IV. ОБРАЗЕЦ НА ПОНУДА 13
ТЕНДЕРСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА
НАБАВКА ОД МАЛА ВРЕДНОСТ
критериум за доделување на договорот:
ЕКОНОМСКИ НАЈПОВОЛНА ПОНУДА
НАБАВКА НА СТОКИ
НАБАВКА НА ПРОФЕСИОНАЛНА ТРАКТОРСКА КОСИЛКА
.
Охрид, јули, 2022 год.
Врз основа на член 48 и 81 од Законот за јавните набавки (Службен весник на РМ бр.24/19), подготвена е:
ТЕНДЕРСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА
За набавка од мала вредност на стоки – професионална тракторска косилка
Тендерската документација содржи:
1. ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ ВО ВРСКА СО ДОГОВОРНИОТ ОРГАН И ПРЕДМЕТОТ НА НАБАВКА 3
2. ПОЈАСНУВАЊЕ, ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ТЕНДЕРСКАТА ДОКУМЕНТАЦИЈА 3
4. ПОДНЕСУВАЊЕ И ОТВОРАЊЕ НА ПОНУДИТЕ 5
6. СКЛУЧУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ ЗА ЈАВНА НАБАВКА 7
7. ПРАВО НА ЖАЛБА И ЗАВРШУВАЊЕ НА ПОСТАПКАТА ЗА ЈАВНА НАБАВКА 8
8. ЗАДОЛЖИТЕЛНИ ЕЛЕМЕНТИ ОД ДОГОВОРОТ ЗА ЈАВНА НАБАВКА 8
за набавка на професионална тракторска косилка според НМВ бр. _/2022 10
1. ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ ВО ВРСКА СО ДОГОВОРНИОТ ОРГАН И ПРЕДМЕТОТ НА НАБАВКА
1.1. Договорен орган
1.1.1 Договорниот орган ЈЗУ Специјализирана болница за ортопедија и трауматологија „Св.Еразмо“ Охрид, со адреса на ул. „Xxxx Xxxxxx“ б.б., 6000 Охрид, телефон за контакт 046/272-700, факс 046/270-217, електронска адреса xxxxxxxx@x.xx, лице за контакт кај договорниот орган е Xxxxxxxxx Xxxxxxxx / Соња Тололеска, телефон 046/272-700, локал 1085 факс 046/270-217, електронска адреса xxxxxxx.xxxxxx@xxxxx.xxx.
1.2. Предмет на договорот за јавна набавка
1.2.1. Предмет на договорот за јавна набавка е професионална тракторска косилка.
Детален опис на предметот на договорот е даден во техничките спецификации во прилог на оваа тендерска документација.
1.2.2. Предметот на договорот не е делив.
За предметот на договорот ќе се спроведе електронска аукција преку електронскиот систем за јавни набавки (xxxxx://xxx.x-xxxxxxx.xxx.xx). Предмет на електронската аукција ќе биде вкупната цена вклучувајќи ги сите трошоци и попусти, без ДДВ. Понудената цена треба да ги вклучува и увозните царини доколку ги има, а истите треба да бидат искажани и посебно.
1.2.3. Договорот за јавната набавка ќе биде со времетраење од една година од денот на обостраното потпишување на договорот за јавна набавка на предметната услуга.
1.3. Општи мерки за спречување на корупцијата
1.3.1 Договорниот орган во постапката за јавна набавка и при извршување на договорот, ќе ги преземе сите потребни мерки со цел навремено откривање на корупцијата и отстранување или намалување на штетните последици од истата.
1.4. Вид на постапка за јавна набавка
1.4.1 Договорот за јавна набавка ќе се додели со примена на набавка од мала вредност.
1.4.2 Набавката од мала вредност ќе се изврши со објавување оглас.
1.4.3 Оваа постапка ќе се спроведува со користење на електронски средства преку Електронскиот систем за јавни набавки (во натамошниот текст: ЕСЈН), достапен на следнава интернет адреса xxxxx://xxx.x-xxxxxxx.xxx.xx и Правилникот за начинот на користење на електронскиот систем за јавни набавки („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 64/2019).
1.5. Посебни начини за доделување на договорот за јавна набавка
1.5.1 Електронска аукција
1.5.1.1 Договорот за јавна набавка ќе се додели со користење електронска аукција на која ќе се добијат нови цени коригирани надолу, односно нови вредности за одредени елементи од понудите.
1.5.1.2 Предмет на електронската аукција ќе биде:
само цената, кога критериум за избор на најповолна понуда е само најниската цена.
1.5.1.3 Сите понудувачи што поднеле прифатливи понуди, истовремено ќе се поканат, да достават нови цени за делот на понудата кој е предмет на електронска аукција.
1.5.1.4 Сите понудувачи во секоја фаза од аукцијата ќе имаат пристап до информациите кои ќе им овозможат во секое време да го утврдат својот ранг.
1.5.1.5 Доколку во постапката за јавна набавка остане само една прифатлива понуда, електронска аукција нема да се спроведе.
1.5.1.6 По завршувањето на електронската аукција, доколку предметот на набавката или поединечниот дел се состои од повеќе ставки, цената на секоја од поединечните ставки ќе се пресметува со соодветно намалување кое ќе биде еднакво на процентот на намалување на цената на првичната понуда на избраниот најповолен понудувач (пред електронската аукција) и цената на последната понуда (по завршувањето на аукцијата).
