Contract
СТОПАНСКА БАНКА АД‐ СКОПЈЕ
Филијала
Бр.
ДОГОВОР
за отворање на трансакциска сметка/ ИД број на правно лице ‐ резидент
/овластен менувач
Склучен на ден помеѓу:
1. СТОПАНСКА БАНКА АД ‐ СКОПЈЕ,
ЕДБС 4030996116744 и ЕМБС 4065549 (во натамошниот текст: СБ)
2.
(назив на домашното правно лице)
адреса
ЕДБС , матичен број , број на решение/лиценца за добивање дозвола за вршење менувачки работи издадено од НБРМ , тел.бр. , факс бр. Застапник по
закон (во натамошниот текст: Клиент/овластен менувач )
Предмет
Член 1
(1) Предмет на овој договор е регулирање на правата и обврските помеѓу СБ и
Клиентот/овластен менувач во врска со начинот на отворање, водење и затворање на девизна трансакциона сметка/ИД број, која ќе служи исклучиво за вршење менувачки работи.
Начин на отворање и водење на сметка
Член 2
(1)СБ на Клиентот/овластен менувач му отвора девизна трансакциона сметка / ИД број од преамбулата на овој договор, заради потребата на Клиентот/овластен менувач, ефективните
странски пари коишто потекнуваат од менувачкото работење да ги положува на сметка во овластена банка.
(2)Со девизната трансакциона сметка/ИД број се поврзани девизни конта со подсметки за различни валути, со цел Клиентот/овластен менувач да може да ги продава на СБ странските
ефективни пари коишто потекнуваат од вршењето менувачки работи.
Член 3
(1)СБ ја отвора девизната трансакционата сметка / ИД број од член 1 на овој договор на барање на Клиент/овластен менувач и со презентација на:
‐ решение за упис или тековна состојба од трговскиот регистар и регистарот на други правни лица, односно од регистарот на надлежниот орган на Република Македонија ако уписот во
регистарот на надлежниот орган на Република Македонија е пропишан со закон, не постаро од три месеци, важечки документ како доказ дека лицето е законски застапник и документ за
лична идентификација на законскиот застапник
- извод од закон, ако Клиентот/овластен менувач е основан согласно закон,
- Оригинал решение (или нотарски заверена копија) од НБРМ со кое се дозволува вршењето на менувачки работи на Клиентот/овластен менувач
Доколку сакате да ја контактирате Службата за Xxxxx за Клиент/овластен менувач во врска со услугите, производите или вработените на Банката, или сакате ад поднесете приговор или дојава во врска со етички, сметководствени или ревизорски прашања од Одборот за ревизија, Ве молиме посетете ја нашата веб страница xxx.xxx.xxx.xx
Овластување
Член 4
(1)Клиентот/овластен менувач може во моментот на отворање на девизна трансакциона
сметка/ ИД број, или во било кое време по отворањето на девизната трансакциона сметка/ИД број со писмен акт донесен од законскиот застапник на Клиентот/овластен менувач, да овласти друго лице /
други лица за работење со средствата на девизната трансакциона сметка /ИД број или дел од девизните конта со подсметки за различни валути, за што Клиентот/овластен менувач до СБ доставува писмен акт акт (во оригинал или нотарски заверена копија) донесен од законскиот застапник на Клиентот/овластен менувач како и документ за лична идентификација за лицата што се овластуваат за отворање/работење со сметката.
(2)Отповикувањето на овластувањето од став 1, на овој член се врши само врз основа на писмено барање на законскиот застапник на Клиентот/овластен менувач.
Начин на прием и извршување на налозите за плаќање и наплата
(1)На девизните конта отворени под трансакционата сметка / ИД број на Клиент/овластен менувач од преамбулата на овој договор Клиентот/овластен менувач може да врши:
уплати во ефективни странски пари согласно прописите за менувачко работење
продажба на девизните средства од девизната сметка на пазарот на странски платежни средства во СБ,
други потреби согласно прописите за менувачко работење
Член 6
(2)СБ ги извршува налозите за плаќањата врз основа на налог потпишан од законскиот застапник/овластеното лице и приложена соодветна документација.
(3)Плаќањето од став 1 на овој член се врши од средствата на девизното конто поврзано со трансакционата сметка / ИД број, на начин и под услови утврдени со прописите кои се
однесуваат на менувачко работење.
Начин на известување за направени приливи и одливи на сметката
Член 7
(1)За спроведените приливи и одливи од соодветните девизни конта СБ на барање на Клиентот/овластен менувач му доставува извод за тековната состојба на:
На шалтер на СБ
На назначената адреса на Клиентот/овластен менувач
(2)За доставување на изводи за состојба на девизно конто постара од една година на барање на Клиентот/овластен менувач, СБ наплатува надоместок согласно Xxxxxxxx на СБ за
надоместоци.
Камати и надоместоци
Член 8
(1)На состојбата на средствата на девизните конта СБ пресметува и плаќа камата по видување за соодветна валута согласно Одлуката на СБ за каматни стапки важечка во моментот на
исплата на средствата и истата е променлива.
(2)Каматата на девизните конта се пресметува и исплаќа во девизи. Исплатата на каматата се врши на сметката одредена од Клиентот/овластен менувач во договорот за соодветното конто, во договорената валута.
(3)Со пресметаната и исплатена камата, Клиентот/овластен менувач слободно располага.
(1)СБ пресметува и наплатува провизија од Клиентот/овластен менувач по основ на работење со отвореното девизно конто под ИД број, утврдена со Тарифата на СБ за надоместоци
важечка на денот на извршување на услугата.
(2)За нивна измена Клиентот/овластен менувач е согласен да се информира на Веб страната на Банката, на некој од алтернативните канали и/или на шалтерите на банката.
(3)Со потпишувањето на овој договор, Клиентот/овластен менувач потврдува дека пред потпишувањето на овој Договор на шалтерот на СБ, презентирани му се сите трошоци,
надоместоци и провизии и потврдува дека запознаен е со износот, рокот и начинот на
плаќање на надоместоците, трошоците и провизиите од став 1 на овој член, како и дека истите се променливи и се утврдуваат со Тарифата на СБ за надоместоци и провизии, а за нивна
измена Клиентот/овластен менувач е согласен да се информира на Веб страната на СБ, на некој од алтернативните канали и/или на шалтерите на СБ.
Затворање на сметка
Член 10
(1)СБ ја затвора девизната трансакциона сметка/ИД број и контата на Клиентот/овластен менувач на:
на писмено барање на законскиот застапник на Клиент/овластен менувач врз основа на закон
врз основа на одлука на НБРМ со која се поништува/отповикува решението/лиценцата за работа издадена на Клиентот/овластен менувач
врз основа на интерни акти на СБ
Врз основа на непочитување на обврските од страна на Xxxxxx/овластен менувач предвидени со овој договор
(2)Посебните конта/сметки од овој договор не можат да се затворат ако овластениот менувач има неизвршени обврски спрема СБ по овој договор.
(3)Во случај на писмено барање од Клиентот/овластен менувач за затворање на било која сметка од овој договор се применува отказен рок кој не може да биде пократок од еден месец, сметано од денот на приемот на писменото барање во СБ.
(4)Овој договор престанува да важи доколку на Клиентот/овластен менувач му биде одземена дозволата за работа, а Xxxxxxxx/овластен менувач е должен за секаква промена во врска со дозволата за работа веднаш да ја извести СБ, во спротивно Клиентот/овластен менувач на СБ ќе и одговара за било каква настаната штета за дејствија кои СБ ги преземала без да биде информирана за промената во дозволата за работа.
Начин на ажурирање на документација на Клиент/овластен менувач
(1) Xxxxxxxx/овластен менувач е должен да ја извести СБ за промена на неговите податоци дадени во СБ при отворањето/ажурирањето на неговите идентификациони
податоци под ИД бројот на Клиентот/овластен менувач, вклучувајќи ја и евентуалната промена на вистинските сопственици на Клиентот/овластен менувач, веднаш но, не подолго од 3 работни дена од настанувањето на промените.
(2) Клиентот / овластен менувач е должен да ја извести СБ за евентуално
отповикување/поништување/ изменување на лиценцата / решението од Народната банка на Република Македонија веднаш, но, не подоцна од 1 (еден) работен ден
(3) Банката има право да го прекине деловниот однос со Xxxxxxxx/овластен менувач без претходно известување доколку е известена (преку официјална објава во јавен медиум) дека НБРМ го има отповикано/поништено решението / лиценцата и без да го извести
Клиентот/овластен менувач.
(4) СБ не презема какво била одговорност за настанатата штета по основ на овој договор во случај на ненавремено доставување на информација за измена на податоци за Клиентот/овластен менувач, доставени до Банката согласно овој Договор, вклучувајќи ги и податоците за законскиот застапник, за овластеното/овластените лица и вистинските
сопственици.
(5) Со потпишување на овој договор Клиентот/овластен менувач е согласен неговите податоци наведени во преамбулата на овој договор СБ да ги обработува и чува согласно
позитивните законски акти.
(6)СБ согласно важечката законска и подзаконска регулатива и интерните акти, врши редовно, најмалку еднаш во две години, а по потреба и почесто, ажурирање на податоците и документите за Клиентот/овластен менувач. Xxxxxxx Xxxxxxxx/овластен менувач не ги
достави потребните податоци и информации за потребите на ажурирањето СБ може да го огранични неговото работење со сметките се до спроведување на ажурирањето на документацијата.
Останати одредби
Член 12
(1)СБ има право да изврши наплата на трошоците за неактивно конто во одреден период со минимално салдо согласно актите на СБ .
(2)Под неактивно конто од став 1 на овој член се подразбира конто на кое не се евидентирани приливи и одливи, освен приливи по основ на камата, во рок и минимален износ на депозитот одреден во акт на СБ.
Член 13
(1)За прашања кои не се регулирани со овој договор се применуваат позитивните
законски прописи и актите наСБ што го регулираат отворањето на конта на резиденти за девизно работење.
(1)Евентуалните спорови по овој договор ги решава Основен суд Скопје 2 Скопје.
Член 15
Овој договор е составен во два еднакви примероци од кои по еден задржуваат СБ и Клиентот/овластен менувач.
име и презиме на овластено
Потпис на Клиент/овластен менувач лице на филијалата
име и презиме на референтот печат и потпис на овластено лице на филијалата
Печат и потпис на
Референт на СБ Обр. СБ АД‐ОС‐20/1 042016