Contract
Врз основа на член 31 од Законот за здруженија и фондации (Сл весник број 52/2010 година, основачот Друштво за производство, трговија и услуги ОРКА ХОЛДИНГ АД Скопје на Фондацијата „Илија Камчев“ на ден 01.12.2011 година го донесе следниот
С Т А Т У Т
на
Фондација Илија Камчев
I ОПШТИ ОДРЕДБИ
Член 1
Со овој Статут се утврдува особено:
- името и седиштето на Фондацијата
- Целите и задачите на Фондацијата и начинот на нивното реализирање
- Името и адресата на основачот
- Дејноста со која се остваруваат целите на Фондацијата
- Внатрешната организација на Фондацијата, видот и составот на органите, надлежностите начинот на избор и разрешување на членовите на органите, траење на мандатот на членовите на органите и начинот на одлучување
- Законско застапување на Фондацијата
- Постапка и начин на стекнување и користење на средствата на фондацијата
- Права, обврски и одговорности на донаторите и на основачите спорема Фондацијата
- Можни корисници на средствата
- Начинот на донесување, изменување и дополнување на Статутот на Фондацијата
- Начин на домесување деловни, финансиски и други извештаи
- Начин на остварување на јавноста и транспарентност во работата
- Начин на одлучување за статусни измени и престанок на фондацијата
- Начин на располагањето со имот и средствата во случај на престанувањето на Фондацијата
- Контрола на наменско користење и располагање со средствата во случај на престанувањето на Фондацијата
- Контрола на наменско користење и располагање со средствата и приходите на Фондацијата
- Начин на донесување на планови и програми
- Други прашања.
Член 2
Фондацијата е невладина, непартиска и непрофитна организација од добротворен и хуманитарен карактер и дејност која се основа задари остварување и заштита на образовсни, социјални, научни и хуманитарни права и интереси во согласност со Уставот и Законите.
Фондацијата може да врши дејности со кои може да стекне добивка, ако дејноста е поврзана со целите утврдени со Статутот.
Ако во работењето на Фондацијата се оствари добивка таа мора да биде употребена за остварување на целите утврдени со Статутот.
Член 3
Основачот ја основа Фондацијата Илија Камчев заради финансирање на доктори специјалисти, државјани на Република Македонија на субспецијализација во областа на Кардиохирургијата, кои субспецијализацијата ќе ја изучуваат надвор од Република Македонија.
Член 4
Фондација Илија Камчев своите права и должности, и одговорности ги остварува во согласност со Уставот, законот и овој Статут.
Фондацијата има својство на право лице со права, надлежности и одговорности утврдени со Уставот, законот и овој Статут.
Член 5
Името (називот) е: ФОНДАЦИЈА ИЛИЈА КАМЧЕВ.
Член 6
Фондацијата Илија Камчев одговара за своите обврски со својот имот и средства.
Член 7
Седиштето на Фондацијата Илија Камчев е во Скопје на ул Скупи бр. 5А
Фондацијата „Илија Камчев“ се организира и делува на подрачјето на република Македонија.
Член 8
Фондација „Илија Камчев“ има свој печат и штембил.
Печатот е тркалезен и го содржи името на македонски јазик и неговото кирилско писмо кое гласи ФОНДАЦИЈА ИЛИЈА КАМЧЕВ
Штембилот на Фондацијата е правоаголен со следниот текст:
- ФОНДАЦИЈА ИЛИЈА КАМЧЕВ, со рубрика за деловоден број и датум
Член 9
Рабтата на Фондацијата е јавна.
Јавноста на работењето се обезбедува со припремање на редовни извештаи за нејзиното работење со овозможување увид во спроведувањето на програмските задачи, со поднесување на извештај за работата на ограните и телата на Фондацијата, за начинот на користење на средствата на Фондацијата, за материјално-финансиско работење и друго (годишни или периодични финансиски извештаи)
За информирање на потенцијалните корисници на средствата на Фондацијата и пошироката јавност, се користат електронските и печатени медиуми.
