Contract
Триглав Осигурување АД бул. 8-ми Септември бр. 16 1000 Скопје
УС-жив-куч 16-1-мк
Посебни услови за осигурување кучиња
член 1: предмет на осигурување
[1] Предмет на осигурување по овие Посебни услови може да бидат здрави кучиња кои имаат микрочип со единствен број на идентификација, и тоа:
1) помлади кучиња на возраст од 3 месеци до навршени 9 години и
2) постари кучиња на возраст од 10 години до навршени 14 години.
Ова осигурување се склучува под услов кучињата да може недвосмислено да се идентификуваат, да се заштитно вакцинирани од заразни болести за млади кучиња: кучешка чума, вирусен ентеритис – парвовироза, хепатитис и лептоспироза.
[2] Ако однапред се договори и се плати дополнителна премија за трошоци за лекување на кучиња, предмет на осигурување по овие Посебни услови можат да бидат и кучиња на возраст од 3 месеци до навршени 14 години, под услов кучињата постари од 10 години да се во осигурување од 7-та година.
[3] Согласно овие Услови, не се предмет на осигурување:
1) исцрпени и болни кучиња и кучиња во лоша кондиција;
2) кучиња што живеат во лоши услови; и
3) кучиња што не се под надзор.
член 2: опасности опфатени со ова осигурување и исклучоци
[1] Осигурувачот има обврска да ја надомести штетата која ќе настане под нормални услови на одгледување на кучиња, и тоа од следните опасности:
1) потесно покритие – пцовисување на куче поради несреќен случај;
2) пошироко покритие – пцовисување на куче поради несреќен случај или болест.
[2] Ако е одделно договорено и е платена дополнителна премија, осигурувањето ги покрива и трошоците за лекување на кучето.
[3] Со ова осигурување не се опфатени опасностите кои настануваат поради:
1) усмртување на кучето по налог на надлежните одговорни органи (инспекциски служби, полиција и др.);
2) усмртување на кучето при оправдана интервенција на службени лица (полиција, војска, безбедносни служби и др.);
3) усмртување на кучето без претходно одобрување од осигурувачот;
4) намерни повреди, мачења, односно лошо постапување со кучето од страна на осигуреникот или на лицето на кое му е доверена грижата за кучето;
5) користење на кучето за службени цели, ако не е поинаку договорено;
6) пцовисување на кучето за време на хируршка интервенција или по неа поради последици од општата анестезија;
7) пцовисување, односно усмртување на кучето поради болест на возраст над 10 години;
8) вродени, односно наследни мани на кучето; и
9) исчезнување или кражба на осигуреното куче.
[4] Осигурувањето не ги покрива трошоците за лекување поради:
1) последица на незгода или болестинастанати пред склучување
на осигурувањето или кои до склучување на осигурувањето не се излекувани;
2) последица на болест настаната во периодот на каренцата (14 дена) од почетокот на важноста на осигурувањето;
3) дијагностички и терапевтски зафати (вклучувајќи и операции) на коленскиот зглоб, односно на зглобот на лакотот настанати во 180 ден (каренца) од почетокот на важноста на осигурувањето, освен за случаи поради сообраќајна несреќа;
4) болест која не била излекувана за 365 дена од денот на појавување на првите знаци на болеста;
5) ветеринарни интервенции од стопанско значење и заради убавина: кастрација, овариоектомија, лекување на стерилитет, сечење на уши и опашки, сечење на нокти, ампутација на канџи итн.;
6) пакување и праќање на материјал за лабораториски прегледи;
7) секакви стоматолошки интервенции и интервенции на гингивални ткива;
8) при купување на лекови без препишан ветеринарен рецепт;
9) тестови за алергија;
10) превентивни зафати поради заразни болести, одгледувачки и паразитски болести;
11) превоз при ветеринарна интервенција;
12) специјалистички лекувања и оперативни зафати, освен во случаите кога постои претходна согласност на осигурувачот;
13) дијагностички и терапевтски методи кои според мислењето на ветеринарот на осигурувачот не биле неопходно потребни и поради чие пропуштање не би бил загрозен животот на кучето;
14) хоспитализации на кучето;
15) физиотерапии, хидротерапии, акупресури, акупунктури и мануелни терапии на кучето;
16) набавка на специјална храна за болни и чувствителни кучиња (за слабеење, антиалергиска и сл.) и поради трошоци за набавка на ортопедски и други помагала (заштитни јаки, помагала за имобилизација и сл.);
17) старосни заболувања (артрози, заболувања на бубрези и сл.);
18) лекување со матични клетки;
19) хистолошки испитувања на ткива;
20) еутаназија на кучето;
21) советување и издавање на рецепт; и
22) трошоци за лекување ако кучето го лекува лице (ветеринар) кое нема склучено договор со осигурувачот.
