Contract
ДОГОВОР ЗА ДОНАЦИЈА НА ОПРЕМА
-10 рачно изработени електрични гитари за 10 членови на Рома Рок Скул
Договорот ќе стапи на сила од датум договорен од двете договорни страни, Овој Договор се склучува помеѓу:
1. XXXXXX XXXXXXX со ЕМБГ 1807977424008 и живеалиште на ул.Xxxx Xxxxxx бр.116 Крива Паланка, во понатамошниот текст од договорот ДОНАТОР x
2.Здружение за мултиетничко музичко образование „РОМА РОК СКУЛ„ Скопје со ЕМБС 7204868 и седиште на Златко Шнајдер 10 / 1- 5, застапуван од овластено лице Xxxxx Xxxxxxxxxx со ЕМБГ0909981424008, во име на 10 членови на здружението, во понатамошниот текст од договорот ПРИМАТЕЛ НА ДОНАЦИЈА
Примателот на донацијата и Донаторот се согласија за следното:
ДЕЛ 1. Изработка и донирање на 10 електрични гитари со приближна вредност од 340$ по гитара
1.1 Донаторот ќе изработи 10 електрични гитари во период од Мај 2021 до Јули 2022 година и ќе ги предаде на РРС најдоцна до 15 Август, на кои би стоело лого на донаторот, логото на РРС и испринтано името на членот од организацијата кој ќе го добие инструментот.
1.2 Во период од Мај 2021 до Јули 2022 година, РРС ќе ги организира своите членови да присуствуваат на работилници за изработка на електрични гитари кај донаторот согласно Договорите за соработка, надоместокот и трошоците со донаторот на гитарите.
1.3 Помеѓу 15 Август и 15 Септември, РРС ќе склучи со 10 членови Договори за подарок на гитара, доколку истите ги завршат работилниците како што е планирано.
1.4 Гитарите ќе бидат предадени од РРС сосема нови
ДЕЛ 2 . Договор. Амандмани
2.1 Од содржината на овој Договор произлегува договорот помеѓу Донаторот и Примателот на донација што се однесува на опремата.
2.2 Овој договор не може да биде дополнет или изменет, освен со писмена согласност од двете страни.
ДЕЛ 3. Надлежно законодавство
3.1 Овој договор се склучува и толкува во согласност законодавството на Република Северна Македонија.
Се што не е регулирано со договорот ќе се применуваат одредбите од Законот за облигациони односи на Република Северна Македонија.
ДЕЛ 4. Надлежен Суд
4.1 Доколку дојде до спор помеќу договорните страни, истите ќе се потрудат истиот да го решат спогодбено – вонсудски, во спротивно надлежен е Основниот Граѓански Суд Скопје.
4.2 Договорните страни во целост се согласуваат со содржината на овој Договор, кој е израз на нивните волји и истите своерачно го потпишуваат.
4.3 Договорот стапува на сила со неговото потпишување од двете договорни страни.
ДОНАТОР: ПРИМАТЕЛ НА ДОНАЦИЈА:
Xxxxxx Xxxxxxx За Xxxx Xxx Xxxx, Скопје Xxxxx Xxxxxxxxxx
претседател
ОПИ НА ОПРЕМА
Спецификација – 10 електрични гитари