2. ПОЈАСНУВАЊЕ, ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ТЕНДЕРСКАТА ДОКУМЕНТАЦИЈА
2.1 Појаснување на тендерската документација
2.1.1 Економскиот оператор може да побара појаснување на тендерската документација преку модулот "Прашања и одговори" на ЕСЈН, најмалку четири дена пред крајниот рок за поднесување на понудите.
2.1.2 Појаснувањето договорниот орган ќе го достави преку истиот модул, без да го открие идентитетот на економскиот оператор кој го поставил прашањето, за што економските оператори што презеле тендерска документација ќе добијат автоматско електронско известување дека е даден одговор на поставеното прашање.
2.2 Изменување и дополнување на тендерската документација
2.2.1 Договорниот орган може, по свое наоѓање или врз основа на поднесените прашања за објаснување поднесени од страна на економските оператори, да ја измени или да ја дополни тендерската документација, при што во најкус можен рок, но не подоцна од два дена пред истекот на крајниот рок за поднесување на понудите ги прави достапни измените и дополнувањата на ист начин како што ја направил достапна тендерската документација, по што сите економски оператори што ја презеле ќе добијат автоматско електронско известување дека е објавена измена.
2.2.2 Во случај на измена на тендерската документација, договорниот орган крајниот рок за поднесување на понудите ќе го продолжи пропорционално на сложеноста на измената или дополната на тендерската документација во последните четири дена пред истекот на рокот за поднесување понуди.
3. ПОДГОТОВКА НА ПОНУДАТА
3.1 Право на учество
3.1.1 Право да достави понуда има секое заинтересирано физичко или правно лице или група такви лица, вклучувајќи ги и сите привремени здружувања, кои на пазарот или во постапката за јавна набавка го нудат предметот на набавка.
3.1.2 Составен дел од групната понуда е договор за поднесување групна понуда со кој членовите во групата економски оператори меѓусебно и кон договорниот орган се обврзуваат за извршување на договорот за јавна набавка. Овој договор потребно е да ги содржи следниве податоци:
-членот на групата кој ќе биде носител на групата, односно кој ќе ја поднесе понудата и ќе ја застапува групата,
-членот на групата кој во име на групата економски оператори ќе го потпише договорот за јавна набавка,
-членот на групата кој ќе ја издаде фактурата и сметка на која ќе се вршат плаќањата,
-краток опис на обврските на секој од членовите на групата економски оператори за извршување на договорот.
3.1.3 Членовите на групата економски оператори одговараат неограничено и солидарно пред договорниот орган за обврските преземени со понудата.
3.1.4 Економскиот оператор кој има една или повеќе негативни референци, групата економски оператори во која членува економски оператор кој има негативна референца нема право на учество во постапката согласно со член 101 став 7 од законот.
3.1.5 Економскиот оператор во рамките на иста постапка за доделување на договор за јавна набавка може да учествува само во една понуда. Сите понуди ќе бидат отфрлени ако економскиот оператор:
учествува во повеќе од една самостојна и/или како член во групна понуда или
учествува како подизведувач во друга самостојна и/или како член во групна понуда.
3.1.6 Економскиот оператор може да учествува како подизведувач во повеќе од една понуда.
3.1.7 Лицата кои учествувале во изработка на тендерската документација не смеат да бидат понудувачи или членови во група на понудувачи во постапката за јавна набавка.
3.1.8 За да учествува во постапката, економскиот оператор треба да се регистрира во ЕСЈН и да поседува квалификуван сертификат за електронски потпис согласно прописите за електронски потпис. Економскиот оператор се регистрира во ЕСЈН со пополнување на регистрациска форма која е составен дел од ЕСЈН1, .
Напомена: Во моментот на поднесување на групна понуда сите членови на групата треба да бидат регистрирани на Електронскиот систем за јавни набавки.
3.2 Трошоци за поднесување на понуда
3.2.1 Економскиот оператор ги сноси сите трошоци поврзани со подготовката и со доставувањето на понудата, а договорниот орган не е одговорен за тие трошоци без оглед на водењето и на исходот од постапката за јавна набавка.
3.3 Јазик на понудата
3.3.1 Понудата, документите поврзани со понудата како и целата кореспонденција е на македонски јазик со користење на неговото кирилско писмо. Придружните документи и печатената литература кои се дел од понудата може да бидат на друг јазик, а во текот на евалуација на понудите, комисијата може да бара превод на македонски јазик.
3.4 Цена на понудата
3.4.1 Во цената на понудата треба да се засметани сите трошоци и попусти на вкупната цена на понудата, без ДДВ кој се искажува посебно, во денари.
3.5 Корекција на цени
3.5.1 При реализација на договорот за јавна набавка не се предвидува корекција на цените, односно цените искажани во понудата на најповолниот понудувач ќе бидат фиксни за целото времетраење на договорот за јавна набавка.
3.6 Начин на испорака
Носителот на набавката е должен предметот на договорот да го испорача на следниов начин:
Економскиот оператор се задолжува да ја испорача бараната стока по писмена нарачка на договорниот орган во неговото седиште.