член 3: сума на осигурување
[1] Сумата на осигурување за основното осигурување е вредноста на расата на кучето до 3-месечна возраст, според вредноста на подмладок од истата раса согласно пазарните цени и цените одредени од Кинолошкиот сојуз на Македонија, освен ако не е поинаку договорено и не се плати доплата на премијата.
[2] Сумата на осигурување за трошоци за лекување претставува годишен агрегат.
Посебни услови за осигурување кучиња
член 4: место на осигурување
[1] Осигурувањето важи додека осигуреното куче е на местото кое е наведено во полисата.
[2] Ако осигуреното куче поради некоја причина се пренесува на друго место, тогаш осигурувачот мора да биде известен и тие места мора да бидат наведени на полисата;
[3] Осигурувањето не е во сила за време додека осигурените кучиња се наоѓаат на изложби или на саеми и за време на транспорт до и од тие места.
[4] Осигурувањето важи само на територијата на Република Македонија.
член 5: утврдување и пресметка на штета
[1] Настанатата штета од основното покритие на самото место ја утврдуваат и проценуваат осигурувачот, ветеринарот и сопственикот на кучето. Штетата се утврдува исклучиво на лешот на кучето, откако прво ќе биде утврден со читач неговиот идентитет.
[2] Настанатата штета, ако е однапред договорено и ако е платена дополнителна премија за покритие на трошоци за лекување, ја утврдува осигурувачот врз основа на извештајот издаден од ветеринарот и оригинална фискална сметка.
[3] Извештајот на ветеринарот треба да ги содржи следните податоци:
1) сопственик на кучето и неговата адреса;
2) број на полисата за осигурување;
3) датумот кога е направен прегледот;
4) идентификација на кучето;
5) дијагноза;
6) извршен преглед и вредност на извршениот преглед;
7) спецификација на видот, количеството и цената на потрошените лекови и материјали;
8) вкупен износ;
9) потпис и печат на ветеринарот и потпис од сопственикот на кучето.
[4] Осигурувачот пресметаната штета ја пресметува во полн износ намален за договорената франшиза наведена на полисата.
[5] Максималната давачка на осигурувачот за лекување во една осигурителна година претставува договорен годишен агрегат и изнесува 6.000 денари.
[6] Максималната давачка на осигурителното друштво по поединечен трошок за лекување во осигурителна година може да изнесува најмногу до 70% од годишниот агрегат.
член 6: обврски на осигуреникот
[1] Осигуреникот е должен во случај кога ќе се разболи осигуреното куче во текот на осигурувањето, веднаш да го известиветеринарот заради давање на ветеринарна помош.
[2] Осигуреникот е должен да го лекува разболеното куче према упатството на ветеринарот и да се придржува до неговите совети.
[3] Осигуреникот е должен да обезбеди евиденција на извршените ветеринарни услуги во тековниот осигурителен период.
[4] Осигурувачот има право на увид во евиденцијата на ветеринарните услуги.
[5] Осигуреникот е должен да се придржува кон член 29 од Законот за прекршоци против јавниот ред и мир, односно кучето на јавни површини задолжително мора да биде под ремен и со заштитна маска.
Неизвршувањето на овие одредби значи и губење на правото за надоместок на штета.
член 7: почеток и престанок на обврската на осигурувачот
[1] Обврската на осигурувачот за надоместување на штетата по овие Посебни услови почнува:
а) кај осигурување со потесно покритие во 24:00 часот од денот кога е склучено осигурувањето;
б) кај осигурувања со широко покритие:
1) заштетинастанатипринесреќенслучај, во 24:00часотодденот кога осигурувањето е склучено,
2) за штети од болест во 24:00 часот од 14-тиот ден од денот кога осигурувањето е склучено.
[2] Обврските на осигурувачот завршуваат во 24:00 часот на денот наведен како краен ден на полисата за осигурување.
член 8: примена на општите услови за осигурување животни
[1] За осигурувања склучени по овие Посебни услови се применуваат и одредбите од Општите услови за осигурување животни, ако не се во спротивност со нив.
[2] Овие Услови влегуваат во сила со денот нa донесувањето.
[3] Со влегување во сила на овие Услови престануваат да важат Посебните услови за осигурување на кучиња од 28.06.2002 година.
2