Contract
Општи услови за издавање и користење на СМАРТ кредитот преку кредитна картичка за физички лица на Комерцијална банка АД Скопје
Со Општите услови за издавање и користење на СМАРТ кредитот преку кредитна картичка за физички лица се уредуваат основните и општите правила за издавање и користење СМАРТ кредит преку кредитна картичка за физички лица – клиенти на Комерцијална банка АД Скопје (во понатамошен текст: СМАРТ кредит). Посебните услови за издавање и користење СМАРТ кредит преку кредитна картичка за физички лица, се уредуваат со посебен Договор за користење СМАРТ кредит преку кредитна картичка склучен помеѓу Банката и Корисникот.
1. Дефиниции
• Банка - Комерцијална банка АД Скопје;
• Општи услови - Општи услови на Комерцијална банка АД Скопје за издавање и користење СМАРТ кредит;
• СМАРТ кредит - готовински ненаменски револвинг кредит, кој се користи преку наменска картичка и/или со безготовински пренос на средствата од одобрениот кредитен лимит на платежна сметка во денари на клиентот во Банката;
• Картичка - наменска картичка, која Банката му ја издава на Корисникот на СМАРТ кредитот заради користење на СМАРТ кредитот;
• Дополнителна картичка - наменска картичка, која на барање и со овластување од Корисникот на СМАРТ кредит му се издава на корисникот на дополнителната картичка, со која може да се користат средствата од сметките на Корисникот на СМАРТ кредит.
• Корисник на СМАРТ кредит преку кредитна картичка или Корисник - физичко лице на кое Банката му има одобрено готовински ненаменски револвинг кредит - СМАРТ кредит, кој се користи преку наменска картичка и/или со безготовински пренос на средствата од кредитниот лимит на платежна сметка во денари на клиентот во Банката;
• Корисник на картичка - физичко лице на кое Банката му има издадено наменска картичка за користење на СМАРТ кредитот, и чие име е втиснато на картичката;
• Корисник на дополнителна картичка преку која се користи СМАРТ кредит или дополнителен Корисник - Корисник на наменската картичка, на кој му е издадена дополнителна картичка и чие име е напишано на картичката издадена на барање и со овластување од Корисникот на СМАРТ кредит;
• Сметка - сметка на Корисникот отворена кај Банката, која се задолжува/одобрува за износот на трансакциите, членарината, надоместоците и каматите кои настануваат со користењето на СМАРТ кредитот;
• Кредитен лимит - вкупен износ на СМАРТ кредитот што Xxxxxxx го одобрува на Корисникот, кој е на располагање на кредитната сметка на Корисникот за сите трошоци кои настануваат со користење на кредитот;
• Расположиво салдо на сметка - расположиви средства (сопствените средства и неискористените средства од одобрениот кредитен лимит) намалени за резервирани средства за авторизирани, а неискнижени трансакции;
• Дневен лимит - износ на средства, број на трансакции и максимален износ на трансакција, кои Корисникот на наменската картичка може да ги користи дневно за подигнување готовина;
• Трошоци - сите задолжувања на сметката на СМАРТ кредитот за износот на трансакциите, членарините, надоместоците и каматите кои настануваат со користењето на СМАРТ кредитот;
• Банкомат - електронски уред кој овозможува исплата и уплата на пари во готово, но и други услуги, без присуство на вработени од Банката;
• PIN (Personal identification number) - таен личен идентификационен број на Корисникот, односно корисникот на дополнителна картичка, кој служи како идентификација при користење на картичката на банкомат;
• Работен ден - секој ден во кој Банката и финансиските институции во Република С. Македонија работат и извршуваат финансиски операции;
• Договор - Договор за користење СМАРТ кредит преку кредитна картичка, кој се склучува помеѓу Банката и Корисникот и со кој се уредуваат посебните услови и правила за издавање и користење на СМАРТ кредитот за физички лица;
• Осигурувач – Друштво за осигурување со кое Xxxxxxx има склучено договор за деловна соработка за склучување полиси во име на Xxxxxxxxxx;
• Општите услови за осигурување – општи услови за осигурување во случај на неможност за враќање кредитен лимит од кредитна картичка, издадени од Осигурувачот
2. Одобрување и користење СМАРТ кредит
• Клиентот преку пополнување на барање за СМАРТ кредит преку кредитна картичка аплицира во Банката, при што ја гарантира точноста на наведените податоци во барањето. Врз основа на поднесеното Барање, Банката одлучува за издавање на СМАРТ кредит и за одобрување на висината на кредитиот лимит на Корисникот. Висината на кредитниот лимит се одредува согласно интерните акти на Банката, при што Xxxxxxx нема обврска да ја образложува донесената одлука. За обезбедување на навремено и целосно измирување на искористениот кредитен лимит, Корисникот доставува инструменти за обезбедување одредени согласно интерните акти на Банката.
