HD DVB-T/HD DVR
„ТОТАЛ ТВ“ X.X.X. УСЛУГА „ТОТАЛ ТВ“
ИЗМЕНИ БР.2 НА ОПШТИТЕ УСЛОВИ
I
Согласно членот 9. Од договорот за засновање на кориснички однос (услугата „Toтал ТВ“) и членот 1. Од Општите услови, се менуваат членовите 4а. и 7. Од Општите услови и после членот 4а. се додава нов член 4б., а на следниов начин:
„Tотал ТВ КУЌА” Член 4a.
Kорисникот може да добие посебна поволност во вид на користење на дополнителна сателитска опрема (до три дополнителни сателитски приемници со сателитска каричка и LNB), доколку за тоа постои техничка можност (која ги задоволува критериумите за поврзување на сателитскиот приемник со телефонската линија на Корисникот) и доколку Корисникот прифаќа услугата Тотал ТВ, како и оваа поволност, да ги користи минимално 24 месеци.
Дополнителната сателитска опрема ќе му овозможи на Корисникот следење на избраниот програмски пакет преку сите дополнителни сателитски приемници, со плаќање на месечна надокнада за користење на секој од дополнителните сателитски приемници во согласност со Понудата со ценовник ( во панатамошниот текст: месечна рента по овој член). Oстатокот од сателитската опрема од овој член , Kорисникот ја добива на користење без надокнада. Предметната сателитска опрема му се дава на Xxxxxxxxxx на користење, а претставува трајна сопственост на „Тотал ТВ“ д.о.о., па Корисникот се обврзува истата да ја врати по престанокот на Корисничкиот договор во исправна состојба или доколку тоа не е можно, Корисникот се обврзува да ја надокнади нејзината противвредност. Во случај на определување за оваа поволност, монтажата на предметната сателитска опрема може да ја изврши исклучиво овластен дилер, во која прилика Корисникот потпишува реверс кој е прилог на овие Општи услови.
Mинималниот период од 24 месеци за Корисник кој веќе ги користи услугите на Тотал ТВ, се смета од денот на потпишување на реверсот за прием на дополнителната сателитска опрема. Mинималниот период од 24 месеци за нов Корисник кој истовремено со користењето на Тотал ТВ услугата се определил и за оваа поволност, се смета од денот на истек на првиот пресметковен период во кој услугата ја користи бесплатно согласно одредбите од членот 9. од овие Општи услови.
Инсталацијата на дополнителната сателитска опрема ја врши овластен дилер во согласност со Понудата со ценовник.
Корисникот е согласен сите сателитски приемници да се поврзат со неговата телефонска линија заради вршење на проверка дали сателитските приемници се наоѓаат на локацијата на Корисникот. Во тек на наведената проверка, телефонскиот повик се врши на сметка на „Тотал ТВ“ д.о.о. . Доколку со проверката се утврди дека сателитскиот/те приемник/ци не се наоѓаат на локацијата на Корисникот, „Тотал ТВ“ д.о.о. има право на таквиот Корисник да му ја/ги деактивира стелитската/те картичка/ки сместена/и во тој сателитски приемник/ци , понатака, да го раскине Корисничкиот договор во делот кој се однесува на предметната поволност од овој член и од Корисникот да ги наплати ненамирените доспеани обврски по основ на месечна рента за секој дополнителен сателитски приемник, како и да ги наплати месечните ренти за остатокот на минималниот период од 24 месеци, и понатака Корисникот се обврзува да ја врати дополнителната сателитска опрема или доколку тоа не е возможно, да ја надоканди нејзината противвредност.
Доколку корисникот не ги измири сите надокнади дефинирани во овие Општи услови, по нивната доспеаност,
„Тотал ТВ“ д.о.о. го задржува правото да изврши деактивирање на сателитските картички, со што дополнителната сателитска опрема ќе биде ставена надвор од функција.