3.7 Рок на испорака
3.7.1 Носителот на набавката е должен да ја испорача стоката што е предмет на договорот во рок од 5 денови од денот на склучување на договорот за јавна набавка по добиена писмена нарачка.
3.8. Начин на плаќање
Начин на плаќање е вирмански во рок од 90 дена од пристигнувањето на фактурата во архивата на договорниот орган на 3 еднакви рати.
Начинот на плаќање е задолжителен. Секоја понуда која содржи начин на плаќање кој е поинаков од оној утврден во оваа точка ќе се смета за неприфатлива и како таква ќе биде отфрлена од страна на комисијата за јавни набавки.
3.9 Период на важност на понудата
3.9.1 Периодот на важност на понудата ќе изнесува 90 дена од денот утврден како краен рок на јавното отворање за чие времетраење понудата во сите нејзини елементи е обврзувачка за понудувачот. Понудите кои содржат покус период на важност од тој утврден во оваа точка од тендерската документација ќе бидат отфрлени како неприфатливи.
3.9.2 Договорниот орган може, во исклучителни случаи кои не настанале по негова вина, да побара од понудувачите продолжување на периодот на важност на понудите.
3.10 Средства за обезбедување
3.10.1 Со понудата економскиот оператор доставува изјава за сериозност на понудата.
3.10.2 Со изјавата економскиот оператор изјавува дека:
нема да ја повлече својата понуда пред истекот на периодот на нејзината важност,
ќе ја прифати исправката на аритметичките грешки од страна на комисијата,
ќе го потпише договорот за јавна набавка согласно со условите од тендерската документација и доставената понуда или
ќе ја обезбеди гаранцијата за квалитетно и навремено извршување на договорот, ако договорниот орган ја предвидел во тендерската документација.
4. ПОДНЕСУВАЊЕ И ОТВОРАЊЕ НА ПОНУДИТЕ
4.1 Поднесување на понудите
4.1.1 Понудата се поднесува во согласност со тендерската документација, со користење на обрасците дадени во прилог.
4.1.2 Понудата е обврзувачка за целиот период на важност што го утврдил договорниот орган.
4.1.3 Понудувачот ја доставува понудата со цена во која се засметани сите трошоци и попусти на вкупната цена на понудата, без ДДВ кој се искажува посебно, во валута утврдена во тендерската документација.
4.1.4 Цената на понудата се изразува за вкупниот предмет на набавка.
4.1.5 Понудувачот може да ја измени, замени или да ја повлече својата понуда пред истекот на крајниот рок за поднесување на понудите.
4.1.6 Понудата се поднесува во електронска форма преку ЕСЈН и истата треба да биде електронски потпишана со користење на квалификуван сертификат за електронски потпис од одговорното лице на економскиот оператор или лице овластено од него. Сертификатот треба да биде со важност најмалку до моментот на јавното отворање односно крајниот рок за поднесување на понудите.
4.1.7 Доколку понудата ја потпишува лице овластено од одговорното лице, во прилог се доставува и овластување за потпишување на понудата потпишано од одговорното лице.
4.1.8 Економските оператори можат во хартиена форма да ја поднесат документација во нестандарден формат и големина пред крајниот рок за поднесување на понудите, доколку истите се преобемни за скенирање и прикачување на ЕСЈН.
4.1.9 Понудите кои содржат покус период на важност од тој утврден во точка 3.10.1 од тендерската документација ќе бидат отфрлени како неприфатливи.
4.2. Краен рок за поднесување на понудите
4.2.1 Краен рок за доставување на понудите е 13.07.2022 година до 10.00 часот.
4.2.2 Понудите се поднесуваат преку ЕСЈН на следнава веб адреса: xxxxx://x-xxxxxxx.xxx.xx.
4.2.3 По истекот на крајниот рок за поднесување на понудите истите нема да може да се поднесат преку ЕСЈН.
4.3. Елементи на понудата
4.3.1 Понудата треба да е составена од следниве елементи:
Образец на понуда (Прилог 1),
Документ за регистрирана дејност,
Изјава за сериозност на понудата (Прилог 2),
Каталог на понудената стока.
4.4 Подизведување
4.4.1 Понудувачот може дел од договорот за јавна набавка да додели на подизведувач. Доколку понудувачот користи подизведувач при извршувањето на договорот за јавна набавка, во понудата:
ги наведува сите подизведувачи, како и секој дел од договорот за кој има намера да го додели на подизведувачи;
доставува контакт податоци за законските застапници на предложените подизведувачи;
доставува документација за утврдување способност на предложените подизведувачи и
доставува барање од подизведувачот за директно плаќање, доколку подизведувачот го бара тоа.
4.5 Отворање на понудите
4.5.1 Отворањето на понудите ќе се изврши на ден 13.07.2022 година до 10.00 часот во време определено во тендерската документација како краен рок за поднесување на понудите, на следнава локација ЈЗУ Специјализирана болница за ортопедија и трауматологија „Св.Еразмо“ Охрид, во просториите на администрација – соба бр. 8.
4.5.2 Комисијата за јавни набавки ќе пристапи кон отворање на понудите доколку е пристигната и само една понуда.
5. ЕВАЛУАЦИЈА НА ПОНУДИТЕ
5.1 Критериуми за утврдување на способност на понудувачите
За да учествуваат во постапката за јавна набавка, економските оператори треба да докажат дека ја имаат потребната способност за вршење на професионална дејност.