• За користењето на одобрениот кредитен лимит Корисникот има можност во барањето за СМАРТ кредит преку кредитна картичка да одбере дали одобрениот кредитен лимит ќе го користи преку наменска картичка и/или лимитот ќе го користи со безготовински пренос на средствата од кредитниот лимит на платежна сметка во денари на Корисникот во Банката. Доколку во моментот на аплицирање, во барањето, клиентот ја одбере опцијата за користење на кредитниот лимит без наменска картичка, нема можност во иднина да бара од Банката да му издаде картичка. Во овој случај средствата од СМАРТ кредитот ќе може да ги користи исклучиво само со безготовински пренос од кредитниот лимит на платежната сметка во денари на клиентот во Банката.
• СМАРТ кредитот може да се користи до износот на одобрениот кредитен лимит, а во
случај на користење преку картичка, во рамки на дневните лимити.
• За сите трошоци кои настануваат со користењето на СМАРТ кредитот, се задолжува сметката на Корисникот.
• СМАРТ кредитот се одобрува на неопределено време, при што Xxxxxxx ќе врши ревидирање на одобрениот кредитниот лимит на СМАРТ кредитот на секои 2 (две) години, а во одредени случаи и порано од овој рок по оцена на Банката. Врз основа на извршеното ревидирање и преоцена на условите под кои кредитот е одобрен, Банката има право да го намали или целосно укине кредитниот лимит, за што соодветно ќе го извести Корисникот преку услугите Интернет банка, мБанка или преку изводот за СМАРТ кредит преку кредитна картичка. Во случај на целосно укинување на кредитниот лимит, Xxxxxxx има право да го раскине Договорот, целосно да го достаса искористениот лимит и да бара негова наплата. По исклучок, Xxxxxxx може по сопствена оцена да го зголеми кредитниот лимит, за што ќе го извести Корисникот на еден од начините предвидени погоре.
3. Осигурување на СМАРТ кредитот
• Врз основа на дадена писмена согласност во Договорот, Корисникот ја овластува Банката да склучи Договор за осигурување во случај на неможност за враќање на СМАРТ кредитот преку кредитна картичка согласно Општите услови за осигурување во случај на неможност за враќање на кредитен лимит од кредитна картичка (Општи услови за осигурување), во кој се дефинирани осигурените ризици, траење на осигурувањето, почеток и престанување на обврската на осигурувачот, сумите на осигурување по осигурените ризици, покритие по осигурените ризици, постапки во случај на настанување на осигурен случај.
• Општите услови за осигурување се составен дел на Договорот за користење СМАРТ кредит преку кредитна картичка, и истите му се предадени на Корисникот во моментот на склучување на Договорот.
• Со потпишување на Договорот за користење СМАРТ кредит преку кредитна картичка, Корисникот на СМАРТ кредитот како осигуреник доброволно пристапува кон осигурување на СМАРТ кредитот и со потпишување на Договорот е согласен во негово име Банката во својство на договорувач на осигурување со Осигурувачот во својство на осигурувач, да склучи Договор за осигурување во случај на неможност за враќање на кредитен лимит одобрен од страна на Xxxxxxx, при што премијата за осигурување е вклучена во членарината на СМАРТ кредитот. Полиси за осигурување се доставуваат и се чуваат во Банката.
