Contract
Комора на извршители на Република Македонија
Барање за прибирање на понуди од Бироа за сметководство и консалтинг услуги.
Скопје 09.09.2016 година
ИНСТРУКЦИИ ЗА ПОНУДУВАЧИТЕ
1. Договорен орган
Договорен орган е Комората на извршители на РМ – Скопје, (во понатамошниот текст КИРМ Скопје), со седиште на бул.Илинден бр.60 002-2 1000 Скопје, Р.Македонија, телефон за контакт 00-0000-000 факс 00 0000-000 електронска адреса xxxx@xxxx.xx, контакт лице Xxxxxxx Xxxxxxxxxx.
2. Предмет на Договорот
Предмет на овој Договор е водење на финансиско и материјално работење на Комората на извршители на РМ.
3. Рок на испорака
Понудувачот чија понуда ќе биде избрана од страна на Комисија формирана од Комората на извршители на РМ, ќе има обврска услугите да ги испорачува од 01.01.2017 година
4. Начин на плаќање
Плаќањето за водење на евиденција на финансиско и материјално работење на Комората е по фактура од 01 до 15 во месецот за изминатиот месец.
5.Елементи на понудата
Понудата треба да е составена од - Пополнет образец на Понуда (Прилог 1);
Периодот за достава на понуди е 10 дена од денот на отворањето на Барањето за прибирање на понуди.
Краен рок за поднесување на понудите е 19.09.2016 година, Понудите се поднесуваат електронски на е-маил xxxx@xxxx.xx, пристигнатите понуди по истекот на рокот нема да се земат на разгледување.
Прилог 1:
ОБРАЗЕЦ НА ПОНУДАТА
Врз основа на барање за прибирање на понуди за доделување на Договор за финансико и материјално на сметководствена едвиденција на Комората, ја доставуваме следнава
1. ПОНУДА
Информации за Понудувачот:
Назив на понудувачот: Контакт информации: Адреса: Телефон: Факс: Е-пошта: Лице за контакт: Одговорно лице: Даночен број:
2. ФИНАНСИСКА ПОНУДА
2.1. Согласни сме да понудиме финасиски и консалтинг услуги согласно потребите на Комората и тоа :
р.б | Назив | Количина | Цена со ДДВ во денари |
1. | Месечно водење на финансиско и материјално работење | 12 месеци | |
2. | Вкупно |
Според тоа, вкупната цена со ДДВ на нашата понуда, изнесува:
[со бројки],
[со букви]
Датум и место: Oвластено лице: