета согласно Законот за облига- циони односи.
Член 5
Забранет е кој било вид на вознемирување на работ- ното место. Работникот има право на заштита од возне- мирување на работното место. Случаите на забрана на психичко вознемирување на работното место се ут- врдуваат согласно закон и колективен договор.
II. ДОГОВОР ЗА ВРАБОТУВАЊЕ Член 6
Со потпишување на договорот за вработување, се
заснова работен однос помеѓу работникот и работода- вачот.
Договорот за вработување работникот го склучува лично, а во име на работодавачот договорот го склучу- ва застапникот по закон запишан во централниот ре- гистар на правниот субјект или од него овластено лице. Договорот за вработување покрај содржината од член 28 од ЗРО мора да содржи идентификациони по- датоци за странките односно матичен број на работни-
кот и матичен број (БДС) на работодавачот.
Член 7
Случаите кога работникот е отсутен од оправдани прични од работа и не може да отпочне со работа на денот определен со договорот за вработување се:
- болест,
- смртен случај на член на потесно семејство,
- елементарна непогода (пожар, поплава и сл.),
- други случаи предвидени со колективен доовор на ниво на работодавач или договор за вработување.
1. Измена на договор за вработување
Член 8
На предлог на работодавачот или на работникот може да се измени договорот за вработување со склу- чување на анекс договор за вработување. Измените на договорот за вработување можат да бидат извршени ако и двете страни се договорат за истото.
2. Посебни услови за засновање на работен однос
Член 9
Посебните услови можат да се предвидат како ус- лов за вработување само ако се неопходни за извршу- вање на работите на одредено работно место.
Како посебни услови за вработување можат да се предвидат, особено: стручната подготовка, посебни знаења и способности за извршување на соодветни ра- боти и работни задачи, работно искуство, здраствена состојба, психофизички и физички способности, про- верка на способностите за вршење на работите на ра- ботното место, утврдени во колективен договор на ни- во на работодавач и актот за систематизација на рабо- тодавачот.
Работодавачот не може во договорите за вработува- ње да утврди посебни услови кои значат дискримина- ција на кандидатите по било кој основ.
За извршување на работите на работните места за кои како посебен услов не се бара стручна подготовка, или друг вид стручна способност, не може како посе- бен услов да се утврдува работното искуство.
3. Склучување на нов променет договор за вработу- вање во текот на траењето на работниот однос
Член 10
Одредбите од законот што се однесуваат на догово- рот за вработување, се применуваат и во случај кога работодавачот го откажува договорот за вработување и на работникот му предлага склучување на нов проме- нет договор за вработување.
Во случај на промена на работното место со работ- никот се склучува нов променет договор за вработу- вање.
Ако работникот, работодавачот и синдикатот се согласат, работникот може да работи и на друго работ- но место, по негово барање или на барање на работода- вачот.
III. ПРАВА И ОБВРСКИ НА СТРАНИТЕ ПРИ СКЛУ- ЧУВАЊЕ НА ДОГОВОР ЗА ВРАБОТУВАЊЕ
1. Начин за засновање на работен однос
Член 11
Одлука за потребата за засновање на работен однос донесува работодавачот, односно органот што тој ќе го определи.
Работодавачот ја обезбедува потребата од работни- ци на начин утврден со Законот за работни односи.
Член 12
Изборот од пријавените кандидати го врши работо- давачот, односно органот што ќе го определи тој.
Член 13
Пред донесување на одлуката за избор на определе- но работно место, ако тоа е утврдено како посебен ус- лов за засновање на работен однос, се врши проверка на способностите за вршење на работите на работното место, освен за приправниците и работници без квали- фикации.
Постапката за проверка на способноста за вршење на работите на работното место ја определува работо- давачот.
Проверката на работната способност за вршење на работите на работното место пред донесување на одлу- ката за засновање на работен однос може да се врши писмено и практично со:
- тестирање,
- разговор,
- практична работа.
Член 14
Работниот однос се заснова со склучување на Дого- ворот за вработување меѓу работникот и работодава- чот.
Договорот за вработување се склучува во писмена форма.
Со склучување на договорот за вработување рабо- тодавачот е должен да го пријави работникот во задол- жителното социјално осигурување (пензиско и инва- лидско, здраствено осигурување и осигурување во случај на невработеност) во согласност со посебните прописи.
Примерок од склучениот Договор за вработување се доставува на работникот.
Член 15
Работодавачот е должен да ги информира работни- ците на определено време за слободните работни места преку објава на огласна табла, за да можат и овие ра- ботници да ја имаат истата можност за добивање на вработување на неопределено време.
Член 16
Кандидатот кој не е избран има право на приговор во рок од 8 дена од приемот на известувањето, до орга- нот утврден со Колективен договор на ниво на работо- давач.
IV. ОБВРСКИ НА РАБОТНИКОТ Член 17
Работникот е должен совесно да ја извршува своја- та работа на работното место за кое што склучил дого- вор за вработување, во време и на место,кои што се оп- ределени за извршување на работата,почитувајки ја ор- ганизацијата на работата и деловната активност на ра- ботодавачот.
Работникот ја изведува работата во обем и на начин според технолошките стандарди на видот на работата на работното место и според упатства и насоки на претпоставениот овластен работник од работодавачот.
Синдикатот може да бара преиспитување на обемот и организацијата на работата и работното место и да даде свое мислење.
Член 18
Работникот има право да одбие да работи ако му се заканува непосредна опасност по животот или здрав- јето, поради неспроведување на пропишаните мерки за заштита при работа.
Во случај работникот да одбие да работи согласно претходниот став должен е писмено да го извести ра- ботодавачот и преставникот на работниците за заштита при работа за причините поради кои одбива да работи.
До колку работодавачот смета дека во работата не постои опасност по животот и здравјето на работникот и дека прекинот на работа е неоснован, должен е писмено да го извести работникот и да побара посреду- вање на Трудова инспекција.
До добивањето на писмено известување од Трудо- вата инспекција работодавачот е должен да постапува согласно Законот за безбедност и здравје при работа.
Член 19
Работникот е должен да врши и друга работа која не е предвидена со договорот за вработување, а е во рамките на неговата стручна подготовка, врз основа на писмен акт од страна на работодавачот се додека траат причините, но не подолго од 2 месеца, само во случаи:
- кога треба да се замени отсутен работник;
- кога е зголемен обемот на работата;
- ако на работното место на кое работи е намален обемот на работа;
- во услови на елементарни непогоди кои се случи- ле или непосредно се закануваат;
- неопходно завршување на започнат процес, чие прекинување со оглед на природата на технологијата на работата би предизвикало материјални загуби;
- спречување на расипување на суровини и матери- јали, односно одстранување на дефекти на опремата и на средствата за работа;
- завршување на итни и неодложни дејствија;
- кога тоа е неопходно за отстранување или спречу- вање на последиците во случаите на природна или дру- га несреќа;
- во други случаи утврдени со колективен договор на ниво на работодавач.
Работникот во сите случаи кога врши друга работа која не е предвидена со договорот за вработување, има право на еднаква плата каква што примал на своето ра- ботно место односно, плата која е за него поповолна.
V. ОБВРСКИ НА РАБОТОДАВАЧОТ Член 20
Работодавачот има обврска да му ги обезбеди на ра-
ботникот сите услови и претпоставки за навремено и безбедно извршување на работите и работните задачи во рамките на описот и содржината на работа на работ- ното место за кое работникот засновал работен однос:
- редовно да му исплатува плата;
- надоместоци на плата;
- трошоци во врска со работата;
- соодветна заштита при работа и посебна заштита при работа;
согласно Закон, Општиот колективен договор за приватниот сектор од областа на стопанството, овој ко- лективен договор, колективен договор на ниво на рабо- тодавач и договорот за вработување.
VI. ПРОБНА РАБОТА И ПРИПРАВНИЧКИ СТАЖ Член 21
При склучувањето на договорот за вработување, ра- ботникот и работодавачот може да договорат пробна работа.
Траењето на пробната работа за одредени работни задачи изнесува најмногу 6 месеци утврдени по групи на сложеност во колективниот договор на ниво на ра- ботодавач.
Начинот на спроведувањето и оценувањето на пробната работа го утврдува работодавачот.
Член 22
Приправничкиот стаж се утврдува во различно вре- метраење врз основа на степенот на образованието, до- колку со друг закон не е поинаку решено:
- за работите од IV и V степен стручна наобразба најмногу 3 месеци,
- за работите од VI степен стручна наобразба нај- многу 5 месеци,
- за работите над VI степен стручна наобразба нај- многу 6 месеци.
Приправничкиот стаж се изведува според Xxxxxxxx која ја подготвува работодавачот. Менторот кој ја спроведува програмата мора да има најмалку еднаков степен на стручно образование како и приправникот и 3 години работно искуство.
Во договорот за вработување на приправникот се утврдува начинот на извршувањето на приправничкиот стаж.
Приправничкиот стаж може врз основа на предлог на менторот да се намали, но не помалку од половина- та од првобитно утврденото траење на приправничкиот стаж.
Приправничкиот испит содржи оценување на знае- њето на струката и на работното подрачје за кое се ос- пособува приправникот. Комисијата за приправнички- от испит е составена најмалку од 3 члена кои имааат најмалку еднаков степен на стручно образование како и приправникот и 3 години работно искуство. Менто- рот учествува во работата на Комисијата, но не е неј- зин член.
Приправникот го полага приправничкиот испит нај- доцна до истекот на приправничкиот стаж. Доколку не го положи приправничкиот испит има право повторно да полага во рок кој не смее да биде помал од 15, а не поголем од 45 дена. Доколку и по втор пат не го поло- жи приправничкиот испит му престанува работниот однос во денот кога не го положил испитот.
VII. ОТКАЖУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ ЗА ВРАБОТУ- ВАЊЕ СО ОТКАЗ ОД СТРАНА НА РАБОТНИКОТ
И РАБОТОДАВАЧОТ
Член 23
Работниот однос престанува со откажување на до- говорот за вработување на иницијатива на една од до- говорените страни, поради губење на работната спо- собност на работникот, поради возраст на работникот, според Законот за X.X.X, поради истекот на договоре- ниот рок до колку договорот за вработување е склучен на определено време, поради смрт на работникот или работодавачот (физичко лице), односно престанок на правниот субјективитет на работодавачот (правно лице), поради стечај или по друг основ, со писмена спогодба меѓу странките, со судска пресуда и во други случаи утврдени со закон.
За откажувањето на договорот за вработување за- должително се донесува одлука во писмена форма.
Откажувањето на договорот за вработување на ини- цијатива на едната од договорените странки согласно став 1 може да биде условено со отказен рок согласно Законот за работни односи.