5.1.1 Економскиот оператор треба да е регистриран како физичко или правно лице за вршење на дејноста поврзана со предметот на договорот за јавна набавка или да припаѓа на соодветно професионално здружение согласно со прописите на земјата каде што е регистриран.
5.2 Начин на докажување на способноста на понудувачот
5.2.1 За докажување на способноста за вршење на професионалната дејност, понудувачот треба да достави со својата понуда документ за регистрирана дејност како доказ дека е регистриран како физичко или правно лице за вршење на дејноста поврзана со предметот на договорот за јавна набавка или доказ дека припаѓа на соодветно професионално здружение согласно со прописите на земјата каде што е регистриран.
5.2.2 Во случај на група економски оператори, сите членови на групата поединечно ја докажуваат способноста за вршење професионална дејност.
5.3 Критериум за избор на најповолна понуда
5.3.1 Договорниот орган како критериум за избор на најповолна понуда ќе ја користи економски најповолната понуда врз основа на цената како единствен критериум.
5.3.2 За најповолна понуда ќе биде избрана понудата која има најниска понудена цена.
5.4 Евалуацијата на понудите
5.4.1 Кај набавката од мала вредност, комисијата најпрво ја проверува комплетноста и валидноста на способноста за вршење на професионална дејност на понудувачот. Истовремено, согласно со член 101 став 13 од законот, комисијата во генерираниот извештај на ЕСЈН за негативни референци, проверува дали понудувачите се на листата на издадени негативни референци.
5.4.2 При проверката на комплетноста и валидноста на документацијата за утврдување способност на понудувачот и при евалуација на понудата, комисијата може да побара понудувачите да ги појаснат или дополнат документите, доколку не станува збор за значителни отстапувања од бараната документација, внимавајќи со бараното појаснување или дополнување да не создава предност во корист на одреден економски оператор.
5.4.3 Договорниот орган ќе побара од економскиот оператор, во рок не пократок од пет дена, да ја објасни цената или трошокот наведен во понудата, доколку смета дека понудата содржи невообичаено ниска цена во однос на услугите што се предмет на набавка или доколку постои сомнеж дека договорот ќе биде извршен.
5.4.4 Договорниот орган, ќе побара објаснување на цената доколку вредноста на понудата е за повеќе од 50 % пониска од просечната цена на прифатливите понуди и е за повеќе од 20 % пониска од следната рангирана понуда, во случај да има добиено најмалку три прифатливи понуди.
5.4.5 Бараното објаснување понудувачот го доставува преку ЕСЈН во рок кој го определила комисијата.
5.4.6 Комисијата не смее да бара, ниту да дозволува никакви промени во финансиската и техничката понуда, освен исправката на аритметички грешки.
5.4.7 Евалуацијата на понудите ќе се врши согласно со критериумите наведени во тендерската документација.
5.4.8 По извршената евалуација, комисијата ќе пристапи кон рангирање на понудите и изготвување предлог за избор на најповолна понуда.
5.5 Заштита на податоци
5.5.1 Договорниот орган нема да открива информации доставени од страна на економскиот оператор кои се означени како тајна или утврдени како класифицирана информација.
5.5.2 Економскиот оператор може, врз основа на закон, друг пропис или општ правен акт да означи одредени податоци за деловна тајна или за класифицирани, вклучувајќи ги техничките или трговските тајни содржани во понудата или пријавата за учество, под услов да го наведе правниот основ врз основа на кој истите се означени за тајни или за класифицирани.
5.5.3 Економскиот оператор не смее да ги означи за деловна тајна или за класифицирана информација: цената на понудата, трошоците на животниот век, спецификациите на понудените стоки, услуги или работи, количините, податоците во врска со критериумите за избор на најповолна понуда, јавните исправи, извадоците од јавни регистри и другите податоци кои согласно со посебните прописи мора јавно да се објавуваат или не смее да се означат како деловни тајни или како класифицирани информации.
Напомена: Понудата на економскиот оператор која е подготвена спротивно на точка 5.5.3 од оваа тендерска документација, комисијата ќе ја смета за неприфатлива и нема да ја евалуира.
5.6 Исправка на аритметички грешки
5.6.1 Доколку комисијата утврди дека постојат аритметички грешки исправка се врши на следниот начин:
кадешто има неусогласености на износот изразен во зборови и броеви, преовладува износот изразен во зборови, освен ако износот е поврзан со аритметичка грешка;
доколку има неусогласености помеѓу единичната цена и вкупната цена, а вкупната цена е резултат на множење на единичната цена и количината, во тој случај преовладува единичната цена, а вкупната цена ќе се коригира, освен ако не постои очигледно поместување на децималната запирка во единичната цена, при што во таков случај важи наведената вкупна цена, а единичната цена ќе се коригира;
доколку има грешка во вкупниот износ што соодветствува на додавањето или одземањето на меѓувредностите, преовладува меѓувредноста, а вкупниот износ ќе се коригира и
во случај на несовпаѓање помеѓу цената внесена на Електронскиот систем за јавни набавки и цената внесена во образецот на понудата, за валидна се смета цената внесена во образецот на понуда и ќе се измени цената внесена во Електронскиот систем за јавни набавки.
5.7 Поништување на постапката
5.7.1 Договорниот орган може да ја поништи постапката за јавна набавка, за што носи одлука за поништување на постапката ако:
бројот на кандидати е понизок од минималниот број предвиден за постапките за јавна набавка согласно со овој закон,
не е поднесена ниту една понуда или ниту една прифатлива понуда,
настанале непредвидени промени во буџетот на договорниот орган,
понудувачите понудиле цени и услови за извршување на договорот за јавна набавка кои се понеповолни од реалните на пазарот,
оцени дека тендерската документација содржи битни пропусти или недостатоци,
добие инструкции од Xxxxxx да ја поништи постапката во управна контрола или поради технички проблем на ЕСЈН кој не може да се надмине на поинаков начин, или
поради непредвидени и објективни околности се промениле потребите на договорниот орган.
5.7.2 Договорниот орган ги известува сите учесници во постапката за јавна набавка преку ЕСЈН, најдоцна во рок од три дена од денот на поништувањето, во врска со престанокот на обврските на учесниците што произлегуваат од поднесувањето на понудите и за причините за поништување на постапката.
6. СКЛУЧУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ ЗА ЈАВНА НАБАВКА
6.1 Доделување на договорот за јавна набавка
6.1.1 Договорниот орган ќе донесе одлука за избор или за поништување на постапката во рок кој не е подолг од рокот за поднесување на понудите, сметајќи од денот определен како краен рок за поднесување на понудите, а не сметајќи ги деновите во кои договорниот орган чека преземање одредено дејствие од друг субјект.
6.1.2 Договорниот орган го склучува договорот за јавна набавка со понудувачот чија понуда е избрана за најповолна врз основа на техничката и на финансиската понуда во рок од 30 дена од денот на конечноста на одлуката за избор, но не подоцна од периодот на важност на понудата.
6.1.3 Ако избраниот понудувач се откаже од склучување на договорот или дојде до раскинување заради негово ненавремено или неквалитетно извршување, договорниот орган може да склучи договор со следниот рангиран понудувач, ако цената не е повисока од 5% во однос на првично избраната понуда.
6.2 Известување за доделување на договорот за јавна набавка
6.2.1 Договорниот орган ќе ги извести понудувачите за одлуките во врска со утврдената способност, извршениот избор на најповолна понуда, склучувањето на рамковната спогодба или поништувањето на постапката за јавна набавка. Известувањето се доставува во рок од три дена од денот на донесувањето на соодветната одлука.
6.2.2 Во прилог на известувањето ќе се достави и примерок од соодветната одлука, а истото ќе се испрати преку ЕСЈН.
6.2.3 По доставување на одлуката за избор на најповолна понуда или за поништување на постапката, а до истекот на рокот за вложување жалба, економските оператори што учествувале во постапката имаат право на увид во целокупната документација од постапката, вклучувајќи ги доставените понуди или пријави за учество, освен оние документи што се означени како деловна тајна.
6.3 Склучување на договорот
6.3.1 Договорните страни го склучуваат договорот за јавна набавка во писмена форма во рамки на рокот на важност на најповолната понуда, но не подоцна од 30 дена од денот на конечноста на одлуката за избор.
6.3.2 Договорот за јавна набавка се склучува согласно со условите утврдени во тендерската документација и понудата.
6.4. Извршување на договорот
6.4.1 Договорните страни го извршуваат договорот за јавна набавка согласно со условите утврдени во тендерската документација и избраната најповолна понуда.
6.4.2 Договорниот орган ќе врши контрола дали извршувањето на договорот за јавна набавка е во согласност со условите од договорот.
6.4.3 При извршувањето на договорот договорните страни покрај одредбите од Законот за јавните набавки, соодветно ќе ги применат одредбите од законот што ги уредува облигационите односи и материјалните прописи со кои се уредува предметот на набавка.
6.5 Измени на договорот за јавна набавка во текот на неговата важност
6.5.1 Оваа точка треба да биде содржана доколку во текот на реализацијата на договорот може да дојде до негово менување согласно со член 119 од Законот за јавните набавки.
7. ПРАВО НА ЖАЛБА И ЗАВРШУВАЊЕ НА ПОСТАПКАТА ЗА ЈАВНА НАБАВКА
7.1 Право на жалба
7.1.1 Секој економски оператор кој има правен интерес за добивање на договорот за јавна набавка или рамковната спогодба и кој претрпел или би можел да претрпи штета од евентуално прекршување на одредбите од овој закон, може да бара правна заштита против одлуките, дејствијата и пропуштањата за преземање дејствија од страна на договорниот орган во постапката за јавна набавка.
7.1.2 Жалбата се изјавува до Државната комисија во електронска форма, а се доставува истовремено до Државната комисија и договорниот орган преку ЕСЈН.
7.1.3 Кај набавката од мала вредност, жалба се изјавува во рок од пет дена, од денот на:
објавување на огласот за јавна набавка, во однос на содржината на огласот или тендерската документација;
објавување на известувањето за измени и дополнителни информации, во однос на содржината на измените и дополнителните информации;
отворање на понудите, во однос на пропуштањето на договорниот орган соодветно да одговори на навремените прашања или барања за појаснување или измени на тендерската документација или
прием на одлуката за избор на најповолна понуда или за поништување, во однос на постапката на евалуација и избор на најповолна понуда, или за причините за поништување на постапката.
