fax (02) 55 11 992
Кеј Димитар Влахов б.б. п.ф. 506, 1000 Скопје
тел. (00) 00 00 000
fax (00) 00 00 000
П О В И К З А Д Е Л О В Н А С О Р А Б О Т К А Д С - 2 / 2 0 1 2
Државната лотарија на Македонија објавува повик за склучување на Договор за деловна соработка со правнo лицe чија дејност е печатење на весници (НКД - Група 18.1), за извршување на следните работи:
▪ користење на дневен весник (весници) како продажен канал за игра од типот „Експрес лотарија“ по цени кои ги одредува Државната лотарија на Македонија
Државната лотарија на Македонија е единствен овластен приредувач на игри на среќа од ваков тип во Република Македонија
I. УСЛОВИ ЗА СКЛУЧУВАЊЕ НА ДОГОВОР ЗА ДЕЛОВНА СОРАБОТКА
За склучување на договор за деловна соработка со Државната лотарија на Македонија правното лице е потребно да ги исполнуваат следните услови.
I.1. Општи услови
Правното лице кое е заинтересирано да склучи Договор за деловна соработка со Државната лотарија на Македонија потребно е да ги исполнува следниве општи услови:
▪ Да е запишано во Централниот регистар на Република Македонија за вршење на наведената дејност;
▪ Во последните 6 (шест) месеци да покажува позитивно работење;
▪ Да ги има измирено сите даноци, придонеси и други јавни давачки;
▪ Врз него да нема отворена постапка за стечај или ликвидација;
▪ Со правосилна пресуда да не му е изречена мерка на безбедност забрана за вршење на дејност;
▪ Тиражот на дневниот весник/весници во кои би се дистрибуирал лозот да не е помал од 1.000.000 парчиња месечно;
▪ Да има организирано своја служба за дистрибуција
I. 2. Посебни услови
Правното лице кое е заинтересирано да склучи Договор за деловна соработка со Државната лотарија на Македонија потребно е да ги исполнува следниве посебни услови:
▪ да обезбеди физички контролиран и обезбеден простор за чување на лозовите, до нивна целосна дистрибуција;
▪ да обезбеди соодветна дистрибуција на лозовите на дневна основа;
▪ однапред да ја откупи целата емисија на лозови од типот „Експрес лотарија“;
▪ во име, за сметка и со одобрение на Државната лотарија на Македонија да изврши набавка на стоковите добивки
II. НАЧИН НА ДОСТАВУВАЊЕ НА ДОКУМЕНТАЦИЈА
Понудите со бараната документација се доставуваат во затворен плик со ознака „За Повик за склучување на Договор за деловна соработка број ДС-2/2012“
Понудата се доставува во 1 (еден) оригинален примерок, кој треба да биде заверен и потпишан од одговорното лице на Понудувачот.
Со својата Понуда, правното лице треба да потврди дека ги задоволува и дека ги прифаќа општите и посебните услови од овој Повик.
Кон Понудата задолжително се доставува:
1. документ за регистрирана дејност;
2. тековна состојба од Централен регистар на Република Македонија;
3. документ за бонитет од Централен регистар на Република Македонија;
4. потврда од Управата за јавни приходи за платени даноци, придонеси и други јавни давачки;
5. потврда дека не е отворена постапка за стечај или ликвидација;
6. уверение дека со правосилна пресуда не му е изречена мерка на безбедност - забрана за вршење на дејност;
7. потврда за тираж на дневниот весник/весници
8. Изјава/Согласност за солемнизација на Договорот за деловна соработка кој ќе треба да се потпише, на свој трошок, со што ќе се гарантира извршување на преземените обврски
9. адреса, контакт телефон, факс, електронска адреса
Документите (од реден број 1 до реден број 6) кои се приложуваат кон понудата не смеат да бидат постари од 6 (шест) месеци и треба да се достават во оригинал или во нотарски заверена копија.
Документот под реден број 7 треба да е заверен и потпишан од одговорното лице на Правниот субјект кое го печати весникот/весниците.
Документот под реден број 8 треба да е заверен и потпишан од одговорното лице на Понудувачот.
Доставувањето на понудите се врши преку пошта на адреса на Државната Лотарија на Македонија, Кеј Димитар Влахов бб, п.ф. 506 или во архивата на Државна Лотарија на Македонија – зграда на МРТВ, 18-ти кат, најдоцна до среда, 07.03.2012.
III. ОБВРСКИ НА ИЗБРАНИОТ ПОНУДУВАЧ
Со избраниот понудувач ќе се склучи Договор за деловна соработка и истиот ќе се солемнизира кај Нотар во рок од 8 дена по известувањето за конечноста на Одлуката за избор.