1. Откажување на договорот за вработување од страна на работодавачот
Член 24
Работодавачот може да го откаже договорот за вра- ботување со отказ на работникот,поради кршење на работната дисциплина или поради неисполнување на обврските од работата (лична причина од страна на ра- ботникот) доколку кршењето на работната дисциплина или неисполнувањето на обврските од работа е утврде- на со посебна постапка (сослушување на прекршите- лот, на сведоци и изведување на докази).
Член 25
Во случај кога работникот заради своето однесу- вање, недостаток на знаења или можности или заради неисполнување на посебните услови определени со за- кон, не е способен да ги извршува договорните об- врски или ако работодавачот не е задоволен од из- вршувањето на работните обврски (лични причини), на основа на доставен извештај од непосредниот раково-
xxxxx, одговорното лице кај работодавачот ќе му даде на работникот писмено предупредување за неисполну- вање на обврските и за можноста да се даде отказ во случај на натамошни кршења на истите и ќе му остави рок од 30 дена во кој овој е должен да го поправи свое- то однесување.
На основа на издаденото предупредување од ставот 1 на овој член, одговорното лице кај работодавачот до- несува решение за поведување постапка за утврдување способност на работникот да ги извршува договорните или други обврски од работниот однос.
Со решението од ставот 2 се формира и комисија за оценување на способноста на работникот да ги из- вршува договорните или други обврски од работниот однос. Комисијата е должна да ги прибави сите потреб- ни податоци за оценка на условите, околностите и при- чините за неспособноста на работникот да ги извршува договорните обврски.
За поведувањето на постапката согласно со овој член, се известуваат работникот и мнозинскиот синди- кат на работниците кај работодавачот.
Врз основа на оценката од комисијата, а ценејќи ги и останатите докази и околности, одговорното лице кај работодавачот може да донесе решение за отказ на до- говорот за вработување со отказен рок.
Против ваквото решение работникот има право на приговор согласно од одредбите од Законот за работ- ните односи.
Член 26
Договорот за вработување, работодавачот може да го откаже со отказ, заради кршење на работната дис- циплина и работниот ред од страна на работникот, ако се утврди постоењето на оправдана причина сврзана за неговото однесување или ако причината е заснована на потребите на функционирањето на работодавачот.
Работниот ред го утврдува органот на управување на работодавачот во консултација со синдикатот во согласност со Законот за работни односи и истиот е до- даток на колективниот договор на ниво на работода- вач.
Член 27
Работодавачот може да го откаже договорот за вра- ботување со отказ поради кршење на работната дис- циплина или неисполнување на обврските од страна на работникот утврдени со Закон за работни односи и ва- жечките колективни договори ако:
- не ги почитува работниот ред и дисциплина спо- ред правилата пропишани од страна на работодавачот;
- не ги извршува или несовесно и ненавремено ги извршува работните обврски;
- не се придржува кон прописите што важат за вршење на работите на работното место;
- не се придржува на распоредот и користењето на работното време;
- не побара отсуство или навремено писмено не го извести работодавачот за отсуството од работа;
- поради болест или оправдани причини отсуствува од работа, а за тоа во рок од 48 часа на писмено не го извести работодавачот;
- со средствата за работа не се постапува совесно или согласно со техничките упатства за работа;
- настане штета, грешка во работењето или загуба, а за тоа веднаш не го извести работодавачот;
- не ги почитува прописите за заштита при работа или не ги употребува прописно или не ги одржува средствата и опремата за заштита при работа;
- предизвикува неред и насилнички се однесува за време на работата;
- незаконско или неовластено ги користи средства- та на работодавачот.
Со колективен договор на ниво на работодавач мо- жат да се утврдат и други случаи на кршење на работ- ниот ред и дисциплина.
Член 28
Договорот за вработување, работодавачот може да го откаже без отказен рок, во случаите на кршење на работниот ред и дисциплина или неисполнување на ра- ботните обврски од страна на работникот утврдени со закон, овој Колективен договор, колективен договор на ниво на работодавач и Договор за вработување и тоа ако:
- неоправдано изостане од работа 3 последователни работни дена или 5 работни дена со прекин во текот на една година;
- го злоупотреби боледувањето;
- не се придржува кон прописите за заштита од бо- лести, заштита при работа, пожар, експлозија, штетно дејствување на отровни и други опасни материи и ги повредува прописите за заштита на животната средина;
- внесува, употребува или е под дејство на алкохол и наркотични средства;
- стори кражба или во врска со работата намерно или од крајно невнимание ќе предизвика штета на ра- ботодавачот;
- го злоупотреби или пречекори даденото овласту- вање;
- одаде деловна, службена или државна тајна.
Со колективен договор на ниво на работодавач мо- жат да се утврдат и други случаи на кршење на работ- ниот ред и дисциплина и на работните обврски за кои работодавачот го откажува договорот за вработување без отказен рок.
Член 29
По исклучок од членот 28 до донесување на одлука за откажување на договорот за вработување со отказ органот на управување на работодавачот или лице ов- ластено од него со писмен налог може да го отстрани работникот од друштвото ако:
- работникот со своето присуство во друштвото го загрозува животот или здравјето на работниците или други лица или се оштетуваат средствата од поголема вредност;
- присуството на работникот кај работодавачот штетно ќе се одразува врз работењето кај работодава- чот;
- присуството на работникот оневозможува утврду- вање на одговорноста за повреда на работните обврски и
- кога против работникот е покрената кривична по- стапка од надлежен орган за кривично дело сторено на работа или во врска со работата.
Член 30
Приговорот против одлуката за откажување на до- говорот за вработување, односно против отстранување- то од кај работодавачот во смисла на членовите 28 и 29 не ја задржува од извршување одлуката за отказ, од- носно писмениот налог.
Член 31
Во текот на утврдувањето на условите за престанок на работниот однос со отказ заради кршење на работ- ната дисциплина и работниот ред, задолжително се из- вестува Агро-Синдикатот кај работодавачот дека се исполнети условите за престанок на работниот однос со отказ заради кршење на работната дисциплина и ра- ботниот ред и се разгледува мислењето на Агро-Син- дикатот кај работодавачот ако е доставено.
Работникот писмено се известува дека е поведена по- стапка за престанок на работниот однос со отказ заради кршење на работната дисциплина и работниот ред.
Во известувањето од став 1 на овој член се наведу- ва повредата, опис на дејствијата, како и времето и местото кога е направена истата.
Член 32
(1) Отказ на договорот за вработување од лични причини на страна на работникот, работодавачот може да му даде на работникот во рок од три месеца од де- нот на дознавањето за фактите кои се основа за давање на отказот, односно во рок од шест месеца од денот на настапувањето на фактите кои се основа за давање на отказот.
(2) Отказ на договорот за вработување поради при- чини на вина од страна на работникот, работодавачот може да му даде на работникот во рок од шест месеци од денот на дознавањето на фактите кои се основа за давање на отказот, односно во рок од 12 месеци од де- нот на настапувањето на фактите кои се основа за дава- ње на отказот.
(3) Отказ на договорот за вработување, работодава- чот може да му даде на работникот поради сторено кривично дело на работа или во врска со работата, нај- доцна до истекот на рокот за застареност утврден во закон за стореното кривично дело.
Член 33
Договорот за вработување, работодавачот не може да го откаже со отказ, доколку за откажувањето нема оправдани причини сврзани со способноста или одне- сувањето на работникот (лична причина на страна на работникот) или за потребите на функционирање на работодавачот (деловни причини).
Договорот за вработување работодавачот не може да го откаже со отказ, поради причини сврзани за одне- сувањето на работникот или неговата работа пред да му се овозможи да се брани од изнесените наводи, ос- вен во случаи кога од работодавачот оправдано не мо- же да се очекува да му пружи таква можност (тешка повреда на работните обврски со која се доведува во прашање функционирањето на работодавачот).
Престанокот на работниот однос со откажување на договорот за вработување од страна на работодавачот, било од лични причини на страната на работникот или од деловни причини на работодавачот е ништовен, од моментот на самото врачување на отказот, до колку ра- ботникот директно или индиректно го ставаат во по- неповолна положба во однос на другите работници по било кој од основите утврдени во член 6 од ЗРО.
Член 34
Работодавачот, односно овластениот работник му дава можност на работникот да се изјасни за изнесени- те наводи и да приложи нови докази корисни за него, односно му овозможува да се брани за изнесените на- води на обвинението.
Ако е тоа неопходно, работодавачот или лицето кој го овластил можат да овластат работник кој ќе спрове- де увид заради утврдување на околностите и фактите во врска со постапката во која се утврдува дека се ис- полнети условите за престанок на работниот однос со отказ заради кршење на работната дисциплина и работ- ниот ред.
Член 35
Работодавачот, односно лицето кое тој го овластил утврдува дали се исполнети условите за престанок на работниот однос со отказ заради кршење на работната дисциплина и работниот ред и ако утврди дека се ис- полнети условите за престанок на работниот однос со отказ заради кршење на работната дисциплина и работ- ниот ред, во отсуство на работникот, донесува одлука за престанок на работниот однос со отказ.
Во одлуката за отказ работодавачот е обврзан да ги утврди причини за престанок на работниот однос на работникот.
Член 36
Одлуката за откажување на договорот за вработу- вање со отказ заради кршење на работната дисциплина и работниот ред на работникот му се врачува во писме- на форма, со увод, диспозитив, образложение во кое се наведуваат причините за престанок на работниот однос на работникот и правна поука на приговор.
Одлуката му се доставува на работникот непосре- дно со потпис или преку доставница со повратница.
Ако работникот го одбие приемот, одлуката се за- качува на огласна табла кај работодавачот во присус- тво на два работника и со тоа се смета дека е извршена уредна достава, по истекот на 8 работни дена.
Работникот има право на приговор во рок од 8 дена од денот на приемот на одлуката.
Член 37
За време на отказниот рок работодавачот на работ- никот ќе му овозможи отсуство од работа поради бара- ње ново вработување 4 часа во текот на работната не- дела, со тоа што времето на користење го одредува ра- ботникот.
За време на отказниот рок работникот има права и обврски од работен однос.
Член 38
По приговорот надлежниот орган за одлучување може одлуката за отказ да ја поништи, да ја потврди или преиначи, или да ја врати на повторно одлучување.
Одлуката на надлежниот орган за одлучување во втор степен е конечна.
По врачувањето на конечната одлука или кога не е до- несена одлука во законски предвидениот рок од работода- вачот, работникот има право согласно законот за работни односи да покрене постапка пред надлежниот суд.
2. Откажување на договорот за вработување од деловни причини
Член 39
Како деловни причини се сметаат случаевите кога работодавачот, има намера да воведе поголеми проме- ни во производството, програмата, реорганизацијата, структурата и технологијата, а кои ке предизвикаат потреба од намалување на бројот на работниците.
Во случаевите кога ќе настанат предвидените про- мени од став 1 на овој член, на работникот може да му престане работниот однос на начин и постапка пред- видени со Закон за работни односи, овој Колективен договор и Колективен договор на ниво на работодавач.
Член 40
Работодавачот за намерата, а најдоцна 30 дена пред донесувањето на одлуката за откажување на договорот за вработување на поголем број на работници од делов- ни причини, ја известува синдикалната организација на Агро Синдикатот кај работодавачот и се консултира и советува, за кое истата може да даде свое мислење во рок од 30 дена.
За постапката за утврдувањето на потребата од престанок од работа на повеќе од 150 работници или повеќе од 5% од вкупниот број на работници кај рабо- тодавачот се изготвува и применува програмата доне- сена од надлежен орган на работодавачот.
Програмата ги содржи следниве елементи:
1. Општи податоци за друштвото;
2. Промени што се воведуваат и опис на причините за нивното воведување:
- укинување на работно место;
- намалување на број на извршители на работно место.
3. Број на вработени по работно место и/или работ- ни места, квалификациона структура на работното мес- то за чија работа престанала потребата или се намалува бројот на извршители по работно место;
4. Начин на решавање на правата на работниците за чија работа престанала потребата;
5. Финансиски и други средства што треба да се обезбедат за спроведување на програмата;
6. Рокови и носители на активностите за спроведу- вање на програмата.
Оценката за критериумот резултати од работа ја да- ва непосредниот претпоставен на работникот.
Xxxxxx | Xxxxxx |
VII-1 | 40 |
VI | 30 |
V | 25 |
IV | 20 |
III | 15 |
II | 10 |
I | 5 |
Стручна подготовка и квалификација:
Член 41
Бројот и структурата на работниците на кои им престанува работниот однос кај работодавачот, поради економски, технолошки, организациони, структурни или слични причини (деловни причини), доколку се ра- боти за намалување на бројот на извршители на исто работно место се утврдува врз основа на следните кри- териуми:
- резултати од работењето;
- стручна подготовка и квалификација;
- вкупен работен стаж кај работодавачот, работен стаж кај ново формираните од истиот работодавач и правните претходници на работодавачот;
- работно искуство;
- возраст.
Со колективен договор на ниво на работодавач мо- же да се додадат и други критериуми. Критериумите утврдени на ниво на работодавач се вреднуваат според мерила утврдени со колективен договор на ниво на ра- ботодавач.
Вкупен работен стаж кај работодавачот, работен стаж кај ново формираните од истиот работодавач и правните претходници на работодавачот:
Години | Бодови |
над 30 години | 5 |
од 21 до 30 години | 4 |
од 11 до 20 години | 3 |
од 6 до 10 години | 2 |
до 5 години | 1 |
Член 42
Критериумите од член 41 од овој Колективен дого- вор се вреднуваат според следниве мерила:
Резултати од работата
Резултатите од работата се одредуваат врз основа на квалитетно и навремено извршување на работите, рационално и економично користење на средствата за работа и работното време, самоиницијативно извршу- вање на работните задачи и вршење на дополнителни работни задачи без посебно барање од работодавачот, вршење на дополнителни работни задачи кога тоа од него се бара, иновации, технички унапредувања и дру- ги видови на творештво со кои се придонесува во заш- тедата и зголемувањето на добивката.
Резултатите од работа се оценуваат според следни- те бодови:
Работно искуство:
Години | Бодови |
над 30 години | 5 |
од 21 до 30 години | 4 |
од 11 до 20 години | 3 |
од 6 до 10 години | 2 |
до 5 години | 1 |
Возраст:
По основ на возраст работниците добиваат по 0,5 бода за секоја година старост.
За работниците кои исполнуваат услови за прием на паричен надоместок до стекнување на услови за ста- росна пензија се склучува спогодба со синдикатот и за истите не се врши бодирање согласно наведените кри- териуми.
Член 43
Доколку според член 42, став 1 од овој Колективен договор, работниците имаат ист вкупен број на бодови, предност да го задржат работното место го имаат ра- ботниците според следниот редослед:
1. Доколку има поголем број на работници на исти задачи, кои имаат ист степен на образование и исто ра- ботно искуство, предност да го задржат работното мес- то имаат оние работници кои според оценката на непосредниот раководител поуспешно ги извршуваат работните задачи.
2. Доколку има поголем број на работници на исти работни задачи кои имаат ист степен на образование, предност да го задржат работното место имаат оние ра- ботници кои имаат подолго работно искуство на истите работни задачи кај работодавачот;
3. Доколку повеќе работници се распределени на работни задачи за кои согласно систематизацијата на работните места се предвидени два степена на стручна подготовка, предност да го задржат работното место имаат оние работници кои имаат повисок степен на стручна подготовка од определен вид на знаење;
4. Доколку има поголем број на работници на исти работни задачи со ист степен на образование, исто ра- ботно искуство и иста успешност во извршувањето на работните задачи, предност да го задржи работното место има:
- работник кој е до 5 години пред одење во пензија;
- работничка за време на бременост или со дете до 2 години;
- самохран родител, односно усвоител на дете до 7 години;
- работник со хендикепирано дете;
- работник со професионално заболување;
- работник со намалена и изменета работна способ- ност;
- еден од брачните другари кои се вработени кај ра- ботодавачот;
- работник кој претрпел повреда на работа x
- работник кој е со xxxxxx xxxxxxxxx-социјална по- ложба.
По утврдувањето на бодирањето односно критериу- мите од претходниот став надлежниот орган јавно ги истакнува на огласна табла бодовните листи.
Работниците кои сметаат дека несоодветно се боди- рани имаат право на приговор против листата на боди- рање.
За одлучување по приговорот и натамошната поста- пка за заштита на правата пред органите на работода- вачот соодветно се применуваат одредбите од претход- ното поглавие.
Член 44
Во случај на откажување на договорот за вработу- вање од деловни причини, основицата за пресметка на испратнината е просечната плата на работникот во по- следните шест месеци пред отказот, но истата да не биде помала од платата врз основа на која се исплаќаат придонесите за социјално и здравствено осигурување.
Во случај на откажување на договорот за вработу- вање од деловни причини, работодавачот на работни- кот му исплатува испратнина согласно со членот 97.
Работодавачот да исплати испратнина и над пред- видената во Законот за работни односи, утврдена во колективниот договор на ниво на работодавач.
Член 45
Одлуката за откажување на договорот за вработува- ње поради деловни причини се доставува поединечно до секој работник.
Член 46
При пренесувањето на трговско друштво или дело- ви на трговско друштво, само по себе не дава основ за отпуштање на работници, освен отпуштањето од еко- номски, технолошки или организациони причини, ко- ишто налагаат кадровски промени, а отпуштањето ќе се врши согласно условите и критериумите утврдени во колективниот договор за вработените од земјодел- ството и прехранбената индустрија.
VIII. ПЛАТА И НАДОМЕСТОЦИ НА ПЛАТА
1. Плата
Член 47
Работникот има право на плата.
Платата на работникот за работа со полно работно време не може да биде пониска од најниската плата ут- врдена со овој колективен договор.
Платата е составена од:
- основна плата,
- дел од плата за работна успешност,
- додатоци.
Член 48
Основната плата се определува земајќи ги предвид барањата на работното место (стручна подготовка, стекнати вештини, сложеноста и одговорноста на ра- ботното место) а се утврдува така што износот на нај- ниската плата се множи со коефициентот на степенот на сложеност на одделна група на работи на која при- паѓа работното место на кое работникот работи соглас- но договорот за вработување.
Најниската плата за одделни степени на сложеност на работи и работни задачи претставува основна плата.
Член 49
При утврдување на најниската основна плата се по- аѓа особено од: трошоците на живот, економските можности, општото ниво на платите на дејност, нивото на продуктивноста, економичноста, рентабилноста, со- цијалните давања и други економски и социјални фак- тори и се утврдува во износ од 10.100,00 денари за сек- торот земјоделство и во износ од 10.400,00 во секторот прехранбена индустрија, за 100% остварена норма од утврдената во гранката или полно работно време од просечното годишно 174 часа месечно, со тоа што из- носите ќе се применуваат сметано од 1.1.2016 година.
Пресметувањето на најниската основна плата (пресметковна вредност за единица коефициент), ут- врдена во став 1 на овој член, ќе започне да се приме- нува со исплатата на платата од 1.1.2016 година.
Работодавачите од земјоделството и прехранбената индустрија кои имаат повисока најниска плата од ут- врдената најниска плата во овој Колективен Договор, ја задржуваат таа најниска плата (не можат да ја нама- лат) и истата задолжително се вградува во Колективни- те Договори на ниво на работодавач.
Најниската основна плата (пресметковна вредност за единица коефициент) за најнизок степен на сложе- ност со спогодба ја утврдуваат и објавуваат потписни- ците на колективниот договор најмалку еднаш го- дишно, но не подоцна од 31.12. тековната година.
Член 50
Основната плата на работникот со полно работно време, нормален учинок и нормални услови за работа со кои работникот бил запознат пред склучување на договорот за вработување, односно пред распоредува- њето, не може да биде пониска од најниската плата ут- врдена за одделни степени за сложеност согласно овој колективен договор.
Под нормален учинок се подразбираат однапред ут- врдени работни резултати врз основа на општо прифа- тени норми и нормативи особено обемот и квалитетот на работата, економичност и ефикасност во користење- то на средствата.
За нормални услови на работа се сметаат условите во кои претежно се извршува работата, без посебни физички и психички напрегања, влијанија на среди- ната, опасност од повреди и други оптоварувања, по- тешки од нормалните. Овие услови се составен дел на конкретното работно место и се вклучени во најниска- та плата.
Член 51
Работите, односно работните места се групираат во групи на сложеност за дејноста земјоделство и за деј- носта прехранбена индустрија.
Поединечните работи, односно занимања се класи- фицираат по групи на сложеност за земјоделство и за прехранбена индустрија согласно Одлука за утврдува- ње на националната класификација на дејности („Сл. весник на РМ“ бр.37/11 од 24.03.2011).
Степенот на сложеност I (еден) се однесува на из- носот на најниската основна плата (пресметковна вред- ност за единица коефициент) дефинирана со овој ко- лективен договор и со степенот I (еден) се покриени занимањата-помошник земјоделски работник и сезон- ски работник.
Коефициент на сложеност I (еден) се однесува на износот на најниската основна плата (пресметковна вредност за единица коефициент) дефинирана со овој колективен договор.
Член 52
Со Колективен договор на ниво на работодавач мо- жат да се утврдат и други групи на повисоки коефици- ент на сложеност за типични работни места.
Член 53
Основната плата се пресметува и исплатува како месечна плата најдоцна 15 дена по изминување на ис- платниот период.
Со колективен договор на ниво на работодавач, ра- ботодавачот и синдикатот можат да утврдат и неделна плата која се пресметува и исплатува со истекот на ра- ботната недела.
Член 54
Работодавачот кај кого настанале потешкотии во работењето врз основа на изготвена програма со која се обезбедува надминување на настанатите проблеми, а со согласност од синдикатот може да утврди отстапу- вање од најниската плата утврдена со член 48 од овој колективен договор, со тоа што намалувањето на нај- ниската плата не може да изнесува повеќе од 20% и не може да трае подолго од 6 месеци.
Работодавачот е должен на работниците да им из- врши исплата на разликата меѓу најниската плата за одделни коефициенти на сложеност и помалку испла- тената плата во смисла на став 1 на овој член во рок од шсет месеци по надминувањето на тешкотиите.
А) Дел за работна успешност
Член 55
Критериуми и мерила за утврдување на работната успешност се: обем, квалитет, креативност и инвен- тивност, остварена продуктивност, економичност , заштеди во процесот на работење, ефикасност и корис- тење на средствата за работа и работното време, и дру- ги критериуми и мерила утврдени со КД на ниво на ра- ботодавач.
Работната успешност се мери, односно проценува за поединци или групи на работници според однапред утврдени критериуми и мерила со кои работникот се запознава пред да почне да работи.
Резултатите од работењето на работникот ги ут- врдува, односно оценува работникот кој го води и ор- ганизира процесот на работа.
Член 56
Во случај кога повеќе од 30% од работниците не ги исполнуваат утврдените норми и нормативи, синдика- тот покренува иницијатива за нивно преиспитување.
Член 57
Дел од платата по основ на работна успешност се пресметува и исплатува заедно со основната плата.
Б) Дел за деловна успешност
Член 58
На работникот може да му се исплати и дел по ос- нов на деловна успешност на работодавачот.
В) Додатоци на плата
Член 59
Основната плата за одделни степени на сложеност на работникот се зголемува кога работникот работи во услови потешки од нормалните за определено работно место а особено:
- Работни задачи во чие извршување работникот постојано е изложен на неповолните влијанија на око- лината (чад, саѓе, топол пепел, прашина, влага, високи, односно ниски температури, бучава, блескава вештачка светлина, работа во темни простории или во простории со несоодветно обоено светло).
- При работни задачи во кои согласно прописите работникот постојано употребува заштитни средства како што се: заштитни чевли, гас маски, маски против прав, уреди за доведување свеж воздух или други заш- титни средства.
- Работи при кои работникот е изложен на посебни опасности (пожар, вода, експлозија).
Со колективен договор на ниво на работодавач, се утврдуваат потешките услови за работа од нормалните за одделни работни места и износот на зголемувањето по тој основ не зависи од висината на платата на работ- никот, туку се утврдува во единствен износ за сите ра- ботници што работат во тие потешки услови на работа.
Со колективен договор на ниво на работодавач, со методологија, се вреднуваат потешките услови за рабо- та од нормалните за одделни работни места.
Член 60
Основната плата на работникот се зголемува по час најмалку за:
прекувремена работа до 8 часа неделно 35%, а прекувремена работа повеќе од 8 часа неделно | 50 % |
работа ноќе | 35% |
работа во три смени | 5% |
работа во ден на неделен одмор | 50% |
За работа во денови на празници и неработни дено- ви утврдени со закон, работникот има право на надо- мест на платата што му припаѓа кога во тие денови не работи и плата за поминатите часови на работа зголе- мена за 50%.
Додатоците, меѓусебно не се исклучуваат.
Со Колективен договор на ниво на работодавач мо- же да се регулираат и други основни за зголемување на платата по час (дежурство и др.)
Правото на зголемен надоместок по основ работа ноќе работникот го остварува само за ефективно прове- дено работно време во тој период.
Правото на зголемен надоместок по основ на рабо- та во три смени работникот го остварува само за ефек- тивно проведено работно време во смени.
Член 61
Основната плата на работникот се зголемува за 0,5% за секоја година работен стаж.
Член 62
Платата на членовите на органите на управување и работниците со посебни овластувања и одговорности утврдени со Акт на работодавачот, ја определува орга- нот што ги избрал.
Член 63
Инвалид на трудот има право на работа со скратено работно време, односно вработување на друга соодвет- на работа, преквалификација или доквалификација, ка- ко и право на соодветен паричен надоместок во врска со користењето на тие права, во согласност со пропи- сите за пензиско-инвалидско осигурување, колективен договор на ниво на гранка, односно на ниво на работо- давач.
Член 64
Платата на работникот кој е 5 години пред испол- нување на условите за пензија, а е распореден на по- малку вреднувано работно место, не може да биде по- мала од платата што ја примал пред распоредувањето, валоризирана за тековниот пораст на платите кај рабо- тодавачот.
2. Надоместоци на плата
Член 65
Работодавачот на работникот му исплатува надо- мест на плата за:
- боледување-за време на привремена неспособност од работа;
- годишен одмор;
- платен вонреден одмор;
- за време на прекин на работниот процес од причи- ни од страна на работодавачот;
- празници и неработни денови утврдени со закон или друг пропис;
- од работа слободни денови;
- дообразование, стручно оспособување и преквали- фикација, односно доквалификација согласно со потре- бите на работодавачот;
- синдикално образование;
- за време на отказен рок;
- и други случаи утврдени со колективен договор на ниво на работодавач.
Во случаите од предходниот став на работникот му припаѓа надоместок на плата во висина од неговата по- следна исплатена плата.
Член 66
Работникот има право на надомест на плата по ос- нов на придонесот од иновации, рационализации и други видови творештва, за потребите на работодава- чот, кој се утврдува со договор склучен меѓу работни- кот и работодавачот.
Член 67
За време на приправничкиот стаж на работникот му припаѓа плата најмалку 80% од платата за одделен сте- пен на сложеност предвидена за работното место за кое се оспособува.
Член 68
За време на времена неспособност за работа до 15 дена работникот има право на надомест на плата во ви- сина од 70%, а над 15 дена почнувајќи од првиот ден на боледувањето за сите денови од 90% од основицата утврдена со закон, како и надомест на плата во висина од 90% од основицата во случаи утврдени со закон кога боледувањето над 30 дена го плаќа работодава- чот.
За време на времена неспособност за работа поради повреда на работа и професионано заболување работ- никот има право на надоместок на плата во висина на неговата плата исплатена во претходниот месец.
Член 69
Надоместокот на плата на работникот за време на прекин на работниот процес од деловни причини изне- сува 70% од неговата плата за период до 3 месеци во тековната година.
Член 70
За време на штрајк кој е организиран заради повре- дени права на работниците уредени со закон, колекти- вен договор и со договорот за вработување: три неис- платени плати; неплатени придонеси и надоместоци; непотпишување на колективен договор и необезбедени услови за работа, работодавачот на работникот му ис- платува надоместок на плата во висина од 100% од основната плата на работникот, за време од пет работ- ни дена за остварени права, а над пет работни дена 60% од основната плата на работникот.
Работникот ќе се стекне со право на надомест од плата само во случај ако легитимноста на штрајкот е во согласност со актот на соодветниот синдикат, односно ако добие легитимност од соодветниот синдикат.
Член 71
Работникот добива надоместок на плати и тоа:
- за деновите поминати на годишен одмор;
- за деновите на празниците согласно со законот, или определени како неработни денови од страна на надлежен државен орган;
- за деновите на платено отсуство согласно со овој колективен договор;
- за време на стручно оспособување и преквалифи- кација односно доквалилификација согласно со потре- бите на работодавачот;
- за време на извршување на синдикални актив- ности, избраните членови во органите на синдикатот на повисоко ниво, претседателот на синдикалната орга- низација и членовите на синдикалниот одбор.
Основицата за пресметката претставува остварена- та плата на работникот во тековниот месец.
3. Надоместување на трошоците поврзани со работата
Член 72
Работникот има право на надомест на трошоците поврзани со работа, утвредни со закон и колективен договор и тоа:
- Работодавачот на свој трошок на работниците им организира превоз до и од работното место, како и ис- храна за време на работа.
- Работодавачот, доколку не организирал исхрана за време на работа или нема организиран превоз до и од работното место, на работниците да им ја зголеми пла- тата за износот на трошоците по основ на исхрана за време на работа и превоз до и од работа, пресметани согласно со закон и овој колективен договор.
- Трошоците за исхрана изнесуваат 145 ден на ден, а трошоците за превоз во висина на стварните трошоци во јавниот сообраќај.
- Доколку работодавачот претходно ги вградил пра- вата на исхрана и превоз во платата, согласно ставови- те 1 и 2 од овој член, може дополнително на свој тро- шок на работниците да им организира исхрана за време на работа и превоз до и од работното место.
- Дневници за службени патувања во земјата во ви- сина од 8% од основицата;
- За време на службено патување на работникот му следува во полн износ за следните случаи:
- за секои 24 часа поминати на службен пат;
- за остатокот на времето подолго од 12 часа, кога службеното патување траело повеќе од еден ден;
- кога службеното патување трае подолго од 12 часа, а пократко од 24 часа.
- Половина дневница му припаѓа на работникот, ако патувањето траело повеќе од 8, а помалку од 12 часа, како и за остатокот од времето поминато на пат подолго од 8, а пократко од 12 часа, кога службеното патување траело повеќе од 1 ден.
- Дневници за службени патувања во странство нај- малку во висина од Уредбата за издатоците за службен пат и селидби во странство што на органите на управа- та им се признаваат во тековни трошоци;
- Работникот има право на теренски додаток во зем- јата, за работа на терен надвор од седиштето на работо- давачот, во зависност од обезбедените услови за прес- тој на работникот на терен (сместување, исхрана и др.), во висина утврдена согласно колективен договор на ниво на работодавач.