Жалителот кој пропуштил да изјави жалба, нема право на жалба во подоцнежната фаза на постапката за истиот правен основ.
7.2 Завршување на постапката за јавна набавка
7.2.1 Постапката за јавна набавка завршува на денот на конечноста на одлуката за избор или за поништување на постапката.
7.2.2 Веднаш по завршување на постапката, договорниот орган ќе ги врати мострите, урнеците и документите за кои во оваа тендерска документација е предвидено дека ќе се вратат на понудувачите.
8. ЗАДОЛЖИТЕЛНИ ЕЛЕМЕНТИ ОД ДОГОВОРОТ ЗА ЈАВНА НАБАВКА
8.1 Во оваа точка договорниот орган ги наведува задолжителните одредби од договорот како на пример:
предмет на договорот;
времетрање на договорот;
динамика на испорака на стоките, услугите или работите;
пенали за задоцнување или неисполнување на договорот;
гаранција за извршување на договорот и услови за наплата;
начин, услови и рокови на плаќање;
казнена камата за задоцнето плаќање;
разлики во цена;
услови за квантитативна и квалитативна контрола;
надзор на извршување на работите;
начин на примопредавање на стоката, извршување на услугите и на работите;
подизведување и подизведувачи;
виша сила;
гарантен период;
услови за прекинување или раскинување на договорот;
решавање на спорови
II. ТЕХНИЧКИ СПЕЦИФИКАЦИИ
р.бр. |
Предмет на договорот за јавна набавка |
ЕМ |
Количина |
1 |
Набавка на професионална тракторска косилка наменета за косење на површини над 5.000m², со седиште и задно исфрлање на искосената трева, со голема корпа за собирање на искосената трева со капацитет на корпа минимум 200 литри, моќност на мотор минимум 3100 вртежи во минута, ширина на косење минимум 85cm, висина на косење 30 – 80mm |
парче |
1 |
*
Заедно со понудата понудувачот доставува
каталог со кои докажува дека ги исполнува
бараните технички карактеристики.
III. МОДЕЛ НА ДОГОВОР
за набавка на професионална тракторска косилка според НМВ бр. _/2022
СКЛУЧЕН во Oхрид на ___________ 2022 година помеѓу:
1. JЗУ Специјализирана болница за ортопeдија и трауматологија „Св.Еразмо“ – Охрид, ул. „Xxxx Xxxxxx“, 6000 Охрид, со Трезорска сметка ФЗО РМ 1000000000660 05 сопствена сметка 6601900050 531 38 во натамошен текст (набавувач) претставувам од директор Прим.д-р Ацо Велески
и
2. „__________________„ со адреса на _______________ со жиро сметка ______________ депонент на _________ банка, даночен број _______________ и матичен број _______ во натамошниот текст (носител на набавката) претставувано од одговорното лице ______________.
ПРЕДМЕТ НА ДОГОВОРОТ
Член 1
Предмет на овој договор е набавка на професионална тракторска косилка според техничката спецификација које е составен дел од тендерската документација и понудата од понудувачот ___________________ година.
ВРЕДНОСТ НА ДОГОВОРОТ
Член 2
Вкупната вредност на стоката што е предмет на овој договор изнесува ________________ денари без ДДВ.
Вкупно пресметаниот ДДВ изнесува __________ денари.
Вкупната вредност изнесува ____________ денари со вклучен ДДВ.
ДИНАМИКА И НАЧИН НА ИСПОРАКА НА СТОКАТА
Член 3
Носителот на набавката е должен испораката на стоката да ја изврши во рок од 5 дена oд денот на примената нарачка.
Испораката на стоката се смета за извршена со потпишувањето на испратница од oвластеното лице на набавувачот и овластеното лице на носителот на набавката, или со издавање на потврда за прием на стоката на добавувачот.
Набавувачот има право на рекламација на стока која не ги задоволува барањата.
Стоката има гаранциски период од ____ месеци од денот на испораката.
Носителот на набавката е должен во рок од 2 дена од пријавувањето на недостаток да ја рекламира стоката и да донесе нова пратка со која ќе ја замени.
ДОГОВОРНА КАЗНА ЗА ЗАДОЦНУВАЊЕ ИЛИ НЕИСПОЛНУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ
Член 4
Во случај на доцнење на испораката на стоката што е предмет на купопродажба на овој договор, набавувавчот има право на надомест на штета и договорна казна – пенали.
Договорната казна се определува во висина од 0,1% oд вредноста на неиспорачаната стока за секоја започната недела за првите две недели, односно 0,5% за секоја следна недела задоцнување но не повеќе од 5% од вредноста на неиспорачаната стока.
Во случај на неиспорака набавувачот има право да го раскине договорот со проста изјава и да склучи договор за испорака на стоката со второрангираниот понудувач.
Во случај од ставот 3 од овој член носителот на набавката е должен да му ја надомести штетата на набавувачот.
ИЗГОТВУВАЊЕ И ДОСТАВУВАЊЕ НА ФАКТУРА
Член 5
При изготвувањето на фактурата, носителот на набавката е должен да ги наведе следните елементи: назив на набавувачот, место, седиште, даночен број, број и датум на договорот, количина со опис на стоката, вкупна цена на фактурата пресметка за ДДВ, валута на плаќање.
