Contract
На основа на чл.846 од Законот за Облигациони односи ( Сл.весник на РМ бр. 18 ) склучен помеѓу :
Шопинг Центар Нетворк Македонија доо, матичен број 6682863, ЕДБ 4080011519880, застапуван од директорот Xxxxx Xxxxxxxxxx
(во понатамошниот текст Налогодавач) x
Име и презиме ,
од:..............................., ул.: .................................................................................................., бр (во понатамошниот текст Застапник)
Д о г о в о р з а т р г о в с к о з а с т а п у в а њ е
Член 1.
Налогодавачот го овластува Застапникот да во име и за сметка на Налогодавачот склучува договори за посредување во трговија и услуги(со препорака) како со физички така и со правни лица, во согласност со условите кои се утврдени и заверени од страна на Налогодавачот.
Член 2.
Застапникот се обврзува дека договорите наведени во член 1. од овој договор ќе ги извршува по пат на писмен договор –со давање на урнек договор од Налогодавачот, потпишан од страна на купувачот.
Член 3.
Застапникот се обврзува редовно до Налогодавачот, во рок од 8 дена, доставува извештаи за заклучените договори, со задолжително приложување на уредно пополнети договори – како документи со кои се докажуваат заклучените договори.
Член 4.
Налогодавачот се обврзува дека за сите извршени уплати (промет) од страна на купувачите, во претходниот пресметковен период, за договорите кои ги заклучил Застапникот, ќе исплати провизии и надоместоци во согласност со Документите План за надомест–Маркетинг План и Принципи на работа. Минималната сума за исплата е 1000 (илјада) денари во нето износ и се исплатува на трансакциска сметка на Застапникот.
За секоја заработена сума согласно Планот за надомест-Маркетинг План и Принципите на работа се пресметува и плаќа персонален данок како и сите даноци согласно Позитивните законски прописи на Република Македонија. Персоналниот данок го плаќа Налогодавачот во име на застапникот и за тоа му издава соодветна потврда.
Член 5.
Покрај обврските утврдени во предходните членови на овој договор, Застапникот е должен да ги извршува и следните обврски:
1) Посредувањето или склучувањето на договорите за кои е овластен да ги врши во склад со упатствата добиени од Налогодавачот;
2) да се придржува кон плановите за обиколка и посета на потенцијалните купувачи на терен;
3) дека нема да врши непосредна наплата од купувачите;
4) дека за време на работата кај Xxxxxxxxxxxxx нема да работи за друг налогодавач кој се бави со иста или слична дејност, односно дека нема да биде основач или соосновач на фирма која врши иста или слична дејност (под која се подразбира здружение на потрошувачи базирано на network marketing системот на работа);
6) да ги чува сите деловни тајни кои му се достапни за време на работата кај Налогодавачот, а посебно оние кои се однесуваат на организацијата и условите на работа, бројот, називите и адресите на купувачите, со тоа што оваа обврска останува трајна и по престанокот на работата кај Налогодавачот;
7) да во случај на оштетување или губење на рекламниот материјал ја надокнади штетата во висина на реалната вредност.
Член 6.
Покрај обврските утврдени во членот 4. Од овој договор, Налогодавачот ги има и следните обврски:
1) да врши едукација на Застапникот за презентација и продажба;
2) На барање на Застапникот редовно да го снабдува со соодветен рекламен материјал, примероци, заклучници/фактури/договори;
Член 7.
Овој договор се склучува на неопределено време, заклучно со премин на позиција 5 после што се потпишува нов договор за таа и секоја наредна позиција.
Овој договор се смета за склучен на денот на неговото потпишување од договорните страни, односно од лицата овластени за застапување на договорните страни.
Член 8.
Овој договор престанува да важи договорно помеѓу двете страни или со раскинување.
Секоја од договорните страни може еднострано да го раскине овој договор, при што Застапникот нема обврска да даде образложение додека Налогодавачот има.
Овој договор се смета за раскинат во рок од 8 дена од денот на приемот на писмено известување за раскин на договорот.
Во случај на раскин на овој договор, Застапникот е должен да ги врати на Налогодавачот сите материјали и документи кои ги примил по основ на овој договор. Во спротивно, Налогодавачот има право на надомест на штетата, која може да се оствари и со намалување, односно неисплатување на остварената провизија на Застапникот.
Во случај да Застапникот ја прекрши својата обврска утврдена со член 5. став 6) и 7) од овој договор, Налогодавачот, покрај правото на раскинување на овој договор, има право и на надомест на штетата која може да ја оствари и од неисплатената провизија на Застапникот.
Член 9.
Составен дел на овој договор е и документот Принципи на работа и со потпишување на овој договор Застапникот потврдува дека е запознаен и согласен со Принципите на работа и документите кои се составен дел на Принципите на работа.
Член 10.
Договорните страни се согласни сите спорови во врска со примената на овој договор да ги решаваат договорно.
Доколку споровите во врска со примената на овој договор не можат да ги решат договорно, се одредува надлежност на Основен суд 2 во Скопје.
Член 11.
Овој договор е заклучен на ден , во 2 (два) идентични примероци, од кои по 1 (еден) примерок за секоја договорна страна.
ШОПИНГ ЦЕНТАР НЕТВОРК МАКЕДОНИЈА
Скопје
…………………………..................…………….
Xxxxx Xxxxxxxxxx, директор
м.п.
Застапник
………………..................……………………….
Своерачен потпис