Contract
За реализација на активностите од проектот „Оџачари за чисти печки и чист воздух во Скопје“ предвидени во договорот за имплементација на проектот од 21.01.2020 година и анекс договор кон основниот договор за имплементација на проектот од 17.02.2020 година, склучен со Град Нирнберг, Град Скопје објавува:
ЈАВЕН ПОВИК
за прибирање на понуди за услуги за устен и писмен превод од германски на македонски јазик и обратно
1. Xxxxxx опис и цели на јавниот повик
Град Скопје спроведува проект “Оџачари за чисти печки и чист воздух во Скопјe”, кој е финансиран од Министерство за економска соработка и развој на Сојузна Република Германија и истиот се реализира во соработка со збратимениот град Нирнберг од Сојузна Република Германија.
Проектот е фокусиран на подобрување на состојбата со квалитетот на амбиентниот воздух во градот Скопје, преку промовирање на значењето на професијата оџачар од аспект на заштита на здравјето на луѓето и заштита на амбиентниот воздух и намалување на емисиите од приватните домаќинства во Скопје.
За потребите на проектот се повикуваат сите физички лица кои имаат решение за овластен судски преведувач/толкувач за германски јазик и обратно и кои ги исполнуваат општите услови и критериуми на јавниот повик да достават свои понуди за устен и писмен превод од германски на македонски јазик и обратно. За потребите на Град Скопје понудувачите се должни да обезбедуваат преведувачки услуги во период од 01.10 до 31.12.2022 година со вкупна вредност од 330.000,00 денари.
Задачите на преведувачот/толкувачотвклучуваат:
- Превод и толкување на дневна основа на материјали поврзани со оџачарска дејност;
- Превод на сите документи поврзани со проектните активности (законодавство, извештаи, кореспонденција, презентации, итн.);
- Толкување за интегрираниот експерт на проектот;
- Толкување на сите состаноци, работилници, семинари, конференции итн. во земјата за период од 15 (петнаесет) работни денови;
- Толкување на сите состаноци, работилници, семинари, конференции итн. во странство за период од 15 (петнаесет) работни денови со покриени патни трошоци и трошоци за сместување;
- Обезбедување помош при подготовка на документи поврзани со проектот.
Преводот ќе се врши согласно европскиот стандард за преведување DIN EN 15038.
Сите материјали неопходни за преводот ќе бидат обезбедени од страна на Град Нирнберг и Град Скопје.
2. Општи услови и критериуми
Право да достави понуда има секое заинтересирано домашно физичко лице - понудувач, кое поседува решение за овластен судски преведувач/толкувач на германски јазик и обратно со работно искуство од најмалку 8 (осум) години.
Во постапката за избор ќе влезат понудувачи кои врз основа на критериумите ќе понудат најниска цена.
Во случај понудувачите да имаат доставено најниска понуда со иста вредност, предност ќе имаат понудувачите кои поседуваат претходно работно искуство во преведување и толкување од областа на оџачарска дејност.
По изборот на понудувачи се склучува договор за услуги за устен и писмен превод од германски на македонски јазик и обратно, со што се утврдуваат правата и обврските на избраниот понудувач и Град Скопје.
Финансиските средства наменети за услугите за устен и писмен превод од германски на македонски јазик и обратно се обезбедени од Буџетот на проектот „Оџачари за чисти печки и чист воздух во Скопје“.
3. Начин на пријавување/аплицирање и задолжителна документација
Понудувачите, во прилог на понудата задолжително треба да ги достават и следните документи:
- Кратка биографија;
- Доказ за завршено високо образование на академски студии од најмалку VII/1 или 240 кредити според ЕКТС по германски јазик. Предност ќе имаат кандидатите со завршени
универзитетски студии по преведување/толкување на германски јазик, и искуство со превод и толкување не помалку од 8 (осум) години;
- Решение за овластен судски преведувач/толкувач на германски јазик и обратно;
- Листа на извршени услуги во последните 2 (две) години;
- Референци (препораки) за претходно извршени преводи и здадени од приматели на услугите
- Финансиски предлог - нето износ и износ на ДДВ.
4. Рок и начин на доставување на пријавите/апликациите
Јавниот повик трае 7 (седум) календарски дена од денот на објавувањето на веб страната на Град Скопје xxx.xxxxxx.xxx.xx
Јавниот повик се објавува од 27.09.2022 година и трае до 03.10.2022 година.
Понудите треба да се достават во електронска верзија на е-пошта: xxxxxx@xxxxxx.xxx.xx, или во печатена форма (лично преку архива или по пошта) до Град Скопје, бул. Илинден бр. 82, 1000 Скопје или во Архивата на Градот Скопје (барака 16), најдоцна до 03.10.2022 година до 15:00 часот со назнака: За „Јавен повик за прибирање на понуди за услуги за устен и писмен превод од германски на македонски јазик и обратно“.
За утврдување на исполнувањето на општите услови и критериумите од точка 2 на спроведување на Јавниот повик, Градоначалникот на Град Скопје формира Комисија за за спроведување на јавен повик за прибирање на понуди за услуги за устен и писмен превод од германски на македонски јазик и обратно (во понатамошниот текст: Комисија).
Градоначалникот на Град Скопје на предлог на Комисијата носи Решение за усвојување на понудата за услуги за устен и писмен превод од германски на македонски јазик и обратно на понудувачите кои исполнуваат условите од точка 2 на овој Јавен повик.
Во случај да не се усвои доставената понуда, поради доставување на нецелосна или неуредна понуда, или доколку понудувачот не ги исполнува условите од точка 2 на Јавниот повик, Град Скопје со известување ќе го извести понудувачот, за причините поради кои понудата не е усвоена.