- Надомест за одвоен живот од семејството, во ви- сина xxxxxxxx со колективен договор на ниво на рабо- тодавач, но не помалку од 60% од основицата. Работ- никот го користи правото на овој надоместок во це- лост, само во случај кога нема организирано сместува- ње и исхрана;
- Надоместокот за одвоен живот се исплатува кога работникот е распореден, односно упатен на работа надвор од седиштето на фирмата или надвор од место- то на постојаното живеалиште;
- Надомест на трошоците за користење на сопствен автомобил за потреби на работодавачот во висина од 30% од цената на литар гориво што го корисити авто- мобилот за секој изминат километар;
- Надомест на трошоците при селидба за потребите на работодавачот, во висина на стварните трошоци;
- Покрај надоместоците од став 1 на овој член сог- ласно колективен договор, на работникот му се испла- тува надоместок и за:
- регрес за годишен одмор во висина која изнесува најмалку 45% од основицата за прехранбена индустри- ја со тоа што износите заклучно со 25.12.2015 да се ко- регираат,
- регрес за годишен одмор во висина која изнесува најмалку 40% од основицата за гранката земјоделство со тоа што износите заклучно со 25.12.2015 да се коре- гираат,
- во случај на смрт на работник на неговото семеј- ство се исплатува надоместок во висина од три осно- вици;
- во случај на смрт на член на семејното дома- ќинство (деца и брачен другар) на работникот му се исплатува надоместок во висина од 2 основици;
- во случај на потешки последици од елементарни непогоди најмалку во висина од една основица;
- за непрекинато боледување подолго од 6 месеци поради повреда на работа или професионално заболу- вање во висина на основицата;
- за јубилејна награда во висина на основицата - за најмалку 10 години работа кај ист работодавач;
- при заминување во пензија најмалку двократен из- нос од основицата;
- работодавачот на работникот може да му исплати новогодишен надоместок во висина која изнесува нај- малку 50 % од основицата.
Основицата за пресметување на надоместоците на работниците преставува просечната месечна нето плата по работник во Република Македонија исплатена во последните три месеци.
На работникот му се исплатуваат и други надомес- тоци согласно колективен договор ниво на работода- вач.
Член 73
Работодавачот може да му исплати на работникот 13та плата, доколку работодавачот има можност да ја исплати.
IX. РАБОТНО ВРЕМЕ Член 74
Работното време не може да изнесува повеќе од 40
часа неделно.
Работната недела трае по правило 5 работни дена. Со колективен договор на ниво на работодавач сог-
ласно закон може да се утврди пократко неделно ра- ботно време од 40 часа.
Со одлука од претходниот став се утврдуваат усло- вите и деловите од работниот процесс на работодава- чот за кои се скратува работното време.
Работното време од став 3 на овој член се смета за полно работно време.
Член 75
На работникот кој работи на особено тешки,напор- ни и штетни по здравје работи, кои штетно влијаат врз неговото здравје односно работна способност не може
во целост да се отстрани или попречи со примена на заштитни мерки, работното време му се скратува сраз- мерно на штетното влијание врз неговото здравје, од- носно работна способност во согласност со Закон и Колективен договор.
Со колективен договор на ниво на работодавач се утврдуваат условите за работа потешки од нормалните за поедини работни места во друштвото.Елементи за потешки услови за работа кои задолжително мораат да се земат во предвид се следниве:
- Влијание на околината (клима, бучава, вибрации, зрачење, влага, штетни гасови, биолошки влијанијаи др).
- Физички и психички оптоварувања (оптоварување на сетилата, тешки физички напори со можни послед- ици за здравјето, работа со нечисти материи и др)
- Опасност по здравјето и животот на работното место (опасност од алатите или предметите на трудот, од транспортните средства и средствата на јавниот со- обраќај, опасности од паѓање, електрична струја, од затрупување, експлозија, жешки и вжарени предмети или материи, нагризувачки материјали и др.).
Член 76
Кога тоа го бара природата на дејноста односно ра- ботата и работните задачи и организацијата на рабо- тата, подобро користење на средствата за работа,пора- ционалното користење на работното време и извршува- ње на определени работи и задачи со утврдени рокови, одржување и ремонт, изготвување на пресметки и ана- лизи, спазување на одредени рокови во интерес на ра- ботодавачот, со одлука за прераспределба на работно време донесена од страна на работодавачот.
Прераспределбата на работното време се врши така да во определени временски периоди во текот на годи- ната биде подолго од осум часа дневно, а во останатиот период пократко од осум часа дневно, со тоа да вкуп- ното работно време на работникот во просек не биде подолго од 40 часа во работната недела во текот на го- дината, а да се обезбеди соодветен одмор на работни- кот помеѓу работните денови кој не може да биде пок- раток од 12 часа.
Како полно работно време од осум работни часа се смета и скратеното работно време, пократко од осум часа, и во тој случај на работникот му следува исхрана.
Прераспределбата на работното време во писмена одлука ја донесува овластениот работник.
За одделни организациони единици, прераспредел- бата на работното време може различно да се регулира, во зависност од дејноста која се обавува во тие органи- зациони единици.
Член 77
Дневното работно време, вклучувајќи и прекувре- мена работа не може да трае повеќе од 10 часа дневно, а најмногу 190 часа годишно.
По исклучок од претходниот став дневното работно време може да трае и подолго, само во случај на еле- ментарна непогода или потешка хаварија што се случи- ла кај работодавачот.
За работните места кај кои постои поголема опас- ност од повреди или здравствени оштетувања, со ко- лективен договор на ниво на работодавач полното ра- ботно време може да трае помалку од 36 часа неделно.
Член 78
Почетокот и крајот на работното време, вклучувај- ки ги паузите, организацијата на работа во смени, рабо- та во турнус, клизно работно време, двосменско рабо- тење, промената на работното време и останатите усло- ви за искористување на полното работно време во ра- ботната недела се утврдува со колективен договор на ниво на работодавач.
Промена на дневното работно време не може да се менува во текот на работниот ден, освен во итни и не- одложни работи.
Член 79
Евиденцијата за полното работно време ја органи- зира и врши овластена надлежна служба или овластен поединец на начин и со вообичаени средства така што да биде исклучена можноста за злоупотреба на работ- ното време и од работодавачот и од работникот.
Со писмено барање на работникот до претставни- кот на синдикатот и работодавачот, претставникот на синдикатот има право на увид во евиденцијата на ра- ботното време на работникот.
1. Прекувремена работа
Член 80
(1) Работникот е должен на барање на работодава- чот да врши работа преку полното работно време (пре- кувремена работа);
- во случај на исклучително зголемување на обемот на работата;
- ако е потребно продолжување на деловниот или производниот процес;
- ако е нужно да се отстрани оштетување на сред- ствата за работа, што би предизвикало прекинување на работата;
- ако е потребно да се обезбеди безбедност на луѓе- то и имотот, како и безбедноста на прометот и
- во други случаи определени со закон или колекти- вен договор.
(2) Прекувремената работа може да трае најмногу 8 часа во текот на една недела и најмногу 190 часа го- дишно, освен за работите кои поради специфичниот процес на работа не можат да се прекинат или за кои нема услови и можности да се организира работата во смени.
(3) На работникот кој работел над 150 часа подолго од полното работно време, а не отсуствувал од работа повеќе од 21 ден во текот на годината, кај истиот рабо- тодавач, работодавачот е должен да му исплати покрај додатокот на плата и бонус во висина од една просечна плата во Републиката.
(4) Работодавачот е должен да води посебна еви- денција за прекувремената работа и часовите за пре- кувремената работа посебно да ги наведе во месечната пресметка на платата на работникот.
(5) Ако работодавачот воведува прекувремена рабо- та подолга од ставот (2) на овој член е должен да из- врши прераспоредување на работното време или вове- дување на нови смени.
2. Ноќна работа
Член 81
Како ноќна работа се смета работењето во времето меѓу 22,00 часот и 6,00 часот наредниот ден. Ако со распоредувањето на работното време е одредена ноќна работна смена, за ноќно работење се сметаат осум неп- рекинати часа од 22,00 и 7,00 идниот ден.
Права на работниците кои работат ноќе
Член 82
(1) Работникот кој работи ноќе барем три часа од својата редовна дневна работна обврска, односно ра- ботникот кој одработува ноќе третина од полното ра- ботно време од својата годишна работна обврска, има право на посебна заштита за ноќна работа.
(2) Ако на работник заради ноќна работа според мислење на лекарската комисија заради таквото рабо- тење би можела да му се влоши здравствената состојба, работодавачот е должен да го ангажира на соодветна работа дење.
(3) Работодавачот е должен на работниците кои ра- ботат ноќе да им обезбеди:
- подолг одмор;
- соодветна храна;
- стручно раководство на работниот, односно про- изводниот процес и
- лекарски прегледи.
(4) Ако работата се врши во смени, работодавачот е должен да обезбеди периодично менување на работни- ците. При тоа работникот во ноќна смена смее да рабо- ти најдолго една недела.
(5) Работодавачот не смее да го распореди на ноќна работа работникот на кој нема да му обезбеди услови за превоз до и од работа.
Ограничувања на работата ноќе
Член 83
(1) Работното време на работникот кој работи ноќе до 4 месеца не смее да трае повеќе од 8 часа дневно.
(2) Работното време на работникот кој работи ноќе на работно место, каде што постојат поголеми опаснос- ти од повреди или здравствени оштетувања, не смее да трае повеќе од 8 часа дневно.
Консултирање со синдикатот
Член 84
Работодавачот е должен пред воведувањето на ноќ- ната работа, ако ноќната работа редовно се врши со ра- ботници кои работат ноќе најмалку еднаш годишно, да се консултира со Агро-Синдикатот кај работодавачот за одредување на времето, кое што се смета како време за ноќното работење, за облиците на организирање на ноќното работење,за мерките за заштита при работа, како и мерките од социјална заштита.
X. ПАУЗИ И ОДМОРИ
1. Паузи за време на работното време
Член 85
Времето за користење на 30 минутна пауза за време на работното време, утврдено со ЗРО, се регулира со Колективен договор на ниво на работодавач.
Одмор помеќу два последователни дена
на организирањето на ПВО со изготвена програма претходно разгледана од Агро-Синдикатот кај работо- давачот и добиено мислење од него, во рок од 5 работ- ни дена.
Врз основа на одлуката на органот на управување за организирање на ПВО овластен работник кај работо- давачот изготвува план за спроведување на ПВО, орга- нот на управување со решение поединечно ги опреде- лува работниците кои се упатуваат на ПВО и ја опреде- лува должината на тој одмор.
Приговорот поднесен против решението за упатува- ње на работникот на ПВО не го задржува извршување- то на решението.
По престанување на условите и околностите, орга- нот на управување во друштвото со одлука утврдува дека престанала потребата за организирање на ПВО во соодветниот организационен дел односно технолошко- техничкиот производен процес и дека се создадени ус- лови за редовно производство односно работа по ис- тиот.
Член 86
Работникот има право на одмор меќу два последо- вателни работни дена во траење од најмалку 12 часа непрекинато, освен во случај на елементарни непогоди.
Неделен одмор
Член 87
Работникот има право на неделен одмор во траење од најмалку 24 часа непрекинато, по правило сабота и недела.
Заради објективни, технички и организациони при- чини на работникот може да му се обезбеди неделен одмор во некој друг ден во неделата.