Во поглед на евидентирање на пријава, одржување, расипување, оштетување, поправка и кражба на предметната сателитска опрема, сателитската картичка,привремено исклучување на сателитската картичка на барање на Корисникот, недозволено однесување на Корисникот, правото на Корисникот за откажување од Тотал ТВ услугата и поволностите утврдени со овој член, деактивација на сателитската картичка/ки, надокнада за повторно активирање на сателитска картичка, плаќање на неизмирените доспеани обврски, како и плаќање на опремата или надокнада на нејзината противвредност, се применуваат одредбите од овие општи услови кои се применуваат на користење на опциите од точките 1) и 2) од членот 4 од овие Општи услови што го вклучува и правото на Тотал ТВ“ д.о.о , покрај месечната надокнада до истекот на минималниот период од 24 месеци, да ги наплати и месечните ренти одредени со овој член од Општите услови, а до истек на минималниот период од 24 месеци.
HD DVB-T/HD DVR
Член 4б.
Koрисникот има можност на користење,преку посебна сателитска опрема на „Тотал ТВ“ д.о.о., HD DVB-T/HD DVR, и на HD програмскиот пакет односно HD DVR услугата, доколку е претходно вградена сателитска опрема кај Корисникот кој веќе ја користи Тотал ТВ услугата компатибилна со „Тотал ТВ“ д.о.о. HD DVB-T/HD DVR сателитската опрема и доколку Корисникот прифати од „Тотал ТВ“ д.о.о. да изнајми HD DVB-T сателитски приемник или HD DVR сателитски приемник со LNB, на минимален период од 24 месеци.
Наведената сателитска опрема ќе му овозможи на Корисникот следење на избраниот програмски пакет односно користење на HD DVR услугата преку HD DVB-T/HD DVR сателитскиот приемник, a после плаќањето на приклучната такса и со измирување на месечната надокнада за користење на сателитскиот приемник (во понатамошниот текст: месечна рента по овој член), во износи определени со Понудата со ценовник.
Предметната сателитска опрема се дава на користење на Корисникот, а претставува трајна сопственост на „Тотал ТВ“ д.о.о., при што Xxxxxxxxxx се обврзува истата да ја врати по престанокот на Корисничкиот договор во исправна состојба или доколку тоа не е возможно, Xxxxxxxxxx се обврззува да ја надокнади нејзината противвредност. Во случај на определување за користење на наведената сателитска опрема, монтажата на истата може да ја изврши исклучиво овластен дилер, во која прилика Корисникот потпишува реверс кој е прилог на овие Општи услови.
Минималниот период од 24 месеци за Корисникот кој веќе ја користи Тотал ТВ услугата, се смета од денот на потпишување на реверсот за прием на HD DVB-T/HD DVR сателитската опрема. Минималниот период од 24 месеци за нов Корисник кој истовремено со користење на Тотал ТВ услугата се определил и за користење на HD DVB-T/HD DVR сателитската опрема, се смета од денот на истек на првиот пресметковен период во кој услугата се користи бесплатно согласно одредбите од член 9. од овие Општи услови.
По истекот на пресметковниот период во кој услугата се користела без плаќање на месечна надокнада за користење на програмскиот пакет, доколку Корисникот не го одјави користењето на сите канали од програмската понуда и не се определи за одреден програмски пакет, или не го потврди користењето на сите канали од програмската понуда во рокот како што е наведено во член 3. од овие Општи услови, ќе се смета дека се определил понатаму да го користи TOTAL TV + ClubX односно TOTAL TV + HD програмскиот пакет за инсталиран HD DVB-T или HD DVR приемник, па ќе му се фактурира месечна надоканада предвидена за овие програмски пакети.
Инсталацијата на наведната сателитска опрема ја врши овластен дилер спрема Понудата со ценовник.
Доколку Xxxxxxxxxx не ги измири сите надокнади дефинирани со овие Општи услови, по нивната доспеаност,
„Тотал ТВ“ д.о.о го задржува правото да изврши деактивирање на сателитската картичка, со што и HD DVB-T/HD DVR сателитскиот приемник ќе биде ставен надвор од функција, со тоа што „Тотал ТВ“ д.о.о., го задржува правото да врши наплата на месечната рента по овој член, се до престанокот на важање на Корисничкиот договор.