Член 10
Основач на Фондација Илија Камчев е Друштво за производство, трговија и услуги ОРКА ХОЛДИНГ АД Скопје со седиште на ул Скупи бр. 5А Скопје, со матичен број 5989876 застапувано од извршниот директор Xxxxxx Xxxxxx.
Основачот на денот на основањето на Фондацијата го дал следниот паричен основачки влог во висина од 615.000,00 денари или 10 000 евра.
Член 11
Основачките права на основачот на Фондацијата Илија Камчев не може да се пренесат на нивните правни наследници.
Донаторите што вложуваат средства или имотни права по основањето на Фондација Илија Камчев немаат статус на основачи.
Член 12
Фондацијата Илија Камчев ја преставува и застапува Директорот на Фондацијата
II ЦЕЛИ И ЗАДАЧИ НА ФОНДАЦИЈАТА
Член 13
Целта за основање на Фондацијата е транспарентно фокусирање на хуманитарни активности преку собирање средства и нивно насочување кон одредени сегменти во општеството кои се од интерес за пошироката јавност, акко што се хуманитарни активности, образование и живона средина.
Фондацијата како имотна маса обезбедена од основачот, ќе се користи заради остварување на поширок интерес и заради постигнување на следните посебни цели и задачи:
Фондацијата Илија Камчев има за основна цел да инвестира помогне во неопходната едукација на млади кардиохирурзи како и анестезиолози за кардиохирургија како и педијатријски кардиохирурзи.
Потребата за овие кадри во државата е огромна и неопходна. Млади хирурзи кои што се веке на специјализација по општа хирургија и имаат афинитет, талент и висока мотивација, во третата и четвртата година на програмата, ке бидат инкорпорирани во програмот на кардиохирургија во Клиничка болница АЏИБАДЕМ СИСТИНА. По заврсувањето на специјализацијата по општа хирургија и додатното стекнување на едукација во одделот по кардиохирургија во Клиничка болница АЏИБАДЕМ СИСТИНА, 2 специјалисти ке бидат одбрани и спремни за додатна едукација во траење од 2 години во некој од Академските Центрит во Израел , или во болниците на Ацибадем во Турција. Програмот на едукацијата во тие две години надвор од рамките на Македонија ке бидат специфицирани поконкретно во договор со академските центри, но ке мораат да опфакаат неколку основни дисциплини. Фондацијата Илија Камчев ги остварува целите, правата, интересите и уверувањата за кои е основана, преку стекнување и
унапредување со средствата и имот.
III ФИНАНСИРАЊЕ НА ФОНДАЦИЈАТА
Член 14
Фондацијата Илија Камчев своите цели и задачи стартно ги остварува од основачкиот влог.
Фондацијата може да стекнува предмети, парични средства и имотни права.
Фондацијата средствата може да ги стекне и од прилози, донации, подароци, легат заверен пред нотар и друго.
Фондацијата може да остварува приходи и од добивката на трговските друштва што ќе ги основа со своите сопствени средства, заради остварување на своите цели и задачи утврдени со овој Статут.
Фондацијата може да добива средства и од буџетот, согласно Закон, врз база на сопствена програма за работа и овој Статут.
Член 15
Средствата на Фондацијата стекнати согласно член 12 од овој Статут се сопственост на Фондацијата „Илија Камчев“
Член 16
Фондација „Илија Камчев“ ги употребува своите средства исклучиво за остварување на целоте и задачите утврдени со овој Статут.
Член 17
Корисник е лице на кое му се даваат услуга за финансирање на субспецијализација од областа на Кардиохирургијата врз основа на средствата кои се во сопственост на Фондацијата.
Основачот, Директорот, членовите на Управниот одбор и Надзорниот одбор, како и вработените во стручната служба на Фондацијата Илија Камчев можат да се јават како корисници, доколку е тоа во согласност со целите на Фондацијата и овој Статут и доколку за тоа се изјаснат две третини од членовите на Управниот одбор.
Член 18
За користење на располагање со средствата одлучува Управниот одбор на фондацијата согласно со надлежностите утврдени со овој Статут кој превзема мерки за економско целисообразно користење на средствата и за спречување и отстранување на незаконитостите.
Член 19
Управниот одбор на Фондацијата Илија Камчев донесува годишен финансиски план за приходите и расходите на Фондацијата.
Финансискиот план ги содржи приходите на Фондацијата како расходите за остварување на целите и задачите на Фондацијата, плати на вработените на Фондацијата, материјални трошоци и други расходи сврзани со работата на фондацијата.
IV ОРГАНИ НА ФОНДАЦИЈАТА
Член 20
Органи на Фондација „Илија Камчев“ се:
- Управниот одбор и
- Надзорниот одбор
- Директор
Член 21
Членовите на Управниот одбор ги именуваат основачите со Одлука за избор на органите и податоци за членови на органите.
Управниот одбор брои најмалку 5 членови, но не повеќе од 9 членови, од кои најмалку половина мора да се државјани на Република Македонија и нивниот мандат трае 4 години со право на повторно именување. .
Член 22
Управниот одбор од своите редови избира претседател чиј мандат трае 4 години. Претседателот го свикува Управниот одбор најмалку 12 пати годишно.
Претседателот има обврска да свика вонредна седница на Управниот одбор кога најмалку 1/3 членови од Управниот одбор го бараат тоа написмено најдоцна во рок од 15 дена.
Член 23
Член на Управниот одбор не може да биде преставуван од друг член на Управниот одбор.
Членот на Управниот одбор се иззема од гласање за прашања поврзани со него, со неговиот брачен другар, роднина од прв и втор степен и за прашања што се однесуваат на некое правно лице врз кое има контрола или економски интерес.
Член на Управниот одбор кој сака да истапи од одборот тоа треба да го стори написмено.
Во случај на испразнето место во Управниот одбор лицето кое ќе го пополни тоа место би требало да биде прифатено од 2/3 од останатите членови на Управниот одбор. Ова лице ќе го врши временски својот мандат онолку колку што преставува за тоа испразнето место.
Член 24
Управниот одбор на својата седница може да отповика свиј член во следните случаи:
- по негово барање
- по барање на основачите
- доколку биде осуден на казна затвор подолга од 6 месеци
- доколку стане член на Управниот одбор на иста или слична Фондација.
Член 25
Управниот одбор правосилно решава кога се присутни најмалку половина од вкупниот борј на членови на одборот.
Управниот одбор решава со гласање.
За правосилна одлука се смета онаа за која е гласано со апсолутно мнозинство.
Одлуката е правосилна ако е донесена со 2/3 гласови од апсолутното мнозинство.
Член 26
Членовите на Управниот одбор можат да примаат паричен надоместок соодветен на нивните задолженија, доколку тоа го дозволува финансиската состојба на Фондација Илија Камчев.
Член 27
Управниот одбор е надлежен да:
- да ја преставува Фондацијата и да ги води нејзините работи,
- да ги спроведува статусните и програмските задачи на Фондацијата
- донесува и реализира годишна програма за работа
- донесува соодветни правилници, прифаќа спогодби и склучува договори
- одлучува за условите и распределбата на средствата на корисниците односно за постапката и начинот на користење на средствата на Фондацијата
- го контролира финансиското работење на Фондацијата самостојно или преку свое за тоа формирано тело
- донесува одлука за престанок на Фондацијата
- формира стручна служба на Фондацијата
- донесува одлуки за формирање на постојани и повремени работни тела и ја насочува нивната работа
- усвојување правила за работењето на Управниот одбор
- организира разни акции и манифестации поврзани со целите и задачите на Фондацијата
- донесува одлука за награди, пофалници и признанија
- донесува одлука за набавка и оттуѓување на основни средства
- донесува одлука за приговор и жалби
- врши и други работи поврзани со остварување на целите и задачите на Фондацијата утврдени со овој Статут.
Член 28
Членовите на Управниот одбор се договараат за остварување на целите и задачите на Фондацијата утврдени со овој Статут и во оваа смисла се одговорни пред основачот.
Членовите на Управниот одбор се одговорни за штета предизвиката од нивната работа или поради нејзино запоставување.
Основачот, доколку констатира дека се исполнети условите за одговорност предизвикана од став 1 и 2 на овој член има право да го разреши членот на Управниот одбор или целиот Управен одбор.
Поблиски одредби за именување, надлежности, одговорности и начин на работа на Управниот одбор се уредуваат со одлуката за избор на органите и податоци за членовите на органите од основачот и Деловникот за работа на Управниот одбор.
Член 29
При основање на фондацијата членовите на Надзорниот одбор ги именува основачот со посебна одлука.
Надзорниот одбор брои 3 члена од кои најмалку половина мора да се државјани на Република Македонија.
Член 30
Надзорниот одбор е надлежен да врши контрола:
- за извршување на статутарни и програмски задачи и одлуки на Управниот одбор и другите тела на Фаондацијата
- над спроведување на одредбите на овој акт и Статутот
- за наменско користење и располагање со средствата и приходите на Фондацијата.
Член 31
За наодите од спроведената контрола Надзорниот одбор го известува основачот и предлага мерки на членовите на Управниот одбор.
Член 32
Членовите на Надзорниот одбор за својата работа се одговорни пред основачите.
Поблиски одредби за именување, разрешување, надлежност, одговорности и начин на работа на Надзорниот одбор се уредуваат со одлуката за избор на органите и податоци за членовите на органите од основачот и Деловникот за работа на Надзорниот одбор.
Чlen 33
Директорот се назначува, отповикува и заменува врз основа на Одлука од основачот.
Одлуката за именување на директор на Фондацијата стапува во сила со денот на упис во регистарот на здруженија на граѓани и фондации.
Директорот ја претставува и ја застапува Фондацијата во односите со трети лица, потпишувајки се под називот на Фондацијата и дејствува во сите околности во името на Фондацијата.
Чlen 34
Директорот ќе ги извршува сите акти и дејствија во управување во интерес на Фондацијата и ги извршува своите должности совесно и во интерес на исполнувањето на целите на Фондацијата.
Директорот е лично одговорен спрема Фондацијата и спрема трети лица за работењето во колку е тоа спротивно на одредбите на Законот и другите прописи, за непочитување на договорот, како и за грешките што ќе настанат во врска со управувањето на Фондацијата.
Чlen 35
Фондацијата својата функција ја врши без ограничување на овластувањата при склучување на договори и превземање на дејствија во правниот промет со трети лица.
V СТРУЧНА СЛУЖБА НА ФОНДАЦИЈАТА
Член 36
За извршување на административно-стручни, помошни и на нив слични работи од заеднички интерес за остварување на целите и задачите на Фондацијата определени со овој Статут, Фондацијата може да формира Стручна служба
VI ПРЕСТАНОК НА ФОНДАЦИЈАТА
Член 37
Фондацијата престанува:
- ако се утврди дека престанала со работа
- ако средствата не се доволни за остварување на нејзините цели и задачи определени со Актот и Статутот
- ако го изгуби својот имот
- ако целта за која е формирана е исполнета или не може да се исполни
- со стечај
- со одлука на основачите
- со одлука на Управниот одбор
- ако работи спротивни на одредбите од Законот за здруженија и фондации x
- ако работењето на фондацијата не е во согласност со нејзиниот Статут.
Овластениот застапник на Фондацијата во случај на настапување на некоја околност предвидена со овој член должен е во рок од 15 дена по нејзиното настанување да го извести регистарот на фондации во кој е регистрирана Фондацијата.
Член 38
По престанокот на работата на Фондацијата депонираните средства што остануваат по намирување на побарувањата се распределуваат на основачот со Одлука на основачот на Фондацијата.
VII ПРЕОДНИ И ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ
Член 39
Право на толкување на одредбите на овој Статут има доносителот, односно основачите и Управниот одбор на Фондацијата.
Член 40
Измени и дополнувања на овој Статут се врши по иста постапка како и за неговото донесување.
За измени и дополнувања на овој Статут потребна е согласност од основачот.
Член 41
Овој Статут влегува во сила со денот на неговото донесување