2. Привремен вонреден одмор
Член 88
Во услови и околности на целосно или делумно престанување на производниот процесс или намалува- ње на обемот на работата во одредени организациони делови односно делови на производниот процес, од- носно работа кај работодавачот, работниците од тие организациони делови односно производни процеси се упатуваат на привремен вонреден одмор (во поната- мошниот текст ПВО).
Синдикалниот преставник не може да биде упатен на вонреден одмор.
Член 89
Одлука за организирање на ПВО донесува органот на управување во друштвото.
Овластен работник од работодавачот го определува организациониот дел и делот на производниот процес односно работата во која се исполнети условите и околностите за организирање на ПВО и времетраењето
Член 90
На работните места каде што процесот на произ- водството и работата тоа го дозволуваат, се врши наиз- менично упатување и враќање на работниците на ПВО при што се обезбедува сигурноста на објектите и постројките и квалитетот на работата.
Член 91
Упатувањето на работниците на ПВО не може да трае повеќе од 3 месеци во текот на една календарска година.
Член 92
Синдикалните преставници имаат право да бараат информации за применување на одлуката и Програма- та за упатување на ПВО и нејзиното спроведување.
3. Определување на траењето на годишниот одмор
Член 93
Работникот има право на годишен одмор во текот на една календарска година во траење од најмалку 20 работни дена.
Должината на годишниот одмор над законски ут- врдените 20 работни дена се зголемува според степе- нот на сложеност на работното место, работниот стаж, условите за работа, возраста и инвалидноста.
Годишниот одмор на работникот согласно критери- умите од став 2 се зголемува:
1. За времето поминато во работен однос:
до 5 години работен стаж | до 1 работен ден |
од 6 до 10 години работен стаж | до 3 работни дена |
од 11 до 15 години работен стаж | до 4 работни дена |
од 16 до 20 години работен стаж | до 5 работни ден |
над 20 години работен стаж | до 6 работни xxxx |
2. За сложеноста на работите на работното место:
поедноставни работни задачи | до 2 работни дена |
посложени работни задачи | до 3 работни дена |
најсложени работни задачи | до 4 работни дена |
3. За здравствената состојба и други социјални ус- лови во кои живее работникот - до 3 работни дена
4. За бенифициран стаж утврде за одредена работа - до 3 работни дена
Повозрасен работник - маж со над 59 години и жена со над 57 години живот, работник - инвалид, работник со најмалку 60% телесно оштетување и работник кој негува и чува дете со телесен или душевен недостаток, има право на уште 3 работни дена годишен одмор.
Работник помлад од 18 години има право на годи- шен одмор зголемен за 7 работни дена.
Со колективен договор на ниво на ниво на работо- давач можат да се утврдат и други критериуми.
Доколку работникот го надминува максимумот по основ на критериумите во овој член има право на го- дишен одмор само до 26 работни дена.
Должината на годишниот одмор стекната по точка 5 може да изнесува и повеќе од 26 работни дена.
Член 94
Со колективен договор на ниво на работодавач се определува траењето на годишниот одмор за работни- ците кои работат под потешки улови за работа и за други категории работници, но не подолго од 36 работ- ни дена.
Под потешки услови за работа во смисла на прет- ходниот став се смета онаа работа за која е утврден бе- нифициран стаж, работа со скратено работно време, особено тешка физичка работа, работа под зголемен ат- мосферски притисок, работа во вода или влага, работа изложена на јонизирачки зрачења, работа на висока температура и гасови, работа во прашина, работа со хе- микалии, работа со нагризувачки материјали. Договор- ните страни ги одредуваат тешките услови за работа со колективен договор на ниво на работодавач.
Член 95
Годишниот одмор се користи во непрекинато тра- ење.
Годишниот одмор може да се користи и во два дела.
Ако работникот го користи годишниот одмор во де- лови, првиот дел го користи во траење од најмалку 12 работни дена без прекин во текот на календарската го- дина, а вториот дел до крајот на месец јуни во наредна- та година.
Работникот кој сака вториот дел од годишниот од- мор да го користи по сопствена желба, треба најмалку 8 дена пред одењето на одмор да однесе писмено бара- ње до раководителот на работната единица во која ра- боти, заради обезбедување на непрекинато работење во работната единица.
Ако за време на годишниот одмор работникот ко- ристи боледување, должен е за тоа веднаш да го извес- ти непосредниот раководител.
Времетраењето на боледувањето не се смета во го- дишниот одмор.
Член 96
Работникот има право 3 дена од годишниот одмор да користи по своја желба за свои лични потреби, за што е должен да го извести непосредниот раководител пред користењето на тоа право и да добие одобрение од истиот.
Саботите се сметаат како неработни денови при ко- ристењето на годишниот одмор.
Ако работникот повторно заснова работен однос во рок од 8 дена од престанокот на претходниот работен однос не се смета за прекин на работа заради стекнува- ње на право на годишен одмор.
Член 97
Работникот го користи годишниот одмор согласно планот за користење на годишни одмори донесен во Друштвото.
При изготвување на планот за користење на годиш- ни одмори се води сметка истите работници да не го користат годишниот одмор секоја година во исто време, како и за желбите на работниците, доколку тоа не е во спротивност со барањата на процесот на работа. Решение за користење на годишен одмор донесува
Работоводниот орган на работодавачот или од него ов- ластено лице.
4. Платен одмор
Член 98
Работникот има право на платен одмор заради лич- ни и семејни околности до 7 работни дена во текот на една календарска година во следните случаи:
за склучување на брак | 3 дена |
за склучување брак на дете | 2 дена |
за раѓање или посвојвуање дете | 2 дена |
за смрт на сопружник или дете | 5 дена |
за смрт на родител, брат, сестра | 2 дена |
за смрт на родител на сопружник | 2 дена |
за смрт на дедо или баба | 1 ден |
за полагање на стручен или друг испит за потребите на работодавачот до | 3 дена |
за елементарни непогоди | 3 дена |
за селидба на семејството | 2 дена |
Во случаите од став 1, отсуството од работа се обез- бедува и се користи во деновите на траењето на осно- вот врз основа на кој се остварува, без оглед на барање- то на процесот на работа.
Член 99
Работникот може да отсуствува од работа со надо- мест на плата и во следниве случаи:
- кога е упатен на стручно усовршување или обра- зование;
- кога е упатен на научно стручна работа;
- кога е упатен на синдикално школување и усовр- шување.
Член 100
Доброволните дарители на крв имаат право на два последователни работни денови за секое давање на крв и тоа денот кога дава крв и наредниот ден.
Во случај на давање на крв во неработен ден, дари- телот има право на 2 последователни слободни работ- ни денови со претходна најава.
Слободните денови се сметаат како денови помина- ти на работа.
Член 101
Работникот може да отсуствува од работа во текот на календарската година без надоместок на плата и придонеси од плата најдолго 3 месеци, во следните случаи:
- за нега на член на семејство;
- за изградба или поправка на куќа, односно стан;
- за учество на културни и спортски приредби;
- за учество на конгреси, конференции и сл.;
- за припрема и полагање на стручен испит;
- за лечење за своја сметка;
- во други случаи утврдени во колективен договор на ниво на работодавач.
За време на користење на неплатеното отсуство, на работникот му мируваат правата и обврските од рабо- тен однос.
Член 102
Решение за користење на отсуството од работа со надомест и без надомест на плата како и за мирување на правата и обврските предвидени со закон и овој Ко- лективен Договор, донесува надлежен орган на работо- давачот.
Член 103
За користење на платено или неплатено отсуство од работа,работникот е должен да поднесе писмено бара- ње до надлежниот орган на работодавачот.
XI. XXXXX РЕШАВАЊЕ НА ИНДИВИДУАЛНИТЕ И КОЛЕКТИВНИТЕ РАБОТНИ СПОРОВИ
Член 104
Индивидуалните и колективните работни спорови можат да се решаваат во согласност со Законот за ра- ботни односи и Закон за мирно решавање на работните спорови.
Индивидуален работен спор претставува спор во врска со остварувањето на правата на работникот ут- врдени со Закон, Колективниот договор и Договорот за вработување.
Колективни работни спорови се спорови во врска со склучувањето, измената и дополнувањето и приме- ната на Колективниот договор, остварување на правото на синдикално организирање и штрајк.
Член 105
Споровите кои не можат да се решат со меѓусебно спогодување, можат да се решат по пат на помирување или по пат на арбитража.
Член 106
Лицата помирувачи, односно арбитри страните во спорот ги бираат од Листата на помирувачи односно арбитри што ја утврдуваа самите.
Страните во спорот заеднички го определуваат тре- тиот член во постапката за помирување односно арбит- ража.
Лицата помирувачи, односно арбитри страните во спорот ги бираат од Регистарот на помирувачи однос- но арбитри на МТСП.
Страните во спорот заеднички го определуваат тре- тиот член во постапката за помирување односно арбит- ража.
Член 107
Во случај на колективен спор меѓу работодавачот и сите работници или поголема група вработени, во врска со остварување на веќе утврдени права од работ- ниот однос со закон или колективен договор, спорот ќе се решава во постапка за помирување и арбитража.
Во случај на колективен спор сите рокови за инди- видуално остварување и заштита на правата од работен однос, согласно закон и овој колективен договор, поч- нуваат да течат со денот кога странките прогласиле не- успешност на преговарањето односно арбитражата.
1. Постапка за помирување (мировен совет)
Член 108
Индивидуалните и колективните работни спорови можат да се решаваат пред посебен Мировен совет, во согласност со Законот.
XII. ИНФОРМИРАЊЕ И КОНСУЛТИРАЊЕ НА РАБОТНИЦИТЕ
Член 109
Работодавачот обезбедува задолжително редовно и навремено информирање на работниците за деловните и развојните решенија од влијание на економската и социјалната положба на работниците, а особено за:
- годишни и повеќегодишни планови за развој;
- организациски промени;
- одлуки со кои се уредуваат правата од работен од- нос на работниците;
- годишни деловни резултати;
- други значајни деловни и развојни решенија;
- други прашања од заеднички интерес.
Информирањето се врши писмено, а за одредени работи и усно и може да се врши, преку гласило, бил- тен, на состаноци и на друг начин утврден со колекти- вен договор на ниво на работодавач.
Член 110
Работодавачот најмалку еднаш годишно или по потреба, обезбедува информирање на работниците за прашања кои се од значење за нивната економска и со- цијална положба.
Информирањето се врши на начин соодветен на ин- формацијата што треба да се пренесе и може да се од- несува за сите или за одредена група вработени.
Информирањето може да биде: писмено или усно, преку овластен претставник.
Член 111
Консултирање значи размена на мислења и вос- поставување на дијалог меѓу преставниците на синди- катот, односно работниците и работодавачот секогаш кога е потребно во случаите утврдени со закон, а осо- бено за економската состојба, за одлуките кои можат да доведат до суштински промени во организација на работата или во договорните обврски, во случај на пре- несување на трговско друштво или делови на трговско друштво, како и кога работодавачот има намера да спроведе колективни отпуштања.