• Корисникот е согласен при настанување на осигурен случај, Осигурувачот да ѝ го исплати на Xxxxxxx надоместот од осигурување согласно Општите услови за осигурување.
4. Користење на картичката
• Картичката е сопственост на Банката. Рокот на важност е наведен на картичката. Корисникот може да ја користи картичката само во периодот назначен на истата;
• Картичката не е пренослива на други лица и може да ја користи исклучиво Корисникот на картичката чие име е втиснато на картичката.
• Картичките и личните идентификациони броеви од Xxxxxxx ги подигнува лично Xxxxxxxxxx или лице со писмено овластување од Корисникот на картичката, уредно заверено кај надлежен орган.
• На барање и со овластување на Корисникот, Xxxxxxx издава дополнителна картичка.
• Корисникот може да го отповика овластувањето и да го прекине правото на користење на Корисникот на дополнителната картичка, за што е должен писмено да ја извести Банката и да ја врати дополнителната картичка пресечена. Во случај Xxxxxxxxxx да не може да ја врати дополнителната картичка, постапката за прекинување на правото на користење на дополнителната картичка се спроведува врз основа на писмениот допис доставен до Банката од страна на Корисникот, при што дополнителната картичка се блокира и се оневозможува нејзино понатамошно користење.
• Корисникот може да ја користи наменската картичка исклучиво за уплата и подигнување готовина од банкоматите на Комерцијална банка АД Скопје.
• За проверка на идентитетот на Корисникот на картичката при подигнување готовина од банкомат, Корисникот употребува посебен личен идентификационен број (PIN), кој е единствен и таен. Личниот идентификационен број му го доделува Банката на Корисникот при издавање на картичката. PIN-от му е познат исклучиво на Корисникот на картичката и потребно е со истиот да се постапува строго доверливо и да не биде достапен за трети лица. PIN-от не смее да се запишува на картичката и никаква писмена трага за PIN-от не смее да биде доведена во врска со картичката.
• Во случај на губење или заборавање на PIN-от, Корисникот на картичката треба веднаш да се обрати во Банката заради повторно издавање PIN.
5. Надоместоци и камати
• Сите надоместоци, членарини и камати поврзани со СМАРТ кредитот се одредени со Одлуката за Тарифа на надоместоци за услугите што ги врши Банката и Одлуката за каматни стапки на Банката. Истите се променливи согласно деловната политика на Xxxxxxx и се достапни на веб-страницата на Банката и на шалтерите на Банката;
• За износот на пресметаните надоместоци и камати се задолжува сметката на Корисниот на СМАРТ кредитот преку кредитна картичка.
6. Известување на Корисникот
• За промените на состојбата на сметката, како и за сите други промени поврзани со СМАРТ кредитот, Xxxxxxx го известува Корисникот преку месечен извод, кој Корисникот го подигнува на шалтерите на Банката, и/или во електронска форма (преку Интернет банка/мБанка).
• За сите информации за изработена картичка или печатење ПИН, за нови и за постојни корисници на картички, Банката го известува клиентот преку СМС порака, Интернет банка/мБанка, извод од сметка или Контакт-центарот на Банката.
