Contract
Република Македонија
ФОНД ЗА ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ НА МАКЕДОНИЈА
Број
А Н Е К С
за продолжување на Договор за извршување и плаќање здравствени услуги во примарната здравствена заштита- гинекологија
Склучен за 2013 година, помеѓу:
1. Фондот за здравствено осигурување на Македонија, застапуван од директор М-р Xxxx Xxxxxxxxxxx - Xxxxxxxx и директор Xxxxxx Xxxxxx од една страна, и
2. Здравствена установа , со седиште во на ул. бр , застапуван од директорот , од друга страна.
Член 1
Врз основа на барање бр. од , со овој Анекс на договор се врши изменување и дополнување на Договорот за извршување и плаќање здравствени услуги во примарна здравствена заштита - гинекологија под бр._ за 2011 година..
Член 2
Во член 3 ставот 3 се брише.
Се додава нов став 4 кој гласи: “Здравствените услуги на осигурените лица, согласно критериумите предвидени од Министерството за здравство во , Правилникот за поблиските просторни услови, опремата и кадрите за основање и работење на здравствените организации како и Правилникот за начинот на плаќањето на здравствените услуги во примарната здравствена заштита, ги пружа тимот на избраниот лекар, односно тимови на избраните лекари вработени со полно работно време во здравствената установа (во натамошен текст избран лекар) кои имаат добиено лиценца за работа“
Член 3
Во член 7 во ставот 6 бројот “21“ се заменува со бројот “30“
Член 4
Во член 9 во ставот 4 годината “2012“ се заменува со годината “2013“.
Во ставот 7 зборовите “ доказ препорачано писмо со повратница“ се заменуваат со зборовите “ како доказ список на испратени покани заверен во пошта“
Член 5
Во членот 10 во ставот 1 зборовите “од 01.04.2012 година до 31.12.2012 година“ се заменуваат со зборовите “од 01.01.2013 година до 31.12.2013 година“
Во ставот 2 зборовите “30 април“ се заменуваат со зборовите “31 јануари“
Член 6
Во член 12 точка 12 се менува и гласи : „ За користење на краткотрајни отсуства на лекарскиот тим над три дена да го извести писмено Фондот . За сите останати отсуства во текот на денот предвидени во Законот за работни односи, потребно е задолжително водење на кадрова евиденција со издавање налог за оправдано отсуство од работа или
пропусница од страна на овластеното лице на здравствената установа. заведена во деловодната книга .
Во Точката 13 по зборот „прегледот„ се додаваат зборовите „како и помошните дијагностички прегледи со ЕХО, Kолпоскопија и земање на брис“
Точката 16 по зборот „траење„ се додаваат зборовите „ односно матерјални картички кои треба да се чуваат во здравствената установа„
Во членот 12 се додаваат нови точки 28, 29, 30 , 31 и 32 кои гласат
“Здравствената установа мора да располага со ЕХО апарат по ординација.
Избраниот лекар е обврзан да обезбедува здравствени услуги на осигурени лица кои сакаат да го изберат лекарот, независно од бројот на осигурени лица кои направиле избор кај матичниот лекар
Со цел да се обезбеди континуитет во издавање на боледувањето, избраниот лекар еден месец пред заминување во пензија или прекин на работен однос по било кој основ е должен да ги извести осигурениците кои се привремено спречени за работа поради болест.
Здравствената установа распределбата на кадарот да ја врши со М-1 пријава на вработените во соодветната работна единица.
Здравствената установа се обврзува најдоцна до 5-ти во месецот, за претходниот месец на посебен преглед да дава известување на подрачната служба на Фондот за сите случаи кои се предизвикани од: сообраќајна несреќа, повреди предизвикани од страна на друго лице, повреда на работа и професионално заболување. Образецот „С“ е составен дел на овој договор.“
Член 7
Во член 14 ставот 3 се брише.
Во став 4 по зборот „лекови“ се брише зборовите „и упати“
Член 8
Членот 16 се менува и гласи:
“Избраниот лекар е должен во текот на 2013 година да посетува специфична медицинска едукација за рано дијагностицирање на:
- скрининг во прв триместар на бременост
- превенција и предикција на предвремено породување
- скрининг на цервикален карцином
- скрининг за оваријален карцином
Специфичната медицинска едукација за рано дијагностицирање ја организира Здружението на приватни лекари на РМ во соработка со Македонското лекарско друштво и Лекарската комора на Македонија, а ја спроведуваат соодветни стручни професионални здруженија. За извршените обуки избраниот лекар добива сертификат.“
Член 9 Во член 22 бројот “21“ се заменува со бројот “30“.
Член 10
Во член 24 во ставот 2 зборот “пресметка“ се заменува со зборот “спецификација
Се додава нов став 3 кој гласи: во прилог на секоја спецификација здравствената установа задолжително доставува копија од потврдата издадена од подрачната служба на Фондот, копија од двојазичниот образец за престој или копија од електронската картичка за здравствено осигурување (EHIC).
Ставот 3 станува став 4.
Член 11
Во член 29 во точката 6 на крајот од реченицата се додаваат зборовите: “согласно роковите дадени во договорот.“
Во точката 8 по зборот “став“ бројот “3“ се заменува со бројот “4“.
Член 12
Во член 30 ставовите 13 и 15 се бришат.
Во ставот 14 по зборот “година“ се додаваат зборовите “и анексите на договорите за 2012 и 2013 година“.
Член 13
Во член 31 точката 6 се брише.
Точката 8 која станува точка 7 се менува и гласи : „ Доколку избраниот лекар не го почитува Правилникот и Критериумите за дијагностичките постапки и оцена на привремената спреченост за работа поради болест и повреди или потребат а за нега на болен член од потесното семејство“.
Точка 11 се менува и гласи: “. Доколку здравствената установа не води уредна кадрова евиденција“. Во членот 31 се додава нова точка 14 која гласи: “Доколку не издаде потврда за наплатено учество- партиципација (квитанција ).“
Член 14
Во член 32 точката 3 се менува и гласи: “ Доколку здравствената установа за користење на краткотрајни отсуства до 3 дена на лекарскиот тим предвидени во Законот за работни односи, не води евиденција со издавање налог за оправдано отсуство од работа (пропусница) и не ја евидентира во деловодна книга.
Во точка 8 по зборот „документација„ се додаваат зборовите „во здравствен картон, амбулантски дневник, компјутер, дневник за интервенции и други евиденции„
Во членот 32 точките 9 ,14 и 16 се бришат.
19. Во членот 32 се додаваат нови точки 14, 15, 16, 17, 18, 19, 20 и 21 кои гласат :
Доколку здравствената установа не укаже здравствена услуга во итни акутни случаи на осигуреници кои се на одмор или се надвор од местото на живеење или за истата наплати дополнителни финансиски средства„
Доколку на аплицирана ампуларна терапија, на позадината на секој рецепт нема евидентирана дата на аплицирање и потпис на пациентот„
Доколку избраниот лекар одбива да пропишува потребен број на лекови на рецепт за хронично болни.
Доколку здравствената установа работи спротивно на договорните одредби за кои не е предвидена договорна казна согласно член 31 и 32.
Доколку здравствената установа не ја врши пресраспределбата на тимот со М1 образец за соодветната работна единица.
Во членот 31 по точката 13 се додава нова точка 14 која гласи:
Доколку установа по две последователни контроли во рок од 30 дена не набави ЕХО апарат во ординацијата.
Доколку здравствената установа не го почитува работното време истакнато во ординацијата.
Доколку избраниот лекар не пропишува лекови од Листата на лекови кои паѓаат на товар на Фондот по генеричко име на лекот за кој е утврдена референтна цена на лекот“
Член 15
Во насловот на членот 33 се бришат зборовите “во износ од една половина од месечна капитација од фиксен дел“
Во членот 33 се додаваат нови точки 9, 10, 11 и 12 кои гласат
„ Доколку постои писмено незадоволство на осигурениците кои ги користат здравствените услуги утврдени во соодветна постапка.
Доколку здравствената установа секој месец од ВЕБ страната на Фондот редовно не ги следи сите новини како и Списокот на здравствени установи кои имаат склучено договор со Фондот за да го упати осигуреното лице да оствари здравствена заштита на повисоко ниво. Доколку избраниот лекар не дава одјава и здравствениот картон на барање на осигуреното лице.
Доколку здравствената установа не располага со ЕХО апарат во ординацијата„
Член 16
Во членот 38 зборовите “заклучно со 31.12.2012 година“ и се заменуваат со зборовите “за период од 01.01.2013 го 31.12.201 година.“
Прилози: -Образец за колпоскопски преглед
-Образец за микробилошки брис
-Задолжителна ампуларна терапија(Прилог А)
-Терапија за ургентни состојби(Прилог А1)
Напомена: Сите прилози можат електронски да се испечатат од веб станицата на Фондот
:
Фонд за здравствено осигурување на Македонија,
ПЗУ,
Д и р е к т о р, Д и р е к т о р, Д и р е к т о р ,