Во поглед на евидентирање на пријава, одржување, расипување, оштетување, поправка и кражба на предметната сателитска опрема, сателитската картичка, привремено исклучување на сателитската картичка на барање на Корисникот, недозволено однесување на Корисникот, правото на Корисникот за откажување од Тотал ТВ услугата и поволностите утврдени со овој член, деактивација на сателитската картичка/ки, надокнада за повторно активирање на сателитска картичка, плаќање на неизмирените доспеани обврски, како и плаќање на опремата или надокнада на нејзината противвредност, се применуваат одредбите од овие општи услови кои се применуваат на користење на опциите од точките 1) и 2) од членот 4 од овие Општи услови. Во рамките на поволноста Тотал ТВ Куќа од членот 4а., Корисникот може да се определи за користење на HD DVB-T/HD DVR сателитскиот приемник како основен сателитски приемник со плаќање на надокнада во согласност со Понудата со ценовник.
Tехнички карактеристики за користење на Тотал ТВ услугата Член 7.
Mесто на подигање на сателитската платформа се постоечките сателитски транспондери B2, B3, 116, 118, 121, и 119 на сателитската локација 16° East со следниве параметри на емитирање:
Tранспондер B2
• Сателит: Eutelsat W2M (15.8°E)
• Фреквенција на зрачење: 10972.17 MHz
• Поларизација: вертикална
• Број на симболи во секунда (symbol rate): 27.500 MSym/sec
• Koeфициент на заштита на податоците (forward error correction): FEC=3/4
• Систем на условен пристап до програмите: NDS Videoguard
Tранспондер B3
• Сателит: Sesat 1 (15.8°E)
• Фреквенција на зрачење: 11094.61 MHz
• Поларизација: Horizontalna
• Број на симболи во секунда (symbol rate): 27.300 MSym/sec
• Koeфициент на заштита на податоците (forward error correction): FEC=2/3
• Систем на условен пристап до програмите: NDS Videoguard
Tранспондер 116
• Сателит: Eurobird 16 (15.8°E)
• Фреквенција на зрачење: 10834.26 MHz
• Поларизација: vertikalna
• Број на симболи во секунда (symbol rate): 27.500 MSym/sec
• Koeфициент на заштита на податоците (forward error correction): FEC=5/6
• Систем на условен пристап до програмите: NDS Videoguard
Tранспондер 118
• Сателит: Eurobird 16 (15.8°E)
• Фреквенција на зрачење: 10872, 62 MHz
• Поларизација: vertikalna
• Број на симболи во секунда (symbol rate): 27.500 MSym/sec
• Koeфициент на заштита на податоците (forward error correction): FEC=5/6
• Систем на условен пристап до програмите: NDS Videoguard
Tранспондер 121
• Сателит: Eurobird 16 (15.8°E)
• Фреквенција на зрачење: 10930,16 MHz
• Поларизација: horizontalna
• Број на симболи во секунда (symbol rate): 27,500 MSymbol/sec
• Koeфициент на заштита на податоците (forward error correction): FEC=3/4
• Систем на условен пристап до програмите: NDS Videoguard
Tранспондер 119
• Сателит: Eurobird 16 (15.8°E)
• Фреквенција на зрачење: 10891,80 MHz
• Поларизација: horizontalna
• Број на симболи во секунда (symbol rate): 27,500 MSymbol/sec
• Koeфициент на заштита на податоците (forward error correction): FEC= ¾
• Систем на условен пристап до програмите: NDS Videoguard
II
Овие измени влегуваат во сила на ден 01.10.2010. година, а се применуваат како што е одредено со Општите услови.
III
За се останато, Општите услови од 21.10.2009. година и Измени бр.1 од 23.01.2010., остануваат во сила.