НАЧИН, УСЛОВИ И РОКОВИ НА ПЛАЌАЊЕ
Член 6
Набавувачот се обврзува плаќањето на носителот на набавката да го изврши вирмански во рок од 90 дена oд денот на приемот на фактурата во архивата на набавувачот на сметката и банка за која писмено ќе го извести носителот на набавката на 3 еднакви рати.
Прилог на фактурата е уредно заверена испратница.
Член 7
Плаќањето ќе се врши вирмански на жиро сметката на носителот на набавката и тоа на жиро сметка
____________________ депонент __________ банка.
КОРЕКЦИЈА НА ЦЕНИ
Член 8
Не се предвидени корекции на цените, односно цените искажани во понудата на овој понудувач ќе бидат фиксни за целото времетраење на договорот за јавна набавка.
КВАЛИТАТИВНА И КВАНТИТАТИВНА КОНТРОЛА
Член 9
Квалитативен и квантитативен прием на стоката од чл. 1 на овој договор се врши кај набавувачот, со испратница потпишана од двете договорни страни.
Во текот на приемот – предавањето се утврдува квалитетот и квантитетот на испорачаната стока.
Член 10
Набавувачот може да изврши дополнителна контрола и гаранција на квалитетот со спроведување на дополнителни независни испитувања и контроли за квалитет кај овластена институција.
ОДГОВОРНОСТ ЗА МАТЕРИЈАЛНИ НЕДОСТАТОЦИ
Член 11
Материјален недостаток постои ако испорачаните стоки ги немаат потребните својства за нивна употреба, ако стоката ги нема потребните својства за особената употреба за која ја набавува набавувачот, а која му била позната на носителот на набавката и морала да биде позната кога носителот на набавката предал стока која не е соодветна на техничките спецификации прифатени од негова страна, ако стоката ги нема својствата и одликите што се изрично договорени односно пропишани.
Член 12
Набавувачот е должен примената стока на вообичаен начин да ја прегледа или да ја даден на преглед штом тоа според редовниот тек на работите е можно и за видливите недостатоци да го извести носителот на набавката во рок од 8 дена.
Кога прегледот е извршен во присуство на обете договорни страни набавувачот е должен своите забелешки поради видливите недостатоци веднаш да му ги соопшти на носителот на набавката инаку го губи правото што му припаѓа врз таа основа.
Член 13
Кога по приемот на стоката од страна на набавувачот ќе се покаже дека кај овие стоки постои скриен недостаток, набавувачот е должен за тоа да го извести носителот на набавката во рок од 8 дена сметано од денот на откривањето на скриениот недостаток.
Член 14
Кога поради некој недостаток дошло до испорака на друга стока, замена на делови и слично, роковите од претходните два члена почнуваат да течат од предавањето на другата стока, извршената замена и слично.
Член 15
Во известувањето за недостатокот на стоката набавувачот е должен пооблиску да го опише недостатокот и да го повика носителот на набавката да ја прегледа стоката.
Ако известувањето за недостаток кое набавувачот навремено го испратил до носителот на набавката со препорачано писмо, телеграма или на некој друг сигурен начин, задоцни или воопшто не стигне до носителот на набавката се смета дека набавувачот ја извршил својата обврска да го извести понудувачот.
Член 16
Набавувачот не го губи правото да се повика на некој недостаток и кога не ја извршил својата обврска стоката да ја прегледа без одлагање, или обврската во определениот рок да го извести понудувачот за постоењето на недостатокот, како и кога недостатокот се покажал дури по истекот на 6 месеци од предавањето на стоката, ако тој недостаток му бил познат на носителот на набавката или не можел да му остане непознат.
ВИША СИЛА
Член 17
Набавувачот и носителот на набавката се согласни ниту една договорна страна да не биде одговорна кон друга за губиток, повреда или неизвршување на одредбите од овој договор кој се предизвикани од виша сила.
Под виша сила се подразбира се она што е регулирано со Законот за облигационите односи.
Договорните страни се обврзуваат писмено да ја известат другата договорна страна во случај на стапување на виша сила во дејство и ќе договорат нови услови за исполнување или раскинување на договорот.
ОБЕШТЕТУВАЊЕ
Член 18
Носителот на набавката е должен на набавувачот да му ја надомести штетата поради неисправност или недостатоци на стоката според спецификацијата, а согласно Законот за облигационите односи и Законот за заштита на потрошувачи.
Во случај воопшто да не ја започне испораката или во случај да не успее во целост да ги испорача стоката што е предмет на овој договор, носителот на набавката се обврзува на набавувачот да му ја надомести евентуалната разлика во цената на стоката дадена од страна на наредниот понудувач кој ја презел обврската за испорака.
РЕШАВАЊЕ НА СПОРОВИ
Член 19
Сите евентуални спорови кои би произлегле од овој договор договорните страни ќе ги решаваат во духот на добрите деловни обичаи со меѓусебно договарање.
Доколку тоа не даде резултат во рок од 10 дена спорот ќе се решава од Основниот суд во Охрид.
РАСКИНУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ
Член 20
Кога една од договорните страни нема да ја исполни својата обврска другата договорна страна може да бара исполнување на обврската или да го раскине договорот.