Член 112
На ниво на работодавач синдикатот избира или именува претставник за информирање и консултирање. За избраниот или именуваниот претставник синди-
катот го информира работодавачот.
XIII. ПРЕТСТАВНИК НА РАБОТНИЦИТЕ ЗА БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ ПРИ РАБОТА
Член 113
Претставникот за безбедност и здравје при работа го избираат вработените од своите редови, на синдика- лен собир на мнозинскиот синдикат, по предлог на синдикатот.
Бројот на претставниците зависи од бројот на вра- ботените во претпријатието, согласно Законот за без- бедност и здравје при работа.
Учество на работниците во работењето
Член 114
Органот на управување на работодавачот, во рам- ките на своите надлежности се грижи за остварување на правата на работниците во согласност со Законот, Статутот на работодавачот, овој Колективен договор и со други општи акти, со кои на работниците им се овозможува:
- Да го следат извршувањето на одредбите на овој Колективен договор и на другите акти на работодава- чот кои се однесуваат на социјалната и економската положба на работниците;
- Да ги утврдуваат ставовите на работниците кои се доставуваат до надлежните органи на работодавачот и
- Да расправаат и да одлучуваат за предлозите на Синдикатот.
XIV. СТРУЧНО ОСПОСОБУВАЊЕ И ОБРАЗОВАНИЕ НА РАБОТНИЦИТЕ
Член 115
Работникот има право на стручно оспособување и образование во зависност од процесот на работа кога тоа е во интерес на работодавачот.
Работникот е должен стручно да се оспособува и образува доколку работодавачот го упати на стручно оспсобување и образование.
Доколку стручното оспособување и образование е организирано во текот на работното време, работникот користи платено отсуство поради оспособување и об- разование.
Програмата, времетраењето, правата и обврските на договорените страни во однос на образованието, дош- колувањето и оспособувањето на работниците во врска со потребите на работодавачот се уредуваат со колек- тивен договор на ниво на работодавачот.
Член 116
На работникот кој во интерес на работодавачот е упатен на стручно оспособување и образование, му се исплаќа редовно и соодветен износ на трошоците сврзани со тоа, како што се:
- превоз;
- котизација, школарина;
- трошоци за исхрана, и
- трошоци за престој.
Член 117
По завршувањето на стручното оспособување, преквалификација односно доквалификација, за потре- бите на работодавачот, работодавачот може да му по- нуди нов договор за вработување.
Член 118
Работникот кој се образува, дошколува или оспосо- бува од сопствен интерес има право на платено отсус- тво од работата заради полагање на испити и тоа:
- 2 работни дена секое прво полагање на испит од IV до VI степен на образование;
- 3 работни дена за секое прво полагање испит за VII степен на образование;
- 5 работни дена за полагање магистратура или док- торат.
Ученици и студенти
Член 119
Работодавачот во договор со надлежната образовна организација прифаќа ученици и студенти на практич- на работа.
На учениците и студентите што ќе вршат практична работа во друштвото им се обезбедува обука за зашти- та при работа, соодветни заштитни средства, исхрана и превоз до работа и од работа, доколку такви се органи- зирани и соодветен инструктор.
Одлука за прием на ученици и студенти на пракса донесува овластено лице.
XV. УСЛОВИ ЗА РАБОТА НА СИНДИКАТОТ
Член 120
Работодавачот кај кој Агро Синдикатот има члено- ви е должен да создаде услови за извршување на фун- кциите на Агро Синдикатот во врска со заштитата на правата на работниците од работниот однос, утврдени со закон и овој Колективен договор.
Активноста на Агро Синдикатот и на неговите преставници во согласност со став 1 од овој член, не може да се ограничи или спречи со акт на органите на работодавачот.
Член 121
На барање на Синдикатот, работодавачот доставува податоци и информации за оние прашања што имаат најнепосредно влијание врз материјалната и социјална- та положба на членовите на Синдикатот (работниците) и ги разгледува мислењата и предлозите на Синдикатот во постапката на донесување одлуки и решенија што имаат битно влијание врз материјалната и социјалната положба, односно во остварувањето на правата на ра- ботниците.
На претседателот на синдикалната организација и на членовите на Синдикалниот одбор им се овозможу- ва непречено комуницирање со работодавачот, или од него овластено лице и со сите работници во претприја- тието, кога тоа е неопходно за остварување на функци- јата на Синдикатот.
На овластениот синдикален претставник кој не е вработен кај работодавачот, мора да му се овозможи непречена комуникација и синдикална активност од страна на работодавачот.
Член 122
На барање на Синдикатот, му се обезбедуваат сле- дниве услови:
1) Пристап кон податоци и информации за оние прашања кои имаат најнепосредно влијание врз мате- ријалната и социјалната положба на работниците како и информација за вкупната општествено-економска, материјална и социјална положба на вработените во друштвото.
2) Со свои мислења и предлози да учествува во по- стапката на донесувања на одлуки кои имаат битно влијание врз материјалната и социјалната положба на работниците, а органите на работодавачот да ги разгле- даат истите во присуство на преставник на Синдика- тот.
3) Да дава мислења за одговорност на работникот за сторени повреди на работната должност и работните обврски како и застапување на работниците пред над- лежниот орган на Друштвото и надвор од него.
Работодавачот е должен да обезбеди работни прос- тории, стручни, административни и технички услови за работа на Синдикатот, што се регулира со посебен до- говор за делување и работа на Синдикатот во Друш- твото.
Работодавачот ја пресметува синдикалната члена- рина од платата и согласно Одлуката на Агро-Синдика- тот, ја пренесува на соодветните синдикални сметки.
На преставникот на Синдикатот да му се овозможу- ви непречено комуницирање со преставниците на орга- ните на управување, работоводните органи и да му се дозволи пристап до одредени работни места кога е тоа потребно за остварување на функцијата на Синдикатот и заштита на неговите членови.
Кога на органите на управување се расправа за пра- вата на работниците му овозможува на синдикалниот преставник учество во расправата.
На синдикалните преставници и активисти им овоз- можува отсуство од работа со надомест на плата за учество на синдикални состаноци, семинари, конгреси, конференции и др.
Член 123
Претседателот и членовите на Синдикалниот одбор на Синдикалната организација имаат посебна заштита и не можат да бидат повикани на одговорност ниту до- ведени во понеповолна положба, вклучувајки го прес- танокот на работниот однос, освен во случај на из- вршување на кривично дело и предизвикување на пого- лема материјална штета кај работодавачот, поради членство во Синдикатот или учество во синдикални ак- тивности со кои се штитат правата и интересите на ра- ботниците, ако постапуваат во согласност со Закон и Колективен договор.
Посебна заштита на претседателот и членовите на Синдикалниот одбор на Синдикатот трае за време на нивниот мандат и 2 години потоа.
Како синдикален претставник се сметаат и функци- онерите во синдикатот, кои се вработени кај работода- вачот, а својата функција ја извршуваат волонтерски.
Член 124
Претседателот на Синдикалната организација и членовите на Синдикалниот одбор, поради синдикални активности со кои се штитат правата и интересите на работниците, за време на мандадот и две години по завршување на мандатот, не може:
- да биде распореден на друго работно место кај ист или кај друг работодавач без негова согласност.;
- да биде утврден како технолошки вишок и распо- реден по тој основ;
- против него да се покрене постапка, односно да им престане работниот однос со отказ;
- да им се намали платата, освен ако не се намалува платата на сите работници во Друштвото.
- да биде упатен на привремен вонреден одмор
Член 125
Во случај на пренесување или преземање на рабо- тодавачот од друго трговско друштво или негов дел од гранката, синдикалната организација продолжува во целост да функционира.
Член 126
Со одлука на Синдикатот се утврдува бројот на синдикалните преставници кои уживаат заштита, а тоа се: членови на синдикалните одбори во синдикалните организации и бираните преставници во повисоките органи на синдикатот.
Член 127
Претседателот на Синдикалната организација кај работодавачот функцијата ја обавува професионално во синдикална организација со над 300 членови на Агро Синдикатот во договор со Агро Синдикатот.
За време на обавување на функцијата нему му при- паѓа плата во висина на платата што ја имал пред от- почнувањето на функцијата.
Платата на синдикалниот преставник ја обезбедува работодавачот.
Работодавачот е должен на синдикалниот престав- ник да му овозможи платено отсуство од работа заради ефикасно вршење на функциите на Агро Синдикатот и синдикално образование и оспособување. Претседате- лите на синдикалните организации,во друштва со по- мал број на вработените ,односно помалку од 300 чле- нови, заради обавување на синдикалните активности, како и за синдикално образование и оспособување, се ослободуваат од своите работни обврски до 32 часа во текот на месецот.
Членовите на синдикалниот одбор, заради обавува- ње на синдикалните активности,како и за синдикално образование и оспособување, се ослободуваат од свои- те работни обврски до 10 часа во текот на месецот.
Времето определено од став 4 и 5 од овој член син- дикалниот преставник ќе го користи спрема потребите на синдикалните активности.
Отсуството надвор од овие предвидени часови син- дикалните претставници го правдаат со покана.
Членовите на Синдикатот и членовите на Синди- калните органи синдикално се образуваат односно еду- цираат, за што трошоците ги партиципира работодава- чот по Програма на Агро Синдикатот, а висината на партиципацијата се одредува со колективен договор на ниво на работодавач.
За тоа време синдикалниот преставник има право на надомест на плата во висина на неговата плата и си- те други надоместоци.
Член 128
Претседателот како и членови на Синдикална орга- низација кои се избрани во повисоките органи на Син- дикатот, односно именувани во органите на Синдика- тот, чие вршење бара привремено да престанат да рабо- тат кај работодавачот, имаат право по престанување на функцијата што ја вршеле, во рок од 5 дена, да се вра- тат кај работодавачот на работи и работно место на кое претходно работел или на соодветно место кое одгова- ра на нивната стручна подготовка, за што се склучува посебен договор со работодавачот.
XVI.ОСТВАРУВАЊЕ И ЗАШТИТА НА ПРАВАТА НА РАБОТНИЦИТЕ
Член 129
Доколку работодавачот не му обезбедува било кое од правата на работникот од работен однос утврдени со закон, колективен договор и договорот за вработу- вање, работникот има право писмено да бара нивно ис- полнување и да го извести работодавачот и Синдикал- ната организација.
Работодавачот е должен во рок од 15 дена да одго- вори во писмена форма на барањето.
Член 130
Ако правото по основ на работен однос на работни- кот е прекршено со писмена одлука или друг писмен акт на работодавачот, работникот има право во рок од 8 дена да поднесе писмено барање за поништување, укинување или преиначување на одлуката, односно конкретниот писмен акт, односно да го отстрани крше- њето на правото.
