1.1.1 Договорниот орган е ЈЗУ Универзитетска клиника за детски болести-Скопје , адреса ул.Водњанска бр.17, 1000 Скопје, телефон за контакт023147521,факс3129027 електронска адреса jzuklinikazadetskibolesti@yahoo.com, контакт лице Катерина Настова 1.4.3...
ТЕНДЕРСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА ЗА
НАБАВКА ОД МАЛА ВРЕДНОСТ
Набавка на Медицински потрошен материјал
Скопје, 2022
Врз основа на член 48 и 81 од Законот за јавните набавки (Службен весник на РМ бр.24/19), подготвена е:
ТЕНДЕРСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА
За набавка од мала вредност: Медицински потрошен материјал
Тендерската документација содржи:
1. ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ ВО ВРСКА СО ДОГОВОРНИОТ ОРГАН И ПРЕДМЕТОТ НА НАБАВКА 3
4. ПОДНЕСУВАЊЕ И ОТВОРАЊЕ НА ПОНУДИТЕ 6
6. СКЛУЧУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ ЗА ЈАВНА НАБАВКА ИЛИ НА РАМКОВНАТА СПОГОДБА 11
7. ПРАВО НА ЖАЛБА И ЗАВРШУВАЊЕ НА ПОСТАПКАТА ЗА ЈАВНА НАБАВКА 12
8. ЗАДОЛЖИТЕЛНИ ЕЛЕМЕНТИ ОД ДОГОВОРОТ ЗА ЈАВНА НАБАВКА 13
Прилог 1 – Образец на понуда 14
1. ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ ВО ВРСКА СО ДОГОВОРНИОТ ОРГАН И ПРЕДМЕТОТ НА НАБАВКА
1.1.1 Договорниот орган е ЈЗУ Универзитетска клиника за детски болести-Скопје , адреса xx.Xxxxxxxxx xx.00, 0000 Xxxxxx, телефон за контакт023147521,факс3129027 електронска адреса xxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxx@xxxxx.xxx, контакт лице Xxxxxxxx Xxxxxxx
1.2.1 Предмет на набавка е набавка на Медицински потрошен материјал
Детален опис на предметот на набавка е даден во техничките спецификации.
1.2.2 Предметот на набавката е делив.
1.2.3 Договорот за јавната набавка ќе биде со времетраење од 1(една) година.
1.3. Општи мерки за спречување на корупцијата
1.3.1 Договорниот орган во постапката за јавна набавка и при извршување на договорот, ќе ги преземе сите потребни мерки со цел навремено откривање на корупцијата и отстранување или намалување на штетните последици од истата.
1.4. Вид на постапка за јавна набавка
1.4.1 Договорот за јавна набавка ќе се додели со примена на набавка од мала вредност.
1.4.2 Набавката од мала вредност ќе се изврши со објавување оглас.
1.4.3 Оваа постапка ќе се спроведува со користење на електронски средства преку Електронскиот систем за јавни набавки (во натамошниот текст: ЕСЈН), достапен на следнава интернет адреса xxxxx://xxx.x-xxxxxxx.xxx.xx и Правилникот за начинот на користење на електронскиот систем за јавни набавки („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 64/2019).
1.5.1 Електронска аукција
1.5.1.1 Нема да се користи електронска аукција.
2. ПОЈАСНУВАЊЕ, ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ТЕНДЕРСКАТА ДОКУМЕНТАЦИЈА
2.1 Појаснување на тендерската документација
2.1.1 Економскиот оператор може да побара појаснување на тендерската документација преку модулот "Прашања и одговори" на ЕСЈН, најмалку четири дена пред крајниот рок за поднесување на понудите.
2.1.2 Појаснувањето договорниот орган ќе го достави преку истиот модул, без да го открие идентитетот на економскиот оператор кој го поставил прашањето, за што економските оператори што презеле тендерска документација ќе добијат автоматско електронско известување дека е даден одговор на поставеното прашање.
2.2 Изменување и дополнување на тендерската документација
2.2.1 Договорниот орган може, по свое наоѓање или врз основа на поднесените прашања за објаснување поднесени од страна на економските оператори, да ја измени или да ја дополни тендерската документација, при што во најкус можен рок, но не подоцна од два дена пред истекот на крајниот рок за поднесување на понудите ги прави достапни измените и дополнувањата на ист начин како што ја направил достапна тендерската документација, по што сите економски оператори што ја презеле ќе добијат автоматско електронско известување дека е објавена измена.
2.2.2 Во случај на измена на тендерската документација, договорниот орган крајниот рок за поднесување на понудите ќе го продолжи пропорционално на сложеноста на измената или дополната на тендерската документација во последните четири дена пред истекот на рокот за поднесување понуди.
3.1.1 Право да достави понуда има секое заинтересирано физичко или правно лице или група такви лица, вклучувајќи ги и сите привремени здружувања, кои на пазарот или во постапката за јавна набавка го нудат предметот на набавка.
3.1.2 Составен дел од групната понуда е договор за поднесување групна понуда со кој членовите во групата економски оператори меѓусебно и кон договорниот орган се обврзуваат за извршување на договорот за јавна набавка. Овој договор потребно е да ги содржи следниве податоци:
-членот на групата кој ќе биде носител на групата, односно кој ќе ја поднесе понудата и ќе ја застапува групата,
-членот на групата кој во име на групата економски оператори ќе го потпише договорот за јавна набавка,
-членот на групата кој ќе ја издаде фактурата и сметка на која ќе се вршат плаќањата,
3.1.3 Членовите на групата економски оператори одговараат неограничено и солидарно пред договорниот орган за обврските преземени со понудата.
3.1.4 Економскиот оператор кој има една или повеќе негативни референци, групата економски оператори во која членува економски оператор кој има негативна референца нема право на учество во постапката согласно со член 101 став 7 од законот.
3.1.5 Економскиот оператор во рамките на иста постапка за доделување на договор за јавна набавка може да учествува само во една понуда. Сите понуди ќе бидат отфрлени ако економскиот оператор:
учествува во повеќе од една самостојна и/или како член во групна понуда или
учествува како подизведувач во друга самостојна и/или како член во групна понуда.
3.1.6 Економскиот оператор може да учествува како подизведувач во повеќе од една понуда.
3.1.7 Лицата кои учествувале во изработка на тендерскатадокументација не смеат да бидатпонудувачи или членови во група на понудувачи во постапката за јавна набавка.
3.1.8 За да учествува во постапката, економскиот оператор треба да се регистрира во ЕСЈН и да поседува квалификуван сертификат за електронскипотпис согласно прописите за електронскипотпис. Економскиот оператор се регистрира во ЕСЈН со пополнување на регистрациска форма која е составен дел од ЕСЈН1,.
Напомена: Во моментот на поднесување на групна понуда сите членови на групата треба да бидат регистрирани на Електронскиот систем за јавни набавки.
3.2 Трошоци за поднесување на понуда
3.2.1 Економскиот оператор ги сноси сите трошоци поврзани со подготовката и со доставувањето на понудата, а договорниот орган не е одговорен за тие трошоци без оглед на водењето и на исходот од постапката за јавна набавка.
3.3.1 Понудата, документитеповрзани со понудатакако и целатакореспонденција е на македонскијазик со користење на неговото кирилско писмо. Придружните документи и печатената литература кои се дел од понудата може да бидат на друг јазик, а во текот на евалуација на понудите, комисијата може да бара превод на македонски јазик.
3.5.1 Во цената на понудата треба да се засметани сите трошоци и попусти на вкупната цена на понудата, без ДДВ кој се искажувапосебно, во денари.
3.6.1 При реализација на договорот за јавна набавка не се предвидувакорекција на цените, односно цените искажани во понудата на најповолниот понудувач ќе бидат фиксни за целото времетраење на договорот зајавна набавка.
3.7.1 Носителот на набавката е должен предметот на набавката да го испорача на следниов начин сукцесивно, по претходно писмено барање од страна на Договорниот орган.
3.8.1 Испораката на предметот на набавката ќе се одвива сукцесивно согласно динамиката на потрошувачката и искажаните потреби од страна на Договорниот орган во рок до 10 дена од доставена нарачка.
3.8 Начин на плаќање
3.8.1 Начинот на плаќање е 90 дена по извршена испорака и доставена фактурa до Договорниот орган.
3.9 Период на важност на понудата
3.9.1 Понудата треба да е со важност од 90 дена од денот на јавното отворање на понудите.
3.9.2 Договорниот орган може, во исклучителни случаи кои не настанале по негова вина, да побара од понудувачите продолжување на периодот на важност на понудите.
3.10 Средства за обезбедување
3.10.1 Со понудата економскиот оператор доставува изјава за сериозност на понудата.
3.10.2 Со изјавата економскиот оператор изјавува дека:
нема да ја повлече својата понуда пред истекот на периодот на нејзината важност,
ќе ја прифати исправката на аритметичките грешки од страна на комисијата,
ќе го потпише договорот за јавна набавка согласно со условите од тендерската документација и доставената понуда или
ќе ја обезбеди гаранцијата за квалитетно и навремено извршување на договорот, ако договорниот орган ја предвидел во тендерската документација.
4. ПОДНЕСУВАЊЕ И ОТВОРАЊЕ НА ПОНУДИТЕ
4.1.1 Понудата се поднесува во согласност со тендерската документација, со користење на обрасците дадени во прилог.
4.1.2 Понудата е обврзувачка за целиот период на важност што го утврдил договорниот орган.
4.1.3 Понудувачот ја доставува понудата со цена во која се засметани сите трошоци и попусти на вкупната цена на понудата, без ДДВ кој се искажува посебно, во валута утврдена во тендерската документација.
4.1.4 Цената на понудата се изразува за посебно за оној дел за кој се поднесува понудата.
4.1.5 Понудувачот може да ја измени, замени или да ја повлече својата понуда пред истекот на крајниот рок за поднесување на понудите.
4.1.6 Понудата се поднесува во електронска форма преку ЕСЈН и истата треба да биде електронски потпишана со користење на квалификуван сертификат за електронскипотписод одговорното лице на економскиот оператор или лице овластено од него. Сертификатот треба да биде со важност најмалку до моментот на јавното отворање односно крајниот рок за поднесување на понудите.
4.1.7 Доколку понудата ја потпишува лице овластено од одговорното лице, во прилог се доставува и овластување за потпишување на понудата потпишано од одговорното лице.
Напомена: Подетални информации за начинот на дигитално потпишување се содржани во прирачникот “Општи и технички препораки за користење на ЕСЈН за економски оператори и договорни органи“ објавен на почетната страна на ЕСЈН во делот "Документи".
4.1.8 Економските оператори можат во хартиена форма да ја поднесат документација во нестандарден формат и големина пред крајниот рок за поднесување на понудите, доколку истите се преобемни за скенирање и прикачување на ЕСЈН.
4.1.9 Понудите кои содржат покус период на важност од тој утврден во точка 3.9.1 од тендерската документација ќе бидат отфрлени како неприфатливи.
4.2. Краен рок за поднесување на понудите
4.2.1 Краен рок за доставување на понудите е 21.03.2022 година, до 15:30 часот.
4.2.2 Понудите се поднесуваат преку ЕСЈН на следнава веб адреса: xxxxx://x-xxxxxxx.xxx.xx.
4.2.3 По истекот на крајниот рок за поднесување на понудите истите нема да може да се поднесат преку ЕСЈН.
4.3.1 Понудата треба да е составена од следниве елементи:
Образец на понуда (Прилог 1),
Документ за регистрирана дејност,
Решение за промет на големо со медицински средства согласно Законот за лекови и медицински средства.
Изјава за сериозност на понудата (Прилог 2),
4.4.1 Понудувачот може дел од договорот за јавна набавка да додели на подизведувач. Доколку понудувачот користи подизведувач при извршувањето на договорот за јавна набавка, во понудата:
ги наведува сите подизведувачи, како и секој дел од договорот за кој има намера да го додели на подизведувачи;
доставува контакт податоци за законските застапници на предложените подизведувачи;
доставува документација за утврдување способност на предложените подизведувачи и
доставува барање од подизведувачот за директно плаќање, доколку подизведувачот го бара тоа.
4.5.1 Отворањето на понудите е јавно, а ќе се изврши на ден 21.03.2022 година, до 15:30 часот во време определено во тендерската документација како краен рок за поднесување на понудите, во просториите на ЈЗУ УК за детски болести-Скопје xx.Xxxxx Xxxxxx xx.00
4.5.2 Понудувачот може да има свој овластен претставник на јавното отворање на понудите, при што овластениот преставник треба на комисијата да и предаде писмено овластување од понудувачот, доколку сака да даде забелешки на постапката на јавно отворање.
4.5.3 Комисијата за јавни набавки ќе пристапи кон отворање на понудите доколку е пристигната и само една понуда.
5.1Критериуми за утврдување на способност на понудувачите
За да учествуваат во постапката за јавна набавка, економските оператори треба да докажат дека ја имаат потребната способност за вршење на професионална дејност.
5.1.1 Економскиот оператор треба да е регистриран како физичко или правно лице за вршење на дејноста поврзана со предметот на договорот за јавна набавка или да припаѓа на соодветно професионално здружение согласно со прописите на земјата каде што е регистриран.
5.2 Начин на докажување на способноста на понудувачот
5.2.1 При утврдување на способноста за вршење професионална дејност на економските оператори договорниот орган бара и доказ издаден од надлежен орган за исполнување на посебните услови за вршење на дејноста пропишани согласно со закон кои се однесуваат на предметот на јавна набавка.
5.2.2 Економскиот оператор за да ја докаже способноста за вршење на професионална дејност, треба да достави:
- Потврда за регистрирана дејност како доказ дека е регистриран како физичко или правно лице за вршење на дејноста поврзана со предметот на набавка или доказ дека припаѓа на соодветно професионално здружение согласно со прописите на земјата каде што е регистриран
- Решение за промет на големо со медицински средства согласно Законот за лекови и медицински средства.
5.2.2 Во случај на група економски оператори, сите членови на групата поединечно ја докажуваат способноста за вршење професионална дејност.
5.3 Критериум за избор на најповолна понуда
5.3.1 Договорниот орган како критериум за избор на најповолна понуда ќе ја користи економски најповолната понуда врз основа на:
цената
5.3.2 За најповолна понуда ќе биде избрана понудата која има најниска понудена цена.
5.4 Евалуацијата на понудите
5.4.1 Кај набавката од мала вредност, комисијатанајпрво ја проверува комплетноста и валидноста на способноста за вршење на професионална дејност на понудувачот. Истовремено, согласно со член 101 став 13 од законот,комисијата во генерираниот извештај на ЕСЈН за негативни референци,проверува дали понудувачите се на листата на издадени негативни референци.
5.4.2 При проверката на комплетноста и валидноста на документацијата за утврдување способност на понудувачот и при евалуација на понудата, комисијата може да побара понудувачите да ги појаснат или дополнат документите, доколку не станува збор за значителни отстапувања од бараната документација, внимавајќи со бараното појаснување или дополнување да не создава предност во корист на одреден економски оператор.
5.4.3 Договорниот орган ќе побара од економскиот оператор, во рок не пократок од пет дена, да ја објасни цената или трошокот наведен во понудата, доколку смета дека понудата содржи невообичаено ниска цена во однос на стокитешто се предмет на набавка или доколку постои сомнеж дека договорот ќе биде извршен.
5.4.4 Договорниот орган, ќе побара објаснување на цената доколку вредноста на понудата е за повеќе од 50 % пониска од просечната цена на прифатливите понуди и е за повеќе од 20 % пониска од следната рангирана понуда, во случај да има добиено најмалку три прифатливи понуди.
5.4.5 Бараното објаснување понудувачот го доставува преку ЕСЈН во рок кој го определила комисијата.
5.4.6 Комисијата не смее да бара, ниту да дозволува никакви промени во финансиската и техничката понуда, освен исправката на аритметички грешки.
5.4.7 Евалуацијата на понудите ќе се врши согласно со критериумите наведени во тендерската документација.
5.4.8 По извршената евалуација, комисијата ќе пристапи кон рангирање на понудите и изготвување предлог за избор на најповолна понуда.
5.5.1 Договорниот орган нема да открива информации доставени од страна на економскиот оператор кои се означени како тајна или утврдени како класифицирана информација.
5.5.2 Економскиот оператор може, врз основа на закон, друг пропис или општ правен акт да означи одредени податоци за деловна тајна или за класифицирани, вклучувајќи ги техничките или трговските тајни содржани во понудата или пријавата за учество, под услов да го наведе правниот основ врз основа на кој истите се означени за тајни или за класифицирани.
5.5.3 Економскиот оператор не смее да ги означи за деловна тајна или за класифицирана информација: цената на понудата, трошоците на животниот век, спецификациите на понудените стоки, услуги или работи, количините, податоците во врска со критериумите за избор на најповолна понуда, јавните исправи, извадоците од јавни регистри и другите податоци кои согласно со посебните прописи мора јавно да се објавуваат или не смее да се означат како деловни тајни или како класифицирани информации.
Напомена: Понудата на економскиот оператор која е подготвена спротивно на точка 5.5.3 од оваа тендерска документација, комисијата ќе ја смета за неприфатлива и нема да ја евалуира.
5.6 Исправка на аритметички грешки
5.6.1 Доколку комисијата утврди дека постојат аритметички грешки исправка се врши на следниот начин:
- ако постои несовпаѓањемеѓузборовите и бројките, преовладуваизносотшто е напишан со зборови.
- ако постои разлика помеѓу единечната цена и вкупната цена, тогаш преовладува единечната цена
5.7. 1 Договорниот орган може да ја поништи постапката за јавна набавка, за што носи одлука за поништување на постапката ако:
бројот на кандидати е понизок од минималниот број предвиден за постапките за јавна набавка согласно со овој закон,
не е поднесена ниту една понуда или ниту една прифатлива понуда,
настанале непредвидени промени во буџетот на договорниот орган,
понудувачите понудиле цени и услови за извршување на договорот за јавна набавка кои се понеповолни од реалните на пазарот,
оцени дека тендерската документација содржи битни пропусти или недостатоци,
добие инструкции од Xxxxxx да ја поништи постапката во управна контрола или поради технички проблем на ЕСЈН кој не може да се надмине на поинаков начин, или
поради непредвидени и објективни околности се промениле потребите на договорниот орган.
5.7.2 Договорниот орган ги известува сите учесници во постапката за јавна набавка преку ЕСЈН, најдоцна во рок од три дена од денот на поништувањето, во врска со престанокот на обврските на учесниците што произлегуваат од поднесувањето на понудите и за причините за поништување на постапката.
6. СКЛУЧУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ ЗА ЈАВНА НАБАВКА ИЛИ НА РАМКОВНАТА СПОГОДБА
6.1 Доделување на договорот за јавна набавка
6.1.1 Договорниот орган ќе донесе одлука за избор или за поништување на постапката во рок кој не е подолг од рокот за поднесување на понудите, сметајќи од денот определен како краен рок за поднесување на понудите, а не сметајќи ги деновите во кои договорниот орган чека преземање одредено дејствие од друг субјект.
6.1.2 Договорниот орган го склучува договорот за јавна набавка со понудувачот чија понуда е избрана за најповолна врз основа на техничката и на финансиската понуда во рок од 30 дена од денот на конечноста на одлуката за избор, но не подоцна од периодот на важност на понудата.
6.1.3 Ако избраниот понудувач се откаже од склучување на договорот или дојде до раскинување заради негово ненавремено или неквалитетно извршување, договорниот орган може да склучи договор со следниот рангиран понудувач, ако цената не е повисока од 5% во однос на првично избраната понуда.
6.2 Известување за доделување на договорот за јавна набавка
6.2.1 Договорниот орган ќе ги извести понудувачите за одлуките во врска со утврдената способност, извршениот избор на најповолна понуда, склучувањето на рамковната спогодба или поништувањето на постапката за јавна набавка. Известувањето се доставува во рок од три дена од денот на донесувањето на соодветната одлука.
6.2.2 Во прилог на известувањето ќе се достави и примерок од соодветната одлука, а истото ќе се испрати преку ЕСЈН.
6.2.3 По доставување на одлуката за избор на најповолна понуда или за поништување на постапката, а до истекот на рокот за вложување жалба, економските оператори што учествувале во постапката имаат право на увид во целокупната документација од постапката, вклучувајќи ги доставените понуди или пријави за учество, освен оние документи што се означени како деловна тајна.
6.3.1 Договорните страни го склучуваат договорот за јавна набавка во писмена форма во рамки на рокот на важност на најповолната понуда, но не подоцна од 30 дена од денот на конечноста на одлуката за избор.
6.3.2 Договорот за јавна набавка се склучува согласно со условите утврдени во тендерската документација и понудата.
6.4.1 Договорните страни го извршуваат договорот за јавна набавка согласно со условите утврдени во тендерската документација и избраната најповолна понуда.
6.4.2 Договорниот орган ќе врши контрола дали извршувањето на договорот за јавна набавкае во согласност со условите од договорот.
6.4.3 При извршувањето на договорот договорните страни покрај одредбите од Законот за јавните набавки, соодветно ќе ги применат одредбите од законот што ги уредува облигационите односи и материјалните прописи со кои се уредува предметот на набавка.
6.5 Измени на договорот за јавна набавка во текот на неговата важност
6.5.1 Оваа точка треба да биде содржана доколку во текот на реализацијата на договорот може да дојде до негово менување согласно со член 119 од Законот за јавните набавки.
7. ПРАВО НА ЖАЛБА И ЗАВРШУВАЊЕ НА ПОСТАПКАТА ЗА ЈАВНА НАБАВКА
7.1.1 Секој економски оператор кој има правен интерес за добивање на договорот за јавна набавка или рамковната спогодба и кој претрпел или би можел да претрпи штета од евентуално прекршување на одредбите од овој закон, може да бара правна заштита против одлуките, дејствијата и пропуштањата за преземање дејствија од страна на договорниот орган во постапката за јавна набавка.
7.1.2 Жалбата се изјавува до Државната комисија во електронска форма, а се доставува истовремено до Државната комисија и договорниот орган преку ЕСЈН.
7.1.3 Кај набавката од мала вредност, жалба се изјавува во рок од пет дена, од денот на:
објавување на огласот за јавна набавка, во однос на содржината на огласот или тендерскатадокументација;
објавување на известувањето за измени и дополнителни информации, во однос на содржината на измените и дополнителните информации;
отворање на понудите, во однос на пропуштањето на договорниот орган соодветно да одговори на навременитепрашања или барања за појаснување или измени на тендерскатадокументација или
прием на одлуката за избор на најповолнапонуда или за поништување, во однос на постапката на евалуација и избор на најповолнапонуда, или за причините за поништување на постапката.
Жалителоткојпропуштил да изјавижалба, нема право на жалба во подоцнежната фаза на постапката за истиотправен основ.
7.2 Завршување на постапката за јавна набавка
7.2.1 Постапката за јавна набавка завршува на денот на конечноста на одлуката за избор или за поништување на постапката.
8. ЗАДОЛЖИТЕЛНИ ЕЛЕМЕНТИ ОД ДОГОВОРОТ ЗА ЈАВНА НАБАВКА
8.1Предмет на договорот е Медицински потрошен материјал согласно техничката спецификација. Предметот на договороте делив на делови. Договорот за јавната набавка е со времетраење од 1 (една) година.
8.2 Начин на испорака на стоката
Носителот на набавката е должен предметот на набавката да го испорача на следниов начин сукцесивно, по претходно писмено барање од страна на Договорниот орган.
8.3 Рок на испорака на стоката
Носителот на набавката е должен предметот на набавка да го испорача во рок од 10 (десет) дена од денот од денот на писменото барање од страна на Договорниот орган.
8.4 Начин и рок на плаќање
Начинот на плаќање е 90 дена по извршена испорака и доставена фактура до Договорниот орган.
ТЕХНИЧКИ СПЕЦИФИКАЦИИ
ПРЕДМЕТ НА НАБАВКА: Медицински потрошен материјал
Предметот на набавка Е ДЕЛИВ.
Дел |
Опис |
EM |
Kоличина |
1 |
Уринарни педијатриски кеси -изработени од провиден полиетилен, со ефикасно лепење со антиалергенска леплива трака, до минимум 10 мл, градуирани во мл , пластични |
парче |
10.000 |
2 |
Сет за ексангвина трансфузија– (умбиликална сонда со црево за одвод со мин. 15 Fr и должина од мин.37 см, игла од мин.115 мм х 0, 5 мм (25 Г), газа од мин.ширина 350 мм и мин.должина до 50мм – сет за обработка на менување на крвта на висока жолтица на новородени деца) |
komplet |
5 |
3 |
Сет за сукција на мукос- составен од стерилна чашка со минимум од 25 мл, конекторно црево со минимум должина од 30 см и аспирационен катетер со величина од 6 ФГ do 10FG |
сет |
2.800 |
4 |
Ректален катетер Fсо величина 16 Ф и 18 Ф - стерилен, градуиран, со високо квалитетна туба ПВЦ со силикон, заоблен врв со латерални отвори, со миним должина од 10 см, за еднократна употреба |
парче |
30 |
5 |
Торакални дренови величина 8 и 10 |
парче |
200 |
Напомена:
Економскиот оператор со понудата доставува каталози (или извадоци од истите), издадени од производителот на понудените стоки, кои содржат податоци со кои се потврдуваат бараните технички карактеристики наведени во техничките спецификации. Во истите јасно и недвосмислено да се маркираат и да се нумерираат техничките карактеристики на понудените стоки и тоа согласно нумерацијата од техничките спецификации. Така подготвените (маркирани и нумерирани) каталози, скенирани се доставуваат исклучиво преку ЕСЈН.
Економскиот оператор со понудата потребно е да достави Решение за ставање во промет на медицинско средство или привремено или трајно одобрение за паралелен увоз, согласно со Законот за лекови и медицински средства, односно за нерегистрирани медицински средства Дозвола за увоз (одобрение за интервентен увоз) согласно со Законот за лекови и медицински средства.
Понудите кои нема да содржат документи и каталози подготвени на погоре опишаниот начин ќе бидат оценети како неприфатливи.
[меморандум на понудувачот]
Врз основа на огласот број ________објавен од страна на ЈЗУ Универзитетска клиника за детски болести-Скопје, за набавка на Медицински потрошен материјал со спроведување на набавка од мала вредност и тендерската документација, ја поднесуваме следнава:
П О Н У Д А
Дел I – Информации за понудувачот
I.1. Име на понудувачот: ______________________________________________________
I.2. Контакт информации
Адреса: ______________________________________________________________
Телефон: ____________________________________________________________
Факс: ________________________________________________________________
Е-пошта: _____________________________________________________________
Лице за контакт: _______________________________________________________
I.3. Одговорно лице: __________________________________________________________
I.4. Даночен број: ____________________________________________________________
I.5. Матичен број: ___________________________________________________________
Дел II – Техничка понуда
II.1.Согласни сме да ги понудиме следниве стоки:
Дел |
Опис |
EM |
Kоличина |
1 |
Уринарни педијатриски кеси -изработени од провиден полиетилен, со ефикасно лепење со антиалергенска леплива трака, до минимум 10 мл, градуирани во мл , пластични |
парче |
10.000 |
2 |
Сет за ексангвина трансфузија– (умбиликална сонда со црево за одвод со мин. 15 Fr и должина од мин.37 см, игла од мин.115 мм х 0, 5 мм (25 Г), газа од мин.ширина 350 мм и мин.должина до 50мм – сет за обработка на менување на крвта на висока жолтица на новородени деца) |
komplet |
5 |
3 |
Сет за сукција на мукос- составен од стерилна чашка со минимум од 25 мл, конекторно црево со минимум должина од 30 см и аспирационен катетер со величина од 6 ФГ do 10FG |
сет |
2.800 |
4 |
Ректален катетер Fсо величина 16 Ф и 18 Ф - стерилен, градуиран, со високо квалитетна туба ПВЦ со силикон, заоблен врв со латерални отвори, со миним должина од 10 см, за еднократна употреба |
парче |
30 |
5 |
Торакални дренови величина 8 и 10 |
парче |
200 |
Дел III – Финансиска понуда
III.1. Вкупната цена на нашата понуда, за набавка на Медицински потрошен материјал вклучувајќи ги сите трошоци и попусти, без ДДВ, кој е искажан посебно, изнесува:
Дел |
Вкупна цена без ДДВ |
ДДВ |
1 |
|
|
2 |
|
|
3 |
|
|
4 |
|
|
5 |
|
|
III. 2. Детален приказ на вкупната цена на нашата понуда е даден во следнава листа на цени:
Листа на цени
Дел |
Опис |
EM |
Kоличина |
Единечна цена без ДДВ |
Вкупна цена без ДДВ |
ДДВ |
1 |
Уринарни педијатриски кеси -изработени од провиден полиетилен, со ефикасно лепење со антиалергенска леплива трака, до минимум 10 мл, градуирани во мл , пластични |
парче |
10.000 |
|
|
|
2 |
Сет за ексангвина трансфузија– (умбиликална сонда со црево за одвод со мин. 15 Fr и должина од мин.37 см, игла од мин.115 мм х 0, 5 мм (25 Г), газа од мин.ширина 350 мм и мин.должина до 50мм – сет за обработка на менување на крвта на висока жолтица на новородени деца) |
комплет |
5 |
|
|
|
3 |
Сет за сукција на мукос- составен од стерилна чашка со минимум од 25 мл, конекторно црево со минимум должина од 30 см и аспирационен катетер со величина од 6 ФГ do 10FG |
сет |
2.800 |
|
|
|
4 |
Ректален катетер Fсо величина 16 Ф и 18 Ф - стерилен, градуиран, со високо квалитетна туба ПВЦ со силикон, заоблен врв со латерални отвори, со миним должина од 10 см, за еднократна употреба |
парче |
30 |
|
|
|
5 |
Торакални дренови величина 8 и 10 |
парче |
200 |
|
|
|
Ги прифаќаме начинот и рокот за испорака на стоката утврдени во тендерската документација
III.3. Нашата понуда важи за периодот утврден во тендерската документација. Се согласуваме со начинот на плаќање утврден во тендерската документација.
III. 4. Со поднесување на оваа понуда, во целост ги прифаќаме условите предвидени во тендерската документација.
Место и датум
___________________________ |
Одговорно лице*
___________________________ (потпис) |
*Образецот на понудата може да биде потпишан и од лице овластено од одговорното лице
Прилог 2 – Изјава за сериозност на понудата
И З Ј А В А
Јас, долупотпишаниот __________________________________________ [име и презиме] врз основа на член 101 став 4 од Законот за јавните набавки, а во својство на одговорно лице на понудувачот________________________________ _________________________________________________ изјавувам дека нема да ги преземам дејствијата од став 6 на член 101 од Законот за јавните набавки во постапката која се спроведува по огласот за доделување на договор за јавна набавка број ___________ за набавка на Медицински потрошен материјал објавен од страна на ЈЗУ У Клиника за детски болести-Скопје и дека понудата е правно обврзувачка за нас во сите нејзини делови до истекот на периодот на нејзината важност.
Исто така, изјавувам дека сум целосно свесен со последиците од прекршување на оваа изјава, што ќе доведе до издавање на негативна референца од страна на договорниот орган против понудувачот во чие име и за чија сметка сум овластен да ја дадам оваа изјава согласно со член 101 став 7 од Законот за јавните набавки.
Место и датум
___________________________ |
Одговорно лице*
___________________________ (потпис) |
*Изјавата се потпишува електронски со прикачување на валиден дигитален сертификат чиј носител е одговорното лице или лице овластено од него.
За набавка на стоки
Склучен на ден ......................2022_ година, помеѓу:
ЈЗУ Универзитетска клиника за детски болести, ул. "Водњанска" бр.17 - Скопје, претставувано од Директорот ...................................., во натамошен текст : ДОГОВОРЕН ОРГАН, и
.............................................................................., ул. “...................” бр……. - Скопје, претставувано од одговорното лице ......................................................................... во натамошен текст : НОСИТЕЛ НА НАБАВКАТА
ПРЕДМЕТ НA ДОГОВОРОТ
Член 1
Предмет на набавката е Медицински потрошен материјал
Составен дел од оваа Договор се :
Тендерската документација и
Понудата на Носителот на набавката
Условите наведени во тендерската документација и во понудата се задолжителни елементи од оваој Договор.
Носителот на набавката, според спецификацијата на постапка од мала вредност бр. /2022 за јавна набавка на Медицински потрошен материјал треба да гo испорача предметот на набавка наведен во техничките спецификации кои се во прилог на овој Договор.
ВРЕДНОСТ НА ДОГОВОРОТ
Член 2
Вкупната вредност на договорот без пресметан ДДВ изнесува ................... xxxxxx и вкупната вредност на ДДВ изнесува .................. денари односно вкупната вредност со пресметан ДДВ изнесува ...........................
Количината наведена во табеларниот преглед не е обврзувачка за ЈЗУ Универзитетска клиника за детски болести – Скопје, а количините ќе ги утврдат согласно своите потреби и истите не може да ја надминат количината дадена во табелата за цело времетраење на Договорот.
РОК И МЕСТО НА ИСПОРАКА
Член 3
Испораката на предметот на набавката ќе се одвива сукцесивно согласно динамиката на потрошувачката и искажаните потреби од страна на Договорниот орган во рок до 10 дена од доставена нарачка.
Член 4
Место на испорака на предметот на набавка ќе биде, аптека кај ЈЗУ Универзитетска клиника за детски болести, Водњанска бр. 17 - Скопје.
ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА ДОГОВОРОТ
Член 5
Овај Договорот се склучува на определено време за период од 1 (една) години сметано од датумот на склучувањето.
ИЗГОТВУВАЊЕ И ДОСТАВУВАЊЕ НА ФАКТУРАТА
Член 6
При изготвувањето на фактурата, Носителот на набавката е должен да ги наведе следните елементи:
назив на Крајниот корисник - ЈЗУ, место, седиште, даночен број;
број и датум на договорот склучен со ЈЗУ;
количини со опис на стоката, дефинирани по елементи како во член 2 од Договорот;
единечни договорни цени на секој од елементите;
вкупни цени по елементи;
вкупна цена на фактурата;
пресметка за ДДВ;
вкупна цена за исплата по фактурата
валута на плаќање.
НАЧИН И УСЛОВИ НА ПЛАЌАЊЕ
Член 7
Плаќањето ќе се врши во рок од 90 дена по извршена испорака и доставување на фактурата до Договорниот орган.
Носителот на набавката фактурата ја доставува заедно со испратницата за извршено примопредавање на предметот на набавката, заверена и потпишана од овластените лица на Договорниот орган.
НАЧИН НА ПРИМОПРЕДАВАЊЕ НА СТОКАТА/ИТЕ
Член 8
Примопредавањето на предметот на набавка се состои во вршење на потребните дејствија за да биде возможно предавањето, како и превземањето на предметот на набавка.
Носителот на набавката ја извршил обврската за предавање кога предметот на набавка ќе му го врачи на договорниот орган.
За примопредавањето се составува записник кој ги содржи особено следните податоци:
1) дали стоката/те е испорачана во рокот кој е договорен;
2) дали квантитетот и квалитетот на испорачаната стока/и одговара на договорениот квантитет и квалитет, односно, кои стоки ќе треба да се замената, поправат и во кој рок тоа треба да се стори;
Записникот за примопредавање го потпишуваат двете договорни страни.
Од денот на составувањето и потпишувањето на записникот настануваат последиците во врска со примопредавањето.
Предмет на набавката и ризикот преминуваат од носителот на набавката на корисниците – јавните здравствените установи од моментот на нивното примопредавање.
ПРАВА И ОБВРСКИ НА НОСИТЕЛОТ НА НАБАВКАТА
Член 9
Носителот на набавката е должен предметот на набавката да го извршува согласно условите утврдени во овај Договор.
Носителот на набавката е должен да го склучи договор со Договорниот орган во рок од 3 (три) дена од денот на добивање на договорот и истиот да му го врати на договорниот орган. Договорниот орган ја презема обврска на избраниот Носителот на набавка да му го испрати потребниот број на примероци од договорот откако истиот ќе го потпише овластеното лице на договорниот орган.
ДОГОВОРНА КАЗНА ЗА ЗАДОЦНУВАЊЕ И НЕИСПОЛНУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ
Член 10
Во случај Носителот на набавката да доцни со испораката на предметот на овој Договор, Носителот на набавка остварува право на договорна казна во висина од 0,03% од вредноста на неиспорачаните добра за секој ден задоцнување но не повеќе од 3 % од вкупно вредноста на договорт на нереализираната испорака.
РАСКИНУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ
Член 11
Кога една од договорните страна не ќе ја исполни својата обврска, другата договорна страна, може да бара исполнувањето на обврските или да го раскине Договорот со право на надомест на штетата.
Член 12
Кога една од договорните страни не ја исполни својата обврска во определениот рок, другата договорна страна може да и остави примерен дополнителен рок од 5 дена за исполнување на обврската.
Ако договорните страна која не ја исполнила својата обврска во определениот рок, не ја исполни обврската ни во дополнителниот рок, другата договорна страна има право да го раскине договорот.
Член 13
Договорниот орган може да го раскине договорот и без да му остави на Носителот на набавката, дополнителен рок за исполнување ако од неговото однесување произлегува дека тој нема да ја изврши својата обврска ниту во дополнителниот рок.
Член 14
Кога пред истекот на рокот за исполнување на обврската е очигледно дека едната договорна страна нема да ја исполни својата обврска од Договорот, другата страна може да го раскине Договорот и да бара надомест на штетата.
Член 15
Со раскинувањето на Договорот, двете договорни страни се ослободени од своите обврски, освен од обврската за надомест на евентуалната штета, сразмерно од исполнетиот дел од Договорот согласно одредбите од Законот за облигациони односи.
Член 16
Ако по склучувањето на договорот настапат околности што го отежнуваат исполнувањето на обврската на едната договорна страна или ако поради нив не може да се оствари целта на Договорот, во таа мера што е очигледно дека договорот повеќе не им одговара на очекувањата на договорните страни и дека според општото мислење би било несправедливо, да се одржи во сила таков каков што е, страната на која и е отежнато исполнувањето на обврската, односно страната која што поради променетите околности не може да ја оствари целта на Договорот може да бара Договорот да се раскине.
Раскинување на Договорот не може да се бара ако страната што се повикува на променетите околности била должна во време на склучувањето на Договорот да ги земе предвид тие околности или можела да ги избегне или да ги совлада.
Страната која бара раскинување на Договорот не може да се повикува на променетите околности што настапиле по истекот на рокот определен за исполнување на нејзината обврска.
Договорот нема да се раскине ако другата страна понуди или се согласи соодветните услови од договорот да се изменат справедливо.
Ако судот изрече раскинување на Договорот, на барање од другата страна, ќе ја обврзе страната што барала раскинување да и надомести на другата страна справедлив дел од штетата што ја трпи поради тоа.
Член 17
Страната што е овластена да бара поради променетите околности раскинување на Договорот е должна за својата намера да бара раскинување на Договорот, да ја извести другата страна во рок од 2 дена по настапувањето на таквите околности, а ако тоа не го сторила одговара за штетата што другата страна ја претрпела поради тоа што барањето благовремено не и било соопштено на време.
ПРИМЕНЛИВ ЗАКОН
Член 18
Врз сите евентуални спорови кои би произлегле од овај Договор, ќе се применуваат важечките прописи на Република Македонија.
РЕШАВАЊЕ НА СПОРОВИ ВО ТЕКОТ НА ИЗВРШУВАЊЕТО
Член 19
Договорниот орган и Носителот на набавката ќе ги вложат сите напори за договорно, директно и неформално решавање на било какво несогласување или спор што ќе произлезе помеѓу нив во врска со извршувањето на оваој Договор.
Член 20
Сите евентуални спорови кои би произлегле од овај Договор, а кои договорните страни не би можеле да ги решат спогодбено, ќе ги решава стварно надлежниот суд во Скопје.
ЗАВРШНИ И ОПШТИ ОДРЕДБИ
Член 21
Договорните страни можат да ги дополнат и/или изменат одредбите од оваој Договор само спогодбено под услов предложените измени и дополнувања да се во согласност со важечките прописи во Република Македонија.
Договорната страна која бара измена и/или дополнување е должна своето барање до другата страна да го достави во писмена форма.
Одредбите од овој Договор можат да се изменат и/или дополнат со склучување на Договорот за изменување и дополнување на овој Договор.
Дополнувањата и/или измените на овој Договор се важечки ако се направени во писмен облик и ако се потпишани од двете договорни страни.
Член 22
Овој Договор е составена во 4 (четири) примероци, од кои секоја страна задржува по 2 (два) примерока.
Договорни страни:
Договорен орган |
|
Носител на набавката |
ЈЗУ УК за детски болести – Скопје |
|
|
Директор |
|
Одговорно лице |
|
|
|
|
|
|
1На почетната страна на ЕСЈНво делот „Економски оператори“ се наоѓа линкот „Регистрирај се“.
22