За прашањата кои не се уредени со овој колективен договор, се применуваaт соодветните закони.
Врз основа на член 203 од Законот за работните односи („Службен весник на Република Македонија“ број 62/2005, 106/2008, 161/2008, 114/2009, 130/2009, 50/2010, 52/2010, 124/2010, 47/2011, 11/2012, 39/2012, 13/2013, 25/2013, 170/2013, 187/2013, 113/2014,
20/2015, 33/2015, 72/2015 и 129/2015, 27/2016, 120/2018 и „Службен весник на Република Северна Македонија, бр. 110/2019), а во врска со член 5 од Општиот колективен договор за јавниот сектор на Република Македонија, („Службен весник на Република Македонија“ број 10/2008 и 85/2009), Министерството за одбрана и Независниот синдикат на одбраната, склучија
КОЛЕКТИВЕН ДОГОВОР НА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ОДБРАНА
А) ОПШТИ ОДРЕДБИ
Член 1
Со овој колективен договор се уредуваат, односно доуредуваат правата и обврските од работен однос на работниците во Министерството за одбрана (во натамошниот текст: Министерството) и Армијата на Република Северна Македонија (во натамошниот текст: Армијата), од една страна и Министерството како работодавец од друга страна, како и условите и начинот на остварувањето на правата и обврските од работните односи или во врска со работните односи.
Член 2
Работодавец во смисла на овој колективен договор, е Министерството, претставувано од министерот за одбрана (во натамошниот текст: министерот).
Член 3
Работник во смисла на овој колективен договор, е лице кое заснова работен однос на неопределено или определено работно време, со полно, со пократко од полното и со скратено работно време во Министерството и во Армијата.
Член 5
Со овој колективен договор можат да се предвидат одделни права кои за работниците се поповолни од правата што ги определува Законот за работните односи, Законот за служба во Армијата, Законот за административни службеници, Законот за одбрана и Законот за Воената академија (во натамошниот текст: соодветните закони), ако тоа не е во спротивност со закон.
Член 6
За прашањата кои не се уредени со овој колективен договор, се применуваaт соодветните закони.
Б) ПОСЕБНИ ОДРЕДБИ
I. ЗАСНОВАЊЕ НА РАБОТЕН ОДНОС
I.1. УСЛОВИ, НАЧИН И ПОСТАПКА ЗА ЗАСНОВАЊЕ НА РАБОТЕН ОДНОС
Член 7
За потребата од прием на нови работници одлучува министерот во согласност со Правилникот за организација и работа на Министерството, Правилникот за систематизација на работните места во Министерството и Актот за формација на Армијата.
Член 8
Условите, начинот и постапката за засновање на работен однос во Министерството, начинот и постапката за избор на лица кои засноваат работен однос, склучувањето на договор за вработување, правата, обврските и одговорностите што произлегуваат од работниот однос на работниците во Министерството, содржината на договорот за вработување и други прашања од работните односи или во врска со работните односи, се пропишани и се остваруваат во согласност со соодветните закони и подзаконски прописи и други акти.
Договорот од став 1 на овој член, се склучува во писмена форма.
Со потпишувањето на Договорот од став 1 на овој член, се заснова работен однос меѓу работникот и работодавецот.
Член 10
Како оправдани причини за недоаѓање на работникот на работното место на денот определен во Договорот, односно датумот на потпишување на Договорот, се сметаат:
- болест на работникот;
- смртен случај на член на потесно семејство;
- елементарна непогода (пожар, поплава, земјотрес и сл.) и
- други случаи од објективна природа утврдени во Договорот.
За причините од став 1 на овој член, работникот е должен писмено да го извести работодавецот, во рок од два работни дена пред денот утврден во Договорот кога требало да се јави на работа.
I.2. ПРИПРАВНИЦИ
Член 11
Министерството може да склучи Договор за вработување со лице кое за прв пат се вработува во државна служба, односно административен службеник кој се вработува на работно место во повисоко звање од претходно стекнатото, како приправник за определено работно место, односно како лице на пробна работа.
I.3. РАСПОРЕДУВАЊЕ НА РАБОТНИЦИТЕ
Член 12
Работникот кој засновал работен однос во Министерството на неопределено или определено време, работи на работно место за кое засновал работен однос.
Во текот на траењето на работниот однос, работникот може да биде распореден на друго работно место различно од местото на кое претходно работел по негово барање или по потреба на Министерството, под услови и на начин утврдени со закон и подзаконски прописи.
При распоредувањето треба да се води сметка особено за:
- работното место на кое се распоредува да е предвидено во Правилникот за организација и работа на Министерството, Правилникот за систематизација на работните места во Министерството и Актот за формација на Армијата;
- работното место на кое се распоредува да е слободно и
- работникот да ги исполнува пропишаните услови за работното место на кое се распоредува.
Член 13
Во текот на траењето на работниот однос, работникот може покрај работите и задачите од неговото работно место, со решение на министерот или од него овластено лице, да биде овластен да извршува работи и задачи од друго работно место.
Во случаите од став 1 на овој член, на работникот му следува додаток на плата во висина од 10% од неговата основна плата.
Член 14
По исклучок од член 13 на овој колективен договор, работникот може да биде распореден на друго работно место и во случаи кога:
- се вршат промени во организациската структура на Министерството и Армијата;
- се вршат промени во однос на бројот на работните места во Правилникот за организација и работа на Министерството, Правилникот за систематизација на работните места во Министерството и Актот за формација на Армијата и
- на работното место на кое се распоредува се вршат исти или слични работи со работите кои работникот ги вршел пред распоредувањето, во согласност со неговата стручна подготовка.
Член 15
Во текот на траењето на работниот однос, работникот е должен да врши и други работи и задачи различни од работите и задачите кои ги врши на местото на кое е распореден, а кои се во рамките на неговиот степен на образование, односно стручна подготовка во случаите особено:
- кога треба да се замени привремено отсутен работник;
- кога е зголемен обемот на работа;
- ако на работното место на кое работи е намален обемот на работа;
- давање стручна помош во извршување на работи и задачи на друг работник и
- во случај на елементарна непогода која се случила или непосредно се заканува.
Во случаите од став 1 алинеи 2, 3, 4 и 5 на овој член, работникот е должен да ги врши работите и задачите додека траат причините, но не подолго од три месеци.
Во случаите од став 1 на овој член, работникот има право на плата која ја примал на неговото работно место, односно платата која за него е поповолна.
Член 16
Работникот може да биде распореден на друго работно место доколку се исполнети условите од член 13 на овој колективен договор и во случај кога со акт на надлежна здравствена комисија е утврдено дека е неспособен за вршење на работите и задачите од работното место на кое е распореден, заради нарушена психофизичка или општа здравствена способност, која настапила како последица од повреда при работа или професионална болест.
Во случаите од став 1 на овој член, работникот ги задржува сите права од работен однос од работното место на кое работел пред распоредувањето.
Член 17
Работникот не може да биде распореден на друго работно место за време на отсуство од работа поради болест или повреда, бременост, раѓање и родителство, како и во случаите кога користи платено и неплатено отсуство од работа во согласност со закон.
Член 18
Во согласност со закон, решение за распоредување на работник во Министерството, донесува министерот или од него овластено лице.
Во решението од став 1 на овој член, во согласност со закон, работникот има право на приговор до надлежен второстепен орган утврден со закон, во рок од осум дена од денот на приемот на истото.
Член 19
На работникот кој од неоправдани причини во рок од три дена од денот на врачувањето на решението за распоредување, не се јави на работа на работното место на кое е распореден, му престанува работниот однос во Министерството.
II. ПРАВА НА РАБОТНИЦИТЕ И НИВНАТА ПОЛОЖБА
II.1. РАБОТНО ВРЕМЕ
Член 20
Работното време на работниците во Министерството изнесува 40 часа во работна недела (полно работно време).
Работна недела, по правило, трае пет работни дена.
Работното време може да трае и подолго од 40 часа во работната недела, во случаи и под услови утврдени во соодветните закони и подзаконски прописи.
За работа подолга од 40 часа во работната недела, во согласност со закон, одлучува министерот или од него овластено лице.
Член 21
Во Министерството може да се воведе работно време пократко од 40 часа во работната недела, но не помалку од 36 часа неделно под услови и на начин утврден во соодветните закони и подзаконски прописи.
Правата на работниците од овој став 1 на овој член, се изедначени со правата на работниците кои работат 40 часа во работната недела.
Член 22
Во зависност од природата и карактерот на работите и потребите на Министерството, во одделни организациски единици во Министерството, кои ги определува министерот или од него овластено лице, работата може да се врши во смени и трае непрекинато.
Во случаите кога работата се врши во смени, ноќно време, работникот може да работи во ноќна смена, најдолго една седмица во текот на четири седмици.
Ноќно време во смисла на став 2 на овој член, е периодот меѓу 22:00 часот и 06:00 часот наредниот ден.
Работникот кој одработува ноќе најмалку една третина од полното работно време од својата годишна работна обврска, има право на посебна заштита во согласност со закон.
За работно време во недела се смета работното време одминато помеѓу 00:00 часот и 24:00 часот, во ден недела.
Член 23
Работа подолга од 40 часа во работната недела и работа која се врши ноќно време, не се определува за:
- работник - жена за време на бременост;
- работник - жена која има дете на возраст до три години;
- работник - родител на дете со посебни потреби;
- работник - самохран родител на дете на возраст до шест години;
- работник повозрасен од 52 години;
- работник на кој според наод на надлежна лекарска комисија му е утврдено дека работата во ноќно време може негативно да му влијае врз преостанатата работна способност и
- работник кој работи со скратено работно време во согласност со прописите од пензиското и инвалидското осигурување (инвалидност), прописите за здравствено осигурување (медицинска рехабилитација) или други прописи (родителски обврски).
Член 24
Работа подолга од полното работно време и работа ноќно време, по претходна писмена согласност може да врши:
- работник - жена на дете на возраст до три години;
- работник - родител на дете со посебни потреби;
- работник - самохран родител на дете на возраст до шест години;
- работник повозрасен од 52 години;
- работник со намалена работна способност.
II.2. ОДМОРИ И ОТСУСТВА
Член 25
Работникот кој работи со полно работно време, за време на дневното работно време има право на одмор (пауза) во траење од 30 минути.
Работникот во Министерството кој работи пократко од полното работно време, но најмалку четри часа дневно, има право на одмор (пауза) во траење од 15 минути.
Паузата може да се користи најмалку по еден час работа и најдоцна три часа пред крајот на работното време.
Времето поминато на пауза во текот на работниот ден, се засметува во работното време и за истото се исплатува плата.
Член 26
Работникот има право на одмор меѓу два последователни работни дена, во траење од најмалку 12 часа.
Работникот има право на неделен одмор во траење од најмалку 24 часа непрекинато, а доколку поради објективни, технички, организациски и други причини е неопходно да работи на денот на својот неделен одмор, му се обезбедува таков одмор во текот на наредната работна недела.
Како ден на неделен одмор, по правило, се смета седмиот ден, недела.
Член 27
Работникот има право на платен годишен одмор во текот на една календарска година во траење од најмалку 20, а најмногу 33 работни дена, под услови и на начин утврдени со одредбите од соодветните закони и подзаконски прописи.
Член 28
Ако во календарската година во која засновал работен однос нема шест месеци работа, работникот има право на годишен одмор во траење од по два работни дена за секој месец поминат на работа, но не повеќе од 20 работни дена.
Доколку на работникот му престанува работниот однос, а нема шест месеци работа во Министерството и во моментот на престанокот на работниот однос не го искористил годишниот одмор, има право на годишен одмор во траење од по два работни дена за секој месец поминат на работа, но не повеќе од 20 работни дена.
Постар и повозрасен работник, инвалид со телесно оштетување со најмалку 60% и работник кој чува и негува дете со посебни потреби, има право на уште три работни дена годишен одмор.
Член 29
Работник кој за прв пат заснова работен однос на неопределено или определено време, со право на цел годишен одмор се стекнува по остварена непрекината работа од најмалку шест месеци.
Член 30
Во денови на платен годишен одмор не се пресметуваат:
- неработните денови - сабота и недела;
- празниците и неработните денови утврдени со закон;
- слободните денови;
- отсуство од работа поради боледување x
- други случаи на оправдано отсуство од работа во согласност со закон.
Член 31
Годишниот одмор, по правило, се користи во текот на календарската година.
Годишниот одмор може да се користи во повеќе делови во договор со работодавецот, со тоа што еден дел од годишниот одмор мора да трае најмалку две непрекинати работни недели.
Работодавецот е должен на работникот да му обезбеди искористување на 12 работни дена годишен одмор до крајот на тековната календарска година, а остатокот до 30 јуни наредната година.
Годишниот одмор кој не бил искористен во тековната календарска година заради отсуство од работа поради боледување, повреда, породилно отсуство, отсуство заради нега и чување на дете, упатување на стручно оспособување и усовршување за потребите на Министерството, работникот има право да го искористи најдоцна до 30 јуни наредната календарска година.
Член 32
Работник кој по потреба на службата е упатен за учество на вежби, обука, во хуманитарни и меѓународни операции, во мисии и операции на НАТО и во примената на правото на индивидуална или колективна самоодбрана, операции за кризен менаџмент и кооперативна безбедност, како и за вршење на должности во командните структури на НАТО, дипломатските претставништва на Републиката, команди, штабови и воени единици на меѓународни организации во странство и на територијата на Републиката, а кој од објективни причини без своја вина не го искористил годишниот одмор, има право да го искористи годишниот одмор до крајот на наредната календарска година.
Член 33
Работникот на кој работниот однос му престанува поради пензионирање, по негово писмено барање, има право на користење на годишниот одмор пред престанокот на работниот однос по овој основ.
Член 34
Должината на годишниот одмор на работникот се утврдува врз основа на следните критериуми:
а) должина на пензискиот стаж; б) сложеност на работата на работното место; в) услови за работа и г) здравствена состојба на работникот.
а) По основ на должината на пензискиот стаж, на работникот му припаѓа годишен одмор и тоа:
- од 1-10 години работно искуство | еден работен ден; |
- од 10-20 години работно искуство | два работни xxxx; |
- од 20-25 години работно искуство | три работни дена и |
- преку 25 години работно искуство | пет работни дена. |
б) По основ на сложеноста на работата на работното место со:
- средно образование | два работни дена; |
- воена академија и друго високо образование | три работни дена и |
- работи од VII/1 и VIII степен сложеност | четири работни дена. |
в) По основ на услови за работа:
- за работа во трупа | два работни xxxx; |
- за работни места штетни по живот и здравје | четири работни дена и |
- за работни места кои имаат додаток на плата за специфична воена служба | четири работни дена. |
г) По основ на здравствена состојба:
- за работник со намалена работна способност | еден работен ден. |
Член 35
Ако при пресметката на работните денови за користење на годишниот одмор, вкупниот збир по сите основи го надминува максимумот утврден во член 28 на овој колективен договор, работникот има право на годишен одмор во траење од 33 работни дена.
Член 36
Работникот не може да се откаже од правото на користење на годишен одмор, ниту тоа право може да му се ускрати.
Работникот има право еден ден од годишниот одмор да користи по сопствено барање, на ден кој сам ќе го определи, за што е должен писмено да го извести непосредно претпоставениот, најдоцна два дена пред користењето на денот од годишниот одмор.
Работодавецот е должен да го уважи барањето на работникот, освен во случаи кога ќе оцени дека отсуството на работникот посериозно ќе го загрози работниот процес.
Член 37
Кога потребата на службата, односно работата не дозволува користење на годишен одмор во времето кога на работникот му било одобрено негово користење, на работникот може да му се прекине, односно одложи користењето на годишниот одмор, под услови и на начин утврден во соодветните закони.
Во случаите од став 1 на овој член, по негово писмено барање, работникот има право да го користи годишниот одмор веднаш по престанокот на причините за тоа или истиот да го искористи најдоцна до 30 јуни наредната календарска година.
По исклучок од став 2 на овој член, односно во случај кога нема можност работникот да го искористи годишниот одмор, работникот има право на обесштетување сразмерно на неискористените денови на годишниот одмор, но не повеќе од висината на неговата просечна исплатена плата.
Член 38
Кога поради потреба на службата, односно работата, на работникот му е прекинат годишниот одмор, а тој започнал да го користи, по негово писмено барање, му се надоместуваат патните трошоци за враќање и хотелските трошоци (уплати) за преостанатите неискористени денови од годишниот одмор, за што е должен да приложи соодветни документи (патна исправа, хотелски сметки, договор со туристичка агенција, карта за превоз и други документи) од кои може да се утврди фактичката состојба.
Кога поради потреба на службата, односно работата, на работникот му е одложен годишниот одмор, Министерството е должно да му ги надомести настанатите трошоци, зашто е должен да приложи соодветни документи (хотелска резервација, договор со туристичка агенција, карта за превоз и други документи), од кои може да се утврди фактичката состојба.
Член 39
За прекинувањето, односно одложувањето на користење на годишниот одмор, работникот, по правило, се известува писмено, најдоцна два дена пред денот на прекинувањето, односно одложувањето на користењето на годишниот одмор.
Во итни случаи или во случај кога од објективни причини нема можности за писмено известување, работникот може да биде известен и на друг начин (усно, по телефон, со телеграма, по електронска пошта и други расположливи начини на известување).
Во случаите од став 2 на овој член, по создавање на услови, на работникот му се доставува писмено известување за прекинувањето, односно одложувањето на користење на годишниот одмор.
Член 40
По добиено писмено, односно усно известување за прекинувањето, односно одложувањето на користење на годишниот одмор, работникот е должен да се јави на работа во утврдениот термин, но не подоцна од 24 часа од рокот определен за враќање на работа.
Член 41
За распоредот за користење на годишен одмор на работниците, може да се донесе план кој го утврдува раководителот на организациската единица во Министерството, а во Армијата, надлежен воен старешина во согласност со Законот за служба во Армијата, со кој треба да се обезбеди непречено континуирано извршување на работата во Министерството и во Армијата, при што треба да се земат предвид и можностите да се задоволат и барањата на работниците за терминот на користење на годишниот одмор.
Работникот има право да користи годишен одмор и во случај кога не е донесен план за користење на годишен одмор.
Член 42
За правото на користење на платен годишен одмор министерот или од него овластено лице донесува решение.
Решението за користење на годишен одмор се донесува најдоцна 15 дена пред денот на користење на годишниот одмор на работникот.
Член 43
Под услови, на начин и во постапка утврдени во Законот за служба во Армијата и подзаконските прописи, а заради зачувување на здравјето и физичката кондиција,
работникот има право еднаш годишно на организирана десетдневна рекреација во спортско рекреативни центри или центри за рехабилитација под надзор и контрола на инструктори и лекари специјалисти.
Рекреацијата од став 1 на овој член, се врши во согласност со план и програма за рекреација.
Член 44
Работник кој учествува во хуманитарни операции и меѓународни операции, во НАТО мисии и операции и операции во примената на правото на индивидуална или колективна самоодбрана, како и во операции за кризен менаџмент и кооперативна безбедност, кои траат шест месеци или подолго, по враќањето има право на отсуство од работа со надомест на плата, во траење од десет работни дена по враќањето. Во тој период, Министерството е должно да ја реализира Прогарамата за психолошка поддршка во траење од 3 дена. Начинот ќе биде регулиран со посебен правилник донесен од министерот.
Член 45
Работник кој е избран за член на спортска државна репрезентација, има право на платено отсуство од работа во траење до 30 дена во текот на една календарска година, заради подготовки и учество на олимписки игри и на светски и европски првенства.
Правото од став 1 на овој член, се остварува по барање на работникот, а по претходно приложена соодветна документација, односно докази за членство во спортска државна репрезентација издадени од надлежен орган.
Член 46
Работникот има право на отсуство од работа со надомест на плата, во согласност со соодветните закони и подзаконски прописи.
Член 47
Отсуство од работа со надомест на плата во текот на една календарска година му припаѓа на работникот особено во случаите:
- за стапување во брак | три работни дена; |
- за стапување во брак на деца | два работни xxxx; |
- за раѓање/посвојување на дете | два работни дена; |
- за смрт на сопружник или дете | пет работни xxxx; |
- за смрт на родител, брат/сестра | пет работни xxxx; |
- за смрт на родител на сопружник | два работни xxxx; |
- за смрт на дедо/баба | еден работен ден; |
- за полагање на стручен или друг испит за потребите на Министерството и Армијата | три работни дена; |
- за одбрана на докторат, магистратура или полагање на правосуден испит | пет работни дена; |
- за полагање на поединечен испит | еден работен ден; |
- за селидба на семејството во исто населено место | два работни дена; |
- за селидба на семејството од едно во друго место | три работни xxxx; |
- за елементарни непогоди | три работни дена; |
- прв училишен ден на прваче | еден работен ден; |
- за учество во спортски, културни и други манифестации кога го претставува Министерството | три работни дена и |
- за други оправдани случаи | еден работен ден. |
Отсуството од работа од став 1 на овој член, се користи во деновите на траење на основот и не може да се ускрати од страна на работодавецот.
Отсуството од работа од став 1 на овој член, не може да се користи повеќе од седум работни дена во текот на една календарска година.
Отсуството од работа од став 1 на овој член, може да се одобри повеќе пати, со тоа што времето поминато на отсуство преку седум работни дена во текот на една календарска година по писмено барање на работникот, се смета во годишен одмор, освен ако отсуството е одобрено поради смрт на сопружник, дете, родител, брат или сестра.
Член 48
Заради неопходни потреби, по негово писмено барање, на работникот може да му се одобри неплатено отсуство од работа најмногу до 90 дена во текот на една календарска година, особено во случаите:
- за потребите од член 47 на овој колективен договор, доколку го искористил правото на отсуство со надомест на плата;
- за нега на болен член на семејството;
- за лекување на сопствена сметка во земјата или во странство;
- за патување во странство заради неодложни потреби;
- за изградба, доградба или поправка и санирање на семејна куќа, односно стан;
- за учество на семинари, конгреси, конференции и други научни, културни и спортски манифестации;
- за други лични и неодложни работи и
- во други случаи во согласност со закон.
Барањето од став 1 на овој член, се поднесува најмалку 10 дена пред денот на користење на неплатеното отсуство, а по исклучок, поради итност односно неопходност за користење на неплатено отсуство, барањето се поднесува најмалку 24 часа пред денот на користењето до непосредниот старешина, односно раководен работник.
За правото од став 1 на овој член, со решение одлучува министерот или од него овластено лице, односно надлежен воен старешина во согласност со закон.
Член 49
За време на неплатеното отсуство од работа на работникот му мируваат правата и обврските од работниот однос.
Член 50
На работникот му мируваат правата и обврските од работниот однос, во случаи, под услови и на начин утврдени со соодветните закони и подзаконски прописи.
Член 51
Работникот е должен да се врати на работа на денот утврден во решението од член 48 став 3 на овој колективен договор.
II.3. БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ НА РАБОТНИЦИТЕ ПРИ РАБОТА
Член 52
Министерството има обврска да обезбеди безбедност и здравје при работата на работниците во согласност со закон, заради што во рамките на своите надлежности презема соодветни мерки неопходни за нивна безбедност и здравје при работа.
Мерките за безбедност и здравје при работа опфаќаат особено: заштита од професионални ризици, обезбедување информации, обука и едукација, обезбедување потребни средства и услови неопходни за безбедност и здравје на работниците и други мерки со кои се подобруваат условите за работа и се штити здравјето на работникот.
Член 53
Мерките за безбедност и здравје при работа, опремата и облеката за заштита на работниците при работа и начинот на нејзината употреба, се уредуваат со интерен акт кој го донесува министерот за одбрана во соработка со Синдикатот.
Член 54
Мерките за безбедност и здравје при работа се обезбедуваат особено преку:
- назначување на стручни лица за безбедност и здравје при работа;
- обука на работниците за безбедно извршување на работата;
- обезбедување опрема за лична заштита и едукација за нејзина употреба;
- редовно следење на здравствената состојба на работниците;
- задолжителни годишни здравствени прегледи и
- други мерки утврдени со закон.
Член 55
Работникот се упатува на задолжителен лекарски преглед пред надлежна комисија во согласност со закон, заради оценка на работната способност во случај на привремена спреченост односно неспособност за работа подолго од три месеци непрекинато или шест месеци со прекин.
Во случај од став 1 на овој член, трошоците за лекарскиот преглед се на товар на Министерството.
Член 56
Работникот е должен да ја користи опремата и личните заштитни средства за работа, да се придржува кон мерките за заштита при работа, правилата и упатствата донесени во Министерството, заради обезбедување на својот живот и здравје и здравјето на другите работници и на граѓаните.
Член 57
Синдикатот преку свој претставник покренува постапка пред надлежните органи во Министерството за обезбедување услови за реализација на пропишаните мерки за безбедност и здравје на работниците при работа.
II.4. ДРУГИ ВИДОВИ ПОСЕБНА ЗАШТИТА
Член 58
Синдикатот преку свој претставник има обврска да покренува постапка и да предлага мерки за заштита на работниците од дискриминација, вознемирување, полово вознемирување и психичко вознемирување (мобинг) во текот на работата.
Член 59
При водење дисциплинска постапка против работникот, потребно е комисијата за водење на дисциплинска постапка да побара мислење од синдикалниот претставник на синдикалната организациска единица на којашто работникот припаѓа.
Член 60
Работникот има право и на други видови посебна заштита за случаите, под услови и на начин утврдени во соодветните закони подзаконски прописи и други акти.
Член 61
Посебна заштита се обезбедува особено заради:
- заштита на работник-жена поради бременост и родителство;
- заштита на работник кој сеуште не наполнил 18 години;
- потреба од родителство на татко или посвоител на дете;
- заштита на работник-инвалид, односно работник неспособен за вршење на работите и задачите од работното место на кое е распореден и
- заштита на работници повозрасни од 52 години.
Член 62
Работникот има право и на друг вид посебна заштита во согласност со закон и подзаконски пропис.
II.5. ПРАВНА ПОМОШ
Член 63
Ако против работникот се поведе или води кривична, прекршочна или парнична постапка поради извршување на должноста како и за учество во сообраќајна незгода со моторно возило при вршењето на работата, по утврдената правна основаност на барањето,
Министерството е должно да му обезбеди бесплатна правна помош во врска со водењето на постапката.
Основаноста на барањето се утврдува врз основа на наредбата за извршување на задачата.
Во случаите на учество во сообраќајна незгода со моторно возило при вршењето на работата, за основаноста на барањето се доставува писмено мислење од претпоставеното лице и мислење од организациската единица.
За барањето за бесплатна правна помош одлучува министерот или од него овластено лице, по претходно доставено писмено барање од страна на работникот.
III. ОСИГУРУВАЊЕ НА РАБОТНИЦИТЕ
Член 64
Министерството е должно да ги осигура работниците за случај на смрт, повреда, телесно оштетување и губeње на работната способност.
Осигурувањето се врши по категории, според видот на работите, односно должностите и условите под кои тие се вршат и истото трае 24 часа.
IV. ПЛАТА, НАДОМЕСТОЦИ НА ПЛАТА И ДРУГИ ПРИМАЊА
Член 65
Работникот има право на плата и надоместок на плата под услови и критериуми утврдени во соодветните закони, подзаконски прописи и други акти.
Платата и надоместоците на плата се обезбедуваат од Буџетот на Министерството.
Платата се исплатува во паричен износ најмалку еднаш месечно, најдоцна до 15-ти во наредниот месец.
Платата се пресметува во бруто, а се исплатува во нето износ.
Придонесите и даноците на платата на работникот ги плаќа Министерството со исплата на платата во согласност со закон.
Министерството води евиденција на платите, надоместоците на платите, другите надоместоци и исплатените придонеси и даноци и за нив за секој месец на работникот му издава потврда дека се исплатени.
Поединечниот износ на утврдената и исплатена плата на работникот по правило, немаат јавен карактер, освен во случаи утврдени со закон.
Член 66
Платата се искажува во бодови, а се пресметува со множење на бројот на бодови со вредноста на бодот.
Вредноста на бодот за плата се утврдува согласно закон. За вработените во Армијата, вредноста на бодот се утврдува со решение на министерот, во договор со Синдикатот.
Член 67
Министерството и Армијата активно го вклучуваат Синдикатот во процесот на подготвување на закони, подзаконски прописи и други акти кои се однесуваат на плата, додатоци на плата и други надоместоци.
Член 68
Платата на работникот во Министерството за полно работно време и нормален учинок утврден врз основа на сложеноста на работата, не може да биде пониска од платата утврдена за најнискиот степен на сложеност.
Платата на работникот во Министерството за полно работно време не може да биде пониска од минималната плата утврдена според закон.
Министерството е должно на работникот да му ја исплати платата од став 1 на овој член.
Член 69
Најниска плата на работникот за најнизок степен на сложеност ја утврдуваат потписниците на овој колективен договор, во согласност со финансиските можности, односно средствата обезбедени во Буџетот на Република Северна Македонија.
При утврдувањето на најниската плата, се имаат предвид економските можности, општото ниво на платите во Република Северна Македонија и други економски и социјални фактори.
Член 70
Платата на работникот се состои од основна плата и додатоци на плата.
Основната плата се определува земајќи ги предвид барањата на работното место, обемот на вршењето на работата, квалитетот и успешноста на работникот во вршењето на работите и задачите и слично.
На работникот во Министерството му се исплатува додаток на основната плата за вршење специфична воена служба, вршење служба со висок ризик, вршење трупна служба, додаток за посебен степен на образование и додаток за застапување, во согласност со Законот за служба во Армијата, Законот за административни службеници, подзаконските прописи и други акти.
Член 71
На работник во Министерството му се исплатува додаток на основната плата за посебен степен на образование - положен правосуден испит, во висина на додатокот на плата за посебен степен на образование утврден во Законот за служба во Армијата.
Член 72
Додатоци на платата се определуваат и за посебни услови при работа кои произлегуваат од распоредот на работното време и тоа за:
- работа подолга од полното работно време (прекувремена работа);
- работа ноќе;
- работа во смени, односно турнус;
- работа на ден на неделен одмор;
- работа во денови на празници и неработни денови утврдени со закон и
- додаток за работен стаж.
Пресметување и исплата на платата, додатоците на плата и другите надоместоци на работниците во Министерството се врши според висината, мерилата и критериумите и на начин утврден во Законот за работни односи, Законот за служба во Армијата, Законот за административни службеници, подзаконските прописи и други акти.
Член 73
Основната плата на работникот по час се зголемува за:
- работа подолго од полното работно време (прекувремена работа) | 35%; |
- работа ноќе | 35%; |
- работа во смени, односно турнус | 5% и |
- работа во ден на неделен одмор | 35%. |
За работа во денови на празници и неработни денови утврдени со закон, работникот има право на надоместок на плата што му припаѓа во тие денови кога не работи и плата за поминатите часови на работа зголемена за 50%.
Додатоците на платата од став 1 и 2 на овој член, меѓусебно не се исклучуваат.
За извршените работи од став 1 на овој член, се води евиденција. Зголемувањето на платата може да се замени со слободни денови.
Член 74
Основната плата на работникот се зголемува за 0,5% за секоја навршена година работен стаж, а најмногу за 20%.
Член 75
Работник со намалена работна способност (инвалид), чија намалена работна способност настанала во текот на работата во Министерството и по овој основ е распореден на друго работно место, не може да прима плата помала од платата која ја примал пред распоредувањето.
Член 76
Работник со намалена работна способност предизвикана од старост и истоштеност, а кој е пет години пред пензионирање и по овој основ е распореден на помалку вреднувано работно место, не може да прима плата помала од платата која ја примал пред распоредувањето.
Член 77
На работникот му се исплатува надоместок на плата за:
- годишен одмор;
- време на привремена неспособностза работа (боледување);
- бременост, раѓање и мајчинство;
- нега на дете;
- јавување на покани на судски и други органи;
- денови на празници и неработни денови утврдени со закон;
- преквалификација и доквалификација во согласност со закон;
- стручно оспособување и усовршување за потребите на Министерството;
- учество на спортски натпревари организирани од Синдикатот;
-учество на состаноци, семинари, конгреси, работилници и слично, организирани од Синдикатот и
- во други случаи утврдени со закон.
Член 78
Надоместокот на плата за време на користење на годишен одмор, се исплатува во висина на платата и додатоците на платата која работникот би ја примил во тековниот месец кога би бил на работа.
Член 79
Надоместокот на плата за време на привремена неспособност за работа (боледување) изнесува:
- за боледување до 7 дена | 70%; |
- за боледување до 15 дена, започувајќи од првиот ден на боледувањето | 80% и |
- за боледување до 30 дена, за сите денови | 90% од платата на работникот исплатена во претходниот месец. |
За професионални заболувања и повреди на работа, надоместокот изнесува 100% од платата на работникот исплатена во претходниот месец.
Член 80
Надоместокот на плата за време на отсуство од работа поради бременост, раѓање и мајчинство, нега на дете, како и јавување на покани на судски и други органи на работникот му се пресметува и исплатува во висина утврдена со закон.
Член 81
За деновите на учество на состаноци, спортски натпревари, семинари, конгреси, работилници и слично, организирани од Синдикатот, работникот има право на надоместок на плата како да бил на работа.
Отсуството од работа од став 1 на овој член, се докажува со соодветен документ (покана, решение и слично) издаден од страна на Синдикатот.
Член 82
Работникот има право на надоместоци на трошоците поврзани со работата утврдени со закон, а особено:
- патни, дневни и други трошоци за службени патувања во земјата и во странство;
- трошоци за користење возило во лична сопственост за службени цели;
- трошоци за одвоен живот од семејството;
- во случај на смрт на работникот;
- парична помош во случај на смрт на член на потесно семејство (родител, брачен другар, деца родени во брак или вон брак, xxxxxxxx, посвоени деца и деца земени на издржување);
- во случај на потешки последици од елементарни непогоди;
- трошоци при селидба за службени потреби (селидбени трошоци);
- трошоци за превоз;
- вршење служба на дежурство, стражарска служба и служба на посебни воени објекти;
- за време поминато во трупно патување и служба под посебни услови;
- за непрекинато боледување подолго од шест месеци;
- отпремнина при одење во пензија;
- јубилејна награда и
- други надоместоци во согласност со закон.
Член 83
За време на службено патување во земјата на работникот му се надоместуваат трошоците за дневница и за превоз, во согласност со закон.
Надоместокот за дневница за службено патување во Републиката, се утврдува во висина определена во Законот за извршување на Буџетот.
Член 84
Дневницата се пресметува од часот на тргнување на работникот на службено патување, до часот на враќањето, со превозно средство и тоа:
- цела дневница доколку службеното патување траело повеќе од 12 часа и
- 50% од износот на дневницата за службено патување кое траело од 8 до 12 часа.
Ако работникот во ист ден, дел од работното време го помине на работното место, а еден дел од работното време е на службен пат, но помалку од 8 часа, часовите поминати на службен пат над полното работно време му се сметаат за прекувремена работа.
Ако на службеното патување се покриени трошоците за исхрана и превоз, на работникот му се исплатува 20% од дневницата.
Трошоците за ноќевање за време на службеното патување се признаваат во полн износ, согласно одобрените сретства во патниот налог и според приложена сметка, освен за хотелите од „de lux“ категорија.
Член 85
Под службено патување во Републиката, се подразбира патување на кое работникот се упатува по налог на министерот или од него овластено лице, заради вршење определени службени работи надвор од местото на вршење на работите и задачите.
Во налогот од став 2 на овој член, се наведуваат податоци за работникот кој се упатува на службено патување, траењето и целта на патувањето, превозно средство кое ќе се користи и други потребни податоци.
По завршувањето на службеното патување, работникот е должен во рок од три дена да поднесе сметка за патните и други трошоци направени за време на службеното патување.
Кон сметката за патните и дневните трошоци, се приложуваат и патен налог за превоз, врз основа на кој се врши исплатата.
Член 86
Надоместокот на трошоците за службено патување во странство, се утврдува во согласност со прописите за издатоците за службен пат и селидби во странство што на органите на управата им се признаваат во тековни трошоци.
Член 87
Ако работникот се упатува на службено патување на кое поради итноста на извршувањето на работата не можат да се користат средства во јавниот сообраќај или службено возило, на работникот му се признава надоместок на трошоците за користење возило во лична сопственост за службени потреби, во висина од 20% од цената на литар гориво што го користи автомобилот за секој изминат километар, со патен налог.
Член 88
На работникот му се исплатува надоместок на трошоците за одвоен живот од семејството, во висина и под услови утврдени со закон.
Член 89
Во случај на смрт на работникот, се исплатува надоместок во согласност со Законот за работните односи, Законот за служба во Армијата, Законот за административни службеници, Законот за извршување на Буџетот, подзаконските прописи и други акти.
Член 90
На работникот му се исплатува парична помош во случај на смрт на член на потесно семејство (родител, брачен другар, деца родени во брак или вон брак, посиноци, посвоени деца и деца земени на издржување), во висина утврдена со закон.
Паричната помош од став 1 на овој член, се остварува по писмено барање на работникот.
Член 91
Во случај на потешки последици од елементарни непогоди, во согласност со закон со кој се уредува заштитата и спасувањето, на работникот му се исплатува парична помош во висина од една последна исплатена просечна месечна нето плата во Министерството, во согласност со закон.
Член 92
На работникот му се исплатува надоместок на трошоци при селидба за службени потреби (селидбени трошоци), во висина на стварните трошоци за превоз на покуќнината во согласност со закон.
Член 93
На работникот му се исплатува надоместок на трошоци за превоз во согласност со закон, доколку не му е обезбеден организиран превоз.
Член 94
На работникот му се исплатува надоместок за вршење служба на дежурство, стражарска служба и служба на посебни воени објекти и за време поминато на трупно патување и служба под посебни услови, под услови, на начин и во постапка утврдени со Законот за служба во Армијата и подзаконски пропис.
Член 95
На работникот во случај на непрекинато боледување подолго од 6 месеци, му се исплатува еднократен паричен надоместок во висина од една последна исплатена просечна месечна нето плата во Министерството, во согласност со закон.
На работникот во случај на повреда и оштетување на организмот, му се исплатува еднократен паричен надоместок во висина од една до десет просечни нето плати исплатени во Министерството, за последниот месец пред настанување на повредата и оштетувањето на организмот, во согласност со закон и подзаконски пропис.
Член 96
На работникот му се исплатува надоместок во вид на отпремнина при одење во пензија во висина од 5 (пет) нето плати, пресметано од просечната месечна нето плата исплатена во Републиката во последните три месеци.
Член 97
За непрекината работа во траење од најмалку 15 години во Министерството и Армијата, на работникот му се доделува јубилејна награда во висина на една просечна нето плата исплатена во Република Северна Македонија во претходните три месеци.
Исплатата се врши во тековната година во која се остварува правото, а најдоцна во рок од една година од исполнување на условот.
Надоместокот од став 1 на овој член, на работникот во Министерството и Армијата му се исплатува само еднаш.
Член 98
На работникот во Министерството и Армијата заради покажани резултати, иницијативност и особено залагање во извршување на доверените задачи, работодавачот може да му додели парична награда во износ од најмногу до две просечни нето плати исплатени во Републиката во последните три месеци.
На работникот согласно покажаните резултати во извршување на доверените задачи, а по доставен предлог на непосредно претпоставениот, може да му се додели парична награда во износ од најмногу до две просечни нето плати исплатени во Републиката во последните три месеци или да му се додели стимулативна мерка, за што одлучува министерот за одбрана или од него овластено лице.
Резултатите се следат врз основа на мерливи критериуми, и тоа:
- Стручност;
- Правовременост/ефикасност (кога | ги | завршил | работите); |
- Обем на работа/ефективност | (колку | задачи | завршил); |
- Самостојност | во | работењето; | |
- | Доверливост; | ||
- Тимска | работа; |
- Интердисциплинарност;
- Способност за градење на меѓучовечки односи;
- Лично усовршување;
- Работа под притисок x
- Други способности поврзани со должноста.
Начинот на следење на постигнатите резултати, доставување на предлогот и начинот на доделување на парична награда, друг вид на материјална или нематеријална награда и стимулативна мерка на работникот во Министерството и Армијата со правилник го утврдува министерот за одбрана.
Член 99
На работникот во Министерството му следува награда за иновации, рационализации и други видови творештво од интерес на Министерството.
V. ИНФОРМИРАЊЕ НА РАБОТНИЦИТЕ
Член 100
Министерството обезбедува информирање на работниците најмалку еднаш годишно или по потреба, за прашања од значење за нивната економска и социјална положба.
Информирањето се врши на начин соодветен на информацијата што треба да се пренесе и може да се однесува за сите или за определена група вработени, по нивно барање.
Информирањето може да биде писмено, усно, по електронски пат, на огласна табла, преку надлежен работник, преку овластен претставник на Синдикатот или на друг начин, во зависност од информацијата која се пренесува.
Член 101
Информирање на работниците се врши особено во случаи кога:
- треба да се вршат структурни промени во Министерството и во Армијата, кои предизвикуваат изменување на Правилникот за организација и работа на Министерството, Правилникот за систематизација на работните места и Актот за формацијата на Армијата;
- треба да се донесат одлуки кои битно влијаат врз економската и социјалната положба на работниците;
- треба да се информираат работниците за синдикалните активности и
- во други случаи кога ќе се оцени потреба за информирање на работниците.
Член 102
Информирањето на работниците треба да биде благовремено, објективно и целосно, со цел доставената информација да му биде достапна на секој работник.
VI. МАТЕРИЈАЛНА ОДГОВОРНОСТ, ОДНОСНО НАДОМЕСТ НА ШТЕТА
Член 103
Работникот е должен работите и задачите од работното место да ги извршува навремено и квалитетно, во текот на работата да ги почитува правилата и прописите и да се придржува кон нив, да ги чува средствата за работа и со нив одговорно да ракува и да постапува.
Член 104
Ако работникот во врска со вршењето на работата, односно во врска со работата, со намера, крајно невнимание или тешка небрежност предизвика штета на средствата на Министерството, должен е да ја надомести.
Ако штетата ја предизвикале повеќе работници, секој работник е одговорен за предизвиканата штета.
Ако за секој работник поединечно не може да се утврди делот од штетата што ја предизвикал, се смета дека сите работници се подеднакво одговорни и штетата ја надоместуваат во еднакви делови.
Ако повеќе работници предизвикале штета, за штетата одговараат солидарно.
Член 105
Секој работник има право и должност да пријави причинета штета.
Работникот ја пријавува штетата до раководителот на организациската единица на Министерството во која работи, а во Армијата до надлежен воен старешина во согласност со Законот за служба во Армијата.
Пријавата за штета содржи:
- лично име на работникот кој ја предизвикал штетата;
- податоци за штетата и
- докази.
Член 106
Постапката за надомест на штета се поведува со барање за поведување постапка за надомест на штета (во натамошниот текст: барање за надомест за штета).
Барањето од став 1 на овој член, го поднесува раководителот на организациската единица на Министерството во која работникот работи или бил распореден во моментот на предизвикувањето на штетата, а во Армијата надлежен воен старешина согласно Законот за служба во Армијата. Барањето за надомест на штета содржи:
- лично име на работникот кој ја предизвикал штетата;
- време, место и начин на сторување на штетата;
- околности под кои е предизвикана штетата и
- други податоци во врска со предизвиканата штета.
Член 107
Барањето за надомест на штета се доставува до организациската единица надлежна за управување со човечки ресурси во Министерството.
Раководителот на организациската единица надлежна за управување со човечки ресурси во Министерството, барањето за надомест на штета го доставува до работникот против кого се поведува постапка за надомест на штета и до Комисијата за утврдување на материјална одговорност формирана од министерот за одбрана или од него овластено лице.
Член 108
Утврдување на материјална одговорност на работникот за причинетата штета се врши според критериуми, под услови и на начин,утврден во Законот за работни односи, Законот за служба во Армијата, Законот за административни службеници и подзаконските прописи.
Член 109
Министерството е должно да ја надомести материјалната штета што работникот во вршењето на работата ја предизвикал на трети лица.
Министерството поведува постапка за надоместок за извршената исплата, ако работникот ја предизвикал штетата на трето лице, намерно или со крајно невнимание.
Член 110
Ако работникот претрпи штета во врска со работата, по барање на работникот, Министерството е должно да му ја надомести штетата според општите начела за одговорност на штета.
Ако во рок од 90 дена од денот на приемот на барањето од став 1 на овој член, Министерството и работникот не се спогодат за надоместок на штетата, работникот има право да бара надоместок на штета пред надлежен суд.
Член 111
Работникот кој е одговорен за штета може од оправдани причини да биде делумно или целосно ослободен од обврската да ја надомести штетата, во случај кога работникот според својата општа имотна состојба не е во можност да ја надомести штетата без последици за своето нужно издржување, односно за нужното издржување на своето семејство, на начин утврден во Законот за работни односи, Законот за служба во Армијата, Законот за административни службеници и подзаконските прописи.
VII. ШКОЛУВАЊЕ, СТРУЧНО ОСПОСОБУВАЊЕ И УСОВРШУВАЊЕ И СПЕЦИЈАЛИЗАЦИЈА ЗА ПОТРЕБИТЕ НА МИНИСТЕРСТВОТО И НА АРМИЈАТА И ОБВРСКА ЗА РАБОТА ПО НИВНО ЗАВРШУВАЊЕ
Член 112
Работникот има право и должност на постојано образование, школување, стручно оспособување и специјализација за потребите на Министерството, во согласност со работниот процес, заради одржување, односно унапредување на способноста за работа на работникот на работното место, како и зачувување на работното место.
За спроведување на образованието, школувањето, стручното оспособување и специјализација од став 1 на овој член, во Министерството се донесува посебна програма.
Образованието, школувањето, стручното оспособување и специјализација од став 1 на овој член, се врши под услови и на начин утврден во Законот за работни односи, Законот за служба во Армијата, Законот за административни службеници и подзаконските прописи.
VIII. СИНДИКАТ
Член 113
Министерството е должно да создаде услови за активности на Синдикатот во согласност со закон, а во врска со заштитата на правата на работниците од работен однос утврдени со закон и колективен договор.
Активноста на Синдикатот и неговиот претставник во смисла на став 1 на овој член, не може да се ограничи со акт на работодавецот.
Член 114
На барање на Синдикатот, Министерството му доставува податоци и информации за прашања кои имаат непосредно влијание врз материјалната и социјалната положба на членовите на Синдикатот (работниците) и ги разгледува мислењата и предлозите на Синдикатот во постапката на донесување одлуки кои имаат влијание врз матeријалната и социјалната положба на работниците, односно во остварувањето на нивните права.
Член 115
Министерството и Армијата активно го вклучуваат Синдикатот во процесот на подготвување на закони, подзаконски прописи и други акти кои се однесуваат на правата, обврските и одговорностите од работен однос на работниците во Министерството и Армијата.
Министерството и Армијата активно го вклучуваат Синдикатот преку негови претставници во органите и телата на Министерството и на Армијата, во работни групи, семинари, округли маси, организирани од Министерството и во Министерството.
Член 116
Синдикатот доставува список, односно листа на синдикални претставници-членови на органите и телата на Синдикатот, до организациската единица во Министерството надлежна за управување со човечки ресурси.
На претседателот и генералниот секретар на Синдикатот им се овозможува непречено комуницирање со министерот, односно од него овластено лице, а на другите синдикални претставници им се овозможува нeпречено комуницирање со соодветните раководни структури во Министерството и Армијата.
По потреба, најмалку еднаш во период од три месеци, министерот и претседателот на Синдикатот остваруваат работна средба заради разгледување на тековни прашања во врска со социјално-економската положба на работниците.
Член 117
Заради остварување на синдикалните функции на претставниците на Синдикатот, Министерството им овозможува и обезбедува стручни, административни и технички услуги, како и услови за пресметување и уплата на синдикална членарина и тоа:
1. За редовно остварување на функциите на Синдикатот, обезбедува простории и технички средства за работа:
- за потребите на претседателот и генералниот секретар на Синдикатот, една канцеларија во зградата на Министерството со неопходен мебел, технички средства (компјутер, печатар, телефон/факс/копир апарат) и телефон (интерна и излезна линија) и интернет;
- во канцеларијата на седиштето на Синдикатот, локална телефонска линија од Министерството;
- по претходна најава, користење на салите за состаноци заради одржување синдикални состаноци, советувања и слично и
- за потребите на синдикалните регионални организации, канцеларии со неопходен мебел, телефон, интернет и излезна линија.
2. За остварување на финансиско-сметководствени работи за потребите на Синдикатот:
- пресметка и уплата на синдикална членарина за чија висина и начин на распределба одлучува Синдикатот, која се врши со пресметката и исплатата на платата на работниците, членови на Синдикатот и
- вршење финансиска услуга, реализирање на административни забрани на плати.
Министерството врши реализирање на финансискосметководствените работи за сите синдикати во Министерството.
3. Материјално-технички услови за редовно остварување на синдикалните активности:
- користење на службено возило за потребите на претседателот и генералниот секретар на Синдикатот;
- користење на други превозни средства по потреба, заради организирање на синдикални спортски игри, официјални посети на високи синдикални претставници од странство, како и гости на Синдикатот и слично;
- користење на телефонски и телефакс врски и други информатички средства и
- користење на средства и апарати за печатење и умножување на материјали, деловодство, експедиција и слично.
4. Заради остварување на синдикалните активности се обезбедува и користење на објектите за одмор и рекреација на Министерството, игралишта и други објекти за одржување состаноци, советувања, семинари, синдикални спортски игри и слично.
5. Заради остварување на синдикалните активности и извршување на другите работи на синдикатот, на почетокот на годината синдикатот доставува програма до Министерството.
Министерството соработува со Синдикатот при реализација на синдикални спортски игри.
Заради одржување на синдикалните спортски игри, во организација на синдикатот, Министерството обезбедува финансиска поддршка во висина до 800.000,00 денари.
6. Министерството обезбедува финансиски средства за овозможување на соработката на Синдикатот со EUROMIL, по претходно добиена согласност од организационите единици за човечки ресурси, за финансии и за правни работи во Министерството.
Член 118
Доколку Синдикатот поседува сопствено моторно возило, Министерството ги надоместува трошоците за гориво со издавање на патна листа и одржување во согласност со договорот за одржување на службените моторни возила.
Член 119
Синдикалните состаноци на регионалните основни организации се одржуваат кон крајот на работното време, со цел да не се нарушува тековното работење.
На барање на министерот или од него овластено лице, поради итни потреби, синдикалниот состанок може да се одложи до надминување на причините за неговото одложување.
Член 120
Покрај посебната заштита утврдена во Законот за работните односи и Општиот колективен договор за јавниот сектор, на претседателот, генералниот секретар на Синдикатот и членовите на претседателството, заради вршење на синдикалните активности во согласност со закон и колективен договор, за време на вршење на должноста во Синдикатот и две години по нејзиниот престанок, не може:
- да им престане работниот однос, односно службата поради структурни промени во Министерството и во Армијата и
- да бидат распоредени на друго работно место без нивна согласност.
Член 121
Доколку претседателот и генералниот секретар на Синдикатот својата функција ја вршат волонтерски, а заради ефикасно вршење на синдикалните активности, Министерството им овозможува соодветно ослободување од вршење на редовните работи и задачи од работното место во траење од 64 работни часа месечно.
За времето поминато во вршење на синдикалните функции од став 1 на овој член, претседателот и генералниот секретар на Синдикатот добиваат полн надомест на плата за работното место на кое се распоредени и ги користат сите права од работниот однос.
Доколку претседателот и генералниот секретар на Синдикатот функцијата ја вршат професионално и во согласност со Статутот на Синдикатот, Министерството се обврзува да ги ослободи од работните обврски на работното место на кое дотогаш работеле, да ги чува работните места, односно ги стави во мирување, за кој период не им следува исплата на плата, надоместоци на плата и придонеси.
Претседателот и генералниот секретар на Синдикатот за начинот на вршење на својата функција во писмена форма го известуваат министерот.
Член 122
На синдикалните претставници, членови на органите и телата утврдени со Статутот на Синдикатот, според доставениот список, односно листа од член 116 на овој колективен договор, Министерството им овозможува ослободување од работа и тоа:
- за претседателството и претседателите на регионалните синдикални организации | 48 работни часа месечно; |
- за членовите на Надзорниот одбор и членовите на комисијата на солидарен фонд | 8 работни часа месечно; |
- за членовите на регионалните синдикални организации | 8 работни часа месечно и |
- за претставникот на Синдикатот за безбедност и здравје при работа | 8 работни часа месечно. |
Претставниците на Синдикатот од став 1 од овој член, се должни до раководителите на организациските единици во Министерството односно до претпоставените старешини во Армијата, да достават план за користење на работните часови до дваесетти во месецот, за наредниот месец.
За времето поминато во вршење на синдикалните активности, синдикалните претставници од став 1 на овој член, добиваат полн надомест на плата за работното место на кое се распоредени и ги користат сите права од работниот однос.
Член 123
Како ослободување од работа, во согласност со член 122 и 123 на овој колективен договор, не се смета учество на синдикални состаноци, семинари, советувања, конгреси, конференции и слично.
Ослободувањето од вршењето на редовните работни задачи од работното место, односно од работа, на претседателот, генералниот секретар и синдикалните претставници, се врши со покана или по претходно изработен план од страна на Синдикатот.
Синдикалните претставници од став 2 на овој член, се должни да му ја покажат поканата на раководителот на организациската единица во која работат, односно на претпоставениот воен старешина.
Член 124
Доколку претседателот и генералниот секретар на Синдикатот својата функција ја вршат професионално и во согласност со Статутот на Синдикатот, за време на вршењето на функцијата не можат да бидат оценети со пониска оцена од „задоволува“.
Доколку настане промена во Актот за систематизација на Министерството или во Актот за формација на Армијата, претседателот, генералниот секретар на Синдикатот, претседателството на синдикатот и претседателите на регионалните организации во консултација со Синдикатот се распоредуваат на работни места соодветни на претходните, во организациските единици на Министерството, односно во единиците на Армијата кои се произлезени од претходните организациски единици на Министерството, односно единиците на Армијата на Република Северна Македонија каде што работеле.
Член 125
Членовите на Синдикатот кои учествуваат на синдикални спортски игри, се ослободуваат од работните обврски за време на учеството во натпреварите.
Член 126
Член на Синдикатот кој е избран, односно именуван во органите и телата на Синдикатот на повисоко ниво, чие вршење бара привремено да престане да работи во Министерството, односно во Армијата, за што се склучува посебен договор со работодавецот, има право по престанувањето на функцијата, во рок од пет дена да се врати во Министерството, односно во Армијата и да биде распореден на истото работно место.
Доколку истото работно место е пополнето, работодавецот е должен да го распореди на работно место кое одговара на неговата стручна подготовка во согласност со неговото звање, односно чин.
IX. ОСТВАРУВАЊЕ НА ПРАВОТО НА ШТРАЈК
Член 127
Правото на штрајк работниците можат да го остваруваат согласно закон, на начин и под услови да не се наруши битно редовното извршување на работите во Министерството, односно борбената готовност на Армијата и животот и здравјето на работниците.
Заради спречување на евентуални штетни последици од неизвршувањето на редовните работи во Министерството, односно борбената готовност на Армијата и животот и здравјето на работниците, за време на штрајкот, министерот или од него овластено лице е должно да обезбеди потребно функционирање на процесот на работата во организациските единици во Министерството и виталните функции во Армијата.
Член 128
Организаторот на штрајкот е должен да му го најави штрајкот на министерот и истовремено да ја достави одлуката за стапување во штрајк, најдоцна десет дена пред неговото одржување.
Член 129
Се забранува штрајк во Министерството во кризна, вонредна или во воена состојба.
Доколку штрајкот започнал пред настапувањето на условите од став 1 на овој член, Синдикатот е должен веднаш да ги извести учесниците во штрајкот и да преземе мерки за прекинување на штрајкот.
Доколку штрајкот започнал пред настапувањето на условите од став 1 на овој член, работниците во Министерството се должни веднаш да го прекинат штрајкот, независно од одлуката на Синдикатот.
X. ПРЕСТАНОК НА РАБОТЕН ОДНОС
Член 130
На работникот во Министерството и Армијата му престанува работниот однос, во случаи, под услови и на начин утврден со закон.
XI. ЗАШТИТА НА ПРАВАТА НА РАБОТНИЦИТЕ И АРБИТРАЖА
Член 131
Заради остварување на правата од работен однос, работникот има право на заштита на своите права до надлежни органи, на начин пропишан во Законот за работните односи, Законот за служба во Армијата, Законот за административни службеници и подзаконските прописи.
По поднесено барање за заштита на правата на работникот, надлежниот орган од став 1 на овој член, е должен да постапува и на работникот да му врачи одлука во писмена форма.
Член 132
Остварување на правата пред надлежните органине го исклучува правото на работникот за поведување постапка пред надлежен суд.
Член 133
За спогодбено решавање на индивидуален или колективен работен спор што не може да се реши со меѓусебно договарање меѓу страните потписнички на овој колективен договор, доколку се оцени за потребно, може да се формира комисија за усогласување.
Бројот на членовите на комисијата од став 1 на овој член и нејзиниот состав, зависи од прашањето кое е предмет на договарање.
Постапката за усогласување започнува по барање на една страна потписничка на овој колективен договор и треба да заврши во рок од 60 дена од денот на доставување на барањето.
Член 134
Секое усогласување кое учесниците во договарањето ќе го постигнат, задолжително треба да биде во писмена форма, потпишано од договорните страни, потписнички на овој колективен договор.
За постигнатото усогласување, Синдикатот е должен да ги информира своите членови.
По усогласувањето, се пристапува кон соодветно изменување и дополнување на овој колективен договор.
Член 135
Доколку постапката на усогласувањето заврши неуспешно, предметното прашање може да се решава пред Xxxxxxxxxx совет кој е составен од пет члена, од кои по два члена предлагаат Министерството и Синдикатот.
Арбитражниот совет е должен спорот да го реши во рок од 60 дена.
Претседателот на Арбитражниот совет е петтиот член, чиј избор се врши со заедничка согласност на двете страни потписнички на овој колективен договор.
Арбитражниот совет одлучува со мнозинство на гласови од вкупниот број членови.
Одлуките на Арбитражниот совет се обврзувачки за страните потписнички на овој колективен договор.
В) ПРЕОДНИ И ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ
Член 136
Постапките од областа на работните односи, кои се започнати пред влегување во сила на овој колективен договор, ќе се завршат во согласност со прописите кои биле во сила и се применувале до денот на влегувањето во сила на овој колективен договор.
Член 137
За следење на примената на овој колективен договор, Министерството и Синдикатот формираат заедничка комисија за следење, примена и толкување на одредбите на овој колективен договор, на паритетна основа.
Член 138
Овој колективен договор се склучува за период од две години.
Важноста на овој колективен договор може да се продолжи со писмена согласност на страните потписнички, најдоцна 30 дена пред истекот на важноста на овој колективен договор.
По истекот на рокот од став 1 на овој член, одредбите на колективниот договор се применуваат до склучувањето на нов колективен договор.
Член 139
Во текот на траењето на овој колективен договор, секоја страна потписничка, може да предложи изменување и дополнување на колективниот договор.
Предлогот за изменување и дополнување се доставува во писмена форма до другата страна потписничка, која е должна да се произнесе во рок од 30 дена од денот на приемот на предлогот од став 1 на овој член.
Ако другата страна потписничка на овој колективен договор, не се произнесе по предлогот во рокот утврден во став 2 на овој член, страната предлагач може да започне постапка пред Арбитражниот совет.
Член 140
Со влегување во сила на овој колективен договор, престанува да важи Колективниот договор за уредување, односно доуредување на правата, обврските и одговорностите од работен однос во Министерството за одбрана („Службен весник на Република Македонија“ бр. 108/2013 и 188/2017).
Член 141
Овој колективен договор се регистрира во министерството надлежно за работите од областа на трудот.
Член 142
Овој колективен договор влегува во сила со денот на склучувањето и ќе се објави во
„Службен весник на Република Северна Македонија“.
Независен синдикат | Министерство за |
на одбраната | одбрана |
Претседател, | Министер, |
Xxxxx Xxxxxx, с.р. | м-р Xxxxxxx Xxxxxxxxxx-Јанковска, с.р. |
Бр. 03-01/11-1 | Бр. 03-6710/1 |
11 ноември 2019 година | 11 ноември 2019 година |
Скопје | Скопје |