Ако работодавачот во натамошниот рок од 8 дена од врачувањето на писменото барање не одлучи по ба- рањето, односно не го отстрани кршењето на правото работникот може во рок од 15 дена да бара судска заш- тита пред надлежниот суд.
Член 131
До колку работникот смета дека одлука за отказ на договорот за вработување е неоснована и незаконита може да поднесе тужба во рок од 15 дена од врачува- њето од страна на работодавачот, пред надлежен суд.
Член 132
Работникот има право да присуствува во поста- пката пред органот кој одлучува за поднесеното бара- ње во втор степен и притоа да биде застапуван од Син- дикатот.
Работникот кој отсуствува од работа заради присус- тво во постапката кај органот од став 1 на овој член се смета како да бил на работа и по тој основ не може да му се намалува платата.
Член 133
Xxxxxxxx е организиран прекин на работа заради остварување и зголемување на правата од работниот однос утврдени со Закон, Општ колективен договор и Колективен договор.
Штрајкот на вработените кај работодавачот го наја- вува претседателот на Синдикалната организација на Агро-Синдикатот кај работодавачот, согласно Статутот на Агро-Синдикатот, до работоводниот орган на рабо- тодавачот, а на дејноста која ја опфаќа колективниот договор штрајкот го најавува претседателот на Агро- Синдикатот до Здружението на работодавачи против кого е насочен.
Штрајкот поради неостварување на веќе договоре- ни права се најавува 3 дена пред започнувањето.
Штрајкот во случај надлежниот орган да одбие пре- говори во врска со член 47 од овој колективен договор, или за други прашања согласно одредбите од овој ко- лективен договор, или за други поголеми права од ра- ботен однос, се најавува 7 дена по одбивањето.
Штрајкот во случај на започнати преговори во кои не е постигната согласност за синдикалните барања се најавува 7 дена од Спогодбата на преставниците на ра- ботодавачот и синдикатот дека преговорите за оствару- вање (зголемување) на правата се неуспешни.
Штрајкот на вработените кај работодавачот однос- но во дејноста која ја опфаќа колективниот договор го организираат и водат органите на синдикалната орга- низација, на Агро-Синдикатот кај работодавачот по претходна консултација со Агро Синдикатот според Статутот на Агро Синдикатот.
За време на штрајк и по завршувањето на штрајкот, работодавачот односно неговите органи немаат право да преземаат мерки на одговорност за повреда на ра- ботниот ред и дисциплина ниту да го откажат догово- рот за вработување поради учество во штрајк.
Заштита при работа
Член 134
Работникот има право на заштита при работа сог- ласно Законот за безбедност и здравје при работа.
Член 135
По завршувањето на породилното/родителеското отсуство, работникот се враќа на истото работно место на кое претходно работел, освен ако истото не е уки- нато.
XVII. ИЗМЕНУВАЊЕ, ДОПОЛНУВАЊЕ, ТОЛКУВАЊЕ И СЛЕДЕЊЕ НА ПРИМЕНАТА НА КОЛЕКТИВНИОТ
ДОГОВОР
Изменување и дополнување на колективниот договор
Член 136
Секој учесник може да предложи изменување и до- полнување на овој колективен договор.
Предлогот за изменување и дополнување на овој колективен договор во писмена форма се доставува до другиот учесник кој е должен да се изјасни во рок од 30 дена.
Во случај ако другиот учесник не го прифати или не се изјасни по предлогот во рок од став 2 на овој член, учесникот - предлагачот може да започне поста- пка за усогласување.
Член 137
Постапката за усогласување започнува на барање на еден од учесниците на колективниот договор и тре- ба да заврши во рок од 60 дена од поднесувањето на барањето.
Во рок од 10 дена од поднесувањето на барањето за усогласување се формира Комисија за усогласување.
Секој од учесниците именува по три члена во коми- сијата за усогласување.
Членовите на комисијата од својот состав договор- но избираат претседател.
Секое усогласување што учесниците ќе го пости- гнат мора да биде во писмена форма.
Со усогласените ставови учесниците задолжително пристапуваат кон изменување и дополнување на колек- тивниот договор.
Следење на примената на колективниот договор
Член 138
За следење на примената на овој колективен дого- вор учесниците формираат Комисија.
Секој од учесниците на овој колективен договор именува по 3 члена во комисијата од став 1 на овој член, во рок од 30 дена од склучувањето на овој колек- тивен договор.
Толкување на колективниот договор
Член 139
Комисијата од член 131 на овој колективен договор дава толкување на одредбите на овој колективен дого- вор.
Член 140
Под поимот Колективно договарање се подразбира и секоја колективна спогодба или договор склучен по- меѓу синдикатот и работодавачот кој се однесува на ус- ловите за работа, уредување на односите помеѓу рабо- тодавачот и работниците за права од работен однос и истиот претставува дел од колективен договор на ниво на гранка или работодавач.
XVIII. ПРЕОДНИ И ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ
Член 141
За решавање на споровите меѓу потписниците на овој Колективен договор што не можат да се решат со меѓусебно договарање, се формира комисија за усогла- сување.
Секој од учесниците именува по два члена во коми- сијата за усогласување.
Член 142
Трошоците за подготвување и следење на примена- та на овој Колективен договор, потписниците ги сносат подеднакво.
Член 143
Овој колективен договор се склучува за време од две години.
Важењето на овој Колективен договор се продол- жува доколку страните склучат спогодба најдоцна 30 дена пред истекот на важењето на Колективниот дого- вор.
Ако во овој рок не се склучи спогодба за продолжу- вање, овој колективен договор продолжува да важи за период од 2 години.
Член 144
Овој колективен договор и неговите изменувања и дополнувања, како и откажувањето или пристапување- то пред нивното објавување се доставуваат на регис- трација до министерството надлежно за работите од областа на трудот, а се објавуваат во "Службен весник на РМ".
Колективните договори на ниво на работодавач се регистрираат кај Синдикатот на работниците од агро- индустрискиот комплекс на Република Македонија ,, Агро-Синдикат,, и Здружението за земјоделство и пре- ханбена индустрија на Организацијата на работодава- чите на Македонија.
Член 145
Колективните договори на ниво на работодавач да се усогласат со овој Колективен договор во рок од 60 дена од неговото објавување во „Службен весник на РМ“.
О Д Л У К А
ЗА ОПРЕДЕЛУВАЊЕ НАЈВИСОКИ ЦЕНИ НА ОДДЕЛНИ НАФТЕНИ ДЕРИВАТИ УТВРДЕНИ СОГЛАСНО МЕТОДОЛОГИЈАТА
Член 1
Претпријатијата кои произведуваат деривати од нафта можат да ги формираат цените на одделни наф- тени деривати така што највисоките производни цени да изнесуваат и тоа:
а) Моторни бензини ден/лит
- ЕУРОСУПЕР БС - 95 до 24,990
- ЕУРОСУПЕР БС - 98 до 26,681
б) Дизел гориво ден/лит
- XXXXXXXXX XX (Д-Е V) до 19,834
Член 146
Пречистениот текст на колективниот договор за вработените од земјоделството и прехранбената индус- трија стапува во сила од денот на неговото потпишу- вање, а ќе се применува од денот на објавувањето во "Службен весник на РМ".
Синдикат на работниците од Организација на
в) Масло за горење ден/лит
- екстра лесно 1 (ЕЛ-1) до 19,425
г) Мазут ден/кг
- М-1 НС до 11,696
Агроиндустрискиот комплекс на РМ
работодавачите на Македонија
Член 2
Претпријатијата и другите правни и физички лица,
- Агро синдикат - Претседател,
Претседател, Xxxxx Xxxxxxxx, с.р.
Xxxxx Xxxxxxxx, с.р.
Здружение за земјоделие и прехранбена индустрија, Претседател за земјоделие, Xxxxxxxx Xxxxxx, с.р.
Претседател за прехранбена индустрија,
Xxxx Xxxxxxxxx, с.р.
РЕГУЛАТОРНА КОМИСИЈА ЗА ЕНЕРГЕТИКА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
165.
Врз основа на член 22, алинеjа 5 од Законот за енергетика (“Службен весник на РМ” бр. 16/2011, 136/2011, 79/2013, 164/2013 , 41/2014, 151/2014 ,
33/2015 , 192/2015 и 215/2015), член 28 од Законот за акцизите (“Службен весник на РМ” бр. 32/2001, 50/2001, 52/2001, 45/2002, 98/2002, 24/2003, 96/2004,
38/2005, 88/2008, 105/2009, 34/10, 55/2011, 135/11,
82/13, 98/13, 43/14 и 167/14), член 28 и 29 од Законот за данокот на додадена вредност (“Службен весник на РМ” бр. 44/99, 86/99, 08/2001, 21/2003, 19/2004, 33/2006, 101/2006, 114/2007, 103/2008, 114/2009,
133/2009, 95/10, 102/10, 24/11, 135/11, 155/12, 12/14,
112/14 и 130/14), Законот за животната средина (“Службен весник на РМ“ бр. 53/2005) и Уредбата за начинот на утврдување, пресметување и уплатување на надоместокот за задолжителни резерви на нафта и наф- тени деривати што се плаќаат при увоз и/или производ- ство на нафтени деривати (“Службен весник на РМ“ бр. 138/09 и 52/11), Регулаторната комисија за енерге- тика на Република Македонија, на седницата одржана на 11.01.2016 година, донесе
што вршат промет на нафтени деривати и увозници (во натамошниот текст: претпријатија) ги формираат цени- те за одделни нафтени деривати така што:
A. Највисоките малопродажни цени (1 ГРУПА НА ЦЕНИ) да изнесуваат и тоа:
а) Моторни бензини ден/лит
- ЕУРОСУПЕР БС - 95 до 61,00
- ЕУРОСУПЕР БС - 98 до 63,00
б) Дизел гориво ден/лит
- XXXXXXXXX XX (Д-Е V) до 42,50
в) Масло за горење ден/лит
- екстра лесно 1 (ЕЛ-1) до 31,50
г) Мазут ден/кг
- М-1 НС до 15,324
Б. Претпријатијата што вршат промет на нафтени деривати можат да ги формираат цените за одделни нафтени деривати во однос на највисоките цени од точ- ката А на став 1 на овој член (1 ГРУПА НА ЦЕНИ), ос- вен од подточката “г” и тоа: за 0,5 ден/лит пониски (2 ГРУПА НА ЦЕНИ), за 1,00 ден/лит пониски (3 ГРУПА НА ЦЕНИ) и за 1,5 ден/лит пониски (4 ГРУПА НА ЦЕНИ), согласно следната табела и да изнесуваат: