Contract
„ТИ ИМАШ ПРАВО...“
РЕГУЛАТИВА НА ПРАВАТА НА РАБОТНИЦИТЕ
1. ДОГОВОР ЗА ВРАБОТУВАЊЕ
Xx имаш право да стапиш на работа само откако ќе потпишеш договор за вработување и кога работодавачот ќе те пријави во задолжително социјално осигурување!
• Потпишаниот договор може да се измени само со твоја согласност.
• Договорот може да се раскине доколку измине времето за коешто бил склучен, со отказ од твоја страна или ако тоа го одлучите спогодбено со твојот работодавач.
2. (НЕ)ДИСКРИМИНАЦИЈА
Ти имаш право на еднаква положба при вработување и плаќање, без разлика на твоето расно или етничко потекло, боја на кожата, полот, возраста, здравствената состојба, религиозното, политичко или друго убедување, членување во синдикати, националното или социјалното потекло, статус на семејството, имотната состојба, половата насоченост или други лични околности.
1
4
3. ПЛАТА
Ти имаш право да бидеш платен за работата што ја извршуваш!
• Право на минимална плата од 12.000 денари (услогласена за порастот на трошоците за живот, просечната исплатена плата и БДП) за полно работно време.
• Право на додаток за прекувремена работа, и тоа:
- Работа повеќе од 8 часа на ден: најмалку 1.35 х основната плата за секој дополнителен час работа
- Работа ноќе: најмалку 1.35 х основната плата за секој час работа ноќе
- Работа во три смени: најмалку 1,05 х основната плата за секој час одработен во три смени
- Работа во ден на неделен одмор: најмалку 1.5 х основната плата за секој час работа на ваков ден.
• Право на трошоци поврзани со работата за:
- службено патување: најмалку 8% од основната плата
- работа на терен: во висина утврдена со колективен договор
- користење на приватен автомобил за службени патувања: во висина од 30% од цената на литар гориво што го корисити автомобилот за секој изминат километар
- одвоен живот од семејството: помалку од 60% од основната плата
- селидба за потребите на работодавачот, во висина на стварните трошоци.
Платата мора да биде исплатена во парична форма, за период од најмногу еден месец работа, најдоцна 15 дена по завршување на месецот.
2
4. ОТСУСТВО ОД РАБОТА
Ти имаш право на платено отсуство од работа!
• Право на годишен одмор од најмалку 20 работни дена.
• Право на одмор заради лични потреби (склучување брак, раѓање дете, смрт на близок роднина) до 7 работни дена.
• Право на одмор за време на празниците во земјата.
• Право на образување, дошколување и/или оспособување за лични цели или за потребите на работното место.
• Право на 2 дена одмор при доброворлно давање крв.
Ти имаш право на неплатено отсуство од работа заради лични и семејни потреби, најмногу три месеци во текот на годината!
3
5. БРЕМЕНОСТ И РОДИТЕЛСТВО
Работничка за време на бременост, раѓање и родителство има право на отсуство од работа!
• Платено отсуство од работа во траење од 9 месеци (доколку роди едно дете) или 15 месеци (доколку роди повеќе деца одеднаш).
• Неплатено отсуство од работа во траење од најмногу 3 месеци, додека детето не наполни 3 години.
• Платена пауза од час и половина во текот на работниот ден за доење на детето, додека детето не наполни 1 година.
За време на бременост или со дете до 1 година возраст, работничката не смее да врши работи опасни по нејзиното или здравјето на детето, да работи прекувремено или да работи ноќе.
За време на бременост и породилно отсуство, работничката не смее да добие отказ.
* Работничка која користи отсуство поради бременост, раѓање и родителство, ако сака може да се врати на работа и пред истекот на отсуството, но не и пред 45 дена од денот на раѓање на детето. Притоа, покрај правото на плата, има право и на надомест на плата за отсуство поради бременост и родителство, во висина од 50% од утврдениот износ на надоместокот за породилно отсуство.
4
6. БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ
Xx имаш право да одбиеш извршување на работа што е опасна по твоите здравје и живот!
• Здравствен преглед: ти имаш право на редовни здравствени прегледи (најмалку еден преглед на 24 месеци) за оценка на твоето здравје и способност за работа.
• Обука: ти имаш право на соодветна обука за безбедност и здравје при
вработување или преместување на ново работно место.
• Опрема: ти имаш право на соодветна опрема што ќе ја обезбеди работодавачот, а ќе го заштити твоето здравје и живот.
• Додаток: доколку работиш во услови потешки од нормалните (работа со чад, саѓе, топол пепел, прашина, влага, високи, односно ниски температури, бучава и сл.) ти имаш право на додаток на плата, утврден со колективен договор на ниво на гранка.
5
7. ОТКАЖУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ ЗА РАБОТА
Xx имаш право да дадеш отказ!
• Отказот мора да биде во писмена форма и да се врачи на работодавачот.
• Отказниот рок изнесува 1 месец.
• За време на отказниот рок ти имаш право на отсуство од работа во траење од 4 часа во текот на неделата, за да бараш нова работа.
И работодавачот може да ти даде отказ!
• Доколку се однесуваш спротивно на поставениот ред или ја нарушуваш работната дисциплина, работодавачот може да ти даде отказ.
• Отказниот рок изнесува 1 месец.
• Во рок од 8 дена, имаш право на приговор до работодавачот.
• Во рок од 15 дена, имаш право на приговор до надлежен суд.
8. XXXXX РЕШАВАЊЕ НА СПОРОВИ ОД РАБОТЕН ОДНОС
Ти имаш право да си ги штитиш твоите права гарантирани со закон!
• Ако работодавачот крши кое било твое право, поднеси писмено барање до него да го отстрани кршењето.
• Ангажирај помирувач/арбитер што ќе го реши спорот меѓу тебе и
твојот работодавач. Пронајди Xxxxxxxx на помирувачи/арбитери и избери лице надлежно за твоето населено место. Трошоците за негово ангажирање ги сноси Министерство за правда.
• Одлуката на помирувачот е конечна и против неа не е допуштен приговор до надлежен суд.
• За сите проблеми при остварување на твоите права од вработувањето, побарај помош од Државниот инспекторат за труд.
6
Корисни линкови:
Државен инспекторат за труд xxxx://xxx.xxx.xx/ Министерство за труд и социјална работа xxx.xxxx.xxx.xx Македонско здружение за заштита при работа xxx.xxxxx.xxx.xx
Користена литература: Закон за работни односи, Службен весник на РМ 167/15
Закон за безбедност и здравје при работа,
Службен весник на РМ 53/13 Закон за минимална плата, Службен весник на РМ 140/18
Закон за мирно решавање на спорови,
Службен весник на РМ 30/16 Закон за инспекција на трудот, Службен весник на РМ 147/15 Закон за исплата на платите, Службен весник на РМ 26/13
‘’Анализата e дeл oд прoграмата за пoдгрантираъe вo рамки на прoeктoт Прoцeнка на влијаниeтo на рeгулативата вo ceнка: прoмoвираъe на крeираъe пoлитики 6азирани на дoкази. Прoeктoт e финанcиран oд Eврoпcката Унија.’’
‘’Oваа пу6ликација e изгoтвeна co пoмoш на Eврoпcката Унија. Сoдржината на пу6ликацијата e eдинcтвeна oдгoвoрнocт на здружeниeтo ‘’Finance Think’’ и на никакoв начин нe мoжe да ce cмeта дeка ги oдразува глeдиштата на Eврoпcката Унија, Инcтитут за дeмoкратија “Сoциeтаc Цивилиc” (ИДСЦС) и Цeнтар за eкoнoмcки анализи (ЦEА).‘’