Договорната страна која поради неисполнување на договорните обврски го раскинува договорот должна е тоа да и го соопшти на другата договорна страна без одлагање по писмен пат.
Член 21
За се што не е договорено со овој договор ќе се применуваат одредбите од Законот за облигационите односи и позитивните законски прописи во Република Северна Македонија.
ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ
Член 22
Измени и дополнувања на договорот можат да се вршат со заедничка согласност на договорните страни по писмен пат.
Договорот може да се менува со анекс договор само во согласност со одредбите од Законот за јавни набавки и тендерската документација.
Член 23
Овој договор е составен во 4(четири) истоветни примероци од кои 3(три) примероци за набавувачот и 1(еден) примерок за носителот на набавката.
ДОГОВОРНИ СТРАНИ:
НАБАВУВАЧ НОСИТЕЛ НА НАБАВКАТА
JЗУ Специјализирана болница за ортопедија
и трауматологија „Св.Еразмо“ – Охрид ________________
ДИРЕКТОР Одговорно лице
Прим.д-р Ацо Велески
________________
IV. ОБРАЗЕЦ НА ПОНУДА
[меморандум на понудувачот]
Врз основа на огласот објавен од страна на ЈЗУ Специјализирана болница за ортопедија и трауматологија „Св.Еразмо“ – Охрид, за доделување на договор за јавна набавка на професионална тракторска косилка со спроведување на постапка со мала вредност со е-аукција преку ЕСЈН (xxxxx://xxx.x-xxxxxxx.xxx.xx) и на тендерската документација која ја подигнавме од договорниот орган, ја поднесуваме следнава:
П О Н У Д А
Дел I – Информации за понудувачот
I.1. Име на понудувачот: ___________________________________________________________
I.2. Контакт информации
Адреса: __________________________________________________________________
Телефон: _________________________________________________________________
Факс: ____________________________________________________________________
Е-пошта: _________________________________________________________________
Лице за контакт: ___________________________________________________________
I.3. Одговорно лице: _______________________________________________________________
1.4. Жиро сметка ______________________________________Депонент __________________________банка
I.5. Даночен број: _____________________________________матичен број_______________________
Дел II – Техничка и финансиска понуда
II.1. Согласни сме да ги понудиме стоките кои се предмет на набавка.
р.бр. |
Предмет на договорот за јавна набавка |
ЕМ |
Количина |
Цена без ДДВ |
Вредност без ДДВ |
ДДВ % |
Производител, земја на потекло, комерцијален назив, каталошки број или друга ознака заради проверка на вистинитоста на податоците |
1 |
Набавка на професионална тракторска косилка наменета за косење на површини над 5.000m², со седиште и задно исфрлање на искосената трева, со голема корпа за собирање на искосената трева со капацитет на корпа минимум 200 литри, моќност на мотор минимум 3100 вртежи во минута, ширина на косење минимум 85cm, висина на косење 30 – 80mm |
парче |
1 |
|
|
|
|
Вредност без ДДВ: |
|
|
|
||||
Со зборови: |
II.2. Рок на плаќање 90 дена од денот на извршената испорака на 3 еднакви рати.
II.3. Рок на испорака 5 дена од денот на направена писмена нарачака.
II.4 Гаранциски период не смее да биде покус од 12 месеци од денот на испораката, односно на денот на испорака на стоката даваме _______ месеци гаранциски период.
II.5. Нашата понуда важи за периодот утврден во тендерската документација. Се согласуваме со начинот на плаќање утврден во тендерската документација.
II.6. Со поднесување на оваа понуда, во целост ги прифаќаме условите предвидени во тендерската документација и приложениот нацрт – договор.
Место и датум ___________________________ |
Одговорно лице ___________________________ (потпис)* |
*Овој образец не се потпишува своерачно, туку исклучиво електронски, со прикачување на валиден дигитален сертификат чиј носител е одговорното лице или лице овластено од него.
Прилог 2 – Изјава за сериозност на понудата
И З Ј А В А
Понудувачот __________________________________________ [назив на економскиот оператор], како учесник во постапката за набавка на ______________________ која се спроведува по оглас за јавна набавка број ___________ објавен од страна на ЈЗУ Специјализирана болница за ортопедија и трауматологија „Св.Еразмо“ Охрид, врз основа на член 101 став 4 од Законот за јавните набавки, со оваа изјава потврдува дека:
нема да ги преземе дејствијата наведени во член 101 став 6 од Законот за јавните набавки,
понудата има правно обврзувачка сила во сите нејзини делови до истекот на периодот на нејзината важност
е свесен за последиците од прекршување на оваа изјава, што ќе доведе до издавање на негативна референца од страна на договорниот орган согласно со член 101 став 7 од Законот за јавните набавки.
Во име и за сметка на понудувaчот ______________________________
Изјавил,
Одговорно лице/Овластено лице*_______________________________
(потпис)
Место и датум ______________________________
* Изјавата се потпишува електронски со користење на квалификуван сертификат за електронски потпис чиј носител е одговорното лице или лице овластено од него. Доколку Xxxxxxxx ја дава овластеното лице во прилог да се достави овластувањето
1На почетната страна на ЕСЈН во делот „Економски оператори“ се наоѓа линкот „Регистрирај се“.