Сопственикот на корисничкиот профил со потпишување на Договорот бр. ********* се согласува дека ја прифаќа понудата за користење на кориснички профил на tarana.mk која вклучува: хостирање на cloud сервисот на tarana.mk на корисничкиот профил; Пристап...
ПРИЛОГ 1
ПОНУДА И ПОТВРДА ЗА НАРАЧКА
Сопственикот на корисничкиот профил со потпишување на Договорот бр. ********* се согласува дека ја прифаќа понудата за користење на кориснички профил на xxxxxx.xx која вклучува:
користење на кориснички профил;
хостирање на cloud сервисот на xxxxxx.xx на корисничкиот профил;
техничко одржување на корисничкиот профил;
Пристап до администраторски панел за управување со корисничкиот профил на xxxxxx.xx Дашборд.
XXXXXX XX ДООЕЛ увоз-извоз Скопје, Управител:
_______________________
М.П.
|
Огласувач:
_______________________
М.П. |
ПРИЛОГ 2
ДИЗАЈН И МОДЕЛ НА КОРИСНИЧКИ ПРОФИЛ
Интелектуална сопственост и плагијат
Дизајнот на корисничкиот профил е интелектуална сопственост на xxxxxx.xx и сопственикот на е-продавницата изрично се согласува дека нема да го копира, краде, или да креира е-продавница која ќе го има истиот изглед и чувство како е-продавницата на xxxxxx.xx без претходна согласност од xxxxxx.xx.
Глобален дизајн
Сопственикот на е-продавницата е запознаен и согласен со фактот што глобалните компоненти на корисничкиот профил како прозорецот за најава и регистрација, корисничката сметка, кошничката, наплатата и некои од другите главни компоненти се исти кај сите електронски продавници или пак секоја од нив има една или повеќе верзии на дизајн со цел xxxxxx.xx е-продавниците да ги следат најдобрите практитки во веб индустријата.
Сопственикот на е-продавницата е согласен дека истите тие компоненти, како и моделите и дизајните на е-продавниците се подложни на надоградба и промена согласно најновите трендови, а xxxxxx.xx пред вршење на промената се обврзува да го извести сопственикот и да добие негова дозвола за истата.
ПРИЛОГ 3
КОРИСТЕЊЕ НА СЕРВЕР
Согласност
Сопственикот на корисничкиот профил се согласува дека е запознаен со технологијата позади серверската инфраструктура на xxxxxx.xx која му овозможува бесплатно користење на серверски услуги без дополнителни трошоци доколку корисничкиот профил не надминува предефинирани лимити.
Сопственикот на корисничкиот профил се согласува дека доколку неговиот кориснички профил повремено или констатно надминува лимити предвидени во политика за фер користење, ќе биде фактуриран од страна на xxxxxx.xx по ставка дополнителни трошоци за сервер и определен ценовник кои доаѓа од актуелниот серверски провајдер на xxxxxx.xx, AWS со веб-сајт xxxxx://xxx.xxxxxx.xxx/
Сопственикот на корисничкиот профил е запознаен дека xxxxxx.xx го користи системот.
Amazon Elastic Container Service при што е-продавницата на сопственикот без разлика на бројот на посетители, ја скалира серверската инфраструктура до бесконечност, што значи дека доколку е потребно дополнителен или повеќе дополнителни сервери AutoScaling ќе ги подигне во моментот, а ќе ги изгаси во оној момент кога веќе не се потребни за опслужување на корисниците на е-продавницата.
ПРИЛОГ 4
КОРИСТЕЊЕ НА XXXXXX.XX Е-МАИЛ СЕРВЕР
Согласност
Сопственикот на корисничкиот профил изрично потврдува дека е запознаен со фактот дека е-маил серверот на xxxxxx.xx е креиран и одржуван од страна на платформата за е-маил сервери Amazon Simple Email Service - AWS, со веб-сајт xxxxx://xxx.xxxxxx.xxx/xxx/. А со тоа е запознаен дека xxxxxx.xx ги почитува условите за користење на оваа платформа и дека доколку сопственикот не ги почитува условите кои xxxxxx.xx или оваа платформа ги налага, xxxxxx.xx има целосно право привремено или трајно да ги запре услугите за користење на е-маил серверот.
Цени и плаќање
xxxxxx.xx целосно го задржува правото на креирање на цени и понуда согласно политиките на компанијата и цените и понудата на xxxxxx.xx во ниту еден случај не се поврзани со официјалните цени од платформата за е-маил сервери AWS
Сопственикот е запознаен со системот за кредитирање на е-маил пораки, претходно опишан во понудата на xxxxxx.xx и се согласува дека одговорноста за достигнување на лимитите е негова во целост. Тоа значи дека xxxxxx.xx не превзема никаква одговорност доколку сопственикот не извршил плаќања за кредити за е-маил пораки и притоа неговиот е-маил систем е блокиран.
Дополнотелните трошоци за е-маил сервер се фактурираат како трет сервис и не влијаат директно на претплатата. За нив важат правилата од Член 15 од точка 8. Надомест за користење од овој договор.
Регулирање на е-маил адреси/пораки
Сопственикот изрично се согласува дека од е-маил адресите поврзани на е-маил серверот на xxxxxx.xx нема да испраќа пораки кои се категоризираат како СПАМ. Исто така се согласува дека нема во ниту еден случај да ги користи е-маил адресите за било каква злоупотреба кон xxxxxx.xx, корисниците на xxxxxx.xx или пак корисниците на неговиот кориснички профил.
Сопственикот на корисничкиот профил е запознаен и согласен со регулирањето на е-маил пораките врз основа на статистика, а не на содржина од страна на xxxxxx.xx. Тоа значи дека xxxxxx.xx на платформата Sendinblue ја чува содржината на трансакционите е-маил пораки, но регулирањето го врши врз основа на статистиката која доаѓа од страна на платформата Sendinblue каде јасно се гледа колку од е-маил пораките се третирани како СПАМ или блокирани од страна на крајните корисници.
Користење на дедицирана IP адреса
Сопственикот изрично се согласува дека доколку избрал да закупи дедицирана IP адреса тој е запознаен со условите за користење на дедицирана IP адреса кои се претходно опишани во понудата за користење на е-маил сервер на xxxxxx.xx.
Сопственикот е запознаен со рангирањето на IP адресата и изрично согласен дека во случај на низок ранг на IP адресата, како и пристигнување на неговите е-маил во spam и junk фолдерите на крајните корисници xxxxxx.xx не превзема никаква одговорност, бидејќи обемот на пораки како и квалитетот на IP адресата е динамичен и неговото одржување во позитива е одговорност на сопственикот на е-продавницата.
Ограничување на одговорности, промена и деактивирање
Сопственикот изрично се согласува дека е xxxxxx.xx не превзема никаква одговорност околу сите можни проблеми, промени на цени и сите непредвидени ситуации, бидејќи оваа услуга не е примарна услуга на xxxxxx.xx,туку е услуга поддржана од трета странка.
xxxxxx.xx се обврзува фер, коректно, професионално и транспаретно да ја креира понудата, да ги менува цените, да ги известува сопственикот и техничките контакти за сите можни обнови, прекини и проблеми, а притоа со својот тим да изнајде решенија во границите на неговото оперирање со цел одржување на стабилен еко-систем.