7. Губење на картичката
• Корисникот на картичката ги сноси сите законски последици и одговорност за евентуално неовластено користење на картичката;
• Корисникот е должен да се придржува на мерките за сигурност при користење на картичката (треба да ја потпише картичката, да го чува PIN-от во тајност, одвоен од картичката и сл.);
• Корисникот на картичката е обврзан веднаш да го пријави губењето, односно кражбата на картичката во Банката на телефонскиот број 00 0000-000, и истата пријава да ја потврди со итно поднесување писмена пријава, односно барање за повторно издавање на изгубена/украдена картичка до Централата на Банката - Одделение за банкарски картички или во другите организациони единици на Банката - експозитури и филијали;
• Во случај на губење или кражба на картичката, Корисникот на картичката сноси финансиска одговорност за трошоците направени со картичката во период од 5 часа по иницијалната пријава за губењето или кражбата на картичката;
• Доколку Корисникот на картичката не ја почитува обврската за тајност или не се придржува кон мерките за сигурност при користење на картичката, одговорен е за секоја нејзина злоупотреба;
• После приемот на писмена пријава за губењето или кражбата на картичката, Банката на Корисникот ќе му издаде нова картичка. Трошоците околу пријавувањето на изгубена/украдена картичка, издавање нова картичка заради оштетување на истата, и/или издавање PIN после губењето или кражбата, паѓаат на товар на Корисникот на картичката, во согласност со Одлуката за Тарифата на надоместоци на Банката;
• Доколку Xxxxxxxxxx ја најде картичката после пријавата на губењето, односно кражбата, не смее да ја користи туку е должен истата да ја пресече и достави до Банката. Трошоците направени со користење на пронајдената неважечка картичка се книжат на терет на сметката на Корисникот на картичката.
8. Рекламации
• Доколку Xxxxxxxxxx смета дека некои од трошоците се погрешно пресметани и прокнижени, или дека не му припаѓаат, може да се обрати до Банката поднесувајќи ги сметките и сите останати релевантни документи кои Банката може да ги побара;
• Рекламациите се поднесуваат на образец од Банката, на шалтерите на Банката означени за прием на рекламации по картички или до Одделението за банкарски картички;
• Рокот на поднесување рекламации е 20 (дваесет) дена по завршување на месецот во кој е книжена трансакцијата. Во спротивно Xxxxxxx ќе смета дека Xxxxxxxxxx е согласен со вкупните трошоци наведени во изводот;
• Xxxxxxx Xxxxxxx утврди дека рекламацијата е оправдана, ќе ја одобри сметката на Корисникот, а во случај на неоправдани рекламации Корисникот ги сноси сите трошоци кои произлегуваат од постапката за рекламација, како и надомест согласно Одлуката за тарифата на надоместоци за услугите на Банката;
• Рокот за решавање на случајот на рекламацијата го одредува Банката.
9. Останати одредби
• Општите услови се составен дел на Барањето и Договорот за користење на СМАРТ кредит преку кредитна картичка;
• Со потпишување на изјавата која е составен дел на Барањето, Корисникот на СМАРТ кредитот наедно потврдува дека е запознаен со овие Општи услови, како и со Општите услови за осигурување, и дека во целост се согласува со нив и со правните дејства кои произлегуваат од истите;
• Одредбите од овие Општи услови, како и Општите услови за осигурување, се однесуваат на сите корисници на СМАРТ кредит, без оглед на тоа дали избрале да подигнат картичка за користење на СМАРТ кредитот или не.
• Банката не сноси никаква одговорност ако Корисникот или дополнителниот корисник не можат да ја употребат картичката во следните ситуации кои се надвор од контрола на Банката:
- технички проблеми со опрема, систем, телекомуникации и струја;
- штрајк или други вонредни околности;
- кога картичката е заробена на банкомат и истата е оштетена;
- кога од која било причина банкоматот не ја прифаќа картичката;
- други причини кои се надвор од контрола на Банката.
• Банката го задржува правото за промена на правилата и условите за работа со картичката, предвидени со Договорот, Општите услови, како и Тарифата за надомест на услуги на Комерцијална банка АД и Одлуката за каматни стапки на Комерцијална банка АД согласно со деловната политика на Банката, како и во случај на промена на Општите услови за осигурување. За овие промени или дополнувања ќе го известува корисникот преку веб-страницата на Банката или преку изводот за сметка;
• Секое користење на СМАРТ кредитот спротивно на горенаведените одредби, повлекува автоматско одземање на основната и на дополнителните картички, преземање мерки согласно законските прописи, а целокупната материјална штета заедно со каматите ја сноси Корисникот.